Кога ќе се спомне летен одмор во Африка, повеќето луѓе веднаш ќе помислат на сафари, посета на египетските пирамиди или одмор во Кејптаун. Но, Африка во себе крие и некои фантастични островчиња. Мадагаскар, четвртиот најголем остров во светот е еден од нив, но на овој континент има и некои помали островчиња, кои дефинитивно вреди да се посетат барем еднаш во животот. Тие имаат фасцинантна историја, уникатен див свет и плажи кои би ја разнежниле сечија душа.rn
1. Сао Томе
rnСао Томе е главен град на островската држава Сао Томе и Принсипе, остров со нација која зборува на португалски јазик, а се наоѓа на западниот брег од Централна Африка. Мал број туристи доаѓаат на островот, така што посетителите на ова место можат да нуркаат во непознатите води и да ги истражат заспаните рибарски селца, во еден сопствен, лежерен ритам. Други активности може да бидат посета на фабриката за чоколадо и уживање во најдоброто кафе во светот.rnrn
rn
2. Сал
rnСал е најпопуларниот остров на Зелениот ‘Рт, архипелаг сочинет од 10 африкански острови, лоциран во средиштето на Атлантскиот Океан. Островот Сал, чие име значи „сол“ на португалски, стана популарна туристичка дестинација, поради своите убави песочни плажи. Главен град на островот е Санта Марија, во кој има ресторани, барови, музика и убав ноќен живот. Куќите и продавниците кои се нанижани на улиците, имаат убава пастелна боја.rnrn
rn
3. Мохели
rnМохели, уште познат и по името Мвали, е најмалиот од трите африкански острови кои ги сочинуваат Коморските Острови. Тој е див, неразвиен и ненаселен остров, со неколку модерни елементи. Тој е исто така дом, на единствениот национален парк во Коморите – морскиот парк Мохели и претставува одлично место за нуркачите, кои се во потрага по колоритни корални гребени. Морски желки, делфини и китови се составен дел од паркот.rnrn
rn
4. Носи Бе
rnМалечкиот остров Носи Бе е најважна туристичка дестинација, која привлекува илјадници туристи ширум планетава во текот на годината. И покрај тоа што плажите во Носи Бе не се толку совршени како разгледница, како што се некои други плажи крај Индискиот Океан, тие сепак се победници доколку сте во потрага по спокој, чиста тиркизна вода и фантастични ресторани за морска храна, кои ја служат вечерата на песок.rnrn
rn
5. Џерба
rnЏерба е најголемиот остров во Северна Африка, лоциран на брегот на јужен Тунис. Располага со прекрасни песочни плажи и мирна и спокојна околина. Тоа е едно од ретките места во Тунис, каде што сè уште се зборува берберски јазик.rnrn
rn
6. Реинион
rnРеинион е француска прекуморска територија, со популација од околу 800.000 жители, лоцирана источно од Мадагаскар и југозападно од Маврициус, кој е најблискиот остров. Суахилските, арапските и португалските морнари го имаат посетувано овој остров, но Французите се тие кои го колонизирале во 1665-та година. Реинион е многу сличен на Хавајските Острови, бидејќи двата се лоцирани над жешките точки на Земјината кора.rnrnНајвисокиот вулкан на островот се вика Питон дес Неигес, кој се наоѓа на 3070 метри надморска височина. И покрај тоа што овој остров не е познат по беспрекорни плажи и блескави ресорти како што е Маврициус, островот сепак има неколку пејзажни песочни приморја, вгнездени покрај блескавото сино море и добриот ноќен живот. Но, она со што вистински привлекува овој остров, е фантастичната зелена природа и еден од најактивните вулкани во светот, Питон де ла Фурнез.rnrn
rn
7. Островот Ламу
rnТој е составен дел од Архипелагот Ламу во Кенија. Стар Град е главниот град на овој остров. Создаден е од корален камен и греди од ризофора, а домовите во овој град имаат внатрешни дворови, веранди и детално изрезбани дрвени врати. На островот нема патишта, туку само патеки и сокачиња. Кенијците се движат главно пеш, што за нив не е никаков проблем. За товар користат чамци или магариња.rnrn
rn
8. Маврициус
rnМаврициус е мал, мултикултурен остров во Индискиот Океан, источно од Мадагаскар и југоисточно од Сејшелите. Доколку постои рај на Земјината топка, тогаш светските патници велат дека може да се пронајде на овој мал остров со вулканско потекло. Маврициус бил ненаселен остров, сè додека на него не пристигнале Холанѓаните, во 1598 година. Тие од него си заминале во 1710 година, поради тешките климатските услови. 5 години подоцна, среќата си ја пробале Французите, а потоа им го врачиле на Британците, во 1810 година. Од тогаш па натака, островот останал под британско раководство, а подоцна, т.е. во 1968 година, станал независна држава.rnrn
rnrnОна што е мошне интересно кога ќе се погледне островот во целина, е коралниот гребен, кој се простира во облик на ѓердан и кој некогаш ги штител жителите од големите бранови на океанот и ајкулите. Затоа на Маврициус пливањето во лагуните е сосема безбедно, за разлика од повеќето останати океански острови.rnrnГлавно обележје на островот некогаш и денес е птицата Додо, која претставува потомок на неколку вида гулаби и која со текот на времето станала заштитена птица, зашто постепено почнала да исчезнува поради лошите услови за преживување. Бидејќи тежела и до 25 килограми, птицата била одличен извор на храна за Португалците, кои уживале во вкусното месо и изобилството на кое наидувале. На овој остров чести посетители се политичарите, личности од областа на уметноста, како и голем број припадници на холивудскиот џет-сет.rnrn
rn
9. Занзибар
rnЗанзибар е најголемиот и најнаселениот остров на полуавтономниот архипелаг Занзибар и е составен дел од Танзанија. Одморот на Занзибар е идеален за оние кои сакаат екваторска клима, кристално сино море и песочни плажи, опкружени со кокосови палми. На Занзибар може да пробате арапски, кинески, индиски или европски специјалитети, а на островот има и квалитетно овошје кое е многу евтино. На располагање имате дињи, ананас, портокали, папаја, 24 видови манго, 26 видови банани, грозје и мандарини. Првите жители на Занзибар биле Африканци, главно припадници на народот Банту. Главен град на островот е Камениот Град, кој воодушевува со арапската и индиската архитектура, вкусната храна и многуте базари.rnrn
rn
10. Праслин
rnПраслин е вториот најголем остров на Сејшелите, со популација од околу 6.500 жители. Некогашното засолниште на пиратите и арапските трговци, денес претставува популарна туристичка дестинација, со неколку хотели и одморалишта. Белите песочни плажи како што се Ансе Лацио и Ансе Жоржет, се едни од најубавите плажи во светот. Воедно, на островот има и голема експанзија на тропски шуми, богати со разни птици, меѓу кои и ендемскиот сејшелски биљбиљ. Островот е познат по уникатниот вид палма Коко де мер, кој има облик на женски задник и по ванилините орхидеи.rnrn



rnrn rnrn
rnrnЛесно е достапно, бидејќи е на половина час возење од интернационалниот аеродром „Kota Kinabalu“, но сепак ќе треба да издвоите поголема сума за да уживате во ова парче рај. На располагање ќе ви бидат голем број услуги како третмани во спа-центарот, сафари, нуркање, посета на помали околни острови и што ли уште не.rnrn 








rnrn

rnrnНе се населени сите 18 острови. Само на неколку од нив живеат луѓе, Скандинавци, чиј вкупен број е помал од 50.000. Втори по населеност овде се овците, кои покрај рибарството претставуваат едно од главните занимања на населението.rnrn
rnrnТуристите не можат да останат рамнодушни на мистичниот амбиент на Фарските Острови. Тие се рај за оние кои сакаат долго да пешачат и да воздивнуваат на она што ги опкружува. Овде дури и маглата делува магично, но таа глетка брзо се менува поради непредвидливата клима. Велат дека ако ве фати дожд додека ги разгледувате прекрасните предели, треба да почекате неколку минути, можеби ќе престане.rnrn










rnrnОдморалиштето „









rnrn

Интересно е тоа што водата во езерцето е соленикава и претставува мешавина од солена и блага вода. Пештерата се наоѓа на околу 500 метри оддалеченост од морето, а нивото на водата е за еден метар повисоко од морското ниво.
Пештерата била откриена во 1951 година, а за јавноста е отворена од 1963 година. Таа се формирала пред неколку илјадници години, а денеска има форма на буквата „В“ со две големи дупки исполнети со вода, помеѓу кои има остров. Едната дупка има голем елипсоиден отвор на површината, преку којшто продираат сончевите зраци, кои прават еден надреален ефект. Втората дупка има форма на лак и во неа се кријат голем број сталактити и сталагмити. Најдоброто време да ја посетите оваа пештера е во средината на еден сончев ден. До неа се стига со организирани бротчиња кои ќе ве одведат на магично патување низ двете дупки.


rnrn

Идејата за еротскиот парк со големина на две фудбалски игралишта е на 20 уметници, студенти на универзитетот „











rnrn


Туристичкиот центар Сонева Гили се наоѓа на еден од многубројните малдивски корални островчиња до кој може да се стигне само со брод. Тоа е извонредно место да се побегне од светот и да се помине на мира медениот месец, кон што и е ориентиран овој центар. Составен е од вкупно 45 вили меѓусебно поврзани со дрвени мостови карактеристични за егзотичните острови. Секоја од вилите е огромна и има свој базен оддалечен само неколку чекори од кристално бистриот океан.

Покрај во бесконечно излежување, гостите можат времето да го поминуваат во нуркање, јога или часови по таи чи организирани за нив, а можат да ги посетат и неколкуте станици за масажа распоредени на плажата на големиот атол.














rnrn
rnrnЛуксузниот комплекс е изолиран од останатиот дел од островот и е одлично место за романтично бегство од секојдневието. Сите посетители кој доаѓаат тука, сфаќаат колку е лесно да се заборави на сите грижи и да се ужива во животот.rnrn
rnrnОвде може да се ужива во тиркизната вода, да се пешачи по долгите песочни плажи, да се ужива во неверојатниот поглед и да се дегустира вкусна храна. За забава можете да нуркате, да сурфате на ветер, да пловите со брод или да играте голф.rnrn







rnrn rnrn

Овие фотографии се само интерпретација, но концептот дефинитивно привлекува многу внимание и може да биде одлична замена за вила или хотел. Со сместување за околу 12 гости, туристите би можеле да ги пронајдат покрај некои мали островчиња…
Сè уште нема официјална бројка за цената на еден остров Орсос, но според гласините, таа би изнесувала околу 4,6 милиони долари. Во секој случај, сега за сега ни преостанува само да се восхитуваме на сликите и да се надеваме дека некогаш во иднина би имале можност да го посетиме.












rnrn