КАФЕ ПАУЗА

Tag: орев

  • Дали знаете кој е најздравиот јаткаст плод? Еве што велат научниците!

    Дали знаете кој е најздравиот јаткаст плод? Еве што велат научниците!

    Ако сте во потрага по здрава ужина, тогаш јаткастите плодови се вашиот совршен избор. Тие се богати со здрави масти и се препорачуваат доколку сакате здрава закуска. Сепак, најздравиот од нив, особено доколку сакате да го одржите здравјето во средните и доцните години, е оревот.rnrnДали знаете кој е најздравиот јаткасти плод? Еве што велат научниците!rnrnОва го откриле истражувачите од Универзитетот во Минесота во чие истражување биле вклучени 3023 испитаници, на возраст од 18 до 30 години и кое траело околу 20 години. Истражувачите откриле дека оние кои редовно консумирале ореви биле помалку изложувани на срцеви заболувања за разлика од другите испитаници. Тие, исто така, биле физички поактивни и се хранеле поздраво од другите.rnrnТака, научниците дошле до заклучок дека консумирањето јаткасти плодови само по себе претставува поттик за здрава исхрана и здрави навики во животот. Доколку се здобиеме со здрави навики од најрана возраст, голема е веројатноста дека ќе продолжиме да ги практикуваме како што ќе старееме. Со други зборови, доколку сме навикнати да консумираме ореви за ужина, најверојатно оваа навика ќе продолжи како што ќе старееме, особено во период кога ќе имаме корист од нивните хранливи состојки.rnrnОревите содржат омега-3 масни киселини кои имаат антиинфламаторно дејство и ја подобруваат работата на срцето. Згора на тоа, тие содржат и влакна кои го урамнотежуваат нивото на шеќерот во крвта.rnrnДоколку сакате да се уверите во овие придобивки, ви препорачуваме да започнете со јадење по неколку ореви на ден. Можете да ги комбинирате со сува брусница и житарки или да ги јадете без други додатоци. Во секој случај, нивните здравствени придобивки нема да изостанат.rnrnОткако прочитавте за најздравиот јаткасти плод, можеби ќе сакате да прочитате и какви се последиците од прекумерното консумирање јаткасти плодови.rnrnИзвор: eatthis.com

  • Сите го фрламе овој дел од оревот, а неговите моќи за лекување болести на срце се неверојатни!

    Сите го фрламе овој дел од оревот, а неговите моќи за лекување болести на срце се неверојатни!

    Кога ќе се подготви на специфичен начин, овој магичен лек ги прочистува артериите, ја елиминира болката во градите и го регулира крвниот притисок. Прочитајте во продолжение за што станува збор…rnrnСите го фрламе овој дел од оревот, а неговите моќи за лекување болести на срце се неверојатни!rnrnЧајот од опната што го раздвојува месниот дел на оревот, што секогаш ја фрламе, се покажал како многу ефикасен при прочистување на срцевите артерии, при превенција или подобрување на срцевите болести, како и при намалување на телесната температура. Стеснувањето на срцевите артерии обично настанува поради хронично труење со никотин, па овој чај особено им се препорачува на пушачите.rnrnСè што треба да направите е да потопите 4-5 опни во вода и наутро од нив да подготвите чај. Испијте го овој чај на празен стомак. За најдобар ефект, треба да го пиете секојдневно, бидејќи меѓу другите придобивките, тој особено влијае на регулацијата на крвниот притисок и намалување на болките во градите.rnrnОвој чај може да ја намали и температурата што се појавува како последица од одредени проблеми со срцето. Доволна ви е само една шолја за да почувствувате подобрување. Но ако постојано имате болки во градите, пијте го чајот секојдневно, сè додека болката не се изгуби и додека температурата не се спушти.rnrnИсто така имајте на ум дека станува збор за природен лек, па најдобро е прво да се консултирате со лекар. Чајот може да се пие паралелно со препишаната терапија, за долготрајни ефекти.rnrnВерувате во магичната моќ на оревот? Тогаш погледнете повеќе природни лекови од ореви кои можете да ги направите сами!

  • Магична поврзаност: Плодови кои личат на органите на кои добро делуваат

    Магична поврзаност: Плодови кои личат на органите на кои добро делуваат

    Силата на природата е навистина неверојатна. Познато ни е кои плодови за што се добри, но понекогаш нивната лековитост е толку очигледна што е дури и забавна. Еве неколку такви одлични примери.rn

    Домати – срце

    rnДоматот многу потсетува на човековото срце, особено ако се погледнете пресечен на половина. Тој има комори и црвена боја, исто како срцето. Според истражувањата, доматите со богати со железо и калиум, па затоа се одлични за крвта и срцето.rnrn1-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mkrn

    Орев – мозок

    rnОреовото јадро многу очигледно наликува на мозокот. Има лева и десна хемисфера, а наборите изгледаат како мозочните бразди. Општо е познато дека оревот создава невронски преносители за функцијата на мозокот.rnrnModel of a human brainrn

    Целер – коски

    rnЦелерот личи на коските и навистина влијае на нивната цврстина. Коските содржат 23% натриум, како и овој вид храна. Доколку не конзумирате доволно натриум преку храната, вашиот организам ќе го црпи од коските кои пак тогаш ослабуваат. Затоа, навалете му на целерот.rnrn3-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mkrn

    Авокадо – матка

    rnСекоја жена треба да го има ова на ум. Авокадото, модриот патлиџан и крушките поволно делуваат на здравјето на матката, а на нејзе и наликуваат. Јадејќи по едно авокадо неделно, хормоните кај жената се урамнотежуваат и се спречува рак на матката и јајниците. Дополнително интересен факт е дека е потребно точно девет месеци за авокадото од цвет да созрее во плод.rnrn4-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mkrn

    Сладок компир – панкреас

    rnСлаткиот компир многу наликува на човековиот панкреас, а делува така што го балансира шеќерот во крвта.rnrn5-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mkrn

    Морков – очи

    rnРодителите секогаш ни велеле да јадеме моркови за да имаме подобар вид. И навистина морковот во пресек необично многу наликува на човековото око. Загледајте се во пресечено парче од морков и практично ќе ги видите зеницата, ирисот и зрачните линии во човечкото око.rnrn6-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mkrn

    Цитрон – дојки

    rnПортокалите и цитрусните овошја  воопшто наликуваат на женските дојки и помагаат за движењето на лимфата низ нив, спречувајќи рак.rnrn7-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mkrn

    Ѓумбир – желудник

    rnЃумбирот наликува на желудникот, а факт е дека ги ублажува неговите тегоби и надуеноста. Содржи ензими кои се одговорни за катализа на протеините во храната, кои помагаат во варењето и спречуваат грчеви, настанок на чир, оштетување на слузокожата итн.rnrn8-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mkrn

    Печурка – уво

    rnШампињон пресечен на половина многу наликува на човековото уво. Печурките го подобруваат слухот и се една од ретките намирници кои содржат витамин Д, кој е важен за здравјето на коските, дури и оние ситните кои се наоѓаат во увото.rnrn9-magichna-povrzanost-plodovi-koi-lichat-na-organite-na-koi-dobro-deluvaat-kafepauza.mk

  • Отстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса

    Отстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса

    Оставањето мокри чаши на дрвена маса може да остави трајни траги кои не можат да се отстранат со средство за чистење. Овој трик е многу едноставен и гарантира резултати. Сè што ви е потребно е пегла, парче памучна ткаенина и масата со дамки од мокри чаши.rnrnОтстранете ги трагите од мокри чаши на вашата масаrn

    Постапка:

    rn1. Вклучете ја пеглата и прилагодете ја на средна температура.rnrn2. Покријте го оштетениот дел од масата со бела маица или друго памучно парче.rnrn3. Пеглајте ја маицата врз масата сè додека трагите не исчезнат.rnrnОтстранете ги трагите од мокри чаши на вашата масаrn

    Дополнителен совет:

    rnПодобро е да пеглате врз еден слој ткаенина и бидете поупорни со поголемите дамки. Проверувајте го повремено дрвото да не го оштетите, но со неколку минути плус пеглање, би требало да исчезнат и најзафатените површини.rnrnЗа да ги покриете изгребаните делови пак, обидете се да триете врз нив со излупен орев. Нема да се случи чудо, но дефинитивно ќе ги покриете малите гребаници и дамките од потчукнување.rnrnОтстранете ги трагите од мокри чаши на вашата маса
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кое дрво сте според датата на раѓање?

    Кое дрво сте според датата на раѓање?

    Откријте кое е вашето дрво според датата на раѓање и прочитајте што открива тоа за вашата личност.rnrnКое дрво сте според датата на раѓање?rn

    Јаболкница – Љубов (23.12 – 01.01 и 25.06 – 04.07)

    rnОние чие дрво на раѓање е јаболкницата се најчесто витки според градбата, атрактивни се и шармантни. Имаат пријатна аура, сакаат да флертуваат и по природа се авантуристи. Сакаат да љубат и да бидат љубени. Како партнери се нежни, верни и дарежливи. Имаат талент за наука и важат за безгрижни филозофи полни со имагинација.rn

    Јасен – Амбиција (25.05 – 03.06 и 22.11 – 01.12)

    rnРодените во знакот на јасенот се необично атрактивни, весели, импулсивни и амбициозни. Имаат многу барања и не се грижат за туѓите критики. Интелигентни се и талентирани, дури и малку повеќе егоистични. Сакаат да си играат со судбината, но и покрај тоа се личности од доверба. Во љубовта се верни и разумни, иако понекогаш се водат според чувствата. Односот со партнерот го сфаќаат сериозно.rn

    Бука – Креативност (22.12)

    rnПрипадниците на ова дрво имаат добар вкус, се грижат за својот изглед и знаат како да ги организираат животот и кариерата. По природа се материјалисти, но затоа се и одлични економисти и лидери кои не преземаат непотребни ризици. Важат за добри и разумни партнери кои се интересираат за разни спортови и диети.rn

    Бреза – Инспирација (24.06)

    rnСе работи за весели, атрактивни, елегантни и пријателски настроени личности. Скромни се и не сакаат ништо што е претерано. Сакаат да живеат мирно и постојано да се во контакт со природата, а не поднесуваат вулгарности. Страста не им е силна страна, прилично се вообразени, не се многу амбициозни, но умеат да создадат мирна и пријатна атмосфера.rn

    Смрека – Доверба (09.02 – 18.02 и 14.08 – 23.08)

    rnЛичностите родени во знакот на смреката се многу убави и лесно прилагодливи. Го сакаат луксузот и воопшто не се срамежливи. Важат за одлучни, нетрпеливи и самоуверени личности кои секогаш сакаат да ги импресионираат другите. Многу се талентирани и знаат да ја чекаат вистинската љубов. Способни се да донесат брзи одлуки.rn

    Костен – Искреност (15.05 – 24.05 и 12.11 – 21.11)

    rnИако припадниците на ова дрво се невообичаено убави личности, тие сепак не се обидуваат да ги импресионираат другите со својата убавина. Имаат добро развиено чувство за правда. Весели се и сè ги интересира. Поради недостаток на самодоверба, овие личности се многу чувствителни кога се дел од некое поголемо друштво. Понекогаш реагираат супериорно, се чувствуваат како да не се разбрани од другите и имаат потешкотии при пронаоѓање на партнер.rn

    Јавор – Верност (25.01 – 03.02 и 26.07 – 04.08)

    rnЛичностите чие дрво на раѓање е јаворот се силни и мускулести. Лесно се прилагодуваат и земаат сè што ќе им пружи животот. Оптимисти се и знаат да бидат задоволни. Алчни се за пари и разни признанија. Не поднесуваат да бидат осамени. Во љубовта важат за страсни и верни, но истовремено и избувливи и безгрижни љубовници.rn

    Бреза – Великодушност (12.01 – 24.01 и 15.07 – 25.07)

    rnОние кои се родени во знакот на ова дрво важат за пријатни личности кои имаат вкус за облека. Нивните барања се скромни, но сакаат да донесуваат одлуки за другите. Тешко ги простуваат туѓите грешки. Сакаат да водат, но не и да ги почитуваат правилата. Великодушни се, практични и имаат смисла за хумор. Во љубовта се верни и искрени.rn

    Смоква – Сензибилност (14.06 – 23.06 и 12.12 – 21.12)

    rnСе работи за личности кои се многу силни и независни, а работите ги извршуваат самоволно. Не дозволуваат контрадикторности и аргументи. Ги сакаат животот, семејството, децата и животните. Дружељубиви се и имаат смисла за хумор. Талентирани се и интелигентни, но сакаат да се излежуваат и да безделничат.rn

    Елка – Мистериозност (02.01 – 11.01 и 05.07 – 14.07)

    rnРодените во знакот на елката имаат несекојдневен вкус, достоинствени се и софистицирани. Сакаат сè што е убаво. Лесно го менуваат расположението, тврдоглави се и егоистични. Но, и покрај тоа се грижат за најблиските. Имаат големи амбиции и многу таленти. Опкружени се со многу пријатели, а во љубовта важат за личности кои тешко можете да ги задоволите.rn

    Лешник – Невообичаеност (22.03 – 31.03 и 24.09 – 03.10)

    rnПрипадниците на лешникот се шармантни личности кои немаат многу барања и се полни со разбирање. Знаат како да остават впечаток и затоа се многу популарни. Во љубовта се комплицирани, но искрени и толерантни. Имаат голема моќ за прецизно расудување.rn

    Габер – Добар вкус (04.06 – 13.06 и 02.12 – 11.12)

    rnОвие личности имаат неверојатна убавина, се грижат за својот изглед и кондиција, имаат добар вкус и не се егоистични. Живеат колку што е можно поудобно и водат одговорен и дисциплиниран живот. Од партнерот бараат љубезност и афирмација. Задоволни се со сопствените чувства, на многумина не им веруваат, не се сигурни во своите одлуки, но многу се совесни.rn

    Лимета – Сомнеж (11.03 – 20.03 и 13.09 – 22.09)

    rnОние чие дрво на раѓање е лиметата со мака го примаат тоа што им го пружа животот. Не поднесуваат стрес, борби и работа. Попустливи се спрема другите и знаат да се жртвуваат за пријателите. Иако поседуваат многу таленти, не се доволно амбициозни за да ги реализираат. Имаат склоност кон жалење и љубомора, но сепак се верни партнери.rn

    Јавор – Независен ум (11.04 – 20.04 и 14.10 – 23.10)

    rnЛичностите родени во знакот на јаворот се необични луѓе, полни со имагинација и оригиналност. Срамежливи се, но амбициозни, горди и сигурни во себе. Постојано се во потрага по нови искуства. Понекогаш се многу нервозни и комплицирани. Имаат добра меморија и лесно учат. Сакаат да ги импресионираат другите и имаат комплициран љубовен живот.rn

    Даб – Храброст (21.03)

    rnПо природа, овие личности се многу стабилни, храбри и силни. Независни се од другите и разумни. Не сакаат промени и стојат цврсто на земјата. Секогаш први ги преземаат работите.rn

    Маслиново дрво – Мудрост (23.09)

    rnРодените во знакот на ова дрво ги сакаат сонцето и топлината и убавите чувства. Разумни се и урамнотежени. Избегнуваат насилство и агресивност. Важат за толерантни, весели и мирни личности. Имаат развиено чувство за праведност, чувствителни се и не се љубоморни. Сакаат да читаат и да бидат опкружени со софистицирани луѓе.rn

    Бор – Исклучителност (19.02 – 28.02 и 24.08 – 02.09)

    rnИздржливоста е главна карактеристика на личностите родени во знакот на борот. Сакаат да бидат опкружени со пријатни луѓе, но и самите знаат како да си го направат животот попријатен. Активни се, практични и спонтани. Лесно се вљубуваат, но нивната страст брзо согорува. Се разочаруваат ако не го најдат тоа што го сметаат за идеално и лесно се откажуваат.rn

    Топола – Несигурност (04.02 – 08.02, 29.02, 01.05 – 14.05 и 05.08 – 13.08)

    rnПрипадниците на ова дрво не се многу сигурни во себе и разумни се само кога е тоа потребно. Имаат добра волја и секогаш се во пријатно опкружување. Претенциозни се, често се осамени, имаат талент за уметност и важат за добри организатори. Се интересираат за филозофијата, сигурни се во секоја ситуација, а врските ги сфаќаат сериозно.rn

    Мушмула – Чувствителност (01.04 – 10.04 и 04.10 – 13.10)

    rnОва се шармантни и весели личности, полни со егоизам. Сакаат да привлекуваат внимание. Го сакаат животот и постојано се во движење. Истовремено се и зависни и независни. Имаат добар вкус, надарени се за уметност и многу се чувствителни. Дружељубиви се, но не простуваат лесно.rn

    Орев – Страст (21.04 – 30.04 и 24.10 – 11.11)

    rnРодените во знакот на оревот се по малку чудни личности полни со спротивности, независни и егоистични. Агресивни се и од нив може да се очекуваат различни реакции, но имаат широки погледи кон работите. Спонтани се и амбициозни. Не се флексибилни. Во љубовта важат за тешки и необични партнери кои не се секогаш сакани, но на кои другите често им се восхитуваат. Љубоморни се, полни со страст и не прават компромиси.rn

    Жална врба – Меланхолија (01.03 – 10.03 и 03.09 – 12.09)

    rnЛичностите чие дрво на раѓање е жалната врба се убави, но меланхолични. Сакаат сè што е убаво и вкусно и сакаат да патуваат. Тие се сонувачи, полни со енергија, каприциозни и искрени. Може да се влијае на нив, но не е лесно да се живее со нив. Имаат добро развиена интуиција, но често страдаат во љубовта и затоа бараат партнер покрај кој ќе можат да останат засекогаш.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 едноставни начини за да си го продолжите животниот век

    7 едноставни начини за да си го продолжите животниот век

    Можеби нема да ви звучи вистинито, но според една студија жителите на Њујорк живеат многу подолго од останатите луѓе во Америка. Според истражувачите од Универзитетот во Вашингтон, во просек Њујорчани живеат околу 80,6 години – 3 години повеќе од жителите на останатите градови. Се смета дека тие ја покачиле границата така што ги забраниле транс-маснотиите, додале број на калории покрај секој оброк на менијата во рестораните и ја поттикнале физичката активност со изградба на повеќе патеки за пешаци и велосипедисти…rnrn7 едноставни начини за да си го продолжите животниот векrnrnНо, сепак не мора да живеете во Њујорк за да имате подолг живот. Еве неколку предлози кои доколку ги почитувате, со сигурност ќе додадете многу години на вашиот живот:rn

    Прескокнете ја супата, порачајте салата

    rn7 едноставни начини за да си го продолжите животниот векrnrnИталијански истражувачи откриле дека доколку јадете барем 200 грама жив зеленчук дневно, можете да си додадете дури 2 години на вашиот живот. Готвењето ги намалува антиоксидансите во зеленчукот за околу 30%. Едноставна салата од исецкани црвени и зелени пиперки, броколи и моркови, не само што ќе ви додаде години, туку и ќе ви помогне при одржување на имунитетот и моменталното здравје.rn

    Прекинете со пиењето шеќер

    rn7 едноставни начини за да си го продолжите животниот векrnrnПијалаците базирани на шеќер, на некој начин полека, но сигурно ве убиваат. Новите истражувања покажуваат дека овие пијалаци го зголемуваат ризикот за срцев удар. Истовремено е докажано и дека оние кои конзумираат барем 5 чаши вода дневно имаат 54% помала можност за појава на срцев удар, отколку оние кои пијат 2 или помалку чаши вода на ден.rn

    Скршете неколку ореви

    rn7 едноставни начини за да си го продолжите животниот векrnrnКога истражувачите од Универзитетот Лома Линда ги следеле животните навики кај една популација која е позната по должината на живот (34.000 Адвентисти од седмиот ден), тие откриле дека оние кои јаделе ореви 5 дена во неделата живееле околу 2,9 години подолго од сите други луѓе на планетата.rn

    Намалете ги калориите

    rn7 едноставни начини за да си го продолжите животниот векrnrnВо 2008 година, Њујорк стана првиот град во кој мораше да ги пишува сите калории на менито во рестораните. Многу држави ја преземаа оваа одлична идеја, и тоа со многу добра причина.rnrnЕдна понова студија од областа на психологијата на здравјето, открила дека доколку ни се видливи калориите за одреден оброк, ние потсвесно јадеме помалку. Сите ги знаеме ризиците од големото количество маснотии во телото: се зголемува ризикот за дијабетес, срцеви заболувања, удари и рак на дебелото црево. Истражувачите од универзитетот во Алабама откриле дека одржување на висок телесен индекс (од 25 до 35) може да ви го намали животот за околу 3 години. За здрав телесен индекс (BMI) се смета оној помеѓу 18,5 и 24,9.rn

    Истражувајте ја вашата околина

    rn7 едноставни начини за да си го продолжите животниот векrnrnЕдна интересна студија од 2011 година покажала дека зголемувањето на бројот на патеки за велосипедисти во градовите придонело поголем број луѓе да одат со велосипед на факултет/работа. Секако, доколку немате услови за возење велосипед, можете да организирате неделни пешачења или пак трчаjте редовно во најблискиот парк. Со редовна физичка активност можете да додадете и до 6,2 години на вашиот живот.rn

    Редовно разговарајте со пријателите

    rn7 едноставни начини за да си го продолжите животниот векrnrnАвстралиски истражувачи откриле дека оние кои имаат најширок круг на добри пријатели со кои постојано се во контакт живеат најдолго. Дружењето може да ви додаде и до 7 години на вашиот живот.rnrnТочно дека некои пријатели можат да ве наведат на „ризично“ однесување од време на време, но сепак пријателството понудува поголема заштита отколку штета. Поради тоа, пробајте да запознаете нови личности на факултет, понекогаш барајте совети од соработниците или пак, ако ништо друго, барем кажувајте му „здраво“ секое утро на вашиот сосед. На тој начин ќе имате многу години пред вас да си бидете благодарни еден на друг.rn

    И за крај, не заборавајте дека постои живот и по пензионирањето

    rn7 едноставни начини за да си го продолжите животниот векrnrnВо студија спроведена од Универзитетот Јејл на повозрасни лица, оние кои биле со позитивни погледи кон процесот на стареење живееле и до 7 години повеќе од оние кои сметале дека тоа ќе биде најлошиот и најстрашниот период од нивниот живот. Доколку веќе имате негативни мисли од овој вид, пробајте да ги намалите со волонтирање. Тоа ќе ви помогне повеќе да се цените себеси и да гледате малку попозитивно на животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од 1 до 101

    Од 1 до 101

    Автор: Високо ЦrnrnВеќе подолго време се прашувам, која е поентата на правење листи и „To Do“ списоци? Некаде прочитав дека повеќе од половината американски граѓани не можат да функционираат без нив.rnrnРазбирам ако, поради некој психолошки фактор, сте добиле задача да составите список на желби и соништа кои сакате да ви се исполнат, кои подоцна некој академик, фројдовски ќе се обиде да го спореди со вашите спомени, што пак ќе му овозможи да ги пронајде вашите стравови и така да ви помогне (доколку воопшто имате проблем). Ама да составите листа и потоа да се „убиете“ од правење сѐ што е во ваша моќ да го исполните зацртаното…rnrn(1) Од 1 до 101rnrnОк ајде, можеби и има смисла. Моќта на потсвеста. Зборував за тоа. Ама сепак.rn

      rn011

    • „…8. До наполнети 10 години мора да имам велосипед…
    • rn011

    • …13. До наполнети 16 години мора да имам девојка/дечко…
    • rn011

    • …22. До наполнети 25 години мора да имам скокано со падобран…
    • rn011

    • …35. До наполнети 30 години мора да имам 2 деца (по можност момче и девојче)…“
    • rn

    rnШто е многу, многу е!rnrnШто ако до наполнети 10 добиете и велосипед и тротинет? Ќе го фрлите едниот? А што ако до 25 години станете пилот? Што ако додека наполните 30, добиете 3-4 дечиња или не добиете ниту едно? Што ако наместо адвокат, станете судија? Што ако наместо актер, станете режисер или писател?rnrnСе прашувам што би имало во листата на еден Французин на пример.rn.rn

    „..16. Утре мора да изедам два кроасани и да испијам една чаша вино…“

    rnА кај Италијанец?rn.rn

    „…1. До недела мора да „запознам“ (чекај да видам: три на ден, седум дена во неделата = …) 21 девојка/жена…“

    rnКај Русин…rn.rn

    „…од 1 до 101. Вотка!?…“

    rnКај Јапонец…rn.rn

    „…од 1 до 1001. Работа, роботи, работа, роботи…“

    rnЗнаете дека се зезам нели? Не сакам никого да навредам. Ниту да осудам. Немам право на тоа. Секој на свој начин го живее животот.rnrnНо, нели сето тоа е малку заморно? Нели е малку напорно? Нели одзема време? Scrapbook со вашите свадбени желби, однапред испланирано време за кога ќе отидете во пензија, кога ќе одите во пензија…rnrnЗошто ги броите деновите? Зошто беспотребно губите време кога токму тоа време можете да го искористите за исполнување на вашите желби? Зошто да чекате?rnrnCarpe diem my friends!!!rnrnНе правете планови до 101 и назад. Направете план од денес за вечер или најдоцна за утре. Не треба да се плашите да нишаните високо, ниту треба да ве плаши старата „Кој високо лета, ниско паѓа.“ Битно е после тоа да станете, да го истресете коленото, да ги измиете дланките и да почнете одново.  И одново и одново, ако треба. Сѐ додека не одлучите дали ќе се борите за да победите, или ќе се откажете. Ама одлуката треба да биде ваша.rnrnЗатоа мои драги, одлучете да не одлучувате предвреме. Тоа е веројатно еден од начините да не се разочарате. Не велам да не сонувате, не велам да не се надевате. Велам, не се ограничувајте.rnrnАко нешто ве прави среќни, уживајте. Ако нешто ви пречи, сменете го.rnrnНа мојата „To Do“ листа, следно е кафе со ореви и добар филм за релаксација.rnrnУтре… утре е сосема нов ден. И ново изненадување!rnrnЕдно е сигурно. Ќе изобилува со љубов!rnrnВисоко Ц