КАФЕ ПАУЗА

Tag: обвинување

  • 5 причини поради кои не би требало да се самообвинувате за прекинување на пријателствата

    5 причини поради кои не би требало да се самообвинувате за прекинување на пријателствата

    Во оној момент кога ќе сфатите дека некој веќе не е дел од вашиот живот, може да почувствувате потреба да преиспитувате сѐ што сте и што не сте направиле. Но, агонијата после прекинот на пријателството нема да ви донесе ништо добро. Нема да го врати назад некогашниот однос со личноста, а таквиот начин размислување може и да ве спречи одново да се чувствувате среќни и задоволни од себе.rnrn5 причини поради кои не би требало да се самообвинувате за прекинување на пријателстватаrnrnВо денешно време многу пријателства завршуваат без некое јасно објаснување. Ако нешто во пријателството не функционира за едната личност, таа може полека да почне да се повлекува и да ја прекинува комуникацијата, а со помош на социјалните мрежи тоа се чини полесно од кога било.rnrnИако можеби не можете да сфатите зошто некое пријателство ви завршило, важно е да ги проанализирате следните чекори за да можете да научите нешто од искуството и да продолжите да се развивате како личност. Во секој случај, не треба да се обвинувате себеси…rn

    1. Пријателството не било за џабе

    rnТоа пријателство во вашиот живот постоело со причина. Иако од оваа перспектива може да изгледа тешко да се поверува во тоа, подоцна може да сфатите дека баш тој пријател или пријателка ве научиле како да се сакате себеси или ви ја дале неопходната утеха во некој тежок период од животот.rn

    „Во секое пријателство учиме по нешто – нешта за себе и нешто за другите – и тоа знаење можеме да го понесеме со себе во остатокот од животот и во идните пријателства“ – вели Дајен Барт, психотерапевтка и авторка на книгата „I Know How You Feel: The Joy and Heartbreak of Friendship in Women’s Live“.

    rn

    2. Можете да научите нешто од тоа искуство

    rnТоа што пријателството веќе не е дел од вашиот живот не значи дека времето кое сте го поминале со таа личност е залудно потрошено. Наместо тој однос целосно да го исклучите од животот, обидете се да го преиспитате со цел да понесете нови научени работи од тоа искуство во следните пријателства.rn

    „Можете да научите нешто од тоа пријателство, да го надраснете и без разлика кој е крив на крајот, можете да тргнете напред во различни нови пријателства. Но, острото самообвинување ги отежнува следните чекори во животот“ – вели Барт.

    rn

    3. Пријателството си ја остварило својата цел

    rnПријателствата имаат животен циклус. Тие обично не завршуваат кога некој нешто направил или не направил туку бидејќи не ѝ се од корист на ниедна од инволвираните личности. Затоа, прекинувањето на пријателството ви е прилика да научите да се откажувате кога нешто не функционира и да продолжите понатаму.rn

    „Кога пријателството ќе заврши, двете страни може потајно да се чувствуваат добро бидејќи тоа веќе од ниедна страна не давало ништо позитивно“ – објаснува Барт.

    rn

    4. Социјалните мрежи лажат

    rnКога пријателството неочекувано ќе заврши, може да биде лесно да си создадете приказна во својата глава за тоа што тргнало наопаку, особено кога и понатаму продолжувате да ја следите личноста на социјалните мрежи. Гледањето во нејзините објави може да доведе да почнете силно да се обвинувате себеси за исходот.rn

    „Важно е да се заштитите себеси и своите пријатели од претерано изложување на социјалните мрежи – тоа е лекција која луѓето често ја учат на потешкиот начин кога нешто што објавиле ќе им се одбие од глава“ – објаснува Барт.

    rn

    5. Пријателството ве научило да преземате одговорност кога ќе згрешите

    rnДа бидеме реални, кога самите правиме грешки тоа ни создава лошо чувство, но сите сме луѓе и не е нормално да мислите дека никогаш не би требало да бидете причина за прекинување на пријателствата. Но, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас, туку дека едноставно не сте се сложувале добро и не сте биле еден за друг. Како и да било, треба да преземете одговорност за своите постапки и да се извините кога тоа е соодветно. Ако тоа го прифати вашиот пријател, супер. Ако не, немојте да се обвинувате. За жал, тоа нема да ја промени ситуацијата и може да направи да се чувствувате полошо.rn

    „Преземете одговорност, без разлика дали ќе го прифати вашето извинување другата личност или не, така се расте“ – завршува Барт.

    rnВе интересира кои квалитети можеме да ги најдеме само во најдобрите пријатели?

  • 14 работи за кои веднаш треба да престанете да се обвинувате во животот

    14 работи за кои веднаш треба да престанете да се обвинувате во животот

    Понекогаш се обвинуваме себеси за начинот на кој го живееме нашиот живот бидејќи не изгледа совршен како што сакаме да биде. Кога разговараме со пријателите или сме на социјалните мрежи имаме навика да ги споредуваме нашите животи со туѓите. Се обвинуваме за работите за коишто не треба дури ни да се извинуваме. Бидејќи никому не должите објаснување време е да се прегрнете себеси и да престанете со срамење за следниве работи.rn

    1. Вашиот избор на кариера

    rnrnrnАко е невообичаена и помалку платена вашата работа, вие ќе се обвинувате себеси за вашиот избор. Се сомневате дали имате квалификации за постабилна работа со подобри примања, но сте одбрале поинаков пат во кариерата. Но, ако работата ве исполнува треба да бидете горди со тоа што го правите, за што и да станува збор.rn

    2. Вашите способности или недостаток на способности

    rnrnrnМожеби сте се почувствувале омаловажени поради вашата неспособност или недостаток на способност во нешто, но не смеете да се обвинувате поради тоа. Сите имаат силни и слаби страни, а ако во нешто не сте добри тоа не ве прави губитник.rn

    3. Посветување време за себе

    rnrnrnВо свет полн со екстроверти понекогаш е тешко да одвоите време за себеси. Ако сте мајка ќе се чувствувате виновно ако не им посветуваме внимание на децата. Но, вистината е дека секој заслужува време што ќе го помине со себе и ќе си угодува без да се грижи за останатите, барем на кратко.rn

    4. Пријателите и партнерот што ги избирате

    rnМожеби имате партнер или пријатели во вашиот живот за кои другите мислат дека не се доволно добри за вас. Но, ако вам ви одговара да ги имате покрај вас тоа не е воопшто важно. Треба да ви е драго што таквите луѓе како нив сè уште постојат во светов и се грижат за вас.rnrnrn

    5. Од каде доаѓате

    rnrnrnАко се срамите од вашето минато потешко ќе ви биде да ја цените сегашноста и да се насочите кон иднината. Прифаќањето на вашето минато е едно од нештата што треба да ги направите за да почнете да се сакате себеси.rn

    6. Храната што ја јадете

    rnrnrnСè додека се грижите за здравјето не смеете да се обвинувате за храната што ја јадете. Јадењето е едно од најголемите задоволства во животот, а ако можете да си го дозволите, уживајте во него.rn

    7. Вашиот љубовен статус

    rnМожеби преферирате да бидете сингл или сакате да се разведете од вашиот партнер. Дури и ако луѓето не се согласуваат со вас не смеете да се обвинувате ако не сакате да бидете со некого. Може да звучи одлично да се биде во врска и да се стапи во брак, но ако чувствувате потреба да бидете сингл не смеете да чувствувате вина поради тоа.rnrnrn

    rnПродолжува на втората страница…rn

  • Признај! – Виновна. Зошто имаме тенденција да ги обвинуваме другите?

    Признај! – Виновна. Зошто имаме тенденција да ги обвинуваме другите?

    Кога бев мала, уште во основно, со другарките имавме една практика – секогаш кога некоја од нашето друштво нешто ќе „згрешеше“, после часови задолжително ја седнувавме на обвинителната клупа во школскиот двор. Обвинетата никогаш не беше свесна дека била свикана седница, но штом се најдеше на тоа место, веднаш ѝ стануваше јасно што ќе следува. Тие седници не беа детска игра, траеја со саати и крајната цел беше обвинетата да признае дека згрешила и со тоа да ја прифати казната – осудата од сите останати. Згрешила бидејќи кренала рака на хемија кога знаела дека друга од нас треба да поправи тројка. Кажала дека ѝ се допаѓа момчето од парк, кога знаела дека друга прва го има видено. Позајмила хеланки за физичко, а недела дена подоцна ги вратила неперени. Виновна! Виновна! Виновна! Од каде ли сме го научиле ова однесување?rnrnПризнај! – Виновна. Зошто имаме тенденција да ги обвинуваме другите?rnrnУчиме да обвинуваме од секаде. Уште како деца родителите нѐ обвинуваат кога ќе згрешиме, кога ќе потфрлиме со оценките или кога ќе се вратиме подоцна од времето за излез. Тие и меѓу себе се обвинуваат во кавги кои ние ги слушаме. Потоа го рефлектираме тоа однесување на пријателите, колегите и конечно и на нашиот партнер и деца кога ќе пораснеме. Сепак, за разлика од обвинувањата на клупата во школски, кога сме возрасни тие можат да имаат сериозни последици на нашата личност и на нашите односи со другите.rnrnСите луѓе повеќе или помалку ги обвинуваат другите. Некои, дури обвинуваат и ситуации и предмети: „Да не беше столбов на сред пат немаше да си го удрам стапалото.“ Луѓето се разликуваат според тоа на каде го насочуваат обвинението: на едната страна на спектарот се оние кои никогаш самите не се виновни за ништо и секогаш вината ја префрлаат на други, а на спротивната страна се оние кои сметаат дека за сѐ што не им оди добро во животот виновни се тие самите. И едното и другото не е добро и не е здраво за личноста.rnrnВо најголем број случаи, обвинувањето на другите е реакција на нашиот одбранбен механизам. Подобро да ја преземеме моќта и да обвиниме некој друг за лошиот исход од нешто, отколку да се направиме себеси ранливи и да ја признаеме грешката, што пак ќе нѐ обезмоќи. Колку и да делува ова природно, во суштина се случува обратното. Ние само привидно ја земаме контролата во свои раце во моментот, но на долг рок тоа нѐ прави послаби, со помала самодоверба и без шанса вистински да созрееме како личности.rnrnНо, ако не обвиниме тогаш треба да преземеме одговорност. А тоа бара храброст. Потребна е доблест, понизност, наместо да се води обвинителна битка во која топката постојано ќе се префрла од едната на другата страна, да се погледне прво кон себе. Да се исправи огледалото директно пред нашето лице и да се запрашаме: „Која е мојата улога во оваа ситуација? Дали јас со нешто го предизвикав ова? Дали можев да направам нешто за да не дојде до овој проблем?“ Најчесто одговорите би биле потврдни, но ретко кој од нас го прави ова.rnrnЈас сум застапник на теоријата дека во повеќето животни ситуации, несогласувањата и проблемите се резултат на сплет од околности сместени во сивата зона. Онаа зона каде што никој не е виновен и секој е по малку виновен што дошло до нешто. Секако, тука не мислам на ситуации во кои едномислено возачот на автомобилот е виновен за прегазениот пешак. Но, ако размислите, обвинувањето е процес кој е многу присутен во нашите животи на секојдневна база. Го обвинуваме шефот за нашата несработена работа бидејќи не ни одговорил навреме на мејлот, ги обвинуваме и колегите бидејќи доцнат со задачите од проектот на кој заеднички работиме. Ги обвинуваме родителите што не ни овозможиле повеќе во животот. Нашите браќа и сестри кои кажале или направиле нешто на одреден начин, што не се совпаѓа со начинот на кој ние би го направиле истото. Најчесто од сите е обвинувањето помеѓу партнерите. „Си го оставил прозорецот цела ноќ, па затоа сега сум целата изедена од комарци!“ „Си искочил со другарите, а немаш време да излезеш со мене.“ „Два саати ги оставив децата со тебе и доаѓам дома, а тие само што не се испотепале меѓу себе!“rnrnОбвинуваме. Секој ден. Обвинуваме за да не бидеме обвинети, за да си го заштитиме егото, за да го задржиме достоинството. Понекогаш обвинуваме по навика.rnrnНаучно е потврдено дека обвинувањето делува како зараза, колку повеќе го правиме тоа, толку повеќе се шири и на другите луѓе. Притоа, во процесот на обвинување ние се претставуваме како подобра личност, а другата страна како полоша. И кога истата приказна ќе ја раскажеме повеќе пати со обвинувачки тон, на крајот завршуваме со сценарио во кое на другата личност сме ѝ припишале еден куп особини кои не се нејзини, додека себеси сме се исполирале до совршенство. Ни олеснува кога раскажуваме за тешките ситуации, и тоа одвреме-навреме е потребно и корисно за нашата душа. Но, ако тоа го правиме премногу често, всушност забораваме да се посветиме на себеси, да работиме на својот развој во секоја смисла. А на личноста за која толку пати веќе сме ја раскажале истата приказна всушност сме ѝ налепиле еден куп особини кои сме ги одлепиле од својот карактер. Затоа е потребно огледалото, да видиме кои сме ние пред да фрлиме огнена топка кон другата страна на собата.rnrnДа се навратам на моите другарки… Сега, после 20 и кусур години, сѐ уште се дружиме. Дел од нас на различни места од светот, сепак сме заедно за големите работи. За убавите и неубавите. Нашето другарство ја преживеа и надживеа обвинителната клупа. Но, во светот на возрасните, обвинувањето до бескрај ги расипува врските. Некогаш неповратно.rnrnПа, помалку обвинувајте, повеќе разбирајте за да ги задржите луѓето кои ви значат и за да ја одржите хармонијата со луѓето околу вас. Сите сме виновни понекогаш и за нешто. И јас сум виновна за многу работи во животот. Сепак, сум само човек, па се обидувам да не се обвинувам премногу себеси поради тоа. Немојте ни вие!rn

    Пишува: Ирина Мицов

  • Дали навистина е тешко да се биде маж во денешно време?

    Дали навистина е тешко да се биде маж во денешно време?

    Во последно време, многу влијателни мажи се соочија со обвинувања за сексуално злоупотребување. Тоа ги поттикна момците да се чувствуваат непријатно и да коментираат дека „тешко е да се биде маж во денешно време“, бидејќи мора внимателно да размислуваат за секој контакт што ќе го воспостават со нивни колешки, пријателки, бивши девојки и сите останати жени кои би можеле нивното однесување да го сметаат за несоодветно.rnrnДали навистина е тешко да се биде маж во денешно време?rnrnВака се чувствуваат сите мажи, дури и оние кои го поддржуваат феминизмот. Но, сите тие забораваат на една работа: Како жените се чувствуваат секој ден? Суровата вистина е дека мажите не мора да се грижат за нивната физичка безбедност кога се опкружени со жени толку многу колку што жените треба да се грижат за својата безбедност во присуство на мажи.rnrnИако станува збор за многу необична и бизарна атмосфера, погрешно е да се користи терминот „лов на вештерки“ кога се зборува за откривањето на сексуалните злоупотреби извршени од страна на моќни мажи. „Ловот на вештерки“ е историска појава кога сингл жените биле неправедно казнувани со смрт, па затоа метафората во овој случај е крајно несоодветна и навредлива. Влијателните и насилните мажи сѐ повеќе се плашат поради тоа што секојдневно излегуваат нови и нови обвинувања. Но, тоа би требало да ги поттикне момците да се преиспитаат себеси и да размислат за нивното однесување. Колку што е тешко да не се биде расист во расистички свет исто толку тешко е и да не се биде сексист во околина каде што сексистичкото однесување се смета за нешто нормално. Потребни се голема посветеност и свесност за да се одбегне сексизмот.rnrnМажите немаат никакво право да се жалат поради тоа што се случува моментално, бидејќи конечно имаат можност да видат како им е на жените постојано. Жените постојано се соочуваат со начини на однесување кои ги преминуваат нивните сексуални и лични граници. На девојките постојано им дофрлуваат на улица, ги допираат на незгодни места, им даваат непристојни коментари, па дури и физички ги малтретираат. Во денешното општество, жените постојано мора да бидат на „штрек“, бидејќи опасностите демнат од секој агол.rnrnДали навистина е тешко да се биде маж во денешно време?rnrnИако можеби некоја жена немала негативни искуства, таа постојано прави стратегии како би се одбранила доколку дојде до такво нешто. Во денешниот современ свет, жените стекнале несвесни рефлекси за одбрана од мажи кои би можеле да им предизвикаат непријатност, физичка опасност или психичко малтретирање. Жените цврсто ги држат клучевите во раце кога си одат накај дома доцна навечер, ставаат слушалки со исклучен звук за да чујат ако некој ги следи, не влегуваат во автобус доколку забележат дека има пијан човек, внимаваат на нивните насмевки, погледи, зборови и тела затоа што НЕ САКААТ ДА ИСПРАТАТ ПОГРЕШНА ПОРАКА. Тие постојано се плашат да не бидат погрешно разбрани. Се плашат дека нивната љубезност ќе биде сфатена како флерт. Се плашат дека нивниот избор на облека ќе испровоцира некого. Се плашат дека мислењето на шефот и колегите се базира на нивниот физички изглед, а не на нивните работни способности.rnrnКога жените се наоѓаат во присуство на мажи кои не ги познаваат и на кои не им веруваат, тие стануваат претпазливи. А мажите кои никогаш претходно не помислиле дека нивната мажественост можеби претставува закана за некого, сега веројатно ќе станат посочувствителни кон жените кои секој ден внимаваат на нивното однесување и постапки.rnrnСекако дека мажите не треба да се плашат од жените. Треба само да ги почитуваат. Тешко е да се биде маж во денешно време за оние поединци кои ги малтретираат, навредуваат и злоупотребуваат жените. И треба да биде тешко за нив! Тешко им е на оние кои си ја имаат мувата на капата. За сите останатите, воопшто не е тешко да се биде маж во денешно време.rnrnЗа да дознаете повеќе во врска со тоа како е да се биде жена во денешно време, дознајте со кои неправди се соочуваат амбициозните жени.

  • 6 нешта за кои жените неправедно ги обвинуваат мажите

    6 нешта за кои жените неправедно ги обвинуваат мажите

    Во денешно време, жените полека го освојуваат светот. Сексуалноста е само една од областите за која жените бестрашно го искажуваат сопственото мислење и став. Но, како што се нагласува потребата од тоа да им се даде повеќе моќ на жените, така се појавуваат сѐ повеќе и повеќе неправедни стереотипи и обвинувања кои се насочени кон мажите. Мажите веруваат дека целта на феминизмот е да промени одредени типови мажи како што се „женкарот“, „силувачот“ и „насилникот“. Но, со оглед на тоа што повеќето мажи не чувствуваат дека припаѓаат во која било од овие категории, тие не можат да го разберат ова движење. Наместо тоа, тие мислат дека одредени мажи ја „зезнуваат“ работата за останатите.rnrn6 нешта за кои жените неправедно ги обвинуваат мажитеrnrnМажите стануваат сѐ посвесни за работите кои ги омаловажуваат жените, па затоа се трудат секогаш да се однесуваат примерно што доведува до тоа да ја преземаат вината за нешта за кои не се виновни. Разговорите за сексуалноста треба да ги засегаат сите, а не само жените. Ова се 6-те нешта за кои жените неправедно ги обвинуваат мажите…rn

    1. Проблеми со надворешниот изглед

    rnНадворешниот изглед не ги засега само жените. И мажите се кријат под нивната облека, држат диети, земаат стероиди и тивко страдаат поради незадоволството од изгледот на нивното тело исто како и жените. Жените без проблем им кажуваат на пријателките и на партнерите дека се чувствуваат дебело, додека, пак, мажите ја немаат таа слобода да го направат истото.rnrnГи охрабруваме жените да ги прифатат нивните облини, а ги обвинуваме мажите и медиумите за постоењето на нереалистичните стандарди за убавини. Притоа, немаме предвид дека и тие гледаат мажи со совршени тела во медиумите и добиваат сурови критики од страна на жените за нивната висина, тежина и градба. Време е да разбереме дека надворешниот изглед е проблем што подеднакво ги мачи и мажите и жените.rn

    2. Проблеми со самодовербата

    rnЖените не се единствените кои имаат проблем со ниска самодоверба. Можеби ви звучи чудно, но и мажите поминуваат низ истото малтретирање и сексуално злоупотребување како и жените. Мажите не се поштедени од ова страдање и треба да им се даде до знаење дека не треба да се срамат отворено да ги споделат нивните искуства и проблеми.rn

    3. Поделба на половите улоги и идентитетот

    rnПред 50-60 години, правилата околу поделбата на машките и женските улоги беа многу поедноставни. Мажите одеа на работа и заработуваа, додека жените седеа дома, се грижеа за децата, готвеа и чистеа. Денес, со зголемувањето на бројот на жените кои работат, многу од мажите ја преземаа улогата на домаќини. Иако и двата пола се согласуваат дека тоа е праведно и рамноправно, сепак станува збор за голема промена. Тоа може да доведе до криза на идентитетот кај некои мажи, особено ако добиваат измешани пораки. Сепак, доколку мажите се осудат да ги изразат нивните чувства и збунетост, жените го толкуваат тоа како нешто негативно и го сметаат за сексизам.rnrn6 нешта за кои жените неправедно ги обвинуваат мажитеrn

    4. Правила што се однесуваат на љубовните врски

    rnМажите се воспитани да веруваат дека тие први треба да им пристапат на жените, но денес жените не само што први им пристапуваат на мажите туку и инсистираат тие да платат на првиот љубовен состанок. Многу мажи ја почитуваат оваа отстапка од конвенционалните правила, но нивната збунетост од ненадејната промена може да предизвика проблеми во подоцнежните фази од врската. Дали мажите сѐ уште треба да ја побараат раката на нивната сакана од нејзиниот татко? Постојат жени на кои им се допаѓаат овие традиционални начини на додворување, но постојат и такви кои ги сметаат за навредливи. Мажите треба отворено да разговараат на оваа тема и да ги постават прашањата што ги интересираат за да си ги решат дилемите.rn

    5. Сексуални врски

    rnДенес жените не само што преземаат иницијатива во однос на состанувањето, туку и преземаат иницијатива кога станува збор за сексот. Жените слободно изразуваат желба да имаат пријатели со бенефиции кога сакаат да имаат секс без обврски. Иако ова звучи како идеална ситуација и за двата пола, мажите можат уште повеќе да се збунат. Можеби ним им одговара кога жените го прават првиот чекор, бидејќи тоа им ги олеснува работите, сепак тие имаат потреба да остават впечаток на самоуверени и одлични љубовници, а понекогаш немаат можност да го направат тоа со оглед на настанатите промени во половите улоги.rn

    6. Зависност од порно филмови

    rnСе верува дека голем број од хетеросексуалните мажи се зависни од порно филмовите и им се наметнува идејата дека треба да се срамат од нивните природни сексуални желби. Девојките и сопругите се лутат кога ќе ги „фатат“ партнерите како гледаат порно и ги осудуваат поради тоа, иако станува збор за нешто сосема нормално и природно.rnrnЖените треба да бидат внимателни околу тоа како ја третираат загриженоста и сексуалноста на мажите. Треба и ним да им се даде простор да ги искажат сопствените сексуални желби и потреби за да може подобро да го разбереме нивниот поглед кон работите.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги 8-те најголеми митови за феминизмот.

  • Неколку знаци дека ги обвинувате другите луѓе за вашите проблеми

    Неколку знаци дека ги обвинувате другите луѓе за вашите проблеми

    Уште како деца учите дека кога ќе бидете возрасни од вас ќе се очекува да бидете зрели и одговорни личности кои ќе може да се носат со своите проблеми. Сепак, тоа не се случува секогаш. Всушност, постојат два вида луѓе на овој свет – оние кои ги обвинуваат другите за своите проблеми со кои се соочуваат и оние кои самите преземаат одговорност за нивната состојба и се фокусираат на решавање на своите проблеми. Се разбира, мислите дека знаете во која група се наоѓате, но дали е тоа така навистина? Погледнете ги овие пет знаци кои покажуваат дека вие ги обвинувате другите за оние проблеми кои ви се случуваат вам.rnrnНекои знаци дека ги обвинувате другите луѓе за вашите проблемиrn

    1. Постојано се жалите за еден ист проблем

    rnЖивотот е полн со предизвици, но доколку имате здрав начин на размислување и дејствување, тогаш проблемите постепено ќе се подобруваат, додека не се решат. Кога секогаш се жалите за истите проблеми, повторно и повторно, тогаш вие сте заглавени во вашата приказна. Ја изобличувате вашата перспектива и сметате дека не сте самите виновни, туку наоѓате некој друг да го обвинувате за тоа. Во тие моменти ја губите од вид големата слика, па почнувате да верувате дека немате моќ или контрола над работите. Но, вистината е дека имате моќ и можете да ги извршувате работите со слободна волја и избор. Запаметете дека секогаш имате избор, дури и ако тоа е избор на уште една мисла, вие можете да ги свртите работите во позитивна насока.rn

    2. Постојано сте незадоволни

    rnНезадоволството предизвикува горчина и вие чувствувате дека некој ви прави нешто лошо или дека кон вас се однесува неправедно. Тоа е природна емоција, но како и да е, доколку постојано чувствувате незадоволство, тоа значи дека постојано се правите „жртва.“ Секоја емоција, вклучувајќи го и незадоволството, носи одредена порака. Од вас зависи дали ќе ги промените вашите гледишта кон проблемот или ќе изберете друг начин на дејствување. Доколку дозволите да ве води незадоволството, тогаш немате простор да се фокусирате на други активности и да ја промените ситуацијата во која се наоѓате.rn

    3. Велите: „Ти направи да се чувствувам вака“

    rnНикој не може да направи да се чувствувате вознемирено или налутено. Единствената личност која може да направи да се чувствувате на ваков начин, сте самите вие. Во поголем дел вие избирате како ќе се чувствувате, врз основа на тоа како ги доживувате и како ги разбирате нештата што ви се случуваат. Доколку не сакате да бидете вознемирени или лути, тогаш треба да научите како да преземате одговорност за своите чувства и како свесно да ги избирате вашите реакции, наместо да дозволите тие да ве совладаат. Природно е до одреден степен да бидете под влијание на другите луѓе. Од една страна здраво е и да ги разгледате нивните повратни информации и мислења, сѐ додека тоа не ви ги диктира вашите сопствени мисли. Секогаш имате избор да одлучите што треба да чувствувате, а што не.rnrnНекои знаци дека ги обвинувате другите луѓе за вашите проблемиrn

    4. Вие сте во нефункционална врска

    rnВо ваквата врска едното лице е зависно од другото, има слабо ментално здравје, незрелост или неодговорност. Ова лице одбива да погледне во своите сопствени проблеми, затоа што е премногу окупирано со она што другиот го прави. Овие односи прават и двајцата да бидат заглавени во рутината. Обично, кога едното лице почнува да се фокусира на решавање на своите сопствени проблеми, тој предизвикува другата личност да се чувствува загрозено поради тоа, при што нема да продолжи. Сепак, можете да ја промените врската доколку знаете дека тоа е негативно. И покрај тоа што другите ви велат за вашите напори, вие треба да се фокусирате и на себе, при што останатите може да бидат инспирирани да направат слични промени и кај себе.rn

    5. Забележувате исти случувања во вашиот живот

    rnКога ќе се соочувате со ист вид односи секојдневно, ќе работите исти работи и ќе ги повторувате истите грешки, повторно и повторно, тоа е знак дека не преземате одговорност за своите проблеми. Истите случувања кои се повторуваат, покажуваат дека ви недостига нешто, или пак дека вие избирате да ги игнорирате работите. Која и да е причината, ова може да ви биде знак дека треба да ги совладате ограничувањата кои ве попречуваат да продолжите напред.rnrnПа, несомнено е дека сите ние имаме проблеми во животот и тоа е она што нѐ прави луѓе. Не можете постојано да уживате во добрите времиња, без притоа да доживеете нешто лошо. Но, она што можете да го направите е успешно да се справите со проблемите, затоа што самите вие сте си одговорни за тоа. Само кога ќе го сфатите ова, ќе сфатите и дека имате моќ да ја промените ситуацијата. Кога ќе ги погледнете проблемите, ќе чувствувате доволно моќ за да ги преземете неопходните чекори за да најдете решение. Доколку откриете дека сте во ситуација кога ги обвинувате другите околу вас за вашите проблеми, тогаш тоа можете едноставно да го промените.

  • Фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален напад

    Фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален напад

    „А што имаше облечено?“ Ова прашање им е познато на многу луѓе кои преживеале сексуален напад. Серијата фотографии со наслов: „А што имаше облечено?“ на Кетрин Камбарери покажува зошто ова прашање воопшто не е во ред. На изложбата биле прикажани вистински парчиња облека кои луѓето ги носеле кога биле сексуално нападнати со цел да се покаже зошто фокусот на облеката не само што ги обвинува жртвите за тоа што биле нападнати, туку и создава погрешна слика за тоа како сексуалното насилство всушност функционира.rnrnСерија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален нападrn

    „Сексуалниот напад е чин кој вклучува контрола и сила и нема никаква врска со облеката на луѓето“, пишува во описот на веб-сајтот на Камбарери.

    rnТаа е во право. Според истражување спроведено од страна на Федералната комисија за криминалот поврзан со насилство, поголемиот дел од напаѓачите не се ни сеќаваат што носела жртвата. Ако облеката била толку клучна за нападот, сигурно ќе се сеќавале на неа. Истото истражување открило дека само 4,4 проценти од напаѓачите биле предизвикани од „провокативното однесување“ на жртвите. Ова е доста проблематична фраза бидејќи никој не провоцира силување, но исто така ни покажува и дека жртвите воопшто не се ни однесувале на начин кој се смета за провокативен.rnrnСерија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален нападrn

    „Сексуалниот напад никогаш не се случува поради облеката на една личност, единствена причина зошто се случува е тоа што еден човек напаѓа друг“, објаснува артистката.

    rnПроектот бил изложен во Универзитетот Аркадиа, каде Камбарери студирала и вклучува прилози што ги собрала од некои од студентите. За да даде точна слика на тоа што луѓето го носеле пред да бидат нападнати, таа не изоставила ниту едно од приложените парчиња облека.rnrnСерија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален нападrnrnФотографиите покажуваат дека облеката што ја носеле луѓето кога биле нападнати воопшто не е разголена како што обично се претпоставува дека биле облечени жртвите на сексуален напад. Не би била нивна вина и да биле така облечени, и токму тоа и го докажуваат овие фотографии. Облеката нема никаква врска со тоа.rnrnСерија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален нападrn

    „Ваквите прашања повеќе го заштитуваат напаѓачот отколку жртвата. Глупаво е тоа што ги обвинуваат преживеаните пред да имаат шанса да ја раскажат својата приказна. Сакав да сторам нешто за да докажам колку непотребни се овие типови прашања кои ја префрлуваат вината на жртвите. Се надевам дека гледачите ќе можат да се стават на нивно место и да се замислат себеси во облеката што ја фотографирав. Многу е важно луѓето да добијат нова перспектива, да стават крај на стигмите и да заборават на стереотипите“, заклучува Камбарери.

    rnСерија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален нападrnrnСексуалните напади се многу болна тема, и жртвите честопати се срамат да го раскажат она што им се случило, плашејќи се дека тие ќе бидат обвинети токму поради предрасудите кои владеат. Да се надеваме дека ќе се подигне свеста за овој проблем и ќе им се укаже заслужената почит на овие храбри луѓе кои поминале низ толку тешко искуство во животот.

  • 6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваат

    6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваат

    Границите се оние непишани правила кои сите ги имаме и практикуваме за да се заштитиме себеси од туѓото однесување и да ги исполниме своите желби и потреби. Во оние моменти кога им дозволуваме на другите да ги преминат нашите социјални граници со тоа што нема да ги засилиме или гласно да го искажеме својот став, тогаш неретко анксиозноста и несреќата се јавуваат како резултат. Кога не сме сигурни кои се нашите граници или постојано им дозволуваме на луѓето да се извлечат со однесување кое не би требало да го дозволиме, тогаш се соочуваме со неколку емоционални несакани дејства.rnrn6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваатrnrnЗа жал, ние не можеме секогаш да ги препознаеме овие несакани дејства сѐ до оној момент кога сме дозволиле другите да нѐ третираат лошо. Во тој контекст, прочитајте ги 6-те знаци кои укажуваат на тоа дека на вашите граници им треба поправка.rn

    1. Се чувствувате несигурно и искористено

    rn6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваатrnrnДа се чувствувате несигурно и искористено е директен резултат од оние ситуации кога давате повеќе помош и совети отколку што разумно треба да давате. Проблемот е поврзан со границите, бидејќи, ако намалите со помагањето или советувањето кога ќе забележите дека вашиот труд не е ниту ценет ниту возвратен, тогаш нема да се чувствувате огорчени кога не сте го добиле тоа што сте се надевале дека ќе го добиете како знак за почит.rn

    2. Алергични сте на зборот „Не“

    rn6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваатrnrnНезависно дали луѓето често бараат работи од вас кои немаат причина да ги бараат или имате тенденција да сакате да ги усреќите и задоволите потребите на другите, сепак станува збор за проблем кој покажува дека не знаете што точно чувствувате, што ви е потребно и што сакате пред да направите разлика помеѓу откажувањето од нешто и неговото исполнување. Ние ги учиме луѓето како да се однесуваат со нас. Ако не застанеме зад своите ставови и не речеме „не“, така засилувајќи ги границите, тогаш само дополнително го зголемуваме проблемот со тоа што ги тренираме другите да мислат дека сѐ што тие сакаат да прават, за нас е прифатливо.rn

    3. Постојано се најоѓате во лоши ситуации

    rn6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваатrnrnАко им дозволите на луѓето да ја преминат вашата крајна линија на трпението и толеранцијата, тогаш вашите границите се повредени. Во тие моменти можеби нема да забележите дека проблемот е токму во границите бидејќи ќе бидете преокупирани со непријатни чувства поради луѓето кои постојано го туркаат вашиот лимит.rn

    4. Ги обвинувате другите

    rn6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваатrnrnВината и обвинувањето на другите се два различни поими. Второто е знак дека или им дозволувате на другите да преминуваат преку вашите граници или дека тие не биле доволно цврсти уште од самиот почеток. Во оној момент кога ќе почнете да станувате поодговорни за вашата улога во секоја ситуација, ќе ви стане јасно каде не сте ги почитувале своите граници.rn

    5. Потешко ги изразувате своите чувства, желби и потреби

    rn6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваатrnrnЧестопати луѓето со проблеми во нивните граници не знаат што точно сакаат или што им треба во нивниот живот. Ако искусувате проблеми и потешкотии кога треба да си ги задоволите потребите, користејќи јасна комуникација, тогаш веројатно и вие припаѓате на претходната група луѓе. Можеби патите длабоко во себе, а, со тоа што не можете добро да се изразите, вие само дополнително го проширувате и комплицирате проблемот.rn

    6. Претпоставувате дека луѓето сами ќе го поправат своето однесување

    rn6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваатrnrnАко постојано посакувате и се надевате дека некој ќе застане на ваша страна, иако тие продолжуваат константно да ве разочаруваат, тогаш очекувате премногу од некој кој не е доволно инвестиран во вас и вашето пријателство. Тоа може да биде знак дека вашите желби не соодветствуваат со реалноста и вие не правите тешки одлуки за односот.

  • Што да направите кога сте обвинувани и засрамени?

    Што да направите кога сте обвинувани и засрамени?

    Чувството на срам нè тера да се повлечеме, да се браниме, да се чувствуваме како жртви и да се обидуваме да возвратиме на каков било начин. Емоциите кои во тој момент владеат со нас носат некои импулсивни реакции кои не се добри за нас. Тогаш, што треба да направиме во таков момент?rnrnШто да направите кога сте обвинувани и засрамени?rn

    Одложете го одговорот на нападот

    rnКога некој ве напаѓа, обвинува и засрамува, тој/таа е премногу затворен/а за да ги слушне вашите аргументи во еден конструктивен разговор. Затоа речете дека не можете да слушате во тој момент и дека ќе разговарате кога тој/таа ќе се„ излади“. По 15 минути нападите кон вас ќе бидат многу послаби и полесно ќе ги расчистите работите.rn

    Бидете љубезни и сочувствителни кон себе

    rnОбидете се да останете свесни за својата беспомошност во однос на зборовите на другата личност, односно дека не можете да го спречите она што ви се случува. Не се обвинувајте себеси за беспомошноста во тој момент, ниту за чувството на безвредност кое некој друг ви го наметнува.rn

    Размислете дали ви тежат некои стари спомени

    rnДоколку нападот не е непосреден ќе имате време да размислите и дали некои стари спомени ви тежат и прават да се чувствувате многу полошо отколку што треба. Кога новиот напад ве потсетува на некоја случка од минатото и ви се чини дека таа ви се повторува, тоа го засилува негативниот ефект од она што ви се случува денес.rn

    Побарајте разбирање во себе за другата личност

    rnМожеби оној што ве напаѓа тоа не го прави заради некој проблем кај вас. Може тоа да го прави и затоа што не се сака себеси, огорчен/а е од нешто или погрешно ги сфатил/а работите. Често пати нападите се случуваат токму поради овие работи и затоа не треба да дозволите нечии туѓи фрустрации да направат да се почувствувате безврдно.rn

    Поразговарајте со некого

    rnТоа е една од најубавите работи за себе која можете да ја направите во моментите кога сте засрамени или некој ве обвинува за нешто. Ќе добиете утеха, мир и помош за потрезвено и похрабро да ги согледате работите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 работи кои хороскопските знаци најмногу ги мразат

    10 работи кои хороскопските знаци најмногу ги мразат

    Секој човек се вади од такт поради различни причини, а 10 од нив се заеднички за припадниците на различните хороскопски знаци.rnrn10-raboti-koi-horoskopskite-znaci-najmnogu-gi-mrazat-kafepauza.mkrn

    Овните најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Луѓе кои се влечкаат додека одат
    2. rn011

    3. Неодговарање на телефонски повици
    4. rn011

    5. Мобилни телефони и воопшто апарати кои не работат
    6. rn011

    7. Животни во кафез
    8. rn011

    9. Луѓе кои објавуваат интимни работи на социјалните мрежи
    10. rn011

    11. Луѓе кои заобиколуваат и зборуваат пола саат додека да дојдат до поентата
    12. rn011

    13. Луѓе кои не знаат да танцуваат
    14. rn011

    15. Луѓе кои не знаат да се облечат соодветно за приликата
    16. rn011

    17. Доцнење на автобуси, возови, авиони
    18. rn011

    19. Народна музика
    20. rn

    rn

    Биковите најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Фалбаџии
    2. rn011

    3. Неорганизираност и неред
    4. rn011

    5. Искинати алишта
    6. rn011

    7. Лоши готвачи
    8. rn011

    9. Некултурно однесување во јавност
    10. rn011

    11. Зборување во јавност
    12. rn011

    13. Луѓе кои не ставаат дезодоранс
    14. rn011

    15. Кога се предмет на туѓи шеги
    16. rn011

    17. Кога имаат чувство дека не се доволно паметни или дораснати на ситуацијата
    18. rn011

    19. Лоша храна и воопшто лошиот однос цена-квалитет
    20. rn

    rn

    Близнаците најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Луѓе кои немаат смисла за хумор
    2. rn011

    3. Кога не го добиваат вниманието што го заслужуваат
    4. rn011

    5. Расипани часовници и будилници кои не ги разбудиле
    6. rn011

    7. Лошо вино
    8. rn011

    9. Неудобни чевли, особено кога во нив не можат да играат
    10. rn011

    11. Луѓе кои бавно зборуваат
    12. rn011

    13. Луѓе кои бавно одат
    14. rn011

    15. Песимизам
    16. rn011

    17. Луѓе кои се зависни од некого или нешто
    18. rn011

    19. Неможност за користење технологија
    20. rn

    rn

    Раковите најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Луѓе кои рано ги будат или подрануваат во однос на договореното
    2. rn011

    3. Големи жештини
    4. rn011

    5. Волна и други материјали од кои ги чеша кожата
    6. rn011

    7. Кога треба да спијат на кауч или во неудобен кревет
    8. rn011

    9. Лошо облекување
    10. rn011

    11. Туѓи критики
    12. rn011

    13. Насилни филмови и општо насилство меѓу луѓето
    14. rn011

    15. Неблагодарни деца
    16. rn011

    17. Кога ќе ги изгубат диоптриските или очилата за сонце
    18. rn011

    19. Луѓе кои незаслужено им ја крадат славата
    20. rn

    rn

    Лавовите најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Луѓе кои се облекуваат подобро од нив
    2. rn011

    3. Луѓе кои возат подобри автомобили од нив
    4. rn011

    5. Игнорирање
    6. rn011

    7. Кога некој намерно поттикнува љубомора
    8. rn011

    9. Студ
    10. rn011

    11. Жештина
    12. rn011

    13. Кога се принудени да одат во црква
    14. rn011

    15. Кога на сончев ден се принудени да седат во затворено
    16. rn011

    17. Кога луѓето им велат да успорат
    18. rn011

    19. Ако не се во можност или им е забрането да флертуваат
    20. rn

    rn

    Девиците најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Неорганизирани и неуредни луѓе
    2. rn011

    3. Невозвратени телефонски повици
    4. rn011

    5. Доцнење
    6. rn011

    7. Луѓе кои не си ги подмируваат сметките
    8. rn011

    9. Луѓе кои не ги враќаат позајмените предмети
    10. rn011

    11. Губење време на неважни работи
    12. rn011

    13. Луѓе кои прават граматички грешки
    14. rn011

    15. Претерано пцуење
    16. rn011

    17. Емотивни сцени во јавност
    18. rn011

    19. Стенд-ап комичари
    20. rn

    rn

    Вагите најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Луѓе кои им велат да ја намалат музиката
    2. rn011

    3. Луѓе кои се преправаат дека се подобри одошто се
    4. rn011

    5. Кучешки измет во парковите и на други јавни места
    6. rn011

    7. Крадци
    8. rn011

    9. Луѓе кои се сурови кон животните
    10. rn011

    11. Луѓе кои не се трудат околу пријателите
    12. rn011

    13. Секс за една вечер
    14. rn011

    15. Лоши фризури
    16. rn011

    17. Секакви видови зависности, особено од дрога
    18. rn011

    19. Некултурно однесување
    20. rn

    rn

    Скорпиите најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Луѓе на кои ќе им го позајмат пенкалото и потоа никогаш не им го враќаат
    2. rn011

    3. Љубовници кои не можат да доживеат оргазам
    4. rn011

    5. Кога партнерот ги прави љубоморни
    6. rn011

    7. Кога некој е подобар од нив во што било
    8. rn011

    9. Луѓе кои си играат со храна
    10. rn011

    11. Кога ќе станат жртва на озборување
    12. rn011

    13. Кога ги обвинуваат дека се неверни
    14. rn011

    15. Луѓе кои слепо следат трендови
    16. rn011

    17. Луѓе кои тврдат дека се видовити или имаат натприродна моќ
    18. rn011

    19. Луѓе кои се паркираат притоа зафаќајќи две места
    20. rn

    rn

    Стрелците најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Луѓе кои премногу се жалат
    2. rn011

    3. Гужви
    4. rn011

    5. Кога луѓето со кои патуваат се болни
    6. rn011

    7. Критика дека лошо менаџираат со парите
    8. rn011

    9. Доцнење
    10. rn011

    11. Изгубен багаж
    12. rn011

    13. Малтретирање животни
    14. rn011

    15. Луѓе кои се плашат да ризикуваат
    16. rn011

    17. Преголеми очекувања
    18. rn011

    19. Тврдоглави ставови
    20. rn

    rn

    Јарците најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Фалбаџии без причина
    2. rn011

    3. Да позајмуваат пари од нив
    4. rn011

    5. Луѓе кои не си стојат на зборот
    6. rn011

    7. Луѓе кои немаат цврсти ставови
    8. rn011

    9. Кога ги обвинуваат за нешто што не се виновни
    10. rn011

    11. Метросексуалци
    12. rn011

    13. Родители кои не ги дисциплинираат своите деца
    14. rn011

    15. Луѓе кои не ја затвораат пастата за заби
    16. rn011

    17. Лоши фризури
    18. rn011

    19. Пасивни и мрзливи луѓе
    20. rn

    rn

    Водолиите најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Здодевни луѓе
    2. rn011

    3. Разговор за минатото
    4. rn011

    5. Психијатри
    6. rn011

    7. Озборување и измислување
    8. rn011

    9. Непрактични луѓе, кои знаат сè само во теорија
    10. rn011

    11. Недостаток на лојалност
    12. rn011

    13. Немиени раце
    14. rn011

    15. Игнорирање
    16. rn011

    17. Примитивен начин на размислување
    18. rn011

    19. Преголеми очекувања
    20. rn

    rn

    Рибите најмногу мразат:

    rn

      rn011

    1. Луѓе кои привлекуваат внимание со прегласно смеење
    2. rn011

    3. Луѓе кои бегаат од кавги
    4. rn011

    5. Големи жештини
    6. rn011

    7. Алкохоличари
    8. rn011

    9. Бавни возачи
    10. rn011

    11. Осудување
    12. rn011

    13. Сурово однесување кон деца
    14. rn011

    15. Сурово однесување кон животни
    16. rn011

    17. Несовесност кон околината
    18. rn011

    19. Пикање на носот во туѓите проблеми
    20. rn