КАФЕ ПАУЗА

20 креативни шолји за кафе

20 креативни шолји за кафе

Шолјите за кафе веќе не се само керамички садови кои служат за сервирање на нашиот омилен напиток. Тие претставуваат предмети со кои емотивно се поврзуваме и не сакаме да ги делиме со останатите во семејството или со колегите на работното место.rnrnСентименталната вредност на шолјите не е единствената причина поради која се врзуваме за нив. Тие се појавуваат во толку креативни и уникатни форми, што лесно може да имаме дури и по неколку омилени, кои обожаваме да ги користиме. Кафето во омилената шолја има поинаков вкус и предизвикува поинакво чувство… Нели?!rnrnЕве неколку шолји за поголемо уживање во кафето, кои не се наменети за делење со други:rn. rn

1. Шолја On/Off

rn20 креативни шолји за кафеШолјата „On/Off“ делува сосема обично кога е празна или кога во неа ставате ладна течност – црна шолја на која пишува Off (исклучено). Додајте топло млеко или некоја друга течност и забележете ја промената. Бојата се менува, постепено преминувајќи во бела, додека зборот „Off“ се заменува со „On“. Ова симболизира статус: во употреба.rn. rn

2. Шолја-муцка

rn20 креативни шолји за кафе20 креативни шолји за кафеНа прв поглед, и оваа шолја изгледа сосема нормално. Но, бидете подготвени таа да се пошегува со вас штом ја подигнете за да се напиете. Поинтересно е ако сте во друштво и ако имате цел сет од овие.rn. rn

3. Леќа од фотоапарат

rn20 креативни шолји за кафеОваа шолја ќе ве збунува секогаш кога ќе ја земете в рака, прашувајќи се дали посегате по вашиот фотообјектив или по омилениот сад за вашиот омилен пијалак. Потсетете се на моделите и цените.rn. rn

4. Шолја од зрна кафе

rn20 креативни шолји за кафеШолја која е целосно направена од зрна кафе…rn. rn

5. Ковчег за вреќичка од чај

rn20 креативни шолји за кафеОва е посоодветна шолја за љубителите на чај, кои можат да го „погребат“ употребеното вреќиче под неа.rn. rn

6. Шолја за одгледување трева

rn20 креативни шолји за кафе20 креативни шолји за кафеОвие шолји на дното имаат тревна површина.rn.rn

7. Шолја за кортадо

rn20 креативни шолји за кафеКортадо е еспресо со мала количина жешко млеко која го разблажува неговиот остар вкус. Оваа шолја им помага на сопствениците во погодување на вистинските пропорции при подготовка на овој напиток.rn. rn

8. Шолја која ве гледа

rn20 креативни шолји за кафеИспијте го кафето и ќе добиете еден морничав поглед, и тоа со едно око.rn. rn

9. Шолја со лице

rn20 креативни шолји за кафеОдлична шолја за оние кои со кафето сакаат бисквити или други колачи.rn. rn

10. Шолји-трендсетерки

rn20 креативни шолји за кафеОвие шолји за кафе од израелскиот дизајнер Yael Kristal ви овозможуваат да бидете во чекор со модните трендови.rn. rn

11. Шолја-пегла

rn20 креативни шолји за кафеПрактично решение за оние кои сакаат набрзина да испеглаат некое делче од својата кошула додека чекаат да се подистине штотуку свареното кафе.rn. rn

12. Шолја на заклучување

rn20 креативни шолји за кафеСамо сопственикот на оваа шолја го има вистинскиот клуч за да ја затвори дупката пред да си го подготви своето кафе. Епа нека проба некој да ја позајми вашата шолја.rn. rn

13. Шолја со мустаќи

rn20 креативни шолји за кафе20 креативни шолји за кафеМаскирајте се со помош на вашата омилена шолја за кафе која ќе ви постави мустаќи секогаш кога ќе ја подигнете за да земете голтка. Изберете модел на мустаќи кои најмногу ќе ви прилегаат.rn.rn

14. Шолја-пиктограм

rn20 креативни шолји за кафе„Пикто кафе“е е сет од шолја за кафе и бокал за варење и чување на свареното кафе, чии форми ги следат истите линии симболизирајќи ја нивната поврзаност.rn.rn

15. Витки шолји

rn20 креативни шолји за кафеОвие шолји се дизајнирани во рамките на проектот „Комбинација на традицијата со технологијата“ за кои нивниот дизајнер вели дека се инспирирани од начинот на кој нештата стануваат потенки со напредокот на технологијата.rn.rn

16.  Смајли-шолји

rn20 креативни шолји за кафе20 креативни шолји за кафеУбаво е да го започнете денот насмеани. Овие шолји со смајли симболи се одличен начин за да го постигнете тоа.rn.rn

17. Шолја со заби

rn20 креативни шолји за кафеОваа шолја е одличен пример за лична употреба на вашиот омилен предмет во кујната, осигурувајќи се дека никој нема да ви ја украде. Пијте од мазната страна за да уживате, но пред да ја ставите за миење, пивнете еднаш и од другата страна за да дозволите да протече малку низ забите. Верувајте дека оваа шолја, како ќе ја оставите во мијалникот, така и ќе си на најдете. :)rn.rn

18. Шолји што се движат

rn20 креативни шолји за кафеОвој дизајн им дава моќ на шолјите кои треба да имаат право да одлучат дали сакаат да останат или да си заминат од местото каде што се користат за сервирање кафе.rn.rn

19. Шолја со патент

rn20 креативни шолји за кафеЕлегантно дизајнирана шолја со имитација на патент за практично држење на ќесичките за чај.rn.rnrn

20. Шолја со нулта гравитација

rnrn20 креативни шолји за кафе20 креативни шолји за кафеКога е полна шолјата со кафе, може да се стои вертикално, односно нормално на тацната. Кога не се користи пак, може да се навали косо, како да е во бестежинска состојба.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn