КАФЕ ПАУЗА

Tag: шолја

  • Градините во шолји за чај стануваат симпатичен тренд

    Градините во шолји за чај стануваат симпатичен тренд

    Има нешто фасцинантно и зачудувачко во минијатурниот декор. Покрај минијатурниот мебел и малите куќички на дрво, градините во шолји за чај се сега најновиот артистички тренд. Овие минијатурни градини  „во шолја“ се веројатно најслаткото нешто што ќе го видите денес.rnrnГрадините во шолја за чај стануваат симпатичен трендrnrnМини сокулентите засадени во шолја за чај со минијатурни столчиња и маси, изгледаат како градини од бајките. Воодушевува тоа што следбениците на овој тренд користат мали шолји за чај кои го прават ова хоби уште позабавен и поголем предизвик.rn

    Градина во шолја за чај

    rnrnrnОвие волшебни градини сигурно ќе ја направат вашата градина или соба уште пошармантна. Тие би биле прекрасни украси во вашата спална соба, канцеларијата, дневната соба или било каде во вашиот дом. Стандардна големина на ваквата шолја за чај е со дијаметар од 7,5cm. Значи, вистински предизвик е како да се направи неверојатна градина во толку мал простор?rnrnМухајмина Фајз, талентирана уметница која стои зад псевдонимот The Craftaholic Witch ја споделува нејзината тајна за создавањето на овие минијатурни градини. Иако може да се изберат било какви мали растенија по ваш избор, таа препорачува да се користи кактус, сокуленти и ѕидни растенија. Овие растенија не само што бараат малку вода и грижа, туку тие и навистина изгледаат впечатливо.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnМожеби сакате да ги видите и делата на еден британски уметник кој употребувајќи стари четки создава бајковити приказни од животинскиот свет.

  • Лекција од стар професор што нема да ја заборавите: Секогаш потсетувајте се на ова кога пиете кафе

    Лекција од стар професор што нема да ја заборавите: Секогаш потсетувајте се на ова кога пиете кафе

    Група луѓе ја прославувале својата годишнина од дипломирањето и одлучиле да посетат еден стар професор. За време на посетата, почнале да разговараат за работата и да се жалат на разните тешкотии и животни проблеми.rnrnЛекција од стар професор што нема да ја заборавите: Секогаш потсетувајте се на ова кога пиете кафеrnrnПрофесорот отишол во кујната да направи кафе, а кога се вратил, носел шолји со различна големина и од различни материјали: некои биле пластични, некои стаклени, некои порцелански, некои евтини, други скапи…rnrnКога поранешните студенти го поделиле кафето, професорот им рекол:rnrn„Имајте на ум дека убавите шолји се раззедоа, а останаа евтините. Иако е нормално да го посакувате најдоброто за себе, сепак тоа е извор на сите ваши стресови и проблеми.rnrnРазберете дека шолјата не го прави кафето подобро. Најчесто таа е само поскапа, но понекогаш дури и го крие она што го пиете. Всушност, сè што сакавте беше кафе, а не шолја. Но, вие намерно го избравте најдоброто и потоа гледавте што ќе изберат другите.rnrnЖивотот е кафето, а работата, парите, позицијата во општеството – сето тоа е шолјата. Тоа се само алатки за одржување на животот. Шолјата што ја имате не го одредува квалитетот на вашиот живот. Понекогаш сте толку фокусирани на шолјата што заборавате дека треба да уживате во кафето.rnrnНајсреќните луѓе не се оние што имаат сè најдобро, туку оние што го извлекуваат најдоброто од она што го имаат.“rnrnПрочитајте ја и оваа руска поучна приказна за родителите што сакаат нивните деца да бидат среќни.

  • Дали е неопходно да ја миете вашата шолја за кафе од работа секој ден?

    Дали е неопходно да ја миете вашата шолја за кафе од работа секој ден?

    „Обожавам да мијам садови!“ е реченица што нема да ја чуете од никого. Токму затоа, понекогаш ви се случува да го испиете кафето на работа и да ја оставите шолјата неизмиена цел викенд, сѐ додека не се вратите во канцеларија во понеделник. Шолјата за кафе и онака е полна со вода! Што би можело да тргне наопаку?rnrnДали е неопходно да ја миете вашата шолја за кафе од работа секој ден?rnrnДокторите тврдат дека ако пиете црно кафе, без млеко и шеќер, тогаш не може да се насоберат многу бактерии во шолјата, особено ако ја оставите да се исуши помеѓу 2 употреби. Така и прават некои доктори, како на пример Адам Поснер. Тој пие црно кафе, не ја мие шолјата секој ден и не се разболел досега.rnrnНекои истражувања од Универзитетот во Аризона покажале дека ако ја оставате шолјата неизмиена во заедничка кујна, можно е во шолјата да се насоберат многу непожелни бактерии. Тоа не е така само затоа што вашите колеги може по грешка да ја земат вашата шолја наместо нивната. Експертите велат дека ако не ја измиете шолјата за кафе со денови, а притоа постојано ја користите, тоа не е многу хигиенски и може да се разболите.rn

    „Бактериите, вирусите и габите се насекаде. Тие лебдат во воздухот, можат да слетаат на вашата шолја и да се развиваат во периодите кога не ја користите шолјата“, тврдат експертите.

    rnУште ако додавате шлаг или имате навика да потопувате храна во кафето, тогаш им создавате совршена средина за развој на разните бактерии и микроорганизми.rn

    „Имаме тестирано шолји за кафе кои не биле миени секој ден и најдовме не само бактерии, туку и габи. Тие не само што можат да предизвикаат инфекции, туку можат и да поттикнат алергиска реакција“, објаснуваат експертите.

    rnМожете да го одбегнете редовното миење на шолјата за кафе, како што тоа го прави доктор Поснер, ако пиете црно кафе. Но, само ако пиете кафе сами, во ваша сопствена кујна, без млеко, без шеќер и не потопувате храна во кафето!rnrnМногу е важно да знаете и колку шолји кафе треба да пиете дневно.

  • Изберете ја омилената шолја за кафе и откријте каква личност сте

    Изберете ја омилената шолја за кафе и откријте каква личност сте

    Погледнете ги добро следниве 15 шолји за кафе. Кога би требало да изберете само една од која секое утро би го пиеле омиленото кафе, за која би се одлучиле?rnrnИзберете ја омилената шолја за кафе и откријте каква личност стеrn

    Шолја број 1

    rnВие сте пријателски настроена личност, која сака да испробува нови работи. Во луѓето барате добрина, и заради тоа се чувствувате добро во сопствената кожа. Забавни сте, ги обожавате животните, сакате да гледате филмови, но понекогаш уживате и во озборување. Слободното време сакате да го минувате со вашето семејство и со пријателите. Одговорни сте и креативни, но спортот не ви е најсилна страна.rn

    Шолја број 2

    rnВие сте „класичарка“ која сака да се држи до зададените цели во животот. На прв поглед сте исклучително самоуверени, но во себе задржувате доста несигурности. Вие сте интелигентна личност која ја обожава контролата, но не се плашите да му ја препуштите и на некој друг. Уживате во дружењата, но понекогаш треба повеќе да внимавате, бидејќи честопати знаете да им верувате на погрешни луѓе.rn

    Шолја број 3

    rnОбожавате да им бидете на располагање на другите, па заради тоа сте омилената личност во друштвото и во работното опкружување. Планирањето е вашето средно име, па непредвидливите ситуации може да ве исфрлат од такт. Понекогаш се чувствувате дека немате контрола над својот приватен живот, заради што можете да го запоставите. Сонувате за личност која ќе ве инспирира да го „организирате“ и вашиот љубовен живот.rn

    Шолја број 4

    rnСекогаш сте во движење. Никогаш немате доволно време за извршување на потребните работи. Познато ви звучи? Не сакате да бидете сами со вашите мисли па затоа и секогаш сте зафатени. Вие сте многу дисциплинирана личност на која можеби ѝ недостига малку магија во животот. Забавете, свртете се околу себе и ќе забележите колку е величествен животот околу вас.rn

    Шолја број 5

    rnВие сте љубезна личност со големо срце која обожава да го минува времето во друштво на пријателите и животните. Сѐ уште не ви се кристализирани целите во животот, но знаете што не сакате да правите. Тврдоглави сте и некои работи сакате да ги извршувате на свој начин. Често се грижите за луѓето околу себе, па многумина ви велат дека треба да биде поспонтани и поподготвени за опуштање.rn

    Шолја број 6

    rnВие сте вредна личност која најдобро се чувствува кога не е во центарот на вниманието. Патите од недостаток на самодоверба, иако сонувате за големи постигнувања во вашиот живот. Склони сте да размислувате за негативни работи, а потајно фантазирате за промена на работата и средината, бидејќи верувате дека тоа ќе ви донесе поголема ведрина во вашето секојдневие.rn

    Шолја број 7

    rnВие сте личност која честопати се грижи за својот, но и за туѓите животи. Исклучително сте емпатични, па имате разбирање за проблемите и маките на луѓето околу вас. Се плашите од сериозни врски. Се чувствувате подобро кога не сте на лидерска позиција, и кога одлуките ѝ ги препуштате на судбината. Уживате во рутините и познатото опкружување, а запознавањето на нови луѓе за вас е голем предизвик.rn

    Шолја број 8

    rnВие сте таинствена личност која е преполна со иновативни идеи. Многу сте креативни и сакате да ја користите вашата глава за да дојдете до решението на проблемот. Малку сте интровертни. Најдобро се чувствувате кога ја работите работата која навистина ја сакате, како што е пишувањето приказни, создавање музика, сликање или некои други уметнички активности. Вашиот најголем проблем е што тешко се фокусирате само на една работа, па затоа ретко кога го завршувате она што сте го започнале.rn

    Шолја број 9

    rnСакате да бидете во центарот на вниманието. Комуникативни сте, сакате да учите нови работи и го цените вашето образование, бидејќи знаете дека тоа е моќна алатка во денешно време. Сонувате за големи постигнувања кои за вас и не се невозможна мисија и сте доста концентрирани на нив, заради што некои ве сметаат како студени кариеристи.rn

    Шолја број 10

    rnВие сте личност која не сака да губи време. Имате отворен ум, па сакате да истражувате нови идеи и работни прилики. Логичари сте, способни и посветени на остварувањето на сопствените цели. Пријателите ви приговараат дека сте премногу сериозни и дека ви недостига спонтаност во животот.rn

    Шолја број 11

    rnЗабавни сте, креативни и секогаш подготвени за уживање. Работите многу брзо ви досадуваат, па често размислувате за менување на работните места и кариерите. Сакате да се споредувате со своите пријатели и колеги и затоа патите од недостаток на самодоверба. Имате цврсти ставови и уверенија кои некогаш може да ве доведат во незгоди.rn

    Шолја број 12

    rnВие сте вечен оптимист кој животот го гледа низ розови очила. Поголемиот дел од вас можеби мислат и дека се „поголеми од животот“, бидејќи испраќате голема количина позитивна енергија. Обожавате да ги смеете луѓето, па ве нарекуваат и душа на секоја забава. Се чувствувате лошо кога не сте опкружени со луѓе, заради што ги избегнувате ситуациите во кои мора да бидете сами.rn

    Шолја број 13

    rnВие сте личност на која ѝ е грижа за луѓето во нејзиниот живот. Се грижите за околината, а некогаш откривањето лоши работи во светот може да ве преплави со тага. Сакате да се држите до сопствените рутини, но и да бидете опкружени со луѓе. Тешко се навикнувате на промени, па честопати ги обвинувате другите кога нешто ќе ви тргне на лошо.rn

    Шолја број 14

    rnОбожавате да седите на сонце и да пиете ладен пијалак после долгиот ден на работното место. Патите од недостаток на амбиции, но не го гледате тоа како некој проблем. Уживате во секој момент како да ви е последен. Вие сте личност на која семејството и пријателите ѝ се доста важни. Сакате да бидете вклучени во сите аспекти од нивниот живот, иако понекогаш ви е неудобно да понудите помош кога им е потребна.rn

    Шолја број 15

    rnВие сте енергична личност. Се чувствувате одлично во сопствената кожа, сакате да бидете во центарот на вниманието и сте природен лидер. Имате храбра страна, а луѓето во вашата околина знаат дека од вас секогаш може да очекуваат нешто интересно. Но, со вас не е сѐ шега. Чувствувате длабоко, но ретко кому го покажувате вашето вистинско лице. Другите често ве користат како рамо за плачење.rnrn[message_box title=”Сега е време да се потпрете на вашата интуиција и да ја изберете вратата низ која би поминале…” color=”yellow”]rnrndali-ima-vistina-izberete-ja-omilenata-sholja-za-kafe-i-otkrijte-kakva-lichnost-ste11[/message_box]

  • Колач со јагоди во чашка, готов за 10 минути

    Колач со јагоди во чашка, готов за 10 минути

    Овој 10-минутен рецепт е најбрзиот начин да го смирите вашиот копнеж за благо!

    rnkolach-so-jagodi-vo-chashka-gotov-za-10-minutirn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 грама брашно за сите намени
    • rn011

    • 35 грама овесни снегулки
    • rn011

    • 1 супена лажица светло кафеав шеќер
    • rn011

    • 1/4 кафена лажица цимет
    • rn011

    • 1/4 кафена лажица прашок за печиво
    • rn011

    • 1 супена лажица несолен путер, исечкан на мали парчиња
    • rn011

    • 2 супени лажици полномасно млеко
    • rn011

    • 260 грама јагоди, исечкани
    • rn011

    • 30 грама шеќер во прав
    • rn011

    • Шлаг пена, за сервирање
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо мал сад измешајте ги брашното, овесните снегулки, кафеавиот шеќер, циметот и прашокот за печиво. Додајте го путерот и со виљушка рамномерно разнесете ги неговите парчиња низ мешавината. Потоа сипете го и млекото и мешајте додека не добиете хомогена смеса, па тргнете ја настрана.rnrnВо голема шолја што може безбедно да се смести во микробранова печка, измешајте ги заедно јагодите и шеќерот во прав. Потоа сипете ја смесата со брашното над нив, покривајќи ги целосно. Ставете ја шолјата во микробранова на 1,5-2 минути или сè додека горниот слој не се стврдне. Оставете малку да се олади и потоа сервирајте со шлаг пена.rnrnПогледнете го и овој одличен рецепт за пица во шолја готова за 2 минути!

  • 7 генијални начини на кои можете да ги искористите шолјите за кафе како декорација во домот

    7 генијални начини на кои можете да ги искористите шолјите за кафе како декорација во домот

    Доколку купивте нови шолји за кафе, а мислите дека старите повеќе не ви се потребни, тогаш се лажете! Наместо да ги фрлите или пак, да ги ставите во некоја фиока и целосно да заборавите на нив, можете да ги искористите како сјајна декорација за вашиот дом. Затоа ви предложуваме да ги погледнете овие 7 феноменални идеи и да го украсите вашиот дом со еден необичен, оригинален детаљ.rnrn1-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_rnrn1. Доколку ги свртите шолјите наопаку и ги наредите една врз друга со помош на чинии, ќе добиете несекојдневен држач за колачи каков што нема никаде да се купи. Вака наредените шолји може да послужат и како интересен свеќник!rnrn2-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_rnrn3-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_rnrn2. Доколку сте вешти со топење восок за свеќи, тогаш можете да направите уште една варијанта на свеќник. Сè што е потребно е шолјата да ја наполните со восок. Доколку нејзиниот дизајн е романтичен, свеќникот ќе изгледа нежно, додека модерните облици ќе бидат идеални за оние кои го сакаат таквиот стил.rnrn4-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ 5-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_rnrn3. Многу девојки и жени не знаат каде да го чуваат својот накит, но шолјите за кафе и тука можат да ви помогнат. Оваа декорација е секако поинтересно од која било друга.rnrn6-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ 7-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ - Copyrnrn4. Сите оние кои сакаат да шијат, може да ја искористат шолјата за кафе како идеален држач за перничето за игли.rnrn8-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ 9-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ - Copyrnrn5. Доколку сте доволно вешти и имате доста цврсто лепило, можете да ги искористите и за да направите ѕиден часовник, кој ретко може да се види на некое друго место.rnrn10-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_rnrn6. Симпатичните, мали билки не мора секогаш да стојат во саксии. И во оваа прилика искористете ги шолјите за кафе како замена за саксиите кои веруваме дека совршено ќе се вклопат во вашата кујна.rnrn12-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_ 11-7-sjajni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-sholjite-za-kafe-kako-dekoracija-na-vashiot-dom-www.kafepazua.mk_

  • Неверојатен рецепт: Пица во шолја готова за 2 минути!

    Неверојатен рецепт: Пица во шолја готова за 2 минути!

    Сѐ што ќе ви треба за да го подготвите ова гурманско задоволство е една шолја, лажичка и неколку состојки кои сигурни веќе ги имате дома. Самиот процес на мешање на состојките ќе ви одземе околу 1 минута, а исто толку трае и печењето. Знаеме дека звучи како бајка, но токму затоа ова е и најпопуларниот рецепт на Интернет во моментов.rnrnНеверојатен рецепт: Пица во шолја готова за две минути!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажички брашно
    • rn011

    • 1/4 лажичка прашок за печиво
    • rn011

    • прстофат сода бикарбона
    • rn011

    • 1/4 лажичка сол
    • rn011

    • 3 лажички млеко
    • rn011

    • 1 лажичка маслиново масло
    • rn011

    • 1 лажичка сос од домати
    • rn011

    • 1 преполна лажичка рендан кашкавал
    • rn011

    • 5 парчиња мини колбаси
    • rn011

    • 1/2 лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПрво помешајте го брашното, прашокот за печиво, содата и солта, па додајте ги млекото и маслото. Потоа со виљушка убаво измешајте ги состојките за да добиете тесто. Врз тестото ставете сос од домати, кашкавал, колбаси (или кој било друг сувомеснат производ) и сипете ги сите зачини. Ставете го тоа во микробранова и оставете го да се пече минута и 10-20 секунди, или додека не забележите дека на површината се јавуваат оние прекрасни меурчиња.rnrnПогледнете го следново видео за да видите како точно се прави овој специјалитет, а покрај него ќе имате можност да го видите и начинот на подготовка на чоколадни колачиња во чашка и уште многу други вкусни задоволства.rnrn

  • Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис

    Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис

    Вие можеби не живеете во близина на аурора бореалис, но од сега можете секојдневно да ја искусувате кога ќе пиете кафе. „ThinkGeek“ ја создале оваа неверојатна шолја за кафе која се менува под дејство на топлината и ни открива неверојатен поглед кон аурора секој пат кога ќе сипете во неа топло кафе. Доколку е празна, таа покажува едноставни пејзажи на дното од своите ѕидови, кои исто така се интересни. Но, ништо не може да го замени погледот кон аурората.rnrn(1) Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалисrnrnИдејата зад оваа чаша е фактот што кога кофеинот се движи низ нашиот крвоток, ние се чувствуваме неверојатно – исто како да сме покрај ваков пејзаж на ноќното небо. Како што Земјата може да создаде неверојатен поглед, така и кофеинот може да направи да се чувствуваме уникатно однатре. Но, кога пиете кафе во исто толку прекрасна шолја, искуството е уште поголемо и подолготрајно. Зарем не посакувате и вие да ја имате?rnrn(1) Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис (2) Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис (3) Фасцинантна шолја за кафе под влијание на топлина ни открива неверојатна аурора бореалис

  • Лесен подарок којшто можете да го направите сами: Декорирајте ја вашата шолја со перманентни маркери

    Лесен подарок којшто можете да го направите сами: Декорирајте ја вашата шолја со перманентни маркери

    Дали имате обична, здодевна бела шолја којашто би сакале да ја промените? Персонализирајте ја така што ќе нацртате нешто на неа! Потоа можете да си ја користите за вас, или пак да ја дадете како подарок на некој од вашите драги личности.rnrnrnrnЕве ја постапката:rnrn1. Ако немате, купете бела шолја. Можете да најдете во супермаркетите, продавниците за домаќинство или пак да нарачате онлајн.rnrn2. Изберете перманентни маркери. За вашите резултати да траат подолго, изберете маркери коишто се базирани на масло, како и со тенок врв за да можете прецизно да цртате. Обичните маркери може да се избришат по печењето (чекор 5). Изберете бои кои би сакале да ги користите за цртање. Можете да бидете едноставни и да изберете една боја, или пак да бидете амбициозни така што ќе искомбинирате повеќе бои. Ако сепак изберете една боја, тогаш црната е најдобриот избор, бидејќи е контраст на белата површина на шолјата.rnrn3. Почнете со цртање. Одлучете што сакате да нацртате на чашата, а можеби е подобро да пробате на лист хартија, пред да започнете со цртањето. Изберете реченици коишто ви значат или пак сладок цртеж како декорација. За повеќе идеи можете да пребарате на интернет разни декорации за цртање со Шарпи маркери на шолји.rnrn4. Исушете ја шолјата. Оставете ја шолјата да се исуши неколку часа или пак една ноќ, пред да ја ставите во рерна. Доколку сакате да бидете сигурни дека бојата нема да излезе со миење, повторете ја постапката на цртање. Ако го правите ова, пред да ја ставите да се пече, оставете ја шолјата повторно да се исуши.rnrn5. Ставете ја шолјата да се пече. Печете ја шолјата во рерна околу 30 минути на температура од 180°C. Внимавајте на тоа шолјата да ја ставите во рерна пред таа да се загрее и да ја оставите додека не се олади целосно, за да не се појават пукнатини. Исто како со цртањето и овде можете да ја повторите постапката на печење, за да бидете сигурни дека цртежите подолго ќе се задржат на вашата шолја.rnrn6. Грижа и миење. Мијте ја шолјата рачно наместо да ја ставaте во машината за миење садови, затоа што таа може да го уништи дизајнот.rnrnНекои би советувале користење на акрилен спреј за запечатување на цртежот со цел да се заштити бојата од уништување. Но, спрејот може да биде токсичен, па доколку посегнувате по овој чекор, тогаш бидете внимателни тој да не навлезе во внатрешната страна на вашата шолја.

  • Направете мал и симпатичен аксесоар за вашата омилена шолја

    Направете мал и симпатичен аксесоар за вашата омилена шолја

    Сте се запрашале ли некогаш како да направите држач за кафе, топло какао или чај? Сигурно ви се случило вашиот омилен пијалак да биде толку топол, што не сте можете да го држите во раце, а сакате што побрзо да тргнете и да го понесете со себе. Ние имаме идеја како да ви помогнеме и сè што ви е потребно е само еден стар чорап! Оригинално е, но исто така лесно за да се направи.rnrn1-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_rn

    Потребен материјал:

    rn

      rn011

    • Чорап
    • rn011

    • Метро
    • rn011

    • Ножици
    • rn011

    • Игла и конец
    • rn

    rn

    Чекор 1:

    rnИзмерете ја висината на вашата шолја или термос, кои сакате да ги покриете. Додајте 1 или 2 сантиметри повеќе. Ако сакате да биде повеќе насобрано и поинтересно, оставете и подолга должина.rnrn2-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_rn

    Чекор 2:

    rnИсечете го горниот дел од чорапот, кој инаку го прекрива вашиот зглоб, за да одговара на горенаведените мерки. Доколку долниот дел од чорапот, кој инаку ги прекрива стапалото и прстите е подолг – оставете го на страна, може да ви послужи за некоја помала шолја.rnrn3-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_rn

    Чекор 3:

    rnСвртете го чорапот наопаку и материјалот од исечената страна превиткајте го за да биде со дебелина околу 1 сантиметар. Превитканиот дел сошијте го на чорапот.rnrn4-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_ 5-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_rn

    Чекор 4:

    rnСвртете го чорапот на правилната страна и вашата „наметка“ за шолја е готов!rnrn6-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку вашата шолја има рачка, исечете мал процеп на чорапот и отстранете го вишокот материјал. Зашијте го по потреба. Погледнете како детално да го извршите овој лесен процес:rnrn7-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_ 8-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_ 9-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_ 10-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_