КАФЕ ПАУЗА

Tag: НАСА

  • Изуми на НАСА кои сите ги користиме секојдневно

    Изуми на НАСА кои сите ги користиме секојдневно

    Дали знаевте дека некои производи, како мемориската пена или филтрите за вода, всушност ги имаат своите почетоци во американската вселенска агенција НАСА? Се чини дека НАСА стои зад многу изуми без кои не би можеле да си го замислиме животот денес. Ова се само дел од нив.rnrnСекојдневни работи кои ги имале своите почетоци во НАСАrn

    Лаптоп компјутери

    rnГолеми се шансите дека ова го читате на лаптоп компјутер, а за тоа треба да ѝ бидеме благодарни на НАСА. Првиот преносен компјутер на НАСА бил наречен СПОК (SPOC – Shuttle Portable On-Board Computer). Овој уред подоцна бил надграден за секојдневна употреба и наскоро започнала и неговата комерцијализација.rn

    Глобален систем за позиционирање – GPS

    rnСателитскиот навигациски систем кој сите го знаеме како GPS (Global Positioning System) го користиме при секое патување. Во денешниот облик, тој е прецизен до сантиметри, но тоа не било така на почетокот. Кога НАСА го создала првиот ваков софтвер во 1990-те тој правел грешки и до 15 метри.rn

    Душеци со мемориска пена

    rnВселенската агенција ја измислила мемориската пена во 1970-те за да ги направи поудобни седиштата на пилотите за време на долгите патувања во вселената.rn

    Дигитална фотографија

    rnНаправивте селфи денес? Тоа можеби не би било возможно без технологијата на НАСА. Сензорите кои ги имаат повеќето уреди кои прават дигитални фотографии биле измислени од страна на НАСА за да се користат во вселенски мисии.rn

    Филтри за вода

    rnНАСА го олеснила дури и пристапот до чиста вода. Во 1960-те, вселенската агенција создала систем за филтрирање на водата кој е лесно пренослив за потребите на вселенските мисии.rn

    Технологија за отпорност на мраз

    rnМразот може да биде опасен кога станува збор за секој вид патување, а особено кај авионското. НАСА измислила технологија за одмрзнување која денес се користи од страна на комерцијалните авиони, со што летањето во екстремни зимски услови станало многу побезбедно.rnrnКога станува збор за НАСА, дали прочитавте дека таа нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет?

  • НАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет

    НАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет

    Сите знаеме дека вселенското патување не само што е скапо, туку е и навистина опасно. Доколку сакаме да испратиме луѓе на Марс, научниците мораат да разберат какви се ефектите на човечкото тело од живеењето во вселена. Познато е дека постојат симптоми како „птичји нозе“ кои се манифестираат во околина без гравитација, каде што крвта не е повлечена надолу кон нозете, па главите на астронаутите се полнат со течности.rnrnНАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во креветrnrnПоради ова, НАСА и Европската вселенска агенција се здружиле за да спроведат истражување со кое ќе откријат како телото се адаптира на бестежинска состојба. Вселенските агенции објавија дека бараат 24 волонтери кои ќе поминат 60 дена лежејќи, со цел да им помогнат на научниците да сфатат какво e влијанието на вселенското патување врз астронаутите. На испитаниците ќе им биде исплатена сума од 16.500 евра, и ќе треба да отпатуваат до Келн, Германија.rnrnНАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во креветrnrnСепак, не секој може да се пријави и постојат неколку услови што испитаниците треба да ги исполнуваат – треба да бидат на возраст од 24 до 55 години, со добро здравје и да зборуваат германски. Истражувањето ќе започне во септември и ќе трае 89 денови. Пред да започне експериментот во кревет, испитаниците ќе имаат 5 денови за прилагодување. После 60-те денови поминати во кревет, испитаниците ќе поминат и 14 денови во рехабилитација, на истиот начин како и астронаутите.rnrnНАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во креветrnrnЗа време на експериментот, испитаниците ќе треба да прават сè во лежечка состојба – од јадење, па сè до одење во тоалет. Испитаниците ќе можат да гледаат телевизија, ќе имаат материјал за читање и други активности, додека научниците ги охрабруваат да слушаат и онлајн курсеви и да стекнат нови вештини. За време на одморот, волонтерите ќе лежат со нозете поставени малу повисоко од главата, со цел да се намали дотокот на крв во екстремитетите. Ова ќе предизвика влошување на состојбата на мускулите, нешто што го искусуваат астронаутите во вселената.rnrnНАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во креветrnrnЕдна половина од испитаниците, одвреме-навреме ќе ја посетуваат и центрифугата во лабораторијата. Центрифугата е како вештачка соба со гравитација, а нејзиното вртење симулира гравитација, „туркајќи“ ја крвта на испитаниците кон долните екстремитети. Ова ќе им помогне на научниците да откријат дали симулацијата може да го намали ефектот на долгото лежење во иста положба.rnrnНАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во креветrnrnЦентрифугата ги стимулира и проучува ефектите на вештачката гравитација врз човечкото тело. Резултатите од експериментот нема да им бидат од корист само на астронаутите, туку и на луѓето со здравствени проблеми. Со помош на оваа алатка, истражувањето ќе открие повеќе за остеопорозата, мускулната атрофија и кардиоваскуларните болести.rnrnЦелта на експериментот е да ги стимулира ефектите на микрогравитацијата врз човечкото тело. После долго време поминато во вселената, состојбата на мускулите се влошува, коските ослабуваат, а крвта тече на различен начин низ телото. За да се спречат овие несакани ефекти, потребно е редовно вежбање, но научниците се надеваат дека вештачката гравитација ќе биде уште поефикасна.rnrnНАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во креветrnrnХраната на испитаниците ќе биде подготвена од нутриционист и нема да содржи адитиви и вештачки шеќери. Истовремено, ќе биде доволно разновидна за да ги задоволи сите потреби на телото. Одвреме-навреме, испитаниците ќе можат да се почистат и со десерт.

  • После речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот Opportunity

    После речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот Opportunity

    На еден од најуспешните подвизи во меѓупланетарното истражување му дојде крајот. Роверот на НАСА ја заврши својата мисија после речиси 15 години истражување на површината на Марс. Овој ровер ѝ помогна на агенцијата да ги постави темелите за идното посетување на црвената планета.rnrnПосле речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот OpportunityrnrnРоверот престана да комуницира со Земјата во јули 2018-та година, после огромна песочна бура која ја прекри неговата локација. После илјадници обиди повторно да се воспостави контакт, научниците не успеаја да го оживат роверот. Последната порака од роверот беше примена на 10-ти јуни.rnrnДизајниран да трае само 90 марсовски денови и да пропатува само 1.000 метри, овој ровер ги надмина сите очекувања за неговата издржливост, научна вредност и долговечност. Покрај тоа што „живееше“ 60 пати подолго од очекуваното, роверот пропатува над 45 километри пред да стигне на неговата последна дестинација на Марс.rnrnПоследниот пренос ѝ стави крај на 8-месечната стратегија за повторно воспоставување комуникација со роверот.rnrnРоверот слета на Марс на 24-ти јануари 2004-та година, седум месеци по неговото лансирање. Неговиот ровер близнак, Spirit, се приземји 20 денови порано на другата страна на Марс. Овој ровер помина речиси 8 километри пред да ја заврши неговата мисија во мај 2011-та година.rnrnОд денот на слетувањето на Opportunity, тим од инженери, пилоти за роверот и научници соработуваа за да ги надминат предизвиците и да го однесат роверот од едно место на Марс до друго. Тие бараа пат по кој ќе може да се движи роверот од 174 килограми, но кој сепак бил исполнет со камења, удолници, кратери и други пречки. Последната дестинација на роверот е Долината на истрајноста (Perseverance Valley).rn

    „Не можам да помислам на посоодветно место за Opportunity од она наречено Долина на истрајноста. Податоците, откритијата и самата издржливост на овој мал ровер се доказ за генијалноста, посветеноста и истрајноста на луѓето што го изградија и што го контролираа“, изјавил Мајкл Ваткинс од НАСА.

    rnПогледнете и дел од фотографиите од Марс што ги направи роверот изминативе години.rnrnПосле речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот OpportunityrnrnПосле речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот OpportunityrnrnПосле речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот OpportunityrnrnПосле речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот OpportunityrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Изумите на НАСА што ни го променија животот

    Изумите на НАСА што ни го променија животот

    Најинтересните изуми на НАСА навистина го променија целиот свет. Сето ова започнало со Вселенскиот акт од 1958-ма година. Според него, секое истражување на агенцијата треба да ѝ биде од корист на јавноста. Оттогаш, благодарение на овие изуми се појавиле цели индустрии, а предметите што ги користите секојдневно се резултат на тоа.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    1. Телекомуникација на далечина

    rnДенес во орбитата на Земјата има околу 200 сателити на НАСА. Тие се користат во комуникација, шпионажа, развој и ни овозможуваат да останеме во контакт со луѓе кои се наоѓаат и на другиот крај од планетата.rn

    2. Соларна енергија

    rnСо цел да направат беспилотно летало кое ќе може да лета на големи височини, НАСА направила унија од 28 членови кои работеле на проблемот. Тие ја искористиле соларната енергија за да не додаваат дополнителна тежина на леталото. Благодарение на овој изум, денес милиони домови се опремени со сончеви колектори кои не само што ги намалуваат трошоците, туку го намалуваат и загадувањето.rn

    3. Вештачки екстремитети

    rnВештачките екстремитети се резултат на вештачките мускулни системи на НАСА. Овие системи се користат кај вселенските роботи и активностите надвор од леталата.rn

    4. Вентрикуларна помошна направа

    rnВо соработка со докторите Мајкл Дебејки и Џорџ Нун, како и компанијата MicroMed Technology, НАСА развила пумпа за срце за пациентите кои чекаат ред за трансплантација. Бидејќи е навистина тешко да се најде донатор за срце, оваа направа ги одржува пациентите во живот.rn

    5. Невидливи протези

    rnНАСА соработувала со компанијата Ceradyne и создала транспарентна поликристална алумина која денес се користи и за изработка на „невидливи“ протези.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    6. Леќи отпорни на гребење

    rnНа НАСА ѝ била потребна заштита за нивната вселенска опрема, па смислиле посебен вид пластичен слој. Благодарение на ова, денес можете да имате очила кои се отпорни на гребење. Покрај тоа, пластиката е поевтина и подобро ја апсорбира ултравиолетовата радијација.rn

    7. Мемори пена

    rnИ ова е изум на НАСА кој го користат во седиштата на нивните летала со цел да се намали ударот при слетување.rn

    8. Инфрацрвени термометри за уво

    rnНАСА користи инфрацрвена технологија за мерење на температурата на ѕвездите. Оваа технологија се применува во ушните топломери кои ја мерат нашата температура со инфрацрвени сензори.rn

    9. Влошки за чевли

    rnКога човекот слета на месечината, од НАСА измислиле материјал за чизмите на астронаутите со цел да им го олеснат одењето, но и да им овозможат вентилација. Благодарение на ова, денес имаме чевли кои го намалуваат ударот додека одиме или трчаме.rn

    10. Детектор за чад

    rnНАСА го смислила и првиот прилагодлив детектор за чад, со цел да им помогне на астронаутите да откријат доколку има пожар или опасни гасови во Вселенската станица.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    11. Безжични алати

    rnНа астронаутите што слетаа на месечината им била потребна опрема за собирање камења и примероци почва. Поради ова тие ги направиле првите безжични електрични дупчалки.rn

    12. Филтри за вода

    rnНа астронаутите им е потребна чиста вода додека се во вселената. Поради ова НАСА направила филтер со активен јаглен, кој содржи јони што ги неутрализираат патогените во водата.rn

    13. Збогатена бебешка храна

    rnНАСА открила микроалга што ја користат за рециклирање на подолгите вселенски патувања. Денес алгата е хранлива состојка во многу видови бебешка храна.rn

    14. Суво замрзнување

    rnНАСА посветила многу време истражувајќи за храната во вселената додека се подготвувале мисиите Аполо. Заедно со компанијата Нестле го смислиле сувото замрзнување – процес на дехидратација на храната за полесен транспорт.rn

    15. Лубрикант во прав

    rnОвој лубрикант го намалува триењето и емисијата, па се користи кај фрижидерите, хибридните електрични турбо генератори и во многу други индустрии.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    16. Софтвер за структурна анализа

    rnСофтверските инженери од НАСА дизајнираат илјадници компјутерски програми. Една од најкористените е програмата за структурна анализа која се користи за дизајнирање автомобили, луди железници и многу други работи.rn

    17. Решение за загадувањето

    rnМикрокапсулите развиени од страна на НАСА се мали топчиња пчелин восок со празен центар. Тие ги отстрануваат загадувачите од нафта во водата.rn

    18. Подобрени радијални гуми

    rnНАСА, во соработка со Goodyear и Rubber, развила материјал кој е 5 пати поиздржлив од челикот. Материјалот бил употребен за падобранот за слетување на леталото Viking. Благодарение на овој материјал, гумите на возилата се многу подобри.rn

    19. ЛЕД светилки

    rnЛЕД светилките биле развиени од НАСА за вселенските летала. Тие се многу поефикасни и веќе се присутни во нашите домови.rn

    20. Хемиско детектирање

    rnНАСА е одговорна и за сензорите кои детектираат корозивни услови со цел да се спречи оштетување. Кога сензорот ќе дојде во контакт со хемиска реакција во леталото, ја менува бојата.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    21. Пливачко одело LZR

    rnДизајнот на овој костим ги издржал тестовите на тунелите со ветар и ги поминал софтверските анализи за текот на флуидите.rn

    22. Опрема за пожарникари

    rnСистемот за дишење смислен од НАСА денес се користи како заштита од вдишување чад. Покрај тоа, радиото што го користат пожарникарите е исто изум на НАСА.rn

    23. Систем за подобрување и анализирање на видео материјали

    rnТехнологијата VISAR е подарок од НАСА за ФБИ и им помага да проучуваат видео снимки. Оваа алатка нуди анализирање на секоја рамка од видеото и го подобрува квалитетот на сниманиот предмет без да ја искриви снимката.rnrnПогледнете и кои се изумите за кои пронаоѓачите не добиле никаква заслуга.

  • Од НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марс

    Од НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марс

    Ако барате самотија и убавина, нема подобро место од површината на Марс. Марс на сите ни е позната како црвената планета, но камерата HiRise на леталото на НАСА (MRO) во орбитата на Марс, може да ги трансформира суптилните разлики на почвата во виножито од бои.rnrnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од МарсrnrnВеќе 10 години оваа камера прави неверојатни фотографии од Марс. Фотографиите се толку детални, што научниците можат да ги проучуваат карактеристиките на планетата на оддалеченост од само неколку метри. На кратко избегајте од Земјата и погледнете некои од најдобрите фотографии од црвената планета.rn

    Огромна бездна

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Темни дини во кратерот Расел

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Ова е најверојатната локација за следната мисија со ровер на НАСА, во 2020-та година

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Црните дамки се местото каде што се сруши приземјувачот Schiaparelli на Европската вселенска агенција. Белите делчиња посочени со стрелки се парчиња од приземјувачот

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Поле со дини испрскано со остатоци од минерали

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Лажното боење на фотографијата создава огромни сини дини

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Веројатна локација за слетување на мисијата ExoMars на Европската вселенска агенција во 2020-та година

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Дина на Северниот пол наречена Kolhar, збор измислен од Френк Херберт

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Јаглероден диоксид што се претвора од тврд во течен ги создава овие форми на Јужниот пол на Марс

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Скорешен удар од кратер

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    „Пајаците“ се ерупции од прашина предизвикани од начинот на којшто се топли и лади површината на Марс

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Кратерот Cerebrus Palus

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    НАСА го набљудува лизгањето на земјиштето на Марс

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Уште едно место за набљудување на лизгање на земјиштето

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Теренот со глечери изгледа магично

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Стрмна надолница во Noctis Labyrinthus

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Дини во кратер на Марс

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Дини низ пукнатата почва во Nili Patera

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од МарсrnrnЗнаете ли кои се пречките што треба да се надминат на патот до Марс?

  • Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации

    Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации

    Леталото InSight, скратено од „Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport“, слета на црвената планета на 26-ти ноември оваа година. Целта на овој приземјувач е детално да го провери Марс. Погледнете како изгледале подготовките за овој неверојатен подвиг.rn

    1. Склопување

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnЕкспертите го склопиле леталото во јануари, 2015-та година во просторите на „Локхид Мартин вселенски системи“ во Денвер.rn

    2. Трикови

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnЛеталото било тргнато од основата на контејнер за склад на 20-ти јуни, 2017-та година. Раката на леталото со должина од 1,8 метри служи за подигнување на сеизмометар и пробивање на површината на Марс. На него има и камера која ќе дава 3Д поглед кон местото на слетување и другите активности.rn

    3. Собирање сончеви зраци

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnПанелите на приземјувачот биле отворени и на Земјата со цел да се тестираат. За време на тестирањето кое се одвивало на 23-ти јануари, 2018-та година во Локхид Мартин, инженерите го набљудувале отворањето и работењето на соларните ќелии.rn

    4. Патување со камион

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnОткако било изградено и тестирано, леталото било ставено во камион на 28-ми февруари, 2018-та година. Неговата прва станица била Воздушната база Бакли.rn

    5. Патување во воздух

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnОткако камионот пристигнал на базата, леталото било префрлено во авион C-17 и се упатило кон Калифорнија.rn

    6. MarCO

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnИнженерот Џоел Сеинкраус ги тестира соларните панели на едно од леталата Mars Cube One односно MarCО, наречено CubeSat или мини сателит, во лабораторија на НАСА.rn

    7. Последни подготовки

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnПоследните подготовки пред полетувањето се одвивале на Воздушната база Ванденберг во Централна Калифорнија.rn

    8. Товарање

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnЛеталото било поставено на врвот на ракетата Атлас V на 5-ти мај 2018-та година.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Експериментот на НАСА со близнаците ќе се повтори и на Монт Еверест

    Експериментот на НАСА со близнаците ќе се повтори и на Монт Еверест

    Можеби се сеќавате на истражувањето на НАСА со близнаци во кое 10 разни тима од истражувачи ги проучуваа астронаутот Скот Кели кој помина една година во Интернационалната вселенска станица, и неговиот идентичен брат близнак, астронаутот Марк Кели кој остана на Земјата.rnrnЕкспериментот на НАСА со близнаците ќе се повтори и на Монт ЕверестrnrnДел од истражувањето вклучувало и споредување на ДНК на близнаците. Настана вистинска мешаница кога бројни медиуми погрешно ги протолкува резултатите и изјавија дека ДНК-та на Скот била значително изменета по поминатиот период во вселената. Од НАСА објаснија дека неговата ДНК не се променила, туку биле забележани некои промени во гените, односно нивното реагирање со околината.rnrnПоголемиот дел од генетската експресија се вратила во нормала откако астронаутот се вратил на Земјата, но 7% останале исти како кога бил горе. Според НАСА, овие 7% можеби ќе предизвикаат долготрајни промени во имунолошкиот систем на Скот, обновувањето на неговата ДНК и формирањето на коските. Овие промени можат да влијаат и на генетската експресија при недостаток од кислород или преголемото количество јаглероден диоксид во крвотокот.rn

    Вселена или стрес?

    rnНо дали промените кај Скот биле резултат на тоа што е во вселената или поради тоа што бил во екстремно стресно опкружување? Еден начин да се најде одговорот е да се тестираат планинарите на голема височина каде што ретката атмосфера и ниските температури ќе предизвикаат стрес. Потоа овие резултати ќе се споредат со оние на близнаците Кели.rnrnКристофер Мејсон кој го водел истражувањето за гените на НАСА дизајнирал споредлив експеримент кој вклучува двајца планинари, Вили Бенегас и Мет Моинц. Тие ја искачија Монт Еверест во мај, а резултатите допрва треба да пристигнат.rnrnНо веќе постојат научни докази кои покажуваат дека високите места на Земјата ја менуваат генетската експресија. Зак Чеврион, асистент во Универзитетот во Монтана учествувал во истражување за ефектите на височината кај еден вид глувци. Ова мало суштество се соочува со најголема висинска разлика, од ниво под морето до висина од 4.300 метри.rnrnЗак, кој не учествува во истражувањето со планинарите, изјавил дека кога овие глувци биле на поголема височина имале промена на генетската експресија, појава која имала влијание на структурата на мускулите. Овие промени им овозможувале на глувците да се справат со опкружувањето на планината каде што пореткиот воздух го отежнува снабдувањето на мускулното ткиво со кислород.rn

    Промената до некој степен ја имитира еволуцијата

    rnГенетската експресија е огранок од физиологијата и претставува вклучување и исклучување на гените со цел да се зголемат шансите за преживување.rn

    „Генетската експресија изгледа дека ја имитира адаптацијата предизвикана од еволуцијата“, изјавил Чеврион.

    rnГлувците родени на планината, потомци на претходните генерации кои еволуирале на големи височини, имаат мутација која им овозможува да ги променат гените на многу повисоки места, за разлика од глувците родени на пониско.rn

    „Ако земете глушец од пониско место и го изложите на голема височина, генетската експресија ќе помогне да се развијат повеќе крвни садови. Но, ќе имаат помалку за разлика од оние родени на високо место.“

    rnНо не сите промени се добри. Истражување од 2014-та година покажало дека луѓето од Тибет кои живеат на високо имаат наследено гени кои им овозможуваат нивните тела поефикасно да го користат кислородот без да имаат висок број црвени крвни клетки. Кога некој од пониско место ќе отиде на Тибет, неговото тело ќе се обиде да се справи произведувајќи повеќе црвени крвни клетки – промена што ја згуснува крвта и што го зголемува ризикот од затнување на вените и инфаркт.rnrnПрочитајте ги и овие одвратни факти за вселенското патување на кои сигурно не сте помислиле.

  • НАСА ја подготвува оваа брилијантна 17-годишна девојка за првата човечка мисија на Марс

    НАСА ја подготвува оваа брилијантна 17-годишна девојка за првата човечка мисија на Марс

    Алиса Карсон е 17-годишно девојче со големи соништа. Таа тренира да биде астронаут и нејзината цел е да биде првата личност на Марс. Уште од мали нозе се подготвува за првата човечка мисија на Марс што се очекува да биде во 2033 година. Без сомнение, таа знае што сака и како да го добие истото. Погледнете ја нејзината приказна во продолжение…rn

    Запознајте ја Алиса Карсон, 17-годишно девојче од Бејтон Руж, Луизијана

    rnrn

    И покрај тоа што таа е навистина млада, НАСА ја тренира да стане астронаут

    rnrn

    Нејзината цел е да биде дел од првата човечка мисија до Марс во 2033 година

    rnrn

    Мисијата е дел од обидот да се направи човечка колонија на Марс, која еден ден би можела да го спаси човештвото

    rnrn

    Првата помисла на Алиса да оди на Марс била кога имала 3 години, по гледање на ТВ серијата „The Backyardigans“

    rnrn

    Уште од тогаш, таа активно работи на остварување на нејзината цел

    rnrn

    Во 2008 година, Берт Карсон, нејзиниот татко, ја запишал во Американскиот вселенски камп

    rnrn

    И таа набрзо станала првата личност што ги посетила сите три Вселенски кампови на НАСА

    rnrn

    5 години подоцна, Алика била и првата личност што ја завршила Програмата за пасош на НАСА така што ги посетила сите 14 Центри за посети на НАСА

    rnrn

    Карсон исто така била и најмладата личност што била прифатена и што ја завршила Вселенската академија

    rnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 9-годишно дете аплицирало за работа во НАСА и добило генијален одговор

    9-годишно дете аплицирало за работа во НАСА и добило генијален одговор

    Можеби сте чуле за отворената работна позиција на вселенската агенција НАСА кои бараат „офицер за планетарна заштита“. По објавата за ова работно место, тие добиле голем број апликации, но ниту една од нив не била толку оригинална и слатка како онаа на 9-годишниот Џек Дејвис, кој ги поседувал сите потребни квалификации за да биде „чувар на галаксијата“. Во продолжение, прочитајте го неговото генијално писмо…rnrn9-годишно дете аплицирало за работа во НАСА и добило генијален одговорrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДрага НАСА,rnrnЈас се викам Џек Дејвис и би сакал да се пријавам за работата како офицер за планетарна заштита. Можеби имам само 9 години, но мислам дека ќе одговарам за работата. Една од причините е тоа што сестра ми ми кажува дека сум вознемјанин. Исто така, ги имам изгледано речиси сите вселенски и вонземјански филмови што постојат. Исто така, ја имам гледано серијата „Агентите на Ш.Т.И.Т.“ и се надевам дека ќе го гледам и филмот „Луѓе во црно“. Одлично играм видеоигри. Млад сум, така што би можел да научам да размислувам како вонземјанин.rnrnСо почит,rnrnЏек ДејвисrnrnЧувар на галаксијатаrnrnЧетврто одделениеrnrn9-годишно дете аплицирало за работа во НАСА и добило генијален одговорrnrn[/message_box]rnrnПисмото на Џек стана многу популарно на Интернет, откако еден семеен пријател го објавил на Reddit. Тоа на крајот стигнало до директорот на планетарната научна дивизија во НАСА и тој му дал совршен одговор на Џек кој го споделил и преку нивниот профил на Твитер.rnrn9-годишно дете аплицирало за работа во НАСА и добило генијален одговорrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДраг Џек,rnrnСлушам дека си „чувар на галаксијата“ и дека си заинтересиран за тоа да станеш офицер за планетарна заштита во НАСА. Тоа е супер!rnrnПозицијата за офицер на планетарна заштита е многу кул и важна работа. Треба да се заштитува Земјата од мали микроби што ги носиме како примероци кога се враќаме од месечината, астероидите и Марс. Исто така, треба да ги заштитуваме другите планети и месечината од нашите бактерии, бидејќи ние сакаме одговорно да го истражуваме сончевиот систем.rnrnСекогаш бараме паметни идни научници и инженери за да ни помогнат, така што се надевам дека многу ќе учиш и ќе постигнуваш одличен успех на училиште. Се надеваме дека ќе те видиме наскоро во НАСА!rnrnСо почит,rnrnДоктор Џејмс Л. Грин,rnrnДиректор, Планетарна научна дивизијаrnrn(4) 9-годишно дете аплицирало за работа во НАСА и добило генијален одговорrnrn[/message_box]rnrnДа се надеваме дека овој одговор ќе ги охрабри Џек и другите амбициозни дечиња да учат и да работат напорно за еден ден навистина да станат „чувари на галаксијата“.rnrnПрочитајте го и следниов одговор на шефот за најоткачениот отказ.

  • Хороскопските знаци се поместија: НАСА инспирира промени во астрологијата за прв пат во 2.000 години!

    Хороскопските знаци се поместија: НАСА инспирира промени во астрологијата за прв пат во 2.000 години!

    Ѕвездите се извор на информации, почнувајќи од начините за надминување на проблемите и формирање здрава љубовна врска, сè до подобрување на вашиот карактер, па и многу повеќе. Ова се користело уште од антички времиња во различни култури, а денес го користиме и ние. Астрологијата може да се дефинира како верување дека комбинацијата на сонцето и различни соѕвездија може да влијаат на нашите животи. Ова верување потекнува од околу 2.000 години пред нашата ера.rnrnВашиот хороскопски знак се промени: НАСА ги надополнува хороскопските знаци!rn

    Студиите спроведени од НАСА покажуваат промени во положбата на соѕвездијата

    rnНоќното небо е поразлично од тоа како го гледале античките астролози. Според студиите спроведени од страна на НАСА, сега соѕвездијата се изместени за околу еден месец, па 86% од луѓето живеат сметајќи се себеси за погрешен хороскопски знак. Доколку верувате во астрологијата, тогаш знаете дека хороскопските знаци се одредуваат според соодветните соѕвездија на небото. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги вистинските дати за хороскопските знаци што важат за денешниот модерен свет.rn

      rn011

    • Јарец: 9 јануари – 15 февруари
    • rn011

    • Водолија: 16 февруари – 11 март
    • rn011

    • Риби: 12 март – 18 април
    • rn011

    • Овен: 19 април – 13 мај
    • rn011

    • Бик: 14 мај – 19 јуни
    • rn011

    • Близнаци: 20 јуни – 20 јули
    • rn011

    • Рак: 21 јули – 9 август
    • rn011

    • Лав: 10 август – 15 септември
    • rn011

    • Девица: 16 септември – 30 октомври
    • rn011

    • Вага: 31 октомври – 22 ноември
    • rn011

    • Скорпија: 23 ноември – 29 ноември
    • rn011

    • Змијоносец: 30 ноември – 17 декември
    • rn011

    • Стрелец: 18 декември – 8 јануари
    • rn

    rnМожеби ќе се зачудите дека постојат тринаесет хороскопски знаци. Всушност, ова и не е ново откритие. Античките вавилонски астролози уште одамна ги откриле овие тринаесет соѕвездија, но го исфрлиле Змијоносецот за знаците да бидат подеднакво поделени. Но, сега тој повторно влегува на листата. Па, ако сте родени од 29-ти ноември до 17 декември, тогаш следниве карактеристики се однесуваат на вас…rn

    Змијоносец: Тринаесеттиот знак

    rnВо грчката митологија, Змијоносецот е идентификуван како Асклепиј, исцелител и син на Аполо. Асклепиј имал моќ да ги воскресне мртвите. Разбеснетиот бог Хад го убедил Зевс да го убие Асклепиј со гром. Мртов, Асклепиј бил ставен како ѕвезда. За Сумерите, тој е познат како богот Енки, додека пак за Египќаните, како Имхотеп кој живеел во Египет околу 27-от век пред нашата ера. Во Библијата, овие карактеристики припаѓаат на Јосиф. Всушност, Имхотеп е египетското име за Јосиф.rn

    Карактеристики на Змијоносецот

    rnАко сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември, тогаш вие сте родени во знакот на Змијоносецот. Овие карактеристики може да ве дефинираат подобро од Скорпијата или Стрелецот.rn

      rn011

    • Барате мир и хармонија
    • rn011

    • Поетски сте настроени и инвентивни
    • rn011

    • Барате поголема едукација и мудрост
    • rn011

    • Интуитивни сте
    • rn011

    • Имате потајни непријатели во фамилијата
    • rn011

    • Сакате високи достигнувања
    • rn011

    • Сакате да носат живописни бои и карирани дезени
    • rn011

    • Сакате да имате авторитет
    • rn011

    • Привлекувате среќа за себе и за другите
    • rn