Задолжителен филм за искрените љубители на научна фантастика
rnrn
Режија: Себастијан КордероrnrnУлоги: Шарлто Копли, Михаел Никвист, Анамарија МаринкаrnrnВреметраење: 90 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 27 јуни 2013rnrnЖанр: научно-фантастичен трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnТешко дека досега сте слушнале за овој филм, уште потешко е да се очекува дека сте го изгледале. Ваквиот тип научно-фантастични трилери едноставно не го добиваат заслуженото внимание поради тоа што содржат алтернативни елементи и тивко им го отстапуваат своето место на надуените блокбастери кои на разни површни начини го покриваат недостатокот на квалитетна содржина. А оние од типот на „Извештај за Европа“ и тоа како вреди да се изгледаат.rnrn
rnrnВо него нема ниту акција нашминкана со бројни визуелни ефекти, ниту клише приказна, ниту во главните улоги се маж и жена кои потајно копнеат еден по друг. Тоа е нискобуџетен филм кој наликува на документарците за мисиите на НАСА, наоружан е со главно анонимни актери, неколку спектакуларни вселенски пејзажи и многу наука. Токму последното е она што му дава тежина и го прави занимлив.rnrn
rnrnГо раскажува измисленото прво патување на астронаути на Европа, сателитот на Јупитер за кој се верува дека може да содржи ресурси за живот. Ја следи мисијата од почеток до крај, одблизу прикажувајќи го секојдневието на астронаутите таму длабоко во вселената. Ликовите се многу реални. Не се херои туку личат на нормални луѓе кои отишле таму да си ја завршат работата за која се пратени. Но, тоа не го прави дејствието здодевно, туку напротив, совршено ја доловува нивната страст да го истражуваат непознатото и да стигнат таму каде што никој друг порано не бил.rnrn
rnrnЌе се соочат со многу препреки во нивното патување. По само шест месеци ќе ја загубат можноста да контактираат со Земјата, ќе се соочуваат и со други дефекти и разни опасности по животот. Токму тие моменти даваат слика за нивната посветеност во извршувањето на мисијата. Не им е толку важен сопствениот живот колку што копнеат да откријат дали на Европа има можност за живот.rnrn
rnrn„Извештај за Европа“ ја става науката во прв план. Тоа го прави задолжителен за сите оние кои уживаат да читаат и да слушаат за истражувањата на вселената, но веројатно не и за оние кои бараат некаква акција во замислени светови некаде далеку од Земјата. Ова е по малку бавен филм во кој најмногу ќе уживаат оние кои сакаат бегство во вселената, кое истовремено изгледа реалистично.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



rnrnОвој феномен се случува на секои две или три години, а причините кои стојат зад него сè уште се мистерија. Единствено што се знае е тоа дека камењата кои пред извесно време стоеле на едно место, сега се преместиле на друго, оставајќи јасна трага зад нив. Нема никакви знаци дека човек или животно помогнале во тоа, а нема ниту видео снимка која ќе ја разреши мистеријата.rnrn

rnrnИстражувачите до сега развиле повеќе теории, а речиси сите од нив вината им ја припишуваат на силните зимски ветрови. Тие дуваат од југозапад кон југоисток, а најголемиот дел од правите траги зад камењата одат во истата насока. Други научници причината ја бараат во тенките слоеви мраз кои настануваат во зимата. Според нив, тоа или создава перфектни услови за ветрот да ги помести тешките камења или се формираат мали санти мраз кои го лизгаат каменот.rnrn

rnrnЛизгачките камења во Рејстрак Плаја се голем предизвик и за научниците на НАСА, чии обемни истражувања не довеле до откритие, тука само до нови теории. Додека не ги испитаат нив, овие камења ќе останат една од 

rnrnФотографиите се направени со научна експериментална камера, со многу висока резолуција.rnrn
rnrnОвие фотографии, собирани изминативе неколку години, се во боја, црно-бели или во сиви нијанси и покажуваат детали од нашата сосетка, планетата Марс. Погледнете ги овие фотографии и низ нив обидете се да ја замислите оваа сува и ладна, далечна и недоистражена, но сепак реална планета. Таа само го чека првиот човек кој ќе стапне на неа.rnrn

























