КАФЕ ПАУЗА

Tag: најдобра другарка

  • 10 ситуации кои ве претвораат од добри во најдобри пријателки

    10 ситуации кои ве претвораат од добри во најдобри пријателки

    Лесно е да најдете добри пријатели, но оние најдобрите не се наоѓаат – нив ги создава животот. Во многу животни ситуации можете да препознаете дали имате покрај себе вистинска пријателка, а дел од нив се и следниве 10…rnrn10 ситуации кои ве претовараат од добри во најдобри пријателкиrnrn1. Вие сте редовен гостин на нејзините фамилијарни собири, а таа на вашите. Родендени, новогодишни забави, скара… Вие не можете да ги замислите сите овие настани без вашата најдобра пријателка покрај вас.rnrn2. Само таа ги знае сите ваши непријатни моменти. Сите ние сме доживеале непријатни ситуации поради кои и ден денес црвенееме ако се потсетиме, но само разговорот со најдобрата пријателка може да ги трансформира од непријатни во забавни.rnrn3. Секогаш го давате вашето искрено мислење. Ако вашата пријателка се врати од фризерскиот салон незадоволна и несигурно ве праша дали добро ѝ стои новата боја на коса, вие никогаш не би ја излажале доколку не ви се допаѓа. Од друга страна пак, ни вие не ѝ се лутите кога таа искрено ќе ви каже дека новите фармерки ви се претесни и не ви стојат добро…rnrn4. Вие секогаш ја земате нејзината страна во расправии. Исто како и она вашата. Вие секогаш сте подготвени да го заштитите нејзиниот грб доколку е потребно и знаете дека истото би го направила и она за вас.rnrn5. Отворено разговарате за љубовта и сексот. Не постои ништо од вашата врска за кое не би можеле искрено да разговарате. Започнувајќи од емоциите, па сè до игрите помеѓу чаршафите, вие искрено ѝ се доверувате за сите ситници од вашиот љубовен живот.rnrn6. Она е првата личност на која помислувате по тешко раскинување. И покрај тоа што таа ги знае сите детали од вашата врска, по раскинувањето едноставно имате силна потреба да разговарате со неа за тоа што се случило. Таа најдобро може да разбере за што станува збор, па бидејќи добро ве познава, знае и точно што ви е потребно да слушнете од неа.rnrn7. Меѓусебно си доверувате тајни кои сте ветиле дека нема да ги кажете никому. Иако ретко кој би го признал тоа, најдобрите пријателки знаат да се консултираат во ситуации кога сакаат да помогнат некому, но не знаат како тоа да го направат. Исто така тие никогаш не би кажале, доколку знаат дека таа не би ја сочувала оваа тајна.rnrn8. Заедно поминувате низ тешки животни настани. Болест, смрт на блиска личност… Во овие ситуации најдобро можете да го препознаете вашиот најдобар пријател. Вие сте секогаш една покрај друга, и во добрите и во лошите моменти од животот.rnrn9. Планирате заедничка иднина. Вие лесно можете да замислите како ќе изгледа вашиот живот во староста, па токму затоа и често зборувате за тоа, правите планови и на шала си кажувате дека ќе ги „натерате“ и вашите деца да бидат најдобри пријатели. Вие едноставно не можете да си го замислите животот една без друга, дури и ако тој ве одведе во спротивна насока.rnrn10. Можете да седите во тишина, не правејќи ништо, и да ви биде пријатно. Чувството на пријатна тишина е едно од најдобрите на светот, но може да биде остварено само покрај личности кои ги сакате и на кои искрено им верувате.

  • Имате најдобра пријателка која живее во друг град? Еве зошто тоа е добро

    Имате најдобра пријателка која живее во друг град? Еве зошто тоа е добро

    Кога вашата најдобра пријателка е некој со кого сте пораснале, можеби помислата дека нема да живеете секогаш толку блиску ве плаши. Но, животот е таков и луѓето се преселуваат. Благодарение на технологијата, светот е помал за разлика од тоа што беше. Можеби вие ќе немате толку заеднички излегувања и долги разговори како некогаш, но тоа не значи дека нема да останете блиски како што сте биле. Еве зошто да имате најдобра пријателка во друг град има свои предности.rnrn1-imate-najdobra-prijatelka-koja-zhivee-vo-drug-grad-eve-zoshto-toa-e-dobro-www.kafepauza.mk_rnrn1. Патувања. Без разлика дали ќе отпатувате за викенд во нејзиниот град, ќе испланирате заеднички одмор некаде или пак ќе се најдете во некој ресторан на ручек на пола пат, супер е што имате прилика да прошетате и да поминете некое време заедно надвор од вашиот град.rnrn2. Секогаш ќе имате каде да преноќите кога сте во нејзиниот град. Без хотелски соби и супер поминато време заедно. Што може да биде подобро од тоа?rnrn3. Забавата може да започне порано. Кога се немате видено повеќе од еден месец, гарантирано ќе започнете да се забавувате веднаш штом се најдете на исто место. Нема да сакате да потрошите ниту една минута без забава, бидејќи не знаете кога повторно ќе бидете заедно.rnrn4. Никогаш нема да си досадите една на друга. Ретките видувања и фокусирањето на добрите работи што ви се случиле додека сте биле разделени ќе направи никогаш да не си досадите една на друга.rnrn 5. Знаете дека не мора да се гледате секојдневно за да бидете блиски. Никогаш нема да имате преголеми барања и очекувања кога ќе се видите бидејќи сте научиле да бидете самостојни и да функционирате и кога не сте постојано заедно. Секако, најважен ви е квалитетот, а не квантитетот на времето поминато заедно.rnrn2-imate-najdobra-prijatelka-koja-zhivee-vo-drug-grad-eve-zoshto-toa-e-dobro-www.kafepauza.mk_rnrn6. Имате пријател за допишување. Секако дека си пишувате секојдневно, но навистина е убаво понекогаш да добиете долго писмо. Секој сака да добие писмо кое секако не е сметка за плаќање, па слободно напишете го и изненадете ја.rnrn7. Практикувате маратонски Скајп разговори. Виното е секако вклучено. Не е исто пиењето вино со некого во иста соба додека носите пижами, но исто така не мора да се нашминкате ниту пак да излегувате од дома.rnrn8. Правите детални планови за следниот пат кога ќе се видите. Ајде да одиме во Куба? Можеби е подобро низ Европа? На крај завршувате правејќи си маникир, ручек, или одите во клуб како и секогаш. Но, секогаш може да сонувате.rnrn9. Таа не е вклучена во некој настан од вашиот град, па секогаш можете да разговарате со неа за тоа. Секогаш е добро да добиете мислење „од страна“ за она што ви се случува во вашиот живот. Откако таа добро ќе ве ислуша ќе може да ви даде пообјективно мислење.rnrn10. Ќе можете да создавате пријателства без да ја имате нејзе како потпора. Кога бевте деца, сигурно ги правевте сите работи заедно. Но без неа, вие треба да создавате нови пријателства сами. Колку многу и да ја сакате, кога имате две различни групи пријатели тоа ве прави повеќе друштвени.

  • Правила за женското пријателството: Работи што (не) ги прават добрите пријателки

    Правила за женското пријателството: Работи што (не) ги прават добрите пријателки

    Не е важно колку години имате, единствена работа што никогаш не „умира“ се правилата на женското пријателство. Понекогаш е добро да разговарате за некои проблеми и да ги поддржувате своите пријателки, но исто така постојат работи за кои би било подобро да стоите што подалеку од нив. Ова се работи што најдобрите пријателки (не) треба да ги прават.rnrn1-pravila-na-zhenskoto-prijatelstvoto-raboti-shto-ne-gi-pravat-dobrite-prijatelki-www.kafepauza.mk_rn

    Работи што треба да ги правите:

    rnПоддржувајте ги! Не треба секогаш да се согласувате со вашите пријателки, но секогаш треба да ги поддржувате. Без разлика за што станува збор, дали е тоа прекин на долгогодишна врска или пак бојадисување на косата во руса. Бидете тука за нив, особено ако тие се премногу чувствителни.rnrnСослушајте ги! Живееме во време кога сме премногу зафатени. Поентата на пријателството е да бидете тука за нив во добро, лошо или во што и да е измеѓу. Без разлика колку сте зафатени, потрудете се да одвоите малку од вашето време за да разговарате со вашите пријателки, особено ако на нив навистина им е потребно тоа.rnrnОхрабрете ги! Животот може да биде застрашувачки, може да биде тешко да оставите нешто зад себе или пак да пробате нешто ново. Дозволете им на вашите пријателки да знаат дека сте тука за нив и дека ќе ги поддржувате во сѐ што тие замислиле. Најдобрите пријатели никогаш не дозволуваат своите пријателки да прават луди работи… без нив!rnrnКажете им ја вистината, дури и кога е болна! Иако понекогаш сите ние сакаме да слушнеме дека момчето што ни го скршило срцето ја сфатило својата грешка и сака да ја поправи, овие лаги нема да му помогнат никому. Вистинската пријателка ќе ви го каже она што треба да го слушнете, а не она што сакате. Така е најдобро за сите.rnrnИстакнувајте ги нивните позитивни страни! Сите ние поминуваме некој период во животот кога мислиме дека сè излегува од контрола и немаме никој покрај нас. Додека вашите пријателки минуваат низ ваква фаза не заборавајте да ги потсетите на сите позитивни особини што тие ги имаат. Сите добри работи што им се случиле и она што го направиле за вас. Помогнете им кога им е најтешко.rnrnПомогнете им да бидат најдобрата верзија од себе! Ако дознаете дека вашата пријателка има потешкотии околу нешто, помогнете ѝ. Доколку таа има важна презентација која треба да ја заврши до утре помогнете ѝ или пак предложете ѝ некои идеи. Бидете тука за неа и помогнете ѝ да биде најдобрата верзија од себе.rnrnСфатете дека пријателството е реципрочно! Може да ги вложите сите напори во вашето пријателство, но како и во сите односи, тоа е двонасочна улица. Ако давате повеќе отколку што примате, можеби е време да го преиспитате тоа пријателство.rnrnПланирајте ги вашите излегувања! Најважно е да ги одржувате работите свежи. Може лесно да западнете во рутина гледајќи постојано една иста серија. Следниот пат, заедно со вашата пријателка, облечете нова облека и посетете нов ресторан, или пак пробајте нешто ново. Ќе имате заедничка авантура што ќе ви ги зацврсти вашите односи уште повеќе.rnrnСмејте се! Што е поентата на пријателството без смеа? Многу е важно да се смеете заедно во среќните, но и во тажните моменти. Запомнете дека треба да се забавувате! Сепак, создавате заеднички спомени.rnrnСфатете дека е многу тешко да најдете вистински пријатели! „Кога некој ќе ви покаже каков е, верувајте му.“ – Маја Ангелоу. Ако вашите пријателки се подолго време во вашиот живот, тогаш тоа е доказ дека тие се тука за вас и ве сакаат. Дозволете им да знаат дека вие го цените тоа и дека покрај нив сте она што навистина сте.rnrn2-pravila-na-zhenskoto-prijatelstvoto-raboti-shto-ne-gi-pravat-dobrite-prijatelki-www.kafepauza.mk_rn

    Работи што НЕ треба да ги правите

    rn Не зборувајте им зад грб! Тие ќе дознаат! Ако не ви се допаѓа нешто во врска со вашите пријателки, кажете им го тоа веднаш. Не зборувајте зад нивниот грб ако не сакате вашите пријателки да го дознаат тоа од некој друг. А тоа верувајте, воопшто не е добро за вас и вашето пријателство.rnrnНе откривајте ги вашите тајни! Ако имате заедничка доверба, не кршете ја. Не е важно дали личноста на која ќе ѝ ја откриете тајната ја познава вашата пријателка или не. Тоа е голем прекршок. Сигурно вие не сакате вашите тајни да бидат откриени некому, дури ниту на некој којшто никогаш нема да го запознаете.rnrnНе менувајте ги плановите! Константното одбивање на плановите е лошо. Договорете се и придржувајте се до планот сè додека навистина немате некоја итна работа. Ако ги одбивате постојано, тие ќе започнат да прават планови, секако без вас!rnrn Не ја ставајте врската пред пријателството! Да, добро е да поминувате поголем дел од своето време со своето момче, но што ќе се случи ако еден ден прекинете? Не можете да очекувате вашите пријателки да бидат тука за вас ако целото свое време сте му го посветиле на вашето момче. Потрудете се да го распределите своето време подеднакво.rnrnНе натпреварувајте се со нив! Вие сте пријателки, не натпреварувачи. Не одете намерно по она што тие го сакаат или го имаат.rnrnНе повредувајте ги кога имаат тежок период! Ако вашите пријателки минуваат низ тежок период во животот, не им отежнувајте дополнително. Ако немате нешто убаво да им кажете или да ги расположите, молчете.rnrnНе помислувајте на некој нејзин бивш! Не, не, тоа е лоша идеја. Можеби мислите дека тој е љубовта на вашиот живот, но не е. Таа врска нема да успее. Може да сметате дека вашето пријателство ќе заврши ако посегнете по некое нејзино бившо момче.rnrnНе кажувајте дека ќе биде сè во ред, кога нема да биде! Можеби сакате да ги утешите вашите пријателки кога нешто сакаат да постигнат, но исто така е многу важно да не им давате лажна надеж. Подобро да им укажете на тоа отколку да им давате лажни очекувања.rnrnНе го прекинувајте пријателството после едно несогласување! Лесно е да го прекинете пријателството после една караница, но што ќе се случи ако прекинувате со сите пријателки на тој начин? Научете се на компромис и простувајте.rnrnНе осудувајте ги! Нема да правите исти работи како вашите пријателки, но и тие нема да прават исти работи како вас. Тоа е поентата. Ако правите исти работи како вашите пријателки, тогаш може да се дружите сами со себе. Почитувајте ги нивните различни размислувања и однесувања.

  • 10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

    10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки

    Врската помеѓу 2 најдобри пријателки е една од најсилните видови поврзаност која може да се оствари помеѓу луѓето. Тие се слободни една покрај друга, целосно искрени, си пружаат неизмерна поддршка и секогаш знаат како да ја насмеат другата. Но, тие исто така прават и некои работи кои другите луѓе не можат да ги сфатат… Погледнете дел од нив.rn

    1. Постојано се прегрнати

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки rnrnТие се толку блиски што едноставно не можат да се замислат да бидат долго време раздалечени, па токму затоа секогаш кога се во близина една на друга, тие се прегрнати. Нив воопшто не им пречи да спијат во ист кревет, ниту пак да се држат за рака. Тие делат сè, па токму со допирот си кажуваат колку се среќни што се имаат една со друга.rn

    2. Ги споделуваат сите моменти од нивниот живот, дури и оние безначајните

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателкиrnrnСериозно, за најдобрите пријателки не постои момент кој е премногу мал. Тие сакаат да знаат буквално сè што се случува во нивниот живот, почнувајќи од будењето, па сè до заспивањето. Всушност споделувањето не завршува ни тука, тие наутро си ги споделуваат и соништата, па дури и квалитетот на самото спиење. Тие знаат дека можат да се потпрат една на друга и дека таа секогаш ќе биде тука да ја ислуша другата.rn

    3. Си ги средуваат заедно алиштата

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки rnrnКолку пати ви се случило вашата најдобра пријателка да дојде во оној момент кога си ги средувате алиштата, па наместо да седи и да ве гледа, таа без размислување да почне да ви помага? Дури и ако станува збор за долната облека, помеѓу најдобрите пријателки нема тајни, па токму затоа и не се срамат од вакви ситуации.rn

    4. Во оние моменти кога не се една покрај друга, комуницираат по мобилен телефон

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателкиrnrnДоколку некој постојано ви се јавува и пишува пораки вие без сомнение ќе се изнервирате и ќе го исклучите мобилниот. Но, тоа не се случува со најдобрите пријателки. Баш напротив, во еден ден нема доволно часови за да ѝ ги испратите преку пораки сите оние мисли кои ви поминуваат низ главата.rn

    5. Си помагаат една на друга дури и во несекојдневни ситуации

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки rnrnВие знаете дека доколку ви пораснало некое залутано влакненце околу веѓите или кај брадата, таа ќе биде првата која ќе го забележи и отстрани. Од друга страна пак, најдобрата пријателка никогаш нема да дозволи по оброкот да се шетате со храна помеѓу вашите заби.rn

    6. Во нивниот фрижидер секогаш ја има омилената храна на онаа која не живее таму

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки rnrnДури и да не ѝ се допаѓа таа храна, секоја девојка ќе ја има во својот фрижидер омилената храна на нејзината најдобра пријателка. Што ако таа некогаш налета без претходно да се најави? Вие секогаш сакате да бидете спремни за нејзиното присуство, а токму тоа го зацврстува ова пријателство.rn

    7. Позајмуваат облека и по некое време целосно забораваат дали е на едната или на другата

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки rnrnЦрниот краток фустан без прерамки беше нејзин или ваш? Којзнае. Личната сопственост има замаглени граници кога станува збор за најдобрите пријателки. Тие исто така никогаш не се плашат да си позајмат и повредни работи како мобилен телефон или рачен часовник затоа што знаат дека и двете добро ќе се грижат за тоа. Исто така веруваат и дека тоа што е на едната ѝ припаѓа и на другата…rn

    8. Ги воспитуваат децата заеднички

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки rnrnВелат дека потребно е цело село за да воспита едно дете, но во случајот со најдобрите пријателки, тие ги имаат работите во свои раце! Најдобрите пријателки постојано се советуваат на оваа тема и токму поради тоа имаат можност да се видат себеси како родител и од друга перспектива. Исто така тие се секогаш тука да помогнат доколку треба да се чуваат децата, па токму затоа не им пречи ни доколку треба да останат кај нив и цел викенд.rn

    9. Си испраќаат фотографии со смешни фаци

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки rnrnПонекогаш ова е единствениот начин на кој можете да ја расположите вашата најдобра пријателка. Таа веќе ве има видено и во најдобро, но и во најлошо светло така што воопшто не ви пречи да ѝ праќате смешни фаци од вас со цел да ја насмеете. Но, исто така знаете и дека веднаш ќе добиете повратна смешна фотографија од неа.rn

    10 Имаат телепатска моќ

    rn10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки rnrnДоволно е само едната да помисли на другата и таа веднаш ѝ се јавува за да ја праша што ѝ е потребно. И не само тоа, тие си ги довршуваат речениците една на друга и можат да го предвидат нивното однесување. Ова е од особено голема помош кога се наоѓаат во јавност, бидејќи можат со поглед да разговараат за некој настан кој во моментот не е пристојно да го споделат пред сите.

  • Болни вистини кои само најдобрата пријателка смее да ви ги каже

    Болни вистини кои само најдобрата пријателка смее да ви ги каже

    Постојат нешта кои можете да ги поднесете само доколку ви ги посочи вашата најдобра пријателка. Таа може да биде и целосно директна во изјавата бидејќи ве познава доволно добро и знае дека сте подготвени да ја чуете вистината. Токму затоа таа е единствената личност на која ѝ е дозволено да ви ги каже јасно и гласно следниве изјави:rn

    „Воопшто не му се допаѓаш ти нему“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Премногу алкохол испи, нè срамиш и затоа те носам дома“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Овој фустан воопшто не ти стои“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Мислам дека овој пат претера и дека треба да му се извиниш“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Кретен е“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Време е да пораснеш и сериозно да почнеш да бараш работа“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Сакаш сè да контролираш и нè полудуваш со тоа“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Не можам веќе да слушам за него, напорна си“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Претеруваш со таа диета“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Ужасно пееш“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Сама си бидејќи имаш превисоки критериуми“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrn

    „Самата си крива за тоа“

    rnБолни вистини кои смее да ви ги каже само најдобрата пријателкаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

    Зошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?

    Без разлика дали сте сингл или во врска, вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен партнер за Денот на вљубените. Таа е секогаш тука за вас, знае точно сакате и кога го сакате тоа, ве познава толку добро што не ви потребни зборови за да комуницирате и ве видела дури и во најлошото светло. Па, зарем има подобра личност со која би можеле да го поминете овој ден? Погледнете зошто треба да бидете со вашата пријателка на Денот на вљубените…rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    1. Можете да изедете цела кутија чоколади без да бидете осудувани

    rnПред вас стои цела кутија со чоколади во форма на срце и не ви е проблем сами да изедете сè бидејќи и вашата најдобра пријателка е веќе на половина пат од таа цел.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    2. Пиете вино само со една цел – да се опијаните!

    rnМожеби виното прави да се чувствувате секси кога сте со вашето момче, но кога сте со вашата најдобра пријателка виното има само една цел, а таа е комплетно да се опијаните.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    3. Таа најдобро ве прегрнува

    rnЗошто би сакале груба прегратка од некој испотен и влакнест маж кога вашата пријателка не само што нежно ве прегрнува туку и мириса на ванила и колачиња.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    4. Заедно ќе го гледате „The Notebook“ и двете подеднакво ќе уживате во него

    rnЗарем има подобро време од Денот на вљубените за целосно да се изгубите во нереалната слика за љубовта и врските? Вашето момче постојано ќе превртува со очите за време на овие „лигави“ романси, но вашата најдобра пријателка е онаа која ќе ви подава марамчиња за вашите солзи додека и таа самата плаче.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    5. Таа активно ги слуша вашите проблеми и навистина се грижи за вас

    rnТаа не ве слуша поради чувството на обврзување, туку затоа што навистина сака да ви помогне. Звучи како одлична вечер помината со неа, нели?rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    6. Таа знае што навистина сакате за Денот на вљубените

    rnЕдно шише евтино вино, мала кутија со чоколади и многу озборување. Се разбира!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    7. Вие вистински уживате во времето поминато со неа

    rnОбожавате да поминувате време со вашата најдобра пријателка и тоа не го правите поради обврската да ја видите, туку затоа што навистина сакате да сте покрај неа. Дури и во оние денови кога ги мразите сите, таа е единствената која вистински ја сакате.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    8. Таа никогаш не ве одбива

    rnВие сте си најважниот приоритет и никогаш не ги заборавате оние денови кои имаат посебно значење за вас. Но, дури и во оние „луди“ моменти, таа секогаш е тука да ве поддржи!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    9. Вашиот однос не вклучува секс

    rnБидејќи немате сексуални односи една со друга, не чувствувате никаков притисок да бидете средени или да носите неудобна долна облека. Вие се чувствувате пријатно покрај неа дури и ако сте во тренерки и со мрсна коса!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    10. Никогаш нема да „раскинете“

    rnНе треба да се грижите за рокот на траење на вашето пријателство бидејќи знаете дека секогаш ќе бидете една покрај друга. Вие толку добро се познавате и сте искрени една со друга, што знаете дека дури и ако се појави проблем, можете брзо и едноставно да го решите.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    11. Не постои притисок за подарок

    rnОдеднаш Денот на вљубените не е толку стресен кога не „полудувате“ околу совршениот подарок за вашиот партнер. Тој е само уште една вечер помината покрај вашата најдобра пријателка, со многу алкохол и одлична забава.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    12. Денот на вљубените не ви создава притисок да ја дефинирате вашата врска

    rnДали состанокот на овој ден значи дека сте во официјална врска? Вие сте веќе 6 месеци заедно, па дали тоа води кон нешто сериозно? Кога сте покрај вашата најдобра пријателка нема време за овие дилеми. Едноставно фатете ја за рака и заборавете на целата драма!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    13. Таа нема да се противи доколку побарате од неа да одите заедно во кино на „50 Shades of Grey“

    rnПа, зошто да не би ја поминале оваа вечер во кино на еден од најочекуваните филмови за оваа година? По читањето на книгите, сигурно веќе со месеци едвај чекате да го видите совршеното тело на Џејми Дорнан на големото платно и неговата изведба на неверојатниот Кристијан Греј.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    14. Не постои непријатна тишина за време на вечерата

    rnВие две толку добро се познавате што дури и да ви снемаат теми за разговор (што да бидеме реални не е можно да се случи), сепак ќе најдете начин како да ја исполните тишината со пријатни чувства.rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rn

    15. Таа ве видела во вашето најлошо светло и сè уште е покрај вас

    rnНаместо да ги криете оние темни страни од вашата личност, постојано чувствувајќи се лошо за нив, таа ве мотивира да ги изнесете на површина и да се справите со нив најдобро што можете. Токму затоа, покрај неа вие сте подобра личност!rnrnЗошто вашата најдобра пријателка е и вашиот совршен „партнер“ за Денот на вљубените?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто сестра ти ти е најдобра другарка?

    Зошто сестра ти ти е најдобра другарка?

    Во животот се стекнуваме со многу привремени и трајни другари и другарки, но врската со сестрата е посебна. Таа не е само сестра, таа е истовремено и најзабавната, најискрената и најдобрата другарка која некогаш ќе ја имаш. Еве некои од причините зошто е тоа така.rnrnЗошто сестра ти ти е најдобра другарка?rnrnКога останувате дома во петок навечер, заедно гледате филмови цела ноќ.rnrnА кога излегувате заедно во град си поминувате незаборавно.rnrnСе возите заедно во кола со гласна музика и пеете без срам.rnrnТаа не се воздржува да ти ја каже суровата вистина.rnrnСестра ти те засмева до степен што не можеш да се контролираш.rnrnМногу пати би ги откачила сите другарки за да си се дружиш со неа.rnrnСпиете во иста соба и секоја вечер ви е пижама-парти со безброј авантури и смеење до солзи.rnrnИмате тајни кои знаете дека никогаш не би ги кажале на некој друг.rnrn„Одите“ на кафе во кој било ден од денот.rnrnИграте на спотови во дневната соба додека не ви се дома родителите.rnrnТаа е тука за тебе кога ти е тешко и кога сакаш да се исплачеш.rnrnТе поддржува во битните моменти од твојот живот, како кога се спремаш за тежок испит или одиш на интервјуа за работа.rnrnНе се срамите една од друга да јадете огромни порции шпагети заедно.rnrnСи позајмувате облека за излегување.rnrnАко некој се однесува лошо со тебе, таа ќе те заштити.rnrnИмате направено доволно фотографии од вас за да наполните 2 големи албуми.rnrnИмате ваши интерни шеги кои никој друг не ги разбира.rnrnТаа редовно ти се јавува да те праша како си и што ти се случува во животот.rnrnСестра ти редовно ти стиска „лајк“ на сите статуси и фотографии, дури и кога никој друг не го прави тоа.rnrnИмате кавги и се скубевте како мали, но сепак многу брзо се смирувате бидејќи не може да помине ни ден, а да не зборувате.rnrnСите ви љубоморат на врската која ја имате бидејќи никој нема сестринско-пријателски однос како вашиот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Деверуши (Bridesmaids)

    Деверуши (Bridesmaids)

    Филм за тоа како понекогаш ни е полесно да мислиме дека сме жртви и дека целиот свет е против нас иако најчесто самите сме си најголем непријателrnrnДеверуши (Bridesmaids)Режија: Пол ФеигrnrnУлоги: Кристен Виг, Маја Рудолф, Роуз БрнrnrnВреметраење: 125 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 13 мај 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnЕте, некој се сети да направи и женска верзија на хит-комедијата „Мамурлак“. Не дека тој филм не е подобен за женските очи, но дишеше со машки здив, додека „Деверуши“ го има двојниот Х хромозом и е целосно женски. Но, не разочарувајте. Во приказната нема ниту еден ископиран кадар, едноставно енергијата ќе ве потсети на „Мамурлак“. Пред да почнам да ја ширам приказната, иако не мислам дека некое машко друштво би земало комедија што се вика „Деверуши“, сепак да посочам, мажи не гледајте филмот па дури ни со вашата девојка. Ова е женски филм до самата срж и така треба да се гледа.rn———————————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Ени (Кристен Виг) е девојка чиј живот е, да кажеме, во фаза на доработка. Само што ја затворила својата продавница за колачиња, живее со луди цимери, работи како продавачка во продавница за накит и што е најлошо, сè уште спие со поранешното момче кое ја третира како ѓубре. Сепак, тука е нејзината вечна и најголема поддршка, најдобрата другарка Лилиан (Маја Рудолф). Но, така е се до моментот кога таа ќе се сврши и ќе почне да се подготвува за свадба. Иако Ени е старосватицата, во целата игра се вмешува и Хелен која е комуникативна, убава, дарежлива, односно да скратиме, таа е совршена и почнува да станува нова најдобра другарка со Лилиан. Чувствувајќи се неуспешна во секоја сфера од животот, Ени одлучува дека не смее да ја изгуби и оваа битка, па почнува да се бори за својата другарка. А тука се врти и мала екипа на деверуши, кои, благо кажано, се со специфичен карактер и приказни.Деверуши (Bridesmaids)Двете главни актерки во овој филм, Виг и Рудолф, се дел од екипата на популарното комично шоу „Saturday night life така што не ни треба да се сомневате околу хуморот. Но, тие тука не играат пародија и ликови-карикатури, туку портретираат реални луѓе кои реагираат под притисок и понекогаш се наоѓаат во смешни ситуации. Инаку во целата група на деверушите, отскокнува изведбата на Мелиса Мекарти. Ако веќе тргнуваме од паралелата со „Мамурлак”, тука таа е женскиот Зак Галифианакис. Игра малку мажествена сестра на свршеникот, која секогаш става одличен зачин на секој муабет и на секој настан.Деверуши (Bridesmaids)Кинематографија: Според начинот на кој е снимен, „Деверуши“ по ништо не отскокнува од вообичаените американски комедии. Тука и таму има секс, но без некои претерани сцени и нормално присутни се и комичните ситуации поврзани со телесни течности. Имаме изгледано мал милион такви и сè зависи од тоа како се осмислени, а во „Деверуши“ тоа е направено одлично.Деверуши (Bridesmaids)Кога и како да го гледате: Да не повторувам дека ова е женски филм. Момци оваа недела само ве потсетуваме на некои минати рецензии („Пуштени од ланец“, „Изворен код“, „Непознат“), а за седум дена ќе понудиме и нешто за ваш вкус.Деверуши (Bridesmaids)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук