КАФЕ ПАУЗА

Tag: најдобра другарка

  • 12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка

    12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка

    Во денешно време, многу е тешко да се најде вистинско пријателство. Можеби имате голем круг познајници, но колкумина од нив можете да ги наречете пријатели? Колкумина од нив останале покрај вас во тешките периоди од вашиот живот и ви понудиле помош? Колкумина од нив ги сочувале сите ваши тајни и ви ги довериле нивните? Сигурно само еден или двајца. Доколку можете да ги препознаете следниве 12 знаци во односот со вашата најдобра пријателка, обидете се да ја сочувате таа врска засекогаш, бидејќи станува збор за вистинско пријателство кое ќе ви го разубави животот на посебен начин…rnrn12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателкаrnrn1. Секогаш ве поддржува, но доколку не сте во право, ќе ви ја каже вистината. Искреноста е многу важен сегмент од вашиот однос и таа не ви угодува само затоа што сте пријателки.rnrn2. Без никаков проблем разговарате за гадни работи. Можеби за некого „олеснувањето“ во тоалет е чувствителна тема на разговор, но не и за вас две. Веднаш можете да се впуштите во дискусија и детална анализа на сите ваши случувања во дигестивниот систем. Истото важи и за сите останати гадни теми.rnrn3. Луѓето ве прашуваат дали сте сестри. Вистина е дека луѓето кои поминуваат многу време заедно почнуваат да личат едни на други. Можеби воопшто не си личите, но сепак луѓето претпоставуваат дека сте сестри, бидејќи веднаш им станува јасно колку сте блиски.rnrn4. Им се „заканува“ на момците со кои се гледате. Вистинската пријателка ќе ја преземе улогата на родител и ќе се погрижи дека момчето со кое излегувате нема да ве повреди. Таа мислејќи го тоа сериозно, но низ шега ќе му каже дека ако ве повреди ќе си има работа со неа.rnrn5. Не се осудувате меѓусебно. Таа нема да ве осудува доколку гледате некое глупаво реално шоу, туку внимателно ќе ве слуша додека ги раскажувате сите непотребни детали од животот на славните.rnrn6. Ве видела во вашето најлошо издание. Пред неа не морате да ги криете солзите. Имате толку голема доверба во беа, што не ви е срам да заплачете како бебе и да си ја олесните душата.rnrn12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателкаrnrn7. Го познавате нејзиниот вкус и стил. Секогаш кога сами одите во шопинг, здогледувате нешто што знаете дека би ѝ се допаднало и веднаш се јавувате за да ја прашате дали сака да го купите тоа за неа.rnrn8. Понекогаш повеќе сакате да останете дома заедно во сабота вечер, отколку да излезете. Вашата заедничка забава не подразбира само излегување по ноќни клубови и флертување со момци. Убаво си поминувате дури и кога ќе останете дома да гледате филмови и да јадете пуканки.rnrn9. Си ги кажувате тајните на вашите партнери. Си ги кажувате дури и најинтимните работи како што се проблемите во креветот. Вистинската пријателка нема да ве исмева поради тоа, туку ќе ве увери дека нештата ќе се подобрат и ќе ви даде совет.rnrn10. Иако сте биле подолго време разделени, кога ќе се видите продолжувате од таму каде што сте застанале, како да сте се виделе вчера. Не сте се виделе подолго време, но кога повторно ќе се сретнете сѐ е по старо, како воопшто да не поминало толку време. Далечината не може да ги олади вашите односи.rnrn11. Ги обожавате истите серии. Веќе долго време сте пријателки, па така сте развиле сличен, но не и ист вкус. Понекогаш разговарате за Кери Бредшо и Саманта Џонс од „Сексот и градот“ како да се дел од вашето друштво. Дури и си доделувате улоги според вашите омилени ликови.rnrn12. Истовремено кажувате иста работа. Луѓето кои поминуваат многу време заедно, почнуваат да зборуваат на сличен начин и да користат слични изрази. Понекогаш ви се чини дека можете да си ги читате мислите, бидејќи истовремено изговарате исти работи.

  • 22 ситуации кои сите ние сме ги доживеале заедно со нашата најдобра пријателка

    22 ситуации кои сите ние сме ги доживеале заедно со нашата најдобра пријателка

    Иако веруваме дека имате голем број пријатели, секогаш постои таа една пријателка која ви е најблиска и на која први ќе ѝ се јавите кога ќе ви се случи нешто. Денес зборуваме за животните ситуации кои сте ги поминале токму со таа најдобра другарка. Сигурни сме дека ќе се препознаете во овие работи.rnrn1-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    1. Смислувате што да одговорите на пораката од симпатијата

    rn

    2. Се сокривате од некој што не сакате да го видите

    rn2-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    3. Опсесивното ги гледате омилените ТВ серии

    rn

    4. Се чувате една со друга, додека се враќате дома во недела наутро, во повесело издание од вообичаено

    rn3-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    5. Си помагате една на друга да го пребродите болното раскинување

    rn

    6. Го разгледувате профилот од неговата нова или бивша девојка и коментирате за фотографиите

    rn4-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    7. Си помагате при вселувањето, но и за време на иселувањето

    rn

    8. Дури и во најтешките ситуации, секогаш сте тука една за друга

    rn5-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    9. Започнувате диета и заедно одите во теретана, односно се откажувате од истото

    rn

    10. Губите драги пријатели и разговарате за тоа како луѓето се менуваат

    rn6-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    11. Излегувате во ноќен клуб, каде што ќе биде ТОЈ (иако на другата воопшто не ѝ се оди).

    rn

    12. Правите тест за бременост, дури и кога мислите дека нема потреба

    rn7-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    13. Се извлекувате од неудобна ситуација (не, тоа не се случува само во филмовите)

    rn

    14. Позајмувате половина од нејзиниот плакар и долго време не ѝ ја враќате облеката

    rn8-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    15. Можете слободно да ѝ се јавите и во 3 по полноќ доколку ви се разговара

    rn

    16. Ги опишувате сексуалните авантури до најситни детали

    rn9-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    17. Редовно барате мејкап и модни совети

    rn

    18. Танцувате во домот како никој да не ве гледа

    rn10-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    19. Си ги признавате дури и најсрамните тајни, оние кои не би ги признале никому

    rn

    20. Сте биле заедно во мала автомобилска несреќа

    rn11-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_rn

    21. Седите една покрај друга, секоја во свој филм, но и понатаму ви е убаво

    rn

    22. Оговарате на начин на кој не го правите со другите

    rn

    12-19-situacii-koi-site-nie-sme-gi-dozhiveale-zaedno-so-nashite-najdobri-drugarki-www.kafepauza.mk_

  • 10 мали потсетници што најдобрите другарки треба постојано да си ги кажуваат

    10 мали потсетници што најдобрите другарки треба постојано да си ги кажуваат

    Да имате една личност, една жена која ви значи многу повеќе од пријателка е благослов. Онаа која ја сметате како член на семејството, која можете да ја повикате доцна во ноќта и да плачете или да се смеете со неа… Имате подарок кој ви е пратен за да имате некого кој секогаш ќе биде тука за вас. Ценете ја и заблагодарете ѝ се. А ние ве потсетуваме дека никогаш не треба да заборавите да ѝ ги кажете овие мали, значајни работи.rnrn1-10-mali-potsetnici-koi-najdobrite-drugarki-treba-sekogash-da-si-gi-kazhuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ти си важна!

    rnСакај се себеси, немој да се изгубиш поради некој. Вистина е дека љубовта понекогаш знае да направи да замижеш пред некои работи, но тоа не значи дека треба да дозволиш љубовта да стане нож кој ќе те боцка сè повеќе и повеќе. Тоа не е љубов. Тоа е мрак, болка, мразење и многу други работи кои те прават несреќни. Никогаш немој да бидеш неправедна спрема себе, бидејќи ти си важна, за мене си важна.rn

    2. Твоите родители не те донеле на овој свет за ти да плачеш по некое момче!

    rnТие од тебе очекуваат повеќе, тие од тебе заслужуваат повеќе. Тие се грижеле и понатаму се грижат за тебе кога никој друг нема. Тие ќе бидат тука кога ќе останеш повредена и сама. Тие те избрале тебе за да бидеш нивно дете. Ти си избрана за да ги радуваш твоите родители. Тие се тука и ќе бидат тука, затоа сакај се и почитувај се себеси, бидејќи тоа твоите родители најмногу го посакуваат.rn

    3. Престани да се споредуваш и да се потценуваш!

    rnНе грижи се за тоа што некој ќе очекува од тебе. Оние кои те сакаат, ќе те остават да растеш, да созреваш, да се пронајдеш себеси. Оние кои те сакаат нема да дозволат да тагуваш, да паднеш, да дозволат некој да те повреди. Само затоа што твојот живот не оди онака како што некој друг би сакал, тоа никако не значи дека вредиш помалку. Ти си тука, сега и овде за да го живееш свој живот онака како што ти сакаш, да правиш онака како што мислиш дека е најдобро за тебе. Дури и да дојде до некоја грешка и погрешни одлуки, нема врска, ќе научиш и од нив, бидејќи тоа се твои грешки и ничии други.rnrn2-10-mali-potsetnici-koi-najdobrite-drugarki-treba-sekogash-da-si-gi-kazhuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не дозволувај твоето минато да те определува!

    rnАко некој се обидел да те дефинира во твоето минато, потсети го дека минатото е минато. Не мора да го полеваш овенатото цвеќе и да се жалиш зошто тоа не расцветува. Тоа е овенато, но затоа пак на негово место ќе израсне ново. Сегашноста е твојот нов, млад цвет. Оној кој ќе го полеваш, тој и ќе зајакнува. Бидејќи тоа што ќе го направиш денес е подобро од она што си го направила вчера.rn

    5. Пријателке, знаеш кој ќе го повикаш кога ќе ти биде тешко!

    rnЈас те сакам таква каква што си. Ги знам сите твои недостатоци, сите твои предности, сите твои подеми и падови, и понатаму те сакам. Ти ја заслужуваш целата љубов на овој свет, а најмногу онаа која самата ќе ја избереш. И немој да заборавиш дека јас ќе бидам секогаш тука за тебе.rn

    6. Никој не би требало да те осудува, но мила, секој тоа го прави!

    rnЗапамети го ова и продолжи понатаму. Без разлика што и да правиш во твојот живот, секогаш ќе се најдат оние кои мислат дека имаат право да ти кажат нешто. А тогаш кога ќе станеш нешто, тие повторно ќе дојдат и ќе кажат дека тие исто се заслужни за твојот успех. Не дозволувај му никому да го прави тоа, бидејќи ти си заслужна за твоите успеси, само ти.rn

    7. Животот е многу поубав кога не мора да вложуваш напори за луѓето кои не го заслужуваат тоа!

    rnТажно е тоа дека можеме да сакаме некој толку многу за дури и да му дозволиме да нè повреди. Немој да си дозволиш да се увериш себеси дека тоа е во ред, не дозволувај некој да те има, некој на кој не си негов цел свет.rnrn3-10-mali-potsetnici-koi-najdobrite-drugarki-treba-sekogash-da-si-gi-kazhuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    8. Ништо не е вредно за да се грижиш!

    rnТешко е да го слушнеш ова и да го направиш кога имаш големо срце. Но, не прави некоја работа во животот само затоа што некој друг ја побарал од тебе. Ако во себе слушнеш глас кој ти вели „не“, тогаш послушај го и замини. Бидејќи утрото може да зажалиш.rn

    9. Вистина е дека луѓето ќе нè повредат, но ти одреди кој е вреден за твоите солзи!

    rnНаправи го ова пред некој да дознае, нека се запрашуваат како си успеала. Ти знаеш дека можеш, можеш сè, можеш поради себе. Еден ден ќе се разбудиш и ќе си кажеш себеси дека никој не е вреден ниту пак нештата што те прават тажни, а потоа ќе продолжиш понатаму.rn

    10. И најважно од сè, ти си жена!

    rnЌе те почитуваат сите оние кои ќе видат на кој начин си одлучила да го живееш својот живот. Бидејќи тоа никој од мажите не може да го направи и запамети го ова. Избери како ќе го живееш својот живот и избери го оној кој ќе биде вреден да биде покрај тебе кога ќе сјаеш од среќа.

  • 15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка не

    15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка не

    Кога не се сакате себеси, поминувате толку многу време обидувајќи се да најдете важност и вредност на друг начин, што станувате слаби, несигурни и неспособни да им ја возвратите љубовта на луѓето кои го заслужуваат тоа. Сите сме ги имале тие моменти: кога сме ја изгубиле работата, кога ни се скршило срцето, кога сме повредиле некого. Животот е полн со ситуации кои нѐ тераат да заборавиме да се цениме и почитуваме себеси. Но, има една личност која ќе ве сака и покрај сѐ: вашата најдобра пријателка. Таа ќе остане покрај вас и во најтешките моменти и ќе го гледа вашиот потенцијал дури и кога вие ќе заборавите дека го имате. Ова се 15-те моменти кога таа ве потсетила да се сакате себеси.rnrn15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка неrnrn1. Кога сте ја изгубиле работата и кога ви помогнала да откриете каде всушност лежи вашата вистинска страст и интерес.rnrn2. Кога не сте биле во врска со момчето кое ви се допаѓало и кога таа ве потсетила дека не вреди да го трошите вашето драгоцено време на него.rnrn3. Кога сте испиле малку повеќе, а таа ве потсетила на 84-те личности од синоќа кои биле во полоша состојба од вашата.rnrn4. Кога сте го замениле тоа што го сакате за тоа што мислите дека е кул, а таа ве потсетила кои сте без да ве суди за тоа кои сте постанале.rnrn5. Кога сте аплицирале на факултетот од вашите соништа и не ве прифатиле, а таа ви докажала дека не е крај на светот.rnrn6. Кога сте запреле да го сакате вашето тело и да си ја давате самопочитта која ја заслужувате, а таа ви донела сладолед и ве потсетила дека сте една од најубавите девојки кои ги познава.rnrn7. Кога сте ставиле протези на 19 години и кога таа сепак продолжила да се фотографира со вас.rnrn8. Кога не сте успеале да влезете во популарниот круг на пријатели, а таа ве потсетила дека сте двојно подобри и поинтересни од сите личности од групата заедно.rnrn9. Кога сте страдале од најлошиот ПМС досега и кога ви донела 2 тона чоколадо и вино и ве слушала како ја колнете целата човечка раса.rnrn10. Кога сте направиле грешка и вината ве уништувала, а таа ве потсетила дека сте само човек и дека луѓето понекогаш грешат.rnrn11. Кога сѐ уште сте живееле дома дури и откако сте дипломирале, а таа ве потсетила на сите пари кои сте ги заштедиле на кирија и стресот кој никогаш не сте го почувствувале од делење простор со лоши цимери.rnrn12. Кога сте му се вратиле на момчето за кое сте знаеле дека не ве заслужува и таа ви дозволила да се жалите колку што ви е потребно, паралелно држејќи се до својот став дека тој за неа непотребно го троши воздухот.rnrn13. Кога сте дозволиле некој друг да ве дефинира кои сте и кога таа ви дала време одново да се откриете.rnrn14. Кога вашиот шеф направил да се чувствувате мали, а таа ве потсетила колку сте всушност силни.rnrn15. Кога се чувствувате сами и кога ќе се сетите дека тоа не е можно бидејќи имате најдобра пријателка како неа.

  • Вашата сродна душа отсекогаш била покрај вас: Вашата најдобра пријателка – вашето најголемо богатство

    Вашата сродна душа отсекогаш била покрај вас: Вашата најдобра пријателка – вашето најголемо богатство

    Го знаете оној момент кога запознавате некого и одеднаш ќе се појави „она“ чувство? Не знаете како се случува, но веднаш потоа вие станувате најдобри пријателки. Ние ги одбираме луѓето во нашиот живот. Некои сè уште се околу нас, некои заминале, но најдобрата пријателка е онаа личност која е секогаш тука – во добро, во лошо, при среќа и тага… Поради овие причини таа е вашата сродна душа.rnrn1-vashata-srodna-dusha-otsekogash-bila-pokraj-vas-vashata-najdobra-prijatelka-vasheto-najgolemo-bogatstvo-www.kafepuaza.mk_rnrn1. Вие понекогаш комуницирате без зборови. Толку сте блиски што понекогаш зборовите не се потребни. Доволно е само да си упатите еден поглед и да знаете што сакате да кажете без да го кажете тоа со зборови.rnrn2. Вие несвесно носите исти модни комбинации кога сте заедно. Кога треба да се сретнете, двете доаѓате во блуза со пруги и фармерки. Како се случува тоа? Не знаете, но знаете дека се случува често. Вие несвесно започнувате да се облекувате како близначки.rnrn3. Дури и кога не сте заедно, можете да почувствувате ако нешто не е во ред. Во оние денови кога се чувствувате тажно и осамено, вашата пријателка ќе дојде кај вас уште пред да ѝ го кажете проблемот.rnrn4. Вие си ги довршувате започнатите реченици. Една од вас ќе започне да кажува некоја приказна, а другата ќе се вклучи и совршено ќе ја заврши. Вие сте на иста бранова должина и совршено знаете што таа ќе каже уште пред да започне да го кажува.rnrn2-vashata-srodna-dusha-otsekogash-bila-pokraj-vas-vashata-najdobra-prijatelka-vasheto-najgolemo-bogatstvo-www.kafepuaza.mk_rnrn5. Вие имате листа со шеги кои никој освен вас не ги разбира. Никој не ја разбира вашата смисла за хумор и сите се чувствуваат изоставени кога вие две хистерично се смеете.rnrn6. Вие можете да поминете денови, месеци и години разделени, а веднаш штом се видите сè да биде како порано. Времето не е важно за вас две. Вашето пријателство е силно и константно, без разлика колку време поминало.rnrn7. Вие не можете да останете лути подолго време. Во ред, понекогаш може да дојде до некоја караница, но не можете да замислите никогаш повеќе да не зборувате. Се извинувате бидејќи знаете дека ќе биде голема загуба ако изгубите пријателка како неа. Таа го прави истото.rnrn8. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога имате важни новости. Без разлика дали таа вест е од големо значење за вас или пак е мала, секојдневна новост, таа е првата со која ја споделувате.rnrn9. Таа ќе ви ја каже вистината дури и кога е болна. Добрата пријателка ќе ви каже „бела“ лага за да ве расположи. Најдобрата пријателка ќе ви ја каже „грдата“ вистина, бидејќи таа знае дека така е најдобро за вас. Таа нема да ви каже дека ѝ се допаѓа момчето со кое излегувате, кога во суштина не може да го поднесе. Таа знае дека вие го заслужувате најдоброто и секогаш ќе се погрижи да го добиете.

  • Неколку совети за оние девојки кои се заљубени во братот на нивната најдобра пријателка

    Неколку совети за оние девојки кои се заљубени во братот на нивната најдобра пријателка

    Доколку одеднаш почнал да ви се допаѓа братот на вашата најдобра пријателка и забележувате дека и тој е заинтересиран за вас, тогаш време е да ги преземете нештата во ваши раце. Пред да направите што било со него, најпрво мора да се соочите со вашата најдобра пријателка. Таа сепак ви е најблиската личност во вашиот живот, со која ги споделувате сите ваши мисли, па токму затоа заслужува да знае и за оваа голема промена…rnrnНеколку совети за оние девојки кои се заљубени во братот на нивната најдобра пријателкаrn

    1. Кажете ѝ ја вистината

    rnТаа е вашата најдобра пријателка, па токму затоа и сигурни сме дека ќе ве разбере доколку ѝ ја кажете вистината. Сè што треба да направите е да соберете храброст и смирено да разговарате со неа. Не бидете опсесивни, ниту пак многу нападни со цел да не ја вознемирите. Можеби таа ќе се лути на почетокот, но по некое време ќе го прифати фактот дека вам навистина ви се допаѓа нејзиниот брат.rn

    2. Побарајте нејзина дозвола

    rnДоколку сакате да почнете врска со нејзиниот брат, многу е важно да ја прашате прво неа. Доколку таа одобри, честитки! Но, доколку таа има проблем со целата оваа ситуација, не правете ѝ ништо зад грб туку едноставно обидете се да ја премислите со помош на нејзиниот брат. Разговарајте сите тројца заедно со цел да ѝ покажете зошто сметате дека би било добра идеја вие двајца да бидете заедно. Од друга страна, доколку одлучите да правите што било зад нејзин грб, големи се шансите дека ќе ја повредите, а со тоа и дека ќе го уништите вашето пријателство.rn

    3. Не заборавајте на неа

    rnВие сте толку блиски што на некој начин дури се сметате и за сестри. Но, доколку почнете врска со нејзиниот брат не значи и дека треба целосно да заборавите на неа. Таа сè уште има потреба од вашето внимание, особено во оние ситуации кога ѝ требате за разговор. Без разлика колку е блиска таа со нејзиниот брат и колку добро се сложувате сите тројца заедно, сепак треба да одвојувате малку време и за да се видите со неа насамо. Ниту едно момче не е толку вредно да ја загубите вашата најблиска пријателка.

  • Цртаните на Дизни имаат голема лекција за вас: Ова е вистинско пријателство!

    Цртаните на Дизни имаат голема лекција за вас: Ова е вистинско пријателство!

    Можеби мислевте дека Дизниевите цртани филмови се обични содржини за деца, но верувајте дека грешите. Тие во себе содржат важни лекции за пријателството, љубовта, грижата… Во секој од нив има скриена порака која треба да ја разбереме и да ја практикуваме. Внимателно погледнете што велат цртаните на Дизни за пријателството и какви лекции тие споделуваат со вас.rnrn1-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вистинските пријатели чекорат со вас низ животот.

    rn2-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    2. Тие ве подигаат кога ќе паднете.

    rn3-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    3. И ги чуваат вашите тајни.

    rn4-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    4. Но, исто така ви помагаат да го намалите озборувањето.

    rn5-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    5. Тие се секогаш тука да ве држат за рака.

    rn6-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    6. Тие нема да ве осудуваат ако одвреме-навреме им се препуштате на задоволствата.

    rn7-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    7. Тие ве поддржуваат кога ви е најпотребно.

    rn8-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    8. Но, ве опоменуваат кога грешите.

    rn9-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    9. Тие се поврзани со вас на повисоко ниво – понекогаш не се потребни зборови.

    rn10-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    10. Кога ви треба утеха, тие знаат точно што треба да ви кажат.

    rn11-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

  • Девојки, да расчистиме, вашето момче никогаш нема да ја замени вашата најдобра другарка

    Девојки, да расчистиме, вашето момче никогаш нема да ја замени вашата најдобра другарка

    Пријателството во врската е еден од условите за односот да биде стабилен – за да може да се поднесе динамичноста на самата врска. Просто мора да знаете дека партнерот е на ваша страна, па затоа и вие мора да бидете на негова, без разлика дали за различни работи имате спротивно мислење и сте се карале поради тоа. Тоа е пријателството во врската. Но, вашиот пријател и другар не е вашата најдобра другарка и тоа не смеете да го помешате. Знак дека добро успевате во тоа е ако вашиот партнер и најдобрата другарка се одобруваат и се дружат, за разлика од случаите каде што тие двајца не можат да се поднесат – тогаш нешто не е во ред со вашиот партнер или другарка.rnrn1-devojki-da-raschistime-vasheto-momche-nikogash-nema-da-ja-zameni-vashata-najdobra-drugarka-www.kafepauza.mk_rnrnВашата најдобра другарка добро знае дека кога споделувате со неа некои проблеми од врската, таа не треба да го озборува вашиот партнер, туку да ве сослуша и да ви дозволи сами да одлучите како е најдобро да се постапи. Разговарајќи со неа за вашите проблеми, всушност сакате да се слушнете самите себе и својот удел во караницата и нејзиното разрешување. За истиот проблем ќе разговарате и со партнерот кога ќе престанете да се карате и тогаш ќе се сетите дека сте пријатели. Затоа ви е потребна најдобрата другарка и затоа е потребно да имате пријателски однос со партнерот. Затоа овие две пријателства се потполно различни.rnrnВо лошите периоди со партнерот, таа разлика ќе ви биде јасна. Бидејќи нему не би му го кажале сето она што би ѝ го кажале на вашата најдобра другарка – за него, за тоа дека сте бесни, лути, повредени, фрустрирани, и што ви паѓа на памет да направите, или можеби што сте направиле, а од што воопшто не ви станало полесно. Вашата другарка нема да ве осудува поради тоа што го правите или мислите, но ако партнерот би го знаел тоа, не би можел да го прифати, особено во кризните ситуации.rnrnМеѓутоа во добрите периоди, понекогаш забораваме дека партнерот не е нашата најдобра другарка, па започнуваме да му кажуваме за нас, за другите и за многу други работи кои тој не ги сфаќа онака како што ние очекуваме – бидејќи тој не е нашата другарка.rnrn2-devojki-da-raschistime-vasheto-momche-nikogash-nema-da-ja-zameni-vashata-najdobra-drugarka-www.kafepauza.mk_rnrnПартнерската интимност не е секогаш пријателска, почесто ја изразуваме во облик на поддршка тогаш кога на партнерот му е потребна или во давање на потребното време кога тој се обидува да одлучи што е најдобро за него, но истовремено и да сфати дека тоа не е добро за нас. Партнерското пријателство бара мудрост, прифаќање, молчење и дозволување, додека пријателството помеѓу две другарки дозволува зборување глупости, донесување избрзани заклучоци, мислења кои се менуваат на секој половина час и воопшто сета она нестабилност која може да ја изразиме кон најдобрата другарка, бидејќи таа знае дека не сме луди. Но, и да сме, тоа е таа женска лудост и таа ја разбира.rnrnАко на партнерот му ја сервираме нашата привремена некомпетентност која всушност е реакција на нашите внатрешни турбуленции, на обидите да ја исфрлиме нашата вина, да сфатиме што се случува, да се заштитиме од повредите и да направиме нешто, тој малку ќе се исплаши и ќе се оддалечи. Затоа што нема да разбере.rnrnТоа не значи дека пред партнерот треба да се правиме нормални, па потоа да трчаме кај нашата најдобра другарка и да се исповедаме, туку само дека не треба да очекуваме дека тој ќе биде нашата поддршка додека сме „луди“. Можеби ќе научи со тек на време, па дури и ако не сфаќа, па ќе ве пушти на мира и поучен од искуството, ќе почека нестабилноста да помине.

  • 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

    23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

    Пријателствата започнати во средно училиште се оние кои траат вечно. Особено кога станува збор за две пријателки, нивното заедничко искуство во овие години прави тие да бидат силно поврзани и едноставно да не можат да си го замислат животот една без друга. Токму затоа, ако имате и вие најдобра пријателка од средно училиште, без сомнение ќе се пронајдете во поголемиот дел од овие 23 нешта…rn

    1. Голем дел од вашите разговори се насочени кон потсетување на минатото.

    rnКога реченицата ќе започне со „Се сеќаваш ли кога…“ веднаш знаете дека ќе се вратите во минатото.rnrn(1) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиштеrn

    2. И најчесто овие разговори завршуваат со голема смеа.

    rnСамо оние кои биле таму можат да сфатат.rn

    3. Имате опасно голем број непријатни фотографии една од друга.

    rnВо погрешните раце тие би можеле да бидат смртоносни, но вие знаете дека се безбедни кај вашата пријателка.rn

    4. Многу добро го познавате нејзиното семејство, но и таа вашето.

    rnТие дури и ве сметаат како ќерката која никогаш не ја побарале…rnrn(2) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиштеrn

    5. Најмногу затоа што често останувате во нивниот дом за вечера.

    rnИ поради непријатните разговори кои ги имате со нејзиниот татко додека ја чекате вашата пријателка да се подготви за излегување.rn

    6. Вие сте пријатели на Фејсбук и со нејзините далечни роднини.

    rnБидејќи дури и тие ве сметаат како дел од фамилијата.rn

    7. Се чувствувате неверојатно удобно во нејзино присуство, како и таа во вашето.

    rnМожете целосно да се опуштите и да бидете онаа личност која сте, без да се плашите од осуда.rnrn(3) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиштеrn

    8. Не се чувствувате глупаво да поставувате било какви прашања, во било кое време.

    rnБез разлика на местото каде што се наоѓате.rn

    9. Секогаш знаете кога таа се чувствува лошо, дури и преку начинот на кој пишува пораки.

    rnЕдно смајли помалку од вообичаено сигурно значи голем проблем.rn

    10. Кога таа не се чувствува добро, вие секогаш ќе бидете покрај неа.

    rnБидејќи знаете дека ако вам не ви е добро и таа ќе биде покрај вас.rnrn(4) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиштеrn

    11. Не се срамите да ги споделите вашите најлоши тајни.

    rnБаш напротив, вие заедно го споделувате товарот при чувањето тешки тајни.rn

    12. И можете целосно да бидете искрени една кон друга.

    rnЗнаете дека таа ќе ви ја каже вистината, дури и ако не сакате да ја чуете.rn

    13. Нејзините непријатели се и ваши непријатели.

    rnСветот знае дека ако има проблем со неа, ќе има и со вас.rnrn(5) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиштеrn

    14. Особено кога станува збор за бивши дечковци.

    rnВие секогаш сте на нејзината страна.rn

    15. И секогаш се чувате.

    rnБез разлика што животот ќе фрли кон вас, вие имате личност со која можете заедно да се соочите.rn

    16. Имате тон шеги кои никој друг не ги разбира.

    rnСо оглед на тоа колку време поминувате заедно, чудно како немате повеќе.rnrn(6) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиштеrn

    17. Секогаш си позајмувате нешта, но никоја од вас не внимава што.

    rnВо еден момент сигурно во вашиот шкаф сте имале повеќе нејзини алишта, отколку ваши.rn

    18. Вие сте секогаш први кои коментирате или лајкувате на вашите статуси.

    rnТоа е едноставно љубезно од ваша страна.rn

    19. Одамна не ги почнувате разговорите со „здраво“ и веднаш преминувате на важното…

    rnНема потреба да должите.rnrn(7) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиштеrn

    20. Бидејќи сте во комуникација 24/7.

    rnПлус нема поента да го трошите вашето време на глупости, кога има поважни работи за озборување.rn

    21. Кога подолго време ќе поминете без да разговарате, се чувствувате како нешто да не е во ред.

    rnТаа почнува сериозно да ви недостасува.rn

    22. Но, кога сте во контакт, сите нешта ви изгледаат многу подобро.

    rnИ никогаш нема да си здодеете една на друга.rnrn(8) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиштеrn

    23. Бидејќи без разлика на тоа колку вашите патишта ќе ве оддалечат, вие ќе бидете тука една за друга.

    rnЗасекогаш.

  • Сакате да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка? Кога тоа е во ред, а кога не треба ниту да помислите?

    Сакате да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка? Кога тоа е во ред, а кога не треба ниту да помислите?

    Секогаш е погрешно да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка, така? Тоа е како еден вид женско правило. Но, сè зависи од тоа како вашата другарка гледа на целата таа ситуација. Ако ја повреди, дали ќе вреди да започнете нешто со него? Запомнете, не правете нешто поради што ќе ја изгубите вашата другарка. Во кои ситуации е дозволено да почнете да излегувате со бившиот на вашата другарка, а во кои не смеете ниту да помислите на тоа?rnrn1-sakate-da-zapochnete-da-izleguvate-so-bivshiot-na-vashata-drugarka-koga-toa-e-vo-red-a-koga-ne-treba-nitu-da-pomislite-www.kafepauza.mk_rn

    Може да започнете да излегувате со него кога:

    rn1. Тој е нејзин стар партнер за кој таа воопшто не размислува. Ако нивната врска завршила пред неколку години, а вашата другарка продолжила понатаму, тогаш дадете му шанса. Таа го преболила. Вие бевте доволно добра пријателка и ги држевте вашите чувствата за него потиснати во себе.rnrn2. Тоа било раскинување без премногу емоции. Раскинувањата не се секогаш лоши. Понекогаш и двајцата партнери се согласуваат дека нивната врска воопшто не оди, па заеднички се одлучуваат на тој чекор. Раскинувањето поминало без премногу емоции, па таа воопшто нема да ви замери. Само осигурајте се дека таа воопшто не е заинтересирана за него.rnrn3. Тие се другари. Ова е идеална ситуација. Раскинувањето поминало во најдобар ред и тие се сега другари. Тие се среќни што продолжиле да излегуваат со други луѓе, а притоа воопшто не се лутат. Слободно поканете го да излезете.rnrn4. Ако сте ја прашале дали е во ред да излезете со него и таа ви рекла „да“. Ако не сте сигурни како таа ќе реагира на тоа – прашајте ја. Можеби на почетокот ќе реагира бурно, но потоа ќе биде во ред со тоа. Сè додека ги почитувате нејзините желби нема да ја изгубите како другарка, но најбитно, ќе знаете дали за неа ќе биде во ред да започнете да излегувате со нејзиниот бивш.rnrn5. Таа продолжила понатаму во среќна врска. Дали вашата пријателка е во среќна, сериозна врска? Знаете што значи тоа? Вие имате зелено светло ако сакате да започнете да излегувате со нејзиниот бивш. Таа продолжила и е среќна. Ако таа е ваша другарка сигурно ќе сака и вие да бидете среќни како неа.rnrn6. Вие го сакате него повеќе отколку неа. Запрашајте се како навистина се чувствувате. Дали го сакате него повеќе отколку што ја сакате неа? Ако започнете да излегувате со него, може да го загубите вашето пријателство засекогаш. Но, понекогаш срцето го сака она што го сака.rnrn7. Таа врска никогаш не била сериозна. Дали таа врска траела неколку недели? Дали била официјална? Тоа никогаш не било сериозна врска и не завршила премногу драматично, па очигледно е дека таа воопшто нема да се грижи за него. Тоа нема да ѝ значи ништо.rnrn2-sakate-da-zapochnete-da-izleguvate-so-bivshiot-na-vashata-drugarka-koga-toa-e-vo-red-a-koga-ne-treba-nitu-da-pomislite-www.kafepauza.mk_rn

    Не помислувајте да излезете со него кога:

    rn1. Ако раскинувањето било драматично. Ако ова е точно, не помислувајте да започнете да излегувате со него. Шансите да ја разлутите ако го направите тоа се многу големи. Едноставно не вреди да ја ставите во ситуација да мора да го поднесува тоа. Ако ништо друго, почекајте да го преболи.rnrn2. Сè уште не го заборавила. Почитувајте ја и дајте ѝ време за да го заборави. Ако започнете да излегувате со него, тоа само ќе ја повреди. Дали навистина сакате да ѝ го направите тоа? Не е во ред да започнете да се гледате со него ако таа сè уште има чувства кон него.rnrn3. Таа се вознемирува кога ќе го спомнете. Пробајте да го изговорите неговото име и забележете како таа ќе реагира. Дали таа се вознемирува или започнува да плаче? Дали е лута? Дали нејзините рани сè уште се отворени? Ако почнете да излегувате со него само ќе додадете сол на нејзината рана. Дајте ѝ време. Не ја измачувајте така што во нејзината околина повторно ќе го вратите момчето за кое таа сè уште има чувства.rnrn4. Тој ја изневерил. Не е важно колку многу го сакате него. НЕ ЗАПОЧНУВЈТЕ ДА ИЗЛЕГУВАТЕ СО НЕГО. Ако тој ја изневерил неа, најверојатно тоа ќе ви се случи и вам. Ова не значи дека не ја почитувате вашата другарка, туку значи дека не се почитувате самите себе. Момците кои изневеруваат не заслужуваат да ги ставите пред вашата другарка. Вашата врска ќе заврши во истиот момент кога ќе дознаете дека ве изневерил. Тој никогаш нема да биде само ваш. Не губете ја вашата другарка поради него.rnrn5. Кога ја прашавте таа изреагира бесно. Кога ја прашавте дали тоа ќе биде во ред, дали таа изреагира бесно? Дали е потребно да ви кажеме што значи ова? Послушајте ја. Таа не се согласува со ова. Заборавете на него.rnrn6. Кога ја сакате неа повеќе отколку него. Дали вашето пријателство ви е поважно од некое момче? Дали сте навистина сигурни дека тој е вистинскиот? Ако ја сакате вашата другарка многу повеќе отколку нејзиниот бивш, тогаш направете го најдоброто и пронајдете некој друг. Момците доаѓаат и заминуваат, но пријателствата остануваат вечно.rnrn7. Штотуку раскинале. Најверојатно вие бевте заљубени во него додека тие сè уште беа заедно. Можеби ќе можете да започнете да излегувате со него, но не сега. Никогаш, под никакви околности, не помислувајте да започнете да излегувате со момчето на вашата другарка веднаш по нивното раскинување. Дури и да било „лесно“ раскинување. Почекајте. Ако започнете веднаш, таа секогаш ќе се запрашува дали вие сте сакале да го украдете нејзиното момче.