Ви се најавиле ненадејно гости? Ви се јаде нешто благо, но немате време за приготвување торти и колачи? Ова е најбрзиот и најлесниот чоколаден колач кој некогаш воопшто ќе го направите.
rn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
- 85 г несолен путер
- 400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
- 180 мл хопла
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСо мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените колачи и измешајте за да се соедини сè. Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.rnrn
rnrnПред да го сервирате, исечете го на подебели кришки.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
