КАФЕ ПАУЗА

Tag: благо

  • Како да знаете колку благо е премногу благо?

    Како да знаете колку благо е премногу благо?

    Дури и ако сте на диета, понекогаш нема да можете да одолеете да посегнете по грицки или по колачи и да се наградите малку. Но, повеќето луѓе јадат премногу слатка храна. Дали некогаш сте прочитале на декларациите на ваквите производи што пишува за големината на препорачаната дневна порција? Ако не сте прочитале, можеби ќе бидете изненадени.rnrnКако да знаете колку благо е премногу благо?rnrnСпоред новото истражување на компанијата „PoundToy“, големината на препорачаните порции се разликува од она што луѓето се навикнати да го јадат, што значи дека повеќето луѓе се прејадуваат со грицки.rnrnЕве што велат експертите за препорачаните дневни порции на некои од вашите омилени закуски:rn

    1. Чоколадо

    rnВо пакувањето од 200 грама млечно чоколадо пишува дека препорачаната порција е 47,5 грама, што значи дека можете да јадете околу една петтина од чоколадото или во предот: може да скршите околу пет коцки.rnrnАко сте љубител на мали чоколадни бонбони, како што се „Smarties“, треба да знаете дека препорачаната дневна количина изнесува 15 до 17 бонбони.rn

    2. Чипс

    rnПрепорачаната доза за чипс во кутија, како што е брендот „Pringles“, е од 13 до 15 листови чипс.rnrnВо големо пакување од 175 грама, има шест порции, што значи дека треба да имате по малку за секој ден во текот на целата недела. Ако купите помало пакување од 55 грама, препорачаната дневна порција чипс е околу 30 грама, така што имате барем 1,5 порции во тоа пакување.rn

    3. Газирани и слатки пијалаци

    rnГазираните пијалаци се полни со шеќер и со калории, па затоа навистина треба да бидете внимателни, а препорачаната дневна количина е 250 милилитри. Сепак, не се препорачува да пиете газирани пијалаци секој ден.rn

    4. Бонбони

    rnМногумина не можат да им одолеат на гумените бонбони, но бидете внимателни. Дури и мало пакување од 100 грама содржи околу 350 калории, а дозволената порција е само 78 калории.rnrnЗначи, препорачаната порција гумени бонбони е само 5 бонбони. Но, повеќето луѓе веројатно не знаат како да прекинат да ги јадат.rn

    5. Житарки

    rnЖитарките, како што е овесната каша, се одличен избор за здрав појадок, но само ако се држите до препорачаната доза. Една порција содржи 30-40 грама, што значи дека едно стандардно пакување од 750 грама содржи околу 20 порции.rnrnЗа појадок, доволно се околу 30 грама или околу 3 лажици житарки.rnrnСе разбира, овие мерки не се препорачуваат ако ја консумирате оваа храна секој ден. Препорачаната доза зависи и од тоа колку калории сте внесле за време на главните оброци, па затоа во некои случаи е подобро да ги прескокнете слатките и грицките. Но, ако посегнете по нив, имајте на ум дека сите горенаведени мерки завршуваат како вишок килограми и мрснотии во телото.rnrnПрочитајте како да пресметате колку чаши вода треба да пиете секој ден.

  • Ако постојано ви се јадат слатки нешта, еве како да го спречите тоа

    Ако постојано ви се јадат слатки нешта, еве како да го спречите тоа

    Десертите се сладок грев на повеќето од нас и едвај можеме да им одолееме, но што да правиме кога ќе станеме зависни од шеќер и кога потребата од слатко станува постојана?rnrnAко постојано ви се јадат слатки нешта, еве како да го спречите тоаrnrnАко консумацијата на слатки станува секојдневна, можеби треба да започнете сериозна борба со слабеењето. Затоа ви подготвивме неколку совети кои ќе ви овозможат да го избегнете прекумерниот внес на шеќер.rn

    1. Заобиколете ги колачињата без шеќер

    rnАко сакате да изедете нешто слатко, дозволете си неколку бисквити, или ред чоколадо, бидејќи сè е добро, додека е умерено. Ова е многу подобро отколку да се изберат производи „без шеќер“, кои често има вештачки засладувачи и ароми кои се поштетни и предизвикуваат глад.rn

    2. Најдете замена за белиот шеќер

    rnКога ви треба шеќер, најдобро е да јадете овошје наместо слатки. Најдобрата замена за белиот шеќер е овошниот шеќер, кој ќе ве држи заситени подеднакво долго време. Плус, екстрактот од ванила и цимет се добра замена, а исто така, се и одлични засладувачи, па можете да ги користите за да го засладите кафето.rn

    3. Обратете внимание на вашата исхрана

    rnЖелбата за шеќер доаѓа кога вашата исхрана се заснова на едноставни јаглени хидрати и заситени маснотии. Решението е поголем дел од вашата исхрана да се заснова на растителни влакна и протеини, кои ќе ве одржат подолго време заситени, намалувајќи ја потребата од шеќер.rn

    Рецепт: Здрави бонбони со чиа семе и чоколадо

    rnДоколку немате инспирација да подготвите здрав десерт и сакате да пробате нешто иновативно и едноставно, ние го најдовме вистинскиот рецепт за вас.rnrnAко постојано ви се јадат слатки нешта, еве како да го спречите тоаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    •     3 лажички чиа семе
    • rn 011

    •     1/2 шолја вода
    • rn 011

    •     1/3 шолја кокосов шеќер
    • rn 011

    •     1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    •     1/4 лажичка масло од семе од грозје
    • rn 011

    •     3 лажички ладна вода
    • rn 011

    •     1/2 лажичка морска сол
    • rn 011

    •     110 г чоколадо за готвење, без шеќер
    • rn 011

    •     1/4 шолја какао
    • rn 011

    •     1 шолја пченично брашно
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Измешајте ги чиа семките со 1/2 чаша вода и екстрактот од ванила.
    2. rn 011

    3. Загрејте ја рерната на 190 ᵒС и покријте ја тавата за печење со мрсна хартија.
    4. rn 011

    5. Во смесата измешајте ги шеќерот и маслото, па додадете 3 лажички вода и малку сол. Гответе ја смесата на средна температура. Мешајте 1 минута откако ќе зоврие.
    6. rn 011

    7. Тргнете го садот од топлина и додајте го чоколадото и какаото.
    8. rn 011

    9. Промешајте додека не се стопи чоколадото и ставете ја смесата во подготвената тава за печење.
    10. rn 011

    11. Печете го тестото 18 минути.
    12. rn 011

    13. Почекајте колачот да се излади, исечкајте го на ситни коцки, сервирајте и уживајте!
    14. rn

    rnМожеби сакате да прочитате и овие благотворни рецепти со цимет за убавина и здравје.

  • Мамурлак од благо! Да, добро слушнавте и е исто толку тежок колку и оној од премногу алкохол!

    Мамурлак од благо! Да, добро слушнавте и е исто толку тежок колку и оној од премногу алкохол!

    Можеби вечерва се предозиравте од чоколади и вафли, па не се чувствувавте добро утрово. Се чувствувате како да имате мамурлак и навистина го имате, но поради премногу шеќер!rnrnМамурлак од благо! Да, добро слушнавте и е исто толку тежок колку и оној од премногу алкохол!rnrnЗнаеме дека мамурлаците се последица од консумирање премногу алкохол, но и слатките работи може да предизвикаат слично чувство!rnrnЗначи, не станува збор за мамурлак во буквална смисла, но доколку јадете премногу слатки, можеби ќе добиете некои симптоми на мамурлак: нервоза, главоболка и вртоглавица.rnrnСпоред нутриционистот Ким Ларсон мамурлакот предизвикан од шеќер навистина постои, во смисла дека може да се почувствувате лошо кога внесувате премногу шеќер.rnrnНа почетокот, преработениот шеќер го зголемува нивото на ендорфин во организмот и прави да се чувствуваме добро. Но, потоа настанува ненадеен пад на шеќерот во крвта, што прави да се чувствуваме уморно, нервозно и иритирано.rnrnЈадењето бонбони само повремено не е толку страшно, но ако консумирате многу шеќер премногу често, тоа може да има долгорочни здравствени ефекти, па дури може да доведе и до промени во мозокот.rn

    Навика која брзо станува зависност

    rnМамурлак од благо! Да, добро слушнавте и е исто толку тежок колку и оној од премногу алкохол!rnrnАко често консумирате многу шеќер, постои ризик тоа да ви стане навика, а д-р Лора Шмит од универзитет во Сан Франциско вели дека навиката всушност станува зависност.rnrnИако овие истражувачки досега не спровеле одредено истражување за ваквиот тип мамурлаци, тие имаат доста добри докази за поврзаноста меѓу неверојатната желба за благо и последиците од неговата консумација. Велат дека во одреден временски период, може да го промените составот на „центарот за наградување“ на мозокот. А тоа е нешто за што треба да се размисли, вели д-р Шмит.rnrnШеќерот го зголемува нивото на домапин, во делот на мозокот кој е поврзан со чувството на задоволство. Ако инјектираме допамин „однадвор“ во телото преку внесување слатки, со текот на времето мозокот почнува да „сфаќа“ дека не мора да произведува толку допамин.rnrnЗатоа, веднаш штом „надворешниот допамин“ или слатките нешта ќе се намалат или елиминираат, доаѓа таа нескротлива желба за благо.rnrnНајдобар начин да ги избегнете овие негативни последици од внесувањето на шеќер е да ја ограничите консумацијата на храна и пијалаци што го содржат.rnrnСпоред овие истражувачки нема потреба од внесување шеќер во организмот на дневно ниво.rnrnМожеби сакате да го прочитате и овој нов доказ: Кафето го штити мозокот.

  • Ангелски колач – наједноставното слатко волшепство!

    Ангелски колач – наједноставното слатко волшепство!

    Доколку сакате на лесен и брз начин да направите нешто благо, а притоа да немате грижа на совеста, ви го предлагаме овој колач.rnrnАнгелски колач – наједноставното слатко волшепство!rnrnАнгелскиот колач, кој е една од омилените слатки работи во Америка, името го добил заради тоа што е лесен, воздушест и бел. Затоа што нема холестерол и маснотии и има многу мал број калории, дозволен е и во диетите.rnrnЗа негова подготовка се потребни околу 50 минути.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 12 белки на собна температура
    • rn 011

    • 120 г брашно
    • rn 011

    • ¼ мала лажичка сол
    • rn 011

    • 1 мала лажичка прашок за печиво
    • rn 011

    • 200 г шеќер
    • rn 011

    • 2 мали лажички екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Добро изматете ги белките со миксер и додајте го шеќерот.
    2. rn 011

    3. Измешајте ги останатите состојки и додајте ги во изматените белки.
    4. rn 011

    5. Загрејте ја рерната на 170° C.
    6. rn 011

    7. Во подмачкан сад за печење ставете ја подготвената смеса. Најдобро е садот да биде со дупка на средината, како оној за правење куглоф. Така колачот подобро ќе се испече.
    8. rn 011

    9. Печете го колачот од 30 до 40 минути, додека не добие жолта боја и додека малку не спласне.
    10. rn 011

    11. Почекајте да се излади, а потоа внимателно извадете го од калапот.
    12. rn 011

    13. Може да го комбинирате со шлаг и свежо овошје.
    14. rn

    rnНа здравје!rnrnАко уште ви се готви израдувајте ги вашите најмили и со овие пајак-колачиња.

  • Вкусно и здраво слатко задоволство што можете да го јадете без грижа на совест

    Вкусно и здраво слатко задоволство што можете да го јадете без грижа на совест

    Во потрага по здрав десерт наидовме на овој рецепт кој веруваме дека ќе ви се допадне. Подготовката е лесна и брза и не одзема многу време. Во продолжение прочитајте како да го подготвите ова слатко задоволство.rnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 грама какао путер
    • rn 011

    • 2 лажици кокосово масло
    • rn 011

    • 150 грама какао во прав
    • rn 011

    • 3 лажици јаворов сируп
    • rn 011

    • 1 лажица лецитин
    • rn 011

    • Малку сол
    • rn

    rn

    Потребни состојки за слојот од бело чоколадо:

    rn

      rn 011

    • 100 грама какао путер
    • rn 011

    • 1 лажица кокосово масло
    • rn 011

    • 3 лажици јаворов сируп
    • rn 011

    • 1 лажица лецитин
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnРастопете ги путерот и маслото, па додајте ги сите останати состојки. Добиената смеса поделете ја на два дела и во едниот дел додајте неколку лажички кокосово или бадемово млеко. Измешајте убаво.rnrnЗа слојот од бело чоколадо растопете ги путерот и маслото, додајте ги преостанатите состојки и добро измешајте. Сега ќе имате три различни смеси кои треба да ги оставите да се изладат и малку да се зацврстат, а потоа во калапи за мафини ставете по една лажица од секоја мешавина и убаво измешајте.rnОставете ги во замрзнувач околу 30 минути и после тоа можете да ги послужите.rnНа здравје!rnrnПробајте го и овој фантастичен овошен десерт со крем од ванила.

  • Во кој дел од денот е најдобро да изедете нешто благо?

    Во кој дел од денот е најдобро да изедете нешто благо?

    Дури и ако од исхраната сте ги исфрлиле лебот, тестото и сè друго што е направено од брашно, голема е веројатноста одвреме-навреме да посакате нешто благо. Ова е сосема во ред, но само ако се консумира умерено. Ако имате потреба од јаглехидрати, треба само да знаете кој е најдобриот дел од денот за овој вид храна.rnrnВо кој дел од денот е најдобро да изедете нешто благо?rnrnНаводно, постои дел од денот кој е најлош за консумирање јаглехидрати. Според нутриционистката Шауни Сако, продуктите како бел леб и печива не би требало да ги јадете за појадок.rn

    „Најважниот оброк за урамнотежена исхрана е појадокот. Тогаш внесувате гориво за целиот ден и важно е нивото на шеќер во крвта да биде постојано. Можеби е тешко да подготвите добар појадок бидејќи повеќето луѓе немаат време и веројатно често се задоволувате со нешто благо, како на пример палачинки. Ако сметате дека е подобро да внесувате калорична храна наутро бидејќи има време кога да ги согорите калориите, тогаш само си штетите. Причината е што не му давате доволно енергија на телото за денот кој ве чека“, изјавила Сако.

    rnСпоред нејзините препораки, никогаш не е добро да јадете оброк со шеќер и рафинирани јаглехидрати. Без рамнотежата од протеини и добри јаглехидрати, нивото на шеќер нагло ќе порасне, а потоа ќе се спушти и ќе направи да се чувствувате гладно и без енергија.rnrnНајдобро е да појадувате продукти богати со протеини и добри јаглехидрати. Ова може да бидат варени јајца или јаткасти плодови. Ако сакате нешто брзо можете да додадете путер од бадеми во овесната каша или да изедете јаболко со путер од кикирики. Исто така одличен појадок е препечен интегрален леб со сланина и домат.rn

    „Ако сакате да се задоволите со нешто благо или нешто со брашно, најдобро е да го направите тоа пред крајот на денот. На овој начин ќе го избегнете падот на шеќерот во крвта и новата желба за нездрава храна.“

    rnПогеднете и која храна не е препорачана за појадок од страна на нутриционистите.

  • Кремисимо коцки: Вкусен десерт одличен за секоја пригода

    Кремисимо коцки: Вкусен десерт одличен за секоја пригода

    Овие кремасти коцки се навистина лесни за подготовка и се толку вкусни што веднаш ќе ги изедете.

    rnВкусни кремасти коцки одлични за секоја пригодаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 600 милилитри млеко
    • rn 011

    • 2 кесички пудинг од ванила
    • rn 011

    • 125 грама маргарин
    • rn 011

    • 100 грама шеќер во прав
    • rn 011

    • 3 лажици шеќер
    • rn 011

    • 100 грама крем
    • rn 011

    • 70 грама темно чоколадо
    • rn 011

    • 4 крем банани
    • rn 011

    • 36 парчиња бисквити
    • rn 011

    • 200 милилитри млеко за бисквитите
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Измешајте ги пудингот, трите лажици шеќер и 100 милилитри млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ја смесата со пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади.
    • rn 011

    • Во сад измешајте ги маргаринот и шеќерот во прав, додајте го изладениот пудинг и поделете ја смесата на 3 дела.
    • rn 011

    • Во едниот дел ставете ги исечканите крем банани, во другиот кремот, а во третиот додајте го растопеното темно чоколадо.
    • rn 011

    • На чинија наредете 12 бисквити потопени во млеко, па нанесете еден дел од смесата. Повторно наредете 12 бисквити и нанесете го вториот дел од смесата. Наредете ги останатите 12 бисквити и завршете со третиот дел од смесата.
    • rn 011

    • Оставете го колачот преку ноќ или неколку часа во фрижидер.
    • rn 011

    • Исечете го на коцки и послужете.
    • rn

    rnАко сакате едноставен летен ручек, пробајте го овој рецепт за полнети домати.

  • Десерти во Париз: Највкусната колекција од фотографии која некогаш сте ја виделе

    Десерти во Париз: Највкусната колекција од фотографии која некогаш сте ја виделе

    Тал Спигел, готвачка од Париз, без сомнение има еден од најразнобојните профили на Инстаграм. Таа е шеф на кујна и графички дизајнер, чија цел е да ги истражува најдобрите места каде што можете да најдете вкусни десерти во Париз (кои одговараат со чевлите кои ги носите). Погледнете дел од нејзината колекција која ќе ве натера да посакате да ги извлечете овие десерти од мониторот и веднаш да ги изедете сите!rnrn(1) Десерти во Париз: Највкусната колекција од фотографии која некогаш сте ја виделеrnrn

  • 5 прехранбени продукти кои ќе ви ја уништат желбата за благо

    5 прехранбени продукти кои ќе ви ја уништат желбата за благо

    Доколку сакате да го елиминирате благото од исхраната, пробајте со следниве хранливи продукти без воопшто да чувствувате грижа на совест. Ако премногу се препуштате на желбата за шеќер и преработената храна, ќе предизвикате брз раст, а потоа и подеднакво брз пад на гликозата во крвта. Тој брз пад ќе предизвика уште поголема потреба од шеќер, па така се создава маѓепсан круг. Според нутриционистите, ова може да го прекинете само со јадење здрава храна која ја спречува желбата за шеќер. Сложените јаглехидрати, односно полисахаридите, имаат слично влијание во поглед на серотонинот. Следните намирници ја задоволуваат вашата потреба за слатки работи, без да му наштетат на вашето здравје.rnrn5 прехранбени продукти кои ќе ви ја уништат желбата за благоrn

    1. Домати

    rnДоматите ја намалуваат желбата за благо затоа што содржат високо ниво триптофан, материја која телото ја претвора во серотонин. Овој плод е богат и со хромом, минерал кој ја намалува желбата за храна и го регулира холестеролот и нивото на гликоза во крвта.rn

    2. Јаболка

    rnЕдно од најдобрите овошја за задоволување на желбата за благо е јаболкото. Лесно е да го носите со себе и не е потребно да се сече или лупи како другите овошја. Дури и киселите видови јаболка содржат многу здрави јаглехидрати. Ова овошје е богато со хранливи влакна, кои даваат чувство на ситост и го намалуваат гладот.rn

    3. Блага пченка

    rnБлагата пченка е уште еден здрав продукт кој може да ви помогне во одвикнувањето од благо. Посебно добро ја неутрализира желбата за благо кога е сварена. Таа изобилува со антиоксиданси, витамини, минерали и хранливи влакна. Покрај желбата за благо, благата пченка го смалува и гладот.rn

    4. Благ компир

    rnУште еден зеленчук кој може да ви помогне е благиот компир. Овој прехранбен продукт нема само да ја задоволи вашата желба за благо, туку дополнително ќе го збогати организмот со витамин Ц, Д, Б6 и железо. Хранливите материи во благиот компир можат да спречат болести на срцето, рак и други дегенеративни болести. rn

    5. Цимет

    rnЦиметот е фантастичен зачин кој има специфичен вкус и мирис, па можете да го додавате во многу јадења. Циметот одлично помага против желбата за благо. Овој зачин ги спречува ненадејните осцилации во нивото на гликозата, кои ја зголемуваат желбата за шеќер и со тоа ја одложуваат потребата за внесување нова порција благи.

  • 5 корисни совети кои ќе ви помогнат да ја намалите желбата за јадење слатки работи

    5 корисни совети кои ќе ви помогнат да ја намалите желбата за јадење слатки работи

    Најчестата причина поради која имаме зголемена желба за внесување благи работи е тоа што нашиот инсулин се навикнал на висока концентрација шеќер во крвта, при што и тој е висок, па кога не внесуваме благо тој паѓа ниско и нашиот организам бара шеќер. Тогаш се чувствуваме уморно, ни се врти во главата, немаме сила и енергија.rnrnrnrnЕве неколку совети коишто ќе ви помогнат да ја совладате преголемата желба за слатки работи, а притоа да се чувствувате добро, здраво и полни со енергија.rnrn1. Зголемете го консумирањето протеини. Често, на нашиот организам му фалат протеини, а ние тоа го чувствуваме како да ни фали шеќер, па на тој начин не го решаваме проблемот. Потрудете се во секојдневните оброци да внесувате повеќе протеини (јајца, туна и слично).rnrn2. Тргнете ги сите слатки од куќата. Многу е важно да ги тргнете сите слатки работи и да не ги држите во секоја фиока во вашата куќа. На овој начин ќе го спречете јадењето од досада, што се случува многу често. Така, кога ќе се случи да имате јака желба за внесување благо, слатките нема да ви бидат при рака и ќе мора да внесете нешто здраво, како на пример овошје.rnrn3. Јадете често и по мали оброци. Избегнувајте да прегладнувате, затоа што на тој начин инсулинот ви паѓа и го создава она опасно чувство коешто може да ве доведе до прејадување со слатки работи.rnrn4. Отстранете ги вештачките засладувачи. Сахаринот само ни создава поголема желба за благо.rnrn5. Одвикнете се од слатки. Одеднаш прекинете го консумирањето слатки на неколку денови. Инсулинот се навикнал на многу шеќер и затоа реагира кога нема да внесеме нешто благо, правејќи нè зависни од шеќер. Ќе биде тешко три до четири дена додека инсулинот не се навикне на ниската доза шеќер, а потоа ќе ви биде многу полесно.