КАФЕ ПАУЗА

10 најубави езера во светот

Природата со својата убавина секогаш знаела да нè воодушеви. Природните езера низ светот навистина ја имаат моќта да ја смират душата и да донесат мир и спокој во напорното секојдневие. Во оваа селекција се вклучени светските езера, кои ретко кому се познати, а воодушевуваат со својата бистрина, околина и атрактивност. Уживајте.rn

Плитвички езера, Хрватска

rnОвие прекрасни езера се наоѓаат во планинскиот предел Лика во Хрватска и се прогласени за Национален парк. Езерата се опколени со три планини, Мала Капела, Плешивица и Динарските Алпи. Овој национален парк се состои од езера, планини, пештери и водопади. Има 16 езера кои се прелеваат во сина, зелена, азурна и сива боја.rnrn10 најубави езера во светотrn

Езерото Блед, Словенија

rnЕзерото Блед се наоѓа во регионот Горна Карниола. Името го има добиено по Бледскиот замок. Езерото добива дополнителна убавина од одблесокот на замокот, кој се наоѓа на карпест остров на средината од него. Местото е многу позната туристичка атракција поради мистичноста и кралскиот изглед на замокот. Тоа е одлична дестинација за заљубени парови, сликари и спортисти. Езерото и околината нудат можност за занимавање со разни спортски активности како голф, пловење, веслање, рибарење, јавање и пешачење. Блед е домаќин и на светското првенство во веслање. На островот во езерото има 99 скалила, а интересна традиција е младоженецот да ја искачи невестата по нив на денот на свадбата.rnrn10 најубави езера во светотrn

Езерото Масуко, Јапонија

rnЕзерото Масуко, познато како Машу, претставува прекрасно езеро формирано во „котелот“ на еден активен вулкан. Тоа е дел од Националниот парк Акан, на островот Хокаидо во Јапонија и е едно од најчистите езера во светот. Целото е опколено со кратерски ѕид висок 200 метри. Се претпоставува дека се создало пред околу 32.000 години, а „котелот“ се создал пред околу 7.000 години како резултат на вулканска ерупција.rnrn10 најубави езера во светотrn

Езерото Шеосар, Пакистан

rnЕзерото Шеосар е познато по неговите зелени полиња кои го опколуваат, чистата вода и прекрасната рефлексија на околината во водата. Свежото ветре и неодоливите зелени пасишта ја смируваат душата и создаваат убавина која мора да се посети. Во превод, името на езерото значи „слепо езеро“. Лоцирано е во Националниот парк Деосаи во северниот дел на Пакистан на надморска височина од 4.142 метри. Долго е 2,3, а широко 1,8 километри.rnrn10 најубави езера во светотrn

Лох Ломонд, Шкотска

rnЛох Ломонд е најголемото природно езеро во Шкотска. Зборот Лох во шкотскиот јазик означува езеро. Ова езеро на прекрасен начин ги одвојува низините и висорамнините на централниот дел од Шкотска. Долго е 39 километри, а ширината му варира од 1,2 до 8 километри. Интересно е бидејќи на него има триесетина острови. Тоа е позната туристичка атракција бидејќи по него се плови и се спортува. Според една анкета направена од „Radio Times“, езерото било прогласено за петто чудо во Британија.rnrn10 најубави езера во светотrn

Езерото Пејто, Канада

rnЕзерото Пејто се наоѓа во Националниот парк Банф во Канада. Тоа добива чиста вода од глечерот, кој го носи истото име, кој во летниот период се топи. Се наоѓа на надморска височина од 1.860 метри. Во летниот период, убави гранули од камен се влеваат во езерото, давајќи ù на водата прекрасна тиркизна боја и брилијантен сјај.rnrn10 најубави езера во светотrn

Езерото Шангрила, Пакистан

rnЕзерото Шангрила се наоѓа во Сраду, Пакистан. Бидејќи водата во езерото е минерална, меурчињата прават слика како ѕвездите да танцуваат на неговата површина. Водата на езерото е чисто сина, па така рефлексијата на богатите вили околу него е неверојатна. Ова место е многу посетувано од млади брачни парови кои одат таму на меден месец. Езерото е целосно опколено со овоштарници и со цветни градини.rnrn10 најубави езера во светотrn

Езерото Комо, Италија

rnЕзерото Комо се наоѓа во Ломбардија, Италија. Тоа се полни од глечери кои се топат. Тоа е трето по големина во светот и најубаво на територијата на Италија. Исто така, тоа е едно од најдлабоките езера во Европа (400 метри). Ова место се сметало за елитно, уште во Римската империја. Езерото е опколено со прекрасни вили, а голем дел од нив ги поседуваат славни личности. Гледано од височина, езерото е во форма на буквата „Y“.rnrn10 најубави езера во светотrn

Езерото Дал, Индија

rnЕзерото Дал се наоѓа во Кашмир, Индија. Тоа едно од најпрекрасните езера во светот и неверојатна туристичка атракција. Познато е под псевдонимот „Скапоцен камен во круната на Кашмир“ или „Скапоцениот камен на Срингар“. Тоа е долго околу 15,5 километри и на него има прекрасни бродски куќи, а опколено е со паркови, хотели и градини. Исто така, на езерото има и прекрасни лебдечки градини. Во овие градини расте цвеќето Лотус, кое на лето го декорира целото езеро.rnrn10 најубави езера во светотrn

Езерото Женева, Швајцарија и Франција

rnЕзерото Женева е неверојатна природна убавина која ја делат Швајцарија и Франција. Тоа е најголемото езеро во западна Европа. Поголемиот дел, односно 60% ù припаѓа на Швајцарија, а останатите 40 на Франција. Езерото е глечерско, а низ него поминува и реката Рона. Тоа има форма на полумесечина. На него се одржуваат трки со јахти.rnrn10 најубави езера во светотrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.