КАФЕ ПАУЗА

Tag: глечер

  • Неверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилки

    Неверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилки

    Фотографот Рубен Ву ги комбинира пејзажните фотографии со визуелна уметност и создава сцени коишто изгледаат како од друг свет. Користејќи моќни ЛЕД светилки монтирани на дрон, тој внимателно го осветлил Пасторури, еден од последните глечери во тропските делови на Јужна Америка.rnrnНеверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилкиrnrnНеговите фотографии се направени навечер и го покажуваат синиот мраз што ја опкружува црната карпа. Целата фотографија е дополнета со неверојатно чистото ѕвездено небо. Овие фотографии се дел од проектот Lux Noctis за кој фотографирал и други напуштени пејзажи на сличен начин, но во сосема различни климатски услови.rnrnНеверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилкиrnrnВу го нарекол проектот со глечерите Terminus и е еден од неговите најамбициозни, но и најнапорни подвизи досега.rnrnНеверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилкиrn

    „На височина од 5.250 метри, беше вистински физички предизвик да стигнам до глечерот. На тоа додајте го фактот дека фотографирав навечер на навистина ниски температури.“

    rnНеверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилкиrnrnПоради екстремните временски услови, Ву го изгубил чувството во неговите прсти, а трајноста на батериите во неговиот дрон и фотоапарат се намалила. И покрај тоа што времето било студено за Ву, глечерот е во опасност бидејќи е премногу топло.rnrnНеверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилкиrn

    „Глечерот се намалува со голема брзина поради климатската промена, а поради ова е намален и туризмот во оваа област. Со овој серијал фотографии се чувствував како да документирав загрозен пејзаж кој можеби нема да постои за една деценија.“

    rnНеверојатни ноќни фотографии од глечери осветлени со ЛЕД светилкиrn

    „Сакав да покажам докази за алармантното намалување, но бев воодушевен од количеството мраз што останало. Сепак, секоја фотографија претставува тажна реалност, сеќавање за нешто што постоело и полека избледува.“

    rnПогледнете ги и фотографиите со планински ореоли од истиот проект на Ву.

  • Свадбена фотосесија покрај живописен глечер на Алјаска

    Свадбена фотосесија покрај живописен глечер на Алјаска

    Некои луѓе многу ја сакаат свадбената церемонија, па се спремни да направат сè само за да добијат свадба за каква што сонувале. Во продолжение ќе видите дел од церемонијата на млад брачен пар од САД кој потрагата по уникатна и спектакуларна свадбена фотосесија ги однела до еден живописен кристално чист глечер на Алјаска, опкружен со цветни ливади, зад кој се гледаат планински падини покриени со снег. Автор на фотографиите е Џош Мартинез.rnrnСвадбена фотосесија покрај живописен глечер на Алјаска Свадбена фотосесија покрај живописен глечер на Алјаска Свадбена фотосесија покрај живописен глечер на Алјаска Свадбена фотосесија покрај живописен глечер на Алјаска Свадбена фотосесија покрај живописен глечер на Алјаска Свадбена фотосесија покрај живописен глечер на Алјаскаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 37 причини зошто би требало да го посетите Исланд

    37 причини зошто би требало да го посетите Исланд

    Исланд, земја која е богата со бурни вулкани, монолитски глечери, ледени планини и длабоки фјордови е една од најголемите атракции за голем број фотографи кои сакаат да ја снимат сировата, мистична моќ на природната северна убавина. Малата популација на оваа земја (која изнесува околу 325.000 жители) придонесува за зачувувањето на поголемиот дел од природните чуда, а со тоа се појавува и можноста за правење фотографии на свет кој изгледа празно, па дури и вонземско во природата. И поради својата северна локација, покрај сјајните ѕвезди, високо на вечерното небо танцува и мистичната и прекрасна аурора бореалис.rnrn37 причини зошто би требало да го посетите ИсландrnrnИсланд е релативно млада држава, и од геолошки и од историски аспект. Нејзиното насилно геолошко издигнување настанало поради својата позиција на Средно-Атлантскиот гребен, кој се наоѓа врз точката на одделување помеѓу Евроазиските и Северно Американските тектонски плочи. Се верува дека Исланд се формирал пред само 16-18 милиони години. Погледнете ги наредниве фотографии кои ќе ве мотивираат барем еднаш да ја посетите оваа магична земја…rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет

    Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет

    Фотографот на пејзажи, Мајкл Квин, нè води во визуелна авантура со серијата фотографии наречена „Одблесокот на Гренланд“. Секоја фотографија вклучува занемувачки поглед кон природните ледени формации кои изгледаат како да пловат на површината на мирната сина вода, додека пак светлината одбивајќи се на сите страни предизвикува интензивни сенки како и зеленикав сјај на делови од глечерите.rnrnЛедени структури кои изгледаат како да се од некој друг светrnrnМасивните ледени структури изгледаат како да се од некој друг свет. Насипите од лед создаваат заоблени линии и шилести рабови кои совршено се спојуваат во непознати и апстрактни аранжмани. Според своето био, Квин е посветен да ги инспирира луѓето да ги посетат природните чуда во светот. Оваа страст е причината позади многу негови колекции од фотографии кои им овозможуваат на луѓето секојдневно да имаат пристап до исклучителната убавина на природата.rnrnЛедени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 причини да ја посетите Аргентина

    7 причини да ја посетите Аргентина

    Јужна Америка е дом на дел од најстарите светски цивилизации во светот како и на една неверојатна држава – Аргентина. Таа се наоѓа во долниот дел на Јужна Америка и е осма по големина во светот. Исто така таа е домот на тангото, високата трева пампас, едно од најдобрите говедски меса како и на пингвините. Да не заборавиме и дека таму се наоѓа еден од најдобрите светски градови – Буенос Аирес.rnrn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnСе верува дека поради своите климатски и географски екстреми, Аргентина била многу слабо населена пред да стане колонија на Шпанија. И покрај тоа што пред многу години таа не била најпријателското место за населување, сепак тоа не значи дека не е одлично место за одмор. Кога станува збор за разновидност и можности, Аргентина има сè. Погледнете ги наредниве неколку причини поради кои, доколку имате шанса, дефинитивно би требало да ја посетите.rn

    1. Буенос Аирес, родното место на тангото

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnБуенос Аирес е домот на голем број танго-клубови, како и на разнобојните домови на улицата Каминито. Покрај тангото, во овој град можат да се видат најразлични видови улични танци и други активности кои целосно го оживуваат градот, особено во населбата La Boca. Буенос Аирес поседува сè што може да се очекува од еден светски град – мода, одлични ресторани, луд ноќен живот, музеи, зоолошки, паркови, театри и многу повеќе…rn

    2. Водопадите Игуасу

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnВодопадите Игуасу се наоѓаат на самата граница помеѓу Бразил и Аргентина во северниот дел од државата и се една од најголемите туристички атракции. Постојат од 273 до 300 индивидуални водопади со мали острови кои ги одделуват. Оние кои се поголеми авантуристи имаат можност со хеликоптер или со брод да се доближат многу блиску до ова природно чудо.rn

    3. Националниот парк Талампаја

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnНационалниот парк Талампаја е црвена пустина која се наоѓа во северозападниот дел од државата. Оваа пустина постои многу одамна и токму поради тоа таму можат да се најдат неверојатни камени формации за кои се верува дека датираат од пред милиони години. Дали знаевте дека најстарите коски од диносауруси биле пронајдени во Аргентина? Исто така постојат и многу цртежи од антички култури кои некогаш живееле во оваа област. Не е ни чудо што овој национален парк е под заштита на УНЕСКО.rn

    4. Аргентинските винарски визби

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnАко сте љубители на виното, тогаш сигурно веќе знаете дека Аргентина со години наназад ја гради својата репутација како производител на деликатесни вина. Но, доколку сакате да пробате одлични аргентински вина уште веднаш, тогаш ви ги препорачуваме „Malbec“, „Syrah“, „Cabernet Sauvignon“, „Sangiovese“, „Chardonnay“, „Viognier“ и „Sauvignon Blanc“.rn

    5. Барилоче, главниот град на медените месеци во Аргентина

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnАтмосферата која владее во овој град наликува на село во Швајцарија, а самиот град е опколен со планини каде што има центри за скијање, жичарници и продавници за чоколадо. Во текот на летото можете да одите на плажа покрај езерата. Што се однесува до храната, доколку сакате да конзумирате нешто друго покрај чоколадите, тогаш можете да најдете голем број ресторани со традиционална аргентинска кујна.rn

    6. Глечерите во Јужна Аргентина

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnКолку често може да ви се отвори можност да одите некаде каде што има глечери? Точно, тие знаат да бидат многу студени, но тоа не значи дека не се едни од најневеројатните светски природни чуда. И покрај тоа што има голем број области во Аргентина од каде што можете да гледате глечери, едно од најдобрите места за посета е националниот парк Лос Гласиарес.rn

    7. Дивиот свет

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnАргентина има разновидна фауна, која е многу ретка и необична. Доколку сакате морски животни, тогаш ви препорачуваме да го посетите полуостровот Валдес каде што можете да видите голем број морски цицачи и птици, вклучувајќи ги јужните китови и пингвините. Нуркањето е исто така многу популарна активност во Јужна Аргентина, со којашто можете од многу близу да видите дел од неверојатниот морски свет, како и некои од најпопуларните бродоломи.rnrnЗа оние кои повеќе ги интересираат земните животни, оваа област исто така е и домот на реата (птица која наликува на ној) и гуанакото (роднина на ламите). Доколку сте во потрага по нешто малку поразлично, тогаш дефинитивно би требало да ги посетите мочуриштата Ибера. Тие се вторите по големина мочуришта со свежа вода во светот, како и дом на голем број фасцинантни животински видови.

  • Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?

    Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?

    Aвтор: Елена ЈошескаrnrnБез разлика дали го гледаме од врвот на планината, од песочната плажа, низ дрвјата во шумата, зад поларните глечери или од дините во пустината, изгревањето на сонцето се случува секој ден. Но, колку често навистина го гледаме изгрејсонцето? Еве неколку прекрасни фотографии кои го прикажуваат изгрејсонцето во различни делови од светот.Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?Како изгледа изгрејсонцето во различни делови од светот?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најубави езера во светот

    10 најубави езера во светот

    Природата со својата убавина секогаш знаела да нè воодушеви. Природните езера низ светот навистина ја имаат моќта да ја смират душата и да донесат мир и спокој во напорното секојдневие. Во оваа селекција се вклучени светските езера, кои ретко кому се познати, а воодушевуваат со својата бистрина, околина и атрактивност. Уживајте.rn

    Плитвички езера, Хрватска

    rnОвие прекрасни езера се наоѓаат во планинскиот предел Лика во Хрватска и се прогласени за Национален парк. Езерата се опколени со три планини, Мала Капела, Плешивица и Динарските Алпи. Овој национален парк се состои од езера, планини, пештери и водопади. Има 16 езера кои се прелеваат во сина, зелена, азурна и сива боја.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Блед, Словенија

    rnЕзерото Блед се наоѓа во регионот Горна Карниола. Името го има добиено по Бледскиот замок. Езерото добива дополнителна убавина од одблесокот на замокот, кој се наоѓа на карпест остров на средината од него. Местото е многу позната туристичка атракција поради мистичноста и кралскиот изглед на замокот. Тоа е одлична дестинација за заљубени парови, сликари и спортисти. Езерото и околината нудат можност за занимавање со разни спортски активности како голф, пловење, веслање, рибарење, јавање и пешачење. Блед е домаќин и на светското првенство во веслање. На островот во езерото има 99 скалила, а интересна традиција е младоженецот да ја искачи невестата по нив на денот на свадбата.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Масуко, Јапонија

    rnЕзерото Масуко, познато како Машу, претставува прекрасно езеро формирано во „котелот“ на еден активен вулкан. Тоа е дел од Националниот парк Акан, на островот Хокаидо во Јапонија и е едно од најчистите езера во светот. Целото е опколено со кратерски ѕид висок 200 метри. Се претпоставува дека се создало пред околу 32.000 години, а „котелот“ се создал пред околу 7.000 години како резултат на вулканска ерупција.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Шеосар, Пакистан

    rnЕзерото Шеосар е познато по неговите зелени полиња кои го опколуваат, чистата вода и прекрасната рефлексија на околината во водата. Свежото ветре и неодоливите зелени пасишта ја смируваат душата и создаваат убавина која мора да се посети. Во превод, името на езерото значи „слепо езеро“. Лоцирано е во Националниот парк Деосаи во северниот дел на Пакистан на надморска височина од 4.142 метри. Долго е 2,3, а широко 1,8 километри.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Лох Ломонд, Шкотска

    rnЛох Ломонд е најголемото природно езеро во Шкотска. Зборот Лох во шкотскиот јазик означува езеро. Ова езеро на прекрасен начин ги одвојува низините и висорамнините на централниот дел од Шкотска. Долго е 39 километри, а ширината му варира од 1,2 до 8 километри. Интересно е бидејќи на него има триесетина острови. Тоа е позната туристичка атракција бидејќи по него се плови и се спортува. Според една анкета направена од „Radio Times“, езерото било прогласено за петто чудо во Британија.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Пејто, Канада

    rnЕзерото Пејто се наоѓа во Националниот парк Банф во Канада. Тоа добива чиста вода од глечерот, кој го носи истото име, кој во летниот период се топи. Се наоѓа на надморска височина од 1.860 метри. Во летниот период, убави гранули од камен се влеваат во езерото, давајќи ù на водата прекрасна тиркизна боја и брилијантен сјај.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Шангрила, Пакистан

    rnЕзерото Шангрила се наоѓа во Сраду, Пакистан. Бидејќи водата во езерото е минерална, меурчињата прават слика како ѕвездите да танцуваат на неговата површина. Водата на езерото е чисто сина, па така рефлексијата на богатите вили околу него е неверојатна. Ова место е многу посетувано од млади брачни парови кои одат таму на меден месец. Езерото е целосно опколено со овоштарници и со цветни градини.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Комо, Италија

    rnЕзерото Комо се наоѓа во Ломбардија, Италија. Тоа се полни од глечери кои се топат. Тоа е трето по големина во светот и најубаво на територијата на Италија. Исто така, тоа е едно од најдлабоките езера во Европа (400 метри). Ова место се сметало за елитно, уште во Римската империја. Езерото е опколено со прекрасни вили, а голем дел од нив ги поседуваат славни личности. Гледано од височина, езерото е во форма на буквата „Y“.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Дал, Индија

    rnЕзерото Дал се наоѓа во Кашмир, Индија. Тоа едно од најпрекрасните езера во светот и неверојатна туристичка атракција. Познато е под псевдонимот „Скапоцен камен во круната на Кашмир“ или „Скапоцениот камен на Срингар“. Тоа е долго околу 15,5 километри и на него има прекрасни бродски куќи, а опколено е со паркови, хотели и градини. Исто така, на езерото има и прекрасни лебдечки градини. Во овие градини расте цвеќето Лотус, кое на лето го декорира целото езеро.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Женева, Швајцарија и Франција

    rnЕзерото Женева е неверојатна природна убавина која ја делат Швајцарија и Франција. Тоа е најголемото езеро во западна Европа. Поголемиот дел, односно 60% ù припаѓа на Швајцарија, а останатите 40 на Франција. Езерото е глечерско, а низ него поминува и реката Рона. Тоа има форма на полумесечина. На него се одржуваат трки со јахти.rnrn10 најубави езера во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.