КАФЕ ПАУЗА

Tag: нај

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (1.8.-7.8)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (1.8.-7.8)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (1.7.-7.8)rn

    1. Листа на летни романтични филмови

    rnЛетото е период кога обично имаме повеќе време одошто ни е потребно, но и сакаме да го искористиме најопуштено, без многу размислување и со што е можно повеќе излежување пред телевизорот во жешките часови од денот. Овие 10 филма со сигурност ќе ù се допаднат на женската популација помеѓу 13 и 35 години, но ако случајно станат избор и на момците, ние никому нема да кажеме.rn.rn

    2. Кул пешкири за на плажа

    rnПешкирите се неопходност во нашето секојдневие, кои со својата едноставна правоаголна форма, еднобојни или шарени, сепак си ја вршат својата основа функција – ги впиваат капките од нашата навлажнета кожа и ни пружаат удобност и комоција после капење. Но, како што има креативност во сè друго, така постојат и креативни пешкири со кои би било кул да се појавите на плажа. Кој од овие би бил вашиот избор?rn.rn

    3. Направете си блескави нокти во домашни услови

    rnЖенските раце секогаш изгледаат нежно, модерно и уметнички доколку се убаво излакирани. Затоа, преку три видео туторијали, ќе ви прикажеме како да си направите блескави, фенси нокти, кои се прелеваат во неколку нијанси и бисерно блескаат на врвовите.rn.rn

    4. Што сè имаме научено од филмовите

    rnСкоро сите луѓе уживаат во добар филм. Различните жанрови ни овозможуваат, зависно од расположението, секогаш да го одбереме оној кој во дадениот момент најмногу ни одговара. Но, колку и да изгледаат реално и вистинито, многу работи во филмовите всушност се смешни доколку малку помислиме на нив. Сепак, скоро секогаш ги прифаќаме како такви. Ова се само мал дел од нив.rn.rn

    5. Астрологијата и вашето справување со староста

    rnДали сè уште ќе носите мини здолништа, модерни очила за сонце и кул облека кога ќе имате 50 години? Или прерано ќе се помирите со фактот дека сте стари и немате што да правите повеќе со себеси? Ќе бидете кул старче или досадна баба/дедо? Некои хороскопски знаци грациозно се справуваат со староста, а други бесно се борат со неа. Во која категорија спаѓате вие?rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (25.7.-31.7)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (25.7.-31.7)

    Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (25.7.-31.7)rn

    1. Што треба да запомните во тешките мигови?

    rnКога животот ни станува стресен, честопати ги забораваме нештата кои треба да ги запомниме, а ги паметиме нештата кои треба да ги заборавиме. Ова се 35  потсетници кои ќе ви помогнат да се мотивирате, во миговите кога тоа ви е најпотребно.rn.rn

    2. Направете си блескави нокти во домашни услови

    rnЖенските раце секогаш изгледаат нежно, модерно и уметнички доколку се убаво излакирани. Затоа, преку три видео туторијали, ќе ви прикажеме како да си направите блескави, фенси нокти, кои се прелеваат во неколку нијанси и бисерно блескаат на врвовите.rn.rn

    3. Астрологијата и одржувањето свежина во вашата врска

    rnНа љубовните врски им е потребна одредена доза возбуда и непредвидливост за да останат и понатаму интересни за партнерите кои се во неа, но честите разновидни активности, се исто така многу важни за одржување на нивната стабилност. Тоа што сте во долга врска, не значи дека љубовното секојдневие треба да ви претставува една досадна рутина. Пронајдете активности кои можете заеднички да ги правите со најбитната личност во вашиот живот, кои не само што ќе го разгорат огнот помеѓу вас двајца, туку ќе ја напреднат вашата врска. Хороскопскиот знак на вашиот партнер може да покаже во какви активности тој/таа најмногу ќе ужива.rn.rn

    4. Капење во бесконечни базени на рајски локации

    rnВо овие жешки денови, со температури од над 30 степени Целзиусови, доколку сè уште не сте заминати некаде на летен одмор, идејата да се нурнете во еден фантастичен бесконечен базен, лоциран во некое ексклузивно место, сигурно ви звучи волшебно.rn.rn

    5. Најбрзиот чоколаден колач

    rnВи дошле ненајавени гости? Ви се јаде нешто благо, но немате време за приготвување торти и колачи? Ова е најбрзиот и најлесниот чоколаден колач кој некогаш воопшто ќе го направите.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (18.7.-24.7)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (18.7.-24.7)

    Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?rnrnТоп 5 содржини за изминатата недела (18.7.-24.7)rn

    1. Што е убаво во животот?

    rnУбавината понекогаш има многу некоректна и ограничена дефиниција. Убави се манекенките на модните писти и згодните глумци од филмовите. Но, не е сè во подигнатите обравчиња, малите носиња, долгите нозе, тенките половини, блескавите насмевки… Еве 50 поинакви дефиниции за убавината кои со сигурност се вистинити.rn

    2. Како да препознаете кога некој ве лаже?

    rnЗа жал, на луѓето кога лажат не им расте носот како на Пинокио, за да можеме лесно да увидиме што се случува. Затоа, прочитајте што велат пет странски експерти, во врска со симптомите по кои можете да препознаете дека некој не ви ја кажува вистината.rn

    3. 7 правила без исклучок во шминкањето

    rnСе разбира дека може да експериментирате со шминката. Но, постојат неколку правила од кои едноставно нема исклучок.rn

    4. Астрологијата и вашиот стил на забава

    rnСекој од нас има различна идеја за тоа што претставува забава. Обидете се да ги искористите сите прилики кои ви ги пружа животот за интересно пополнување на слободното време и притоа научете кој е вашиот личен стил на забавување. Прочитајте ги астролошките описи и дознајте кои типови собиранки ви одговараат, а кои да ги избегнувате.rn

    5. Луксузниот Дубаи во ноќта

    rnПреку оваа феноменална фотосесија е прикажан богатиот и луксузен град Дубаи, а фотографиите се направени од највисокиот облакодер во светот Бурџ Халифа. Кулата е висока 828 метри, но бидејќи сè уште се работи на најгорните катови, фотографите смеат да сликаат само на висина од 500 метри.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (11.7.-17.7)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (11.7.-17.7)

    Што најмногу ви се допадна од содржините на Кафе пауза изминативе денови?Топ 5 содржини за изминатата недела (11.7.-17.7)rn

    1. Спектакуларен хотел под вода на Малдивите

    rnСпиењето под вода помеѓу живиот воден свет, е нешто за кое секој од нас би можел само да сонува. Но за некои среќни туристи, со „подлабоки џебови“, овој сон сега може да постане реалност. Пред нешто повеќе од пет години хотелот Конрад Малдиви, кој се наоѓа на островот Рангали, го отвори првиот ресторан под вода. За да ја прослават петгодишнината, сопствениците сега на нивните гости им ја нудат можноста, не само да ручаат гледајќи во морското совршенство, туку и да заспиваат гледајќи во распливаните рипчиња.rn.rn

    2. Животот е прекраток за…

    rnДоколку сметате дека треба да направите промени во животот, тогаш треба да се откажете од многу нешта, но и да научите дека некои работи едноставно не треба да ги толерирате. Преземете ја контролата во своите раце и од утре престанете да се заморувате со непотребните нешта во животот. Животот е убав, искористете го максимално.rn.rn

    3. Заминување на љубовта

    rnОвој краток анимиран филм е инспириран од немите филмови на Бастер Китон направени во 20-тите години на минатиот век. Во него, млада девојка заминува со воз, а нејзиниот љубен трча по возот како лудак, притоа изведувајќи секакви гимнастички точки за да преживее и да ја пронајде во точното купе.rn.rn

    4. 10 најубави езера во светот

    rnПриродата со својата убавина секогаш знаела да нè воодушеви. Природните езера низ светот навистина ја имаат моќта да ја смират душата и да донесат мир и спокој во напорното секојдневие. Во оваа селекција се вклучени светските езера, кои ретко кому се познати, а воодушевуваат со својата бистрина, околина и атрактивност. Уживајте.rn.rn

    5. Листа на книги за на плажа

    rnСо цел да ви помогнеме подобро да го направите вашиот избор на книги за летово, ние подготвивме листа на 10 најдобри книги за на плажа од кои вие можете да одберете и да се препуштите на уживање. Првиот дел од листата е соодветен за љубителите на трилерите и малку потешките книги, вториот дел се однесува на оние кои сакаат добра драма, додека крајот на листата им е наменет на девојките и жените кои преферираат романтични комедии и чик литература. Значи, за сечиј вкус по нешто! Сите книги на листата се нови, издадени во последните неколку месеци што значи дека секоја од нив може да се најде во продажба сега.rnrn——————————————————————————————————————————————————————— rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (4.7.-10.7)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (4.7.-10.7)

    Ги прочитавте најдобрите постови за изминатава недела? Ова е редоследот кој го одредија вашите кликови:Топ 5 содржини за изминатата недела (4.7.-10.7)rn

    1. Идеалниот град според хороскопскиот знак

    rnБез разлика дали сте во потрага по добра дестинација за одмор или размислувате за преселба во друга држава, прочитајте на кои урбани места, астрологијата вели дека со сигурност максимално ќе уживате. Некои тропски места е жалосно да не ги посетите барем еднаш во текот на животот, други се прекрасни за живеење, а трети нудат неверојатни прилики за забавување и веселба. Погледнете кое место ви одговара најмногу на вашиот карактер.rn.rn

    2. Костими за капење кои се во мода ова лето

    rnКако што се приближува „шпиц-сезоната“ на летните одмори, така сè повеќе зачестуваат масовни подготовки за она што треба да го покажеме додека сме таму. Досега работевте на своето тело, но костимот за капење ви е од пред две сезони. Без паника! Излезете в град и барајте костим за капење кој е хит за оваа сезона, додека истовремено одговара на вашиот стил и градба на телото. Изборот на стилови е голем.rn.rn

    3. Лекции на кои нè научил животот

    rnПонекогаш, мислејќи за животот и за тоа што сè сте научиле, може да направите нов голем потфат во насока на негово подобрување. Па така, кога ќе се запрашате што досега ве има научено животот, можат да ви текнат интересни работи, кои би сакале да си ги кажете себеси како лекција кога би можеле некако да се вратите назад во времето. Ова се неколку примери за лекции кои треба да ги запомниме, а многумина од нас ги учат од секојдневните искуства.rn.rn

    4. Спектакуларен хотел под вода на Малдивите

    rnСпиењето под вода помеѓу живиот воден свет, е нешто за кое секој од нас би можел само да сонува. Но за некои среќни туристи, со „подлабоки џебови“, овој сон сега може да постане реалност.rn.rn

    5. 10 природни феномени на Земјата

    rnНашата планета има многу чудни и прекрасни места кои ја имаат моќта да инспирираат и да зачудуваат. Тие нè потсетуваат дека дури и во оваа ера на технолошки чуда, во природата сè уште постојат неверојатни места за откривање. Ова се само 10 од многуте кои ги има на Земјата.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (27.6.-3.7)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (27.6.-3.7)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (27.6.-3.7)rn

    1. Глупави ситуации кои му се случуваат секому

    rnНа секој од нас, секојдневно му се случуваат пријатни, но и непријатни, па дури и смешни ситуации. Но, додека траат воопшто не ви е смешно, бидејќи ви се случува вам, а не на некој друг. Како и да е, откако ќе пројде ситуацијата, насмевнете се, бидејќи навистина е смешна и сетете се дека такви работи им се случуваат на сите луѓе. Прочитајте ги следниве ситуации кои ви се случиле или сте слушнале дека на некој друг му се случиле, а потоа споделете некое ваше „интересно“ искуство.rn.rn

    2. Венчавка од соништата

    rnАко некогаш сте се запрашале која е совршената венчавка, сигурно оваа ќе ви биде во топ 3. Ве оставам да уживате.rn.rn

    3.  Мистеријата зад феноменот дежаву

    rnВи се случило ли да се најдете во друштво на вашите пријатели, разговарајќи на одредена актуелна тема, а за момент да почувствувате дека веќе сте биле таму, сте го правеле истиот муабет, на истиот начин во идентична околина? Ако сте доживеале ваква или слична состојба, тогаш вие спаѓате во оние 70% од луѓето кои во текот на својот живот искусуваат дежаву.rn.rn

    4. Астрологијата и трошењето пари

    rnКако би реагирале доколку добиете премија на лото, ви тргне работата во вашиот приватен бизнис или ако чуете дека некоја далечна тетка ви оставила солидно наследство? Како воопшто се однесувате во ситуациите кога да речеме, шефот решава да ви даде бонус од стотина евра или баба ви ве почести некоја илјадарка за роденден? Веднаш ќе почнете да трошите или ќе тргнете поголем дел од парите за „црни денови“? Прочитајте што вели астрологијата за вашиот хороскопски знак и неговата алчност или штедливост.rn.rn

    5. 12 трикови со кои луѓето се служат за да ве изманипулираат

    rnАко им дадете шанса на луѓето, тие ќе се обидат да ве изманипулираат на еден или на друг начин. Тоа е тажна реалност, но сепак е дел од нашите животи. Бидејќи знаењето е најдобрата одбрана, прочитајте ги овие 12 техники, кои луѓето ќе се обидат да ги употребат на вас, за да го добијат тоа што го сакаат. Ако ги знаете триковите, нивната цел ќе биде безуспешна, а вашите чувства неповредени.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (20.6.-26.6)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (20.6.-26.6)

    Изборот вие го правите. Вашите кликови се бројат. Па, еве што одлучивте…rnТоп 5 содржини за изминатата недела (20.6.-26.6)rn

    1. 10 најморничави напуштени градови

    rnОд секакви причини, со текот на времето, некои градови тотално умираат. Некои поради војни, други поради природни катастрофи, трети поради грешки на човекот. Сепак, нивните остатоци остануваат да сведочат за животот и историјата на местата, но мораме да се согласиме, сите тие делуваат многу морничаво.rn.rn

    2. 15 поинакви намени на вотката

    rnЕден од светски најконсумираните алкохолни пијалаци, вотката, има многу други намени кои можат да ни се најдат некогаш во животот. Ова се само дел од нив, но интересно е да се знаат бидејќи можат да бидат многу корисни.rn.rn

    3. Одмор кој нема да ве чини ни денар

    rnАко мислите дека менталниот одмор не е ништо во споредба со егзотично патување во лето, размислете повторно. Честите ментални одмори се клучни за реставрирање на емоционалната благосостојба. Еве три есенцијални совети кои ќе ви помогнат да го откриете сопственото ментално патување…rn.rn

    4. Магијата на првиот допир меѓу заљубените дрвца

    rnДве дрвца се заљубуваат, но не можат да бидат заедно бидејќи се физички разделени едно од друго. Можат да се видат и да се посакуваат, но не можат да се допрат. Дали нивната љубов ќе опстои? Гледајте ја оваа слатка романтична анимација, која е производ на четворица студенти на Училиштето за уметност во Утрехт, Холандија.rn.rn

    5. Астрологијата и идеалниот летен одмор

    rnДозволете им на ѕвездите да бидат вашиот туристички водич, кои со малку тренинг од космосот, ќе ви го испланираат овој летен одмор. Вашиот хороскопски знак може да ви каже на каков тип одмор најмногу би уживале. Прочитајте ги советите за патување, инспирирани од зодијакот. ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (13.6.-19.6)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (13.6.-19.6)

    Ако од некои причини, не не читавте редовно минтата недела…Топ 5 содржини за изминатата недела (13.6.-19.6)rn

    1. Животни цитати кои ќе ве замислат

    rnЧестопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме. Еве неколку цитати кои ќе ве натераат убаво да размислите за некои работи во животот…rn. rn

    2. Јапонија после природните катастрофи и денес

    rnСкоро три месеци после разурнувачкиот земјотрес и цунамито, Јапонија сè уште се бори да ги расчисти рушевините. Во оваа серија фотографии, се прикажани делови од Јапонија непосредно после природните катастрофи и истите се прикажани три месеци подоцна. Неверојатно е да се види колку многу е направено и колку труд е вложено, за некои места да бидат вратени во пристојна состојба и животот да продолжи да се одвива нормално, колку што е тоа можно. Сепак, евидентно е дека во некои делови работите не се почнати или приоритетот кај нив е помал отколку на други места. Погледнете што сè имаат направено вредните Јапонци за толку кусо време.rn. rn

    3. Астрологијата и (не)паѓањето во искушение за неверство

    rnНекои научници тврдат дека моногамијата е генетска појава. Проценето е дека од три до пет проценти од припадниците на човековиот род се моногамни. Без разлика на хороскопскиот знак, луѓето може да се одлучат да изневеруваат или да не изневеруваат. Таквата тенденција е најверојатно многу покомплицирана од генетиката. Доколку она што го сакате е моногамна љубовна врска , тогаш најдобро би било да одберете партнер кој ќе го посакува истото. Но, доколку неверството е нешто што никогаш не би му го простиле на вашиот партнер, прочитајте како ве советува астрологијата да постапувате, за да не му дозволите на тој или таа да падне во искушение.rn. rn

    4. 10 научни трикови со кои можете да се правите важни

    rnЗнаете како некои луѓе секогаш имаат добар виц на лагер, токму кога е потребно развеселување на собраното друштво? Епа, бидете подготвени вие да се покажете следниот пат. Прво вежбајте сами, а потоа самоуверено заблескајте како вистинска ѕвезда во друштвото, која знае како да ги расположи другите. Овие 10 трикови, се лесни, научни и, што е најважно, изводливи. Пробајте се! :)rn.rn

    5. Нешта кои може да ги давате и кога немате пари

    rnОние кои даваат, живеат подолго. Не мора да имате пари за да имате што да дадете. Има други валути со кои можете да направите промена во вашиот живот и во животот на оние околу вас: вашето време, вашите емоции, вашето срце, вашето сочувство…rnrnДенес може да е обичен ден, како секој друг, но може и да се обидете нешто да смените, па давајќи, да добиете повеќе. Колку повеќе сте подготвени да дадете, толку повеќе универзумот ќе се стреми да ви го врати секој „долг“. Овие 11 нешта се многу евтини. Впрочем, за нив не треба ни да посегнете по новчаникот.rnrn———————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (6.6.-12.6)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (6.6.-12.6)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза во текот на изминативе седум дена.Топ 5 содржини за изминатата недела (6.6.-12.6)rn

    1. Животот би бил совршен кога…

    rnЖивотот би бил супер кога не би се случувале лоши работи, зарем не? Овие постери се продолжение на реченицата: „Зарем животот не би бил совршен кога…“, во кои ќе ги пронајдете секојдневните ситуации со кои сте се соочиле многу пати во животот.rn. rn

    2. Животни цитати кои ќе ве замислат

    rnЧестопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.rn. rn

    3. Костими за капење што не изгледаат добро на секого

    rnОваа летна сезона ќе биде преполна со различни опции за костими за капење. Некои ќе им прилегаат на вашето тело, некои не. Тоа што го носат моделите на модните писти, не секогаш изгледа така добро и на вашето тело.rn.rn

    4. Астрологијата и летните љубовни авантури

    rnЛетото е период кога се чувствува најмногу енергија како резултат на Сонцето, кое се наоѓа на највисоката позиција на небото. Во овој период, ќе му погледнете одблизу на животот и на љубовните врски.rnrnОва лето ќе се донесуваат многу одлуки на полето на љубовта. Сингл сте? – Ќе ви биде забавно кога ќе запознаете нова личност. Во врска сте? Но, врската ви е здодевна, па може да одлучите да ја прекинете. Одлуки, забава, енергија… Што ќе донесе ова лето за секој хороскопски знак?rn. rn

    5. Најинспиративните песни на сите времиња

    rnСите имаме по некоја песна која ја слушаме во моменти кога ни треба нешто ментално да нèподигне. Еве една подолга листа на инспиративни песни, песни кои нè поттикнуваат на некаква акција, кои нè потсетуваат на убавината на животот, песни кои ни го подигнуваат расположението кога ни е тоа потребно, кои нè потсетуваат кои сме и зошто сме. Тешко е да се изберат најдобрите помеѓу илјадниците песни со вакво дејство, но оние од оваа листа со сигурност имаат едно нешто заедничко – сите нè инспирираат да станеме подобри личности. Не заборавајте да ја надополните листата со некој ваш личен фаворит.rnrn———————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (30.5.-5.6)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (30.5.-5.6)

    Петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза во текот на изминатава недела се:Топ 5 содржини за изминатата недела (30.5.-5.6)rn

    1. 10 смешни знаци дека сте компјутерски зависник

    rnВеројатно ако сте компјутерхолик не се ни запрашувате дали поминувате премногу време со вашиот „најдобар пријател“, но ако евентуално ве интересира, еве 10 сигурни знаци дека спаѓате во таа категорија…rn.rn

    2. Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    rnПостојано сме опкружени со нив, но тешко ги препознаваме. Некои ни се чудни, некои оригинални. Еве како да препознаете дали и кои луѓе во нашето опкружување се вистински креативци…rn.rn

    3. Фотограф ги претвора неговите ќеркички во слатко парче уметност

    rnНеверојатно талентираниот Џејсон Ли најчесто ги фотографира најбитните моменти во животот на младоженците на нивната свадба, но магијата во неговата работа се случува кога тој создава прекрасни уметнички дела од неговите две преслатки ќеркички. Се прашувате што има толку посебно во неговите фотографии? Одговорот е едноставен: тие влегуваат под кожа на секој што ќе ги погледне!rn.rn

    4. Мохито од јагоди

    rnКога ќе ви здодее обичното мохито, еве што да направите. За љубителите на јагоди, ова е пијалакот од соништата…rn.rn

    5. Куќа од камен покрај море на Мајорка

    rn„Десет години сонував за тоа, пет години го барав совршеното место, две години работев на тоа, уште две години ја градев и сега конечно е готова, “ вели Александре де Бетак во едно од неговите интервјуа за неговата нова куќа која е сместена во мало крајбрежно село во регионот Трамуната, во Мајорка.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.