КАФЕ ПАУЗА

Tag: морал

  • Истражување открило дека самотијата зависи од вашата искреност

    Истражување открило дека самотијата зависи од вашата искреност

    Повеќето луѓе можат да имаат околу 50 пријатели. Ова се личностите кои најверојатно би ги поканиле на лични настани, како на пример, на венчавка. Но немојте да се разочарувате доколку не можете да најдете толку пријатели за да го прославите вашиот роденден. Имено, ова не значи дека нешто е погрешно со вас, туку значи дека вие сте личност со високи морали.rnrnИстражување открило дека самотијата зависи од вашата искреностrnrnДоколку се сметате за личност со високи морални вредности, голема е веројатноста да бидете социјално непопуларни. Научниците од Универзитетот во Вашингтон откриле дека луѓето фокусирани на моралот поретко имаат смисла за хумор, па поради ова другите не ги сакаат многу.rnrnЗа да го докажат ова, истражувачите спровеле 4 експерименти. Во првиот и вториот експеримент, тие откриле дека доблесните луѓе не кажувале и не ги ценеле шегите што се против нивните вредности. Причината е што овие луѓе се сомневаат во нивната етика кога се смеат на „непристоен“ хумор. Ова докажува дека моралот ја намалува смислата за хумор.rnrnНо сите знаеме дека имањето хумористична страна има свои придобивки. Луѓето со смисла за хумор се поинтелигентни, позабавни и пријателски настроени. Некои експерти веруваат дека ова е лепилото за пријателството. Покрај тоа, ова може да го предвиди и успехот на вашите врски.rnrnВо другите експерименти, истражувачите собрале податоци за моралниот идентитет на 70 вработени. Потоа соработниците ја оценувале смислата за хумор на своите колеги и покажувале колку им се допаѓале, како и колку биле популарни помеѓу другите во канцеларијата. Резултатите потврдиле дека вработените со висок морал биле помалку популарни и се сметале за личности без смисла за хумор.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека страдате од хронична осаменост.

  • Дознајте кои се особините на луѓето со вистински интегритет

    Дознајте кои се особините на луѓето со вистински интегритет

    Интегритетот е една од најважните човечки особини. Луѓето кои го поседуваат се искрени и имаат силни морални вредности. За жал, поединците со интегритет се многу ретки. Сепак, постојат неколкумина такви и тие најчесто се одликуваат со следниве заеднички особини…rnrnДознајте кои се особините на луѓето со вистински интегритетrn

    Го ценат туѓото време

    rnТие си го ценат своето време исто толку колку што го ценат и туѓото време. Тие знаат дека треба да одите на многу различни места и нема да ве задржуваат. Ако поминете време со нив, постои голема веројатност дека ќе ви се заблагодарат.rn

    Им даваат признанија на луѓето што ги заслужиле

    rnНикогаш не земаат заслуга за работите што не ги направиле. Тие секогаш им даваат признание на луѓето кои го заслужиле. Ако им помогнете со некаков проект или задача, тие најверојатно ќе го спомнат и вашето име за да можете да земете заслуга за успешно завршената работа.rn

    Тие се автентични

    rnТие се секогаш искрени. Никогаш не глумат и никогаш нема да ги фатите во лага.rn

    Тие се секогаш искрени

    rnНемаат потреба да лажат за да добијат нешто. Многу им е важно да постигнат успех во животот со искреност, а не со измами.rn

    Никогаш не ги искористуваат другите

    rnТие сакаат да им помагаат на луѓето и да им прават услуги. Никогаш нема да искористат нечија добрина за да го постигнат она што го сакаат.rn

    Според нив, несогласувањата не се причина за кавга

    rnТие или ќе разговараат за проблемите на зрел начин или воопшто нема да разговараат. Нема да ги натерате да се расправаат за нешто сосема бесмислено. Мора да признаете дека ова е навистина прекрасна особина!rn

    Секогаш го гледаат доброто во луѓето

    rnТие се обидуваат да пронајдат нешто добро во секој човек. Тоа е така затоа што се надеваат дека постојат и други луѓе со интегритет на светот. Но, доколку ги предадете, без двоумење ќе ве отфрлат од својот живот.rnrnДознајте кои се особините на луѓето со вистински интегритетrn

    Знаат кога нешто некому му пречи

    rnИмаат силна интуиција и можат да почувствуваат што се случува. Ако некој е тажен и разочаран, тие веднаш ќе забележат. Постои голема веројатност дека ќе направат сѐ што можат за да ве развеселат.rn

    Им веруваат на другите

    rnТие ги прифаќаат вашите зборови како вистинити, сѐ додека не се докаже спротивното. Не го поднесуваат лажењето. Ако еднаш ги излажете, најверојатно никогаш повеќе нема да им поверуваат на вашите зборови.rn

    Секогаш се извинуваат први

    rnАко згрешиле нешто, веднаш ќе ви се извинат. Секогаш ги признаваат своите грешки и се обидуваат да ги поправат работите.rn

    Многу се скромни

    rnТие не се свесни колку навистина вредат. Иако се многу влијателни и прават голем број добри дела, тие не го гледаат тоа. Треба да ги потсетите на нивната вредност и значење.rn

    Прават добри дела секогаш кога можат

    rnСекогаш им помагаат на другите луѓе. Тие сакаат да знаат дека му помогнале некому да си го подобри животот. Тоа му дава смисла на нивниот живот.rn

    Секогаш се љубезни

    rnЉубезноста може да ви отвори многу врати. Кога ќе забележат дека некој човек поминува низ тежок период, веднаш ќе се обидат да помогнат. Тие навистина можат да ви го разубават денот.rnrnДоколку познавате луѓе со вистински интегритет, бидете благодарни поради тоа што ги имате во животот и дајте им до знаење дека се од големо значење за општеството. Кажете им дека се гордеете со нив и обидете се да ги задржите во ваша близина.rnrnВо продолжение прочитајте и за 5-те работи кои луѓето со интегритет ги прават поинаку од останатите.

  • Психолошки експеримент: Дали би убиле 1 човек со цел да го спасите животот на 5 луѓе?

    Психолошки експеримент: Дали би убиле 1 човек со цел да го спасите животот на 5 луѓе?

    Замислете дека поминува тролејбус со голема брзина, кој не е во контрола и се движи кон група од 5 луѓе. Вие стоите на мостот над него, во близина на поголем човек. Доколку го турнете на шините под мостот, неговото тело ќе го сопре тролејбусот и тој нема да удри во 5-те луѓе пред него. Да, тој ќе умре, но другите 5 ќе преживеат. Дали би требало да го турнете човекот од мостот?rnrn(1) Психолошки експеримент: Дали би убиле 1 човек со цел да го спасите животот на 5 луѓе?rnrnПред да ја донесете одлуката, треба да знаете дека вашата популарност може да зависи од неа. Според една нова студија каде што биле вклучени 2.400 учесници, начинот на кој ќе го решите „проблемот со тролејбусот“ може да има големо влијание врз тоа колку луѓето ви веруваат. Па, ајде да ги разгледаме вашите можности.rnrnВие би можеле да кажете „да“, бидејќи спасувањето на 5 личности ја надминува штетата од убивањето на 1 човек. И не би биле сами… Вие би правеле морална одлука имајќи го општото добро на ум, дури и ако со тоа правите штета – на пример, убивате 1 личност со цел да спасите 5.rnrnОд друга страна пак, би можеле да кажете „не“, бидејќи убивањето е погрешно, без разлика на позитивните исходи кои би можеле да настанат. Во овој случај, вашата морална одлука се води од повеќе морални правила, права и должности. Верувањата дека не треба да се убива, или пак, да се однесувате со останатите како што би сакале тие да се однесуваат со вас, спаѓаат во оваа категорија морални вредности.rn

    Па, кој е вашиот одговор?

    rnСтатистички, поголемиот дел од луѓето мислат дека е погрешно да се турне човекот од мостот со цел да се спаси животот на другите 5. На некој начин, ова има смисла – ние се тресеме од самата помисла дека вакво нешто би можело да му се случи на некој наш близок, пријател или партнер, дури и ако станува збор за општото добро. Но, која е вистинската причина поради што повеќето луѓето го преферираат овој пристап кон моралноста?rnrnДосега се верувало дека интуициите кои ги водат овие луѓе доаѓаат од „ирационални“ емоционални одговори. Но, изгледа постои друго објаснување, поточно моќта на популарноста. Оние луѓе кои се држат до моралните правила се сметаат за подобри социјални партнери, што може да објасни зошто поголемиот дел од луѓето размислуваат на овој начин.rnrnЗа време на човечката еволуција, ваквото размислување можело да има големо влијание помеѓу целата популација. Па, наместо да рефлектирате ирационално или емоционално размислување, правењето морални одлуки базирани врз правила би можело да биде еден вид адаптивна карактеристика на нашите умови со цел да се погрижиме дека би преживеале во светот.rnrn(2) Психолошки експеримент: Дали би убиле 1 човек со цел да го спасите животот на 5 луѓе?rn

    Да се вратиме повторно на тестот

    rnНаучниците ја тестирале оваа хипотеза со користење неколку варијации на „проблемот со тролејбусот“ и ги прашале луѓето со спротивставени морални одлуки, која група според нив ја сочинуваат подобри социјални партнери. Во текот на 9 експерименти, тие откриле дека луѓето кои одбиле да убијат невина личност, дури и кога тоа би придонело за општото добро, се сметале за подоверливи личности отколку оние кои ја одбрале другата алтернатива.rnrnИ не само што повеќето луѓе кажале дека повеќе би им верувале на овие личности, туку тие исто така имале и повеќе доверба во нив кога станувало збор за пари. Учесниците им дале поголеми суми пари на оние кои одбивале да жртвуваат еден за да спасат повеќе, надевајќи се дека тие сигурно ќе им ги вратат, во однос на оние кои одбрале да се жртвува еден живот по цена повеќе.rn

    Но, нештата никогаш не се толку едноставни

    rnСамата одлука дали да се жртвува невина личност или не, не било единственото значајно нешто. Научниците исто така откриле и дека начинот на кој се носела самата одлука бил многу важен. Оние кои решиле да го жртвуваат животот на една личност со цел да спасат повеќе, но притоа тешко ја донеле таа одлука, се здобиле со повеќе доверба отколку оние кои ја носеле одлуката лесно.rnrnИ не секогаш оние кои одбивале да убијат невина личност, добивале поголема доверба кај останатите. Каде што личноста која би можела да биде жртвувана покажувала специфична желба да живее или да умре, луѓето ги ценеле оние индивидуи кои ги почитувале тие желби, дури и ако тоа вклучувало убивање.rnrnОвие откритија не само што објаснуваат како сме ги добиле нашите морални интуиции, туку исто така можеме да го видиме и нивното влијание врз светот. Па, следен пат кога ќе треба да дојдете до тешка одлука, не заборавајте дека луѓето ги преферираат оние личности кои ги следат моралните правила.

  • Кои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?

    Кои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?

    Едно истражување објавено во „Дневникот за карактер и индивидуални разлики“ вели дека луѓето кои вообичаено им веруваат на своите инстинкти имаат помала веројатност да направат некои неморални акти. Резултатите исто така покажуваат дека луѓето кои го слушаат својот внатрешен глас или интуиција е поверојатно да останат верни во својата врска и има помала можност да украдат нешто откако ќе размислат за претходните искуства во кои покажале лошо однесување.rnrnКои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?rnrnСара Џ. Вард, дипломиран студент при Универзитетот Мисури во Колумбија, работела заедно со нејзината професорка по психологија, Лаура А. Кинг, за да ги открие сите придобивки и позитивни страни на следењето на интуицијата. Интуицијата е процес во кој се презентира способноста да се осознае и спознае нешто без претходно аналитичко истражување, пополнувајќи ја празнината помеѓу свесните и несвесните делови на мозокот и помеѓу инстинктот и логичкото размислување. Интуицијата е слушањето на вашиот внатрешен глас или верувањето во она претчувство кое ви вели дека нешто е или добра или лоша идеја.rn

    „Некои луѓе веруваат во своите инстинкти кога донесуваат одлуки, додека други помалку се ослонуваат на нив и не им обрнуваат многу внимание на претчувствата дури и ако ги искусуваат. Ние се интересиравме за тоа како индивидуалните разлики во интуицијата влијаат врз моралното однесување“, вели Вард.

    rnТаа направила два експеримента за да одреди дали потпирањето врз интуитивното размислување и процес влијае врз моралното однесување кога луѓето искусуваат внатрешно генерирани, морално важни чувства. Првиот експеримент броел 100 испитаници, меѓу кои 75 жени, кои одговарале на серија прашања за да се одреди дали имаат тенденција да ја следат својата интуиција или не. Потоа биле замолени да замислат дека се однесувале неморално на работното место: Сите прочитале приказна во која се раскажувало дека направиле нешто лошо на работа и за тоа обвиниле некој колега. Испитаниците во контролната група ја прочитале истата приказна, но наместо да обвинат некој друг, тие ја признале грешката и презеле одговорност за неа.rnrnПретходните студии покажале дека луѓето кои направиле нешто неморално и се чувствувале виновно и засрамено, се чувствувале и валкано или заразено. Врз основа на тоа, Вард предвидела дека субјектите кои направиле нешто неморално ќе бидат желни да потрошат пари на производи за чистење на рацете.rn

    „Ако се чувствувате лошо за некоја морална трансгресија, тогаш ќе сакате да се исчистите. Нашето истражување открива дека испитаниците кои ја слушаат својата интуиција купувале повеќе течни сапуни за раце откако прочитале за префрлувањето на вината на колегите“, објаснува Вард.

    rnВо вториот експеримент, испитаниците пишувале за некој момент кога тие се однесувале неморално и потоа им бил даден еден тест за интелигенција кој не можел да се реши. Вард сакала да анализира дали поинтуитивните луѓе помалку би мамеле на нерешливиот тест. На испитаниците им биле дадени 10 прашања и еден лист хартија на кој биле напишани одговорите и им било кажано дека одговорите можат да ги користат откако ќе го завршат тестот за да проверат дали одговориле точно. Потоа им било кажано дека првите 10% од нив ќе добијат ливче за лотарија (мотив за мамење). Резултатите покажале дека дури 23% од испитаниците мамеле на тестот.rn

    „Нашиот втор експеримент покажа дека луѓето кои се ослонуваат на своите инстинкти мамат помалку од другите кога ќе се сетат на некој момент кога се однесувале неморално. Сметаме дека тоа е така бидејќи луѓето сакаат да го компензираат за лошото однесување со тоа што ќе се однесуваат морално во сегашноста и оваа тенденција за компензирање е поизразена кај луѓето кои ја слушаат својата интуиција“, заклучува Вард.

  • Не плашете се! Овие работи не се менуваат откако ќе ја изгубите невиноста

    Не плашете се! Овие работи не се менуваат откако ќе ја изгубите невиноста

    Кога една девојка ќе ја изгуби својата невиност се јавуваат разни грижи – како ќе ја гледа друштвото, дали нејзиното мислење за себе ќе се промени, дали нејзиното тело ќе се промени… Иако многу девојки се самокритични, најважно е пред сѐ да се опуштите. Во текстот подолу ќе откриете кои работи остануваат непроменети иако девојката ја изгубила својата невиност.rnrn1-ne-plashete-se-ovie-raboti-ne-se-menuvaat-otkako-kje-ja-izgubite-nevinosta-www.kafepauza.mk_rnrnКога сте во врска и ќе започнете да размислувате дека треба да одите еден чекор понатаму, треба да ги знаете овие работи кои не се менуваат откако ќе ја изгубите невиноста. Сепак, треба да бидете многу сигурни пред да се одлучите да го направите овој чекор. Губењето на невиноста е посебен чин за секоја девојка и носи многу спомени кои ќе ги помните до крајот на животот.rn

    1. Вашето тело

    rnАко мислите дека вашиот химен се „кине“ кога имате секс по прв пат, тогаш сте во право. Но, хименот на една жена исто така може да биде скинат и при некои спортски активности како што е на пример, јавање.rn

    2. Вашата вредност

    rnСите ние пораснавме со приказната која ни ја кажуваа нашите мајки дека жените кои се девици се сметаат за чисти и повредни од што било друго. Запомнете, ако имате секс не се менува ништо и сексот нема да ја намали вашата вредност, ниту пак ќе ве направи нечисти. Ова се само митови.rn

    3. Поразлично мислење

    rnМногу девојки мислат дека другите ќе го сменат мислењето за нив после имањето секс. Ние ве советуваме да не ви е грижа што вашето друштво мисли за вас. Мора да го направите она што мислите дека е најдобро и што ви одговара.rnrn2-ne-plashete-se-ovie-raboti-ne-se-menuvaat-otkako-kje-ja-izgubite-nevinosta-www.kafepauza.mk_rn

    4. Чувства

    rnКога имате секс со саканата личност размислете за чувствата. Чувствата имаат тенденција да се зголемат после интимниот однос. Ако размислувате за раскинување после односот, тогаш тоа е погрешно.rn

    5. Вашиот морал

    rnНе впуштајте се во интимни односи додека не станете доволно зрели за да ја преземете одговорноста. Избегнувајте ги негативните мислења за сексот. Научете да уживате во него, но не заборавајте дека задолжително треба да користите заштита.rn

    6. Вашиот однос

    rnКога имате секс со личноста која ја сакате, тоа ја прави вашата врска појака. Ако имате секс со некој маж со кого само флертувате, не го очекувајте истото. Научете да бидете практични пред да го прифатите повикот.

  • Како некогаш им зборувавме на децата, а како им зборуваме денес?

    Како некогаш им зборувавме на децата, а како им зборуваме денес?

    Од пораките кои ги добивавме од родителите пред 20-30 години и пораките кои ги добиваат децата денес од своите родители, може да забележиме дека постои голема разлика. Се сложувате?rnrn0-kako-im-zboruvavme-na-decata-nekogash-i-denes-www.kafepauza.mk_ copyrnrn1985: Си се извалкал надвор. Мора да било лудо. Стави ги алиштата за перење.rnrn2015: Немој никако да си се извалкал надвор! Не трчај, не скокај, не се тркалај по подот!rnrn1985: Нема да станеш од маса сè додека не изедеш сè од чинијата.rnrn2015: Не ти се допаѓа ова? Сега ќе ти зготвам нешто друго.rnrn1985: Ако ти остане кусур, купи си мастика.rnrn2015: Веќе стави неколку чоколади во корпата. Ова ти е последно.rnrn1985: Врати се дома порано. Не може да си играш до толку доцна.rnrn2015: Стани од тој компјутер и излези надвор.rnrn1985: Наставничката те казни? Во ред, најверојатно си заслужил.rnrn2015: Утре веднаш ќе одам да поразговарам со директорот. Не може таа така да се однесува со моето дете.rnrn1985: Се скара со Марко? Решете го тоа утре насамо.rnrn2015: Марко ти викаше? Утре ќе ѝ се јавам на мајка му.rnrn1985: Гледај го цртаниот филм пред дневникот и право во кревет.rnrn2015: Веќе два часа гледаш телевизија. Помина 10 часот, оди во кревет.rnrn1985: Возрасните секогаш треба да ги поздравуваш. Кажувај им „Добар ден“.rnrn2015: Не зборувај со никој кој не го познаваш.rnrn2-kako-im-zboruvavme-na-decata-nekogash-i-denes-www.kafepauza.mk_rnrn1985: Ја скрши омилената играчка? Сега ќе научиш да се грижиш повеќе за сопствените работи.rnrn2015: Те молам не плачи. Сега ќе оди татко ти во продавница и ќе ти купи нова.rnrn1985: Почитувана наставничке, Иван малку кашла, но сепак го пуштив да дојде на училиште.rnrn2015: Ало, наставнички, Иван малку кашла, нема да дојде оваа недела на училиште.rnrn1985: Не ме интересира како е кај Марко. Мене ме интересираш ти и твоето однесување.rnrn2015: Ако Марко има/може тогаш и моето дете ќе има/може.rnrn1985: Памет во глава!rnrn2015: Веднаш заѕвони ми на мобилен ако има нешто…rnrn1985: Ако не учиш ќе копаш канали/ќе чистиш тоалети/ќе бидеш ѓубрар.rnrn2015: Ако учиш мама и тато ќе ти купат сè што ќе посакаш.rnrn1985: Немој да ти повторувам два пати.rnrn2015: Смири се и јади. Смири се. Јади. Те молам, смири се и јади. Ме слушаш? Смири се малку. Ајде јади.rnrn1985: Не ме интересира кој е крив. Веднаш да го раскренете тоа.rnrn2015: Одете во својата соба за да го исчистам овој неред што сте го направиле.

  • 15 мудрости од Аристотел

    15 мудрости од Аристотел

    Невозможно е преку само еден пост да се пренесат ниту основите на Аристотеловите учења. Овие 15 цитати служат само да ве инспирираат и да ви бидат насока за понатамошно размислување.rnrn15 мудрости од Аристотелrn

    „Моралната изврсност е резултат на навика. Стануваме праведни чинејќи праведни дела, умерени преку чинење на умерени дела и храбри преку чинење на храбри дела.“

    rn

    „Ние сме она што постојано го правиме. Оттаму, изврсноста не е чин, туку е навика.“

    rn

    „Моралните особини кај нас не се формираат ниту природно ниту неприродно. Природата само го подготвува теренот за нивно прифаќање, а нивното целосно формирање е производ на навиката.“

    rn

    „Оној што е пријател секому не е пријател никому.“

    rn

    „Карактеристика на едуцираниот човек е да се занимава со некоја мисла без да ја прифати.“

    rn

    „Ако можеме да сториме нешто, можеме и да не го сториме тоа.“

    rn

    „Љубовта е една душа во две тела.“

    rn

    „Храброста е најважниот човечки квалитет затоа што ги гарантира сите други.“

    rn15 мудрости од Аристотелrn

    „Образованиот се разликува од необразованиот како живиот од мртвиот.“

    rn

    „Оној кој не се вклопува во општеството, или кому не му е потребен никој затоа што сам себеси си е доволен, мора да е или ѕвер или бог.“

    rn

    „Целото е повеќе отколку збирот на неговите делови.“

    rn

    „Природата ништо не прави за џабе.“

    rn

    „Тоа што е блесок на денот за очите на лилјакот, тоа е и разумот во нашата душа за работите кои изгледаат најочигледни.“

    rn

    „Мудриот не се изложува на непотребна опасност затоа што има малку нешта за кои доволно се грижи, но во тешки времиња спремен е да го даде и животот знаејќи дека под одредени услови не вреди да се живее.“

    rn

    „Бегството од проблемите е форма на кукавичлук, така што иако самоубиството бара храброст за соочување со смртта, тоа не се прави поради некоја благородна причина туку за да се побегне од болката.“

  • Импресивни цитати на големиот Толстој

    Импресивни цитати на големиот Толстој

    Лав Николаевич Толстој е еден од најпознатите руски писатели. Неговото импозантно творештво изобилува со богата психолошка анализа на ликовите, притоа ставајќи акцент на моралните како и на семејните вредности.rnrnЕден од најголемите умови во историјата на човештвото, брилијантен уметник чии мисли живеат и важат и ден-денес. Ова се дел од најимпресивните цитати на Толстој како и неговите гледишта за животот, уметноста, моралните вредности и вистинските квалитети на човекот.rnrnИмпресивни цитати на големиот Толстојrnrnrn

    „Сите размислуваат за промена на светот, но никој не мисли да се промени самиот.“

    rn

    „Музиката е стенографија на емоциите.“

    rn

    „Двата најмоќни воини се трпението и времето.“

    rn

    „Сè, сè што разбирам, разбирам бидејќи љубам.“

    rn

    „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“

    rn

    „Му се бесам на човека на врат, давејќи го и терајќи го да ме носи, а сепак се убедувам себеси и останатите дека ми е жал за него и дека посакувам да му олеснам на секој можен начин – освен да му се симнам од вратот.“

    rn

    „Единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото.“

    rn

    „Неверојатно е колкава е заблудата за тоа дека убавината е добрина.“

    rnИмпресивни цитати на големиот Толстојrnrn

    „Не постои значајност таму каде што нема едноставност, добрина и вистина.“

    rn

    „Здодевност: желба за желби.“

    rn

    „Во име Господово, запрете за миг, прекинете со работа и погледнете околу себе.“

    rn

    „Еден од најголемите услови за среќа е дека врската меѓу човекот и природата не смее да биде прекината.“

    rn

    „Уметноста не е ракотворба туку пренос на чувства кои уметникот ги доживеал.“

    rn

    „Вистината, исто како и златото, се добива не со зголемување на количината, туку со отстранување на сè она што не е злато.“

    rn

    „Вистинскиот живот се живее кога се случуваат мали промени.“

    rn

    „Вербата е смислата на животот, смисла заради која човекот не се уништува себеси туку продолжува да живее. Тоа е силата по која живееме.“

    rnИмпресивни цитати на големиот Толстојrnrn

    „Луѓето живеат не заради грижата за себе туку за љубовта што другите ја чувствуваат за нив.“

    rn

    „Историчарите се како глуви луѓе кои продолжуваат да даваат одговори на прашања кои никој не им ги поставил.“

    rn

    „Да се каже дека некое уметничко дело е добро, но неразбирливо за повеќемина, е исто како да се каже дека одредена храна е многу добра, но повеќето луѓе не можат да ја јадат.“

    rn

    „Изгубивме бидејќи си рековме себеси дека сме изгубиле.“

  • Како да станете успешен лидер?

    Како да станете успешен лидер?

    Повеќето вработени велат дека не му завидуваат на шефот и неговата посебна канцеларија. Но, вистината е дека вработените сепак би прифатиле поголема канцеларија, но не и поголеми одговорности што доаѓаат заедно со повисоката позиција. Следуваат неколку совети како да станете успешен лидер и полесно да ги надминете главоболките.Како да станете успешен лидер?rnrn

    Подобрете ја комуникацијата

    rnИмајќи предвид дека живееме во ерата на информатичка технологија, способноста за комуникација и мотивација на вработените е од суштинско значење. Поранешниот претседател на Крајслер, Ли Лакока, вели: „Ако имате брилијантни идеи, но не можете да ги презентирате, вашите идеи нема да ве одведат никаде“.rnrnКолку сте подобри во писмената и во усната комуникација, толку поголема добивка ќе имате. Усовршете ги комуникациските вештини прифаќајќи да држите презентации и да пишувате извештаи. Ако не ви е пријатно да бидете центар на внимание, зголемете ја самодовербата така што ќе се вклучите во организирање на јавен говор или ќе започнете со курс по деловна комуникација.rn
    rn

    Слушајте внимателно

    rnВнимателните лидери поминуваат исто толку време во слушање, колку што зборуваат. Иако се самоуверени, сепак ги немаат одговорите на сите прашања. За нив се добредојдени повратните информации, алтернативните гледишта и новите идеи. И покрај тоа, нивната политика за поттикнување на вработените е да допрат до нив преку поставување прашања и покажување на загриженост за нив.rnrnВежбајте „активно слушање“.  За време на дискусија фокусирајте се на тоа што се зборува, не прекинувајте го соговорникот и не наведувајте го на одговор што вие сакате да го слушнете. Повремено климајте со главата, не погледнувајте пречесто во телефонот и постојано одржувајте контакт со очите.rn
    rn

    Имајте висок морал

    rnЕтиката и одговорноста не се само празни зборови; тие се императиви во бизнисот. Всушност, извршните директори го наведуваат интегритетот како најважна карактеристика која ја бараат кај идните лидери. Штом вашиот карактер се доведе во прашање, штетата може да биде голема.rnrnЗаштитете го вашиот углед со чесно и темелно работење. Бидете сигурни дека се водите според вистинските вредности. Ако евентуално направите грешка, преземете ја целосната одговорност и веднаш поправете ја.rn
    rn

    Изградете силна внатрешна мрежа

    rnВлијателните менаџери знаат дека добрата поврзаност и почитта која ја имаат се клучни за добивање на информации од различни извори. Тие исто така знаат дека полесно ќе ги „продадат“  своите идеи  доколку имаат сојузници што ќе ги поддржуваат. Заради тоа потребно е постојано да ја одржувате силна мрежата во организацијата.rnrnПроширете ги вашите достигнувања така што ќе се спријателите со колегите од компанијата. Присуствувајте на настани организирани од компанијата и бидете тимски играч. Споделете го успехот и помагајте кога сте во можност затоа што сето тоа ќе ви биде возвратено.rn
    rn

    Бидете флексибилни

    rnВрвните менаџери се прилагодливи, креативни и способни да размислуваат. Тие се отворени за нови начини на извршување на работите и знаат дека не постои само еден единствен правилен начин за постигнување на целта. Ако приоритетите во бизнисот се променат, или ако од вас биде побарано да работите на проект кој не е дел од вашите работни задачи, бидете отворени и подготвени за промена. Прифатете го новиот предизвик со позитивен став.rn
    rnЗа крај, потребни се време и посветеност за да се развијат лидерските особини. Но, напорот се исплатува. Ако се чувствувате малку непријатно или исплашено додека ги совладувате овие вештини, сетете се дека ниеден лидер не се родил како таков. Сите тие напорно работеле за да станат лидери какви што денес ги знаеме.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.