Во Египет е познато како „растение на бесмртноста“, а древните Индијанци го нарекувале „рајско стапче“. Ниту еден од овие називи не е залуден, бидејќи алое верата има многубројни здравствени придобивки од кои некои ни се веќе добро познати. Таков е случајот со облогите од листовите алое вера кои се одлични за изгореници и исеченици, но дали сте знаеле дека ова растение не е ограничено само на надворешна употреба?rnrn
rnrnИмено, алое верата содржи преку 200 биолошки активни компоненти меѓу кои се вбројуваат полисахаридите, витамините, аминокиселините и минералите кои ја унапредуваат апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, тоа содржи и антимикробни и антифунгални својства, помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем и го чисти организмот од токсини. Меѓу минералите кои се наоѓаат во оваа билка се и калциумот, магнезиумот, цинкот, калајот, хромот, селенот, натриумот, железото, бакарот и манганот. Овие минерали го подобруваат метаболизмот и помагаат при варењето на храната, па алое верата често се користи и како растение кое е редовно присутно во диетите и оброците на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.rnrnПокрај набројаните елементи, алое верата ги содржи и ензимите амилаза и липаза кои помагаат во разградувањето на шеќерот и мастите. Ова растение е едно од ретките кои го содржат витаминот Б12 кој, пак, е неопходен за производство на црвените крвни зрнца, што е и одлична вест за сите вегетаријанци. Покрај Б12, ги содржи и витамините А, Ц, Е, фолна киселина, Б1, Б2, Б3 и Б6.rnrnАлое верата во својот хемиски состав ги вклучува сите есенцијални аминокиселини, но и салицилната киселина која се бори против бактериите и воспаленијата. Во некои од истражувањата се покажало дека растението е и одлично за отстранување на наслагите од забите и непцата и помага во лекувањето на афтите и раните во усната празнина. Може да се консумира како сок или да се нанесува во вид на гел, а доколку се одлучите да го пиете тогаш најдобро е да го комбинирате со некој друг пијалак бидејќи има горчлив вкус. Сокот од алое вера можете да го набавите во која било продавница за здрава храна. Поради сите материи кои ги содржи, научниците заклучиле дека алое верата значително помага во лекувањето и олеснувањето на симптомите на повеќе од 50 болести.
Tag: минерали
-

Рајско стапче: Растението кое лечи преку 50 болести и здравствени нарушувања
-

Главоболки, грчеви, кршливи нокти и коса: Симптоми за недостаток на витамини и минерали
Одредени недостатоци на минерали и витамини во организмот можат да предизвикаат најразлични здравствени проблеми. Симптомите со кои се сочуваме секојдневно можеби не се последица на стресот или нашата психичка состојба, туку се само еден начин на кој нашето тело се обидува да ни каже дека треба да почнеме да консумираме повеќе витамини.rnrn
rnrnОва се најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на витамини и минерали во вашето тело:rn1. Грчеви во мускулите и главоболки – Недостаток на магнезиум
rnНад 75% од луѓето патат од недостаток на магнезиум во организмот. Магнезиумот е една од најсилните материи која помага вашиот нервен систем да функционира правилно. Тој ги опушта мускулите и нервите, ја ублажува главоболката и може да ви помогне подобро да спиете. Ако и вие страдате од недостаток на магнезиум, тогаш додадете малку зелје или кељ во вашата исхрана. Сипете и малку горка сол во топлата купка бидејќи таа е богата со магнезиум, а на овој начин тој ќе се апсорбира преку кожата.rn
2. Акни на лицето – Недостаток на цинк
rnАкните можат да укажуваат на недостаток на цинк. Цинкот влијае на изгледот на лицето и тенот, но исто така го контролира и производството на маснотии за кожата. Со земањето 30 милиграми цинк дневно, вие можете многу да му помогнете на вашето тело, а вашето лице ќе се ослободи од акните. Исто така може да пробате да јадете и голо семе од тиква.rn
3. Суви, меки и кршливи нокти и сува коса – Недостаток на витамин Б7
rnВитаминот Б7 или биотинот е клучен за здравата коса. Иако тој ретко недостасува во организмот, сепак возможно е да имате намалени количини од него, а неговите недостатоци се манифестираат преку губење на косата, сува коса и кршливи нокти. Консумирајте храна богата со витамин Б7 за да ја подобрите оваа состојба.rn
4. Слаба коса – Недостаток на железо
rnЖелезото му помага на кислородот да минува низ целото тело, дури и до дланките. Ако забележите дека вашата кожа станува потенка и имате нагло губење на косата, можеби треба да започнете да консумирате храна побогата со железо за да ги решите ваквите проблеми.rn
5. Бели истакнати отоци – Есенцијални масни киселини
rnАко забележите мали, бели отоци по прстите и зглобовите на дланките, тоа значи дека патите од недостаток на омега 3 масни киселини. Јадете храна која е богата со омега 3, како на пример риба, за да ја вратите рамнотежата во вашиот организам.
-

Погледнете кои се 5-те најважни витамини и минерали за секоја жена
Сите витамини и минерали имаат важна функција во телото, но овие пет се најважни кога станува збор за зачувување на здравјето, виталноста и убавината на жената.rnrn
rn1. Витамин Е
rnВитаминот Е е всушност витамин на младоста. Овој моќен антиоксиданс е познат по своето позитивно дејство врз здравјето и изгледот на кожата. Тој ги штити кожата и организмот од штетното влијание на оксидативниот стрес и спречува предвремено стареење и развој на болести. За жените е важен затоа што влијае врз менструалните болки, го намалува нивото на холестерол, го штити срцето и ги зајакнува имунитетот и здравјето на репродуктивниот систем.rn
2. Витамин Д
rnНајголемите количини на овој витамин ги добиваме од сончевите зраци. Во минатото, додека човекот работел на отворено, нашето тело овој витамин го добивало во изобилство. Но, денес, кога најголем дел од времето го поминуваме во затворен простор, се јавува недостиг на витамин Д. Тој ни е потребен затоа што ја поттикнува апсорпцијата на калциум, кој автоматски ја зголемува густината на коските и спречува остеопороза. Подеднакво важен е и за зајакнување на имунитетот, зачувување на мускулите и спречување разни воспаленија.rn
3. Б комплекс
rnБ комплексот е всушност составен од 8 витамини кои учествуваат во околу 300 ензимски реакции во нашето тело. Поголемиот дел од Б витамините даваат енергија, добро расположение, здрав сон и апетит. Некои витамини од Б комплексот се многу важни за време на бременоста. Таков е Б9 или познат како фолна киселина. Жените го сакаат Б комплексот бидејќи директно влијае на растот и цврстината на ноктите и косата, како и на здравјето и убавината на кожата.rn
4. Железо
rnОва е еден од најважните минерали во нашиот организам. Тој има клучна улога во репродуктивниот период од животот на жената, но и после него. Железото има важна улога во создавањето на црвените крвни зрнца кои ги снабдуваат виталните органи и ткива со кислород. Прв показател за недостаток на железо е постојан умор и недостаток на енергија.rnrnНедостатокот на железо настанува поради несоодветна исхрана (безмасна или вегетаријанска) или поради обилни менструални циклуси што често доведува до анемија. За да се регулира нивото на железо во крвта, потребно е тоа да се внесува преку храна која е богата со овој минерал како што е спанаќот, темното чоколадо, школките, сончогледовото семе, говедското и јагнешкото месо.rn
5. Цинк
rnЦинкот е многу важен минерал во женскиот организам затоа што позитивно влијае врз растот на косата и изгледот на кожата и ноктите. Многуте проблеми како акни, дерматитис и слаби нокти со бели дамки се последица на недостатокот на цинк во организмот. Но, освен дејството врз убавината на жената, цинкот е важен и за имунитетот, правилната работа на репродуктивниот систем и помага при (пред)менструални тегоби.
-

Оваа житарица е вашиот сојузник за добра меморија, но и за одржување на вашето здравје
Позната по бројните хранливи својства, хељдата преставува идеален избор за сите оние кои сакаат да си го подобрат помнењето, односно да ги подмладат своите крвни садови. Оваа псевдожитарица (скриеносемени растенија кои се употребуваат како житарици) потекнува од Азија и е богата со минерали како калиум, фосфор и калциум, но и со микроелементи како јод и цинк, кои се неопходни за правилен развој и добро функционирање на организмот. Во денешно време, кога животот е исполнет со многу стрес и загадување, на организмот му е потребно многу повеќе нега, а токму тоа може и да ви го овозможи хељдата.rnrn
rnrnХељдата исто така се препорачува и за лицата чија здравствена состојба е нарушена од одредена болест, за постарите возрасни како и за оние кои имаат проблем со дигестивниот систем. Таа помага при правилна работа на цревата и важна е во вегетаријанската исхрана бидејќи изобилува со белковини и содржи витамини Б1 и Б2.rnrnТаа е богата со диетални влакна, содржи 8 есенцијални аминокиселини, богата е со минерали, содржи фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар и манган. Го намалува нивото на шеќер во крвта, па токму затоа е одлична за оние кои имаат дијабетес. Од друга страна пак, таа го намалува високиот притисок и холестеролот, не содржи глутен, па затоа е совршена за оние луѓе кои страдаат од алергии. Таа исто така го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем и ги намалува ризиците од рак.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Не сакате да јадете наутро? Подгответе смуди за појадок
Појадокот е најважниот оброк во денот бидејќи ни обезбедува енергија која му е потребна на телото за секојдневните задачи. Ако сте од оние кои не сакаат да појадуваат, ова зелено смуди е идеално за вас.rnrnИако е во течна состојба, овој појадок ќе ви ја даде потребната енергија. Преку намирниците кои треба да ги употребите, ќе ја примите потребната количина на витамини, минерали и антиоксиданси.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- 1 грст спанаќ
- ½ краставица
- 165 грама манго
- 1 шолја сварен зелен чај
- ½ лимон или лимета
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСите наведени состојки ставете ги во блендер и додајте го лимоновиот сок. Од оваа количина ќе добиете околу 1 литар напиток, а она што ќе ви остане ставете го во фрижидер и конзумирајте го во текот на денот.rnrnСпанаќот го јакне имунолошкиот систем и е полн со витамини А и К, а краставицата го контролира нивото на шеќер во крвта. Зелениот чај штити од многу болести, а лимонот го додаваме за да ја олесни можната утринска мачнина, плус дава витамин Ц и го штити срцето во текот на денот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Моќта на бадемите – совршен сојузник во секоја диета
Една рака бадеми на ден е совршена ужина која ќе ве засити и ќе ве заштити од многу болести. Овој високопротеински оброк го потиснува и го залажува апетитот и е одличен за здравјето на срцето.rnrn
rnrnБадемите се преполни со монозаситени масти и витамин Е, кои штитат од лошите влијанија на УВ-зраците и Алцхамеровата блосет, тврдат дури 6 неодамна презентирани студии.rnrnЗа оние со ризик од дијабетес, бадемите на дневна база го регулираат нивото на глукоза во крвта.rnrnТие се исто така богати со минерали кои им помагаат на нашите коски да бидат јаки, а магнезиумот е важен за мускулите и за нервите, и плус го регулира крвниот притисок.rnrnЗа кожата, тука се групата флавоноиди кои се антиоксиданси и го подобруваат ефектот на витаминот Е заради што изгледаме младолико.rnrnЕдно истражување кое го водел д-р Керол О’Нил од Универзитетот во Луизијана во кое бил вклучен импресивен примерок од 24.0808 возрасни луѓе, потврдило дека со редовно внесување на бадеми доаѓа до подобрување на нашата психолошка состојба.rnrnЗанимливо е и тоа што со умерено конзумирањње на бадеми, учесниците во истражувањето не се дебелееле. Диетата со бадеми по 6 недели ја намалила масата околу стомакот и количината на сало.rnrnПрелиминарните резултати тврдат дека грицкањето бадеми ја намалува количината на масти во телото што доведува до намалување на ризикот од метаболички синдром, со што автоматски се намалува шансата за срцеви болести и останати заболувања на крвните садови.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Витамини и минерали за заштита и обнова на косата
Доколку сте забележале дека вашата коса сè повеќе опаѓа, време е да преземете нешто. Косата може да ја негувате првично преку исхраната со внесување на витамините и минералите неопходни за цврстина и сјај на влакното, а исто и со помош на масла како рузмарин или лаванда.rnrn
rnrnОва се витамините и минералите кои најмногу придонесуваат за заштита на косата:rnrnЦинк
rnПокрај многуте здравствени придобивки, цинкот помага за заштита на косата од опаѓање. Внимавајте вашата исхрана да вклучува цинк. Храна богата со цинк е: морската храна како остригите, јастогот и ракот, некои видови месо како говедското, свинското и пилешкото, а исто го има и во јајцата, гравот, јогуртот како и во некои јаткасти плодови.rnrn
rnrnБ витамин
rnКога станува збор за одржување на косата, витаминот Б е ваш пријател. Фолатот е најзаслужен за цврстината и сјајот на влакното. Еве што треба да вклучите во исхраната: зелени салати, житарки, риба, пилешко, мисиркино месо, грав, ореви, разни видови морска храна. Фолатот е најзастапен во: гравот, леќата, спанаќот, аспарагусот и др.rnrn
rnrnЖелезо
rnДоколку косата ви опаѓа повеќе од вообичаено, тоа може да биде знак на анемичност и недостаток на железо. Затоа обрнете внимание вашата исхрана да вклучува производи богати со железо, како: јунешко месо, црн дроб, спанаќ, соја, артичоки и сливи. Доколку пак недостатокот е голем, може да размислите за внесување на железото со помош на лекарства, за што задолжително мора да се консултирате со доктор бидејќи претераната употреба може да биде опасна. Исто, се препорачува консумирање на витамин Ц за подобра апсорпција на железото во организмот.rnrn
Калциум
rnКалциумот е клучен за цврстината на вашата коса па затоа обрнете му големо внимание. Најмногу го има во млечните производи, но исто и во брокулата, кајсиите, портокалите и сардините.rnrn
rnrnД витамин
rnНекои студии покажуваат дека витаминот Д наголемо влијае врз растот на косата, па затоа се препорачува редовно да се внесува преку исхраната. Витаминот Д го има во рибата (харинга, сом, пастрмка и лосос), но исто така и во обичното како и во соиното млеко.rnrn
Некои природни масла
rnВо одржувањето на вашата коса здрава, сјајна и витална, може да ви помогнат:rnrn

rnrn
- rn011
- Рузмарин – Рузмаринот од многу одамна се користел за да се спречи ќелавост. Како третман за коса рузмаринот може да се користи во вид на чај така што ќе ја прелиете целата коса или пак да го масирате скалпот на косата со масло од рузмарин. Почекајте да дејствува, потем добро измијте го.
- Лаванда – Освен по нејзината моќ за смирување на сетилата, лавандата е корисна и за вашата коса. Масирајте го скалпот со масло од лаванда три пати неделно и сами ќе го забележите резултатот.
- Кедар – Кедарот е едена од најупотребуваните состојки за производство на парфеми и разни козметички производи, но неговата употреба не запира тука. Маслото од кедар слободно искористете го за зајакнување на вашата коса.
rn011
rn011
rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

7 витамини и минерали кои ќе ја зголемат вашата енергија
Дали понекогаш ви се случувало со денови да се чувствувате без енергија и да сакате само да лежите во кревет или да кампувате на каучот? И покрај тоа што е нормално одвреме-навреме секој да се почувствува вака, доколку ова ви се случува редовно, тогаш дефинитивно ви е потребна инфузија со енергија.rnrn
rnrnМногу луѓе се потпираат на кофеинот и на енергетските пијалаци за да можат да ја завршат својата работа, но овие навики не доаѓаат без несакани дејства. Доколку претерувате може да почнете да се чувствувате нервозно, раздразливо и да се соочите со проблеми со шеќерот во вашата крв кои можат да предизвикаат да се почувствувате многу послабо од кога било порано. Па, доколку сакате да ја зголемите вашата енергија без никакви несакани последици тоа можете да го постигнете со помош на наредниве неколку витамини…rnВитамин Б-12
rnИстражувањата покажале дека голем дел од луѓето имаат недостаток од овој витамин и токму поради тоа се со ниско ниво на енергија, имаат потешкотии во фокусирањето и чувствуваат трнење во прстите на рацете и нозете.rnrn
rnrnНајголемо количество на Б-12 можете да добиете преку јадење говедско место, скуша, школки, благо тофу, кашкавал и јајца. Препорачана дневна доза од овој витамин е 2,4 микрограми.rnВитамин Б Комплекс
rnИ покрај тоа што витаминот Б-12 заслужува своја сопствена категорија, тоа не значи дека и останатите Б витамини не можат да ви помогнат со зголемување на нивото на вашата енергија. Покрај Б-12, останатите Б витамини вклучуваат тијамин (Б-1), рибофлавин (Б-2), нијацин (Б-3), пантотенска киселина (Б-5), пиридоксин (Б-6), биотин (Б-7) и фолна киселина (Б-9). Овие витамини не само што ќе ви помогнат со енергијата, туку исто така тие се познати и како превентива од напади, кардиоваскуларни болести и депресија. Доколку редовно ги конзумирате, не само што ќе се чувствувате одлично, туку и ќе ја подобрите вашата општа здравствена состојба.rnrn
rnrnНајголеми количества на Б комплекс можете да најдете во спанаќот, лососот, компирите и леќата. Препорачана дневна доза: тијамин – 1,1 микрограми, рибофлавин – 1,1 микрограми, ниjацин – 14 милиграми, пантотенска киселина – 5 милиграми, пиридоксин – 1,3 милиграми, биотин 30 – микрограми и фолна киселина – 400 микрограми.rnВитамин Д
rnВитаминот Д не само што ќе ви ја зголеми енергијата, туку и ќе ви помогне при зацврстување на вашите коски и со тоа ќе ви овозможи долг активен животен стил.rnrn
rnrnПостојат два начини на кои можете да се снабдите со потребното количество од овој витамин во вашето тело. Првиот начин е преку млекото и/или рибата, а другиот начин е преку сончање на топлите и смирувачки сончеви зраци. Доколку решите да се сончате, правете го тоа по 15 минути секој ден. Препорачана дневна доза од овој витамин се 600 меѓународни единици (IUs).rnКоензим Q10
rnКоензимот Q10 е клучен за општото добро здравје бидејќи на базично ниво го одржува функционирањето на вашите клетки. Исто така тој помага при одржување на оптималната работа на вашиот кардиоваскуларен систем, што е многу важно доколку сте редовно физички активни. Производството на коензимот Q10 се намалува како што стареете, додека пак кај пушачите намалувањето е многу поголемо.rnrn
rnrnКоензимот Q10 во поголемо количество може да се најде кај рибите, кај одредени органи (црн дроб и бубрези) како и кај житната храна. Советувајте се со доктор која е најдобрата дневната количина за вас.rnЖелезо
rnДоколку страдате од хроничен недостаток на енергија, вашиот доктор ќе сака да го тестира нивото на железо во вашата крв. Необјаснивата уморност може да биде предизвикана од недостиг на железо или од анемија.rnrn
rnrnЗа да се осигурате дека внесувате доволно железо, јадете црвено месо, жолчки од јајце, суво овошје и житарки засилени со железо. Комбинирајте ги со храна која содржи многу витамин Ц (портокал, диња, зелени пиперки и домати) за да може вашето тело полесно да го впие железото. За таблети со железо консултирајте се прво со вашиот доктор бидејќи тие знаат да бидат многу тешки за вашиот желудник и цревата. Препорачана дневна доза за железо е 500 милиграми.rnМагнезиум
rnКога станува збор за создавањето на енергија, магнезиумот е токму во центарот. Всушност, тој помага во многу функции на телото – го одржува вашиот крвен притисок стабилен, им помага на нервите и мускулите да функционираат правилно и го израмнува нивото на шеќерот во крвта. Сите овие нешта помагаат да се чувствувате добро и со тоа ви дозволуваат да имате доволно енергија за да го издржите денот.rnrn
rnrnВисоко количество на магнезиум можете да пронајдете во бадемите, спанаќот, житото, млекото од соја, лебот, авокадото, црниот грав и путерот од кикиритки. Препорачаната дневна доза магнезиум се движи од 310 до 320 милиграми.rnЦинк
rnЗа крај, доколку сакате да го одржувате високото ниво на енергија мора да се погрижите дека внесувате доволно цинк во вашето тело. Тој го зацврстува вашиот имунитет, помага при растењето и помалку познат факт е дека ви овозможува соодветно да мирисате и вкусувате.rnrn
rnrnЦинкот можете да го внесувате преку остриги, ракови, говедско, свинско и пилешко месо, житарки, јастог, печен грав и јогурт. Препорачана дневна доза е 8 милиграми.rnrnДоколку ги вметнете овие витамини и минерали во вашата исхрана вие многу лесно ќе можете да го одржувате нивото на енергија. Замислете само колку многу би можеле да постигнете доколку постојано работите со полн резервоар енергија.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Костени – слатко и здраво есенско задоволство
Костенот е сладок, многу здрав и е единствен јаткаст плод кој содржи витамин Ц, поради што се препорачува одличен прехранбен продукт.rnrn
rnrnНа 30 грама костени има само еден грам масти. Тоа е доволно добра причина за дефинитивно да го вклучите во исхраната оваа есен. Освен тоа, костенот изобилува со фолати, кои инаку ги има во зелениот, лиснат зеленчук, а освен тоа има и фолна киселина, витамини Б1, Б2 и Б6. Костенот е и одличен извор на влакна, кои го смалуваат нивото на холестерол, а содржи и цела низа минерали – калциум, бакар, железо, цинк, фосфор, магнезиум, манган, кои го урамнотежуваат крвниот притисок и работата на метаболизмот.rnrnПрепорачлива дневна доза од овој есенски плод, е 85 грама дневно што е околу 200 калории доколку ги јадете печени и дупло помалку калории ако ги консумирате варени.rnrnВо народната медицина костенот се користи за ослободување од дигестивни и бубрежни тегоби, а чајот од костени одлично се бори против симптомите на бронхитис и астма.rnrnИспечете си костени во рерна
rnЗагрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Користејќи мал, остар нож направете длабок рез на едната страна од секој костен. Ставете ги во тава и печете ги 30-40 минути, додека кората да се отвори и внатрешноста да омекне.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Знаци кои укажуваат дека диетата која ја држите не е за вас
Постојат огромен број диети кои ветуваат брзо симнување на неколку килограми за една седмица, но откако ќе ги пробате гледате дека не се успешни.rnrn
rnrnЕкспертите предупредуваат дека не треба тукутака лесно да почнувате диета за брзо намалување на килограмите, бидејќи таквиот начин на живеење може повеќе да ви штети отколку да ви донесе добро. Иако постојат голем број диети, во суштина сите тие нудат намалување на внесените калории по оброк. По некое правило, откако прекинувате со овие диети, задолжително се враќаат килограмите побрзо отколку што биле изгубени.rnrnЗа да не го губите времето залудно, обидувајќи се да ослабете со неадекватна диета, ова се неколку знаци кои ќе ви помогнат да одредите дали одреден начин на исхрана ви одговара или не.rnЧувство на глад
rnЕден од најјасните знаци за неадекватна диета е чувството на глад. Ако за време на придржувањето до одредена диета чувствувате неподнослив глад, тогаш таа диета не е за вас. За една диета да одговара на вашите потреби, чувството на силен глад не смее да постои.rn
Лошо расположение
rnГенерално, диетите во кои неколку производи се консумираат пет или повеќе денови по ред, тогаш таа исхрана не е за вас. Тоа значи дека вие го лишувате телото од различни и неопходни витамини и минерали. Ова без сомневање влијае на здравјето и нормалното функционирање на организмот. Недостатокот на хранливост во исхраната директно влијае врз расположението. Недостатокот на витамин Б или магнезиум може да предизвика депресија.rn
Влошување на здравствената состојба
rnДиетата која не ви одговара може да ви го наруши здравјето. Оваа опасност е особено изразена кај диетите кои траат подолг временски период. На пример, протеинската диета ја намалува тежината брзо, но големиот број протеини во исхраната ги исцрпува бубрезите и црниот дроб.rn
Изглед
rnЕдна недела од почетокот на диетата, можеби ќе забележите дека изгледате полошо. Кожата ви добила некоја сива нијанса, косата може да ви стане крута и без сјај, а ноктите лесно ќе ви се оштетуваат. Ова се сигнали дека на вашето тело итно му се потребни протеини, витамини и минерали.rn
Монотона исхрана
rnМожеби најлош тип диети се оние базирани на само една намирница. За да функционира нормално, на телото му е потребна одредена количина на маснотии, протеини, јаглени хидрати, минерали и витамини. Ако јадете само еден тип намирници, тоа нема да ви ги обезбеди неопходните хранливи материи. Психичкиот статус нема ни одблиску да ви биде сјаен, бидејќи монотоната исхрана значи и монотон живот.rn
Листа со неопходни услови за правилно одбрана диета:
rn
- rn011
- Не треба да предизвикува несакани појави
- Треба да е безбедна за човековото тело
- Намалувањето на тежината треба да биде во рамките на нормалата
- Намирниците треба да ги содржат сите хранливи материи (аминокиселини, минерали, витамини и масни киселини)
- Неколку дена откако сте ја започнале диетата, не треба да чувствувате глад
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnСекогаш консултирајте се со стручно лице за целата диета да помине во најдобар ред, а вие да ги изгубите вишокот на килограми.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.