КАФЕ ПАУЗА

Tag: минерали

  • Витамини за одржување на вашата убавина

    Витамини за одржување на вашата убавина

    Можеби нивното влијание не е веднаш видливо како кога ставате кармин или пудра за лице, но со внесување витамини позитивно влијаете врз вашата надворешна убавина. Ова се витамините кои најмногу влијаат за изгледот на вашата кожа, коса и нокти, а може да ги внесете преку исхраната или со земање лекарства како апчиња.Витамини за одржување на вашата убавинаrn

    Кожа

    rnРеакцијата на витамините кај секого е различна, но сепак, овие витамини се препорачани од професионалци бидејќи носат најголеми бенефиции за подобрување на изгледот на кожата:rnrnБ-комплекс – Постојат вкупно осум вакви витамини, а нивното најголемо дејство врз кожата е зајакнување на клетките. Витаминот Б3, исто така познат како нијацин, докажано го зголемува производството на масни киселини, а со тоа ја одржува природната влажност и хидратација на кожата. По природен пат Б-витамините може да ги внесете со комбуха, зрнесто овошје и зеленчук, банани, риба, пилешко, компири, зелка, моркови…rnrnВитамини со антиоксиданти Разни фактори, како стрес или загаденост на животната средина, можат негативно да се одразат врз изгледот на вашата кожа. Поради тоа, на кожата потребни ù се антиоксиданти. Најдобар извор на антиоксиданти е црвеното зрнесто овошје како бобинки, цреши, грозје…rnrnВитамин Ц – Овој витамин е достоен за медал, многу значаен борец против замор и стрес, витаминот Ц исто така ја збогатува кожата со колаген и е добар третман за проблемот со неизедначен тен. Витаминот Ц, покрај со исхрана, може да го внесете со посебни третмани за кожа, како и со таблети за џвакање.Витамини за одржување на вашата убавинаrn

    Нокти

    rnЗа долги, здрави и силни нокти, клучни се:rnrnБиотинот – Најголеми природни извори на биотинот се: јајца, црн дроб, соја, ореви, блитва и пченичен леб.rnrnСилициум – Силициумот, како и витамините Б и Ц го помагаат растот на ноктите и придонесуваат за нивната цврстина.Витамини за одржување на вашата убавинаrn

    Коса

    rnШампоните и регенераторите навистина ù помагаат на косата, но кога станува збор за внесување на потребните витамини преку храна, акцентот се става на:rnrnОмега 3 масни киселини и витамин Е – Ѝ го даваат на косата потребниот сјај и цврстина. Природни извори на витамин Е се: спанаќ, бадеми, семки од сончоглед, малини, пиперки, домати, брокула… Витаминот Е го поттикнува растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање. Тој е одличен борец против сува и оштетена коса.rnrnВитамин Д – Неговата најголема улога е јакнењето на влакното на косата и стимулирање на нејзиниот раст. Без доволно витамин Д растот на косата може да се забави или да прекине. Поважни извори на витамин Д се: млеко, соја, портокал, риба, жолчка од јајце…rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еднодневна детоксикација во три чекори

    Еднодневна детоксикација во три чекори

    Најмоќна алатка за прочистување на организмот е здравата исхрана. Со неколку лесно достапни овошја и зеленчук, можете да ги исфрлите сите токсини од телото, за само еден ден.rn

    1. Започнете го денот со зелено смуди (smoothie)

    rnЗелениот и енергичен сок е совршен почеток за еднодневно прочистување на вашето тело. Со корисните ензими и влакна од овошјето и зеленчукот од кои се приготвува, ќе ги елиминирате токсините и ќе ја внесете неопходната дневна доза витамини и минерали.rnrnЕднодневна детоксикација во три чекориrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 чаши студена вода
    • rn011

    • 1 просечна китка листови спанаќ
    • rn011

    • 1 просечна китка листови марула
    • rn011

    • 2 страка целер
    • rn011

    • 1 јаболко
    • rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • 1 крушка
    • rn011

    • 2 чаши лимонов сок
    • rn011

    • коцки мраз, коријандер, магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДобро измијте ги овошјето и зеленчукот. Внимавајте тие да бидат од органско производство. Најпрво исецкајте го зеленчукот и ставете го во блендер, кој ќе го вклучите на послаби вртежи. Откако смесата ќе стане хомогена, додадете ги претходно излупеното овошје, водата, лимоновиот сок и коцките мраз и зголемете ја брзината на блендерот. Ќе добиете околу четири чаши од густиот напиток, кој можете да го декорирате по ваша желба. Овошјето и зеленчукот полесно се разградуваат во организмот кога се во течна форма, па затоа и детоксикацијата е побрза и поефикасна.rn

    2. Искористете ја моќта на лимоните – направете топла лимонада

    rnЛимонот е едно од најсилните и најкорисни овошја. Содржи големи количини витамин Ц и ензими. Лимонот ги регенерира ткивата и ја активира работата на црниот дроб, кој пак, ја игра главната улога во целокупната детоксикација. Направете едноставна топла лимонада.rnrnЕднодневна детоксикација во три чекориrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 чаша вода
    • rn011

    • 1/2 лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтоплете ја водата, но внимавајте таа да не биде премногу жешка. Во неа истискајте половина лимон. Ова е неверојатно здрав и освежителен напиток, кој е пожелно да го конзумирате барем еднаш во денот. Вака приготвената лимонова вода можете да ја користите и како спреј за освежување на лицето и телото.rn

    3. Завршете го денот со шолја егзотичен чај

    rnПовторно потпрете се на благодетите на лимонот. Овојпат искомбинирајте го со ѓумбир и со луто пиперче и подгответе вкусен, егзотичен чај. Кога ќе ги измешате овие корисни и активни состојки, тие успешно се борат со штетните бактерии во организмот и ги исфрлаат токсините од вашето тело. Лимонот и ѓумбирот ја зголемуваат циркулацијата на крвта и помагаат во релаксација на напнатите мускули, а лутиот пипер ги разредува штетните секрети.rnrnЕднодневна детоксикација во три чекориrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 1/2 корен од ѓумбир
    • rn011

    • 1 луто пиперче
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечете го коренот од ѓумбир на ситни парчиња, сипете им вода и ставете ги на шпорет за убаво да зовријат. Откако ќе се изладат, исцедете им половина лимон.  Да ве потсетиме дека лимоновиот сок ставен во многу жешка вода, ги губи корисните својства, па затоа бидете трпеливи. На крајот, процедете ја смесата и поросете  ¼  кафена лажичка лут пипер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

    Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

    Овие фотографии изгледаат како да се направени на некоја друга планета или пак како дел од некој скап научно-фантастичен филм. Сепак, фотографиите се направени во Невада, САД, а на нив можете да го видите гејзирот „Fly“. Гејзирот може да биде најден во долината Хуалапаи, но овој ретко видлив феномен се наоѓа на приватно земјиште. Па така, освен во случај да добиете дозвола за посета, ќе морате да го гледате од далеку. Изненадувачки факт за него е тоа што тој е направен по „вина“ на човекот.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДВо далечната 1916 година, сопствениците на овој имот копале со надеж дека ќе најдат вода за да создадат богато обработливо земјиште во овој пустински дел на САД. Тие нашле вода и бунарот функционирал одлично неколку декади, но дупчалката со која го правеле бунарот, погодила геотермален џеб полн со вода од кој се создал гејзир. Сепак, гејзирот кој го гледате на сликите не е истиот тој гејзир. Во 60-тите години на минатиот век, водата пронашла уште едно слабо место во земјата и самата избила, создавајќи нов природен гејзир веднаш до него. Оттогаш стариот воопшто не исфрла вода. Се верува дека новиот гејзир му ја превзема водата.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОд 60-тите до денеска, гејзирот значително е развиен и сега изгледа како огромна шарена скулптура. Водата од гејзирот постојано прска кон небото, а млазот достигнува висина и до два метра, притоа надополнувајќи повеќе од 30 околни езерца со нова свежа топла вода. Миксот од многу различни минерали во водата, меѓу кои и сулфур, реагираат со кислородот во воздухот, давајќи му ги на гејзирот овие величествени бои.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОколу неговите езерца со жешка вода има растителен свет, кој му дава уште потаинствен, вонземски изглед на местото. Тие се и порибени, а малите риби ги привлекуваат лебедите и дивите патки, создавајќи еден посебен екосистем.rnФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот насип претставува нешто навистина невообичаено и прекрасно, особено поради големиот број бои. Уште еден фактор за колоритноста на насипот е фактот што целиот е прекриен со термофилични алги, кои како микроорганизми кои толерираат топлина, без проблем растат во оваа жешка околина. Сепак, иако неколку организации се имаат обидено да го откупат земјиштето за да го отворат за јавноста, сопствениците решително одбиваат. Па така, земјиштето и понатаму останува приватно и оградено.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САД
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn