КАФЕ ПАУЗА

Tag: манипулација

  • Престанете да ги правите овие работи доколку луѓето ве искористуваат!

    Престанете да ги правите овие работи доколку луѓето ве искористуваат!

    Како да бидете љубезни и добри кон другите, а истовремено да ги почитувате сопствените граници? Како да не им дозволите на другите да ве искористуваат? Прочитајте ги овие совети!rnrnПрестанете да ги правите овие работи доколку луѓето ве искористуваат!rn

    1. Ласкање и комплименти

    rnНавистина е лесно луѓето да ви влезат под кожа. Сè што треба да направат е да ви дадат неколку ласкави комплименти, а ако тоа постојано се случува, тоа е затоа што постојано барате потврда од другите. Кога ќе ја добиете, пак, се чувствувате како да им должите нешто за возврат. Луѓето кои даваат комплименти понекогаш го прават тоа затоа што се обидуваат да манипулираат со другите за да можат да ги искористат. Затоа, за да избегнете вакво однесување во иднина, неопходно е да се фокусирате на вашата самодоверба.rn

    2. Лесно им верувате на луѓето

    rnВерувајте им на луѓето со резерва – имајте на ум дека тие не се секогаш искрени, но дајте им шанса да докажат дека не сте во право.rn

    3. Не се залагате за себе

    rnАко не се залагате за себе, како другите ќе знаат кои се вашите граници? Кога сте многу срамежливи, може да биде тешко да им дадете до знаење на луѓето кога е доволно. Можеби се плашите да зборувате, да го изразите своето несогласување или да наидете на немир. Затоа, обидете се да дејствувате со поголема самопочит, наместо да му се препуштите на стравот од туѓата перцепција за вас.rn

    4. Сожалување

    rnОва е вид на однесување што може да има исклучително негативно влијание врз вашиот живот, иако се чини како многу позитивна работа. Но – дали сожалувањето е исто што и емпатија или поддршка? Апсолутно не! Сожалувањето на другите не значи дека треба да избирате меѓу себе и другите. Доколку луѓето продолжуваат да ве искористуваат, време е да го преиспитате вашето однесување и да разберете зошто е тоа така.rnrnОткако прочитавте кои работи треба да престанете да ги правите доколку другите ве искористуваат, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци ќе ви укажат дека имате токсични пријатели.rnrnИзвор: atma.hr

  • 5 знаци за да утврдите дали некој „глуми“ жртва или не!

    5 знаци за да утврдите дали некој „глуми“ жртва или не!

    За жал, кога некој глуми жртва ретко го добива она што вистински го посакува. Во продолжение прочитајте ги знаците кои ќе ви укажат дека одредена личност изигрува жртва.rnrn5 знаци за да утврдите дали некој „глуми“ жртва или не!rn

    1. Тие не преземаат одговорност

    rnНарцисоидните личности никогаш не сакаат да преземат одговорност, бидејќи тоа го нарушува нивниот имиџ за совршенство, што претставува обид да ги скријат сопствените грешки.rn

    2. Тие се обидуваат да ви ја префрлат вината

    rnТие ќе направат сè за да не преземат одговорност за сопствените грешки или недостатоци. Кога првпат ќе сретнете нарцисиодна личност, забележете дали ги обвинува другите луѓе. Имајте на ум и дека ако тие можат да направат да се чувствувате виновни, тогаш ќе им биде полесно да ве контролираат и да го добијат она што го посакуваат од вас. Сепак, не заборавајте дека не сте одговорни за чувствата на другите луѓе, а уште помалку за нивните постапки и зборови.rn

    3. Тие често се обидуваат да ве натераат да направите нешто за да им ја олесните болката

    rnСепак, дури и ако успеете во тоа, тие нема да ги ценат вашите напори бидејќи за нив најважно е вниманието. Освен тоа, тие не се грижат за вашите успеси и достигнувања бидејќи единственото нешто што ги интересира е сопствениот успех.rn

    4. Тие се фокусирани само на нивните проблеми и ги минимизираат или игнорираат вашите потреби и чувства

    rnОна што тие го сакаат е вашето внимание и сочувство.rn

    5. Тие се манипулатори

    rnЗабележете ги суптилното смирување и како тие вешто избегнуваат да одговараат на прашањата за нивното однесување и ви ја префрлаат одговорноста за проблемите.rnrnОткако прочитавте преку кои знаци можете да утврдите дали некој глуми жртва или не, можеби ќе сакате да прочитате и за најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да препознаете доколку некој манипулира со вас?

    Како да препознаете доколку некој манипулира со вас?

    Доколку цел живот сте биле опкружени со манипулација, сигурно ви е тешко да ја препознаете како таква или да си признаете дека сте биле жртва на манипулативен однос. Свесни сте за непријатното чувство во стомакот или лутината што ја чувствувате секогаш кога манипулаторот се обидува да си поигра со вас. Но, ете, неговите зборови се полни со благодарност и пријатни за слушање, или на суптилен начин си играат со вашето сочувство или вина. Во тој момент навистина не знаете како да реагирате. Во продолжение прочитајте како ќе препознаете доколку некој се обидува да манипулира со вас.rnrnКако да препознаете доколку некој манипулира со вас?rnrnЛичноста која манипулира со вас може да ви остави впечаток дека се грижи за вас и дека сè што прави, прави за ваше добро, но, всушност, има задни намери. Можеби не сфаќате, но таа личност се обидува да ве заплаши со цел да ве контролира.rnrnМанипулаторите најчесто се служат со следните тактики: вина, жалење, споредување, негирање, глумење незнаење или невиност, игри на умот, претпоставки, емоционална уцена, лажна грижа, сочувство, извинување и ласкање.rnrnТие често ја користат вината што најмногу може да се препознае преку зборовите: „По сето она што го направив за тебе…“, или постојано се однесуваат беспомошно и го бараат вашето внимание. Тие, исто така, можат да ве споредат со некој друг или да пронајдат имагинарни сојузници кои ќе бидат нивните „истомисленици“, па така ќе ви речат: „Сите те озборуваат бидејќи…“.rnrnНекои манипулатори ги негираат своите ветувања и она за кое веќе се договориле претходно обвинувајќи ве притоа вам за нешто што не сте го направиле. На тој начин тие се обидуваат да ве контролираат. Најчест пример во оваа ситуација е родителската манипулација: „Ако ја изедеш вечерата ќе добиеш десерт“, или „Нема видео игри додека не ја напишеш домашната задача“.rnrnЕмоционалната уцена е друг често корисен метод од страна на манипулаторите. Може да вклучи повеќе елементи како бес, заплашување, срам, вина или закани. Тоа што некој ќе ве натера да се срамите, е метод преку кој некој прави да се чувствувате несигурно и да немате самодоверба. Така, реакцијата може да биде изразена дури и преку комплимент: „Изненаден/а сум што од сите останати токму ти го направи тоа!“.rnrnДруг класичен трик е манипулаторот да се обиде да ве исплаши преку закани, обвинувања, покажување гнев, или страшни предупредувања, од типот: „На твоја возраст никој нема да сретнеш ако сега си заминеш“, или играјќи ја улогата на жртва: „Ќе умрам без тебе“.rnrnЗа да се справите со таквиот манипулативен однос е да знаете однапред со кого си имате работа. Проучете ги стратегиите на манипулаторот и откријте кое е нивното омилено оружје. Од друга страна, постојано работете на зацврстување на сопствената самодоверба и самопочит. Ова е вашата најдобра самоодбрана. Покрај тоа, научете да бидете наметливи и да поставувате граници.rnrnОткако прочитавте како да препознаете доколку некој сака да манипулира со вас, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те знаци што покажуваат дека имате токсичен однос со родителите и како да се справите со тоа.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Ако детето стравува од казна тоа не e авторитет туку емоционална манипулација

    Ако детето стравува од казна тоа не e авторитет туку емоционална манипулација

    Формирањето блиска врска со децата е многу важно. Односот полн со љубов претставува отскочна штица во текот на целиот нивен живот, но и му дава смисла на родителството. Сериозноста и важноста се додаваат на оваа тема, а за неа зборуваат многу експерти, медиуми, други родители. Поврзаноста со децата е клучна компонента во градење близок и хармоничен однос.rnrnrn

    Топлина

    rnСакавте да бидете родители и бевте среќни поради тоа. Кога бебето се роди на вашата среќа ѝ немаше крај. Сакавте да направите сè за да го усреќите и заштитите вашето дете. Тоа донесе нов облик во вашиот живот. Потоа можеби првпат моравте да се соочите со фактот дека на детето не сте во можност да му дадете нешто, но не сакате да допуштате или попуштате. Како што растело така почнало да ја покажува својата волја, првпат. Можеби роденото дете почнало да ве фрустрира. rnrnОд сите обврски што ги налага општеството и сите оние што сами сте си ги наметнале, прва и основа меѓу нив е дека на детето треба да му пружите топлина. Тоа е појдовна точка со која ќе го пуштите во светот вашето дете, да гради односи, да сака и да се почитува себеси. Да се даде безусловна топлина значи дека тоа се прегрнува дури и кога е непослушно, да се биде достапен за разговор и во моментите на напнатост, да се поддржува и фали без оглед на неговиот резултат. Тоа значи помилување и давање утеха кога му е потребно, да му се каже „те сакам“ без оглед на сè.rn

    Авторитет

    rnГрадењето поврзаност вклучува градење авторитет. Родителите грешат кога авторитетот го изедначуваат со демонстрација на моќ. Претставувањето како модел на авторитет не значи наредување и силно наметнување на својата волја. За топол и близок однос потребно е да се образложи и да се биде полн со разбирање ако детето сака и мисли поинаку. Затоа се препорачува да се каже: „Те слушам што имаш да кажеш, но слушај ме и ти мене“, „Не можеме да одиме таму бидејќи…“ или „Те разбирам дека го сакаш тоа, но прво ќе…, а потоа тоа.“ rnrnДетето треба да знае зошто е потребно да ве послуша, но и дека нема да биде помалку сакано ако не го стори тоа. Во тој случај треба да знае дека само ќе му следува кратење на предмети или активности што ги сакало. Детето не треба да стравува од родителската казна бидејќи тоа не е авторитет туку емоционална манипулација која остава трајни последици.rn

    Слушање

    rnАко сакате да бидете сигурни во вашата блискост, бидете подготвени сериозно да работите на тоа. Тоа бара време и вложување труд. Ако мислите дека детето треба да ве слуша вас мораме да ве предупредиме дека сте во заблуда. Слушањето е взаемен процес и колку и да е тоа помладо од вас, мора да го прифатите како рамноправен соговорник. Децата чувствуваат ако не е така. Сослушајте ги што имаат да кажат, да раскажат што се случило, да споделат со вас како се чувствуваат. Ова е нешто најдобро што можете да му го дадете во целта насочена кон градење на неговата самодоверба.rn

    Што уште значи силна врска?

    rnНа сето ова од погоре може да се додадат неколку клучни работи без кои ниеден однос не може да функционира (интимна врска, брат, пријателство, братско-сестрински однос).rn

    Искреност

    rnДа бидете искрени и отворени кога се работи за изразување на чувствата, но и изнесување на критика е еден од најважните услови ако сакате односот да се развива и да се унапредува.rn

    Достапност

    rnМногу важен фактор, посебно во ситуациите во коишто се присутни силни емоции. Не е доволно да се биде само физички присутен туку и емоционално достапен. Разликата е огромна. Да се подели со некого своето доживување, колку и да било непријатно или болно, е нешто благотворно, посебно за децата.rn

    Граници

    rnДа се постават своите и туѓите граници е предуслов за добар и долготраен однос. Ако личноста гледа дека не ги преминувате поставените граници, ќе ве почитува и ќе сака да ја зачува блискоста.rn

    Поддршка

    rnСекому е потребна. Не постои однос во кој давањето поддршка не е цврст темел. Кога искрено му веруваме некому, тоа нас секогаш дупло ни се враќа.rnrnДознајте кои работи се учат ако се расте покрај родители со кои нема силна поврзаност.

  • 16 манипулативни тактики со кои општеството влијае, го менува и го контролира вашето однесување

    16 манипулативни тактики со кои општеството влијае, го менува и го контролира вашето однесување

    Дали сте марионета? Размислете за сè што сте купиле изминатава недела, одлуките што сте ги донеле, местата што сте ги посетиле, услугите што сте ги направиле, па потоа одговорете го прашањето.rnrn16 манипулативни тактики со кои општеството влијае, го менува и го контролира вашето однесувањеrnrnГолема е веројатноста да сте марионета без воопшто да знаете за тоа. Американските социолози Џералд Марвел и Дејвид Шмит откриле дека целото наше однесување е контролирано со 16 тактики. Овие тактики често се посилни од обичните техники за убедување и често мета им е однесувањето на личноста наместо нејзиниот ментален процес. Најлошото е што ова се случува секојдневно без вие воопшто да знаете. Пријателите, семејството, колегите, странците, медиумите, Интернетот и рекламите, речиси сè и секој суптилно ги користи овие техники за да го контролира вашето однесување. Со цел да ја преземете контролата над вашиот живот, важно е да знаете што навистина влијае на вашиот ментален процес.rn

    1. Награда

    rnАко направите нешто, за возврат добивате награда. На пример во продавница ви кажуваат дека ако ги купите чевлите од 3.000 денари денес, ќе добиете еден пар бесплатно.rn

    2. Казна

    rnАко не направите нешто, нешто ќе ви биде одземено. На пример некој ви кажува дека ако не ја прифатите неговата понуда денес, нема веќе никогаш да ја добиете истата.rn

    3. Позитивно искуство

    rnВо овој случај ви кажуваат дека ќе се чувствувате навистина добро и ќе имате многу придобивки ако направите одредено нешто. На пример кога ви рекламираат продукти за нега на кожа ве убедуваат дека вашата кожа ќе биде 60% поубава. Ви кажуваат дека момчињата/девојките ќе ве сакаат повеќе бидејќи ќе изгледате поатрактивно.rn

    4. Негативно искуство

    rnЌе се чувствувате многу лошо, или нема да добиете ништо ако не направите одредена работа. На пример ви кажуваат дека витаминот Д е добар за вас. Ако не купувате додатоци за исхрана со витамин Д, вашето здравје ќе се влоши.rn

    5. Допаѓање

    rnДруга личност се обидува да ја добие вашата наклонетост со тоа што ви ласка или ви дава комплименти. На пример ви кажуваат дека фустанот ви стои одлично, а веднаш потоа бараат некаква услуга од вас.rn

    6. Подарување

    rnЧесто друга личност ќе ви подари нешто пред да побара некоја услуга од вас. На пример ви даваат нешто што сметаат дека ви се допаѓа, а потоа ве замолуваат да разгледате некој договор.rn

    7. Долг

    rnВо овој случај сметате дека некој ви должи нешто бидејќи во минатото сте му направиле некаква услуга. Кога повторно ќе побара услуга, кажувате дека веќе сте направиле многу и сега вам ви е редот да побарате нешто.rn

    8. Аверзивна стимулација

    rnНа овој начин некој ве тера да направите нешто што не го сака, па ја прекинува казната кога ќе се согласите. На пример, партнерот ви вели дека постојано ќе гледа телевизија ако вие постојано играте видео игри. Ако престанете вие, ќе престане и тој.rn

    9. Морална жалба

    rnВо овој случај наоѓате некој заеднички морал за да можете да се пожалите. На пример некоја организација за животни ве убедува дека треба да донирате пари за нив бидејќи ги сакате животните и не сакате да ги мачат.rn

    10. Позитивно чувство кон себе

    rnСо други зборови, ќе се чувствувате подобро во врска со себе ако направите нешто. Најчесто ќе го забележите ова кај теретаните кои ве убедуваат дека ќе се чувствувате подобро ако ги посетувате бидејќи инвестирате во вашето здравје.rn

    11. Негативно чувство кон себе

    rnВо овој случај би требало да се чувствувате лошо во врска со себе ако не направите нешто. На пример полицијата може да му рече на осудениот дека ако не се предаде ќе се чувствува виновно до крајот на животот.rn

    12. Позитивни карактеристики

    rnАко сте добра личност, ќе направите одредено нешто. На пример банките ви кажуваат дека сте интелигентни, па затоа најдобро е да го потпишете долгорочниот план со нив.rn

    13. Негативни карактеристики

    rnСамо лошите/глупавите луѓе прават одредени работи. На пример ве убедуваат дека само глупавите луѓе стануваат зависници од дрога или не одат на факултет.rn

    14. Алтруизам

    rnБидејќи сте премногу добра личност, треба да направите услуга некому. На пример, некој ви бара пари, истовремено кажувајќи ви дека сте многу добра личност и дека навистина му е потребна помош.rn

    15. Позитивно мислење на другите

    rnАко направите одредено нешто, другите ќе имаат подобро мислење за вас. На пример некој ве убедува дека ќе добивате повеќе почит ако прифатите некој договор.rn

    16. Негативно мислење на другите

    rnАко направите одредено нешто, луѓето ќе мислат дека сте лоша личност. На пример ќе ве убедат дека не сакате вашите пријатели и семејството да мислат дека сте неуспешна личност.rnrnПрочитајте и на кои начини медиумите манипулираат со нашето мислење.

  • Најчестите манипулативни фрази што ги користат лошите луѓе

    Најчестите манипулативни фрази што ги користат лошите луѓе

    Манипулативните луѓе знаат што да кажат, како да кажат и на кого да кажат нешто. На овој начин го добиваат тоа што го сакаат од другите. Проблемот е тоа што нив воопшто не им е грижа за туѓите чувства и животи. Ако имате работа со ваква личност, важно е да ги знаете фразите кои најверојатно ќе ги употреби на вас.rnrnНајчестите манипулативни фрази што ги користат лошите луѓеrn

    1. „Не претерувај“

    rnМногу често овие луѓе ќе ви речат дека претерувате кога сакаат нешто од вас. Притоа ќе се обидат да се постават како ништо да не ви побарале. Немојте да им попуштате, вие не претерувате. Тие сакаат да ве искористат за да ги задоволат своите потреби, па ако вашиот инстинкт е да им кажете „не“, сторете го тоа.rn

    2. „Не биди драматичен/на“

    rnПокрај тоа што ќе ви речат дека претерувате, ќе ве обвинат и дека сте премногу драматични. За жал, ова сценарио е веќе драматично штом таа личност се обидела да влезе во вашиот живот за да го добие она што ѝ е потребно. Важно е да сфатите дека тие се оние драматичните и да не подлегнувате на нивната игра.rn

    3. „Не биди толку чувствителен/на“

    rnСо оваа фраза манипулативните луѓе веќе покажуваат дека не им е грижа за вашите емоции и за вашата ситуација. Без разлика што е она што го бараат од вас, нема потреба да им објаснувате зошто вие не им го давате. Нема потреба да ѝ помагате на личност која не се грижи за вас. Вашите чувства се важни и ако ви кажуваат дека не треба да ѝ помагате на таа личност, слушајте ги.rn

    4. „Не биди луд/а“

    rnАко оваа личност има смелост да ве нарече луди, потребно е веднаш да се справите со тоа. Немојте да се заплеткувате во нејзините игри без разлика што ви вели. Ако се однесувате „лудо“ и тоа е рационален одговор на нивните желби и потреби, тогаш веројатно постои и причина за тоа.rn

    5. „Не ме разбирај погрешно“

    rnОваа фраза често ја користат за крај. За жал, не постои друг начин да го сфатите нивното барање. Тие веќе ве сфатиле погрешно вас и ќе ве вознемируваат за нивна корист. Ништо не сте разбрале погрешно и не ѝ должите ништо на таа личност.rnrnПогледнете кои се знаците дека некој манипулира со вас.

  • 4-те хороскопски знаци што не можат да бидат лесно манипулирани

    4-те хороскопски знаци што не можат да бидат лесно манипулирани

    Овие хороскопски знаци се многу самоуверени, се ценат и се сакаат себеси и имаат цврсто изградени ставови што ретко кој може да ги сруши. Токму таа комбинација од особини ги прави скоро невозможни за манипулација.rnrn4-те хороскопски знаци што не можат да бидат лесно манипулираниrn

    1. Скорпија

    rnСамите Скорпии знаат да бидат доста манипулативни, па затоа и ги препознаваат сите трикови поврзани со манипулацијата и лесно ги разоткриваат уште пред да почнат да делуваат на нив. Со нив едноставно не можете да си играте умствени игри. Скорпиите се познати по своите граници, па ако некој се обиде да им ги поттурне така што ќе се обиде да ги натера да направат нешто што не сакаат, Скорпиите ќе возвратат на ударот. Внимавајте со нив, бидејќи тие се на врвот на оваа листа.rn

    2. Бик

    rnБиковите нема да дозволат да ги натерате да направат нешто што тие не го сакаат, па затоа и не мора воопшто да се обидувате. Тие имаат цврста волја и немаат никаков проблем кога станува збор за кажување „не“. Биковите исто така секогаш знаат што е најдобро за нив, и не ги интересира туѓото мислење. Без разлика колку се обидувате да ги разубедите во нешто или да им создадете притисок, тие се сметаат себеси за мастери на сопствената судбина и мисли.rn

    3. Девица

    rnАко некој се обиде да измами Девица, треба однапред да знае дека таа е веќе 5, 6 чекори пред него. Девиците никогаш не се впуштаат слепо во нештата само затоа што некој ги предложил. Тие имаат потреба најпрво да ги измерат добрите и лошите страни, а потоа да одлучат што ќе направат следно. Девиците исто така и постојано им даваат до знаење на луѓето околу нив дека го држат под контрола својот живот и дека не постои нешто што може да им ја наруши стабилната рамнотежа што самите си ја изградиле.rn

    4. Јарец

    rnЈарците не само што нема да ви дозволат да манипулирате со нив, туку исто така и ќе ви се спротивстават. Ако пак, забележат дека некој друг е манипулиран или малтретиран, тие ќе направат сè што е во нивна моќ за да ги заштитат. Јарците се храбри и лојални, па затоа и не е добра идеја да си играте со нив. Ако имате некаква потреба од нив, најдобро е директно да им кажете и потоа да разговарате за тоа што може да се направи. Не се обидувате да ги манипулирате затоа што тоа лошо ќе заврши за вас.rnrnДознајте и кои се 3-те најманипулативни хороскопски знаци што ја користат оваа негативна карактеристика за добро!

  • Како да препознаете дали токсични луѓе манипулираат со вас?

    Како да препознаете дали токсични луѓе манипулираат со вас?

    Секому му се има барем еднаш случено да не може да направи разлика помеѓу пријателска поврзаност и намерна манипулација со која другата личност го држи во своја близина. Исто така, секој жив човек може да издвои најмалку едно лице од својата непосредна близина за кое е свесен дека не е добро друштво.rnrnПрепознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нивrn

    Што точно прави една личност да биде токсична?

    rnВаквата личност може да се крие во вашиот партнер, во некој од најблиските пријатели, па дури и во семејството. Првите знаци ќе ги забележите по тоа што откако ќе поминете време со нив, се чувствувате изморени, празни и негативно настроени и тоа се повторува цело време.rnrnОвие лица не знаат да дадат вистинска поддршка, ниту пак се емоционално стабилни, но можат да ве убедат дека ви се вистински пријатели и дека нивното мислење е релевантно. Толку лесно глумат и манипулираат, што некогаш можете сами да се забележите дека имате потреба од нив, иако сте свесни дека по средбата ќе бидете емотивно и енергетски исцедени.rnrnТие се секогаш осудувачки настроени, имаат специфични потреби и никогаш не преземаат одговорност, ниту пак се извинуваат за непријатните ситуации.rnrnПрепознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нивrn

    Како може да влијаат врз вас?

    rnТоксичните личности имаат неверојатни моќ и талент да ве уверат дека тие се во право, до степен што може да се случи да ги браните нивните непромислени постапки, дури и по цена самите да се понижите. Тие го крадат уживањето од нештата што ги сакаме, а често влијаат и на односите што ги имаме со другите луѓе.rnrnПо некое време ќе забележите дека правите нешта што не ви се допаѓаат, но прават да бидете прифатени од нив. Кога ќе дојде тоа, веќе сте западнале во мрежата на хаос, лажење, манипулација, критика и желба за контрола на другиот.rnrnПрепознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нивrn

    Препознајте ги знаците

    rnМногумина не се свесни дека се манипулирани додека не стане предоцна. Искрените луѓе ќе ве охрабрат, ќе ви дадат поддршка или ќе ве советуваат. Токсичните, пак, ќе ви кажат што е најдобро за вас и ќе ве убедат да ги послушате. Затоа, потребно е да ги препознаете точните знаци.rn

      rn 011

    1. Игра на обвинување – ќе ве стават во незавидна ситуација, нема да се извинат, но и ќе најдат начин да ве обвинат дека вие сте ги натерале на нешто.
    2. rn 011

    3. Изолирање – поминувате предолго време со нив, а на сметка на тоа намалувате со другите контакти. Ним им треба вашето целосно внимание и не сакаат да го делат со други. Не се чудете ако ве обвинат дека поради вашето дружење со други тие немале кому да се јават дека не им е добро или останале сами дома.
    4. rn 011

    5. Внимавате како се однесувате покрај нив – не знаете кога може да избувнат, па затоа кога сте околу нив, внимавате како се однесувате и што зборувате. Едноставно, не сте тоа што сте.
    6. rn

    rn

    Препознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нив

    rn

    Чистење на отровот

    rnВо даден момент жртвите на токсичните личности се освестуваат и сè им станува јасно, а тоа често завршува со целосно прекинување на контактот. Постои ли начин целосно да се заштитиме од повторно паѓање во нивните игри?rnrnНаглото прекинување на контактите може да резултира со вознемирување од нивна страна. Затоа, подобро е прво да го намалите го контактот, да ја исклучите лажната блискост и да го зачувате нивниот број во именикот. Во меѓувреме посветете се повеќе на луѓето кои не ве измачуваат, а при повторен обид некој токсично да влијае на вас, пристапете од сосема нова перспектива.rnrnВистина е дека тие повторно ќе се обидат, но вие веќе ќе имате поставено граници. Во зависност од тоа каков е односот со личноста, така и ќе ги дефинирате тие граници, со тоа што многу полесно е да се дистанцирате од некој кој ви бил пријател, отколку со поранешен партнер со кој имате деца или пак со колега од работа. Сепак тоа не е невозможно. rn

    Закрепнете и научете да бидете позитивни

    rnОтстранувањето на токсичната личност е голем пресврт во животот. Може да се спореди со труење со храна, кога отровите веќе се исфрлени од телото, но вие сте изнемоштени и ви треба уште некој период за да ја вратите силата. Исто ќе биде и кога се во прашање овие луѓе.rnrnВо текот на тоа закрепнување ќе имате моменти кога ќе ви недостига таа личност, но кога ќе се опкружите со фини луѓе, кои не осудуваат, туку поддржуваат и советуваат, процесот ќе станува сè полесен. Ваквиот чекор ќе направи еден ден да бидете горди за своите одлуки. А токсичните? Тие ќе најдат послаба личност од вас и повторно ќе се „закачат“ за некого.rnrnЗапознајте ги и 6-те вида токсични луѓе со кои не треба да започнувате врска.

  • 3-те најманипулативни хороскопски знаци што ја користат оваа негативна карактеристика за добро

    3-те најманипулативни хороскопски знаци што ја користат оваа негативна карактеристика за добро

    Способноста за манипулација се смета за навистина токсична особина. Но, не сите форми на манипулација се злобни. Додека овој талент сепак е опасен, неговото влијание може да се искористи за лошо, но и за добро. Трите најманипулативни хороскопски знаци во зодијакот го можат токму тоа.rnrn3-те најманипулативни хороскопски знациrnrnДа бидеме искрени, сите ние секојдневно се манипулираме. Размислете, на некој начин ги манипулирате вашите пријатели кога ќе ги убедите да одите во некој нов ресторан. Го манипулирате професорот да ви ја покачи оцената иако сте испуштиле половина семестар. Го манипулирате дури и вашиот партнер кому му носите чоколада и цвеќе по караница. Погледнете ги трите хороскопски знаци кои се најдобри во оваа особина.rn

    1. Скорпија

    rnСкорпијата го претставува најманипулативниот знак во целиот зодијак. Тие се мали итри суштества чиј неочекуван убод може да биде смртоносен. Ова е моќта што ја имаат Скорпиите. Тие имаат внатрешна амбиција која ја чуваат во себе и поминуваат многу време набљудувајќи го нивното опкружување барајќи некоја скриена намера. Во можност се да ги забележат и вашите најслаби страни, знаат што сакате да слушнете и помнат сè што сте кажале. Сето ова во случај информацијата да им биде корисна во иднина.rnrnОна што ги прави уникатно моќни е тоа што Скорпиите можат да гледаат совршено во темница. Тие ги забележуваат важните детали што останатите луѓе се плашат да ги побараат. Оваа особина им дозволува да ги избегнуваат другите. Но кај нив не постои само обид за преземање контрола, туку и обид да ги заштитат своите и интересите на личностите што ги сакаат. Ако имате Скорпија покрај вас, вие сте навистина среќни. Ако сте им застанале на лошата страна, подобро почнете да се извинувате.rn

    2. Рак

    rnМанипулацијата на Раковите потекнува од нивното длабоко, неистражено море со емоции. Овие води не се секогаш мирни. Ракот се чувствува изгубено во нив, без сигурност дека е сакан и ќе ги манипулира луѓето додека не ја добие љубовта. Бидејќи Раковите ретко се директни кога ги кажуваат своите намери, тие ќе се однесуваат тажно додека не ја забележите нивната несреќа. На повеќето луѓе не им веруваат и се како човечки детектори за лаги, па манипулацијата им е омилениот начин за навигација на емоциите. Тоа што сакаат љубов, но се сомневаат во секого што сака да им ја подари им предизвикува многу стрес.rnrnИскрено, Раковите само сакаат да се држат до саканите што е можно поблиску. Имаат многу љубов за давање, можеби најмногу од сите хороскопски знаци, и навистина сакаат да ја споделат. Всушност, за Раковите не е возможно целосно да изгубат некого. Тие ќе мислат на вас со години откако сте престанале да разговарате, прашувајќи се како може да ве сакаат оддалеку.rn

    3. Близнаци

    rnСигурно сте ги слушнале хорор приказните за дволичните Близнаци, кои до некаде се вистинити. Близнаците имаат повеќе лица и го носат она кое најмногу одговара со нивното опкружување. Тие се навистина прилагодливи и можат да се прилагодат на секоја заедница менувајќи се во личност на која сите ќе ѝ веруваат. Исто така, Близнаците се одлични со зборови и составуваат неверојатни реченици кои можеби се, а можеби и не се вистинити. Како и да е, вие ќе им верувате. Близнаците можат да ви продадат врел чај на жежок летен ден.rnrnНо длабоко во себе, Близнаците сакаат да ги направат нештата интересни. Нивните манипулации никогаш не се опасни, освен ако тоа им е целта. Имаат потреба да го остават својот белег во светот дури и ако тоа не е белегот кој требало да го остават. Тие едноставно сакаат шанса да го живеат секој живот што може да се живее и да запознаат луѓе кои се потполно различни од нив.rnrnЗнаете ли кој хороскопски знак носи најмногу среќа?

  • 5-те фрази со кои психопатите ве тераат да се сомневате во себе

    5-те фрази со кои психопатите ве тераат да се сомневате во себе

    Кога ќе го слушнете зборот психопат, можеби често помислувате на Ханибал Лектор, но повеќето психопати се всушност ненасилни членови на општеството. Големи се шансите тие да изгледаат како сосема добри и мирни луѓе.rnrn5-те фрази со кои психопатите ве тераат да се сомневате во себеrnrnПсихопатите, пред сè, се друштвени предатори. Без грижа на совест, тие го користат својот шарм и способноста за манипулирање за да го добијат она што го сакаат, без разлика дали тоа е пријателство, љубовна врска или работно место. Тие често го менуваат својот карактер и стануваат личноста која вие сакате да бидат. Но, кога повеќе немаат да имаат потреба од вас, почнуваат да се однесуваат „лудо.“ Во продолжение погледнете неколку фрази кои ги користат психопатите кои сакаат да се посомневате во вашето психичко здравје.rn

    1. „Премногу анализираш“

    rnСе разбира, постојат луѓе кои навистина премногу анализираат. Разликата помеѓу оваа изјава од страна на психопатите и обичните луѓе е тоа што ќе откриете дека сте биле во право. Тие често намерно прават работи кои ќе ве натераат да станете параноични. Кога ќе почнете да се сомневате во нешто, тие ќе ве обвинат дека премногу анализирате. Тие сакаат да се сомневате во вашата интуиција и да се чувствувате како луд детектив.rn

    2. „Мразам драми“

    rnИако го викаат ова, ќе сфатите дека тие се опкружени од драми многу повеќе од другите луѓе. Психопатите прво ќе ве идеализираат и ќе ве издигнат над сите други. Ќе ве фалат за вашата совршена, мирна и едноставна природа. Но бидејќи често им станува здодевно, тоа нема да трае долго. Тие се патолошки лажговци и вечни жртви. Нема да помине многу пред овие особини да излезат на површина. Наскоро, секој пат кога ќе спомнете дека сте загрижени или незадоволни, тие само ќе ви речат дека мразат драми.rn

    3. „Многу си чувствителен/чувствителна“

    rnПсихопатите знаат како да создадат емоции кај другите. После константното фалење и ласкање, тие ќе почнат да ве игнорираат на неколку денови, а потоа ќе ја очекуваат вашата реакција. Кога ќе го направите тоа, ќе ве обвинат дека сте премногу чувствителни. Можно е да ве навредат, да ве критикуваат и да ве омаловажуваат. Ќе ве притискаат сè додека не прозборите, а потоа ќе го искористат тоа против вас.rn

    4. „Не ме разбираш“

    rnНедоразбирањето може да се случи секому. Но, кога сте со психопат, тој намерно ќе кажува работи кои знае дека ќе ве испровоцираат. А кога ќе почнете да реагирате, ќе ве обвини дека не сте го разбрале. Дури ќе одрекува дека рекол нешто. Всушност вие одлично сте го разбрале, но тој само сака да се сомневате во вашиот разум.rn

    5. „Ти си луд/а, љубоморен/на, биполарен/а, заљубен/а во мене“

    rnНарекувањето со вакви имиња обично почнува кога работите се движат надолу. Според психопатите, сите нивни поранешни партнери, пријатели и колеги се луди, биполарни, љубоморни или вљубени во нив. Единствен излез од оваа ситуација е прекинување на контактот со психопат. Тоа значи без пораки, јавувања, па дури ни Фејсбук пријателство. Во спротивно бидете сигурни дека тие ќе направат сè за да помислите дека сте полуделе. Добрата вест е тоа што кога психопатот сака да ве натера да се сомневате во вашата интуиција е знак дека тоа им предизвикува неволји.rnrnТие сакаат да го уништат секој кој може да им ја наруши илузијата на нормалност во светот. Па кога ќе почнат да играат ментални игри со вас, тоа е некоја индиректна и чудна почит кон вашата способност да ги забележите „грешките“ кај нив.rnrnДознајте и кои се најизразените карактеристики на психопатите во реалниот живот.