КАФЕ ПАУЗА

Tag: манипулација

  • 10 начини на кои медиумите манипулираат со нашето мислење

    10 начини на кои медиумите манипулираат со нашето мислење

    Пред речиси 30 години, Ноам Чомски, познат интелектуалец, напишал за стратегиите за манипулирање кои ги користат медиумите. Оттогаш има поминато многу време и денес имаме работи како Интернет, Твитер и Фејсбук, па медиумите имаат уште повеќе начини да влијаат на нас. За жал, ова влијание не е секогаш позитивно. Погледнете некои од методите кои се користени за манипулација на нашето мислење.rn

    1. Создавање диверзија

    rn(1)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mkrnrnСоздавањето диверзија е омилената стратегија на медиумите. Важните информации не се забележуваат помеѓу голем број помали приказни. Интернетот не го реши овој проблем – постојано го вртиме нашето внимание кон смешни слики и шеги. Единствената разлика е тоа што денес барем имаме избор, односно можеме да ги филтрираме информациите што ги добиваме.rn

    2. Преувеличување на проблем

    rn(2)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mkrnrnПонекогаш измислен или преувеличен проблем може да предизвика сериозна реакција од општеството. Во 2016 година, НАСА објави текст во кој изјави дека ако астрологијата била научна гранка, хороскопските знаци би си ги промениле позициите. На пример, Девицата ќе стане Лав. Космопилитан ја презентираше оваа информација како научно откритие и тврдеше дека 80% од луѓето ќе треба да си го променат хороскопскиот знак. Ова се прошири толку брзо што НАСА требаше да објави објаснување.rn

    3. Постепена стратегија

    rn(3)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mkrnrnЗа да формирате одредено мислење, можете да објавувате материјали за некоја тема постепено. Оваа стратегија се користи за да се создаде слика за личност, продукт или настан. На пример, во медиумите на разни земји спомнати се само одредени брендови храна. Најдобриот пример за промоција преку медиумите е прославувањето на пушењето во средината на 20-тиот век.rn

    4. Стратегија на одложување

    rn(4)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mkrnrnЗа да ги убедат луѓето да донесуваат тешки или непопуларни одлуки, медиумите ги претставуваат како „болни, но неопходни“. Потоа им кажуваат на луѓето дека овие одлуки мора да бидат донесени утре, а не денес. Идното жртвување е многу полесно од она што треба да го направите денес. Како пример може да се спомнат референдуми за независност или диктаторство во земјите во развој на основа на пропаганда и авторитативност.rn

    5. Добрина

    rn(5)10-nachini-na-koi-mediumite-manipuliraat-so-nasheto-mislenje-kafepauza.mkrnrnНекои реклами користат јазик, аргументи, симболи и интонација за деца. Оваа комуникацијата ги прави луѓето помалку критички настроени. Брендовите користат императив и целат кон наједноставните чувства и импулси. Медиумите имаат патронизирачки тон бидејќи сигурно знаат повеќе од нас.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 6 тактики што ги користат социопатите, нарцисите и психопатите за да ве замолчат

    6 тактики што ги користат социопатите, нарцисите и психопатите за да ве замолчат

    Голем број луѓе се жртви на нарцисите и психопатите. Во денешно време, со оглед на тоа што многумина гледаат како да ги искористат луѓето околу нив, не е толку лесно да се препознаат нарцисите, психопатите и социопатите. Ваквите поединци се големи манипулатори и тие постојано наоѓаат разни начини да ги контролираат и повредат останатите за да стигнат до целта. Освен тоа, тие знаат како да се извлечат од целата ситуација и да направат нивните жртви да се чувствуваат виновни поради тоа што се случило.rnrn6 тактики што ги користат социопатите, нарцисите и психопатите за да ве замолчатrnrnКолку и да ви се чини тешко, мора да бидете претпазливи и да стоите на страна од овие поединци. Најчесто, социопатите, нарцисите и психопатите користат 6 тактики со кои ги манипулираат, контролираат и замолчуваат нивните жртви. Дознајте за што станува збор…rn

    1. Погрешно ги толкуваат зборовите

    rnСе сеќавате на ситуациите кога сте им кажале нешто на вашите пријатели и тие веднаш започнале војна? Психопатите многу добро знаат како да ги злоупотребат зборовите. Кога кажувате нешто, тие го разобличуваат тоа на таков начин што другите погрешно ве разбираат и стекнуваат погрешно мислење за вас. Благодарение на нив, може да добиете лоша репутација и да оставите впечаток на злобна и сурова личност. Треба да бидете многу внимателни доколку забележите такво однесување. Никогаш нема да можете да ги предвидите нивните постапки.rn

    2. Ги контролираат другите

    rnНарцисите секогаш се обидуваат да ги контролираат другите, но не го прават тоа директно. Најпрво, ќе се обидат да ве изолираат од семејството и пријателите. Кога ќе успеат во тоа, ќе се фокусираат на вашата ранливост. Замислете си ситуација во која најблиските луѓе почнуваат погрешно да ве разбираат, па дури и да ве обвинуваат без никакви причини! Како последица на тоа, ќе ја изгубите вашата самодоверба и ќе станете емотивно слаби.rnrnНаредниот чекор што го преземаат овие луѓе е следниов: Се однесуваат како да ви се најдобри пријатели! Тие ќе ве натераат да поверувате дека ве разбираат и ќе ја придобијат вашата доверба. Откако ќе завршат со тоа, ќе ја побараат вашата помош и ќе ви кажат точно што треба да направите. На тој начин, тие ќе воспостават целосна контрола врз вас и ќе ја постигнат својата цел.rn

    3. Ја менуваат темата

    rnНарцисите и психопатите секогаш ја менуваат темата на дискусија, доколку не им се допаѓа или доколку постои ризик да ја разоткрие нивната вистинска природа. Тие ќе кажат шега или ќе наведат безначаен пример за да ја одбегнат првичната тема на разговор.rnrn6 тактики што ги користат социопатите, нарцисите и психопатите за да ве замолчатrn

    4. Манипулираат со реалноста на таков начин што ве наведуваат да помислите дека сте луди

    rnПсихопатите се способни да ја извртат реалноста и да ве натераат да помислите дека реалноста во која вие верувате произлегува од вашата имагинација. Тие ги изместуваат фактите и ве наведуваат да се сомневате во вашето лично разбирање за светот. Ако почнете да верувате во нивната верзија на реалноста, може да полудите, бидејќи ќе ја изгубите вашата самодоверба.rn

    5. Триангулација – Користат туѓи мислења за да ја докажат нивната поента

    rnНарцисите секогаш се обидуваат да додадат повеќе референции за нивните мислења. Тие ги спомнуваат туѓите ставови за да ја докажат нивната поента кога се расправаат. Како последица на тоа, ќе ви се чини дека многу луѓе ги поддржуваат нивните аргументи, па затоа ќе добиете впечаток дека сте надгласани. Нема да знаете каде сте погрешиле, но ќе ве измачува идејата дека имате погрешно мислење за работите.rn

    6. Проекција – Ги истакнуваат недостатоците

    rnЕден од најчестите методи на манипулација е истакнувањето на туѓите недостатоци. Психопатите секогаш ќе се обидат да ве натераат да поверувате дека негативните работи се случуваат поради вашите маани. Ќе ве доведат до точка да посакате да се поправите, иако во реалноста, тоа е само нивен обид да ги скријат сопствените маани.rnrnСекогаш треба да бидете претпазливи со ваквите луѓе. Нарцисите, психопатите и социопатите се хранат со вашите негативни мисли и недостаток на самодоверба. Само вашиот оптимизам може да ве спаси од овие поединци.rnrnВо продолжение, дознајте ја и вистинската разлика помеѓу социопат и психопат.

  • 10 знаци дека вашиот љубовен партнер манипулира со вас

    10 знаци дека вашиот љубовен партнер манипулира со вас

    Ви се случило ли некогаш да сте со партнер кој толку ви влегол во глава што одеднаш сте сфатиле дека правите работи против ваша волја? Веројатноста е дека си имате работа со голем манипулатор. Манипулацијата во врската е сериозен проблем бидејќи е многу подмолна. Вистинските манипулатори знаат како да ги испревртат вашите зборови и дела на тој начин што ќе направат како секоја нивна грешка да е ваша вина. Ќе чувствувате како да го губите разумот, како да немате контрола врз вашите мисли, чувства и дела. И ова може да трае засекогаш или сè додека не се свестите што навистина се случува. Ова се 10-те знаци кои ќе ви помогнат да сфатите кога вашиот партнер се обидува да манипулира со вас…rnrn10 знаци дека партнерот ве манипулира во љубовната врскаrn

    1. Очигледна манипулација

    rnЛесно е да се препознае овој вид манипулација бидејќи не е толку суптилна. На пример, вашиот партнер ве прашува дали сакате да го измиете неговиот автомобил. Вие не сакате и сакате да кажете „не“, но тој со неговиот поглед и тонот на гласот навестува дека подобро е да го сторите тоа за да не се случи нешто лошо. Па, за да избегнете расправија велите дека би сакале и навистина го правите тоа. Оваа личност се заканува со насилство за да ве контролира и за да се согласите на нешто што не сакате. Подоцна може да ви кажат „Па, не мораше да го направиш тоа. Можеше да кажеш не“. Ова е подмолно и злобно.rnrnРешение: Едноставно почнете да велите „не“ и навистина да го мислите тоа без оглед на последиците. Ако не можете да кажете „не“ затоа што се плашите за вашата безбедност, немате друг избор освен да излезете од оваа врска!rn

    2. Живеете во неговиот живот

    rnМанипулацијата е начин да се воспостави контрола. Размислете малку каде живеете, каде излегувате, со кои пријатели се дружите… Дали се работи само за омилените места на вашиот партнер? Дали живеете во светот на вашиот партнер, но тој не живее во вашиот? Ова може да е тактика со цел да ве контролира. Полесно е некој да ве контролира кога не ви е пријатно во околината.rnrnРешение: Воспоставете некаква рамнотежа. И двајцата одлучувајте за местата на кои излегувате и за луѓето со кои се дружите. Поминувајте го времето така што и двајцата ќе се чувствувате пријатно. Мора да постои рамноправност во врската.rn

    3. Емоционално допира до вас

    rnДа речеме на пример дека вашиот партнер нашол маче. Нормално би било тој да ве праша што мислите за тоа да чувате маче, дали би можеле да си го дозволите тоа и дали воопшто би сакале. Но, ако тој сака да ве манипулира ќе проба да допре до вашето срце и да направи да се чувствувате како лоша личност ако кажете „не“. Тој постојано ќе ви вели: „Види му ги очињата! Нема каде да живее! Сакаш да го оставиме само да умре на улица? Имаш ли ти срце воопшто?“.rnrnРешение: Не дозволувајте некој да направи да се чувствувате како лоша личност секогаш кога донесувате одлука за нешто. Наместо да попуштите, понудете друго решение за проблемот.rnrn10 знаци дека партнерот ве манипулира во љубовната врскаrn

    4. Ја доведува до прашање вашата љубов кон него

    rnОва е најлошиот вид манипулација. Таа постојано бара од вас да ја докажувате вашата љубов одново и одново со тоа што ќе ги исполнувате сите желби на партнерот. Ако ги чуете зборовите „Ако навистина ме сакаш, ќе се премислиш околу идејата да имаме деца“, тој на овој начин се обидува да направи да се чувствувате виновни или засрамени ако не направите нешто.rnrnРешение: Докажете ја вашата љубов на поинаков начин и смирете ја неговата реакција. Кажете нешто во стилот „Сè уште можам да те сакам со целото мое срце и без да имаме деца“.rn

    5. Емоционална уцена

    rnОваа форма на манипулација може да биде обична, но и многу драматична. Може да ги чуете зборовите „Не можам да живеам без тебе“ или „Ако ме оставиш, ќе се самоубијам“. Ова е тактика со цел да почувствувате страв, вина и одговорност. Навистина би сакале да останете во врска со партнер кој се заканува дека би се убил? Животот на ниту едно човечко битие не треба да е ваша одговорност.rnrnРешение: Не паѓајте на ова. Речиси секогаш станува збор за манипулација, а не за вистинска закана. За секој случај, можете да кажете нешто како „Ако имаш самоубиствени намери, ќе викнам полиција или брза помош, но јас нема да си имам работа со тоа“. Звучи сурово, но тоа е најдоброто решение, како за вас, така и за него.rn

    6. Се преправа дека е жртва

    rnШто и да се случило, каква и да била караницата, кој згрешил, кој што кажал, на крајот вашиот партнер е тој со скршено срце и не може да поверува дека сте можеле толку да го повредите. Дури и кога вашиот партнер е тој што згрешил, вие секогаш се извинувате. Вашиот партнер е секогаш повреден, беспомошен и потребно му е дополнително внимание и љубов.rnrnРешение: Извинете се само за она што сметате дека треба да се извините. Кажете нешто во стилот на „Извини што те вознемирив и што го повишив гласот, немаше потреба за тоа. Но, нема да се извинам за тоа што ти го направи.“ Бидете подготвени да се соочите со крокодилски солзи.rn

    7. Си игра со вашиот разум

    rnОвој начин на манипулација ќе направи да се чувствувате како да го губите разумот. Вашиот партнер постојано се преправа дека не кажал некои работи, дека вие не сте кажале нешто, изостава информации, ја превртува вистината, го менува минатото и на тој начин прави да мислите дека сте заборавиле некои работи. На крајот ќе почнете да верувате дека не можете да си верувате самите себеси, па мора да зависите од партнерот.rnrnРешение: Прекинете ја врската. Оваа манипулација е многу сериозна и може да остави долготрајни последици.rn

    8. Му станува лошо секогаш кога не е по негово

    rnДали на вашиот партнер му станува лошо секогаш кога не е по негово? Ова е форма на манипулација дури и кога навистина му е лошо. На пример, секогаш кога треба да разговарате за нешто сериозно, тој чувствува дека ќе се онесвести. Не сака да одите негде, па одеднаш и вие не можете да отидете затоа што треба да останете со него и да му помагате со неговата анксиозност (која магично исчезнува откако ќе се согласите да останете дома). Не може да ви помогне со домашните обврски затоа што има главоболка или е уморен. На овој начин тој измислува дека не му е добро за да ви падне жал и да му посветите повеќе внимание.rnrnРешение: Ова не е здрава врска и можеби треба да размислите да ја прекинете. Немојте да се грижите дали тој ќе биде добро ако не му посветите внимание. Веројатноста е дека нема ништо да му биде.rnrn10 знаци дека партнерот ве манипулира во љубовната врскаrn

    9. Тој е смирен и прибран

    rnКога нешто лошо ќе се случи, сте се скарале и владее општ хаос, дали вашиот партнер е претерано смирен? Тука може да се работи за манипулација со цел да се чувствувате како да претерувате. На овој начин тој сака да ве направи несигурни во сопствените емоционални реакции. Тој одредува кога некоја ситуација е соодветна за емоционална реакција. На крајот вие делувате драматично и глупаво, само затоа што тој е премногу смирен. Тој може да се обиде дури и да ја доведе вашата зрелост и рационалност во прашање.rnrnРешение: Единственото нешто што можете да го направите во моментот е да го следите вашиот инстинкт и да реагирате онака како што мислите дека треба, без да се сомневате дали тоа е правилно.rn

    10. Секогаш се шегува

    rnДали тој ве навредува и критикува и потоа ви вели дека само се шегувал? На крајот испаѓа дека вие самите сте виновни што сте се вознемириле бидејќи не знаете да прифатите шега. Без разлика колку тој бил суров, вие секогаш сте пречувствителни и ја уништувате целата забава. На овој начин тој сака да ве омаловажи без да преземе одговорност за истото.rnrnРешение: Не грижете се за тоа дали ќе бидете наречени уништувач на забави. Можеби не сакате секогаш да бидете доживувани како пресериозни и пречувствителни, но многу е важно да се спротивставите на партнерот. Дури и ако манипулаторот се обиде да ве засрами поради тоа, не отстапувајте од вашиот став.rnrnКолку подобро знаете да ги препознаете формите на манипулација, толку полесно ќе можете да ги спречите. Но, доколку си имате работа со вистински манипулатор, најдобро е едноставно да ја прекинете врската и да продолжите понатаму.

  • Опасност: 3 знаци дека со вас некој манипулира

    Опасност: 3 знаци дека со вас некој манипулира

    Постојат луѓе кои секогаш ќе се обидуваат да ги остварат своите цели, користејќи се со сите можни средства. Овие луѓе се добро познати како манипулатори, а можете да ги пронајдете во облик на пријатели, познаници, партнери или колеги. Дознајте како да ги препознавате овие опасни емоционални манипулатори со цел да не им дозволите да ве повредат.rnrnОпасност: 3 знаци дека со вас некој манипулираrn

    1. Манипулирале и други луѓе пред вас

    rnДали некогаш сте биле покрај блиска личност која сте забележале дека излажала некој друг? Дали оваа личност има често негативен став за нештата? Дали можеби тој или таа лесно ширел/а озборувања, без разлика дали се вистинити или не? Ова се само дел од основните прашања кои мора да си ги поставите доколку се сомневате дека некој манипулира со вас.rnrnМанипулаторите се индивидуалисти. Тие често мислат дека се поинтелигентни и подобри од другите, па токму затоа и имаат потреба да се издвојат. Доколку забележите дека во вашите разговори оваа личност секогаш го насочува акцентот кон способноста, интелигенцијата или карактерот, тогаш големи се шансите дека имате работа со манипулатор кој работи зад вашиот грб.rn

    2. Брзи се на зборови и дела

    rnМанипулаторот ќе го најде најбрзиот начин да влијае врз вашите емоции и со помош на ласкање, слатки зборови и лажен интерес ќе изгради доверба и врска помеѓу вас. Еден од најлесните начини да откриете манипулатор е доколку ги прочитате знаците кои откриваат дека оваа личност е загрижена единствено кога некој или нешто влијае врз остварувањето на неговите/нејзините крајни цели.rnrnВо овие ситуации, ако не се согласувате со нивните цели, тоа значи и дека тие немаат контрола врз вас, па затоа и ќе се обидат со целата своја сила да ве уверат дека тие се добри за вас. Токму затоа и следен пат кога ќе им предложите нешто поинакво, забележете ја нивната реакција. Вистинските манипулатори реагираат бурно доколку нешто не им одговара или ако се изложени на критики.rn

    3. Си играат со вашите емоции

    rnЕмоционалното, духовното или психичкото заведување е најсилното оружје на манипулаторите. Тие си играат со вашите емоции така што на крајот предизвикуваат нештата да излезат во нивна корист. Токму затоа и околу себе собираат луѓе кои можат да се контролираат, без разлика дали се нивни партнери, пријатели или соработници. Тие се подготвени да ви кажат сè што сакате да чуете, додека лесно ги пренасочуваат оние кои им стојат на патот. Нивната цел е вашата врска да ја насочат кон своја корист и да ја прилагодат исклучиво на своите потреби.rnrnОвие личности исто така се подготвени и да направат сè така што на крајот од секоја расправија вие да испаднете негативци. Во овие ситуации нивните „жртви“ почнуваат да веруваат во тоа и да ги преиспитуваат своите постапки и дела, додека во реалноста не направиле ништо погрешно, туку едноставно станале дел од една вешта шема за манипулирање.

  • Мудри техники на убедување: Како да всадувате идеи во главите на луѓето?

    Мудри техники на убедување: Како да всадувате идеи во главите на луѓето?

    Ако некогаш сте купиле производ кој навистина не ви бил потребен, но некако продавачот ве убедил дека ви е неопходен па подоцна сте се каеле, тоа значи дека некој успеал да всади идеја во вашата глава. Многумина го прават тоа секојдневно. Од продавачи, претпоставени, колеги, маркетинг генијалци, политичари и сл.rnrnАко сте го гледале „Inception“ тогаш сигурно си мислите дека всадувањето идеи во нечија глава е тешко. Но, вистината е дека и не е така тешко, напротив многу е тешко да го одбегнете тоа. Имајте на ум дека овој текст не е со цел да ве направи манипулатори, туку да ве научи како оперираат „всадувачите“ на идеи и како да избегнете да бидете жртви.rnrnЕве како некои луѓе успеваат да всадат идеја во нечија глава.rnrnКако да всадите идеи во главите на луѓето?rn

    1. Обратна психологија

    rnТерминот обратна психологија (reverse psychology) според многумина веќе е клише. Вистината е дека обратната психологија дејствува, само што многумина не знаат како да ја применат на вистинскиот начин.rnrnКако да всадите идеи во главите на луѓето?rnrnДа земеме за пример дека имате проблем со вашиот цимер кој никако не ги мие садовите. Она што вие би му го рекле е следново:rn
    rn

    „Измиј ги чиниите, сега е твој ред.“

    rnВо овој случај сигурно не би ве послушал, бидејќи веќе сте утврдиле дека со убаво не бидува. Наместо тоа, употребувате обратна психологија:rn
    rn

    „Знаеш што, навистина е глупаво нон стоп да се мијат садови, па од сега ќе купувам пластични чинии за една употреба. Ако сакаш можеш да ми дадеш пари па ќе купам и за тебе.“

    rnВака, вашиот мрзлив цимер има само една опција – да ви даде пари и да се храни од пластични и хартиени садови, што не би му одговарало па ќе почне почесто да ги мие садовите.rnrnСè додека сте доволно убедливи во она што го зборувате, обратната психологија успева.rn

    2. Никогаш не зборувајте директно – заобиколувајте

    rnДа натерате некого да направи нешто може да биде навистина тешко. Целта на овој пристап е да направите да изгледа дека нештото било негова/нејзина идеја а не ваша. Гледајте на ова како разрешување на мистерија. Пополека, чекор по чекор му давате по една трага на вашиот соговорник сè додека самиот/ата не ја реши мистеријата, и на крај изгледа како вие да не сте предложиле ништо. Клучно е да бидете трпеливи, бидејќи ако избрзате другата страна ќе знае што правите.rnrnКако да всадите идеи во главите на луѓето?rnrnДа речеме дека вашиот пријател е зависен од брза храна. Вие ќе му речете да почне поздраво да се храни, тој или ќе рече дека ќе се обиде па ќе се врати на старо, или отворено ќе ви рече да не му додевате. Значи, вие имате добра цел – да го натерате вашиот пријател да живее поздрав начин на живот, па што правите? Го терате самиот да го сфати тоа, го доведувате до момент на ненадејно сознание кое ќе му ги отвори очите.rnrnНајпрво, не смеете да бидете очигледни. Ако му речете „Прочитав негде дека пржената храна убила не-знам-колку-луѓе во текот на минатата година“, вашиот пријател ќе знае што правите.rnrnОна што можете да го направите е на пример да кажете шега за птичјиот грип или нареден пат кога ќе седнете во ресторан да одбиете да нарачате пржено пилешко објаснувајќи му дека пилешкото се преработува на нездрав начин и дека кокошките се ранат со хормони за да се произведе повеќе месо. Секако, ова го правите со големи паузи, не можете да му го речете ова истиот ден кога сте го предупредиле да се храни поздраво. Направете тоа да биде за вас, вие сте загрижени за вашето здравје и во никој случај не зборувате отворено и директно за проблемот, во овој случај за тоа како да го натерате вашиот пријател да се храни поздраво. По некое време може во опуштен муабет да спомнете како сте презеле нов чекор за подобрување на вашиот животен стил и колку тоа ви годи. Дури и ако после сето ова вашиот пријател не почне да се храни здраво, сигурно ќе биде поотворен да дискутира со вас на таа тема.rn

    3. Потценете го тоа што сакате да го продадете

    rnДа речеме дека сте продавач/ка. Сакате купувачот да потроши што е можно повеќе пари но знаете дека тој/таа би сакал да помине што е можно поевтино. Потценувањето е на некој начин слично со обратната психологија само што не е толку нападно. На пример, продавате компјутерска опрема. Имате три вида хард дискови со различен капацитет, и нормално, оној со најголем капацитет чини најмногу и сакате да го продадете.rnrnКако да всадите идеи во главите на луѓето?rnrnНаместо тоа вашиот купувач ве прашува за најевтиниот. Она што вие му го велите е следново:rn
    rn

    „Каков компјутер користите?“

    rnКупувачот ви одговара и плус ви кажува колку зафаќаат сликите кои сака да ги чува на дискот. Вие му велите:rn
    rn

    „Секако, 250 GB е сосем доволно сè додека сте сигурни дека не би чувале повеќе слики и дека нема да имате потреба од чување на други фајлови.“

    rnОна што го правите е индиректно посочување дека со доплаќање на мала сума пари купувачот ќе има поголем простор за во иднина. Вие го потценувате она што не сакате да го продадете, само што не го правите тоа на очигледен начин. Ова е само прост пример, но потценувањето буквално може да ви успее секогаш и за секоја цел.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Каде жените грешат во комуникацијата со мажите?

    Каде жените грешат во комуникацијата со мажите?

    Автор: Сара ТурановиќrnrnКомуникацијата е клучот за среќна врска, но сепак е и најголем проблем помеѓу партнерите. И двајцата партнери треба да работат на добрата комуникација, но овој пат вниманието ќе го свртиме кон жените и нивните грешки во комуникацијата со мажите. Експертите набројаа 4 вакви грешки.rnrn1-kade-zhenite-greshat-vo-komunikacijata-so-mazhite-kafepauza.mkrn

    1. Тактика на манипулација

    rnНекои жени ја користат манипулацијата за да добијат нешто од мажот, вклучувајќи го и разговорот. Ова може да ви успее, но со тек на време мажите ја откриваат оваа тактика и се повлекуваат. Од сите пристапи овој е најлош бидејќи мажите после ова се чувствуваат изиграно и искористено. Манипулацијата е лоша бидејќи може да придонесе двајцата партнери да се разделат.rnrnРазмислете зошто се користите со манипулација. Дали тоа е единствен начин на кој знаете да комуницирате? Ова е повеќе ваш проблем отколку на партнерот. Време е да научите како пристојно да комуницирате и да уживате во самите себе и партнерот.rn

    2. Агресивен пристап

    rnКога зборувате со мажот со борбен и нападен тон на гласот, тој има чувство дека го навредувате и не го почитувате. Со овој начин на комуникација нема да го добиете тоа што го сакате. Поточно, со агресивниот разговор ја загрозувате својата врска, но и тој ќе почне да реагира агресивно и одбранбено. Во секој случај реакцијата нема да биде добра. Доколку сакате да му кажете нешто, тогаш направете го тоа на мирен и стабилен начин.rn

    3. Лош тајминг

    rnЗа разлика од жените, мажите не можат да прават повеќе работи истовремено. Исто така не можат да размислуваат за повеќе работи истовремено. Ако му го кажете сето она што ве загрижува додека тој е сконцентриран на нешто друго, бидете сигурни дека нема да го добиете неговото внимание. Колку и да ви е глупава неговата активност со која тој се занимава во моментот, мора да ги почитувате работите кои тој ги сака. Па тогаш не е вистинско време да зборувате со него ако сакате да ги решите проблемите. Најдобро е да му кажете дека сакате да зборувате откако тој ќе заврши со она што моментално го прави.rn

    4. Драматични испади

    rnДали солзите и вербалните изливи на болка се често присутни додека разговарате со него? Ако е тоа така, имајте на ум дека тој нема да се сочувствува со вас. Поточно, тоа ќе му здодее бидејќи момците на сакаат постојано кукање и негативност. Нивниот мозок работи на подруг начин од женскиот и тие не сфаќаат зошто плачете кога е време да бидете разумни. Време е да го промените таквиот пристап. Наместо премногу детски емотивни испади, контролирајте ги своите емоции и она што сакате да го кажете, кажете го на смирен и вербален начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои луѓе имаат тенденција да бидат манипулативни и нарцистички психопати?

    Кои луѓе имаат тенденција да бидат манипулативни и нарцистички психопати?

    Луѓето кои остануваат будни до подоцна најчесто покажуваат и антисоцјални карактерни особини како на пример, нарцизмот или психопатијата. Според неодамнешно истражување кое било објавено во журналот „Personality and Individual Differences“, а било спроведено од страна на Џонасон и неговите колеги, покажало дека макијавелизмот, нарцисизмот и психопатијата, соодветно наречени „Темната Тријада“, биле поврзани со доцното легнување.rnrnВидови на луѓе кои имаат тенденција да бидат манипулативни и нарцистички психопатиrnrn rn

    „Оние кои постигнале висок резултат за карактерните особини на темната тријада, исто како и другите предатори во светот, како лавовите и скорпиите, се суштества на ноќта. Луѓето кои водат брза животна стратегија и се карактеризираат со темната тријада најчесто подобро функционираат во послабо осветлена околина каде што другите спијат и имаат намалено когнитивно функционирање“, објаснува Џонсон.

    rnЗаклучоците биле донесени врз основа на онлајн прашалник кој покрај тоа што ги мерел навиките за спиење кај 263 студенти, ги мерел и следниве карактерни особини:rn

      rn011

    • Психопатија: Се карактеризира со намалена емпатија и антисоцијално однесување. Психопатите најчесто многу добро влијаат врз другите.
    • rn011

    • Нарцизам: Егоманијаци.
    • rn011

    • Макијавелизам: Тенденција да се манипулираат и да се експлоатираат другите без никакво чувство на моралност.
    • rn

    rnЏонасон продолжува:rn
    rn

    „Изгледа постои некаков вид еволуциона поврзаност помеѓу измамниците и оние кои сакаат да ги откријат и казнат, па темната тријада можеби претставува еден вид специјализирана адаптација со цел да се избегне откривање. Карактеристиките на ноќта – послабо осветлена околина додека другите спијат е соодветна атмосфера за сите оние нешта со кои се поврзува темната тријада. Ако добро размислите, поголемиот дел од злосторствата и сексуалната активност се случуваат навечер.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е маркетингот, а што не е?

    Што е маркетингот, а што не е?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnМногу е тажно во државава, од бизнис но и од секаков друг аспект, што или немаме знаење да ја искористиме најдобро моќта и користа на маркетингот или го употребуваме во сосема негативна конотација, да ја изманипулираме и спинуваме публиката со цел да си ги оствариме нашите цели (не размислувајќи како тоа ќе се одрази на другата страна). Денес маркетингот се заснова на концептот „брзо и алчно“. Тој се претвора во политичка кампања, каде сите ветуваат сѐ и сешто a на крајот најдебелиот крај го извлекува крајниот потрошувач.rnrn1-shto-e-marketingot-a-shto-ne-e-kafepauza.mkrnrnМаркетингот/пропагандата според филозофијата на емоционалната интелигенција претставува игра на моќ. Што и навистина е. Преку маркетинг техниките што може да се користат, се манипулира и влијае на публиката. Да си знаете дека ова се однесува на сите нас. И вие сте несвесно под влијание, иако во моментов можеби некои не се сложуваат со ова и си викаат „на мене маркетингот и рекламите немаат влијание“.rnrnМаркетингот е меч со две острици. Дали ќе го користиме правилно и морално, како модел со кој ќе го развиваме нашиот бизнис и преку кој најдобро ќе ги задоволиме барањата на нашите клиенти, или ќе ги користиме неговите „вештерски“ моќи на манипулација и спин, зависи од оној што го користи. Маркетингот ви е како динамитот. Нобел го измислил со цел да го подобри и олесни градежништвото, а не да измисли оружје за масовно уништување.rnrnПроблемот е што сите знаеме маркетинг и сите имаме некој наш цврст и „правилен“ став околу неговото значење, вредност и ефекти. Во Македонија, за жал, ставот кон маркетингот е дека тоа е трошок (се мисли на рекламирањето, а не на маркетингот), дека секој може да го прави (затоа не се внимава многу кој се става во одделот за маркетинг) и малку се инвестира во едукација во маркетинг (да погледнеме само колку обуки за маркетинг се нудат на пазарот, а колку од другите области на доедукација). Но, поради тој став и гледиште кон маркетингот, јас верувам дека Македонија е на ова ниво на економски развој. И од аспект на држава и бизнис имаме фантастичен потенцијал, но не знаеме да го искористиме.rnrn0-shto-e-marketingot-a-shto-ne-e-kafepauza.mkrnrn rn

    „Маркетингот не се користи за да ја зголеми продажбата, тој треба да се користи да ги развива односите со клиентите.“ – Колин Тарнер (автор)

    rn

      rn011

    • Маркетингот е срцето на компанијата. Од него треба сѐ да почне и да заврши. И така цело време – тој не е само сектор во компанијата.
    • rn011

    • Маркетингот е секој наш потег, активност или стратешка определба – тој не е трошок за реклама.
    • rn011

    • Маркетингот не е да продадеш повеќе по секоја цена – туку тој е да ги задоволи потребите и желбите на клиентите.
    • rn011

    • Маркетингот значи вклученост на клиентот – тој не е убедување во нашите ставови и желби.
    • rn011

    • Маркетингот значи знаење, креативност и енергија – тој не значи огромен буџет.
    • rn011

    • Маркетингот е известување на клиентот за вистинските вредности на производот/услугата – тој не е манипулација и спин (за остварување на своите лични цели).
    • rn011

    • Маркетингот значи поврзување на производот со купувачот – тој не е лансирање на производ кој му се допаѓа на директорот.
    • rn011

    • Маркетингот додава вредност (го јакне брендот) – тој не е „само“ промоција на производот.
    • rn011

    • Маркетингот го комуницира карактерот на производот/услугата – тој не е само рекламирање на карактеристиките и користите на производот/услугата.
    • rn

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 16 знаци дека вашиот партнер манипулира со вас

    16 знаци дека вашиот партнер манипулира со вас

    Љубовта знае да ни ги затвори очите. Дали постојано сте под притисок да ги задоволите желбите на вашиот партнер? Дали ви забранува некои работи, прави да се чувствувате помалку вредни и ги искористува вашите слабости? Обрнете внимание на овие 17 знаци што покажуваат дека вашиот партнер е манипулативен.rnrn16 знаци дека вашиот партнер манипулира со васrn

    1. Прават да си го преиспитувате здравиот разум

    rnВо кавга може да ве наречат со погрден збор или да речат нешто друго што ќе ви ги повреди чувствата, но после тоа негираат дека рекле такво нешто. Дали сте луди? Дали ви се причинуваат нештата? Не.rn

    2. Ги искористуваат вашите слаби страни

    rnГи знаат вашите јаки и слаби страни, но ги искористуваат вашите слабости за да добијат нешто во нивна корист. Тоа не е добро и во никој случај не е љубов. Знаат која е вашата слаба точка и многу често ја користат за да добијат нешто или да ви ја намалат самодовербата.rn

    3. Сакаат постојано да се во ваша близина

    rnЗакачени се за вас како пијавици и најлошо од сè, отворено покажуваат дека не им се допаѓа тоа што минувате време со вашите другарки или членовите на вашето семејство. Вашиот партнер треба да ги прифати вашите блиски како свои, а не да се труди да ве раздели од нив за да ве има само за себе правејќи ве зависни од него/неа.rn

    4. Зборуваат за идни планови, но не преземаат ништо

    rnЗборуваат за заедничка иднина, за посериозни чекори во врската, но не преземаат ништо и остануваат само на зборови. Најчесто тоа го прават со цел да добијат нешто во моментот и да ви обезбедат лажна сигурност.rn

    5. Ви забрануваат да ги правите работите што ги сакате

    rnДали уживате да земате часови по јога или да гледате фудбал со пријателите? Вашиот манипулативен партнер ќе ви го извади низ нос тоа што уживате правејќи нешто. Може дури и да ве навреди, па и да проба да ви забрани да правите нешто. Оној кој ве сака ве поддржува во нештата за кои негувате страст и љубов.rn

    6. Ви поставуваат правила за однесување во врската

    rnПоставуваат правила, но тие самите не ги почитуваат. Љубовта е партнерство, а не диктаторство. Никој не смее да ви кажува што смеете а што не смеете да правите.rn

    7. Прават секогаш да се чувствувате виновни

    rnЧувствувате дека секогаш сте виновни, а тој/таа е во право. Ќе ве наведе да се чувствувате виновни додека неговите/нејзините чувства се повредени. Не, размислете трезвено, не направивте ништо лошо и не е можно секогаш сè да правите погрешно додека тој/таа е жртвата. Така вашиот партнер ќе ве набеди дека никогаш не издвојувате време за него па ќе го откажете дружењето со другарките по трет пат неделава. Вие сте изманипулирани.rnrn16 знаци дека вашиот партнер манипулира со васrn

    8. Секогаш е по нивно

    rnОд најбанални до најважни работи. Вашиот партнер одлучува каде ќе одите, што ќе правите, што ќе јадете, каков поклон ќе купите, дури и како ќе се облечете.rn

    9. Често ви кажуваат што би можеле да промените во вашиот карактер/изглед

    rnДоколку сакаш некого го прифаќаш таков каков што е. Никој не е совршен. За нешто што ви пречи во ред е да разговарате, но доколку често ви нафрла критики наместо комплименти само покажува колку е несигурен/на во себе, правејќи да се чувствувате мизерно.rn

    10. Инсистираат да минувате повеќе време во нивниот дом

    rnДоколку има дилема каде да се гледа филм тоа ќе биде неговиот/нејзиниот дом.rn

    11. Повеќе „ве сакаат“ навечер отколку наутро

    rnСтрасни се после вечера, но ладни после појадок. Тоа не е љубов туку корист. Навечер ви симнуваат ѕвезди, но утрото ви ја покажува вистинската слика. Исто, често менуваат расположение. Оваа минута се среќни и ве сакаат, во наредната почнуваат кавга.rn

    12. Ве тераат да го прилагодите вашиот распоред според нивниот

    rnПредност секогаш имаат неговите/нејзините обврски што прави да се чувствувате како сè што правите да не е доволно важно и значајно. Неретко прават несигурни планови кои многу често се менуваат.rn

    13. Често ви кажуваат дека не вложувате доволно во врската

    rnШто прави да се трудите уште повеќе, но залудно. Не треба никому да му робувате туку треба и двете страни да вложат еднаков напор во градењето на врската и компромисите.rn

    14. Прават добри нешта кога сакаат нешто за возврат

    rnЌе ви зготват вечера, но уште не сте го дојале оброкот и веќе (ин)директно ви се наметнува она што од вас се очекува за возврат.rn

    15. Често забораваат што ветиле

    rnЗабораваат важни нешта, особено оние кои не ги засегаат. Требаше да одиме на ручек кај сестра ти? Никогаш не си ми кажал/а! Исто, неретко забораваат што ветиле или каква услуга сте побарале од нив.rn

    16. Кога ќе ве повредат бараат изговори

    rnКога ќе ви рече нешто грубо, само сакал/а да направи „сериозен муабет со вас“ за „ваше добро“.

  • Филм: Средината на март (The Ides od March)

    Филм: Средината на март (The Ides od March)

    Филм за идеализмот наспроти бруталноста во борбата за политичка моќ…rnrnФилм: Средината на март (The Ides od March)Режија: Џорџ КлуниrnrnУлоги: Рајан Гослинг, Џорџ Клуни, Филип Сејмур Хофман, Пол Џијамати, Мариса ТомеиrnrnВреметраење: 101 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 октомври 2011rnrnЖанр: политички трилер, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnВо средината на март, кампањата за избор на кандидатот на демократите за претседателските избори во САД е во полн ек. Јавувајќи се како режисер, сценарист и актер во филмот, Џорџ Клуни од тоа направил извонреден политички трилер кој ќе ви овозможи да ѕирнете што се случува зад сцената додека политичарите блескаат на говорниците. Акцентот не е ставен на некакви спектакуларни говори кои треба да ве воодушеват или да донесат драматичност во дејството, туку во преден план се политичките интриги, заговори и местенки.Филм: Средината на март (The Ides od March)Филм: Средината на март (The Ides od March)Додека гувернерот Мајк Морис (Џорџ Клуни) се бори да ја добие номинацијата на демократите за претседателските избори во САД против сенаторот Тед Пулман, во преден план избива младиот и талентиран Стивен Маерс (Рајан Гослинг). Тој е ѕвезда во подем, знае да ги манипулира медиумите во своја корист и е втор човек во неговата кампања, веднаш зад стариот итар Пол Зара (Филип Сејмур Хофман). Двајцата заедно војуваат против тимот на Пулман кој е воден од бесскрупулозниот Том Дафи (Пол Џијамати).Филм: Средината на март (The Ides od March)Главната цел на двата тима е да го придобијат на своја страна сенаторот од Северна Каролина, Френклин Томпсон (Џефри Рајт), кој контролира доволно делегати за да може кој било да се кандидира за претседател. Дафи прв стигнува до неговата наклонетост, по што ќе го повика Маерс на таен состанок на којшто ќе му понуди да ја смени страната и да го напушти бродот што тоне. Тој, воден од својот идеализам и вербата во добрите намери на гувернерот Морис, ќе одбие, но останува прашањето како на неговиот таен состанок ќе реагираат луѓето од неговиот тим. Кога на тоа ќе се додаде и неговата тајна романса со младата приправничка Моли (Еван Рејчел Вуд) која и самата крие премногу тајни, Маерс ќе биде ставен на тест кој може предвреме да му ја заврши кариерата.Филм: Средината на март (The Ides od March)Дејството најчесто се одвива во штабовите, канцелариите или слични места каде што искажаните зборови ќе останат тајна. Дијалозите воопшто нема да ви бидат товар додека го гледате филмот, но од мозоците на кампањата можете да очекувате доста добри реплики.Филм: Средината на март (The Ides od March)„Средината на март“ (The Ides of March) е доста забавен филм во кој постојано се случува нешто. Проблемите со кои се соочува главниот лик се добро испреплетени меѓу себе, но ништо не е комплицирано. Овој филм сепак спаѓа во категоријата на оние кои можат да ве натераат да заборавите на проблемите барем додека трае и добро да се опуштите пред екранот.Филм: Средината на март (The Ides od March)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.