КАФЕ ПАУЗА

Tag: мамурлак

  • Чувствувате главоболка по тренинг? Ова се можните причини!

    Чувствувате главоболка по тренинг? Ова се можните причини!

    Една од најчестите придобивки од вежбањето е зголемувањето на хормонот ендорфин што придонесува да се чувствувате одлично. Меѓутоа, што се случува кога ќе се чувствувате лошо после тренинг? Во продолжение прочитајте за состојбата наречена „фитнес мамурлак“.rnrnЧувствувате главоболка по тренинг? Ова се можните причини!rn

    Што претставува фитнес мамурлак?

    rnСпоред научниците, оваа состојба може да вклучува болка што ги спречува луѓето нормално да ги извршуваат своите активности, исто како мамурлакот предизвикан од алкохол. Едно истражување покажало дека симптомите на фитнес мамурлакот вклучувале исцрпеност, гадење и главоболки, болки во мускулите, екстремен замор, слабост и мачнина до 24 часа по тренингот.rn

    Зошто се појавува такво чувство после тренинг?

    rnПостојат повеќе биолошки причини поради кои може да се чувствувате лошо после тренинг. За време на вежбањето, резервите на гликоген во мускулите се исцрпени, а телото потоа се бори да го одржи нивото на гликоза во крвта, што може да резултира со чувство на замор и несвестица. Во исто време, со потење губите течност, а со тоа и сол, што го намалува крвниот притисок и предизвикува вртоглавица. Понатаму, чувството на гадење може да биде предизвикано од акумулација на млечна киселина во мускулите – за време на тренингот телото не може да ја задоволи зголемената потреба за кислород, па тоа доведува до формирање на млечна киселина, поради што луѓето се чувствуваат изнемоштени и имаат стомачни болки или грчеви. Сепак, сите овие симптоми може да бидат и знак дека можеби е време да забавите и да ги слушате знаците на вашето тело кои ви кажуваат да промените нешто.rn

    Како да се спречи оваа појава?

    rnПрилагодувањето на тренингот и исхраната е клучен чекор во избегнувањето на овие симптоми. Ако штотуку сте почнале да вежбате, не претерувајте, туку правете сесии со помал и пократок интензитет. Зголемувајте го постепено интензитетот на вежбите бидејќи така вашето тело се прилагодува на тренингот, гради поголема толеранција на млечна киселина и овозможува тренирање без болка.rnrnДури и ако имате искуство, не е паметно да го туркате вашето тело подалеку од точката на нормален напор бидејќи тоа може да доведе до физички, ментални и хормонски проблеми. Задолжително пијте вода за да ги надоместите изгубените течности, загревајте се пред тренинг, не јадете големи оброци пред тренинг и не занемарувајте ги потребите на вашето тело.rnrnОткако прочитавте за причините за главоболка по тренинг, можеби ќе сакате да прочитате и дали е пожелно да се пие вода за време на тренинг.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Мамурлак од благо! Да, добро слушнавте и е исто толку тежок колку и оној од премногу алкохол!

    Мамурлак од благо! Да, добро слушнавте и е исто толку тежок колку и оној од премногу алкохол!

    Можеби вечерва се предозиравте од чоколади и вафли, па не се чувствувавте добро утрово. Се чувствувате како да имате мамурлак и навистина го имате, но поради премногу шеќер!rnrnМамурлак од благо! Да, добро слушнавте и е исто толку тежок колку и оној од премногу алкохол!rnrnЗнаеме дека мамурлаците се последица од консумирање премногу алкохол, но и слатките работи може да предизвикаат слично чувство!rnrnЗначи, не станува збор за мамурлак во буквална смисла, но доколку јадете премногу слатки, можеби ќе добиете некои симптоми на мамурлак: нервоза, главоболка и вртоглавица.rnrnСпоред нутриционистот Ким Ларсон мамурлакот предизвикан од шеќер навистина постои, во смисла дека може да се почувствувате лошо кога внесувате премногу шеќер.rnrnНа почетокот, преработениот шеќер го зголемува нивото на ендорфин во организмот и прави да се чувствуваме добро. Но, потоа настанува ненадеен пад на шеќерот во крвта, што прави да се чувствуваме уморно, нервозно и иритирано.rnrnЈадењето бонбони само повремено не е толку страшно, но ако консумирате многу шеќер премногу често, тоа може да има долгорочни здравствени ефекти, па дури може да доведе и до промени во мозокот.rn

    Навика која брзо станува зависност

    rnМамурлак од благо! Да, добро слушнавте и е исто толку тежок колку и оној од премногу алкохол!rnrnАко често консумирате многу шеќер, постои ризик тоа да ви стане навика, а д-р Лора Шмит од универзитет во Сан Франциско вели дека навиката всушност станува зависност.rnrnИако овие истражувачки досега не спровеле одредено истражување за ваквиот тип мамурлаци, тие имаат доста добри докази за поврзаноста меѓу неверојатната желба за благо и последиците од неговата консумација. Велат дека во одреден временски период, може да го промените составот на „центарот за наградување“ на мозокот. А тоа е нешто за што треба да се размисли, вели д-р Шмит.rnrnШеќерот го зголемува нивото на домапин, во делот на мозокот кој е поврзан со чувството на задоволство. Ако инјектираме допамин „однадвор“ во телото преку внесување слатки, со текот на времето мозокот почнува да „сфаќа“ дека не мора да произведува толку допамин.rnrnЗатоа, веднаш штом „надворешниот допамин“ или слатките нешта ќе се намалат или елиминираат, доаѓа таа нескротлива желба за благо.rnrnНајдобар начин да ги избегнете овие негативни последици од внесувањето на шеќер е да ја ограничите консумацијата на храна и пијалаци што го содржат.rnrnСпоред овие истражувачки нема потреба од внесување шеќер во организмот на дневно ниво.rnrnМожеби сакате да го прочитате и овој нов доказ: Кафето го штити мозокот.

  • Кој алкохолен пијалак предизвикува најлош мамурлак?

    Кој алкохолен пијалак предизвикува најлош мамурлак?

    Мамурлакот им е добро позната и непосакувана појава на речиси сите. Наместо да си ветувате дека никогаш повеќе нема да пробате алкохол, проверете кој пијалак предизвикува мамурлак, а кој не.rnrnkoj-alkoholen-pijalak-predizvikuva-najlosh-mamurlak-kafepauza.mkrnrnНаводно, едно истражување покажало дека не е важно колку сте испиле, туку што сте испиле. Според истражувањето во кое учествувале над 2.000 испитаници, текилата е прогласена за пијалак кој најмногу предизвикува мамурлак. 23% од испитаниците изјавиле дека најлош мамурлак имале токму од овој пијалак. Веднаш по текилата се наоѓа вотката со 21% од испитаниците. Виното и вискито се наоѓаат на 3-тото и 4-тото место, а 10% од испитаниците пријавиле мамурлак од пиво.rnrnОд друга страна, изгледа дека оние кои сакаат џин и шток поминале најдобро. Само 2% до 3% од испитаниците сметаат дека мамурлакот од овие пијалаци е лош.rnrnПа, ако вечерва планирате да излегувате, знаете што треба да порачате за да не го изгубите последниот ден од викендот во лечење мамурлак!rnrnПогледнете и кои се последиците од само една ноќ прекумерно пиење.

  • 6 начини брзо и едноставно да го излечите мамурлакот

    6 начини брзо и едноставно да го излечите мамурлакот

    Се разбира треба да се ограничиме на 1 до 2 пијачки дневно, но во реалноста тоа не е секогаш возможно. Додека умереното пиење е во ред, дополнителната чаша алкохол може да ви направи многу проблеми следното утро. Но ова не значи дека целиот ден треба да ви биде уништен. Погледнете некои методи кои ќе ви помогнат да се справите со мамурлакот.rnrn6-nachini-da-go-izlechte-mamurlakot-kafepauza.mkrn

    1. Рехидрирајте се

    rnСериозниот мамурлак обично значи дека сте многу дехидрирани. Алкохолот го поттикнува губењето на течности, па дури и ако сте испиле многу вода минатата ноќ, пак ќе бидете дехидрирани. Токму поради ова мамурлакот прави да се чувствуваме лошо. Дехидратацијата прави да се чувствувате уморно и слабо. Исто така ја попречува работата на црниот дроб, а тоа сигурно не е добро кога треба да се преработи многу алкохол.rn

    2. Испијте течен оброк

    rnАко не можете да јадете, направете си некое смуди. Тоа ќе ви овозможи Б витамини кои му помагаат да вашиот црн дроб и исто така ќе ве рехидрира. Течните оброци се обработуваат многу полесно, па побрзо ќе ги добиете хранливите материи од нив.rn

    3. Испијте мултивитамин

    rnПокрај смудито и водата, испијте и еден мултивитамин. Алкохолот исфрла некои хранливи материи надвор од вашиот систем, како витамин Б12. Овие витамини не само што го поддржуваат протокот на крвта, што е клучен за исфрлање на токсините од вашиот црн дроб, туку тие ги подобруваат и вашите метаболизам и енергија, нешто што сигурно ви недостига кога сте мамурни. Покрај витамините, мултивитамините имаат и некои други хранливи материи кои ќе ви помогнат да се вратите во нормала.rn

    4. Спречете го гадењето со ѓумбир

    rnЃумбирот е одличен за намалување на гадењето, без разлика дали е поврзано со алкохолот или не. Ѓумбирот го смирува вашиот стомак, и се бори со гадењето и повраќањето. Исто така ѓумбирот помага при намалувањето на морската болест, без разлика дали сте на брод, воз или пак нагло сте станале од креветот. rn

    5. Пробајте техника за опуштање

    rnДоколку сте мамурни, сигурно не ви се прави ништо. Но малку грижа за себе може многу да ви помогне. Обидете се да се релаксирате и да го исчистите вашиот ум. Покрај смирувањето, опуштањето ќе ви помогне и ако имате главоболка.rn

    6. Одете во кревет

    rnСе разбира, оваа опција не е секогаш достапна, но спиењето е најдобриот лек за мамурлак. Враќањето во кревет откако сте испиле неколку чаши вода му помага на вашето тело да закрепне. Вашиот црн дроб ќе работи подобро при елиминирањето на токсините, а ќе ја преспиете и најлошата главоболка. Дури и ако немате време, обидете се барем да дремнете.rnrnПогледнете ги и најдобрите природни лекови за мамурлак.

  • 9-те најголеми митови за мамурлакот (и вистината зад нив!)

    9-те најголеми митови за мамурлакот (и вистината зад нив!)

    Ако некогаш сте страдале од мамурлак, вашите пријатели сигурно ви дале многу совети за како да ги намалите неговите симптоми. Но колку од овие совети навистина функционираат? Пред повторно да се упатите кон барот, прочитајте кои совети помагаат, а кои се само измислици.rn

    1. Дехидрацијата предизвикува мамурлак

    rnrnrnВистина е дека можете да дехидрирате ако консумирате премногу алкохол, но тоа не е причината за вашиот мамурлак. После ноќта помината во пиење вие можеби ќе испиете неколку чаши вода, но сепак ќе се разбудите со страшна главоболка. Причината за ова е тоа што мамурлакот е предизвикан од неколку работи: Ниско ниво на шеќер во крвта, иритација на стомакот, лошо спиење и проширување на крвните садови. Иако пиењето вода нема да ви помогне со мамурлакот, сепак обидете се да ги надополните за изгубените течности.rn

    2. Само оние кои пијат прекумерно страдаат од мамурлак

    rn(2)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mkrnrnПрекумерното пиење е сигурен начин да бидете мамурни следното утро. Но, не треба да пиете многу алкохол за да го искусите ова. Некои луѓе се мамурни и после само една пијачка. Овде големо влијание има вашата големина и вашиот пол. Просечен маж би имал некаков вид на мамурлак после 5 до 8 пијачки, додека жените можат да поднесат само 3 до 5 пијачки без да ги чувствуваат лошите последици следното утро.rn

    3. Мажите и жените се исто изложени на ризик

    rn(3)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mkrnrnАко сте жени, подгответе се. Вие имате поголеми шанси да се разбудите со главоболка и болка во стомакот отколку маж кој е исто голем колку вас. Како е можно ова? Машкото тело има поголем процент на вода за разлика од женското. Мажите исто така имаат повеќе ензими кои го преработуваат алкохолот па ова значи дека алкохолот во нивното тело се преработува уште пред да стигне до крвотокот.rnrnДруга причина е тоа што жените имаат повеќе масни наслаги во телото, а тие многу подобро го апсорбираат алкохолот.rn

    4. Вино или пиво – што е побезбеден избор?

    rn(4)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mkrnrnМногу луѓе мислат дека ќе поминат подобро ако пијат пиво или вино наместо нешто жестоко. Вистината е дека може да се опиете од кој било алкохол. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да одберете што да пиете:rn

      rn011

    • Црвеното вино може да предизвика главоболка. Понекогаш мамурлакот од него може да биде полош отколку ноќта помината со текила.
    • rn011

    • Некои видови жестоки пијалаци (како виски) исто така предизвикуваат главоболки. Подобро одберете пијалак без боја, како вотка или џин.
    • rn011

    • Ако уште на почетокот пиете нешто жестоко, поголема е веројатноста да испиете повеќе алкохол. Затоа почнете со пиво или со чаша вино.
    • rn

    rn

    5. Јадењето ќе апсорбира дел од алкохолот

    rn(5)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mkrnrnХраната може да го спречи мамурлакот, но само ако јадете пред да почнете со пиење. На мрсната храна, како пицата, ѝ е потребно повеќе време за обработка, па затоа таа би била одличен избор.rn

    6. Лековите за болка и температура ќе ви помогнат

    rn(6)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mkrnrnНикогаш не треба да ги мешате овие лекови со алкохол. Лековите за болка се разградуваат во вашиот црн дроб, а тој е договорен за разградување и на алкохолот. Со ова можете да си предизвикате воспаление на дробот, отоци, па дури и трајна штета. Подобро напијте се аспирин, но не веднаш по пиењето. Земете го аспиринот наутро и тој ќе ви помогне за главоболката и болките во телото.rn

    7. Студениот туш и кафето може да ви бидат од голема помош

    rn(7)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mkrnrnВистината е дека ќе ве освежат, но мамурлакот нема да исчезне. Ова ќе се случи само кога целиот алкохол ќе излезе од вашиот организам. Пиењето кафе може дури и да го влоши мамурлакот. Заменето го кафето со вода, посебно ако сте повраќале.rn

    8. Хербалните лекови лечат мамурлак

    rn(8)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mkrnrnИстражувањата покажале дека ниту еден од овие лекови не помага со мамурлакот. Можеби ќе направат да се чувствувате малку подобро, но тоа не е доволно. Подобро земете некој мултивитамин и надополнете ги изгубените хранливи материи.rn

    9. Мамурлакот не е нешто опасно

    rn(9)9-mitovi-za-mamurlakot-kafepauza.mkrnrnКога сте мамурни вашето тело „плаче“ за помош. Вие всушност сте го загадиле со премногу алкохол. Можеби ќе ви помине брзо, а можеби ќе треба цел ден да го поминете мизерни. Она што е важно е дека прекумерното пиење е ризично. Тоа може да доведе до труење со алкохол, да предизвика напади или да ви оневозможи да дишете правилно.rnrnПогледнете ги овие природни лекови за мамурлак.

  • 3 домашни маски што ќе ве спасат од мамурлак

    3 домашни маски што ќе ве спасат од мамурлак

    Ако сте претерале со забава, што веруваме дека е вистина бидејќи го читате овој текст, тогаш без сомнение сте на вистинското место. По толку настани, семејни дружења и излегувања каде што ѕвездата на вечерта е шампањот, лесно може да се случи нештата да ви избегаат од контрола.rnrn3 домашни маски што ќе ве спасат од мамурлакrnrnАлкохолот, во комбинација со недостатокот на сон, може значително да ја оштети кожата, но добрата вест е што има начин како самите да ѝ го вратите сјајот. Во продолжение следуваат 3 брзи и едноставни домашни маски, што треба да се држат на лицето 15-20 минути, а потоа да се измијат со млака вода. Резултатите ќе бидат инстантно видливи.rn

    Маска со авокадо

    rn

      rn011

    • 1/2 авокадо
    • rn011

    • 1 лажица павлака
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn

    rn

    Маска со лимон

    rn

      rn011

    • 1 лажица мелена овесна каша
    • rn011

    • 1 лажица свежо исцеден сок од лимон
    • rn011

    • 1 белка
    • rn

    rn

    Маска со портокал

    rn

      rn011

    • 2 киви
    • rn011

    • 3 лажици павлака
    • rn011

    • 1 лажица свежо исцеден сок од портокал
    • rn011

    • 1 лажица маслиново масло
    • rn

    rnПодготовката на сите овие маски е многу едноставна. Сè што треба да направите е да ги измешате сите состојки заедно и да се погрижите добро да се соединат. Штом добиете хомогена смеса, вашата маска е подготвена!

  • 15 работи кои го влошуваат мамурлакот

    15 работи кои го влошуваат мамурлакот

    На сите ни се случило да се препуштиме на забавата и да испиеме по некоја чашка повеќе. Во моментот тоа изгледа како вистинската одлука и нас не може да нè сопре никој, но веќе наредниот ден се соочуваме со страшните последици од незнаењето да се каже „Доста!“. Кога премногу алкохол ќе влезе во крвотокот и ќе стигне до мозокот предизвикува прекумерно количество алкохол во крвта, што доведува до мамурлак. Алкохолот потоа метаболизира во токсични отпадоци и сето тоа доведува до дехидратација, воспаление на ткивото и низок шеќер во крвта. Резултатот е неподнослива главоболка кога алкохолот ќе „испари“ од организмот. Најдобриот лек против мамурлак е тој да се превенира, што значи да не се пие воопшто. Но, ако сепак одлучите да пиете, а не сакате да бидете мамурни наредниот ден, барем не правете ги следниве работи.rnrn15 работи кои го влошуваат мамурлакотrn

    1. Не пијте премногу брзо

    rnНа алкохолот му се потребни 30 до 60 минути да се апсорбира во тенкото црево и затоа тој веднаш има штетно влијание на вашиот мозок. Телото е способно да обработи по еден пијалак на секој час и половина, па затоа ако пиете брзо нивото на алкохол во крвта за многу кратко време ќе го достигне врвот и ќе се опијаните. Пијте побавно, размислете добро пред да го нарачате вториот коктел и погледнете колку време изминало.rn

    2. Не си легнувајте премногу доцна

    rnМожеби не ви се чини како голема работа да останете на забава до раните утрински часови кога знаете дека не сте на работа наредниот ден. Проблемот е во тоа што алкохолот има штетно влијание и на квалитетот и на квантитетот на вашиот сон. Тој ве измамува да си помислите дека спиете подобро затоа што полесно заспивате, но реалноста е дека тој ве попречува да имате мирен и длабок сон. Исто така, голема е веројатноста дека утредента ќе се разбудите премногу рано, но ќе се чувствувате толку лошо што нема да можете пак да заспиете. Пред да решите да останете до затворање на клубот, сетете се дека наредниот ден ќе бидете толку исцрпени што цел ден ќе ви пропадне.rn

    3. Не пијте на празен стомак

    rnАлкохолот го зголемува лачењето на киселините во желудникот кои го иритираат стомакот, поради што наредниот ден ќе чувствувате подуеност и мачнина. Ако пиете без притоа да внесувате храна, оваа иритација ќе стане уште полоша. Затоа најдобро решение е да јадете нешто хранливо пред да почнете со пиењето или да мезете додека пиете.rn

    4. Не се потпирајте на некое магично апче, сок од цедено овошје или друг лек што мислите дека ќе го спречи вашиот мамурлак

    rnАко мислите дека можете да се препиете, па потоа да ги ублажите последиците со некој магичен лек, сте се излажале. Не постои научен доказ дека таков лек воопшто постои. Наместо да го лечите мамурлакот подобро е да го спречите со тоа што ќе јадете, ќе пиете доволно вода и нема да претерате со пијачките.rn

    5. Не нарачувајте пијалаци и коктели кои содржат премногу шеќер

    rnЗнаете дека не треба да изедете 6 парчиња торта затоа што подоцна ќе ви биде лошо, но немате проблем да испиете толку пијачки што го содржат истото количество на шеќер. Обрнете внимание на тоа колку шеќер има во коктелите што ги нарачувате и побарајте пијачки кои содржат повеќе вода бидејќи ќе ви помогнат да не дехидрирате.rn

    6. Не нарачувајте шотови кога веќе сте пијани

    rnШотовите генерално не се баш најдобра идеја, но најлошо е кога ќе ги испиете откако веќе сте се напиле неколку чашки алкохол. Ако сте веќе поднапиени од пиво, голема е веројатноста дека ќе испиете многу шотови за краток временски период, бидејќи моќта за расудување ви е намалена и не можете да процените колку силно ќе ве „удри“ алкохолот. Доколку сте голем љубител на шотовите подобро е да ги пиете кога сè уште сте трезни, за да бидете свесни за тоа како ќе ви влијаат и потоа да можете да забавите или престанете со пиење.rn

    7. Продолжувајте да мезите во текот на ноќта

    rnАко пиете подолго време, сè што се јаделе претходно ќе биде доволно обработено за да не може да го ублажи влијанието на алкохолот и стомакот ќе ви биде повторно празен. Најдобро е да се држите до барови кои покрај алкохолот нудат и храна за да го избегнете ризикот од тоа да пиете на гладно срце.rn

    8. Не се изложувајте на ризични физички активности кои најверојатно ќе завршат со повреда

    rnТрчањето наоколу на високи потпетици, танцувањето без престан со часови, како и борењето со вашите пријатели може да се чинат како одлична идеја во моментот. Добро е познато дека алкохолот ве прави похрабри и тогаш ништо не може да ви застане на патот. Сите овие работи кои ќе ги направите под дејство на алкохол, можеби нема да ги почувствувате во моментот, но затоа утредента и тоа како ќе ги почувствувате нивните последици. Алкохолот ги воспалува крвните садови, ткива и органи. Ќе ве боли целото тело и нема да бидете способни за ништо во текот на целиот ден. Затоа внимавајте на какви физички активности се изложувате кога сте поднапиени.rnrn15 работи кои го влошуваат мамурлакотrn

    9. Не мешајте алкохол со лекови

    rnЛековите што ги пиете можат да го сменат начинот на кој алкохолот дејствува во вашиот организам и со тоа да ги направат неговите последици уште полоши и поболни. Проблемите што можат да настанат варираат од лице до лице и зависат пред сè од самиот лек, но во секој случај ваквиот подвиг е далеку од препорачлив. Зборувајте со вашиот доктор или фармацевт пред да решите пиете алкохол додека примате лекови.rn

    10. Не правете глупави нешта поради кои ќе зажалите наредниот ден

    rnКога пиете нормално е да се чувствувате порелаксирано затоа што алкохолот ги смирува оние делови од мозокот заслужни за анксиозноста и стресот и вие автоматски станувате еуфорични. Меѓутоа, кога ќе се отрезните еуфоријата ќе исчезне и вие ќе се чувствувате уште понервозно и подепресивно од претходно. Сите сме имале искуство со мислата: „Кој ѓавол ме натера да го направам тоа“. Не заборавајте дека кога сте пијани, голема е веројатноста дека ќе донесете лоши одлуки поради кои подоцна ќе се каете и затоа одбегнувајте ситуации кои би ве вознемириле кога сте трезни.rn

    11. Не пиете доволно вода

    rnАлкохолот е диуретик и поради тоа ве тера да исфрлите и до еден литар вода во текот на една вечер. Ова ќе доведе до дехидратација и затоа многу е важно да не заборавите да внесете доволно вода. Обидете се по секоја чашка алкохол да испиете чаша вода. Тоа нема да направи да исчезне вашиот мамурлак, но значително ќе ги намали последиците.rn

    12. Не пијте нешто што знаете дека ќе ви предизвика неподнослив мамурлак

    rnВо основа, видот на алкохолот не е толку важен колку количеството, но некои луѓе полошо реагираат на одредени пијалаци поради некоја од состојките што ги содржат. Ако забележите дека секогаш кога пиете вотка имате страшен мамурлак дента потоа, немојте да ја нарачувате без разлика колку ви се допаѓа.rnrn15 работи кои го влошуваат мамурлакотrn

    13. Немојте да го изедете цел фрижидер кога сте пијани

    rnНа сите нас омилениот дел од пиењето ни е кога ќе дојдеме дома и ќе решиме дека ако ја изедеме ладната пица во фрижидер, останата од ручекот, ќе бидеме многу посреќни и позадоволни. Вистина е дека добро е да јадете нешто доколку се чувствувате гладни после пиење, но немојте да претерате, особено ако се работи за масна и зачинета храна како пржени компирчиња, пица или хамбургер. Немојте да јадете храна која не е на вашето секојдневно мени, бидејќи утредента ќе чувствувате уште поголема подуеност и мачнина.rn

    14. Не пијте наредниот ден за да ги олесните симптомите

    rnКога вашиот мамурлак сè уште не поминува и после неколку аспирина, калоричен сендвич за појадок и попладневна дремка, помислата пак да се поднапиете за да ги ублажите симптомите може да се чини како добра идеја. Но, факт е дека целокупната дехидратација ќе стане уште полоша и само ќе го продолжите времето кое на вашето тело му е потребно за да се оправи. Наместо тоа, испијте многу вода и вратете се во кревет.rn

    15. Не учите од вашите мамурлаци

    rnМамурлакот е состојба на интоксикација – вие буквално сте го отруле вашето тело и сега тоа се обидува да се ослободи од отровот и да заздрави. Кога ќе добиете труење од храна, природно е да не сакате да ја јадете таа храна извесно време. Мамурлаците би требало да го имаат истиот ефект со што би ни помогнале да не ја повторуваме истата грешка а тоа е да испиеме премногу алкохол.

  • Веднаш заборавете ги: Работни пропусти кои не смеете да ги правите во 2016-та година

    Веднаш заборавете ги: Работни пропусти кои не смеете да ги правите во 2016-та година

    Сите ние правиме помали или поголеми подносливи работни пропусти, но нивниот број, барем кога станува збор за 2016-та година, треба да биде сведен на минимум. Најпросто кажано, немојте да ја ризикувате својата кариера поради обични глупости. Ова се работните пропусти кои не смеете да си ги дозволите на себе оваа година.rnrn1-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Доаѓате последни на работното место

    rnВо ред е да задоцните еднаш, но ако го правите тоа секојдневно или секој втор ден, можете да го привлечете вниманието на шефот и да го доведете во прашање своето работно место, но и својата кариера. Обидете се во 2016-та година да не доцните, не само на работа, туку и на секој закажан состанок. Тоа е најдобар начин да се научите да го почитувате туѓото време, но и другите да започнат да ве почитуваат вас.rn

    2. Одите на работа мамурни

    rnНе доаѓајте на вашето работно место мамурни, бидејќи тоа нема да ја загрози само вашата кариера, туку и ќе оставите голем негативен впечаток за вас лично. Пијте многу вода и обидете се вашиот мамурлак да остане незабележан.rn

    3. Ја работите работата која ја мразите

    rnВо време кога сите мислиме на финансиски опстанок, тешко е да се каже дека не треба да ја работите работата што не ја сакате. Меѓутоа, ако таа работа ви го нарушува вашето здравје, во која било смисла, тогаш никако не си дозволувајте да го работите она што не ве исполнува, а уште помалку, она што не ве прави среќни.rn

    4. Работите прекувремено само затоа што чувствувате вина

    rnАко другите остануваат на работа прекувремено, тоа не значи дека и вие треба да го правите тоа. Штом сте си ја завршиле својата работа или сте завршиле нешто повеќе, никако не се оптоварувајте со дополнителна работа, особено надвор од работното време, бидејќи утредента ќе бидете преморени и исцрпени, а тоа воедно ќе влијае на вашата продуктивност.rnrn2-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    5. Не разговарате со колегите

    rnОваа година потрудете се да имате коректен однос со останатите луѓе на работа. Нема да ви штети ако ги прашате како се или да поразговарате со нив на некоја тема. На овој начин вие, но и тие ќе се чувствуваат попријатно и така сигурно подобро ќе соработувате во иднина.rn

    6. Губите време на социјалните мрежи

    rnВо ред е да бидете на Фејсбук или на некоја друга социјална мрежа ако природата на вашата работа го бара тоа, но тоа не значи дека треба постојано да „висите“ таму. Освен тоа што вашиот шеф, порано или подоцна, ќе го забележи тоа, постојаното сурфање на интернет може сериозно да влијае на вашата продуктивност.rn

    7. Се плашите од вашиот шеф

    rnВо ред е да го гледате вашиот шеф како авторитет, но тоа не значи дека треба да се плашите од него. Затоа обидете се во 2016-та година да ја промените оваа особина и потрудете се својот страв кон шефот да го претворите во нешто покорисно за вас – нешто што нема да ве спречува да напредувате.rnrn3-vednash-zaboravete-gi-rabotni-propusti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

  • 7-те најдобри природни лекови за мамурлак

    7-те најдобри природни лекови за мамурлак

    Најлудата ноќ остана зад нас, а сега треба да се собере сила и да се отпоздрават пријателите и роднините и да им се посака сѐ најдобро во новата година, се разбира, со здравица. Меѓутоа, „горкиот вкус во устата“ од мамурлакот ќе ни го отежне првиот ден од новата година, а со оглед на тоа дека втората вечер на славење и честитките се пред нас, добро би ни дошол некој делотворен лек против мамурлакот. Во продолжение прочитајте кои лекови ќе ви помогнат побргу да се отрезните и да бидете со „бистра глава“.rn

    1. Лесен појадок

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnИако алкохолот отвора апетит и кога ќе се разбудите ќе имате желба да изедете нешто калорично, сепак определете се за лесен и вкусен појадок бидејќи полниот стомак ја забавува апсорпцијата на алкохол, па со самото тоа и процесот на трезнење ќе биде побавен. Добрите намирници кои се препорачуваат во овој случај се оние намирници кои лесно се варат: тост, сендвич, тестенини, житарки и јогурт, бидејќи тие го штитат слојот со кој е обложен желудникот. Добар избор за појадок се и јајцата кои се одличен извор на протеини и брзо се варат, а содржат и цистеин (аминокиселина која е моќно оружје против ацеталдехидот, кој пак, е токсин што е нуспродукт на оксидацијата на етанолот).rn

    2. Лимонада со мед и јогурт

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnНикако не земајте производи кои се преработени или богати со шеќер, но добро ќе ви дојде еден овошен сок, како и медот. Организмот ќе го ревитализирате и со пијалакот од мед и лимон. Доволно е само да помешате една лажичка мед, сок од половина лимон или портокал и 100 милилитри јогурт.rn

    3. Многу течности

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnПостои еден мал трик кој би требало да го направите пред спиење за наутро да се разбудите без мачнина и главоболка. Пред да си легнете во кревет после лудата журка, напијте се што повеќе вода за да ја спречите дехидратацијата во текот на сонот која ќе ги предизвика симптомите на мамурлак. Водата, исто така, ќе му помогне на вашиот организам да се ослободи од токсинот ацеталдехид кој се ослободува во црниот дроб при разградувањето на алкохолот.rn

    4. Банани

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnМожеби ви звучи чудно, но јадењето на банани на денот после забавата може да ви помогне да се ослободите од мамурлакот. Имено, бананите содржат големи количини на калиум и Б комплекс, а докторите советуваат да изедете една банана пред спиење, а потоа уште една веднаш штом станете и на тој начин ефикасно да ја намалите мачнината и да го забрзате метаболизмот.rn

    5. Ѓумбир

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnЃумбирот е познат како добар лек за смирување на мачнината и желудочните проблеми. Сварете чај од ѓумбир користејќи десет свежи листови од плодот. Ставете ги во 4 шолји врела вода и варете околу 10 минути. Извадете го ѓумбирот, додајте лимонов сок и една кафена лажичка мед и чајот е подготвен.rn

    6. Кафе

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnКафето е еден од најраспространетите лекови за мамурлакот, но треба да се води сметка околу тоа дека треба да се пие во умерени количини. Доволно е да испиете една шолја кафе и тоа после оброк, никако на празен стомак. Освен тоа што дополнително го измачува организмот и повторно предизвикува дехидратација, кафето и подолго време го задржува присуството на мамурлак.rn

    7. Вежби

    rn7-те најдобрите природни лекови за мамурлакотrnrnФизичката активност е еден од најдобрите лекови против мамурлак. Да, знаеме дека не ви е дојдено до вежби, но дури и кратката прошетка на свеж воздух во траење од половина час може да направи чуда за вашиот организам. Доколку сте во можност, наместо прошетка определете се за пливање или лесен џогинг, бидејќи така преку потењето на најлесен можен начин можете да се ослободите од токсините во организмот.

  • Забавата може да почне: 3 трикови кои ќе го отстранат мамурниот изглед

    Забавата може да почне: 3 трикови кои ќе го отстранат мамурниот изглед

    Сезоната на прославите и забавите се наближува, а со тоа, природно, доаѓа и еден не толку мал проблем – мамурниот изглед наутро. Следуваат трите трикови кои ќе ви помогнат да изгледате свежо и одморено и после лудите ноќи.rn

    1. Краставички

    rn(1) zabavata-mozhe-da-pochne-tri-trikovi-koi-kje-go-otstranat-mamurniot-izgled-kafepauzarnrnОвој трик ќе го изведете со помош која сигурно ја имате во кујната – краставиците. Во сад со вода, додадете мраз (опционално, но потребно е водата да биде ладна) и сечкана краставица во форма на кругови. Ставете го лицето во водата и задржете го здивот колку што можете, за да може вашата кожа да ги впие повеќето смирувачки и освежувачки дејства на краставичките.rn

    2. Зелен чај

    rn(2) zabavata-mozhe-da-pochne-tri-trikovi-koi-kje-go-otstranat-mamurniot-izgled-kafepauzarnrnПотоа, доколку имате зелен чај (соодветна замена е црниот чај или други чаеви со поголемо количество кофеин), на затворени очи ставете ги кесичките од чајот, малку топли, и ублажете ги видливите подочници. Држете ги две минути и дозволете кофеинот од чајот да ги стесни крвните садови и на тој начин да ги намали црните кругови околу очите.rn

    3. Помалку шминка

    rn(3) zabavata-mozhe-da-pochne-tri-trikovi-koi-kje-go-otstranat-mamurniot-izgled-kafepauzarnrnИако се чини дека шминката може да ги покрие сите последици од уморот и мамурлакот, напротив, таа може само уште повеќе да ги истакне. Наместо тоа, нанесете хидратантна крема и пудра, кои ќе го освежат вашето лице и ќе му дадат малку сјај.