КАФЕ ПАУЗА

Tag: мамурлак

  • Науката против мамурлакот

    Науката против мамурлакот

    Не можете да го поднесете мамурлакот, но сè уште не сте подготвени да се откажете од лудориите за време на викендот? Сигурно досега сте ги слушнале сите митови и сте ги пробале сите апчиња, но сепак ништо не ви помага во неговото спречување или лекување.rnrnНауката против мамурлакотrnrnПогледнете го наредново видео и следете ги овие научно анализирани чекори кои со сигурност ќе ви помогнат по викендот да се разбудите како нормален и функционален човек, подготвен за уште една недела напорна работа…rnrnrnrn1. Пред да започнете со пиење, јадете високо калорична храна. Таа го намалува апсорбирањето на алкохолот и помага против иритацијата на желудникот. Исто така, тој ден зголемето го и внесувањето на јаглехидратите, тие го спречуваат паѓањето на шеќерта во крвта и помагаат со мачнината која често се појавува наредното утро.rnrn2. Пијте многу вода! Таа е вашиот најдобар пријател пред, за време на пиењето и потоа. Бидејќи алкохолот на некој начин го дехидрира вашето тело, останатите органи „крадат“ вода од мозкот и поради тоа тој буквално се смалува. Така настануваат утринските главоболки.rnrn3. Аспирин. Доколку сепак се одлучите за апчиња утрото по бурната вечер, најдобар избор е аспиринот. Останатите аналгетици во комбинација со алкохол можат негативно да влијаат на вашиот црн дроб.rnrn4. Доручекот е клучниот чекор при справување со мамурлакот. Направете некоја комбинација од банана, јајце и овошен сок.rnrn5. И за крај, најважно од сè, научете да ја препознавате својата граница. И покрај тоа што постои разлика помеѓу полот, расата и возраста кај луѓето во однос на толеранцијата на алкохолот, овие научно докажани чекори можат многу да ви помогнат по завршувањето на викендот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна за побрзо совладување на утринскиот мамурлак

    Храна за побрзо совладување на утринскиот мамурлак

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnПосле неколку испиени чаши алкохол претходната вечер, наутро стапува на сцена добро познатиот утрински мамурлак. Чувствувате главоболка, жедни сте, бавно воспоставувате рамнотежа и ве совладува уморот. Посакувате што побргу да помине денот, за повторно да се вратите во нормала.Храна за побрзо совладување на утринскиот мамурлакДокторката Шараиха ве советува како со помош на храна можете побргу да го совладате утринскиот мамурлак. Не се работи за никакви магични состојки, туку станува збор за секојдневни вкусни јадења кои брзо ќе ви помогнат да се ослободите од мамурлакот.rn
    rn

    Јајца

    rnНезависно дали ги сакате пржени или варени, јајцата се вистинска храна за утринскиот оброк. Содржат големи количини на аминокиселини кои му помагаат на црниот дроб да се ослободи од отровите. Исто така, тие содржат цистеин, супстанца која го неутрализира ацеталдехидот – токсинот кој е виновен за мамурлакот.Храна за побрзо совладување на утринскиот мамурлакrn

    Палачинки

    rnПалачинките освен што се вкусен десерт, се најголемиот непријател на мамурлакот. Причината лежи во тоа што палачинките содржат комплексни јаглехидрати кои го одржуваат нивото на шеќер во крвта. Ова е многу значајно поради фактот дека шеќерот нагло опаѓа кога црниот дроб се обидува да се ослободи од токсините. Добри борци против мамурлакот се и слатките компири. Можете да направите комбинација од палачинки и компири.Храна за побрзо совладување на утринскиот мамурлакrn

    Банани

    rnМожете да изедете цела банана или пак да си направите сок од неа. Како било да ја употребите, таа ќе го забрза процесот на прочистување на телото. Бананите го забрзуваат дејството на електролитите и имаат ист ефект како кај спортските пијалаци. Поради тоа што се полни со калиум, телото после алкохолот бргу закрепнува. Можете да направите сок од банана со бадеми. Бадемите се добри поради тоа што содржат витамин Е, антиоксиданс кој делува против слободните радикали кои се наоѓаат во алкохолот.Храна за побрзо совладување на утринскиот мамурлакrn

    Сланина

    rnНајдобри пријатели против мамурлакот се аминокиселините кои ги содржи токму сланината. Сепак, најдобро е да изедете само неколку парчиња, бидејќи многу мрсна храна може само да ви го иритира стомакот и да се чувствувате уште полошо. Според едно британско истражување, сланината поттикнува определена хемиска реакција, која прави да се чувствувате подобро.Храна за побрзо совладување на утринскиот мамурлакrn

    Чоколадо

    rnОдлично оправдување да го отворите вашето омилено чоколадо е токму состојбата во која се наоѓате. Чоколадото, исто како и бананите, има во себе калиум, кој бргу се губи во процесот на закрепнување. Затоа, слободно допуштете си парче чоколаден десерт и уживајте во денот.Храна за побрзо совладување на утринскиот мамурлак
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го избегнете мамурлакот за новогодишните празници?

    Како да го избегнете мамурлакот за новогодишните празници?

    Периодот во кој се слават новогодишните и божиќните празници, најчесто е проследен со многу алкохол. Се дури се слави, никој нема никаков проблем, но утрото после една весела вечер со алкохол е мачниот период. Тогаш сите велат дека тоа било нивото последно консумирање алкохол. Нормално, мамурлакот е многу мачна состојба, но сепак постојат начини како да го избегнете. Д-р Арон Мичелфердер од Универзитетот Лојола нуди неколку трикови како да се справите со ова грозно чувство. Сè што треба е да ги следните неговите инструкции.rnrnКако да го избегнете мамурлакот за новогодишните празнициrn

    Пред забавата:

    rnИспланирајте како да пиете умерено. Ова значи дека за период од 3 часа, најдобро е да се испијат 5 пијачки за машки и 3 за девојки. Поволно е однапред да знаете каков алкохол ќе пиете и да не мешате неколку видови пијалаци.rnrn

    За време на забавта:

    rn

      rn011

    • Прво јадете па потоа пијте, никако обратно. Храната ја забавува апсорпцијата на алкохолот.
    • rn011

    • Пијте бавно, не брзајте.
    • rn011

    • За да се заштитите од дехидрирање, после секој алкохолен пијалак пијте по една чаша вода.
    • rn011

    • Напијте се витамин Б.
    • rn

    rn

    По забавта:

    rn

      rn011

    • Не возете 🙂
    • rn011

    • Наспијте се убаво, не станувајте по само неколку часа спиење.
    • rn

    rn

    Следното утро:

    rn

      rn011

    • Напијте се уште еден витамин Б.
    • rn011

    • Пијте многу вода.
    • rn011

    • Направете еден тренинг, доколку можете. За време на вежбањето крвта циркулира низ телото три пати побрзо, отколку при седењето на кауч. Колку побрзо крвта исциркулира низ црниот дроб и бубрезите, толку побрзо ќе се ослободите од токсините во крвта.
    • rn

    rn

    Не е препорачливо:

    rn

      rn011

    • Пиење кафе, бидејќи може ќе ве направи суперактивни, но мамурлакот ќе ви остане.
    • rn011

    • Не водете се по народната „клин со клин се избива“. Доколку мислите дека со уште алкохол ќе го победите мамурлакот, само ќе си направите поголем проблем.
    • rn

    rnПрочитајте уште неколку бонус совети за одговорно консумирање алкохол за време на празниците.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 совети за одговорно консумирање алкохол за време на празниците

    8 совети за одговорно консумирање алкохол за време на празниците

    Новогодишните и божиќните празници се денови кои се исполнети со веселба, дружба, гласна музика и многу алкохол. Но, ако испиете премногу пијачки, можете да ја претворите вашата забавна вечер, во патување кон одделот за токсикологија.rnrnИдејата за одговорно консумирање алкохол звучи смешно за повеќето луѓе, бидејќи сите сакаат да се опуштат и да заборават на грижите во овој период од годината. Но, за жал многу луѓе не се ни свесни за ефектот кој алкохолот може да го има врз телото и умот, особено кај оние кои не се навикнати на пиење многу алкохол во краток период. Доколку не сакате на 1 јануари да се разбудите гушкајќи ја веце шолјата, а сепак да се чувствувате и да си поминете одлично во најлудата ноќ, прочитајте ги следниве едноставни совети за безбедно алкохолизирање.8 совети за одговорно консумирање алкохол за време на празницитеrn

    1. Познавајте ја вашата граница

    rnФакт е дека доколку добро се забавувате, големи се шансите после третата чашка да престанете да ги броите сите наредни. Обидете се да пиете побавно, а не една доза алкохол во две голтки, доколку сакате да ги избегнете вртоглавиците, повраќањето и непристојното однесување.rn. rn

    2. Јадете пред, во текот и после пиењето

    rnНа сите ви е добро познат фактот дека ако добро сте се најале пред да консумирате алкохол, помалку и ќе се опијаните. Тоа е така бидејќи храната го впива алкохолот кој кружи низ вашиот циркулаторен систем. Штом храната помага, тогаш не заборавајте да јадете пред да почнете да пиете, каснувајте нешто измеѓу пијачките и пред да си легнете пак јадете, за да немате киселини наредното утро.rn. rn

    3. Немојте да пиете ако не ви се пие

    rnСамо поради тоа што дошла Нова година, не мора да значи дека вие сте толку добро расположени за да испиете десет пијачки и да лумпувате до шест наутро. Не прифаќајте уште една вотка, само затоа што вашиот пијан пријател кој се смее хистерично, ве принудува да продолжите да пиете. Ако сметате дека ви е доста пиење за вечерта или дека ви треба пауза од еден час, нарачајте кисела вода или некој сок за да ја изгаснете жедта која алкохолот ја предизвикува.rn. rn

    4. Пијте бавно, но безбедно

    rnКога сте жедни, пиете две чаши вода на екс без проблем, но кога не ви се пие, чашата ви стои полна до вас, со часови. Истото се случува и со алкохолот. Ако вашиот стомак во моментот може да поднесе повеќе алкохол, можеби ќе си ја препознаете вашата граница и ќе си поминете одлично. Но, доколку се форсирате и со сила испиете многу пијачки во краток временски период, ефектите нема да бидат позитивни.rn. rn

    5. Не пијте пијачки кои ги немате никогаш пробано

    rnНе би се осмелиле да шетате низ дел од градот кој ви е непознат, така? Зошто тогаш би пиеле пијалак во кој не знаете какви состојки има? Пијачките кои содржат разни благи или овошни ликери и сокови, го маскираат количеството на алкохол што го има во нив, па вие во суштина не сте свесни колку сте испиле. Затоа, не експериментирајте испробувајќи разни пијачки чие дејство не ви е познато.rn. rn

    6. Алкохолот не е најбитната работа на Нова година

    rnПиењето алкохол треба да создава релаксирачка атмосфера на новогодишната прослава, но оваа вечер не треба да се сфаќа како идеален повод за неограничено и неконтролирано пиење. Доколку знаете која е вашата граница за пиење или ако не консумирате алкохол воопшто, тогаш вие знаете како да си поминете убаво за дочекот на Новата година. Но, ако сметате дека оваа вечер можете да испиете сè што има зад шанкот, бидејќи и онака, сите ќе бидат пијани, па никој нема да забележи колку не сте биле при себе, само се залажувате. Празниците се слават за да се видите со пријателите и членовите на семејството и за да си поминете одлично, а не за да се опијаните толку многу и да не паметите ни каде сте биле, ни што сте правеле, ни кој бил таму со вас.rn.rn

    7. Држете се настрана од дуплите пијачки

    rnАко секојпат кога пиете, нарачувате обична доза алкохол, зошто оваа вечер да биде исклучок? Пиењето дупли дози, ќе ве направи дупло пијани. Ако сакате да останете пристојни, држете се до вообичаените дози, а дуплите пијачки препуштете му ги на некој ваш пријател, кој може да поднесе повеќе алкохол.rn. rn

    8. Останете дома кога сте болни

    rnСите со душа ја чекаат Новата година за да се забавуваат цела ноќ, не грижејќи се дека имаат обврски наредниот ден. Но, кога не се чувствувате добро, не ви е дојдено до журки нели? Ако сте малку настинати, отидете на забавата, поседете до 12:30 и потоа извинете се и отидете дома да одморате. Ако пак горите од температура и сте неспособни да станете од кревет, верувајте нема да е крај на светот ако не сте ја прославиле „најлудата“ ноќ во годината. Ќе ве очекуваат уште многу луди ноќи во текот на 2012 година, нели?!rn.rnrnЗаклучок: Овие совети може да ви помогнат да го одржите вашето здравје во добра состојба и да се заштитите од чувство на срам и пониженост ако сте направиле некоја глупост додека сте имале многу алкохол во крвта. Пиењето во умерени количини не значи дека нема да се забавувате со „полна пареа“. Секој сака празниците да ги памти по убаво поминатите мигови со луѓето кои ги сакаат, а не по неподносливиот мамурлак, гадењето во стомакот и срамот од луѓето кои биле потрезни од вас и ве гледале додека правите будала од себе.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лек против мамурлак

    Лек против мамурлак

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnБрена Хајсом е „виновна“ за ефикасната формула што лечи мамурлак. После бројни обиди за справување со последиците од долгите, бурни и непреспани ноќи, конечно  дошла до ефикасен рецепт кој делува за само 15 минути. Открила  дека мамурлакот може да исчезне со точно 500 милиграми аспирин, 60 милиграми кофеин и антацид, кој го стабилизира вознемирениот стомак.Жена пронашла лек против мамурлакХајсом не е научник, ниту пак е дел од здравството, туку е поранешна финансиерка која мака мачела со мамурните утра. Комбинациите од лекови, чаеви и што уште не, кои ги пробувала исклучиво на себе, воопшто не ѝ помагале. Нејзиниот благодетен изум сега е патентиран како „Blowfish“ и може да се најде во аптеките во САД. Една доза од лекот чини околу три долари. Тој е признаен од  американската Агенција за храна и лекови (ФДА) и наредната година најверојатно ќе се појави и на европскиот пазар.Жена пронашла лек против мамурлак
    rn

    Едно особено брутално утро на кое му претходеше исклучително добра ноќ, почнав да размислувам за тоа дека мора да има начин и утрата да станат толку добри и долги, исто како и ноќите. Навечер пиев хербални лекови кои не ми го решаваа проблемот. Затоа започнав да трагам по нешто што навистина ќе функционира и што ќе може да се конзумира наутро, после пиење алкохол. Открив комбинација која брзо делува ѝ ја споделив со пријателите“,  вели таа.

    rn

    Многу луѓе се срамат од мамурлакот. Јас мислам дека тој е дел од животот, но дефинитивно со ова не ги охрабрувам луѓето да пијат прекумерно, без разлика што слоганот на производот е ‘Биди сопственик на ноќта, спаси го денот’“, додава Хајсом.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Деверуши (Bridesmaids)

    Деверуши (Bridesmaids)

    Филм за тоа како понекогаш ни е полесно да мислиме дека сме жртви и дека целиот свет е против нас иако најчесто самите сме си најголем непријателrnrnДеверуши (Bridesmaids)Режија: Пол ФеигrnrnУлоги: Кристен Виг, Маја Рудолф, Роуз БрнrnrnВреметраење: 125 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 13 мај 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnЕте, некој се сети да направи и женска верзија на хит-комедијата „Мамурлак“. Не дека тој филм не е подобен за женските очи, но дишеше со машки здив, додека „Деверуши“ го има двојниот Х хромозом и е целосно женски. Но, не разочарувајте. Во приказната нема ниту еден ископиран кадар, едноставно енергијата ќе ве потсети на „Мамурлак“. Пред да почнам да ја ширам приказната, иако не мислам дека некое машко друштво би земало комедија што се вика „Деверуши“, сепак да посочам, мажи не гледајте филмот па дури ни со вашата девојка. Ова е женски филм до самата срж и така треба да се гледа.rn———————————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Ени (Кристен Виг) е девојка чиј живот е, да кажеме, во фаза на доработка. Само што ја затворила својата продавница за колачиња, живее со луди цимери, работи како продавачка во продавница за накит и што е најлошо, сè уште спие со поранешното момче кое ја третира како ѓубре. Сепак, тука е нејзината вечна и најголема поддршка, најдобрата другарка Лилиан (Маја Рудолф). Но, така е се до моментот кога таа ќе се сврши и ќе почне да се подготвува за свадба. Иако Ени е старосватицата, во целата игра се вмешува и Хелен која е комуникативна, убава, дарежлива, односно да скратиме, таа е совршена и почнува да станува нова најдобра другарка со Лилиан. Чувствувајќи се неуспешна во секоја сфера од животот, Ени одлучува дека не смее да ја изгуби и оваа битка, па почнува да се бори за својата другарка. А тука се врти и мала екипа на деверуши, кои, благо кажано, се со специфичен карактер и приказни.Деверуши (Bridesmaids)Двете главни актерки во овој филм, Виг и Рудолф, се дел од екипата на популарното комично шоу „Saturday night life така што не ни треба да се сомневате околу хуморот. Но, тие тука не играат пародија и ликови-карикатури, туку портретираат реални луѓе кои реагираат под притисок и понекогаш се наоѓаат во смешни ситуации. Инаку во целата група на деверушите, отскокнува изведбата на Мелиса Мекарти. Ако веќе тргнуваме од паралелата со „Мамурлак”, тука таа е женскиот Зак Галифианакис. Игра малку мажествена сестра на свршеникот, која секогаш става одличен зачин на секој муабет и на секој настан.Деверуши (Bridesmaids)Кинематографија: Според начинот на кој е снимен, „Деверуши“ по ништо не отскокнува од вообичаените американски комедии. Тука и таму има секс, но без некои претерани сцени и нормално присутни се и комичните ситуации поврзани со телесни течности. Имаме изгледано мал милион такви и сè зависи од тоа како се осмислени, а во „Деверуши“ тоа е направено одлично.Деверуши (Bridesmaids)Кога и како да го гледате: Да не повторувам дека ова е женски филм. Момци оваа недела само ве потсетуваме на некои минати рецензии („Пуштени од ланец“, „Изворен код“, „Непознат“), а за седум дена ќе понудиме и нешто за ваш вкус.Деверуши (Bridesmaids)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

    Како да се ослободите од утринскиот мамурлак?

    Повеќето луѓе сакаат да консумираат алкохол и го прават тоа секогаш кога имаат прилика или кога се во добро друштво. После некоја чашка сите се весели, среќни и безгрижни, а животот изгледа совршен. Но наредното утро, на оние чиј метаболизам им трпи помалку отколку што испиле, не им е баш сè така „розово“. Во нашата Македонија се пие често и се пие многу, особено на слави, родендени и празници, а кога станува збор за младите – на секое излегување во дискотека или кафуле. Бидејќи не можеме да го намалиме количеството на алкохол кој го внесувате, можеме да ве посоветуваме како да се спасите од утринскиот мамурлак.rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnПрочитајте ги советите на д-р Оз, за спасувањето од утринскиот мамурлак. Тој моментално го води неговото мега популарно шоу „Шоуто на д-р Оз“, а има гостувано во 5 сезони во „Шоуто на Опра Винфри“.rnrn

    На забавата…

    rn

    Наполнете го стомакот пред пиење

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnПред да отидете на забавата каде што планирате да пиете алкохол, убаво најадете се. Лош избор на храна се супите, манџите и секаков вид течна храна. Пригответе си чикен бургер со кашкавал или нешто слично и утринската мачнина е до пола намалена. „За да ја свари храната, вашето тело го затвора вентилот на тенкото црево, каде што најмногу се апсорбира алкохолот, поради што е помалку веројатно брзо да се опијаните“ – вели д-р Оз.rnrn

    Белиот алкохол е побезбеден

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?Изберете некој од белите алкохолни пијалаци: вотка, џин, бело вино, наместо црвено вино, виски или коњак. Темниот алкохол содржи повеќе хемиски состојки, кои побрзо го загреваат организмот и го интензивираат опивањето.rnrn

    Кофеин + алкохол = лоша комбинација

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлакrnrnАко мешате алкохол со кока-кола ќе огладнете многу побрзо од вообичаено, што значи и дека побрзо ќе се почувствувате зашеметено. Исто така избегнувајте да мешате алкохол со енергетски пијалаци. Кофеинот кој го има во кока-колата и енергетските пијалаци прави да се чувствувате помалку пијани отколку што навистина сте, така што може да не забележите дека сте ја надминале вашата граница за пиење.rnrn

    Кога ќе се вратите дома…

    rn

    Измијте го лицето

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnКога ќе ги миете забите, измијте ги убаво и рацете и лицето. Алкохолот го спречува производството на Т-клетки, кои му се потребни на телото за заштита од бактерии и микроби, а недостатокот од нив ги засилува симптомите на мамурлак.rnrn

    Напијте се H2O

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnДехидратацијата е неизбежна кога консумирате алкохол, особено жестокиот и таа ги намалува течностите околу крвните зрнца, што од своја страна предизвикува главоболка, вртоглавица и мачнина. За да ги намалите негативните ефекти од  вчерашната „луда“ забава, испијте 1-2 чаши вода пред да си легнете.rnrn

    Исклучете го алармот

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnАко сте претерале со алкохол минатата вечер, наредното утро најверојатно ќе се чувствувате скршено, а сонот ќе ви биде нестабилен и прекинуван со повеќекратно будење. „Алкохолот ги нарушува мозочните хемикалии кои го регулираат спиењето, така што наместо кога ќе се разбудите да се чувствувате закрепнато од вчерашната забава, ќе имате многу лесен сон.“ – вели д-р Оз. Спијте повеќе часови, па можеби ќе ги избегнете главоболките и мачнината во стомакот.rnrn

    Наредното утро…

    rn

    Испржете си јајца

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrn„Јајцата се мојот лек за мамурлак“ – вели д-р Оз. „Тие содржат цистеин, супстанца која го неутрализира ацеталдехидот – токсин кој се содржи во алкохолот и создава мамурлак.“ Добар избор на храна против мамурлак се и чорбите и бананите, кои го обновуваат натриумот и калиумот, кои пак се губат во текот на честото ноќно мокрење.rnrnrn

    Сварете си чај од ментол

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnПосле утринскиот оброк сварете си чај од нане мента и во шолјата ставете една лажица мед или исцедете си една чаша 100% овошен сок. Ментата го смирува стомакот, а медот и фруктозата (овошниот шеќер) помагаат побрзо да се отстрани алкохолот од организмот. Дефинитивно немојте мамурлакот да се обидувате да го отстраните водејќи се по изреката „Клин со клин се избива“, во случајов,  мачнината да ја неутрализирате со нова чашка алкохол. Тоа само ќе ја продолжи и зголеми вашата мака.rnrn

    „Убијте“ ја главоболката

    rnrnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrnСигурно ви било убаво додека сте се забавувале и „налевале“ со алкохол, но наредното утро толку многу ве боли главата што мислите дека ќе ви пукне во секој момент. За да ја неутрализирате болката напијте се едно апче ибупрофен. Овој медикамент го инхибира простагландинот кој ја зголемува болката и мачнината предизвикана од мамурлакот. Избегнувајте аспирин бидејќи тој го надразнува стомакот и ацетаминофен, кој се метаболизира преку црниот дроб, кој веќе работи прекувремено поради алкохолот.rnrn

    Спортувајте

    rnКако да се ослободите од утринскиот мамурлак?rnrn„Не можете да го измиете алкохолот со вежбање“ – вели д-р Оз. „Но некои луѓе сметаат дека спортувањето им помага да се чувствуваат подобро, веројатно поради хемикалиите кои се ослободуваат преку физичката активност, а прават да се чувствуваме убаво.“ Вежбајте јога умерено и ослободете го духот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.