Повеќе не е потребно да одите во фризерски салон толку често, ниту да користите различни работи за коса за да добиете совршена фризура. Пронајдовме трик што нема да и наштети ни најмалку на косата, и како резултат дава совршено стилизирана коса.rnrnСè што ќе ви треба е едно пластично шише, ножици и фен за коса. Земете едно помало шише, направете дупка во горниот и страничниот дел од шишето. Вметнете ја косата во горната дупка, а дупката од страната е наменета за фенот за коса. Сè што треба да направите е да го ставите фенот за коса во тој отвор и да оставите да работи неколку минути.rnrnНа видеото погледнете како изгледа целиот процес:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=MBfEF30_9gA&feature=emb_titlernrnПогледнете ги овие совршени фризури за ниски и слаби жени.
Tag: локни
-

Направете сами: Совршени локни со лента за коса
Веројатно веќе сте уморни од сувата и оштетена коса, па не сакате често да ја обликувате со топлина. Но тоа не значи дека треба да се откажете од локните. Можете на едноставен начин да направите бујни локни, без воопшто да ја оштетите вашата коса. Најдоброто од сè е што целиот процес е навистина едноставен – треба да ја навиткате косата, да си легнете и следниот ден да се разбудите со совршена фризура.rnrn
rnrnЗа оваа фризура ви се потребни посилна лента за коса, четка за коса и спреј или гел за обликување по желба. Потоа, измијте ја косата и добро исчешлајте ја, па ставете ја лентата на главата. Замотајте ја целата коса околу лентата, прамен по прамен. Доколку косата ви е пократка и прамените излегуваат, можете да ги прицврстите со шноли. Доколку е потребно, сега нанесете го гелот за обликување. Потоа само треба да си легнете.rnrnСледното утро внимателно одмотајте ги прамените, но немојте да го правите тоа грубо за да не ги уништите локните, но и косата. На крај нанесете малку спреј за коса за фризурата да трае подолго.rnrnМожете да го погледнете целиот процес на видеото во продолжение:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=uiTUKDU6lc0rnrnПогледнете и како да си ја навиткате косата со крпчиња. -

Сепак, постои решение: 10 едноставни начини да направите тенката коса да изгледа погусто!
Тенката коса честопати знае да создава „маки“, да ве нервира, бидејќи изгледа некако безживотно. Но, не е сè во тоа да купувате прескапи производи што наводно ќе ви помогнат да се справите со овој проблем, бидејќи честопати се случува да го направат спротивното и многу брзо да ја замастат и извалкаат косата, односно вашата коса да изгледа уште потенко отколку кога е без нив. Доколку се борите со овој проблем, за вас пронајдовме неколку едноставни начини, односно трикови, кои ќе ви помогнат вашата коса да го добие волуменот што го посакувате и да изгледа погусто.rnrn
rnrn1. Должината на косата е доста важна. Долгата, тенка коса изгледа уште полошо, отколку што е нејзината вистинска состојба. Оптималната должина за таа да изгледа погусто, не би требало да ги поминува рамената. На овој начин си давате доста можности да работите на фризурите што ќе го зголемат нејзиниот волумен.rnrn
rnrn2. Водете сметка за тоа каде се наоѓа вашиот патец. Доколку тој се наоѓа на средината на главата, вашата коса ќе изгледа доста тенко и без волумен. Префрлете го тежиштето од патецот на другата страна, па така едната страна ќе ви изгледа доста погусто, а тоа ќе ви даде општ подобар изглед.rnrn
rnrn3. Доколку ја стилизирате косата за да го подобрите волуменот, тогаш ви предложуваме да изберете благи бранови, локни, но така што коренот на влакната да биде малку подигнат, со цел вашата коса да изгледа погуста и полна со волумен.rnrn
rnrn4. Честопати на тенката коса ѝ помага бојадисувањето. Различните бои и прамените во неколку нијанси ѝ даваат занимливост на целата структура, како и на изгледот на косата, а покрај тоа влијае и на самата густина. Освен тоа, и најобичните фризури изгледаат доста добро кога имате некои вакви прамени. Станува збор за трендот сомбре што е доста популарна техника на бојадисување.rnrn
rnrn5. Многу е важен и начинот на миење на косата. Никогаш немојте да ја влечете надолу, бидејќи така ги тегнете влакната и уште повеќе ја истанчувате веќе тенката коса. Трлајте го шампонот со благи движења, а потоа исплакнете без никакво додатно агресивно третирање на влакната.rnrn
rnrn6. Исто така, водете сметка и за тоа како ја сушите косата. Секогаш префрлете ја косата преку главата за време на сушењето. На овој начин коренот на влакната ќе се издигне од темето и ќе направи вашата коса да биде полна со волумен, а со самото тоа и да изгледа погусто.rnrn
rnrn7. Во текот на сушењето можете и со прстите полека да викате прамен по прамен, што ќе направи да имате волумен и да изгледа косата погусто. Различните апарати за виткање и за исправување ја уништуваат и горат, па затоа сушењето со виткање околу прстот ви претставува најдобар можен избор.rnrn
rnrn8. Користете производи за коса во помали количини. Честопати се случува тие да бидат главните виновници за „спласнатата“ коса и што таа изгледа ретко и тенко, па затоа намалете ја нивната употреба или количина која претходно сте ја нанесувале.rnrn
rnrn9. На пазарот во последно време се појавија голем избор суви шампони, кои помагаат во тоа вашата коса да го одложи времето за миење. Но, овој производ фризерите најмногу го препорачуваат за постигнување на поголем волумен, па затоа слободно и вие користете го за таа намена.rnrn
rnrn10. Тенката коса понекогаш е добра кога се прават пунџи и различни стилови на собрани фризури. Но, понекогаш таквите фризури не успеваат и уште повеќе го изразуваат вашиот проблем, па за да го спречите тоа, горниот дел треба да биде малку подигнат, а долниот лабаво собран, што во суштина ќе направи да изгледа како да имате доста густа коса.rnrn
-

Локните се враќаат: Еве како да ги носите на модерен начин
Без разлика дали имате само неколку лабави бранови, или пак целата коса ви е виткана, оваа сезона локните се во мода. Можеби таа бара повеќе нега и одржување, но овие неколку идеи ќе ви покажат дека трудот навистина се исплати!rn
1. Долга и природна
rnНе бара вложување дополнителен напор, а одлично одговара на секоја модна комбинација.rnrn
rn2. Кратка и разиграна
rnКога косата ви е исечена кратко, таа добива поголем волумен.rnrn
rn3. Долга и разбранувана
rnДолгите локни даваат неверојатен изглед.rnrn
rn4. Нежно дефинирани локни
rnНежно дефинираните мали локни ќе ви дадат изглед како од седумдесеттите.rnrn
rn5. Локни што нежно паѓаат
rnЛокните што нежно паѓаат по вашите рамиња даваат неодолив изглед.rnrn
rn6. Локни комбинирани со права коса
rnМалите локни може да изгледаат прекрасно кога се во комбинација со одредени прави делови на косата.rnrn
rn7. Неколку мали дефинирани прамени
rnНеколку добро нагласени прамени заедно со локните се одлична комбинација.rnrn
rn8. Опуштени и слободни
rnЗатоа што Илана Глејзер носи ваква фризура и изгледа како вистинска кралица.rnrn

-

Нов летен тренд на фризура: Дали сте чуле за „секстура“?
И не е баш некоја голема новост за тоа дека постои врска помеѓу сексуалниот живот и добрата фризура. Овој нов тренд е надградување на прославената „бушава“ фризура, односно фризурата која наликува на онаа кога наутро ќе станете од креветот. Меѓутоа, за постигнување на „секстура“ воопшто не ви е потребен маж. Станува збор за изглед кој како да е создаден за летото и цело време ни бил пред носот, а неговиот најдобар сојузник е, верувале или не, потта!rnrn
rnrnБез разлика на тоа каков тип коса имате, сè се врти околу несовршената и разбушавена коса – секси, неуредно и во прамени. Во прашање е потполно спротивен изглед од дефинираните бранови и уредните локни, а изгледа како фризурата која ја имаме после капењето во море или потењето на летната горештина.rnrn
rnrnПостојат два начини на кои можете да му пристапите на овој тренд, во зависност од тоа дали сакате да ја нагласите својата природна текстура или со помош на пресата за коса или фигаро да креирате изглед кој ќе делува како да сте се валкале по сено.rnrnЧистата, мокра коса лесно попрскајте ја со лак за коса и оставете ја да се исуши по природен пат, па потоа разбушавете ја со прстите. Ова фризура можете да ја направите и на немиена коса, со помош на шампонот за суво миење кој ќе го напрскате од средина кон краевите и ќе го обликувате со помош на прстите.rnrn
rnrnДоколку ви е подобро да користите преса или фигаро, клучот е во тоа да избирате поголеми прамени и да внимавате локните да не изгледаат премногу уредно. Откако ќе завршите со виткањето, прочешлајте ги локните со прстите и попрскајте ги со лак за коса.rnrn -

Неколку правила за користење фигаро
Иако девојките и жените во последно време за виткање ја користат пеглата за коса, сепак локните коишто се прават со фигаро се незаменливи. Доколку сакате да инвестирате одредена сума пари во овој апарат, еве неколку основни правила за негово користење.rnrn
rn1. Не почнувајте со виткање од самиот корен на косата
rnНикогаш не почнувајте да го виткате праменот од коренот на косата. Оставете барем два сантиметри од коренот, при што локните ќе изгледаат поприродно. Истото правило важи и за краевите – никогаш немојте да ги виткате!rn
2. Тргнете ја косата од лицето
rnКога ја виткате косата со фигаро, секогаш виткајте ја во правец спротивен од лицето. На тој начин вашата фризура ќе изгледа поприродно, а косата ќе има поголем волумен и текстура.rn
3. Ракувајте правилно
rnНачинот на држење на фигарото исто така има влијание на тоа како ќе изгледаат вашите локни. За нивен поопуштен изглед, фигарото држете го вертикално, а да бидат поцврсти, подобро е да го држите хоризонтално.rnrn
rn4. Чистете го фигарото
rnКога ќе завршите со користење, откако ќе се олади, секогаш чистете го со влажна памучна крпа, за да ги отстраните евентуалните остатоци коишто сте ги користеле за формирање на локните, како што е на пример пената за коса.rn
5. Имајте природен изглед
rnДоколку по некоја случајност сте ги извиткале и краевите на локните, на крај можете да ги испеглате, за да имате поопуштена и поприродна фризура.rn
6. Придржувајте ги локните
rnКога ќе извиткате одреден прамен, секогаш придржете го во раката пред да го пуштите, за прво добро да се олади. На овој начин вашите локни ќе бидат потрајни.
-

Чудно, но делотворно: Како да направите локни со помош на балони?
Постојат многу сјајни начини за виткање на косата со кои воопшто нема да ја изгорите или пак, да ја оштетите. Сепак, една девојка се досетила на најкреативниот и наједноставниот начин со чија помош многу лесно можете да ја навиткате косата. Станува збор за балони!rnrn
rnrnСè што е потребно да направите е да набавите неколку долгнавести балони и да ги надувате така што да бидат со големина на лимон. Потоа, околу балонот ќе го навиткате праменот, а постапката ќе ја повторите со сите преостанати прамени. Со помош на шноли ќе ги прицврстите прамените за да не се растурат.rnrnБалоните би требало да ги држите на главата околу 6 часа, а доколку се одлучите да ја виткате косата додека спиете, тогаш најдобро би било да ги навиткате само горните прамени, за да избегнете пукање на балоните. Кога ќе ја отпуштите косата, ќе се изненадите од прекрасните локни!rnrnИзгледа навистина интересно, но за да ја дознаете целосната постапка подетално, ви предложуваме да го погледнете оваа видео.rnrn -

Најдобриот начин да ја исушите вашата кадрава коса
Прашање до сите дами со локни: Како ја сушите вашата коса? Доколку вашиот одговор вклучува замотување во пешкир, тогаш време е да ја смените вашата рутина со цел да добиете многу подобри резултати. Токму пешкирот е оној кој го создава немирот на вашата коса и ја прави тешка за одржување и стилизирање. Погледнете го следново решение кое ќе ви помогне да ги добиете прекрасните локни кои отсекогаш сте сакале да ги имате.rnrn
rnrnСè што ви е потребно е вашата омилена пена за коса и стара, мека маичка. Со помош на вашите прсти, нежно притиснете на пакувањето со пената и престанете кога таа ќе добие големина на топче за голф. Потоа, замотајте ја маичката околу вашата рака со пената и почнете да ги притискате локните од долу, полека движејќи се нагоре кон вашата глава.rnrnЗошто овој метод е многу ефикасен? Мократа коса е нежна, па затоа пешкирот може да ги направи кутикулите многу груби, што води кон немирна и растурена фризура, а можеби дури и расцветување на врвовите. Со користењето на помек материјал, вие ќе добиете помазен финиш додека ја задржувате влажноста на вашата коса. Да бидеме искрени, вам секако ќе ви треба цел час да ја исушите вашата бујна кадрава коса, па зошто да не го сторите тоа на најдобриот начин за неа? -

Како да ги направите популарните ретро холивудски локни?
Ретро локните повторно се враќаат на црвениот тепих. Оваа елегантна и софистицирана фризура е совршен избор за вечерните излегувања или романтичните состаноци. Таа е многу лесна за подготовка, како и за одржување и најдобро од сè, можете сами да ја подготвите. Потребно е само да одвоите малку време и брзо ќе ги добиете гламурозните бранови кои ги обожаваат холивудските убавици.rnrn
rnrnПрефрлете го поголемиот дел од косата на една страна, во зависност од обликот на вашата глава и онаа што вам лично повеќе ви се допаѓа. Кога ќе го направите тоа, постојат две можности со чија помош ќе можете да ги направите романтичните локни во вашата коса. Еден начин е да користите фигаро, а другиот е со помош на виклери. Доколку одберете виклери, оставете ги доволно долго на вашата коса со цел таа да го добие посакуваниот облик. Ако вашиот избор е фигаро или пегла за коса, тогаш поделете ја во прамени и секој од нив виткајте го посебно, сè додека не го постигнете посакуваниот изглед.rnrn
rnrnОткако ќе ги направите локните, прицврстете ги со помош на спреј за коса бидејќи во спротивно фризурата нема да го задржи својот облик долго време. Откако ќе го направите тоа, поминете неколку пати низ неа со четка. Доколку ви изгледа како со тоа да ја уништувате вашата фризура, не грижете се, бидејќи овој чекор е најважниот во целиот процес. Со чешлањето вие ќе се погрижите вашите локни да не се спојат во една целина. Доколку тие надолу се раздвојуваат, можете да ги споите со помош на мали црни шнолички со остатокот од косата.rnrn
rnrnЗа крај, повторно нанесете спреј за коса и потоа остатокот стилизирајте го по ваша желба. Ако сакате традиционална фризура, едниот крај од косата поставете го зад увото, а за помодерен изглед можете да направите ситна плетенка на спротивната страна од локните. Со овој изглед без сомнение ќе соберете бројни комплименти. -

Трик за правење совршени локни за помалку од 5 минути
Брановите и локните се фризури кои никогаш нема да излезат од мода, а со текот на годините стануваат сè повеќе популарни. Постојат повеќе начини за правење локни. Некои од нив бараат голема топлина, а други пак не, но за сите е потребно да одвоите подолго време. Сигурни сме и дека веќе имате свои методи и начини за виткање на косата. Доколку сте доволно вешти со апаратите за виткање, тогаш косата, во зависност од нејзината густина, би ја навиткале од 10 до 20 минути. Но, денес ви откриваме трик со кој ќе ја направите оваа фризура за помалку од 5 минути.rnrn
rnrnСоберете ја косата на врвот на главата и заврзете ја со стега. За да немате проблеми со прекршена коса, користите специјални спирални ластици. Откако ќе ја заврзите косата, напрскајте ги нејзините краеви со производ за подобро зацврстување или за полесно виткање. Потоа, одвојувајте прамени од опавчето и виткајте ги со помош на фигаро.rnrn
rnrnКога ќе ја навиткате целата коса од опавчето, благо подигнете ја со раката кон напред за да се олади. На тој начин ќе обезбедите локните да траат подолго. Под опавчето ставете шише лак за коса за да добиете волумен.rnrn
rnrnИсечете ја стегата, бидејќи регуларното отстранување може да ги уништи локните. Префрлете ја косата наназад, благо разбушавете ја со прстите и тоа е тоа!rnrn
rnrnСо овој трик го прескокнавте процесот на одвојување на косата на делови и помали прамени. Опавчето го направи тоа наместо вас!












