Ако сакате да си направите кадрици со природен изглед, можете да го пробате овој едноставен туторијал за виткање на косата со помош на крпчиња. Ова е подобра опција од виткањето со фигаро или со пегла за коса бидејќи не вклучува директно горење на косата.rnrn
rnrnСè што ви треба е само чешел, вода и парчиња ткаенина исечени во вид на ленти.rnrn
rnrnНамокрете го долниот дел од косата, односно делот кој сакате да го виткате. Земете еден прамен и на едно парче ткаенина намотајте го до каде што сакате. На крајот врзете ги двете крајчиња. Повторете го ова со сите прамени и легнете си да спиете. Кога ќе станете наутро, само одврзете ги крпчињата и вашата фризура со природен изглед е готова. Можете да го надополните изгледот со марама.rnrn
rnrnПогледнете го видеото за да ја видите постапката во акција.rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
