Кога ќе помислиме дека сме ги виделе или сме слушнале за најубавите места во Франција, без разлика дали станува збор за замоци, градини или француската ривиера, оваа земја одново успева да нè изненади. Овој пат ве носиме на прошетка во замокот на вода кој се наоѓа во долината на Лоара. Се работи за величествен дворец чија убавина ќе ви го одземе здивот.rnrnrnrnЗамокот Шенонсо е еден од најпознатите замоци во долината во северозападниот дел на земјата која го носи називот „градина на Франција“. За ова се заслужни многубројните лозја и овоштарници распослани покрај бреговите на реката, како и величествените замоци кои ја красат долината.rnrnrnrnИмотот Шенонсо се споменува во 11 век, а во 16 век се споменува прекрасен замок кој се протега како мост на река. Изграден е од најголемите ренесансни архитекти од тоа време, а денес е еден од најпосетуваните замоци во Франција. Прогласен е за споменик на културата, а целиот комплекс е плод на женската имагинација.rnrnИмено, замокот бил подарок од кралот Хенри II на неговата љубовница Дајан де Поатје. Токму таа изразила желба замокот да се протега сè до другиот крај на реката и околу него да се засади бујна градина со цвеќиња и овошни дрвја. Кога кралот Хенри II починал, неговата вдовица, Катерина де Медичи, ја истерала љубовницата од имотот и го збогатила замокот со нови градини.rnrnrnrnОткако замокот станал нејзина сопственост, се расчул по прославите што редовно се одржувале тука. Покрај тоа, во 1560 година овде (и воопшто во Франција) за прв пат се палеле огномети на небото. По смртта на Катерина, замокот го презела сопругата на кралот Хенри III. Но, таа набрзо паднала во депресија по смртта на нејзиниот сопруг.rnrnКралот Хенри IV го подарил замокот на својата љубовница, Габриел д’Eстрис, но бидејќи долговите и кавгите за наследство се пренесувале низ генерациите, имотот бил распродаден. Во 18 век, богаташот Клод Дупен го купил замокот и го дал под управа на неговата сопруга. Луиз Дупен била убава, интелигентна и префинета жена која на својот двор организирала книжевни средби каде присуствувале најпознатите писатели од просветителството – од Волтер до Русо. Таа дури и успеала да го спаси замокот од уништување за време на Француската револуција.rnrnВо 19 век бил наследен од страна на Маргерит Пелуз која го обновила. По неколку свечени прослави, сопственичката се нашла на работ на банкрот и затоа го продала замокот.rnrnДенес замокот е реставриран и отворен за јавноста. Тој плени со својата архитектура, па затоа не е за изненадување фактот дека овде често се снимаат филмови, а ресторанот и салонот за настани се секогаш резервирани со недели однапред.rnrnОткако прочитавте за овој преубав, раскошен дворец, ви препорачуваме да прочитате и кои 7 работи морате да ги видите и направите во Франција.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Станува збор за крвната група 0!rnrnЛуѓето со оваа крвна група се одлични кога се работи за логичко размислување. Тие добро се снаоѓаат во просторот и имаат чувство за ориентација. Тие копнеат за моќ и во состојба се да се концентрираат на целите што сакаат да ги постигнат. Сепак, знаат и да реагираат импулсивно.rnrnrnrnЧесто се и одлични љубовници – страсни и непредвидливи, истовремено и нежни и груби. Важно им е партнерот да ужива и понекогаш знаат да си го скрати своето задоволство со цел тој или таа да ужива повеќе. Затоа и се сметаат за најдобрите љубовници меѓу сите крвни групи.rnrnНајмногу им одговараат партнерите кои се непредвидливи во креветот, исто како нив, бидејќи се ужасуваат од монотонија. Не сакаат однапред да знаат како нештата ќе се одвиваат бидејќи тоа им го смалува сексуалното возбудување. Отворени се за тестирање нови сексуални пози, но ништо премногу екстремно – сакаат само малку да ги зачинат нештата.rnrnОвие луѓе во глобала се природни оптимисти, одговорни личности и совесни. Но, имаат и неколку слаби точки, како стресот и досадата. Адреналинот е тоа што ги прави да се чувствуваат живи – па што поактивни се, толку попозитивни стануваат.rnrnИстражувањата откриваат: Сексуалниот потенцијал на мажите зависи од нивната крвна група!
Според тоа што го велат нивните бивши партнери, сексот со овие холивудски ѕвезди воопшто не е забавен. Иако милиони жени и мажи воздивнуваат секојпат кога ќе ги здогледаат на малите екрани и сонуваат да поминат барем една ноќ со нив, големи се шансите дека доколку тоа навистина се случи, тие следното утро ќе си заминат дома разочарани. Па, за кои ѕвезди станува збор?rn
Парис Хилтон
rnrnrnПостои домашна секс-снимка што може да ви открие како би ви изгледала една вечер помината со Парис. Но според изјавите на нејзиниот бивш партнер Ник Картер, таа всушност и не сака баш секс. Тој вели:rn
„Кога треба да дојде до тој чин, таа секогаш се потпираше на дрогата и алкохолот.“
rn
Колин Фарел
rnrnrnОвој актер се смета за еден од најголемите холивудски заводници, со оглед на тоа колку брзо менува девојки, но ако им верувате на неговите бивши партнерки, тој не може да се пофали со умешност во креветот. Една од нив изјавила:rn
„Колин во кревет е возбудлив како Мики Маус.“
rn
Кети Пери
rnrnrnНеодамна во едно интервју од Кети Пери се побарало да ги рангира своите бивши љубовници според умешноста во креветот. На нејзината листа на трето место бил диџејот Дипло, на второ Орландо Блум, а на прво познатиот Џон Мејер. Но ако го прашате нејзиниот бивш сопруг Расел Бренд за нејзината умешност, тој ќе ви каже:rn
„За време на сексот со Кети размислував за многу други жени бидејќи таа делуваше многу незаинтересирано.“
rnОд друга страна пак, Дипло тврдел дека не се ни сеќава на сексот со неа.rn
Џастин Бибер
rnrnrnИзгледа овој млад пејач сè уште не научил секс-бонтон. Голем дел од неговите бивши партнерки го нарекувале себичен љубовник. Една од нив изјавила:rn
„Многу очекува од девојките во креветот, но тој самиот скоро ништо не прави.“
rn
Бредли Купер
rnrnrnАктерот кој во моментов е во брак со една од најубавите жени во светот, односно Ирина Шајк, има репутација на лош љубовник. Џенифер Лоренс без криење открила дека лошо се бакнува, додека пак една друга бивша партнерка изјавила:rn
„Тој е многу здодевен кога зборува со француски акцент во кревет бидејќи мисли дека тоа е романтично.“
rn
Тејлор Свифт
rnrnrnОваа пејачка е позната по своите песни за бившите партнери, но што велат тие за неа? Според едно интервју со еден од нејзините бивши љубовници, таа била премногу „невина“. Тој вели:rn
„Тејлор обожава да се бакнува, но ретко кога тоа преминува во секс. Многу е здодевна.“
Сигурно сте направиле еден куп тестови на личноста за да откриете каков е вашиот карактер, од што се плашите и кои се вашите најдобри особини. Но, дали сте направиле тест за да откриете какви сте како љубовници? Сѐ што треба да направите е да одберете едно овошје и ќе дознаете какви љубовници сте и каков љубовен партнер ви одговара. Одбравте? Во продолжение, прочитајте ги резултатите…rnrnrn
1. Цреша
rnМногу сте отворени, директни и сметате дека задоволството и уживањето се многу важни за љубовната врска. Според вас, ако сексот не е добар и другите работи нема да чинат. Огнени сте и многу јасно ги искажувате вашите потреби. Лесно ги откривате ерогените зони на партнерот и сакате да пробувате нови работи. Не ги сакате премногу срамежливите партнери, како ни премногу ладните, бидејќи со нив веднаш губите интерес.rn
2. Јагода
rnВашите нагони се многу силни, но умеете да се контролирате. Ја обожувате долгата предигра придружена со соодветни зборови, бидејќи тоа потполно ве опушта. Одлични сте во кревет, бидејќи сте неверојатно чувствителни и страсни. Честопати сами покажувате иницијатива. Претпочитате да бидете само со еден стабилен партнер, бидејќи така сте поопуштени и повеќе уживате.rn
3. Кокос
rnВие сте многу привлечни луѓе и не постои човек кој може да ви одолее. Вашиот партнер го гледате како свој роб и очекувате да ви ја исполнува секоја желба во креветот. Љубовниот чин сакате да се одвива во удобноста на вашата спална соба и ако се појави некој поради кого би го жртвувале својот комфор, тоа значи дека се работи за многу посебна личност.rn
4. Грозје
rnВие сте суптилни и нежни и сакате да му угодувате на партнерот. Вешти сте во водењето љубов, а посебно уживате во изведувањето стриптиз за партнерот. Знаете како да направите посебна атмосфера во која обајцата ќе уживате. Ги обожувате комплиментите и секоја пофалба влијае на интензитетот на вашата сексуална желба. Претпочитате еден постојан партнер, бидејќи сте романтични и не ја одвојувате љубовта од сексот.rn
5. Вишна
rnЗрачите со сексапилност и на многумина сте им привлечни. Сепак, многу тешко наоѓате партнер кој ќе ве задоволи, бидејќи односот мора совршено да функционира. Потребен ви е партнер со голема енергија за да може да го следи вашето темпо. Кога ќе најдете партнер кој ви одговара, тогаш сте отворени за сите предлози и можности што ви се достапни.rn
6. Банана
rnМногу сте креативни и не сакате да разговарате за љубовниот чин, но сакате да истражувате. Имате прилично отворен пристап кон сексот и подготвени сте да пробате сѐ, само доколку најдете партнер кој е во добра физичка кондиција. Вашата детска љубопитност ве поттикнува на голем број експерименти. Токму поради тоа, често ги менувате партнерите.rnrnДоколку ви се допадна овој тест, одберете коњ и дознајте нешто повеќе за себе.
Во минатото, повеќето луѓе ги изневерувале своите брачни другари во хотелските соби и автомобилите, но тоа се променило со текот на времето. Сѐ уште има љубовници кои и понатаму ги користат овие места, но во последните пет години сѐ повеќе избираат поризични локации. Лук Атенс е приватен детектив од Сиднеј, кој со години се занимава со откривање љубовници. Тој ги споделува најлудите места, за кои нема да можете да си поверувате дека тие ги користат.rnrnrn
1. Комбе за доставување леб
rn
„Имаше комбе за доставување леб паркиран на страна на улицата. Задната врата беше отворена и видов пар кој излезе од својот автомобил и исчезна во комбето. Од она што ние можевме да го видиме, тој имаше спуштени панталони, додека жената и понатаму го имаше здолништето на себе. Најсмешниот дел беше тоа што нејзиното здолниште беше полно со трошки и кога излегоа од комбето“, вели детективот.
rn
2. Во грмушки
rn
„Веќе почнував да мислам дека мојата клиентка го замислува неверството на нејзиниот маж. Истражував со месеци, но тој човек едноставно беше премногу зафатен за да изневерува. И на крајот, со нашиот последен обид, го откривме! Го следев на утринското трчање. Се сретна со жена неколку блокови подалеку и тие продолжија да трчаат заедно. По одредено време, кога дојдоа до делот кој беше густо покриен со дрва и грмушки, останаа таму 15-20 минути. Потоа излегоа заедно, продолжија да трчаат накај дома и по одредено време се разделија секој во својата насока. По поставувањето неколку скриени камери во грмушките, се потврдеа сомнежите на клиентката. Тој ја изневеруваше“, заклучува детективот.
rn
3. На паркинг во трговски центар во средина на денот
rn
„Паркингот беше полн, а стануваше збор за афера помеѓу мажот и сестрата на жената. Ги фативме во денот кога беше многу жешко, околу 30 степени. Ја снимив целата работа и видов како човекот ја брише потта од челото. Тој имаше некаде околу 50 години. Најверојатно барале нешто поразлично“, вели приватниот детектив.
rn
4. Јавен тоалет
rn
„Ова е често место за изневерување. Скриени се, сигурни, а притоа имаат и доза спонтаност. Но, ако планирате некого да фатите на дело во јавен тоалет, морате да го правите тоа многу внимателно, затоа што ако еднаш сфати дека го следите, тешко дека ќе го фатите повторно“, објаснува Лук.
Никој на светот не сака да излегува со изневерници, но често не ги забележуваме знаците дека нашите сакан или сакана потајно се мали лажговци кои можат да ни го уништат животот. Тоа што навистина треба да се запрашате е: Дали вашата девојка е русокоса? Дали вашето момче е зависно од Твитер? Дали навистина полни 29 години?rnrnНиз неколку истражувања спроведени на веб-сајтови за изневерници, изгледа науката конечно дошла до одговор за тоа што ги тера луѓето да станат измамници. Изневерници, внимавајте!rn
1. Луѓе на кои бројот на години им завршува со 9
rnrnrnИзлегувате со момче кое треба да наполни 29 години? Науката вели: почекајте уште година или две! Според последните истражувања луѓето кои треба да наполнат години што завршуваат со „9“ е поверојатно да ги изневерат своите партнери. Зошто? Луѓето кои полнат 29, 39, 49 години имаат тенденција за големи животни промени бидејќи влегуваат во нова декада од својот живот.rn
2. Високи момци
rnrnrnЕдно истражување кое било спроведено на веб-сајт за запознавање луѓе кои се во брак, вели дека мажите повисоки од 177 сантиметри имаат поголеми шанси да ја изневерат својата партнерка. Изгледа таму „горе“ има само неранимајковци.rn
3. Рокенрол фанови
rnrnrnОвие се тие бунтовници за кои ве предупредуваше вашата мајка. Друго истражување открива дека 41% од луѓето кои ги изневеруваат своите партнери преферираат рок музика. Најлојални партнери? Вљубениците во рап.rn
4. Мажи кои работат во ИТ секторот
rnrnrnНе дозволувајте да бидете излажани од широките дуксери, хипстерските очила и трпението кога го средуваат вашиот телефон – овие мажи се итри и лажливи сопрузи. Од друга страна пак, според истото истражување учителките се најневерните сопруги.rn
5. Французи
rnrnrnШто да очекувате од врска со најдобрите љубовници во светот? Вино, сирење и љубовни афери, вели науката. Според истражувањата за навиките на луѓето во кревет спроведени на светско ниво од компанија за секс-играчки, 75% од Французите признале дека изневеруваат.rn
6. Зависници од шопинг
rnrnrnПовеќе од една третина од испитаните жени велат дека трошат повеќе на нивниот изглед откако почнале да ги изневеруваат своите партнери. А дури 27% од нив имаат тајни кредитни картички наменети исклучиво за нивните лични потреби.rn
7. Професорки
rnrnrnКои професии најчесто изневеруваат? Според истражувањето, жените кои најчесто изневеруваат се професорки. Некој треба да им одржи лекција на овие дами…rn
8. Твитерџии
rnrnrnШокантно: Социјалните мрежи можат да ѝ наштетат на вашата романтична врска! Иако ова не е изненадување, истражувањата покажуваат дека тие што твитаат најчесто изневеруваат. Колку почесто некој користи Твитер, толку почесто се случува да има тајна љубовна афера.rn
9. Мажи кои се викаат Вејн
rnrnrnЛесен предзнак дека тој спие со друга? Неговото име. Истражување направено на 2.000 жени открива дека мажите со име Вејн најмногу изневеруваат. За Лил Вејн, чие вистинско име е Двејн не сме сигурни дали влегува во оваа категорија. Дали буквата Д на почетокот од името менува нешто? Наша препорака? Држете се до македонските мажи.rn
10. Русокоси жени
rnrnrnДали русокосите се забавуваат повеќе? Ако изневерувањето значи убав провод, тогаш секако. Едно истражување открива дека 42% од жените кои изневеруваат се русокоси. Само 11% од бринетите ги изневеруваат своите партнери. Па мажи, добро размислете во кого ќе се заљубите овој пат.
Кога зборуваме за сексуални афинитети не е исто она што го сакаат слободните мажи во потрага по постојана партнерка и она по што копнеат зафатените мажи. Меѓутоа, вистината е дека сите тие би сакале сето она што го бараат да го најдат во една жена. Зошто вие не би биле таа?rnrnКога после долг период на „суша“ ќе се вратат во игра со нова девојка, мажите се многу внимателни, па затоа и немаат толку големи барања во сексот, но кога се во постојана врска нивните апетити растат. Не само што ги искажуваат нивните скриени сексуални фантазии кои би сакале да ги остварат, туку за љубовници одбираат жени кои ќе им ги исполнат неостварените еротски соништа.rnrnrn
1. Орален секс
rnОралниот секс секогаш е пожелен. Сите мажи се спремни да возвратат со иста мера, а дамите кои ова му го ускратуваат на својот партнер всушност го лишуваат од едно од најголемите потајни сексуални задоволства за кои сонува секој маж.rnrnОженетите мажи имаат забелешка дека нивните сопруги само ќе ги „обработат“ колку да пројде редот, а тие посакуваат тоа да го прават поредовно и со поголема страст – како на почетоците од врската. А ако вие не сакате, тој ќе најде некоја што сака.rn
2. Секси облека
rnНа мажите во бракот им недостасува малку фантазија. Во нова врска мажите покажуваат романтика на тој начин што ќе ви предложат на пример да ја облечете нивната кошула. Во бракот, секси облеката е заменета со најудобната облека која воопшто не е секси. За засекогаш да го имате во вашата дланка, памучните гаќички и пижамите заменете ги со тантелна долна облека.rn
3. Само не рутина
rnАко не сте во долга врска или брак, тој би сакал да му кажете што сакате и како го сакате тоа, а уште подраго би му било сето тоа да му го покажете и лесно да го заведете – чекор по чекор, сѐ додека не настане обострано задоволство.rnrnНа мажите во брак им недостасуваат изненадувања. Во една анкета, тие рекле дека би биле посреќни кога нивните жени би ги споделиле нивните тајни мисли кои ќе ја разбијат монотонијата. Затоа, одведете го на некое место или измислете свое љубовно сценарио.rn
4. Локација
rnМажите со своите љубовници вообичаено одбираат да водат љубов на места каде што никој досега не пробал. Едно од најпосакуваните места е работната канцеларија. Мажите во брак имаат малку помали барања. Затоа што живеете заедно, нив би им се допаднал секс кој не е во кујната или дневната соба затоа што тоа се места кои ги асоцираат на секојдневните обврски.
Раковите, кои се родени помеѓу 22 јуни и 22 јули, се често емоционални, емпатични, сензитивни, активни, интуитивни, имагинативни и лојални. Ако овие карактеристики не ве натераат веднаш да ги засакате тогаш погледнете ги следниве 10 причини кои ќе ви покажат дека тие се најдобрите љубовници во целиот Зодијак.rnrnrn
1. Раковите се заштитници, тие ќе го бранат она кое го сакаат до смрт
rnЕдна од причините зошто би сакале Рак во вашиот тим е фактот што тие се многу лојални. Кога ќе се зближите со нив, вие веќе сте дел од семејството, па токму затоа и тие би направиле сè за вас. И покрај тоа што не се родени борци (токму спротивното), тие во одредени ситуации, кога нивните најблиски се под закана можат да се претворат во вистински херои. Во врските, овој квалитет може да се доживее и како негативна особина бидејќи Раковите лесно стануваат љубоморни, но на тој начин тие покажуваат дека се грижат и го штитат тоа што е нивно.rn
2. Тие сè прават со страст и љубов
rnКако најчувствителниот знак во Зодијакот, Ракот прави сè со љубов во своето срце. Токму затоа и се најнежните љубовници. Да се има љубовник како Рак е многу важно бидејќи тој или таа ќе се грижи на начини на кои другите не можат ни да замислат. Интуицијата, која им е една од најголемите карактеристики на Раковите, игра огромна улога во оваа смисла. Токму таа во нив буди мајчински и татков инстинкт кои ги прави нежни во односите со партнерот.rn
3. Тие се најголемите мечтатели во Зодијакот
rnСо толку љубов и силна имагинација, тие се најголемите мечтатели. Најчесто се огромни романтичари, правејќи ги поподложни на љубов и врски. Токму затоа и нема да се согласат со што било или пак, нешто обично и ќе си направат своја верзија од бајките. Нивната имагинација им помага да гледаат далеку во иднината, што е одлична карактеристика за врските.rn
4. Нивната емпатија ги прави одлични пријатели, како и љубовници
rnДоколку имате потреба од личност на која можете да се потпрете, ако ви треба совет или пак некој само да ве сослуша, тогаш консултирајте се со Ракот. Нивната емпатија ги прави исклучителни и непристрасни слушатели. Тие се способни да го адаптираат нивното размислување со цел подобро да ја разберат туѓата перспектива, додека пак нивната интуиција им овозможува огромна мудрост, која најчесто се забележува преку соодветниот совет. Тие се искрени и грижливи и најчесто ви оддаваат чувство на удобност кое помага при отворено разговарање. Во врските, оваа доблест има огромни придобивки од очигледни причини.rn
5. Тие се цврсти и отпорни
rnАко е лесно, тогаш сигурно не вреди да се прави. Раковите знаат дека ова е вистинито, па токму затоа и врската со нив не е секогаш лесна. Тие не се наклонети кон правење нешта кои другите им ги кажуваат, па затоа и најчесто си тераат по свое и го прават она што тие го сакаат, без разлика на советите од другите. И покрај тоа што не се тврдоглави како Бикот, нивната отпорност е начинот на кои наоѓаат страст и возбуда, дури и кога шансите се против нив. Од внатре тие се можеби меки, но нивната школка е цврста. Токму затоа и се секогаш подготвени да работат на проблемите, не откажувајќи се од врската до самиот крај.rn
6. Тие се одлични за адаптација
rnРаковите немаат никаков проблем со промените. Тие едноставно остануваат цврсти и приземјени секој пат кога ќе бидат соочени со нова ситуација. И покрај тоа што не сакаат да бидат сами, тие се многу добри во тоа. Тие уживаат во својата слобода и независност, што е клучот за адаптацијата на нови ситуации. Во врските постојано се случуваат промени, па токму затоа тие лесно можат да ве следат во секој чекор, овозможувајќи ви големите ситуации да ги поминете со помалку стрес.rn
7. Тие се слободоумни
rnПовеќето Ракови имаат широк ум и секогаш оддаваат чувство на прифаќање. Тие не осудуваат и не критикуваат. И покрај тоа што ова е една од причините поради кои даваат одлични совети, тоа е и карактеристика која ги привлекува луѓето кон нив. Нивните омилени нешта кај луѓето најчесто се нивните маани поради кои ги прават уникатни и различни од другите. Раковите се исклучиво чувствителни на овие карактеристики и најчесто се фасцинирани од нив. Во врските, не постои друга личност која толку многу би ве сакала во целост, со сите маани и добри страни.rn
8. Тие се со слободен дух
rnКако што веќе спомнавме, Раковите не сакаат другите да им кажуваат што да прават. Тие маршираат на свој ритам и покрај тоа што им е примамливо да ја следат топлата, повеќе ги почитуваат разликите. Токму затоа и немаат желба да бидат во центарот на вниманието и понекогаш се кријат во позадината, но никогаш не се трудат да се преточат во околината и да станат незабележливи. Тие немаат потреба да се фалат со својата индивидуалност, но исто така и не сакаат да ја кријат од вас. Во врските, партнерот со слободен дух може да ви овозможи да се чувствувате безгрижно и удобно во својата кожа.rn
9. Тие ќе ве изненадат
rnОколу нив постои еден вид магнетна привлечност која ги привлекува сите луѓе кон нив. Без разлика дали станува за прекрасната надворешност или за внатрешната добрина, вие ќе откриете голем број изненадувања за нив со текот на времето. Тие се многу контрадикторни, едноставни, но комплицирани, внимателни, но со слободен дух, нежни, но силни и токму затоа постојано ќе ве тераат да се запрашате што друго носат во себе. Тоа е и една од најголемите причини зошто никогаш нема да ви биде здодевно покрај нив.rn
10. Тие брзо и лесно наоѓаат решение за сите проблеми
rnРаковите имаат одлични способности за одржување непристрасност, што ги прави неверојатни одржувачи на мирот. Тие не сакаат кога луѓето се караат, па токму затоа и го бараат најдоброто во сите. Поради ова, тие се способни да погледнат од повеќе страни на истата ситуација и на тој начин да ја одбегнат драмата. Во врските, способни се да признаат кога не се во право како и да играат адвокати на ѓаволот, што им помага брзо да ги решат сите видови проблеми.
Почетната страст и возбудата често се претвораат во разочарување, затоа што ваквиот однос се темели на криење и лаги. На заљубените им се зголемуваат очекувањата од партнерот, но и фрустрациите.rnrnrnrnОва се 10 причини поради кои ќе зажалите најмногу за ваквата врска.rn
1. Криење
rnИако некои во љубовниот однос ќе видат страст без обврски, други ќе си наоѓаат оправдувања нарекувајќи ја својата состојба минлива заљубеност, ваквите „аранжмани“ на долги патеки имаат многу недостатоци. Прва и основна е криењето, затоа што љубовниците мораат да се држат подалеку од јавноста. Магијата од „забранетото овошје“ брзо избледува ако сте приморани времето да го поминуваат во евтини хотелски соби или пак да се криете во автомобил.rn
2. Лаги
rnВрската со љубовникот или љубовницата има лаги, и тоа многу. Колку подолго трае односот, толку повеќе лагите се провлекуваат низ животот и предизвикуваат чувство на немир и потешкотии. Лажењето на семејството и пријателите е исто така дел од проблемот, а оние кои се во ваков однос најмногу се лажат себеси – било да си велат дека тоа не ги прави лоши било да ги намалуваат своите негативни емоции, прифаќајќи ги лагите од љубовникот дека е во лош брак и слично.rn
3. Грижа на совест
rnБез разлика на религиозното верување, општоприфатена е нормата дека бракот е нешто што не би смеело да се „допира“. Тоа посебно доаѓа до израз во ситуациите каде што постојат и деца. Иако тоа не е нешто што се појавува кај љубовниците кои се занесени од страста, со време неминовно ќе се наметне прашањето за последиците од ваквата врска.rn
4. Осудување
rnЛуѓето ги осудуваат љубовниците, дури и кога ги лажат во лице дека не е така. Колку повеќе луѓе знаат за целата приказна, толку повеќе се зголемува кругот на осудувачите, а тајните полека се издаваат и се шират во облик на гласини. Љубовниците брзо стануваат „неморални“ и обвинети поради недостаток на самодоверба, но и заради нискиот начин на задоволување на своите потреби.rn
5. На последно место
rnКолку и да изгледа дека партнерот е грижлив и внимателен, љубовникот или љубовницата секогаш се зад семејството и сопружниците поради разни причини. Ако тоа се промени после некое време, се наметнува прашањето, зошто претходно не ви сметал таквиот однос, но ако го поставите гласно, тоа истовремено е ризик забавната врска да премине во нешто што оној кој изневерува веќе го има дома.rnrnrn
6. Љубов или искористување?
rnДури и ако врската на почеток се сведува само на секс, честите дружење и размената на нежности, често резултира со развивање на вистински емоции наместо да остане само на секс. Тогаш се зголемуваат и очекувањата и желбите, а врската станува емоционален рингишпил – од моменти на голема среќа до моменти на тага и себепрашување, дали сето тоа се сведува само на секс и забава?rn
7. Добивате само делчиња
rnКолку и да сте заљубени и колку и често да се гледате, љубовниците никогаш не добиваат целосна врска која подразбира јавно признавање, заеднички утра, празници, родендени, повици кога сакате… Тоа обично не е проблем на почетокот, но со будењето на чувствата тоа станува препрека и голем извор на фрустрација.rn
8. Како да верувате?
rnФактот дека ваквиот однос по дефиниција се заснова врз лажење на другите, тешко е да се потпрете на она што ви го кажува партнерот. Дали таа/тој сè уште спие со својот/ата сопруг/а, дали ја доживуваат ваквата врска сериозно, дали имаат вистински намери да излезат од бракот – некои од овие прашања се местото каде што се крши довербата. Дури и ако другата страна се разведе, големото прашање е дали можете да имате доверба дека истото нема да ви се случи и вам.rn
9. Сè води кон крај
rnОколу 90% од вонбрачните врски не завршуваат со развод, туку со прекинување на врската со љубовникот односно љубовницата. Најчесто сопружниците ја дознаваат целата приказна и поставуваат ултиматум, но можно е и да оладат односите од едната или од другата страна поради фрустрации или пак поради преголем притисок.rn
10. Животот поминува
rnСекоја врска ве обликува и од неа можете нешто да научите, но сосема е поинаку кога „туркате“ нешто за кое одамна знаете дека нема иднина, а притоа повеќе тагувате отколку што уживате. Таквиот тип деструктивно однесување може да премине во вистинска зависност, а истовремено да пропуштате прилики да запознаете подобри и попогодни партнери.
„12 чевли за 12 љубовници“ е креативна колекција со скулптурни чевли, дизајнирани од страна на чилеанскиот дизајнер кој живее во Њујорк, Себастијан Ерасуриз, а инспирирана од неговите лични минати љубовни врски. Секој чевел има свој уникатен дизајн, кој се однесува на одредена жена од неговото минато. Сите 12 чевли се именувани според конкретна бивша љубовница која ги инспирирала, а на неговиот блог може да го прочитате и кусиот интересен опис на врската којашто тој ја имал со секоја од нив.rnrn“Jetsetter” Jessica („Џетсетерката“ Џесика)rnrnОд Ледената кралица до Медената Наташа, Себастијан успеал да ги рекреира неговите бивши девојки во откачени чевли кои можат да се носат. Чевлите наречени Шефицата Рејчел дури можат да послужат и за две намени, како чевли на високи штикли и како брутално оружје.rnrn“Ice Queen” Sophie („Ледената кралица“ Софи)rnrnИ покрај тоа што Себастијан споделил неколку фотографии каде што жени стојат облечени во некои од чевлите, многумина мислат дека во некои од нив е невозможно да се оди, како што се Gold Digger или Jetsetter. Како и да е, намерата на дизајнерот е поважна од самата функционалност. Колекцијата чевли претставува документирање на неговата љубов, врските и личната ранливост.rnrn“Honey” Natasha („Медената“ Наташа)rnrn“GI Jane” Barbara („Воинствената“ Барбара)rnrn“Gold Digger” Alison („Заводничката за пари“ Алисон)rnrn“Hot Bitch” Caroline („Секси кучката“ Керолајн)rnrn“Cry Baby” Alexandra („Плачката“ Александра)rnrn“The Boss” Rachel („Шефицата“ Рејчел)rnrn“The Virgin” Anna („Девицата“ Ана)rnrn“Heart Breaker” Laura („Срцекршачката“ Лаура)rnrn“The Rock” Alice („Каменот“ Алис)rnrn“The Ghost” Valentina („Духот“ Валентина)rnrn rnrn