КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовници

  • Љубовници или партнери од навика?

    Љубовници или партнери од навика?

    Понекогаш е навистина тешко да останете поврзани со партнерот. Со текот на времето многу парови престануваат да му даваат приоритет на времето поминато заедно и од љубовници полека стануваат партнери од навика.rnrnЉубовници или партнери од навика?rn

    Премногу изненадувања

    rnПовремените изненадувања во врската се добредојдени. Но, ако сè почесто сте изненадени од неговите постапки и зборови, тоа би можело да значи дека неговите ставови и приоритети се менуваат. Ако ја препознаете оваа промена кај него, обидете се да се гледате почесто и не заборавајте да го прашате како е и што има ново.rn

    Немате заеднички пријатели

    rnВо текот на врската нормално е извесно време да бидете разделени, но не е нормално вие и вашиот партнер да патувате одделно или секој со своите пријатели. Така никогаш нема да дознаете како тој навистина се однесува кога не е само со вас. Но и за ова постои решение. Поканете неколку негови пријатели на вечера. На тој начин машката забава ќе биде во вашиот дом, а вие ќе ги запознаете неговите пријатели.rn

    Комуникација преку пораки

    rnАко вашата комуникација се одвива главно преку пораки оставени на фрижидерот или во вид на листи за работи кои мора да ги направите, тогаш повеќе од сигурно е дека покрај вас имате цимер, а не романтичен љубовник. Наместо тоа, вратете ја вашата врска назад, на врвот на списокот на одговорности. Поразговарајте со партнерот за секојдневните работи, а потоа запрашајте се еден со друг како напредува вашата врска.rnrnЉубовници или партнери од навика?rn

    Без расправање

    rnДури и најзаљубените парови не се согласуваат и се расправаат од време на време. Ако никогаш до сега не сте се скарале со партнерот, тоа е знак дека еден од вас е емоционално повлечен. Но тоа не значи дека намерно треба да започнувате кавги. Посветете внимание на вашите чувства и забележете дали можеби го игнорирате незадоволството.rn

    Не знаете за неговото хоби

    rnАко тој собира сè што е поврзано со неговиот омилен филм, а вие сè уште не знаете кој е неговиот филмски херој, тогаш пропуштате важен аспект на врската. Не мора да бидете дел од неговото хоби, но покажете дека го цените она за кое тој се интересира.rn

    Сè помалку секс

    rnАко сексот е нешто што го добивате само за време на роденден или годишнина, тогаш прескокнувате една од најголемите придобивки кои ги носи споделувањето на креветот. Физичкиот допир е моќен начин на поврзување на зафатените парови, а неговото отсуство може да биде причина за незадоволство и лоша комуникација. Затоа држете се за раце колку што е можно почесто и прегрнувајте се најмалку четири пати дневно.rnrnЉубовници или партнери од навика?rn

    Непрепознавање на знаците

    rnАко сте нервозни веќе подолго време, а тој сè уште не го сфатил тоа, можно е да имате проблем со невербалната комуникација. Не обидувајте се да се извлечете со познатиот изговор дека тој би требало да знае што ве вознемирува затоа што очигледно е дека не знае. Не чекајте тој самиот да разбере, туку кажете му јасно и гласно.rn

    Веќе не е забавно

    rnСостаноците се тие кои ќе ви помогнат на интересен начин да ја прославите врската. Ако веќе некое време ги заменувате состаноците со целовечерни филмски маратони, тоа е знак дека сега сè помалку ја цените врската. Вратете ја забавата назад и испланирајте специјална вечер. Направете нешто што не сте го направиле порано. Отидете во нов ресторан или едноставно само прошетајте во некој непознат дел од градот.rn

    Споделувајте

    rnРазговорите за вашите тајни желби, но и за иднината на врската, се многу важни за поврзувањето со партнерот. Започнете разговор за она што ви е заедничко, а потоа преминете на личните работи. Споделете ги сопствените стравови и надежи. Потсетете се на старите добри времиња и на начинот како сте се запознале. Не заборавајте да поделите и комплименти.rnrnЉубовници или партнери од навика?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и сексуалната енергија

    Астрологијата и сексуалната енергија

    Каква е вашата сексуална природа? Сакате луд и незаборавен секс или нежни допири и романтики? Сакате да бидете доминантни под чаршафите или му препуштате на партнерот да ја води играта? Дознајте што велат ѕвездите за вашата сексуална енергија.rnrnАстрологијата и сексуалната енергијаrnrnВо сексот најтешко се сложуваат огнените и земјените, но и воздушните и водените знаци во хороскопот. Земјените знаци никогаш не преземаат иницијатива, додека водените се потполно обземени од емоции.rn

      rn011

    • Огнените знаци (овен, лав и стрелец) својата сексуалност ја изразуваат со голем ентузијазам. Кога се заинтересирани, тоа го покажуваат јасно и директно. Нивните односи се полни со страст, но најчесто не траат долго.
    • rn

    rn

      rn011

    • За воздушните знаци (близнаци, вага и водолија) најважна е добрата комуникација. Многу се љубопитни и сакат да експериментираат со различни партнери, па според тоа верноста не им е јака страна.
    • rn

    rn

      rn011

    • На водените знаци (рак, скорпија и риби) најважни им се емоциите. За да почувствуваат сексуалност, тие мораат да се чувствуваат потполно сигурно и заштитено во врската. Многу се верни и приврзани.
    • rn

    rn

      rn011

    • Земјените знаци (бик, девица и јарец) сакаат прво да се уверат во искреноста на партнерот и откако тоа ќе се случи, постепено му се предаваат и ги одложуваат сексуалните односи до извесно чувство на стабилност во врската. Кога ќе воспостават блискост со својот партнер, стануваат исклучително страсни и отворено ги покажуваат своите желби. Земјените знаци никогаш не преземаат иницијатива, туку секогаш чекаат другиот да го направи првиот чекор.
    • rn

    rn

    Овен – ловец кој не се плаши да експериментира

    rnСексот за овните е како лов. Насочени се кон телесно уживање и имаат голема енергија. Во потрагата по потполно уживање, тие сакат да експериментираат, а тоа пак бара голема либералност од нивните партнери. Во сексот овните сакаат да доминираат, но од врската очекуваат нежност, ментална поврзаност и разбирање со партнерот. Кај овој огнен знак нема предигра. Ги возбудува допирање по косата и бакнување по челото и образите.rn

    Бик – преку сексот се ослободува од секојдневието

    rnБиковите физички се многу привлечни. Во првиот контакт се исклучително резервирани, но подоцна во сексот имаат големи очекувања. Во принцип предиграта за нив е најважна, што понекогаш може да го полуди нивниот нетрпелив партнер. Кога се сами со партнерот, биковите искажуваат силна сексуалност без ограничувања. Сексот им овозможува ослободување од досадното секојдневие. Допирањето и бакнувањето на вратот исклучително ги возбудува.rn

    Близнаци – не им робуваат на шаблоните

    rnЗа близнаците сексот е спој на умот и телото, без учество на она што го нарекуваме душа. Нивните партнери треба да бидат вешти во бакнувањето и спремни за постојано експериментирање. Близнаците не се робови на шаблони. Тие подеднакво ќе уживаат во брз секс на задното седиште од автомобилот, како и во класична целовечерна забава. Колку е поразлично, толку подобро. Ги возбудуваат еротски разговори и допирање на рацете и рамената.rn

    Рак – нежен и страстен љубовник

    rnСексот со раковите е како нежен танц. Ако ги погодите вистинските движења, сигурно ќе доживеете бескрајно уживање. За раковите сексот пред сè е емоционално искуство, па штом ќе им се разбудат чувствата се претвораат во страсни и посветени љубовници. Интуитивно ги погодуваат желбите на партнерот и многу се трудат да го усреќат. Ерогена зона им се градите, а се возбудуваат и од француски бакнеж.rn

    Лав – секогаш е подготвен

    rnСексот со лавовите е прилично интензивно и диво искуство, но воедно овозможува и голема забава. Тие секогаш се спремни за акција, па истото го очекуваат и од својот партнер. Сакаат да доминираат, но не ги отфрлаат интересните предлози. Лавовите уживаат во пофалбите за нивната сексуална изведба, па затоа даваат сè од себе да ги исполнат очекувањата. Тие исто така уживаат во предигра и заведување, а се возбудуваат од бакнување по грбот и еротска масажа.rn

    Девица – перфекционист посветен на партнерот

    rnЧувствителни се и нежни љубовници и за нив е многу важно да му пружат задоволство на својот партнер. Во душа се перфекционисти, кои се трудат целосно да ги исполнат своите сексуални фантазии. Припадниците на овој земјен знак, лесно можат да се најдат во улога на оној кој му помага на другиот да го оствари своето задоволство. Девиците се срамежливи и тешко ги покажуваат своите скриени желби. Чувствителна точка им е стомакот.rn

    Вага – обожава предигра и заведување

    rnКако и кај останатите воздушни знаци, така и кај вагите, центарот на нивната сексуалност се наоѓа во нивната глава. И покрај тоа што во јавност делуваат многу пристојно, сексот со нив може да биде навистина едно диво искуство. Сакаат вешти и уверливи партнери кои со сигурност ќе им овозможат задоволство. Вагите обожуваат заведување, а на предиграта ù посветуваат особено внимание. Најзадоволни се кога нежностите и прегратките се проследени и со многу нежни  зборови. Ерогени зони им се долниот дел од грбот и задникот.rn

    Скорпија – нејзиното либидо не познава граници

    rnВо астрологијата, со тек на времето скорпијата станала синоним за квалитетен секс. Припадниците на овој знак се познати по своето хиперактивно либидо. Тие се спремни да пружат сексуално задоволство, но истовремено и да примат нежност. Тие обожаваат да имаат секс како во филмовите, секогаш проследен со различна кореографија која скорпиите ја осмислуваат. Едноставно кај нив мора сè да биде надпросечно. Нивните чувствителни точки се наоѓаат околу половите органи.rn

    Стрелец – колковите најчувствителни

    rnПомеѓу огнените знаци, стрелецот е предводник кога станува збор за сексуалноста. За него сексот е пред сè добра забава и многу страсно искуство, кое нема ама баш никаква врска со емоции. Стрелците се секогаш спремни за акција, не се ни малку срамежливи и не робуваат на шаблони. Најмногу ги возбудува допирање по колковите.rn

    Јарец – страстен и верен

    rnНа прв поглед делуваат срамежливо и студено, но всушност јарците спаѓаат во најстрасните и сексуално најактивните љубовници. Тие многу лесно се возбудуваат и притоа својата страст ја пренесуваат на оние со кои се во контакт. Јарците се многу стабилни, страсни и пред сè верни љубовници, кои се грижат да го задоволат својот партнер. Неверојатно ги возбудува допирање и бакнежи по колената.rn

    Водолија – сексот е врска помеѓу умот и телото

    rnЗа водолијата сексот не е само страст и забава, туку пред сè, начин за поврзување на умот и телото. Додека водат љубов сакаат да разговараат со партнерот. Водолиите се љубопитни, па затоа сакаат постојано да експериментираат. Се трудат да бидат искрени, па тоа го очекуваат и од партнерот. Кога се релаксирани умеат да бидат многу креативни љубовници. Ги возбудува допирање на потколеница.rn

    Риби – сензуални и креативни

    rnРибите се многу сензуални и креативни љубовници, на кои емоциите им се исклучително важни. Многу се трудат да го задоволат партнерот и да го направат среќен. Нивната срамежливост исчезнува кога ќе стапнат во спалната соба. Ерогените точки им се околу стапалата.rn

    Добри комбинации:

    rnДобар и експлозивен секс е можен во сите комбинации на хороскопските знаци, но кога тие не се компатибилни, постојат големи разлики во нивните желби. Најдобро се согласуваат знаците кои припаѓаат на ист елемент (оган, земја, вода, воздух). Добри сексуални комбинации се можни и со спојување на огнените (овен, лав, стрелец ) и воздушните (близнаци, вага, водолија) и помеѓу водените (рак, скорпија, риби ) и земјените (бик, девица, јарец) знаци. Многу страст може да има и помеѓу огнените и земјените знаци, како и помеѓу воздушните и водените, но нема да трае долго.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи што ги прави една љубовна двојка

    Работи што ги прави една љубовна двојка

    Вие двајца се сакате, меѓусебно се поддржувате, луѓето ве препознаваат како љубовна двојка, сродни души сте… Но, има некои работи кои (не)свесно ги правите како љубовна двојка кои се непријатни за другите луѓе околу вас.rnrnRaboti-shto-gi-pravi-edna-ljubovna-dvojka-www.kafepauza.mk_rn

    Бебешки имиња и имиња на миленичиња

    rnЦуци, муци, буци, бебе, сонце, сончко, миличко, златичко, мило, златце, злато мое, душичка… и уште толку многу прекари на кои им е местото кога сте вие двајца заедно, а никако пред пријателите и роднините. Некои двојки тоа го прават намерно, со цел да видат другите колку тие се сакаат, а некои се обраќаат така и кога се сами заедно. Како и да е, ако слушнат вашите пријатели како дечкото си го викате со името „сончко“ или девојката ја викате „миличко“, верувајте дека ќе им биде непријатно. Роднините ќе се чувствуваат незгодно и непријатно кога ќе слушнат како вие го нарекувате нивниот внук.rn

    Златото мое ќе дојде со мене во шопинг.

    rnОва е реченица која пријателката не сака да ја чуе. Пријателите ќе ве озборуваат, другарите ќе ви се смеат, а вие тоа не го сакате, нели?rn

    „Ние никогаш не се караме“

    rnНекои парови сакаат да се фалат пред пријателите дека тие никогаш не се караат. Ова е најголемата лага што ќе ја чуете. Тоа го прават за пријателите да помислат дека тие се совршен пар, кај нив се е совршено, а сите знаете дека совршенство не постои.  Еве ја вистината: оние кои се во среќна врска, се караат. Не секогаш, се разбира, ама недоразбирања мора да има дури и ако сте сродни души. Тоа понекогаш се „здрави кавги“ кои ќе ја зацврстат врската. Целта на овие кавги не е да се сфати што се случило и зошто се караме, туку да се обидеме тоа да не се случува повеќе во иднина.rn

    „Јас не одам на забава без него/неа“

    rnОва е највознемирувачката работа што некои парови ја прават. Ако една девојка е во врска со некое момче, не значи дека и тој е поканет на забавата кај нејзината најдобра другарка и обратно, ако тој има тазе врска, не значи дека и девојката треба да дојде. Ова се однесува повеќе за тазе, нови врски во кои новата девојка/момче не се знае доволно со пријателите на партнерот, а забавата е тематска. На пример, повторно соединување на пријатели од средно школо, факултет, некој курс и слично. Тука не би требало да присуствуваат партнери на поканетите. Освен што е непристојно, оставате впечаток дека не ги почитувате доволно луѓето кои ве поканиле. „Ние сме како еден човек. Не одиме никаде разделени“ е реченица која вознемирува и секогаш остава погрешен, лош впечаток за вас.rn

    Местенки

    rnАко вие сте во долга љубовна врска или сте го нашле човекот на вашиот живот, не значи дека и пријателите кои немаат партнер го сакаат истото. Некои се фокусираат на кариерата, некои не сакаат да се врзуваат… тоа е нивен избор. Не значи дека треба да си дадете за право да ги местите со пријатели на партнерот кои исто така не се во врска како и вашата пријателка. Тоа е некултурно. Треба доволно добро да ги знаете двете личности пред тоа да го направите. Ако веќе го направите еднаш, обидете се да не го правите тоа на секое ваше следно излегување.rn

    Константно бакнување и разменување нежности

    rnРазменување страсни бакнежи, нежности во јавност и флертувања се работи кои не треба да ги правите пред вашите пријатели. Освен што ќе ги посрамотите вашите блиски пријатели, тоа дава знак дека не знаете да комуницирате со другите кои се наоѓаат на маса со вас. Тоа е исто знак дека не сте сигурни во вас во однос со партнерот. Ако сакате да ги задржите пријателите, обидете се да се воздржите од ова, барем додека не отидете дома.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Страсни бакнежи низ француските улици

    Страсни бакнежи низ француските улици

    Убавината на животот се состои во оние мали нешта кои честопати забораваме дека се креатори на нашата среќа: нечија убава насмевка, сладок ненадеен бакнеж, комплимент од срце и безброј навидум незначителни моменти, кои ни го „подгреваат“ срцето.rnrnИнспирирана од љубовта, францускиот уметник Клер Стритарт прави фантастични графити на ѕидовите во француските градови Париз и Монпелије и во Бразил, цртајќи љубовници како се бакнуваат во секси и провокативни пози.rnrnСтрасни бакнежи низ француските улициrnrnСензуалните силуети се насликани со дебели линии, имаат едноставен облик и јак контраст на бои, па кога ќе поминете покрај нив нема да можете, а да не подзастанете да погледнете во убавата љубовна приказна.rnrnСтрасни бакнежи низ француските улициrnrnГрафитите се насликани на одбрани фасади, така што секогаш кога ќе се најдете во тој дел од градот, страсните љубовници пријатно ќе ве изненадат и ќе ви го растреперат срцето.rnrnСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициСтрасни бакнежи низ француските улициrnrn