КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубопитност

  • Стравот од непознатото…

    Стравот од непознатото…

    rn

    „Стравот од непознатото заменете го со љубопитност.“

    rn

    Стравот од непознатото...
    Искористете ја сликата како десктоп позадина (1920×1200)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

    rnrnrnrn

  • Интелигенцијата е проклетство – Еве зошто е подобро да си глуп

    Интелигенцијата е проклетство – Еве зошто е подобро да си глуп

    Често испровоцирани од разни ситуации, велиме подобро е човек да биде глуп. Точно дека интелигенцијата генерално претставува предност, но тоа не е баш секогаш така. Понекогаш е навистина подобро човек да е глуп.rnrninteligencijata-e-prokletstvo-eve-zoshto-e-podobro-da-si-glup-kafepauza.mkrnrnИнтелигентните луѓе имаат доволно причини да бидат благодарни што природата им била наклонета, но сигурно некогаш зажалуваат што не го пропуштиле моментот кога „Господ делел памет“. Еве кои се лошите страни на високата интелигенција:rn

    1. Веројатно сте ноќна птица

    rnНаучниците неодамна открија една негативна последица на поседувањето висока интелигенција – склоноста за доцна легнување во кревет, односно во раните утрински часови, и станување подоцна следниот ден. Генерално интелигентните луѓе се склони да остануваат будни долго време, но тоа носи и некои негативни последици. Многу студии имаат покажано дека ноќните птици се посклони да развиваат емоционална нестабилност, но и дека патат од симптоми на депресија. Освен психичкото, заради таквиот биоритам, трпи и нивното физичко здравје.rn

    2. Помали се шансите гените да ги пренесете на своите потомци

    rnУште еден несреќен стереотип поврзан со паметните луѓе е дека тие не се баш многу социјални луѓе, односно дека се чудни „гикови“ кои се осудени на живот во целибат сè додека не се извлечат од средношколскиот пекол. Ова и не е толку важно колку податоците кои покажуваат дека колку е една жена пообразована, толку помалку има деца. Паметните почесто целат кон повеќе во кариерата, заради што создавањето семејство го ставаат во втор план.rn

    3. Повеќе лажете

    rnФактот дека сте најпаметни во просторијата често ви претставува проблем бидејќи вие сте свесни за тоа, а многумина тоа го злоупотребуваат. Високиот коефициент на интелигенција кај луѓето често создава способност за мамење на останатите. За да лажете со цел да останете незабележани треба да мислите и на вистината, и на тој начин всушност манипулирате. Сето тоа вклучува интеграција на неколку мозочни процеси кои функционираат на ист начин како и при решавањето комплексни математички задачи.rn

    4. Посклони сте да поверувате во лага

    rnОбразованието води до едно погрешно верување, а тоа е – мислите дека сте попаметни одошто сте. Три студии имаат откриено дека луѓето кои паднале на некоја лага, вложиле каде што не требало и слично, обично биле пообразовани. Тие не бараат совети бидејќи сметаат дека се имуни на сите грешки, а не сфаќаат дека интелигенцијата не значи секогаш способност за преживување во вистинскиот свет.rn

    5. Повеќе сте склони на автодеструктивност

    rnГолемите умови имаат една заедничка особина – љубопитноста. Проблемот е во тоа што тие се екстра љубопитни луѓе, како и луѓе кои попрво од другите ќе пробаат одредени супстанци. Тоа го има потврдено студијата на британски научници која открила дека паметните луѓе се посклони да постанат алкохоличари, а исто така пронашле врска и помеѓу високата интелигенција и користењето на психоактивни дроги.

  • 12 начини како да си го разубавите секојдневието

    12 начини како да си го разубавите секојдневието

    Среќата е тука, околу нас. Може да одберете да ја доживеете или да ја игнорирате. Напати не ни се потребни големи нешта за да уживаме во животот, напротив, малите работи умеат брзо и лесно да ни донесат насмевка на лицата. Ова се 12 нешта кои ќе ви го разубават секојдневието, ќе направат да се чувствувате среќно и исполнето без да вложите многу труд за својата благосостојба.rn

    12 начини како да си го разубавите секојдневието

    rnrn

    1. Собирајте нешто

    rnКако мали собиравме сликички или шарени салфетки. Паметите колку тие наши колекции нè правеа среќни? Кој ви вели дека само затоа што сте пораснале, не можете да направите колекција од вашите омилени нешта? Може тоа да бидат шолји за кафе, интересно декорирани чинии, чаши, разгледници… Секогаш кога ќе ја збогатите вашата колекција ќе се чувствувате како да сте направиле навистина голема работа. Поседувањето на колекција од вашите омилени нешта навистина ќе ви донесе насмевка на лицето, а воедно, би можеле да ја оставите како наследство за идните генерации.rn

    12 начини како да си го разубавите секојдневието

    rnrn

    2. Играјте детски игри

    rnИграјте игри со вашите деца, брат или сестра, децата од соседството или пак со вашите роднини, придружете им се и следете ги нивните правила. Не грижете се за тоа како изгледате или пак дека времето би можеле да го искористите на многу попродуктивен начин. Ќе им донесете насмевка на нивните лица, а воедно ќе си направите добро себеси. Оставете да ве понесе детската игра, целосно влезете во нивниот свет и за миг заборавете дека сте возрасни. Доколку бегаат од Баба Рога, почнете да трчате и вие!rn

    3. Поправете нешто

    rnСкршена чинија или расипана врата, сеедно, поправете нешто во вашиот дом. Поправањето е секогаш пат до спокој. Веќе одамна имате на ум дека треба да закрпите парче облека или да поправите апарат во домаќинството? Сторете го тоа денес.rn

    4. Помогнете и бидете корисни

    rnВашите соседи го реновираат домот? Бидете им од помош макар на 15 минути. На старата комшивка ѝ треба помош со кесите? Намалете ѝ го товарот. Обрнувањето внимание на туѓите потреби не значи мешање каде не ви е работа ниту пак значи залудно трошење време. Тоа е интеракција со вашите блиски и пружање помош која еден ден и вам може да ви затреба.rn

    12 начини како да си го разубавите секојдневието

    rnrn

    5. Погрижете се за вашата градина

    rnИскосете ја тревата, навадете ги цвеќињата, покажете грижа за растенијата во вашиот дом и двор. Ќе си го разубавите местото на живеење и за миг ќе се оттргнете од мислите кои ве мачат и ви задаваат главоболки.rn

    6. Застанете под ладен туш

    rnРазбистрете си ја главата и отворете ги очите. Ладен туш е токму она што ви треба за да ве размрда и поттикне на акција. Истражувањата покажале дека завршувањето на вашето туширање со стоење под млаз ладна вода ги поттикнува нервите во мозокот кои придонесуваат за благосостојба.rn

    7. Грижете се за домашно милениче

    rnОдвојте време кое ќе му го посветите на вашето домашно милениче, а доколку немате, вдомете куче или маче кое ќе ве дружи кога ќе се чувствувате осамени.rn

    12 начини како да си го разубавите секојдневието

    rnrn

    8. Спијте добро

    rnСпиењето е важно за вашето здравје, но и за вашето расположение. Напијте се чаша топло млеко пред да заминете во кревет доколку имате проблем со несоница. Погрижете се вашата спална да е удобно и убаво место. Можеби тивка музика или миризливи свеќи ќе ви помогнат да заспиете полесно.rn

    9. Развеселете го домот

    rnДомот е место каде поминувате значителен дел од денот. Затоа направете го вистински удобно место за живот. Внесете зеленило и направете некаква, макар и најмала промена. Особено обрнете внимание на просторијата каде минувате најмногу време и каде сте најпродуктивни. Средете ја по ваш вкус и ваша замисла.rn

    10. Разгалете се

    rnПоминете макар 10 минути во када со топла вода и пенлива купка. Прочитајте добра книга и изедете го чоколадниот колач кој е вашето слатко задоволство.rn

    11. Смејте се

    rnНаидовте на смешна слика, клипче или пак комична сцена од филм? Смејте се долго и од срце. Нема правило кое ви наведува колку секунди треба да се смеете.rn

    12 начини како да си го разубавите секојдневието

    rnrn

    12. Бидете љубопитни

    rnЉубопитните секогаш откриваат нови нешта и наидуваат на нови интересни работи. Можеби ќе пронајдете ново хоби или интерес. Заминете на театарска претстава, одберете книга која е различна од сè што досега сте прочитале, зачленете се во клуб, пробајте нов вкус на сладолед… Откривањето нови работи и правењето промени во животот е највозбудливото нешто.rn

    12 начини како да си го разубавите секојдневието

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мачки кои ни самите не знаат како се нашле тука

    Мачки кои ни самите не знаат како се нашле тука

    Најголемата сензација на интернет, нивното височество мачките, никогаш не престануваат да изненадуваат. Следува мала колекција од фотографии, на кои ќе ги затечете овие љубопитни животни на многу несекојдневни места.Мачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тукаМачки кои ни самите не знаат како се нашле тука
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересна средба помеѓу маче и еже

    Интересна средба помеѓу маче и еже

    Што мислите, што се случува кога за првпат ќе се сретнат љубопитно мало маче и мрзливо еже? Погледнете го ова кратко видео од запознавањето на Харли и Локи кое несомнено ќе донесе насмевка на вашето лице. rnrnИнтересна средба помеѓу маче и ежеrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Победникот помеѓу чувствата

    Победникот помеѓу чувствата

    Еднаш многу одамна, сите чувства се беа собрале на една ливада. Им било здодевно па лудоста предложила да играат криенка. Итрината се помислила, но сепак ја прифатила играта, љубопитноста веднаш скокнала подготвена за игра, а среќата почнала да скока и ги убедила воодушевувањето и сомнежот и тие да бидат дел од играта.rnrnСамо вниманието, гордоста и вистината биле против. Вниманието не сакало да ризикува. Гордоста мислела дека тоа е глупава идеја, а вистината не сакала да се крие, зошто на крај сепак ќе ја пронајдат.rnrnПобедникот помеѓу чувстватаrnrnЕден, два, три…почнала да брои лудоста.rnrnПрва се сокрила мрзеливоста која само се фрлила на првиот камен на патот. Убавината скокнала во кристално чисто езеро, а верата се качила на небото. Зависта се сокрила во сенката на успехот, а заборавот заборавил дека треба да се сокрие. Великодушноста никако не можела да одлучи каде да се сокрие, зашто секое место ѝ се чинело совршено за некој од нејзините пријатели. Срамежливоста се пикнала низ пукнатината на едно дрво, а слободата го нашла своето место во дувањето на ветерот. Себичноста пронашла скришно место, само за себе. Лагата се сокрила на крајот на виножитото (Лаже! Била на дното на океанот), а страста во кратерот на вулканот.rnrnКога лудоста избројала до 99, љубовта уште не пронашла скривалиште затоа што се било зафатено, брзо се сокрила меѓу цветовите.rnrnЛудоста избројала до 100, па почнала да бара.rnrnПрво ја нашла мрзеливоста зад најблискиот камен. Набргу ја нашла верата како се расправа со Бог. Случајно тука се нашла зависта, а секако и успехот, а себичноста не требало ни да се бара, таа сама излегла од своето скривалиште каде се покажало дека има осило. Од толку барање лудоста ожеднала и сакајќи да се напие вода од кристалното езеро ја пронашла убавината. Така лудоста лесно ги пронашла сите.rnrnСамо љубовта не можела никаде да ја пронајде. Ги пребарала секоја грмушка и секоја планина и бесна ги здогледала ружите. Застанала меѓу нив, зела суво гранче и почнала да удира по прекрасните цветови. Одеднаш се слушнал болен крик. Трњата од ружите ги изгребале очите на љубовта. Лудоста ја молела љубовта да ѝ прости и на крајот одлучила засекогаш да остане покрај љубовта и да ѝ помага со цел да ѝ се оддолжи. Така љубовта станала победник над сите чувства, но останала слепа, па лудоста ја следи каде и да отиде.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

    Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

    Ако мажите беа од Марс, а жените од Венера, тоа би можело да објасни неколку општопознати стереотипни сфаќања за машко-женското пријателство. Повеќето луѓе на оваа тема би рекле:rn

      rn011

    • Секогаш помеѓу нив се појавува сексуална тензија која придонесува тие да не можат да бидат вистински пријатели;
    • rn011

    • Љубомората која се јавува кај нејзиниот/неговата партнер/ка ги надминува сите рационални размислувања и прави да биде невозможно тие да продолжат да бидат пријатели;
    • rn011

    • Очигледните разлики помеѓу двата пола едноставно ги разделуваат кога станува збор за пријателство.
    • rn

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?Кога ќе ги земете предвид овие неколку ситуации, си велите дека пријателството помеѓу машко и женско е невозможно, нели? Доколку мислите така, грешите. Експертите за врски имаат поразлично мислење.rn
    rn

    „Верувањето дека мажите и жените не можат да бидат пријатели доаѓа од друга ера во која жените припаѓале во домот, а мажите на работа и единствениот начин нивниот пат да се вкрсти, била романсата“, објаснува Линда Сападин – психолог од Вали Стрим, Њујорк. „Денес мажите и жените работат заедно, делат слични интереси за спорт и секојдневно се социјализираат.“

    rnПромената во културата ги охрабри психолозите, социолозите и комуникациските експерти да состават нова порака:rn
    rn

    „И покрај тоа што би можело да биде малку тешко, мажите и жените сепак успешно стануваат блиски пријатели. И секако, имаат добри причини за тоа.“

    rnОвие предизвици најчесто се појавуваат кај новите пријателства. Доколку успеете да ги надминете во првите неколку години од вашето запознавање, понатаму тие нема да ви претставуваат проблем и ќе успеете да создадете цврст однос и стабилно пријателство помеѓу вас.rnrn

    Предизвик бр. 1: Дефинирајте ја врската – пријатели или љубовници?

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnМногупати се случува да започнеме пријателство со личност од спротивниот пол само од една причина – да го освоиме неговото/нејзиното срце. Но доколку тоа не е случајот со вас, треба да знаете неколку работи поврзани со чувствата. Постојат романтични, сексуални и пријателски чувства кои некогаш многу тешко се разликуваат. Многу луѓе се однесуваат со спротивниот пол на стереотипен начин и доколку се појави „пријателското привлекување“ тие погрешно го сфаќаат.  Најдобро би било уште на почетокот да разговарате со вашиот пријател/ка за очекувањата поврзани со вашиот однос. Доколку и двајцата имате исто мислење, тргнати сте во добра насока.rnrn

    Предизвик бр. 2: Надминете ја привлечноста – разговарајте за секс

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnМожноста да се појави сексуалната привлечност помеѓу вас секогаш „демне“ во позадина. Обична, платонска прегратка може наеднаш да премине во нешто сосема различно. „Вие пробувате да направите нешто пријателско, но машките/женските делови од телото ви го попречуваат патот“, вели д-р Дон Оумира. И покрај тоа што често е непосакувана, привлечноста е тешко да се игнорира.rnrnИстражувањата покажуваат дека најголем проблем на жените во овој вид пријателство им е сексуалната тензија, додека пак поголемиот број од мажите велеле дека сексуалната тензија е причината поради која го започнале пријателството и сметаат дека таа може дури и да го продлабочи пријателството. Надминете ги овие непријатни ситуации така што ќе бидете искрени помеѓу себе за нив.rnrn

    Предизвик бр. 3: Воспоставете еднаквост – игра на моќ

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnПријателството би требало да е комбинација од еднакви. Но, д-р Дон Оумира вели:rn
    rn

    „Во културите каде што постои машка доминација, престижот и моќта претставуваат „багаж“ за двата пола – кога тогаш ќе настане растурање на врската“.

    rnЗа да го избегнат ова, жените понекогаш несвесно присвојуваат покорна улога во пријателството. Пробајте да најдете некаков вид рамнотежа во вашиот однос. Тоа се постигнува на тој начин што нема да гледате на вашиот пријател/ка како на маж/жена, туку едноставно како на блиска личност со која моментално одлично се согласувате.rnrn

    Предизвик бр. 4: Во очите на народот – справување со оние кои се сомневаат

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnГолем број луѓе сѐ уште не се подготвени за пријателство помеѓу машко и женско кое нема никаква сексуална позадина. Оние кои имаат блиски пријатели од спротивниот пол, често ги гледаат со насмевки, намигнување и скептицизам прашувајќи постојано дали тие навистина се само пријатели и потоа го игнорираат дадениот одговор.rnrnПонекогаш притисокот од луѓето околу вас придонесува да се запрашате да не можеби не сте во право, да не се развиле други чувства и дека можеби би требало да го смените односот со својот пријател/ка за да ги исполните очекувањата на другите. Но, тоа не треба да биде причина за промена во вашиот однос. Бидете доследни на себе и со време и тие ќе го разберат вашето пријателство.rnrn

    Предизвик бр. 5: Што ако… – победете ја љубопитноста

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnТој/таа најдобро ме познава, тој/таа секогаш знае да ми го каже тоа што ми е потребно да го слушнам, само тој/таа никогаш не ме излажал, мислам дека би било/а совршено/а момче/девојка за мене… Ова се само неколку од мислите кои почнуваат да се појавуваат кога пријателството меѓу вас станува посериозно и подлабоко. Да, точно е дека вие сте се запознале одлично и дека се согласувате за сѐ, но тоа не е доволна причина за започнување на нешто ново. Вие можеби сте компатибилни како пријатели, но тоа не значи дека би можело да ви успее и како љубовен пар. Размислете како тој/таа се однесува во врска. Бидејќи сте блиски пријатели ги имате сите информации на дофат. Анализирајте ги убаво и размислете дали навистина сакате нешто повеќе, притоа не заборавајќи дека можеби тоа што го чувствувате, може да се само моментални интензивни пријателски емоции.rnrnИ за крај, истражувањата покажуваат дека кога една личност подолг период ја гледате како пријател, тој однос ви преминува во навика која подоцна е скоро невозможно да се промени. Бидете трпеливи и во брзо време ќе почнете да ги чувствувате многуте придобивки од овој вид пријателство.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е убаво во животот?

    Што е убаво во животот?

    Убавината понекогаш има многу некоректна и ограничена дефиниција. Убави се манекенките на модните писти и згодните глумци од филмовите. Но, не е сè во подигнатите обравчиња, малите носиња, долгите нозе, тенките половини, блескавите насмевки… Еве 50 поинакви дефиниции за убавината кои со сигурност се вистинити.rnrnШто е убаво во животот?rnrn1. Убаво е да се зборува друг јазик. Убаво е и само да се проба.rnrn2. Убаво е да имаш долга или кратка коса, да е црна, кафена, смеѓа или бела. Убаво е и да имаш ќелава глава.rnrn3. Ако сте поминале низ пекол во животот, убава е вашата издржливост на патот назад.rnrn4. Убаво е да се поставуваат прашања, особено „зошто?“ бидејќи љубопитноста е убава.rnrn5. Убаво е кога се плашите да направите нешто, а сепак го правите тоа.rnrn6. Убави се рамните стомаци, но убави се и големите меки мешиња.rnrn7. Убаво е да сликате на платно, да „ѕ’мкате“ на гитара, да печете леб и да играте со затворени очи.rnrn8. Убаво е сè што значи создавање на нешто.rnrn9. Убаво е вашето лице кога ќе станете од спиење. Навистина! Прашајте ја личноста што ве сака.rnrn10. Убаво е чувството кога ќе се сетите на текстот на некоја песна која сте ја слушале во 6-то одделение.rnrn11. Убаво е кога вашиот пријател е тажен и вознемирен, но вашиот глас може да го расположи.rnrn12. Убаво е кога ќе станете утрото после концерт, целите отечени и сè ве боли од играње.rnrn13. Убаво е да се смеете толку многу што ќе ви потечат солзи од очите, ќе ве заболат стомачните мускули и ќе молите да престанат да ве смеат зашто ќе се подмочате во гаќи. Да, подмочувањето во гаќи може да биде убаво.rnrn14. Убаво е да се ослободите од „отровна“ врска. Тоа е вистинско олеснување.rnrn15. Убава е интелигенцијата, сочувствувањето со другите и личните цврсти ставови. Убаво е и кога ги почитувате туѓите цврсти ставови.rnrn16. Убаво е кога носите толку добра облека, што кога некој ќе ви даде комплимент дека добро изгледате, веднаш извикувате „Знам, нели!?“, а дури потоа велите „Ммм да, фала“.rnrn17. Убаво е кога раскажувате некоја смешна ситуација или виц и толку многу се смеете, што никој не може ни да ја разбере смешката.rnrn18. Убави се вашите очи бидејќи се единствени, длабоки, љубопитни и препознатливи. Никој нема исти очи како вашите.rnrn19. Убаво е како природно нè издава нашето тело во одредени ситуации, на пример поцрвенуваме пред некој кој ни се допаѓа или два пати трепнуваме кога кажуваме лага.rnrn20. Оргазмите се убави.rnrn21. Убаво е да се чувствувате комотно со некој да седите во тишина. Како што вели една филмска изрека „Би можеле вечно да зборуваме или да молчиме и понатаму да наоѓаме теми за кои нема да зборуваме“.rnrn22. Убаво е да си ги брцнете голите стапала во песокот.rnrn23. Убаво е да побарате помош кога ви е потребна. Сите понекогаш се чувствуваме како да тонеме, но и сите сакаме да извадиме некого од  неповолна ситуација.rnrn24. Убаво е да го сакате своето домашно милениче и тоа да ве сака исто толку вам.rnrn25. Убав е свежиот цвет во вашата коса.rnrn26. Убави се белезите кои сведочат за вашите животни искуства: брчките, стриите, лузните и дамките од сонцето.rnrn27. Убава е разумноста, скромноста, среќата.rnrn28. Убаво е кога ќе се испотите од напорното вежбање.rnrn29. Убаво е некому да му кажете тајна.rnrn30. Убаво е кога вашето најлошо искуство можете да го претворите во интересна и смешна приказна за раскажување.rnrn31. Убаво е да уживате во храната што ја јадете.rnrn32. Убаво е да им бидете благодарни на сите оние кои живееле пред вас и направиле нешто за да бидете таму каде што сте, такви какви што сте, на вашите родители, предци, борци за слободата на нашата земја.rnrn33. Убаво е породувањето, малку неуредно, но сепак убаво.rnrn34. Слободата е убава. Слободни сте да ги правите оние работи во животот кој ве прават вистински среќни.rnrn35. Среќата е убава.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    Постојано сме опкружени со нив, но тешко ги препознаваме. Некои ни се чудни, некои оригинални. Еве како да препознаете дали и кои луѓе во нашето опкружување се вистински креативци:rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе се љубопитни

    rnТие поставуваат прашања во секое време. Кога гледаат или се соочуваат со нешто што не го разбираат, тие даваат сè од себе за да го научат она што не им е јасно.rn

    Креативните луѓе сакаат предизвици

    rnТие не бегаат од предизвици, туку подготвено ги пречекуваат и им се спротивставуваат. Колку е поголем предизвикот, толку нивниот адреналин е поголем. Креативците не бегаат од проблемите, туку преферираат да се соочат со нив. Тие се одлични и во решавањето на проблемите на нивните блиски и пријатели.rn

    Креативните луѓе не се плашат да експериментираат

    rnКреативците превземаат ризици и воопшто не се плашат од новите работи, без разлика дали се работи за нов процес, ново пријателство, нов гаџет, ново јадење… Експериментирањето е начинот на кој тие пробуваат дали нешто функционира или не. Тие се лидери и не чекаат другите да им кажат што да прават.rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе го сакаат најдоброто

    rnТие не се задоволуваат со просечни нешта. Креативните луѓе секогаш го сакаат најдоброто! Секогаш знаат да најдат начин да дојдат до посакуваното и никогаш не престануваат да учат.rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе знаат да прифатат и дадат критика

    rnБез разлика што работиме, ние луѓето секогаш имаме што да кажеме. Креативците знаат да прифатат критика, особено ако таа е негативна, кога веднаш гледаат да го искористат тоа за своја полза. Но, тие знаат и да дадат аргументирана критика, позитивна и негативна. Со оглед на тоа што се луѓе кои го сакаат најдоброто, креативните луѓе секогаш сакаат да се надминат себеси во она што го прават, но истото го очекуваат и од другите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 лекции кои треба да ги научиме од децата

    5 лекции кои треба да ги научиме од децата

    Децата се брилијантни поради нивната едноставност. Тие можеби не знаат многу за светот, но на некој начин, токму тоа им дава огромна сила и енергија. Растењето ни ги проширува видиците кон светот, но постојат некои основни и навистина здрави вредности кои ги забораваме како што одминуваат годините. Еве неколку од нив:rn

    Не чувствување страв

    rnРодени сме со страв од само две работи: страв од паѓање и страв од гласни звуци. Сите други видови страв се вгнездуваат во нас со текот на годините, како резултат на влијанијата од луѓето со кои растеме. Некои од овие стравови се разумни и неопходни за опстанок во модерната ера, како што е на пример стравот да не нè удри автомобил. Но, некои други стравови се непотребни и лутаат низ нашата потсвест само со цел да не спречат да бидеме она што можеме да бидеме. Замислете се за момент и сфатете кои стравови кои ги чувствувате ве заштитуваат, а кои се ирационални, му штетат на вашето ментално здравје и го кочат вашиот напредок и успех.rnrn5 лекции кои треба да ги научиме од децатаrn

    Никакви социјални ограничувања

    rnИ покрај тоа што на децата постојано им се вели да не зборуваат со туѓинци, тие немаат проблем да му дофрлат по некој збор на човек што ќе го сретнат на улица. Можеби за малите деца ова претставува добар совет, со цел тие да бидат заштитени од евентуални злобни луѓе, но оние повозрасните, треба да ја заборават оваа реченица. Може да се случи, токму тој туѓинец на кој сте му се обратиле денес, да биде прекрасна и интересна личност, каква што отсекогаш сте сакале да сретнете. Плус, што претставуваат пријателите, ако не странци, пред да станат ваши пријатели? Кој знае кого можете да запознаете или што можете да научите преку започнување краток разговор со некој непознат?rnrn5 лекции кои треба да ги научиме од децатаrn

    Бескрајна љубопитност за учење нешто ново

    rnКога сме деца, многу активности ни се интересни да ги правиме со часови и часови. Си игравме со лего коцки, криенка, народна, камај, скокање на ластик и уште безброј други игри кои не правеа бескрајно задоволни на крајот од денот. Каде исчезнува сета таа радост кога ќе пораснеме?rnrn5 лекции кои треба да ги научиме од децатаrnrnВозрасните едвај можат да издржат да изгледаат едно исто ТВ шоу кое трае 30 минути, без да свртат на другите канали да проверат што има таму. Присетете се на моментите од вашето детство и размислете што ве правеше среќни тогаш. Обидете се да го погледнете светот низ поинаква призма и пронајдете ја убавината во малите нешта. Анализирајте ја природата околу вас, архитектонските градби, уметничките творби или она што ве инспирира вас како личност. Ако можете да ја видите убавината во формите на облаците или во чудната кора на стеблото на дрвјата, можете да ја аплицирате истата перспектива кон побитни и пофантастични нешта во животот.rnrn5 лекции кои треба да ги научиме од децатаrn

    Безусловна љубов

    rnДецата немаат предрасуди кога станува збор за љубовта. Ако му се насмевнете на детенце, тоа веднаш ќе ви возврати огромна насмевка назад, без никаква посебна причина, туку само затоа што сте присутни до него во моментот. Децата не ги сакаат луѓето бидејќи очекуваат нешто за возврат, туку зошто ја чувствуваат љубовта во нивните чисти срценца. Ваквите чувства е тешко да ги имате кога сте возрасни, но зошто да не се обидете да најдете начин да ги сакате и оние луѓе кои не ви се баш омилени? Можеби ќе се изненадите од резултатите. Што ви е поинтересно, да се смеете или да бидете намуртени, да се тепате или да гушнете некого? Ја сфативте поентата нели?rnrn5 лекции кои треба да ги научиме од децатаrn

    Сосема е во ред да си играте

    rnВо ред е понекогаш да се однесувате детски. Одредената возраст која ја имате не значи дека треба да се однесувате согласно годините во секој момент. Зрелоста понекогаш е преценета. Животот не треба да се сфаќа толку сериозно. Не заборавајте дека на планетава сме сите привремено и еден ден сите ќе исчезнеме во воздухот. Дозволено ви е понекогаш да се однесувате како малечко дете и да се забавувате уживајќи во моментот.rnrn5 лекции кои треба да ги научиме од децатаrnrnШто мислите, кои други лекции можеме да ги научиме од најмладите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.