КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубопитност

  • Зошто деталното одговарање на прашањата на вашето дете е важно за неговиот успех?

    Зошто деталното одговарање на прашањата на вашето дете е важно за неговиот успех?

    За секое дете, вокабуларот и структурата на речениците се многу важни во раните години на развојот. Еден од најдобрите начини да го вклучите детето во подлабок и позначаен разговор е да започнете разговор користејќи детални одговори. Дури и истражувачите посочија дека развојот на подобри обрасци на изразување им помага на децата да станат поуспешни на училиште. Прочитајте како можете да ја активирате љубопитноста на вашето дете и да му помогнете да ги развие вештините што ќе му требаат во иднина.rn

    Љубопитните деца се поуспешни

    rnЗошто деталното одговарање на прашањата на вашето дете е важно за неговиот успех?rnrnЉубопитноста е она што им помогна на многу научници да направат чекор напред, а на ист начин може да им помогне на децата да станат поуспешни во постигнувањето одлични резултати кога станува збор за читањето и решавањето математички задачи. Ако му помогнете на вашето дете да стане позаинтересирано за различни работи, тоа ќе биде многу подобро на училиште. Ќе се интересира за нови работи и ќе биде многу среќно кога ќе ги научи.rn

    Постои разлика помеѓу едноставно и детално објаснување

    rn

    Зошто деталното одговарање на прашањата на вашето дете е важно за неговиот успех?

    rnКога децата добиваат кратки одговори, тие нема да продолжат да поставуваат повеќе прашања и поради тоа нема да можат да научат повеќе. Додавањето детали во вашето објаснување ќе ве вклучи вас и вашето дете во подолг разговор и тоа подобро ќе се фокусира на темата.rnrnАко вашето дете ве праша: „Зошто плачете?“, вашиот одговор не треба да биде: „И возрасните плачат“ бидејќи ова ќе го прекине разговорот веднаш. Наместо тоа, можете да кажете: „Го повредив прстот на ногата“ и детето најверојатно ќе го продолжи разговорот со: „Каде го повреди?“, „Дали те боли многу?“ или „Како можам да ти помогнам?“ итн.rn

    Користењето специфични објаснувања ќе го направи вашето дете пољубопитно

    rnЗошто деталното одговарање на прашањата на вашето дете е важно за неговиот успех?rnrnДури и ако започнете да користите нови зборови што можеби вашето дете не ги знаело дотогаш, нема да можете да одите чекор напред додека не го промените начинот на зборување со него. Едноставно, престанете да му зборувате на вашето дете и започнете да зборувате со него.rnrnНа овој начин, кога ќе започнете да вежбате користење детални реченици и информации, и двајцата ќе бидете подлабоко навлезени во разговорот и вашето дете нема да му биде здодевно. Тоа ќе продолжи да поставува повеќе прашања и ќе се зголеми неговата љубопитност.rn

    И вие ќе научите нови работи ако сакате да дознаете повеќе детали

    rnЗошто деталното одговарање на прашањата на вашето дете е важно за неговиот успех?rnrnПрашањата што ги поставуваат децата можат ги загрижат родителите затоа што се плашат дека нема да го знаат одговорот. Па, можете да истражите заедно со вашето дете. Нема ништо лошо во тоа да кажете „не знам“. Меѓутоа, не застанувајте тука, туку потрудете се заедно да го пронајдете одговорот. Ова ќе ви помогне да научите нови и интересни работи и ќе ве натера барем да се обидете да ги најдете одговорите што ги бара вашето дете.rnrnПрочитајте зошто не треба да ги учите децата да споделуваат додека сè уште се мали.

  • Одговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досега

    Одговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досега

    Поставувањето прашања ги поттикнува креативноста и иновативноста. Од таа причина, луѓето треба секогаш да бидат храбри и да поставуваат прашања за која било тема. Сепак, понекогаш не може да се најдат одговори за некои прашања, па во продолжение откријте ги одговорите на овие 12 едноставни прашања.rn

    1. Кој треба да ги користи потпирачите за рака на средното седиште?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnНема официјално правило кој треба да ги користи потпирачите за рака на средното седиште. Сепак, многу експерти доаѓаат до истиот заклучок: лицето што е во средината заслужува контрола над нив, а еве зошто.rnrnЛицето кое седи покрај патеката има можност да ги истегне двете нозе, а лицето покрај прозорецот може да се потпира на него, да ужива во погледот и да ја контролира светлината. Но, лицето во средина не е во можност лесно да се движи или да се протега, ниту, пак, има каде да се потпре.rn

    2. Зошто пластичните шишиња со газирани пијалаци имаат нерамно дно, а шишињата со вода рамно?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnИспакнатините служат за да ја зголемат силата на шишето. Ова е неопходно затоа што пластичното шише треба да го издржи притисокот на гасот во пијалакот. Исто така, овие пијалаци обично се служат ладни, а кога течноста се лади, нејзиниот волумен се менува, а шишето не смее да попушти поради тоа.rnrnАголот или врвот на испакнатите делови може малку да се прошири без да се оштети шишето. Ова исто така е направено за да ја издржи промената на волуменот.rn

    3. Зошто мувите никогаш не можат да го најдат отворениот прозорец?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnМувите можат да ги разликуваат светлината и темнината многу прецизно. Кога летаат низ вашата соба, единствената работа што ја бараат е извор на светлина. И покрај тоа што отворениот прозорец е извор на светлина, тој обезбедува проток на воздух што доаѓа однадвор. Овој ветер создава атмосфера во која инсектот не е многу заинтересиран да лета, што предизвикува да го избегне вашиот прозорец и да бара друг извор на светлина.rn

    4. Зошто мразот е лизгав?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnМразот е лизгав само кога одите на него и кога е близу до точката на топење. Лизгањето е предизвикано од движењето на молекулите на водата што не можат да се соединат со другите молекули на водата на површината.rn

    5. Зошто мачките предат?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnПовеќето луѓе мислат дека мачките предат кога се задоволни бидејќи звукот секогаш се појавува во моментите кога мислите дека вашата мачка ужива во галењето. Сепак, откриено е дека предењето има комуникациски и лековити својства. Истражувачите откриле дека предењето на мачките создава фреквенции што лекуваат болка, отоци, рани и диспнеа. Овој факт може да објасни зошто многу сопственици на мачки се опуштаат додека ги гушкаат своите крзнени пријатели.rn

    6. Вистинската боја на огледалата

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnСовршеното огледало ги отсликува сите бои. Научната дефиниција за белата светлина се состои од мешавина на сите бои. Од таа причина, се мисли дека огледалото е бело.rn

    7. Зошто мрзливците се толку бавни?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnИсхраната на мрзливецот речиси целосно се заснова на лисја кои имаат многу малку хранливи материи, што значи дека животното внесува малку калории. Бидејќи живеат во дрвјата, искачувањето им е секојдневна активност за која им треба енергија. За да се справат со недостигот на калории, тие се движат исклучително бавно.rn

    8. Зошто лепилото не се лепи во внатрешноста на шишенцето?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnПовеќето лепила содржат вода која го одржува лепилото во течна форма додека е во шишето. Тоа станува лепливо кога ќе го нанесете од тубичката на некоја површина. Кога ќе дојде во контакт со воздух, водата што е присутна во лепилото испарува и тоа се зацврстува.rn

    9. Зошто венчаниците се бели?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnВо 19-тиот век, повеќето жени се венчавале во фустан што може повторно да го користат во други пригоди. Фантазиите за белите свадби биле поттикнати подоцна од страна на холивудските филмови, но традиционално, само богатите семејства можеле да си дозволат да купат бел фустан. Дури во 1950-тите години, луѓето од средната класа започнале да го копираат тој изглед благодарение на појавата на поевтини материјали за време на просперитетот по војната.rnrnСепак, дури и денес, не носат сите бели венчаници. На пример, во Кина и во Индија невестите носат црвени фустани како симбол на среќа и успех.rn

    10. Пругите на зебрата

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnОдамна се верува дека зебрите се бели животни со црни пруги. Сепак, излегува дека е спротивно. Оригиналната боја на зебрата е црна. Белите пруги се појавуваат дури подоцна, додека ембрионот на зебрата се развива во стомакот на мајката, што јасно може да се забележи на сликата погоре, каде што белите пруги на зебрата не се развиле добро.rn

    11. Зошто сокот од портокал има горчлив вкус по миењето на забите?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnПастата за заби ги нарушува рецепторите за вкус. Ја потиснува можноста да го почувствувате слаткиот вкус, што значи дека другите вкусови, како сокот од портокал, стануваат поизразени. Како резултат на тоа, слаткиот вкус е потиснат, додека горчината е поизразена, па затоа вашиот вкусен пијалак одеднаш станува горчлив.rn

    12. Зошто ви се потат дланките кога сте нервозни?

    rnОдговори на 12-те едноставни прашања што не сте ги знаеле досегаrnrnПотењето е предизвикано од возбуда. Вашето тело ослободува адреналин што го подготвува срцето за сè што следува. Главната функција на потењето е да ја контролира температурата на телото. Областите на телото кои имаат најголема концентрација на потни жлезди се стапалата и дланките на рацете.rnrnПрочитајте ги и овие 14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаеле.

  • Изненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планета

    Изненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планета

    Како деца поставуваме многу прашања. Всушност, нашата љубопитност не престанува во ниеден миг, па затоа родителите, наставниците и другите блиски често се изморуваат од смислување одговори. Секако, на некои прашања е и тешко да се даде одговор.rnrnНо, како возрасни имаме премногу големи работи за размислување, па љубопитноста за малите нешта останува потисната во мозокот. Ве предизвикуваме одново да ја разбудите и да се запрашате за некои воопшто неважни секојдневни работи, кои сепак толку ќе ве изненадат што ќе се почувствувате како штотуку да сте дошле од друга планета.rn

    1. Ефектот на црвени очи на фотографиите е предизвикан од крвта што циркулира во позадината на очите.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    2. Вашето стапало и вашата подлактица имаат иста должина.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    3. 15% од воздухот што го дишеме во метро станиците се состои од човечка кожа.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    4. Чоколадото ја содржи истата хемикалија што мозокот ја продуцира кога се заљубуваме.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    5. Постои генетска мутација која ја има половина од светската популација што предизвикува прокељот да има многу горчлив вкус.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    6. Дизајнерот на актуелното знаме на САД имал 17 години кога го креирал како дел од училиштен проект. Добил 4– за задачата.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    7. Рокот на употреба на пластичните шишиња со вода се однесува на шишето, а не на водата што е внатре.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    8. Кога би го продале секој орган и хемикалија во вашето тело би заработиле 45 милиони американски долари.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    9. Ако маж направи тест за бременост и излезе позитивен, неверојатно има рак на тестисите.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    10. Кога вашиот миленик лежи на мешето со задните нозе испружени раширени позади, тој се обидува да се излади.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Љубопитноста е една од најважните особини што треба да постојат во вашата врска

    Љубопитноста е една од најважните особини што треба да постојат во вашата врска

    Ако некој ве праша што е романтика, како би ја дефинирале? Што значи таа за вас? Понекогаш луѓето може да имаат нереални очекувања, кои најчесто произлегуваат од филмовите. Но, љубовта во реалниот живот е многу покомплицирана отколку во филмовите.rnrnЉубопитноста е една од најглавните особини кои треба да постојат во вашата врскаrn

    Подароците и изненадувањата може да направат да заборавите како изгледа вистинската љубов

    rnАко некој каже дека одвреме-навреме не сака подароци или изненадувања од својот/својата партнер/ка, тогаш сигурно лаже. Всушност, подароците и изненадувањата покажуваат дека партнерот или партнерката обрнуваат внимание на вас и прават да се чувствувате важни. Но честото давање материјални предмети може да направи личноста да сака сѐ повеќе и повеќе нешта, отколку да се фокусира на реалната љубов. Љубовта и романтиката не се дефинираат со подароци, туку тие подразбираат запознавање со партнерот на едно подлабоко ниво, создавајќи посилна врска, а материјалните предмети честопати обезбедуваат краткотрајно задоволство.rn

    Љубопитноста е скапоцен дар кој сака да го добие секој/а партнер/ка

    rnЗа да имате поромантична и подолготрајна врска, клучна е љубопитноста. Кога сте љубопитни околу личноста со која сте во врска, тоа значи дека сакате да знаете сѐ за нејзиниот свет. На пример, претпоставете дека вашиот партнер сака возење велосипед. Иако вие немате голема желба за тоа, сепак одите со него покажувајќи му дека имате желба да научите многу за него преку работите што ги сака. Можеби воопшто нема да уживате во таа активност, но потоа ќе имате за што да зборувате и повеќе ќе се поврзувате, а ќе изградите и посилна и подобра врска помеѓу вас двајца.rnrnЉубопитноста е една од најглавните особини кои треба да постојат во вашата врскаrn

    Љубопитноста ги руши бариерите и прави да се зближите повеќе

    rnЉубопитноста не значи само да се вклучувате во активности кои ги сака вашиот/вашата партнер/ка, туку исто така да бидете љубопитни и во врска со него/неа како личност. Така ќе си овозможите подобра комуникација. Понекогаш може да избрзувате и да донесувате погрешни заклучоци или претпоставки, па кога постојано ќе се приближувате еден кон друг, многу полесно ќе ви биде да ги предвидите ситуациите и да се поштедите од непотребни аргументи. rnrnНа пример, замислете дек вашиот партнер поминува низ потежок период и не сака да разговара за тоа, па како резултат на ова тој се затвора во себе, па дури не ви обрнува внимание ни за важни разговори. Ова може да ви даде впечаток дека тој не се грижи доволно за вас или за ситуацијата. Наместо да претпоставувате и да донесувате заклучоци, обидете се подлабоко да погледнете во проблемот. Со комуникацијата вие ќе можете да ги срушите сите бариери и да се отворите еден кон друг, па повеќе ќе се поврзете и ќе станете поблиски.rn

    Заборавете на филмовите и уживајте во романтиката во реалниот живот!

    rnЉубовта и романтиката се многу повеќе од подароци. Тие се работи кои не може да се купат со пари. Љубовта подразбира внимание, посветеност и љубопитност. Сите овие работи се многу поважни од кој било подарок што некогаш ќе го добиете. Кога ќе ги замените подароците со овие работи, тогаш ќе ѝ дадете можност на вашата врска да достигне едно ново ниво што не би го достигнале во поинаков случај.

  • Едноставни одговори на најтешките детски прашања

    Едноставни одговори на најтешките детски прашања

    Децата го гледаат светот на поинаков начин. Тие на сè обрнуваат внимание, а нивната љубопитност навистина не познава граници. Постојано поставуваат прашања и очекуваат одговор во истата секунда. Но, многу често овие прашања нè оставаат збунети бидејќи и самите не сме сигурни кој е одговорот. Следуваат 10-те најчесто поставувани детски прашања надополнети со нивните одговори кои би требало барем малку да ја задоволат нивната жед за знаење…rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    1. Зошто водата врие?

    rnКога водата се загрева, молекулите почнуваат да се движат нагоре. Како што нивното движење се засилува, растојанието помеѓу молекулите станува сè поголемо. На крајот, врските помеѓу молекулите стануваат премногу слаби, па тие се одвојуваат и се претвораат во водна пареа. Овој процес се нарекува испарување.rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    2. Како авионите остануваат во воздух?

    rnШто е тоа што го спречува 162-тонскиот Боинг-747 да падне од небото? Тука најголема улога има силата на подигнување. Оваа сила се создава кога воздухот поминува истовремено преку и под крилото на авионот. Поради тоа што воздухот се движи побрзо врз крилото, таму се создава помал притисок. Истовремено, големата количина на воздух под крилото го турка авионот нагоре. Колку што е поголема брзината со која лета авионот, толку е поголема силата на подигнувањето.rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    3. Зошто снегот е бел?

    rnКога ќе се погледнат одвоено, секоја снегулка изгледа безбојна и проѕирна. Тогаш како снегот е бел? Одговорот е дека кога снегулките формираат поголема маса, тие ја одбиваат и ја рефлектираат сончевата светлина. Рефлектираната светлина е бела затоа што сонцето е исто така бело (и покрај тоа што со патувањето низ атмосферата сончевата светлина делува жолто).rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    4. Зошто човечката коса не може да биде природно сина?

    rnЧовечката коса содржи пигменти кои прават да изгледа црна, кафеава, жолта или црвена. Нашата коса исто така содржи ситни воздушни меурчиња. Комбинацијата од пигменти и бројот на воздушни меурчиња кои ги има во косата, ја определуваат бојата. Пигментите кои се содржат во косата не можат да произведат сина или зелена боја кога ќе се комбинираат.rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    5. Зошто астронаутите лебдат во вселената?

    rnСпротивно на општото мислење, астронаутите кои патуваат во Меѓународната вселенска станица, не се ослободени од силата на гравитацијата. Земјината гравитација има влијание на сите објекти во орбитата. Што се однесува до бестежинскиот ефект, тој се случува затоа што станицата и сите во неа паѓаат спрема Земјината површина со брзина од 7,9 километри во секунда. Меѓутоа, големата висина на која се наоѓа станицата прави овој пад да изгледа како да е бесконечен. Се чини како објектот што орбитира постојано да ја „промашува“ површината на планетата и наместо тоа лета околу Земјата. Замислете си лифт кој паѓа надолу од најгорниот кат на некој облакодер. Човекот во лифтот би доживеал привремена бестежинска состојба. Астронаутите во орбитата го доживуваат истото, но на подолгорочно ниво.rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    6. Зошто небото е сино?

    rnКога сончевите зраци ја пробиваат атмосферата на нашата планета, тие се раштркуваат и одбиваат. Најпрво, сончевата светлина е бела и се дели на седумте бои на виножитото. Поради тоа што сината боја е пораспространета од другите бои, на крајот таа доминира на небесната палета. Но небото никогаш не е совршено сино поради присуството на другите бои од спектарот.rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    7. Како настанува маглата?

    rnМаглата се состои од илјадници ситни водни капки или ледени кристали кои висат во воздухот точно над земјата. Таа настанува кога воздухот е ладен, а земјата е топла и обратно. Во двата случаи, се појавува густ облак од водна пареа или ледени честички и се распространува на површината.rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    8. Зошто водата не гори?

    rnВодата се создава како резултат на хемиска реакција во која водородот оксидира од кислородот и се произведува топлина. Токму поради тоа што водата веќе ја ослободила својата топлина, таа не може да гори во природни услови.rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    9. Зошто стрелките од часовникот го покажуваат времето од десно кон лево?

    rnПред да бидат механичките часовници измислени, луѓето го користеле сонцето за да дознаат колку е часот. Сончевите часовници најпрво се појавиле на северната хемисфера каде движењето на сонцето прави сенките да се движат од десно кон лево. Подоцна во историјата, механичките направи за мерење на времето го наследиле овој принцип од сончевите часовници.rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrn

    10. Зошто тркалото има кружна форма?

    rnКружната форма е совршена за да се тркала на рамни површини. Поради тоа што сите точки од тркалото се на исто растојание од неговиот центар, тој постојано останува на иста висина од земјата и возилата не се поместуваат нагоре-надолу додека се движат на патот. Доколку површините на патиштата беа нерамни, тогаш би ни било поудобно да се возиме во возила со тркала во форма на квадрат! Сосем случајно, проблемот за конечната форма на тркалата бил решен од ученикот Дмитри Тарусов кој бил второ одделение! По примерот на вистинските научници, момчето формулирало хипотеза и спровело голем број експерименти со колички направени од Лего коцки кои се обидувал да ги движи со тркала во различни форми.rnrn10-те најпознати детски прашања кои не сте знаеле како да ги одговоритеrnrnСветот е полн со мистерии кои дури и 8-годишно дете може да ги реши ако е доволно љубопитно и ако има желба за учење. Би требало почесто да го следиме примерот на децата и којзнае што сè би можеле да откриеме и измислиме!

  • 6 начини да ја задржите позитивната енергија дури и во најтешките моменти

    6 начини да ја задржите позитивната енергија дури и во најтешките моменти

    Независно дали тежината од поголемите проблеми во вашиот живот ве турка надолу или сте се разочарале од некоја текстуална порака од вашите најблиски, природата на човечкиот стрес ве тера да влезете во еден режим на преживување. Вашиот карактер може да се промени и често не на добро. Не само што ќе се чувствувате лошо со тоа што се однесувате лошо со другите, туку и вашиот внатрешен критичар ќе сака да излезе на површина во што поскоро време. Во тој контекст, прочитајте како можете да вежбате самопочит и љубов кон себе и да останете позитивни дури и во најстресните ситуации.rnrn6 начини да ја задржите позитивната енергијаrn

    1. Останете смирени

    rnКористете го вашето тело за да го оживеете вашиот посреќен и попаметен мозок. Забавете го дишењето и длабоко дишете за да внесете што повеќе кислород и да ја подобрите работата на мозокот. На тој начин поуспешно ќе ја пренасочите својата изгубена перспектива.rn

    2. Разјаснете ги работите

    rnФокусирајте се на она што сметате дека е надвор од вашата контрола. Во стресните периоди, човекот природно ги преувеличува работите, ширејќи го чувството на неуспех насекаде околу себе, без претходно да размисли што е тоа што ментално го предизвикува. Кога ќе се запрашате што е тоа што не можете да го контролирате, тогаш ќе можете правилно да го идентификувате и адресирате проблемот и да пронајдете соодветно решение.rn

    3. Бидете љубопитни

    rnОлицетворете го својот истражувачки карактер и запрашајте се каква лекција можете да научите од ситуацијата низ која моментално поминувате. Поставувањето прашања ги активира фронталниот череп и креативноста, но и ја проширува перспективата. Што е тоа што би ве трансформирало од жртва во војник?rn

    4. Бидете храбри

    rnПретставувајќи се себеси и мислејќи дека сте похрабри и помоќни од предизвикот со кој се соочувате може значително да го подобри крајниот резултат и да ги намали ефектите од стресот врз телото и умот.rn

    5. Покажете сочувство

    rnСочувството и емпатијата е уште еден начин со кој ќе си помогнете да станете подобра личност која ќе ја поседува силата, а не слабоста. Посебно кога треба да бидете емпатични кон самите себе. Кога последен пат сте биле љубезни кон себе како што сте биле љубезни кон своите пријатели?rn

    6. Бидете благодарни

    rnФокусирајте се на чувството на благодарност и ценење за да ослободите хемикалии во организмот кои ќе се борат против хормоните на стресот. Можеби не можете да го промените светот, но затоа можете успешно да ја промените ситуацијата во која се наоѓате на подобро и да ги решите сите проблеми кои ве прават нервозни и анксиозни.

  • Ако се пронајдете во овие 7 нешта, тогаш можеби природно сте гениј

    Ако се пронајдете во овие 7 нешта, тогаш можеби природно сте гениј

    Дали знаевте дека можеби навистина сте гениј? Дури и ако не се сметате себеси за супериорно интелигентни, може да поседувате одредени карактеристики кои ги делат луѓето со висок коефициент на интелигенција. Според психолошките студии, генијалците имаат неколку заеднички особини, навики и однесувања. Ако некои од овие 7 карактеристики кои следуваат во продолжение се однесуваат на вас, тогаш можеби сте многу попаметни отколку што мислевте.rnrnАко се пронајдете во овие 7 нешта, тогаш можеби природно сте генијrn

    1. Љубопитни сте за сѐ

    rnДали постојано се информирате за различни теми или често барате одговори на прашања кои ви се вртат во главата, на интернет? Дали правите мали експерименти за да видите што ќе се случи, дури и кога станува збор за мали работи како мешање и додавање состојки во некој рецепт? Генијалците се природно љубопитни личности. Тие постојано формулираат прашања и потоа се обидуваат да ги пронајдат одговорите.rn

    2. Разговарате со самите себеси

    rnАко честопати ве забележуваат дека си зборувате со самите себеси, не грижете се, тоа можеби е знак дека сте гениј. Кога вашиот ум постојано работи, често се среќавате со проблеми, дијалози и идеи кои мора поединечно да ги разработите. Колку што е покомплициран процесот, толку е поверојатно да почнете да разговарате со себе.rn

    3. Постојано читате

    rnМногу луѓе го сакаат читањето, но генијалците се скоро опседнати со тоа. Некои од нив се фокусираат на еден жанр, како на пример научна фантастика или трилер. Други сакаат да располагаат со поширок спектар на теми, вклучувајќи ги и фиктивните и реалните приказни. Независно што читате, ако вашите полици за книги се полни или постојано барате нови книги на интернет, тогаш се вбројувате во генијалците.rn

    4. Обожавате да го предизвикувате својот интелект

    rnДали ги сакате логичките игри, игрите со зборови, квизовите и загатките кои го тестираат вашиот мозок? Многу генијалци решаваат содоку или крстозбор исто толку импулсивно и по навика како што некои луѓе го проверуваат својот профил на Фејсбук.rn

    5. Често заборавате

    rnВисоко интелигентните луѓе ги оптоваруваат своите мисли со многу комплицирани и тешки работи. Тие се преокупирани со разни проекти и идеи. Како резултат на ова, тие ги забораваат едноставните и секојдневните задачи како што се закажаните средби или изгубените клучеви. Затоа, немојте да се грижите кога нареден пат ќе влезете во собата и ќе заборавите зошто воопшто сте влегле. Тоа е знак дека сте гениј.rn

    6. Сте имале потешко минато

    rnСите сме читале за трауматичните детства на генијалците и начините на кои тие се обидуваат да се справат или помират со тоа, како што се алкохолот и дрогата. Тоа не е само сценариски трик за да се долови приказната или карактерот на ликот. Нема да биде потребно многу време за да се направи листа на музичари, писатели, уметници, научници и други креативни генијалци кои се соочиле со зависноста. Очигледно, ова е сосема нездраво и непотребно и по секоја цена треба да се избегнува, бидејќи така само можете да направите поголема штета, како на својот мозок така и на организмот во целост. Но, ако сте имале некои минати експериментирања, знајте дека тоа не е невообичаено за генијалните умови.rn

    7. Премногу размислувате и се грижите за работите

    rnМислите дека сите генијалци се полни со самодоверба. Сепак се генијалци. Но, вистината е сосема поинаква и вели дека генијалците навидум изгледаат сигурни во себе, но кога се сами, тие се полни со сомнеж. Тие знаат дека не постојат само црно-бели одговори и дека вистината и знаењето континуирано еволуираат и се прошируваат. Како последица на тоа, тие се чувствуваат неспособно и понекогаш се сомневаат во себе и своите избори и одлуки.

  • Како да се справите со својата љубопитност?

    Како да се справите со својата љубопитност?

    Не, не мислиме само на љубопитноста која ве тера да го пикате вашиот нос во туѓата приватност. Но и тоа се смета за љубопитност, која укажува на детективски талент, па можеби ќе можете да ја искористите на начин за да бидете корисни за себе и за општеството, наместо да носите наоколу имагинарна лепенка на која со имагинарни флуоресцентни букви пишува „Радио Милева“. А таа фреквенција, сега или подоцна, сите ќе ја откријат, дури и пред да им појде од рака да го прочитаат невидливиот натпис.rnrn2-kako-da-se-spravite-so-svojata-ljubopitnost-www.kafepauza.mk_rnrnЗначи, мислиме на љубопитноста која ве тера да дознавате, да споредувате, да испитувате, никогаш да не се задоволувате со половични одговори, да брзате и да поставувате незгодни прашања. Љубопитноста и тактичноста не одат заедно. Стрелите на љубопитноста може да одлетаат далеку, толку многу што некогаш ќе ја промашите целта и ќе погодите некого на некое незгодно место. Научете да ракувате со својот лак.rnrnЉубопитноста секогаш „поставува“ прашања, а прашањата водат кон нови прашања – истото важи и за одговорите. Првото правило за справување со љубопитноста гласи:rn

    Почитувајте го редоследот: Прво прашање, па одговор, па прашање

    rnНа вашиот љубопитен ум му е потребна организација. За да не се дезориентирате поставувајќи многубројни прашања одеднаш, најпрво поставете ги почетните, приоритетни прашања. А потоа истражувајте, сè додека не ги пронајдете одговорите. Патем ќе ви текнуваат сè повеќе и повеќе прашања – запишете ги. Позанимавајте се со нив кога ќе пронајдете некои одговори. Уште подобро, најпрво позанимавајте се со одговорите. Набљудувајте ги, испитајте ги и анализирајте ги, а кога ќе излезат нови прашања, споредете ги со запишаната листа. Потоа елиминирајте ги периферните прашања и започнете потрага по приоритетните одговори.rnrnНа тој начин ќе стигнете до нова листа на прашања. Дисциплинирајте се и работете систематски. Замислите дека сте си сами на себе секретарка која води евиденција за редоследот на прашањата и одговорите. Сервисирајте го својот ум. Помогнете му во организацијата.rn

    Не игнорирајте ги стравовите, огнените желби и загрижености – обидете се да ги разберете

    rnВашиот ум е чувствителен инструмент. Учејќи да го користите како лак кој исфрла стрели и ги погодува метите, мора да се фокусирате, но исто така не треба да ги заборавите нарушувачките фактори. Бидејќи тоа се информации, кои бараат да им се посвети внимание за да ви пренесат порака која ќе ви биде од корист. Кога ќе се појават, престанете да се занимавате со прашањата и одговорите, престанете да истражувате и потполно посветете се на она што ве загрижува. Можеби чувствата кои ги чувствувате ви велат дека треба да ја смените вашата перцепција, да пристапите кон решавањето на проблемот на подруг начин или пак ви откриваат дека проблемот воопшто не е она кон коешто сте целеле, туку нешто сосема друго.rnrnТоа што сакате да го постигнете, можеби е маскирано, а вашиот чувствителен инструмент ви покажува како да го демаскирате. Тоа што е вон вас е поврзано со нешто витално во вас. Затоа горите од љубопитност, затоа страстите ве тераат да истражувате, да се обидувате и да се трудите, онаму каде што никој друг освен вас не ја гледа смислата, ниту патот, ниту целта. Сè во вас има одговори, дури и стравови. Збунетост и желба. Набљудувајте се себеси, истражувајте се, бидете љубопитни во однос на вашиот ум и емоции, работете темелно и истовремено интуитивно, како да се обидувате да решите загатка.

  • 7 детски карактеристики кои можат да го направат вашиот живот многу посреќен

    7 детски карактеристики кои можат да го направат вашиот живот многу посреќен

    Кога бевме деца, сонувавме да станеме возрасни. Но, кога конечно пораснавме, стресот во животот постојано нè тера да посакуваме да бидеме повторно деца. И покрај тоа што детството е нешто што никогаш нема да можете да го вратите, сепак доколку допрете длабоко во себе, ќе можете да најдете одредени детски карактеристики кои со текот на годините сте успеале да ги заборавите. Овие карактеристики не само што ќе ве направат поуспешни на сите полиња од вашиот живот, туку и ќе ви помогнат да бидете многу посреќни и поисполнети од кога било претходно.rnrn7 детски карактеристики кои можат да го направат вашиот живот многу посреќенrn

    1. Љубопитност

    rnДецата се неверојатно љубопитни. Тие можат да постават 1.000 прашања и откако ќе чујат 1.000 одговори, ќе постават уште 1.000 нови прашања. Љубопитноста е карактеристика која недостасува кај голем број возрасни, па токму затоа и често се случува тие да „тапкаат“ во место во својот живот. Љубопитноста отвора многу врати, создава креативност и ја поттикнува фантазијата. Доколку ја вратите оваа карактеристика во себе, вие ќе почнете да го гледате светот од сосема нова перспектива.rn

    2. Возбуда

    rnДецата се возбудуваат за сè! Секоја активност е нова авантура, нова можност да истражуваат, нов забавен и интересен предизвик. Замислете како би било доколку секоја возрасна индивидуа ја доведе оваа детска енергија во својата работа, или пак, во потрагата по личните цели. Ние дефинитивно би сведочеле на голем скок во продуктивноста и иновацијата. Многумина од возрасните ја изгубиле возбудата за животот и тие едноставно само ги оставаат деновите да ги одминуваат. Тоа не е начин на кој треба да го живеете вашиот живот. Користете ја перспективата на децата со цел да ја разгорите онаа страст за животот која некогаш сте ја поседувале во себе.rn

    3. Верба

    rnДоколку прашате некое дете што тоа сака да биде кога ќе порасне, не само што ќе добиете детален одговор, туку тоа дете ќе ги каже своите цели со висока самодоверба, како да знае дека навистина ќе ги оствари. Родителите постојано им кажуваат на своите деца дека можат да постигнат сè што ќе намислат, но изгледа тие го игнорираат овој совет кога станува збор за нив. Некако по патот на растењето, оваа самодоверба исчезнала и на нејзиното место настанала сомнеж. Вратете ја вербата во себе и употребете ја како прв чекор при остварувањето на вашите соништа.rn

    4. Доверба

    rnДецата им веруваат целосно на своите родители. Тие го прават тоа бидејќи не постојат други луѓе на кои би можеле да се потпрат за својата добросостојба. Како што растете, така оваа доверба во луѓето се заменува со циничност и параноја. Ние не велиме да им верувате на сите личности кои ќе ги сретнете во вашиот живот, туку едноставно да го отворите срцето кон оние кои ви мислат само добро. Како човечки суштества, ние имаме потреба од другите со цел нашите животи да бидат исполнети, па токму затоа можеби е време да го спуштите малку вашиот штит.rn

    5. Вчудовиденост

    rnДецата се вчудовидени од нешто на секои 5 минути. Без разлика каде се или што прават, тие можат да бидат воодушевени дури и од наједноставните објекти и околини. Како возрасни, ние го губиме погледот кон неверојатните нешта кои постојат на оваа планета бидејќи едноставно сме навикнале на нивното присуство. Секојдневните монотони рутини нè одвлекуваат од фактот дека живееме на планета која е само една минијатурна точка во галаксијата, која пак е дел од илјадниците милијарди галаксии во универзумот. Подигнете го малку вашиот поглед од смартфонот и одвојте време да се воодушевувате на природната убавина околу вас.rn

    6. Краткотрајна меморија

    rnДецата можат да се трансформираат од лице прелиено со солзи до насмевка од уво до уво за само неколку секунди. Тие не ги анализираат минатите искуства во детали, па токму затоа и секојдневните проблеми не ги држат будни до ниедно време. Тие едноставно легнуваат да спијат и следното утро го почнуваат денот одново, како да им е првиот ден на оваа планета. Животот е премногу краток за да трпите болка, предавство и разочарувања на дневна база!rn

    7. Упорност

    rnДецата не се откажуваат лесно. Доколку добијат „не“ за одговор, големи се шансите дека ќе ви се качат на глава сè додека не им го дадете она кое го побарале од вас. Тие едноставно имаат природна дарба за справување со одбивањето и не прифаќаат ништо помалку од она кое сметаат дека го заслужиле. Вратете ја вашата детска упорност и амбиција и не откажувајте се од оние нешта кои ги сакате.

  • 5 фази низ кои поминуваат сите жени откако нивниот бивш дечко ќе си фати нова девојка

    5 фази низ кои поминуваат сите жени откако нивниот бивш дечко ќе си фати нова девојка

    Без разлика дали сте дознале преку социјалните мрежи или преку заедничките пријатели, вашиот свет на неколку секунди се смрзнува откако ќе откриете дека вашето поранешно момче има нова девојка во неговиот живот. Но, што поточно се случува потоа?rnrn5 фази низ кои поминуваат сите жени откако нивниот бивш дечко ќе си фати нова девојкаrn

    1. Шок

    rnПо основната информација за новата врска на вашиот бивш, вие ќе почувствувате како времето да сопрело на неколку секунди. Откако планетата повторно ќе почне да се врти, малку побавно од вообичаено, вие ќе почнете да им ѕвоните на вашите пријателки бидејќи ви е потребно некој да ве ислуша и разбере.rn

    2. Љубопитност

    rnПо првичниот шок, вие се трансформирате во Шерлок Холмс. „Која е таа? Како изгледа? Што има таа што немам јас? Колку долго тоа трае? Дали ме изневерувал со неа?“ Низ вашата глава се вртат илјадници прашања и ниту еден одговор. Ниту една жена не може да ја прескокне оваа фаза, дури и ако веќе не чувствува ништо за нејзиниот поранешен дечко.rn

    3. Нервирање

    rnВие почнувате да се нервирате за неговата среќа и се прашувате како е можно толку брзо да нашол нова посебна личност. Вие сте убедени дека сте му значеле повеќе и дека ќе му било потребно многу повеќе време за да ве преболи. Но, факт е дека вие никогаш нема да ја дознаете целосната приказна за новата врска на вашиот бивш дечко, па токму затоа можете само да претпоставувате. Луѓето знаат да бидат во врска поради досада, поради одмазда, за да глумат среќа… Сфаќате што сакаме да кажеме.rn

    4. Тага

    rnВо оваа фаза вие почнувате да се прашувате што не е во ред со вас и зошто сè уште не барате друга личност. Се прашувате што се случува со вас, каде сте вие во овој момент, ги преиспитувате сите планови за иднината и ги анализирате сите вашите однесувања.rn

    5. Прифаќање

    rnПо некое време, кое варира од жена до жена, вие ќе се почувствувате како да сте се разбудиле од лош сон и ќе сфатите дека сè тоа е веќе зад вас. Од овој момент почнува планирање на нови авантури и се појавува возбуда поради нив бидејќи никогаш не знаете што ве чека утре. Сега е важна само вашата среќа, а не фактот со која личност е тој.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn