Есен е. Сите ние ги забележуваме промените кои настануваат во надворешната околина. Лисјата со прекрасни бои по некое време опаѓаат и се чини како да газите по тепих од листови. Но, сте се запрашале ли, како се одвива тој процес на опаѓање на листовите?
Годишниот циклус на развиток на растенијата започнува со ‘ртењето на семето и формирање на органите за вегетативно размножување и завршува со формирање на репродуктивните органи, цвет, плод и семе. Овие процеси се во согласност со смената на годишните времиња и завршуваат пред да настапи неповолната сезона за растење.rnrnЕдногодишните растенија во зимскиот период изумираат, но, во текот на периодот кој е поволен за нивниот развиток, формираат семе од кое ќе се развие следната генерација. Во периодот на мирување сите функции на растението се сведени на минимум, сè дур не се појават поволни надворешни услови за нивно повторно развивање.
Кај растенијата, органите кои треба да се отфрлат влегуваат во фаза на мирување или сенесценција. Тоа го претставува завршниот животен стадиум на лисјата и другите органи. Оваа појава е поврзана со паѓањето на листовите кај листопадните растенија или уште позната како абцисија. Абцисијата настанува во услови на суша, при повреда или кога растението е нападното од патогени организми. Овој термин ги опфаќа сите процеси кои предизвикуваат откинување на сите врски меѓу клетките со што доаѓа до опаѓање на одредени делови на растението.
Овој процес, всушност, се состои од ензимско разградување на деловите меѓу живите и оние делови кои треба да опаднат. Зоната на абцисија кај листот се наоѓа во основата на листната дршка. Оваа зона е изградена од неколку слоја на клетки кои се подложни на влијанието на растителните хормони ауксини и етилен. Впрочем, тие се двата фитохормони кои највеќе го стимулираат опаѓањето на листовите.rnrn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: лисја
-

Тепих од паднати есенски лисја
Улиците во Лондон се најчесто опишани како валкани, сиви и еднолични. Но овој пат, лоциран во главниот град на Англија, добил драматичен изглед, како резултат на невообичаените жешки климатски прилики и предвременото паѓање на есенските лисја.
На прв поглед, оваа улица има најобичен октомвриски изглед, прекриена со стотици паднати, жолти есенски лисја. Но, кога ќе се загледате подобро, ќе забележите дека овој тепих од есенски лисја има правилни, остри впечатливи рабови и правоаголен асфалтен дел кој е тотално незасегнат од листовите.
Возачите и пешаците останале збунети од ваквиот изглед на улицата. Мислеле дека можеби е некој уметнички уличен проект, дизајниран за да ја разубави околината. Сепак, за ваквата појава, постои поинакво, но логично објаснување. Се смета дека експлозивниот топлотен бран, кој го зафатил Лондон во првата седмица од октомври, го омекнал овој дел од асфалтот и го направил леплив. Потоа, рано паднатите есенски лисја се вградиле во асфалтот, како резултат на притисокот од гумите на возилата. Така настанал овој фантастичен жолто-златен колаж на мајката природа. Дали оваа уметност без автор, ќе ја преживее зимата, останува на времето да покаже.


rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказни
Уметниците постојано изнаоѓаат нови начини за да ја искажат својата креативност. Доколку ја погледнете првата слика, можеби ќе си помислите дека е направена со техниката масло на платно, но всушност се работи за вистински лист земен од природата и детално исецкан до перфекција.rnrn
rnrnЛоренцо Дуран ги собира најидеалните лисја, а потоа ги мие, суши, пресува и нежно ги сече додека не ги претвори во прекрасна уметност. Техниката се базира на правењето исечоци на хартија, која е карактеристична за Кина, Јапонија, Германија и Швајцарија.rnrn

rnrn rn„Секогаш сечам со скалпел на суви лисја… Сета работа која се состои во сечење, сушење и врамување ја имам научено сам. Имам исечено многу лисја и повеќето од нив завршиле во ѓубре, но полека, полека, развивам метод благодарение на кој тие нема да се кршат.“
rn

rnrn rn„Целиот процес се состои во: собирање на лисјата, миење, сушење, пресување и сечење. Додека се наоѓаат во пресата, правам цртеж кој го прикачувам за листот пред да почнам да го сечам. На крајот, го одлепувам и токму овој последен чекор е најделикатен бидејќи листот е толку кревок, па повеќедневната работа може да биде лесно уништена само за момент.“
rn


rnrn rn„Овој процес секогаш резултира со оригинален цртеж и оригинален лист, кој ѝ дава на творбата свој уникатен карактер.“
rn

rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Посакајте ѝ добредојде на есента
Лисјата од дрвјата почнуваат да паѓаат, времето почнува да заладува, боите во природата сосема се менуваат. Есента ни пристигна. Еве како изгледаат природните убавини во ова годишно време.rnrn

rnrnДали е ова вашето омилено годишно време?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
