КАФЕ ПАУЗА

Tag: лисја

  • Бои на есента кои го одземаат здивот

    Бои на есента кои го одземаат здивот

    Доаѓањето на есента покрај најавата за ладно време, врнежи и тмурни денови има и свои позитивни страни. Паѓањето на лисјата кои добиваат нијанси на црвена, портокалова, кафена и златно-жолта боја прават прекрасни пејзажи кои оставаат без зборови и го одземаат здивот. Ова се неколку фотографии кои ќе ви го направат денот поубав, иако ги гледате на монитор.rnrnБои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивот Бои на есента кои го одземаат здивотrnrn

  • Како да ја надминете есенската депресија?

    Како да ја надминете есенската депресија?

    Можеби есента ве асоцира на дождови и збогување со летото, но не мора да биде така. Ова се неколку одлични начини да ја надминете депресијата во есен.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rnrnМенувањето на годишното време нè поттикнува да размислуваме за новите почетоци и нè прави креативни. Новата сезона е секогаш добар начин да внесете промена во вашето секојдневие. Тогаш зошто да не се фокусирате на позитивните страни на ова годишно време?rn

    Декорирајте го домот

    rnСамо неколку мали декорации или разместување на мебелот навистина ќе внесат промена во вашиот дом. Внесете „есенско“ расположение во домот или канцеларијата. Клучните елементи на ваквата декорација би биле топлите бои од есенската палета. Доволни се мали промени, нова ѕидна слика, нови тапети, рамки за слики, шолји за кафе и сл. Есенската промена нека се почувствува и во вашиот двор или градина. Есенските цветови ќе ја разбијат монотонијата на тмурното време.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Во допир со природата

    rnЕсента е вистинска прилика да избегате од цивилизацијата и да дојдете во допир со природата. Одете на излет, кампување, организирајте семеен собир и уживајте во есенските пејзажи. Во таквата пригода ќе имате можност да формирате своја есенска колекција, собирајќи пожолтени лисја или есенски плодови.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Бидете креативни

    rnКога би направиле забава со тикви ако не во есен? Соберете ги семејството и пријателите и започнете натпревар за најубав цртеж во тиква. Ќе ја поттикнете креативноста и натпреварувачкиот дух како никогаш досега. Во тиквите лесно се гравираат најразлични форми. Којзнае, можеби ќе откриете вистински талент кај себе или кај некој друг.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Есен во вашиот плакар

    rnНова сезона, нови модели и креации. Време е есенската гардероба да си го заземе своето место во вашиот плакар. Искористете го слободното време за шопинг и за изработка на нови парчиња облека или накит од старите искористени работи.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Викенд-прибежиште

    rnЕсента и дождливото време се навистина романтична пригода. Време е да бидете романтични како никогаш претходно. Предложете му на вашиот/та љубен/а да заминете на викенд надвор од местото на живеење. Можеби некое планинско село вистински ќе ја разгори љубовта кон природата и секако, вашата љубов еден за друг.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

    Промена

    rnДонесете цврста одлука за која порано сте немале храброст, соберете сила за некаква промена во вашиот живот. Можеби ново работно место, аплицирање за некој курс, промена на местото на живеење, промена во начинот на работа, нов проект… Имате безброј опции. Есента е сталожено годишно време, погодно за свеж почеток.

  • Сибирска хаска се радува во куп суви лисја

    Сибирска хаска се радува во куп суви лисја

    Буч е сибирска хаска која очигледно сака да помага околу обврските во дворот. Само што нејзиниот сопственик ги собрал сувите лисја на куп, Буч решил да помогне. Неговата помош е дискутабилна, но неговата радост е видливо неизмерна.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Примамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгија

    Примамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгија

    Фотографииве ќе направат магично да заборавиш на летните денови и да се радуваш за убавите денови кои се пред тебе.rn

    Здраво пријателе,

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Слушнавме дека си тажен бидејќи летото завршува.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Доаѓа новата сезона во градот.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Ја викаме есен…

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    И таа е вистинска убавица.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Не велиме дека твоето мислење за есента треба да се базира само на естетскиот изглед.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Но, едноставно есента е навистина убава.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    На некој начин те тера да се запрашаш зошто некогаш воопшто си го сакал летото, нели?

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Летото ги нема овие интензивни бои.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Ги нема овие длабоки нијанси и сенки.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Што ви недостига од летото? Сонцето? Забавата? Долгите вечерни прошетки?

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Што ќе ти е? И есента има сонце, а прошетките во ова годишно време се волшебни!

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Наскоро ќе ги видиш оние блескаво златни лисја…

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Колоритната експлозија од листови…

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    И таа огнена мистерија која постои само од септември до ноември.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Сериозно, на кого му е потребно лето?

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Ќе ти биде многу поубаво без него.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    И ќе ти биде мило што завршува.

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Чао лето!

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrn

    Здравооооо, есен!

    rnПримамливи есенски фотографии кои ќе те натераат да заборавиш на летната носталгијаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разнобојните дрвја во Колорадо

    Разнобојните дрвја во Колорадо

    Со изразито бели стебла и листови кои магично ја менуваат бојата, јасиките претставуваат прекрасна глетка за секој, а неверојатна инспирација за фотографите. Тие ја менуваат бојата од летно зелена, светло златна, па сè до јако црвена. Ова е причина што многу туристи го посетуваат Колорадо наесен со цел да ги фотографираат овие дрвја додека се случува промената.rnrnРазнобојните дрвја во КолорадоrnrnНајдобриот период за ова е од средината на септември до средината на октомври кога всушност лисјата паѓаат. Во овој кус период, кој може да трае и само една недела, листовите се менуваат, а благодарение на фотографите имаме можност да ја забележиме таа промена и да се воодушевуваме на боите со кои нè зашеметува природата.rnrnРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоrnrnФотографот Џои Моран изгледа бил најсреќен од сите. Тој успеал да ги фати сите бои одеднаш. Тој за неговата слика (најгоре) вели:rn
    rn

    „Виножито од бои на група јасики близу Аспен, Колорадо. Есента во Аспен е нешто што е многу тешко да се објасни. Толку е убаво, каде и да погледнеш има јасики кои се златни, црвени, портокалови и во многу други бои. Земјата е поплавена со злато од лисјата кои паднале.rnrnЈа забележав оваа група дрвја покрај патот. Тоа беше најдобрата комбинација од дрвја која ја видов на целото патување. Застанав, си ги ставив слушалките и почнав да пешачам. Изгледаше како да е близу, но одев половина час за да стигнам до нив. Бев сосема сам, беше мртва тишина и го застанав за момент. Човеку… ова е убаво! Почнав да сликам, тоа траеше неколку часа и ова е тоа што произлезе.“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто ја сакаме есента?

    Зошто ја сакаме есента?

    Секое годишно време си има свои добри и лоши страни, работи кои повеќе или помалку ни одговараат. Можеби во ова по малку ладничко и тмурно време ви се јавува огромна желба да се излежувате на песочна плажа, но да не забораваме дека сепак, есента е еден прекрасен период од годината. Еве во што сè можеме да уживаме во есен:rnrnЗошто ја сакаме есента?rnrnЧекорењето по паднатите лисја – Додека сте топло облечени, шетајќи по парковите и улиците, можете да газите по паднатите лисја. Звукот кој произлегува од секој ваш чекор уште повеќе ви наговестува дека е есен. Може да се сликате додека со друштвото лудувате фрлајќи есенски лисја. Нели тоа се најубавите спомени и незаборавни моменти „фатени“ на слика?rnrnЕсенските модни додатоци – Признајте, есента ги носи најубавите модни додатоци. Секакви капчиња, марами и накит. И сите тие имаат едно нешто заедничко – есенски шмек. Есента е вистинско време за купување накит и за правење најразлични модни комбинации, не дозволувајте ништо да ве ограничува.rnrnЕсенските јадења и топли напивки – Топло чајче или кафе додека надвор врне, а вие се опуштате до добра книга… Зимници, вкусни јадења и пити подготвени со сезонско овошје. Мирисот на ајвар или слатко. Есента е вистинското годишно време за гурманите. Плус, не мора толку да сте опседнати со килограмите знаејќи дека доаѓа зима. Мераци!rnrnЗошто ја сакаме есента?rnrnВреме за „средување“ на мислите – За разлика од лето, вечерните лудувања се поретки, а и не можете по цели денови да шетате особено кога температурите се ниски. Но тоа не е недостатокот на есента, напротив тоа е нејзината предност. Имате време да си ги средите мислите, плановите и очекувањата. Да им обрнете внимание на вашите најдлабоки чувства, да се пронајдете себеси, да уживате во дождовните капки. И да не сте по природа уметнички души, есента ќе ве натера да станете.rnrnЗошто ја сакаме есента?rnrnЕсенското зајдисонце – Изгрејсонцето а и зајдисонцето во есен се најубави, магични глетки. Погледот кон зајдисонцето додека истовремено сте опкружени со лисја, е црвено–жолта глетка која одзема здив. Есента е годишно време кое изобилува со најтопли бои, а топлите бои ја топлат и душата.rnrnЕсенската романтика – Кога ќе ве гушне љубениот/та, веќе ви станува јасно зошто есента е најроматичното годишно време. Заеднички прошетки и романтични ноќи е она во што можете да уживате во есен. Кога врне, стиснете се под еден чадор. Всушност, есента придонесува за заштита и топлина која ја добивате во прегратките на вашите сакани.rnrnЗошто ја сакаме есента?rnrnШто е она што вам најмногу ви се допаѓа кај ова годишно време?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Есенски лисја аранжирани во боите на виножитото

    Есенски лисја аранжирани во боите на виножитото

    Есента конечно зема полн замав, па во таа чест решивме да склопиме повеќе фотографии од различни артисти, кои прецизно ги уредиле есенските лисја, за да личат на виножита и да ни го приближат шармот кој го има ова годишно време. Се надеваме дека ќе уживате во нив.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шармот на есента

    Шармот на есента

    Ништо не ја сигнализира транзицијата од летото кон есента, како промената на бојата на листовите. Во оваа прекрасна фотографија гледаме осамен прозорец, опкружен со бршлен. За оние кои имаа впечаток дека ова дрво не ја менува бојата на лисјата, мораме да кажеме дека тоа е точно. Но, ова е јапонски бршлен, кој ја менува бојата наесен. Уживајте неколку секунди во овој прекрасен есенски ѕид, кој ни ја најавува задоцнетата есен оваа година. 🙂Шармот на есентаФотографијата е дело на фотографот кој се крие зад псевдонимот Kala.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Извонредни фотографии и факти за горилата

    Извонредни фотографии и факти за горилата

    Пред да ја спориме или одобруваме Дарвиновата теорија за еволуцијата, би било добро да се информираме и за горилата. 🙂 Следуваат неколку интересни податоци и одлични фотографии од овој, за жал, загрозен вид човеколики мајмуни…Извонредни фотографии и факти за горилата1. Горилата се најголемите преживеани примати во светот и најблиски „роднини“ на човекот, веднаш по шимпанзата (bonobo и common chimpanzee). Тие се фасцинантни животни со натпросечна интелигенција. Нивните изрази на лицето наликуваат на нашите. Нивната ДНК е од 95% до 99% слична со човечката.Извонредни фотографии и факти за горилата2. Тие се копнени и тревопасни животни, кои најмногу ги има во тропските шуми во централна Африка. Постојат три видови горила: западнонизински (централно и западноафриканските земји), источнонизински (источниот дел на Демократска Република Конго) и планински.rnrnОд првиот вид има преку 100.000 единки кои живеат во дивината, а 4.000 во зоолошките градини низ светот. Од вториот вид пак, 4.000 се регистрирани во нивното природно живеалиште и 24 во зоолошките. И од третиот и најзагрозен вид, постојат само 620 и сите живеат во дивината, односно во планините, на надморска височина од 4.000 метри. Последниот вид е воедно и најголем од сите три.Извонредни фотографии и факти за горилата3. Возрасните мажјаци, кога ќе се исправат можат да достигнат висина до 1,75 метри, а женките до 1,4 метри, но реалната должина на нивните тела е многу поголема, бидејќи нозете им остануваат свиени. Постои значителна разлика и во нивната тежина. Женките тежат до 100 килограми, а мажјаците до 275 килограми, додека пак добро чуваните и хранети горила во зоолошките, достигнуваат тежина и до 350 кг.rnrnКрзното им е главно црно, но со годините влакната на грбот кај повозрасните мажјаци стануваат сивкасти. Тие кај планинските горила се значително подолги од оние кај низинските. Челото на горилата е драстично испакнато.Извонредни фотографии и факти за горилата4. Горилата се движат на сите четири екстремитети, притоа потпирајќи се на средните прсти од предните екстремитети. Во вечерните часови тие прават гнезда за спиење од лисја и од гранки. Секоја вечер прават ново гнездо и за секое од нив трошат по околу пет минути. Планинските горила гнездата ги прават на земјата, а низинските во крошните на дрвјата.Извонредни фотографии и факти за горилата5. Тие најчесто живеат во групи од по еден мажјак, неколку женки и нивните млади. Но, понекогаш можат да се видат и повеќе мажјаци во една група, која во просек брои 15 горила. Премногу се ретки, но можат да се сретнат и групи од само два примата или од дури 30.rnrnИ онаму каде што живеат повеќе мажјаци, сепак во улога на лидер е само еден од нив, и само тој има право да се пари со женките. Лидерот е одговорен за безбедноста на сите во групата, за тоа каде ќе се движат и каде ќе преноќат.Извонредни фотографии и факти за горилата6. Движењето на групите е доста флексибилно, односно привремено се разделуваат во потрага по храна. За оваа цел, низинските горила се искачуваат на дрвја високи и до 20 метри. За разлика од другите видови примати, горилата можат и целосно да се одвојат од групата и да формираат нова.rnrnСепак, групите се долговечни и понекогаш доаѓа до борба меѓу мажјаците за позицијата на лидер. Ако победи нов мажјак, тој ги убива сите деца на неговите претходници, бидејќи женките не можат да се парат и не се плодни додека ги дојат нивните малечки.Извонредни фотографии и факти за горилата7. Кај горилата не е изразено територијалното однесување. Повеќе групи можат да бараат храна во една иста област, притоа избегнувајќи директен контакт едни со други. Со оглед на тоа што храната им се состои главно од лисја и овошје (во зависност од сезоната), потрагата не е долга и не опфаќа големи и далечни подрачја. Една од причините е тоа што лисјата ги има во изобилство, а другата тоа што тие имаат ниска хранлива вредност, па затоа горилата се принудени да ја минимизираат активноста.rnrnЕдно возрасно животно дневно може да изеде околу 25 килограми. Често лисјата ги голтаат цели за да ги уништат празитите. Несвесно јадат и инсекти, кои се наоѓаат во лисјата.Извонредни фотографии и факти за горилата8. Горилата произведуваат повеќе гласови, како за комуникација со членовите на групата, така и за да ги информираат другите групи за својата позиција или пак да изразат агресија.rnrnЗа горилата е типично удирањето во градите. Порано се верувало дека тоа го прават само постарите мажјаци, но денес е познато дека го практикуваат сите горила. Најверојатно тоа им служи за обележување на местото на кое се наоѓаат или пак се работи за некој ритуален поздрав.Извонредни фотографии и факти за горилата9. Тие немаат фиксно одреден период за парење во годината. Бременоста кај женката трае од 8,5 до 9 месеци. Малечките се раѓаат тешки околу два килограми, но брзо се развиваат. Тие се многу ранливи и целосно зависат од грижата на мајката. Таа за своето бебе се грижи до неговата 4-та година, па потоа повторно се пари. Мажите не учествуваат активно во одгледувањето на младите. Горилата живеат до 50 години, а оние во зоолошките градини можат да доживеат и 54 години.Извонредни фотографии и факти за горилата10. Горилата е многу тешко да се припитомат. За да се постигне тоа, тие мора да живеат со човекот уште од раѓањето. Доколку доволно ги храните тие ќе бидат послушни, но ако не им се обезбеди доволно храна ќе подиват од глад.rnrnНа возрасните горила им е потребен голем простор, па затоа е невозможно да се чуваат во домашни услови. Како што стареат, желбата за слобода им е сè поголема. Затоа оние кои чуваат горила, кога ќе пораснат им ги препуштаат на зоолошките градини или ги враќаат назад во дивината.Извонредни фотографии и факти за горилата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музика отсвирена на инструменти од природата

    Музика отсвирена на инструменти од природата

    Ова несекојдневно музичко искуство наречено „Музика од природата“ е можност за момент да ги исклучите сите звуци од главата и да се препуштите на она што може да се отсвири со помош на самата природа.Музика отсвирена на инструменти од природата„Музика од природата“ е дело на композиторот Диего Стоко, а е отсвирено исклучиво на инструменти од природата – дрвја, разни плодови, па дури и зуење на инсекти. Композицијата е наменета за да се одбележи Денот на планетата Земја од страна на компанијата Burt’s Bees.rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.