Дали знаевте дека и паднатите лисја можат да послужат како инспирација за вистински уметнички дела? Лито, самоук јапонски уметник, во 2020 година почнал да се занимава со овој уметнички стил и открил дека е совршен начин за справување со АДХД (ментално, бихевиористичко нарушување кое се карактеризира со прекумерна енергија, импулсивност и невнимание кои се несоодветни за возраста на пациентот).rnrnrnrnТој открил дека процесот на креирање на овие чудесни минијатурни уметнички дела му помогнал да ја подобри концентрацијата. Во продолжение погледнете ги овие мали, извонредни изработки.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnОткако ги погледнавте овие изработки, можеби ќе сакате да погледнете и како обичните предмети се претвораат во инспирација за необични илустрации.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Оваа загатка ни доаѓа од Австралија и стана многу популарна на социјалните мрежи. Многумина не можеа да ја пронајдат змијата која се крие во лисјата. Дали ќе успеете вие?rnrnrnrnАко не успеавте, погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”РЕШЕНИЕ:” active=”false”]rnrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДалиможете да ја пронајдете мачката меѓу толпата на луѓе?
Самоукиот уметник Канат Нуртазин започнал да црта во 2013 година и научил сè сам. Неговата уметност не е вообичаена, бидејќи се состои во отсекување на разни форми од лисја од дрвја, понекогаш дури и играње со нивната транспарентност и непроирност за создавање различни теми. Обично, потребни се шест часа за да се заврши проект.rn
Дали некогаш си имате играно со лисјата и им имате направено очи и уста? Тоа се тие детски креации, но еден јапонски уметник познат како lito_leafart на Инстаграм ја носи уметноста на лисјата на едно ново ниво со сложени дизајни.rnrnНа лисјата можете да видите семејство пингвини, желки и многу други слатки креации кои се рачно изработени. Секој дизајн раскажува различна приказна и изгледа како илустрација од детска книга.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
Иако смоквите не се препорачуваат на дијабетирачи поради високото ниво на шеќер, листот од смоква е многу здрав и корисен за оваа група на луѓе, бидејќи помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта. Добрата вест е дека со консумирање на чај можете дури и да спречите дијабетес, бидејќи ќе ја зголемите чувствителноста на инсулин.rnrnЛисјата од смоква особено се препорачуваат за заболувања поврзани со уринарниот и дигестивниот тракт. Нивната консумација помага во намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицериди во крвта, со што се обезбедува дополнителна заштита на срцето и крвните садови. Само дредено ниво на триглицериди е потребно за добро здравје, бидејќи вишокот во организмот значително го зголемува ризикот од дебелина и срцеви заболувања. Затоа листот од смоква помага да се намалата и регулираат.rnrnrn
1. Сушење на лисјата
rnНа крајот на пролетта, летото или есента, земете ги здравите и цели лисја од дрвото и раширете ги на површината каде што ќе ги сушите. Сушете ги во сенка. Можете исто така да ги врзете и да ги закачите за да се сушат така. Знаете дека лисјата се суви кога ќе бидат ивиткани и ќе се распаднат под прстите кога ќе ги фатите. За побрзо да се исушат, можете да ги исечете малку пред да ги ставите да се сушат.rn
2. Чај од лисја од смоква
rnЗа здравствени цели, чајот од лист смоква се препорачува да се пие околу еден месец секој ден, а потоа да се паузира неколку недели, така што повторното консумирање да има подеднакво силен ефект на лекување.rn
3. Помош при дијабетес
rnСтавете 2 лажички суви лисја од смоква во чаша (200 мл) врела вода. Покријте и оставете да стои 10-15 минути. Потоа процедете. Пијте по една чаша од овој чај секое утро со појадок.rn
4. Помош при чир на желудник и афти во усната шуплина
rnСекој ден добро џвакајте 2 лисја од смоква и проголтајте. Покрај тоа што помага при чиреви, тоа ќе ви го освежи здивот и ќе ги ублажи непријатните рани од афти.rn
5. Помош при бронхитис
rnСварете 3 лисја од смоква во вода со малку кафеав шеќер и испијте го чајот.rnrnПокрај дијабетес, чиреви, рани од афти и бронхитис, чајот се препорачува за подобро здравје на срцето, намалување на крвниот притисок, а исто така помага и во лекувањето на рак и анемија.rnrnПрочитајте и зошто смоквата е најлековитото овошје на светот?
Загатките се секогаш интересни, а овојпат треба да го барате сонцето. Погледнете ја фотографијата и обидете се да најдете едно сонце меѓу сите овие лисја и желади. Рекордот е 11 секунди. Дали можете да бидете побрзи?rnrnrnrnАко сè уште не можете да го најдете сонцето, погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”][/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПогледнете ги и овие загатки што ќе ве вратат во детството и обидете се да ги пронајдете 5-те разлики во сцените од филмовите на Дизни.
Омид Асади има 38 години и е поранешен инженер и шампион во бокс од Иран. Тој сега е уметник кој живее во Велика Британија. Уметноста му помага да развие поинаков поглед кон светот и тој работи со разни материјали, но неговата прва љубов е создавањето интересни сцени со деликатно сечење делови од лисја.rnrnАвтопортретrnrnНеговата уметност со лисја влече корени од неговото детство кога развил длабока емоционална поврзаност со природата. Кога бил дете, користел игла за да создаде форми во лисјата или паднатите ливчиња од цветовите. Тој долго време не го користел овој метод, но во 2012 година повторно почнал да ги користи лисјата како основен материјал за неговите уметнички дела.rnrnАсади користи разни техники на сечење и резбање за да создаде форми и облици со чија помош ги претвора обичните лисја во деликатни уметнички дела. Целиот процес одзема навистина многу време, но преку ова тој сака да им покаже на луѓето дека не ја забележуваме убавината на обичните нешта, освен ако нешто не ни го привлече вниманието. Погледнете ја неговата необична уметност што дефинитивно ќе ве остави без зборови…rn
Силуета
rnrn
Страчка
rnrn
Апстрактни форми
rnrn
Лист со запци
rnrn
Мир
rnrn
Сонувајте на големо!
rnrnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите уметнички дела…rnrn
Во овој интересен проект, артистката Вики, позната на социјалните мрежи како „Sister golden“, не користи никаков прибор за работа и помошни материјали како што се лепилото или лентите, туку само природата. Сите парчиња во овие неверојатни портрети доаѓаат директно од земјата. Таа вели дека тоа е нејзиниот начин да оддаде ѝ почит на мајката природа.rnrnrn
„Паднат лист завршува веднаш во мојата торба, бидејќи подоцна може да биде веѓа или уво од куче. Листовите од розата можат да станат усни. Собирам гранчиња кои можат да послужат како образ или брада. Можностите се бесконечни! Има слобода во тоа што знам дека сѐ што правам е привремено“, објаснува таа.
rnrnrnОткако ќе заврши, внимателно, заедно со својата ќерка Брук, го документира секое парче со фотографија, за да не го растури распоредот на работите на масата. Наредниот чекор е да се рециклира сѐ во природата или да се искористи во наредниот проект. Вики вели дека секое парче за неа има терапевтски ефект и ја тера да го поминува времето надвор, пешачејќи и обрнувајќи внимание на нејзината околина.rnrnrnrnИ што е најдобро, сите можат да го прават тоа. Сѐ што треба да направиме е да ја разгледаме околината и да погледнеме каде може да нѐ одведе нашата креативност.rnrn
Воопшто не нè изненадува фактот што многу артисти и дизајнери наоѓаат инспирација во шармот на оваа сезона. Но, артистката Џоана Вирацка од Полска, прави многу повеќе од едноставни есенски пејзажи. Таа со помош на работата на Мајката природа, собира паднати лисја и ги користи како платно за нејзините цртежи. Погледнете дел од оваа неверојатно креативна уметност…rnrnrnrn
Летните денови нѐ одминаа, колку и да ни е тешко тоа да го прифатиме. Љубителите на есента секако може да пронајдат безброј убавини коишто ги нуди ова годишно време. Но, за оние коишто есента ја доживуваат на поинаков начин, овде нудиме неколку креативни идеи кои барем малку ќе ви помогнат со насмевка да ги поминете есенските денови.rn
1. Чинија од есенски лисја
rnОва е една едноставна есенска декорација која може да придонесе за амбиентот во вашиот дом, а не бара многу труд, време и материјали. Сѐ што ви е потребно е балон, лепак и есенски лисја.rnrnrn
2. Рамка од есенски лисја
rnДекорирајте ги вашите рамки со есенски лисја. Едноставно: залепете различни лисја по површината на вашата рамка и внесете разнобојност во вашиот дом.rnrnrn
3. Чаршаф за маса со есенски дизајн
rnПречекајте ги вашите омилени гости со рачно дизајниран чаршаф. Сѐ што ви е потребно за да ја остварите оваа идеја е:rn
rn011
Црвена, жолта, портокалова и бронзена боја
rn011
Бел чаршаф
rn011
Лисја
rn011
Четка
rn011
Лист хартија
rn
rnЧекорите се следниве:rnrn1.Одберете неколку различни лисја и добро измијте ги.rnrnrnrn2.Постелете стар весник врз којшто ќе го поставите чаршафот, со цел да ви остане чиста вашата работна површина.rnrn3. На лист хартија ставете по малку од сите бои. Поставете и друг лист хартија којшто ќе ви послужи како основа за боење на лисјата.rnrn4. Одберете едно ливче и обојте го со четката. Бидете креативни: со сунѓер можете да нанесувате дополнителни бои по рабовите или по средината на листот.rnrnrnrn5.Така обоеното ливче нежно притиснете го на местото од чаршафот каде што сакате да биде вашиот дизајн.rnrn6.Повторете го ова со разни форми на лијса и во различни бои.rnrn