Лејди Гага повторно ќе ја видиме на филмското платно, но овој пат нема да и прави друштво Бредли Купер, туку згодниот Бред Пит. Филмот се вика „Bullet Train“, кој се базира на јапонска мистериозна приказна. Бред ќе глуми платен убиец со прекар „Бубамара“ во филмот, сепак не е познато каква улога ќе има Лејди Гагa, но познато е дека таа нема да биде главната актерка.rnrnrnrn34-годишната пејачка беше номинирана за Оскар за најдобра актерка во филмот „A star is born“ во 2018 година, а по премиерата на филмот се зборуваше многу за романсата меѓу неа и Купер. Врската никогаш не била потврдена, но бракот на Бредли и неговата сопруга Ирина Шајк заврши неславно, како и тогашната врска на Гага со италијанскиот дизајнер. Затоа, воопшто нема сомнежи дека очите на јавноста уште еднаш ќе го следат секој чекор на Лејди Гага, но и на Бред Пит, кој неодамна повторно стана слободен.rnrnМожеби ќе сакате да го погледнете итрејлерот за новиот филм со Том и Џери.
Животната приказна на Лејди Гага докажува дека никој не станува голем без да му се случи некоја катастрофа. Во периодот кога ја започнувала нејзината кариера, „непријателите“ на Лејди Гага направиле Фејсбук група насловена „Стефани Германота, никогаш нема да станеш позната“.rnrnrnrnНеодамна луѓето дознаа за оваа мала заедница и веднаш се вљубија во нејзината иронија. Во групата се наоѓаат фотографии од млада 18-годишна студентка од Њујорк која свири пијано во локални барови. Исто така имало и жестоки коментари со кои ја обвинувале тогаш надежната ѕвезда дека само барала внимание.rnrnrnrnЕдна жена по име Лорен Бон била бруцош во Њујорк кога ја забележала групата и ја споделила со јавноста во 2016-та година со објава на Фејсбук.rn
„Кога бев бруцош на Универзитетот во Њујорк и Фејсбук постоеше само една година се сеќавам дека налетав на Фејсбук група што ми го скрши срцето. Нејзиното име беше ‘Стефани Германота, никогаш нема да бидеш позната’“, напишала Лорен на објавата.rnrn„Исто така се сеќавам дека едно момче објави флаер за една од нејзините следни свирки во локалниот бар. Очигледно го нагазил флаерот бидејќи се познаваше кал од неговиот чевел околу нејзиното име.“
rnrnrnНекој период жената целосно заборавила на групата и на Стефани Германота. Но околу 5 години подоцна, го читала профилот на Лејди Гага во списанието New York Magazine и сфатила за кој станува збор. Таа напишала:rn
„Стефани, ти благодарам. Ти благодарам што секогаш мислеше дека си суперѕвезда, што ги искористи твоите пукнатини за да ѝ дозволиш на светлината да влезе повеќе. Луѓе, да ја следиме.“
Лејди Гага уште еднаш го „запали“ Интернетот со нејзиниот моден избор. За 25-тиот настан организиран од магазинот „Elle“, наречен Жени во Холивуд, кој се одржува во Лос Анџелес, Лејди Гага се појави со преголемо одело од Марк Џејкобс и со коса собрана во пунџа. Како и обично, и овој изглед има своја приказна. За време на нејзиниот говор, таа ја објаснила причината за нејзиниот необичен изглед.rnrnrnrnБидејќи Интернетот е суровото место, сите кои не го ислушале говорот воопшто не ја сфатиле симболиката на големото одело. Корисниците на Твитер почнале да се шегуваат на сметка на Гага и да ја споредуваат со разни ликови.rnrnrnrnНо на Гага воопшто не ѝ е грижа за мислењето на овие луѓе. Таа сигурно ќе продолжи да ги поддржува нештата во коишто верува на различен начин, нагласувајќи ги преку нејзините модни избори. Во продолжение прочитајте го нејзиниот неверојатен говор и откријте ја причината за нејзиниот несекојдневен изглед.rnrnrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnПа, откако пробав околу 10 фустани, со тага во моето срце мислејќи дека е навистина важно што носам на овој црвен тепих, здогледав големо одело од Марк Џејкобс во ќошот. Го облеков пред зачудените очи околу мене. Но, фустанот од Келвин Клајн одлично ти стоеше, ми рекоа. А што е со фустанот од Диор? Многу прашања. Сите беа само фустани.rnrnОва е големо машко одело направено за жени. Не е фустан. И тогаш почнав да плачам. Во овој костим, денес се чувствувам како јас. Во овој костим ја чувствувам вистината за тоа која сум. И тогаш ми стана многу јасно што сакав да кажам вечерва.rnrnКако жртва на сексуално насилство од страна на личност од шоу бизнисот, како жена која сè уште не е доволно храбра да го каже неговото име, како жена која живее во хронична болка, како жена која уште од мала си поставила услов да ги слуша мажите, се одлучив дека денес сакам да си ја земам моќта назад. Денес јас ги носам панталоните.rnrnОткако бев нападната на 19-годишна возраст, се променив засекогаш. Дел од мене се затвори со години. Не кажував никому. Самата избегнував. И чувствувам срам и денес додека стојам пред вас. Чувствувам срам за она што ми се случи. Сè уште има денови кога мислам дека беше моја вина. Откако споделив што ми се случи со моќни мажи во оваа индустрија, никој не ми помогна. Никој не ми понуди да ме води или да ме однесе на место каде што ќе почувствувам правда. Не ме ни насочија да побарам ментална помош што ми беше навистина потребна.rnrnМој личен сон е дека ќе има експерт за ментално здравје, учител или терапевт, во секое училиште во оваа нација и еден ден низ целиот свет. Тоа значи да бидете жена во Холивуд. Имам платформа. Имам шанса да направам промена. Се молам да слушаме, да веруваме и да им обрнеме подобро внимание на оние кои бараат помош. Помогнете. Бидете сила за промена.rnrn[/message_box]
Ариана Савалес и Сара Рајк нè носат во 1920-тите години со оваа одлична преработка на песната „Bad Romance“ од Лејди Гага. Јутјуб продолжува да нè изненадува со овие одлични музички видеа и преработки на познати песни, покажувајќи ни дека навистина нема крај на креативноста и талентот на луѓето ширум светот.rnrnrnrnПогледнете ја оваа преработка во која инстантно ќе се заљубите и која можеби ќе ви се допадне повеќе и од самиот оригинал…rnrnrnrn rnrn
Не, не ви велиме да се отпишете од факултет. Приказните на овие познати личности ги даваме како пример дека со труд може да успеете во животот без разлика дали имате факултет или не. Погледнете кои познати личности успеале многу иако не завршиле со формалното образование.rn
Марк Закерберг, Сив Џобс, Бил Гејтс
rnКога зборуваме за познати и успешни кои се откажале од образованието, не можеме да ги прескокнеме тројцата технолошки гиганти, Марк Закерберг, Стив Џобс и Бил Гејтс. Иако многумина од нас не ги знаеме целосно нивните животни приказни, не значи дека не го почитуваме она што го направиле и успехот кој го постигнале.rnrnrnrnСтив Џобс и Бил Гејтс се отпишале од школо бидејќи имале голема желба за отворање свој бизнис. Марк Закербер пак, ја направил првата верзија на Фејсбук додека студирал на Харвард, а потоа се отпишал за да го унапреди сајтот и да го направи многу повеќе од обична социјална мрежа. Така тој засекогаш го промени начинот на кој луѓето комуницираат и направи големо достигнување во светот на технологијата. Она што вие може да го научите од нив е дека иновативните и креативни идеи кои секој од нас ги има не смеат да се заборават туку треба да се спроведат во пракса.rn
Елен Деџенерис
rnПознатата, ултра успешна комедијантка, Елен Деџнерис, која секојдневно ги смее луѓето до солзи, се отпишала од факултет по само еден семестар бидејќи едноставно не била среќна. На почеток работела ниско платени работи во ресторани, кафулиња и клубови, сè додека во една прилика не ѝ се насмевнала среќата и таа станала онаа Елен која сите ја знаеме сега.rnrnИмајќи го предвид нејзиното тешко детство, Елен е вистински пример дека без разлика кој си и од каде доаѓаш, успехот е загарантиран со макотрпна работа, верба и надеж.rn
Бред Пит
rnПознатиот холивудски фраер се откажал од факултет само неколку недели пред дипломирањето за да почне да гради кариера во Холивуд. Иако ова звучи наивно, тој подоцна станува еден од најпознатите и најплатените актери во Холивуд. По 5 години работа на секакви места низ Холивуд тој конечно успева да се пробие на филмското платно. Страста, упорноста и следењето на својот сон е нешто што на Бред Пит му донело успех и слава.rnrnrn
Опра Винфри
rnОпра Винфри се откажала од студиите откако ѝ била понудена работа. Најпрво работела во радио емисија, за подоцна да стане првата жена-црнец, спикер на локалните вести во Нешвил. Опра е уште една ѕвезда која имала навистина тешко детство и како девојче била злоупотребувана, но со сигурност е вистински пример за личност која ги срушила сите бариери во животот и создала нешто навистина прекрасно.rnrnrn
Френсис Скот Фицџералд
rnЛитературниот гениј Ф. Скот Фицџералд, најпознат по Големиот Гетсби, се откажал од училиштето и покажал дека оцените и образованието не секогаш се пресудни во животот на еден човек. Познатиот писател бил без пари неколку години, живеел со своите родители и поправал автомобили пред да стане една од легендите на 20-тиот век.rn
Ралф Лорен
rnРалф Лорен се откажал од факултет по две години студирање. Најпрво почнал да работи како продавач на вратоврски. Инспириран од европските трендови, тој се обидел да пробие неколку свои дизајни во компанијата каде работел, но бил одбиен. Ова го инспирирало да започне свој бизнис кој многу брзо станал голем успех. Подоцна Лорен почнал да креира и други парчиња облека освен вратоврски за денес сите да го препознаваме неговото име како синоним за успех и престиж во модниот свет.rn
Џон Ленон
rnПознатиот член на Битлси секогаш повеќе се интересирал за музиката отколку за школото. Така, тој не завршил ни средно, не успевајќи да ги положи матурските испити. Подоцна се запишал во уметничко училиште, но бил отпишан поради несоодветно однесување. Тоа не го спречило да ги напише и изведе најубавите евергрини заради кои никогаш нема да биде заборавен.rn
Лејди Гага
rnПо втората година во познато уметничко училиште во Њујорк, Лејди Гага се отпишала со цел да започне музичка кариера. Откако работела со две музички групи и минала години во изведби по барови и клубови, соочувајќи се со пропаднати музички договори, таа стекна слава со нејзиниот прв соло албум. Моментално Лејди Гага е една од најплатените музички ѕвезди во светот.rn
Том Хенкс
rnПознатиот актер не успеал да го заврши драмскиот факултет. Иако бил добар и посветен студент, Том се откажал од факултетот не сакајќи да ја пропушти приликата за стажирање во театар во Охајо. Стекнувајќи големо познавање за театарот и глумата, Том Хенкс се пробива на филмската сцена со улогата во „Splash“.rnrnrn
Мет Муленвег
rnМет Вуленбег студирал политички науки на универзитет во Хјустон. Додека бил на факултет, заедно со уште неколку пријатели почнал да работи на кодирање и програмирање. Наскоро тој проект станал првата верзија на Вордпрес, светски позната платформа за блогирање. Подоцна тој се отпишал од факултет за денес да биде познат како ко-основачот на Вордпрес. Уште еден доказ дека кога имаш голема идеја треба целосно да ѝ се посветиш.
Од Лејди Гага до Стив Мартин, еве што имаат да кажат славните за љубовта, врските, состаноците, сексот… Ова се провокативни, искрени и шеговити цитати на познатите личности.rnrn
„Не ми треба спална соба за да ја докажам мојата женственост. Можам да пренесам сексуална енергија и додека берам јаболка или стојам на дождот.“ – Одри Хепберн
rn
„Ако лежите во кревет со некој кој не ве третира како божица, треба да се преиспитате дали тој е оној што го сакате и ви е потребен.“ – Лејди Гага
rnrn
„Жената не доживува оргазам од рибање на кујнскиот под.“ – Бети Фридан
rn
„Најдобриот секс што некогаш сум го имала беше со мојот вибратор.“ – Ева Лонгорија
rnrnrn
„Заборавете на клиники и фитнес сали. Сексот е најдобро решение. Една ноќ со добар секс и сите ваши проблеми се решени.“ – Грејс Џонс
rn
„Сексот е како бриџ. Ако немаш добар партнер, подобро да имаш добра рака.“ – Вуди Ален
rnrnrn
„Мислам дека сум паметна, освен кога сум навистина вљубена. Тогаш сум смешно глупава.“ – Тејлор Свифт
rn
„Бисексуалноста ви ги дуплира шансите да си најдете некој во сабота навечер.“ – Родни Дејнџерфилд
rn
„Според едно истражување, жените се послободни кога се соблекуваат пред маж отколку пред жена. Велат дека жените се премногу критични, а мажите едноставно се благодарни.“ – Роберт Де Ниро
rnrnrn
„Мојата девојка секогаш се смее за време на секс, без разлика што и да чита.“ – Стив Џобс
rn
„Не се смета за предбрачен секс, ако не си во план да стапиш во брак.“ – Џорџ Брнс
rn
„На жените им треба причина за да имаат секс, а на мажите само место.“ – Били Кристал
rn
„Жените можат да изглумат оргазам, ама мажите можат да изглумат врска.“ – Шерон Стоун
rnrnrn
„Сексот е едно исполнувачко, убаво и природно искуство, кое се купува со пари.“ – Стив Мартин
rn
„Толку долго помина откако сум имал секс, што заборавив кој кого треба да врзе.“ – Џоан Риверс
rn
„Се облекувам за жени, се соблекувам за мажи.“ – Енџи Дикинсон
Исклучително забавен сликовит приказ на познатите пејачи, споредени со нивните птици-двојници, со кој ќе сакате да ја стартувате седмицава :)rnrnКети Пери – паун кој се перчиrnrnБијонсе – безмилосен соколrnrnРијана – кардинал на кој не му е гајле што мислиш тиrnrnБритни Спирс – американски орелrnrnЛејди Гага – папагал кој остава впечатокrnrnМадона – премногу напнат пингвинrnrnНики Минаж – откачено фламингоrnrnАдел – тажен бувrnrnOne Direction – некои гласни и расплакани, но подеднакво неодоливи бебиња-птициrnrnЏастин Бибер – која и да е оваа тотално искулирана птицаrnrnТејлор Свифт – искрен лебедrnrnКели Кларксон – супер кул јастребrnrnКајли Миног – прекрасен лебедrnrnКание Вест – несфатената птицаrnrnЕминем – ној со кој не сакаш да си имаш работаrnrnКрис Браун – мивката којашто го направила оваrnrn rnrn
Познато е дека славните би направиле сè само за да ги добијат своите 5 минути и да бидат наредната сензација за која зборува цел свет. Тоа подразбира и неверојатно бизарни работи кои секако добиваат уште поголем публицитет кога се изведени пред масовна публика, а публицитетот, добар или лош е секогаш добредојден. Познатите музички ѕвезди не пропуштаат да ги искористат своите концерти со огромна посетеност за да ја „изразат својата креативност“ и да ги воодушеват своите фанови. Или во случај да не сте толку голем фан, да ве извадат од памет. Следат најбизарните сензации кои познати музички ѕвезди ги имаат изведено на своите концерти.rnrn
1. Lady Gaga – раѓање од јајце
rnПозната е по провокативната и чудна облека, драматичните настапи и хипнотизирачките видеа, но на отворањето на музичките награди Греми во 2011, Лејди Гага ги шокира буквално сите. За потребите на изведбата на песната „Born this way“ таа буквално „се роди“ од јајце. Но, целата драма всушност не беше поврзана со самиот настан и излегувањето на сцена туку со фактот дека Лејди Гага поминала цели 72 часа во јајцето. Како што самата изјавила, сакала да се чувствува дека навистина е родена на сцената.rn
2. U2 – џиновска вонземјанска канџа
rnЗа најголемата и најуспешна тура во музичката историја наречена 360º, која траеше цели две години и заработи неверојатни 736.421.586 долари, бендот користеше џиновска конструкција позната како „The claw“. Станува збор за масивна конструкција со четири столба која ја опфаќа сцената и целокупната опрема – аудио, визуелна и опремата за осветлување. На тој начин феноменалниот бенд им овозможи одличен поглед на сите посетители без разлика на местото на кое стојат и со самото тоа, тура и концерти за паметење.rn
3. The Cumshots – секс на сцена
rnСамиот бенд е познат по насилните и вулгарни сценски настапи, всушност членовите на бендот често по концертите остануваат со скршеници и разни повреди. Најбизарниот настап на овој бенд бил на фестивалот Кварт во Норвешка во 2004 година при промовирање на порака за еколошка свест. Најинтересниот дел е што вниманието не го привлекле членовите на бендот туку бесрамен пар кој бил дел од еколошка порнографска организација (да, и тоа постои) наречена „ F*ck For Forest“ и само за доброто на шумите се решиле да имаат секс на сцена пред бројна публика. Не сме баш сигурни како чинот би помогнал во спасување на едно дрво, но добро, дефинитивно останале запаметени.rn
4. Ozzy Ozbourne – жртвување на лилјак
rnЧленовите на ПЕТА сигурно не биле воодушевени од концертите на Black Sabbath, како и дел од посетителите кои не претпоставувале дека нивниот омилен бенд ќе фрла кон публиката свински црева и црн дроб од теле. Но, имало и такви на кои веројатно им се допаднале ваквите настапи коишто се повторувале на секој концерт од турата „Night of the living dead“ па почнале да си носат свои животни, обично мртви, кои ги фрлале на сцената. На еден од концертите бил фрлен лилјак кој шокиран од осветлувањето буквално се замрзнал, па Ози мислејќи дека е гумена играчка му ја одгризал главата. Секако, морал да биде хоспитализиран после тоа.rn
5. Hanatarashi – булдожер шоу
rnСигурно ви се случило вашите родители да влезат во соба врескајќи „Каква е оваа врева?!“ мислејќи на музиката од вашиот омилен бенд и веројатно во поголем дел од случаите едноставно не ја разбирале :). Но, кога станува збор за бендот Hanatarashi зборот врева е сосема соодветен. Користеле разни машини и алатки со цел да создадат бучава кои некои ја сметале за вистинска уметност. Бендот имал зачудувачки број на фанови, кои едвај го чекале нивното наредно шоу иако сите тие морале да потпишат дека во случај на повреда бендот не е одговорен. Најпопуларниот настап бил кога фронтменот на бендот влегол на сцената со булдожер и тоа преку ѕид.rnrn
Кога во 1991 година се појави парфемот на Елизабет Тејлор, „Бели дијаманти“, тој брзо стана најпродаван парфем. Доколку и вие сакате да мирисате како славните личности, ова се најновите парфеми кои ѕвездите ги создадоа за вас.rnrn
„Unplugged for Her“ од Џон Бон Џови
rnПарфемот е наменет за: сензуални, харизматични и привлечни девојки.rnrnМирисни ноти: цветно-ориентален мирис на база на слива и георгина.rnrnПотсетува на: возбудата на гитарски риф, спонтаност и свежина. rn
„Glam“ од Ким Кардашијан
rnПарфемот е наменет за: трендсетерки кои обожаваат да се дотеруваат.rnrnМирисни ноти: овошно-цветен мирис кој претставува мешавина од капина, лубеница, египетска тубероза, масло од роза и мошус.rnrnПотсетува на: гламурозна девојка, богата и примамлива. rn
„Midnight Heat“ од Бијонсе
rnПарфемот е наменет за: девојки кои едвај чекаат да се ослободат од деловната облека и да облечат нешто позаводливо.rnrnМирисни ноти: овошно-цветен мирис создаден врз основа на питаја, ерменска слива, црно лале, амбер и пачули.rnrnПотсетува на: тропска летна ноќ и сензуална арома на зрели плодови. rn
„Closer“ од Хали Бери
rnПарфемот е наменет за: девојки кои обожаваат да ја носат облеката на своите момчиња заради препознатливиот мирис.rnrnМирисни ноти: основа од лаванда заокружена со ноти на дива малина, крин, мимоза, кедрово дрво, ванила и мошус.rnrnПотсетува на: модерна и нежна мешавина од него и неа. rn
„Wonderstruck Enchanted“ од Тејлор Свифт
rnПарфемот е наменет за: романтични девојки кои сонуваат за ѕвездена ноќ исполнета со многу љубов.rnrnМирисни ноти: ориентален спој на шумски плодови, маракуја, божур, бел мошус и ванила.rnrnПотсетува на: опојно вљубување. rn
„Vintage Bloom“ од Џесика Симпсон
rnПарфемот е наменет за: девојки од соседството кои не се плашат да флертуваат.rnrnМирисни ноти: цитрусни ноти во комбинација со малина, божур и сандалово дрво.rnrnПотсетува на: свеж и сончев ден во градината. rn
„FAME“ од Лејди Гага
rnПарфемот е наменет за: дрски, но сепак женствени девојки.rnrnМирисни ноти: цветен мирис кој вклучува темјан, кајсија, шафран и мед.rnrnПотсетува на: деликатна орхидеја. rn
„Nicole“ од Никол Ричи
rnПарфемот е наменет за: девојки кои го обожаваат бохо стилот.rnrnМирисни ноти: мешавина од капина, портокал, мароканска роза, кашмир, пачули и ванила.rnrnПотсетува на: егзотично патување. rnrn