КАФЕ ПАУЗА

Tag: Лејди Гага

  • Смели есенски обувки од Александар Мекквин

    Смели есенски обувки од Александар Мекквин

    Ако сакате да бидете авангардни и да не ви ни малку удобно, тогаш вистинскиот избор за вас е колекцијата есен 2012, на брендот Александар Мекквин. Секако ако успеете да дојдете до 7.000 долари за еден пар, и ако барем еден од нив остане надвор од плакарот на заколнатиот фан на футуристичките креации, Лејди Гага. 🙂Смели есенски обувки од Александар МекквинОвој пат, утописката мода на брендот, кој по смртта на Мекквин го менаџира талентираната Сара Бартон, е спакувана во по малку смирувачки, сензуален стил. Чевлите се комбинација на цветови, пердуви, крзно и други слични додатоци. Ултрависоките необични потпетици и нежните бои и нијанси во оваа есенска колекција, истовремено ги нагласуваат како романтичната, така и дивата страна на жената.Смели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар МекквинСмели есенски обувки од Александар Мекквин
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Двојниците на Симпсонови

    Двојниците на Симпсонови

    Погледнете со кого си личи дел од бандата во Симпсонови. Што мислите, кој кого имитира? Дали животот ја имитира уметноста или обратно? :)rnrn

    Двојниците на Симпсонови
    Пол Џијамати = Хомер Симпсон
    rnrn
    Двојниците на Симпсонови
    Лејди Гага = Марџ Симпсон
    rnrn
    Двојниците на Симпсонови
    Лари Кинг = Г-дин Барнс
    rnrn
    Двојниците на Симпсонови
    Гери Олдман = Нед Фландерс
    rnrn
    Двојниците на Симпсонови
    Ријана = Сајдшоу Боб

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Омилените книги на славните личности

    Омилените книги на славните личности

    Дали знаете која е омилената книга на Мадона? Или можеби ве интересира што сака да чита актуелниот американски претседател Барак Обама? Омилените книги на славните личностиrn

    Лејди Гага

    rnПоп-иконата Лејди Гага тврди дека секој ден ги чита делата на поетот Рилке, што и не е изненадување ако се знае дека таа ги има истетовирано неговите стихови на раката.rnrnОмилена книга: „Писма до младиот поет“ од Рајнер Марија Рилкеrn
    rn

    Бил Клинтон

    rnПоранешниот американски претседател, Бил Клинтон, вели дека ги обожава популарните трилери и мистерии, но неговата омилена книга повеќе се поврзува со траумата и злоупотребата.rnrnОмилена книга: „Знам зошто пее птицата во кафез“ од Маја Ангелоуrn
    rn

    Бен Афлек

    rnПопуларниот актер Бен Афлек кој важи за човек од ренесансата на филмската индустрија, за себе вели дека обожава да чита книги, а доказ за тоа е и Оскарот кој го освои за најдобро оригинално сценарио.rnrnОмилена книга: „Шахот на шаховите“ од Ришарт КапушчинскиОмилените книги на славните личностиrn

    Барак Обама

    rnПретседателот на САД, Барак Обама, беше најпродаван автор пред да ја започне својата претседателска кариера. Иако тој и неговите ќерки напишале писмо до писателот Јан Мартел во кое ја изразиле нивната благодарност за книгата на Мартел, „Животот на Пи“, оваа книга сепак не е неговата омилена.rnrnОмилена книга: „Самоувереност: Мудроста на Ралф Валдо Емерсон како инспирација за секојдневниот живот“ од Ричард Веланrn
    rn

    Мишел Обама

    rnПрвата дама на САД, Мишел Обама, својата омилена книга ја опишува како книга која ја прочитала од првата до последната страна за само еден ден, не затоа што некој ја натерал, туку затоа што книгата била навистина добра.rnrnОмилена книга: „Песна над песните“ позната уште како „Песната на Соломон“ од Тони Морисонrn
    rn

    Кејт Мидлтон

    rnИако важи за голем обожавател на британската литература, Војвотката од Кембриџ ја фаворизира работата на една канадска писателка од почетокот на 20-от век.rnrnОмилена книга: „Ана од зелените покриви“ од Луси МонтгомериОмилените книги на славните личностиrn

    Гвинет Палтроу

    rnГвинет Палтроу, која е позната како страстен читател на книги, вели дека првата книга која ја има прочитано е всушност нејзината омилена книга. Ја читала заедно со нејзината мајка, кога имала само 10 години.rnrnОмилена книга: „Џејн Ер“ од Шарлот Бронтеrn
    rn

    Џеј Зи

    rnВо врска со неговата омилена книга, Џеј Зи изјавил дека таа е една од двете книги според кои тој го живее својот живот. Како што тој растел, така сè повеќе се интересирал за религијата, а неговата омилена книга има најмногу смисла кога се работи за начинот на живеење.rnrnОмилена книга: „Местото на душата“ од Гери Зуковrn
    rn

    Роберт Патинсон

    rnАнглискиот срцекршач, Роберт Патинсон, минатата година ја сподели својата омилена книга во „Шоуто на Опра Винфри“. Неговиот неодамнешен избор на книжевни дела ја вклучува поезијата на Шарл Бодлер.rnrnОмилена книга: „Собрани поеми“ од Шарл БодлерОмилените книги на славните личностиrn

    Џоан Роулинг

    rnОткако ја објави сагата за Хари Потер, Џоан Роулинг си создаде армија обожаватели од сите возрасти. Но, кога се работи за нејзината омилена книга, таа им дава предност на комедијата и магијата.rnrnОмилена книга: „Ема“ од Џејн Остинrn
    rn

    Доналд Трамп

    rnМагнатот за недвижности и еден од најуспешните бизнисмени, Доналд Трамп, повеќе би сакал да чита практични водичи, отколку светски класици.rnrnОмилена книга: „Моќта на позитивното размислување“ од Норман Винсент Пилrn
    rn

    Мадона

    rnСознанието за омилената книга на Мадона било сосема случајно, кога еден нејзин пријател ги постирал насловот и авторот на книгата на нејзиниот блог.rnrnОмилена книга: „Сопругата на патникот низ времето“ од Одри Нифенгерrn
    rn

    Натали Портман

    rnСпоред Натали Портман, која ги заврши студиите по психологија на Универзитетот Харвард во 2003 година, најдобрата психологија е во литературата. За неа е полесно да го разбере ликот отколку теоријата.rnrnОмилена книга: „Министерство за посебни случаи“ од Артур МорејОмилените книги на славните личности
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовни цитати од славните личности

    Љубовни цитати од славните личности

    Кога станува збор за љубовта, секој има свое мислење. Прочитајте што велат славните личности на оваа тема.rnrnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rn

    „Некои жени ги следат своите соништа. Други, пак, ги следат своите мажи. Ако се двоумите што да следите, запомнете дека вашата кариера нема никогаш да ви каже дека не ве сака повеќе.“ – Лејди Гага, американска пејачка и текстописец

    rn

    „Бидете доволно храбри да ѝ верувате на љубовта секој нареден пат.“ – Маја Анџелоу, американска писателка и поетеса

    rn

    „Ако сакате да кажете нешто подарувајќи цвеќе, само една единствена роза вели дека сте евтини.“ – Делта Бурк, американска актерка

    rn

    „Мажот го пронашол огнот, но жената научила како да си игра со него.“ – Кендис Бушнел, американска писателка и колумнистка

    rn

    „Сексот без љубов е безначајно, но проклето добро искуство.“ – Вуди Ален, американски режисер, сценарист, актер и драматург

    rnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rn

    „Освен љубовта, ништо друго нема смисла.“ – Едвард Камингс, американски писател, сликар, есеист и драматург

    rn

    „Ти не ми шепна на увото, туку на срцето. Не ги бакна моите усни, туку моето срце.“ – Џуди Гарланд, американска актерка и пејачка

    rn

    „Да се биде целосно разбран и сакан е човечки придонес кој се граничи со чудесното.“ – Елизабет Гилберт, американска писателка

    rn

    „Најголемата среќа во животот е убедувањето дека сме сакани.“ – Виктор Иго, француски поет, новелист и драматург

    rn

    „Археологот е најдобар маж кој секоја жена посакува да го има. Колку е таа постара, толку повеќе тој се интересира за неа.“ – Агата Кристи, британска писателка

    rnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rn

    „Љубовта не е чувство на приврзаност, туку постојана желба да му го дадеме сето добро на оној кого го сакаме.“ – Клајв Луис, британски писател, поет, критичар и теолог

    rn

    „Бескорисно е да очекувате пијаниот, заљубениот и оној што бара работа да ги исполнат своите ветувања.“ – Ширли Меклејн, американска пејачка, актерка, танчерка и активистка

    rn

    „Една љубов, едно срце, една судбина.“ – Боб Марли, јамајкански музичар

    rn

    „Јас сум себична, нетрпелива и по малку несигурна. Грешам, губам контрола и понекогаш е тешко да се справиш со мене. Но, ако не можеш да издржиш кога сум најлоша, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум најдобра.“ – Мерлин Монро, американска актерка, пејачка и модел

    rn

    „Жените се мажат со надеж дека мажите ќе се променат. Мажите се женат надевајќи се дека тие ќе останат непроменети. На крај сите се разочарани.“ – Алберт Ајнштајн, германски физичар

    rnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rn

    „Не е недостатокот на љубов она што го прави бракот несреќен, туку недостатокот на пријателство.“ – Фридрих Ниче, германски филозоф, поет, критичар и филолог

    rn

    „Губиме време барајќи го совршениот љубовник, наместо да ја создадеме совршената љубов.“ – Том Робинс, американски писател

    rn

    „Од сите форми на претпазливост, најфатална за вистинската среќа е претпазливоста во љубовта.“ – Бертранд Расел, британски филозоф, математичар, историчар и критичар

    rn

    „Љубовта не е гледање еден во друг, туку гледање заедно во иста насока.“ – Антоан де Сент-Егзипери, француски писател и авијатичар

    rn

    „Знаеш дека си вљубен кога не можеш да заспиеш затоа што реалноста е поубава од соништата.“ – Теодор Гајзел, американски писател за деца и илустратор

    rn

    „Ако ги осудувате луѓето, немате време да ги сакате.“ – Мајка Тереза, чесна сестра

    rnЉубовни цитати од славните личностиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Симболизмот во поп индустријата

    Симболизмот во поп индустријата

    Тие се нашите идоли. Тие го одбележуваат нашето време, создаваат уметност која ја споделуваат со милиони, креираат настани проследени од масовна публика, која секој пат е желна за уште повеќе. Ние сме тие кои ги следиме, кои ѕиркаме во нивните животи за да дознаеме некоја ситница плус и ние сме тие кои ги ставаме на пиедестал, но и ги симнуваме од таму кога веќе не ни се интересни.rnrnНо, што ако не сме ние тие што избираат што всушност сакаме да слушаме како публика? Што ако вкусот и мислењето за одредени музички ѕвезди ни е потсвесно наметнато? Како Лејди Гага облечена во костум од месо е нешто што ја фасцинира денешната публика?Симболизмот во поп индустријатаСимболизмот во поп индустријатаОвие и многу слични прашања, всушност имаат доста добри и исцрпни одговори. Веќе долго време можат да се најдат најразлични блогови, сајтови и форуми посветени на музичката индустрија и поврзаноста со окултизмот, симболизмот и перењето мозок. Просто невозможно е едно пребарување на интернет за „селебрити“ од рангот на Ријана или Бијонсе да не биде проследено со најразлични блогови, кои овие ѕвезди ги поврзуваат со разни секти и мрачни пораки во нивните песни. Иако голем дел од нив изгледаат како да се дел од бујна фантазија и случајни поклопувања, од време на време може да се пронајде статија која нештата ги поврзува сосема логично и истовремено доста вознемирувачки.rn

    Секако, невозможно е да се протолкува секоја песна или спот којшто излегува, ниту пак може да се рече дека сите тие имаат некоја скриена порака. Но да бидеме реални, колку пати сте се запрашале што не е во ред со музичката индустрија секогаш кога гледате некој од спотовите на Бијонсе, Лејди Гага или Ријана?Симболизмот во поп индустријатаСимболизмот во поп индустријатаСимболизмот што ја опкружува нивната уметност, од песните, спотовите кои повеќе наликуваат на кратки филмови, па сè до начинот на облекување и однесување е повеќе од очигледен. Премногу очигледните пораки понекогаш наликуваат на болна шега, користење на моментот за повеќе слава, но и ја оставаат публиката прашувајќи се кои се границите. Славата секогаш оди во пакет со контроверзијата, но не до овој степен до кој стигнаа денешните музички ѕвезди. Најинтересниот момент всушност и не се очигледните испади на разни церемонии и доделувања на награди, туку оние пораки кои обичниот гледач или слушател не ни забележува дека му се испратени.

    rnГледајќи ја Лејди Гага како шета низ улиците на светските метрополи со рогови на глава, за нас е само уште еден начин на „уметничко изразување“. Ретки се оние кои нејзиниот „аутфит“ за денот го поврзуваат со роговите на Бафомет, еден од најважните симболи на окултизмот и Илуминатите воедно. Фактот дека токму Лејди Гага ја популаризира добро познатата поза со едно скриено око, малкумина би го поврзале со симболот на „Окото што гледа сè“ (The all seeing eye) – уште една поврзувачка нишка со Илуминатите позната години наназад (за оние кои воопшто веруваат во нив). Секако дека сето ова може да биде случајност или уште поверојатно, желба за внимание, но човек не може, а да не се запраша зошто баш на ваков начин и која е крајната цел.Симболизмот во поп индустријатаСимболизмот во поп индустријатаОна што со сигурност стана еден од омилените начини на уметничко изразување во последните години е експериментирањето со синдромот на подвоена личност, односно нагласувањето на повеќе алтер ега. Луѓето кои што не веруваат дека сè она што се случува во шоу бизнисот е само мода и ексцентризам, нагласуваат дека позадината на сето тоа е всушност многу вознемирувачка. Наводно, станува збор за контрола и перење на мозокот, а траумата која ја доживува лицето предизвикува одвојување на повеќе алтер ега со кои раководи манипулаторот.rnrnЦелиот процес доста креативно го опиша Лејди Гага во нејзиниот спот за „Marry the night“, сликовито објаснувајќи како од Стефани Германота произлегла новата личност Лејди Гага, која е спремна да направи сè за музичката индустрија и за договор со Интерскоп Рекордс. Кога подобро ќе размислиме, таа сигурно не е првата која има преживеано такво нешто, доста добро ни се познати Еминем и неговото лудо алтер его Слим Шејди, добрата Бијонсе и лошата Саша Фиерс и секако Мараја Кери и неподносливата дива Мими. Ако се прашувате што значат скршените стакла и огледала во скоро секој втор спот што излезе во последно време, наводно симболизираат кршење на личноста.Симболизмот во поп индустријатаСимболизмот во поп индустријатаИ да, кога веќе зборуваме за познати личности и перење мозок, невозможно е да не се спомене култот кон Мики Маус. Но не оној Мики којшто ни беше омилен Дизниев лик (на некои сè уште е), туку Мики Маус како симбол на контрола на умот. Дизни своевремено беше обвинет дека е дел од МК-Ултра програмата за перење мозок и дека неговите ликови се креирани за намерно, суптилно да пренесуваат пораки и симболизам до невиниот детски мозок, на тој начин што понатаму во животот ќе предизвикаат одредено девијантно однесување. И ден денес постојат видеа кои внимателно анализираат некои сцени од цртаните на Дизни кои дефинитивно се дискутабилни.rnrnИ покрај сè ова, сè уште ни преостанува можноста да веруваме дека станува збор само за мода и желба за внимание на славните личности денес, но за жал факт е дека многу познати имиња од историјата на шоу бизнисот биле поврзувани со приказни слични на овие. Листата е истовремено неверојатна и интригантна, од Елвис Присли, Мерлин Монро, Битлси, па сè до Принцезата Дајана, а за голем дел од нив се верува дека всушност биле отстранети од „луѓето во сенка“. Многу слики, едиторијали и интервјуа кои ги дале голем број познати млади ѕвезди кои починале „ненадејно“ нè тераат да размислиме колку биле навистина свесни за тоа што во непосредна иднина ќе им се случи.Симболизмот во поп индустријатаСимболизмот во поп индустријатаНе е ништо ново дека медиумите се најлесен начин да се наметне одредено мислење или да се манипулира со масовната публика. Логично е да се претпостави дека музиката како нешто што ги обединува сите, која со брзина на светлината стига од еден крај на светот до друг и која секојдневно ни налага кој и што е популарно сега, би била најлесен начин да се пренесе некоја порака или пак да се наметне некое мислење.rnrnСите ние сме под влијание на она што го гледаме на музичките канали и она што го слушаме на радио секој ден. А колку сме свесни за она што нашиот мозок притоа потсвесно го прима? За крај, овој пост не е наменет да наметне некакво мислење или да создаде одбивност кон нашите поп идоли. Единствената цел е да се натераме самите себеси посвесно да размислуваме за сè она на што сме изложени ние и нашите најблиски секојдневно.Симболизмот во поп индустријатаСимболизмот во поп индустријатаСимболизмот во поп индустријатаСимболизмот во поп индустријата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

    Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

    Во ерата на дигитализацијата, кога музиката е лесно достапна за пошироката публика, музичките експерти го составија списокот на албуми кои веќе го одбележаа 21-от век.

    rn
    rn

    Еминем  – „The Marshall Mathers LP“ (2000)

    rnДодека многу рапери во своите песни го одразуваат животот околу себе, Еминем тоа го прави на забавен начин. Поостар и помрачен од неговиот прв албум во 1999 година, „The Marshall Mathers LP“ ја заматува линијата меѓу сатирата и општествените коментари. По овој албум, дури и оние кои беа навредени од неговите зборови, а имаше многумина такви во неговиот хит „Stan“, ѝ се восхитуваа на неговата неверојатна вербална умешност. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Ауткаст – „Stankonia“ (2000)

    rnИмагинативните звуци на Андре 3000 и Биг Бој ги помирија јужниот хип-хоп и црнечкиот футуризам, создавајќи од нив неверојатна мешавина од мелодии. Од албумот „Stankonia“ произлегоа многу хитови, од кои најпознати се „So Fresh, So Clean“ и „Ms. Jackson“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Џеј Зи – „Blueprint 2: The Gift & The Curse“ (2002)

    rn„Blueprint 2: The Gift & The Curse“ е петтиот по ред број 1 албум на Џеј Зи. Овој албум постави нов модел за хип-хоп музиката, кој подоцна го следеа и други музичари. На овој албум можат да се слушнат и соработките со Лени Кравиц, Шон Пол, Бијонсе и многу други звучни имиња. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Вајт Страјпс – „Elephant“ (2003)

    rnОва дуо од Детроит повторно ја оживеа рок музиката, после три издадени албуми во кои доминираше инди звукот. Песните на овој албум варираат од „ранливи“ до „многу гласни“, а во секоја од нив се забележува талентот на Џек за свирење гитара. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Џастин Тимберлејк – „FutureSex/LoveSounds“ (2006)

    rnПреку неговиот деби албум „Justified“, фронтменот на групата Ен Синк, Џастин Тимберлејк, во стилот на Мајкл Џексон, покажа дека е повеќе од една обична тинејџерска ѕвезда. Но во 2006 година, Џастин го издаде албумот „FutureSex/LoveSounds“ кој претставува мешавина од ар-ен-би, рок и клупска музика. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Ејми Вајнхаус – „Back to Black“ (2007)

    rnОна што ги прави песните на албумот „Back to Black“ безвремени, се соул музиката и музиката од шеесетите години на 20-от век, кои Ејми Вајнхаус ги искомбинира на посебен начин, карактеристичен само за нејзе. Нејзиното скршено срце беше најголемата инспирација за песните кои се најдоа на овој албум. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Блек Ајд Пис – „The E.N.D. (Energy Never Dies)“ (2009)

    rnЕден од можните наслови на овој албум беше зборот „Еволуција“ кој навистина го опишува овој бенд. Се работи за хип-хоп триото Блек Ајд Пис, кое подоцна, со доаѓањето на Ферги, се ориентира кон поп музиката. На овој албум преовладува клубска музика, а најголемиот хит е производ на соработката со Дејвид Гета, песната „I Gotta Feeling“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Лејди Гага – „The Fame Monster“ (2009)

    rnЛејди Гага предизвика многу контроверзии со нејзиното појавување на сцена, но најголемата слава ја стекна со издавањето на албумот „The Fame Monster“ во 2009 година. На овој албум се најдоа најголемите хитови на Лејди Гага, „Telephone“ (соработка со Бијонсе), „Alejandro“ и „Bad Romance“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Адел –  „21“ (2011)

    rnМоќниот глас на Адел, кој многу потсетува на Дасти Спрингфилд, е најзабележителен на нејзиниот последен албум, едноставно насловен како „21“. Инспирирана од погрешните романси, Адел успешно ги претвори приватните љубовни раскинувања во комерцијална заработка. Албумот „21“ е прогласен за албум кој најдолго се задржал на Билбордовата листа на албуми и истовремено е најпродаваниот албум за 2011 година. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Заводливи девојки направени од зелка

    Заводливи девојки направени од зелка

    Артистката Ju Duoqi од Пекинг, Кина изработила заводливи скулптури од полуголи девојки, кои  се моделирани според изгледот на познати личности, како Лејди Гага и Мерлин Монро. Интересното во овие скулптури, е што тие се целосно изработени од зелка, вклучително и облеката, накитот и капите на девојките.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаСвојата колекција т.н. „The Fantasies of Chinese Cabbage“ (Фантазиите на кинеската зелка) ја изработила користејќи нож, за да ги сече различните врсти и бои на зелка, по што парчињата ги спојува со чепкалки за заби. Потоа, Ju ги остава листовите зелка да овенат и на крајот ги готви на различни начини, за да ги постигне различните тонови бои и текстура.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаНеобичната идеја за создавање уметнички скулптури од зелка, кај Ju се јавила во летото, 2006, кога решила да купи неколку килограми грашок. Таа два дена мирно си седела и го лупела грашокот и одеднаш почнала да го ниже на жица. На тој начин констатирала дека од зеленчук може да направи блуза, здолниште, украс за коса и магично стапче. Потоа, се фотографирала себеси облечена во облеката од грашок. Тоа бил првиот уметнички проект на Ju, изработен од зеленчук.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаrn
    rn

    „Во следните две години, честопати глумев дека сум домаќинка, лежерно се шетав нив супермаркетите и на тој начин се забавував. Подзастанував кај тезгите со зеленчук, ги поткревав плодовите, размислував што можам да направам со нив и ги враќав назад. Со мало преобликување на различните видови, облици и бои на зеленчук, може да се добие вистинска уметничка инспирација. Зеленчукот изгледа тотално различно во зависност од тоа дали го користам свеж, исушен, овенат, варен, пржен или закиселен. Повеќе не ми се потребни модели, бидејќи од самиот зеленчук се и актерите и реквизитите за нив.“

    rnЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

    Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

    Обожавате да слушате акустична поп рок музика? Ако одговорот е да, а вие сè уште не сте слушнале за бендот Бојс Авенју, тогаш дефинитивно ова е вашиот среќен ден. Покрај нивната авторска музика, талентираните момци од овој бенд, фантастично препејуваат многу светски хитови, во кои успеваат да зазвучат и подобро, или во најмала рака, посекси од оригиналните изведувачи.rnrnБојс Авенју е бенд од Флорида, познат по својата акустична основа и мелодичен алтернативен поп рок звук. Составен е од тројца браќа Алехандро, Фабијан и Даниел Манцано. Името на бендот е конструирано од комбинација на имиња на две улици, на кои браќата живееле додека биле деца.rnrnБраќата за првпат се соединиле како бенд во 2004 година откако Алехандро (водечки вокал, гитарист и пијанист), Фабијан (гитарист и вокал) и нивниот постар брат Даниел (бас, вокал и ударни инструменти) ги постигнале своите поединечни цели за образование. И покрај тоа што музиката била секогаш дел од нивните животи, а и нивна колективна цел, сепак стекнување високо образование било исто така важно за браќата. Откако дипломирал право на Харвард, најстариот брат Даниел се преселил во Флорида кај неговите браќа Фабијан и Алехандро, кои тогаш посетувале настава на Универзитетот во Флорида. Тогаш, браќата продолжиле да создаваат музика и да одржуваат локални „тезги“, со што ги направиле првите чекори кон постанување вистински бенд.Препеви на познати песни, кои ќе ви ги разбудат емоциитеВо 2007, со цел да ја споделат нивната музика и идеи со светот, Бојс Авенју започнаа да снимаат и постираат музички видеа на Јутјуб  од нивните песни, како и препеви на денешни и постари хитови од други изведувачи. Некои од првите видеа кои тие ги постираа, вклучително и акустични препеви на Џастин Тимберлејк – Лавстоунд, Ријана – Амбрела и Колдплеј – Вива ла Вида, веднаш беа кликани од посетители на Јутјуб.rnrnВо периодот од 2007 до 2008 година, песните на Бојс Авенју беа погледнати милиони пати, а на нивниот Јутјуб канал собраа 100.000 следачи. Денес, бендот има вкупно над 310.560.748 гледања на Јутјуб, а бројот на следачи на нивниот канал изнесува над 649.000, што го прави светски популарен Јутјуб-канал. Во текот на овој период бендот продолжи да создава оригинална музика, која прерасна во деби албум издаден во 2008, а насловен „All You’re Meant To Be“. Нивниот втор албум насловен „All We Have Left“, излезе на 15 јуни 2010.rnrnОвој бенд се прослави со препевите на познати песни од Колдплеј, Ријана, Бруно Марс, Ју ту, Џастин Тимберлејк, Леона Левис, Лејди Гага, Бритни Спирс, Пинк, Кети Пери, Трејси Чепман, Мајкл Џексон и други. Сега тие одржуваат турнеи низ државите на САД и Европа.rnrnУживајте во нашата селекција препеви од Бојс Авенју:rn
    rn

    Perfect – Pink

    rn

    rn

    Only Girl in the World – Rihanna

    rn

    rn

    Lovestoned – Justin Timberlake

    rn

    rn

    Teenage Dream – Katy Perry

    rn

    rn

    Just Can’t Get Enough – Black Eyed Peas

    rn

    rn

    Grenade – Bruno Mars

    rn

    rn

    Дуети

    rn
    rn

    With Or Without You – U2 (Boyce Avenue & Kina Grannis)

    rn

    rn

    Airplanes – BoB & Hayley Williams (Boyce Avenue & DeStorm)

    rn

    rn

    Мешавина од две песни

    rn
    rn

    What Goes Around/Rehab – Justin Timberlake/Rihanna

    rn

    rn

    Circus / Just Dance – Britney Spears/Lady Gaga

    rn

    rnДоколку сакате да ги слушнете оригиналните песни на Бојс Авенју, како и други нивни препеви, посетете го нивниот популарен Јутјуб-канал и почувствувајте ја музиката со вашето срце.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • „Bad Romance“ отсвирена на една гитара, но со четири раце

    „Bad Romance“ отсвирена на една гитара, но со четири раце

    Популарната песна на екстравагантната пејачка Лејди Гага, „Bad Romance“, која само на Јутјуб собра околу 380 милиони гледања, доби нова интересна акустична верзија. Имено, Патрик Гоубл и Донован Киркпатрик со ова видео, каде што заеднички и истовремено ја свират песната на една гитара, станаа толку популарни што беа повикани да ја свират својата верзија во „The Tonight Show“ со Џеј Лено.„Bad Romance“ отсвирена на една гитара, но со четири раце Звучат фантастично. Што мислите вие?rn

  • 8 необјавени факти за фустанот од месо на Лејди Гага

    8 необјавени факти за фустанот од месо на Лејди Гага

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnНекои ја критикуваа, други и се восхитуваа. Секако, таа повторно го привлече вниманието на јавноста и ги натера медиумите да смислуваат креативни наслови во обид да го изразат впечатокот од спектакуларното појавување на пејачката на доделувањето на МТВ видео наградите. Поминаа 10 дена, медиумската атмосфера стивна, но некои прашања и понатаму остануваат отворени.8 необјавени факти за фустанот од месо на Лејди ГагаБез разлика дали сте се запрашале или не, ова се 8 факти во врска со фустанот од месо на Лејди Гага кои даваат одговор на неколку логични прашања:rnrn

      rn011

    • Фустанот е направен од 100% вистинско месо. Месото е купено од месарница во Лос Анџелес.
    • rn011

    • Тоа има добар мирис.
    • rn011

    • Фустанот е со тежина од 22 кг.
    • rn011

    • Месото е купено евтино.
    • rn011

    • Фустанот е комотен за носење.
    • rn011

    • Месото е 100% природно. Не се додавани никакви конзерванси.
    • rn011

    • Не остава крвави траги.
    • rn011

    • Месото од фустанот со тек на време ќе се претвори во пушено месо.
    • rn

    rn