КАФЕ ПАУЗА

Tag: кучиња

  • Кучиња кои се едноставно премногу емотивни и слатки

    Кучиња кои се едноставно премногу емотивни и слатки

    Овие гифови ќе ви го направат попладнето позабавно. Тие се доказ дека кучињата понекогаш знаат да бидат толку топли и емотивни што едноставно ни ги растопуваат срцата. Уживајте! :)rnrn

    1. Дај да ти го исчистам екранот

    rnrn(1) kuchinja-koi-se-ednostavno-premnogu-emotivni-i-slatki-kafepauza.mkrnrn

    2. Да дремнеме заедно

    rnrn(2) kuchinja-koi-se-ednostavno-premnogu-emotivni-i-slatki-kafepauza.mkrnrn

    3. Многу ѝ се радувам на оваа минијатурна верзија од мене

    rnrn(3) kuchinja-koi-se-ednostavno-premnogu-emotivni-i-slatki-kafepauza.mkrnrn

    4. Еј, зеко!

    rnrn(4) kuchinja-koi-se-ednostavno-premnogu-emotivni-i-slatki-kafepauza.mkrnrn

    5. Мајчински бакнежи

    rnrn(5) kuchinja-koi-se-ednostavno-premnogu-emotivni-i-slatki-kafepauza.mkrnrn

  • Животни и инсекти кои можат да намирисаат болести и опасност

    Животни и инсекти кои можат да намирисаат болести и опасност

    Овие животни и инсекти имаат толку добро развиен осет за мирис што можат да намирисаат работи кои на луѓето им се достапни само преку разни современи уреди…rnrn

    Кучињата

    rnПокрај способноста да намирисаат дрога, експлозив или крадци, кучињата имаат способност да намирисаат и заболување од рак. Преку здивот на пациентот знаат дали тој има рак на белите дробови или на дојката, преку мирисот на крвта можат да погодат дали постои рак на матката. Мирисот на потта од стапалата им е доволен за да знаат дека ракот на дебелото е присутен, а преку мирисот на кожата дознаваат и дали таа има рак.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болестиrn

    Овошните мушички

    rnИ оние мали здодевни инсекти кои кружат околу овошјето на масата можат да намирисаат рак. За разлика од кучињата, научниците со нив користат многу подобри техники за откривање на клетки на рак. Овошните мушички можат да препознаат и многу слаби мириси поврзани со здравствената состојба кои ниту кучињата не можат да ги почувствуваат.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болестиrn

    Големиот африкански стаорец

    rnНосот на стаорецот постојано вибрира во потрага по мириси кои нему би му биле важни. Но, оние во Танзанија тоа го користат и за спасување на човечки животи. Иако прегледот на плунката под микроскоп е најкористениот метод за откривање на туберкулозата во Африка, според некои студии стаорецот може да открие за 44% повеќе случаи пред тоа да успее да го направи човекот со помош на микроскоп.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болестиrn

    Глувците

    rnГлушецот може да почувствува кога некоја птица е заболена од птичји грип. Тие силно реагираат на одредени хемикалии кога се изложени на мирисот од птичјиот измет. Истражувањата нагласуваат дека глувците всушност не реагираат на мирисот на вирусот, туку на хемикалиите кои се ослободуваат како одговор на имунолошкиот систем на птиците.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болестиrn

    Пчелите

    rnПчелите се закануваат да им ја преземат работата на кучињата во полицијата. Постои еден уред кој личи на правосмукалка во кој се сместени 36 пчели. Тие се истренирани така што во моментот кога ќе намирисаат експлозив почнуваат да реагираат со делот од телото кој им служи за вшмукување на течности. Кога доволно пчели ќе реагираат, тоа е видливо на екранот на уредот.rnrn5 животни кои можат да намирисаат болести
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Белградски папагал научил да лае како куче

    Белградски папагал научил да лае како куче

    Еден жолт папагал кој живее во ординацијата на ветеринар од Белград, секојдневно е изложен на лаежите и цвилењата од кучињата. Тоа не е чудно, бидејќи неговиот сопственик е специјализиран токму за лекување на кучиња. Поради таквото окружување, и самиот почнал чудно да се однесува. Си замислил дека е пес, па започнал да ги имитира неговите четириножни пријатели. Е тоа е папагалската работа! :)rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнување

    Прекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнување

    Ова е Епл Мунбин, беспомошно вервериче коешто се смрзнувало во шумата. За негова среќа, еден прекрасен човек навреме го пронашол ова бебе, кое било на чекор пред смртта. Веднаш решил дека мора да му помогне на ова мало суштество, кое било старо само 5 недели.rnrnПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеrnrnНајпрвин го згреал во јакна.rnrnПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеrnrnВо неговата куќа му подготвил место каде што ќе спие.rnrnПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеrnrnМалечката веверичка едвај чекала да се склопчи во својот нов дом.rnrnПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеrnrnЕве го нејзиното прво јадење.rnrnПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеrnrnСè уште не ѝ се отворени очињата.rnrnПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеrnrnПотоа полека се запознава и дружи со новите родители Скаут и Маверик.rnrnПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнување Прекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнување Прекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеrnrnОчигледно тие сериозно си ја сфатиле својата обврска да ја штитат и чуваат малата верверичка.rnrnПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнување Прекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнување Прекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеrnrnНа денот кога верверичката конечно ги отворила очите, тотално ја освоила интернет-публиката.rnrnПрекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнување Прекрасен човек спасил мала верверичка од смрзнувањеrnrnАко овие фотки не ви беа доволни за да се разнежните, погледнете го Епл Мунбин и пред камера.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забранет премин за кучиња

    Забранет премин за кучиња

    Во некои домови луѓето се обидуваат да воспостават заеднички живот помеѓу мачките и кучињата. Но, некои мачки очигледно не го разбираат тоа.rnrnЗабранет премин за кучињаrnrnТие бестрашно си ја штитат својата територија, а ова видео покажува дека некои од нив имаат исклучителен авторитет во домот.rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето милениче

    Фотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето милениче

    Секој кој чувал домашно милениче знае дека тие можат да бидат едни од најголемите животни сопатници. Во многу домови, кучињата и мачките стануваат дел од фамилијата и тие ја споделуваат нивната љубов и лојалност на начини на кои ние не би можеле ни да ги замислиме. Сара Бет е фотограф на миленичиња чија цел е да овековечува уникатни моменти на животните кои живеат во нашите домови. Но, покрај фотографирањето на слатки кучиња и мачки кои весело скокаат насекаде, таа станала позната и по фотографиите од постари или болни кучиња кои се збогуваат со своите сопственици.rnrnФотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето миленичеrnrn„Joy Sessions“ претставува серија прекрасни срцепарателни портрети од неизлечливо болни или постари животни. Името на оваа серија од фотографии има многу лично значење – Џој било името на црн лабрадор, куче за помош кое ѝ припаѓало на Џоан, жена која живеела во дом за стари. rn
    rn

    „Џој беше нејзината карпа, нејзиниот најдобар пријател, кучето кое многу пати ѝ го имаше спасено животот. Таа ѝ давала до знаење на Џоан кога нејзиниот притисок бил пренизок и ја предупредувала пред да доживее напад. Џој застанувала под неа за да ѝ го ублажи падот на Џоан, стоела цврсто за да ѝ помогне да стане и била покрај неа 24 часа,“ вели Сара.

    rnrnФотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето миленичеrnrnИ покрај тоа што во овој случај Џоан била таа со лошото здравје, разговорите помеѓу неа и Сара предизвикале да настане необична идеја. rn
    rn

    „На многу луѓе миленичињата им се цел свет и јас сакам да им дадам можност да го овековечат она што ги прави нив толку посебни, особено во најтешките времиња,“ вели таа. „Овие фотографии се за оние луѓе кои сакаат да ја прослават среќата и радоста која миленичињата им ја довеле во нивните животи.“

    rnНејзината цел е да ја покаже блискоста која постои помеѓу овие луѓе и нивните миленичиња и искрено се надева дека сите ќе можат да ја почувствуваат љубовта која излегува од самите фотографии…rnrnФотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето миленичеФотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето милениче Фотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето милениче Фотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето милениче Фотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето милениче Фотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето милениче Фотографии кои ќе ве натераат веднаш да го гушнете вашето милениче rnrn

  • Животни кои имаат проблем со однесувањето

    Животни кои имаат проблем со однесувањето

    Во оваа видео компилација ќе погледнете домашни миленици кои навистина имаат проблем со однесувањето. Ќе видите неколку несмасни и трапави мачки и кучиња и бељите кои ги направиле.Животни кои имаат проблем со однесувањетоrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини на кои кучињата ви ги читаат мислите

    5 начини на кои кучињата ви ги читаат мислите

    Гордиот сопственик на куче секогаш вели дека неговото милениче е паметно. И навистина, постојат истражувања кои го докажуваат тоа.rnrn5 начини на кои кучињата ви ги читаат мислитеrn

    Чувствуваат емпатија

    rnКучињата можат да почувствуваат како е расположен нивниот сопственик не по неговите постапки, туку преку читање од неговото лице. Имено, луѓето секогаш ги изразуваат емоциите преку лицето, и тоа од десната страна, така што секогаш кога гледаме во нечие лице, несвесно се фокусираме на десната страна барајќи одредени информации. Покрај нас луѓето, тоа го прават уште некои видови мајмуни и кучињата, што им дава можност да погодат што се случува со нивниот сопственик. Исто така, постои уште еден интересен начин на кој кучињата можат да „сочувствуваат“ со луѓето, а тоа е „заразата“ со прозевањето.rn

    Знаат дека нашиот видик е поинаков од нивниот

    rnПри еден експеримент научниците поставиле човек на едната страна од собата, куче на другата, а во средина две играчки. Човекот можел да види само една од играчките затоа што пред едната имало проѕирна, а пред другата непроѕирна преграда. Кучето можело да ги види и двете. Кога му било кажано да му однесе на човекот една од играчките, без да му се каже која од нив, тоа секогаш ја бирало играчката која човекот можел да ја види. Кога преградите биле тргнати, ја носел онаа која тоа ќе посакало. Кучињата знаат што гледаме. Затоа, на пример, ако на масата има чинија со храна тие не ја чепкаат додека сме тука, но ако се свртиме веднаш ја напаѓаат.rnrn5 начини на кои кучињата ви ги читаат мислитеrn

    Знаат дека ние знаеме нешта кои тие не ги знаат

    rnКучињата можат да „намирисаат“ дека луѓето се поинтелигентни од нив и затоа им веруваат. Кога им било дадено да изберат помеѓу мала чинија со храна која ја јадат нивните сопственици и голема чинија полна со храна која луѓето не ја јадат, тие се одлучиле за првата опција.rn

    Го разбираат покажувањето со прст

    rnКучињата знаат дека знаеме работи кои тие не ги знаат, знаат и кога гледаме поинаку од нив, па затоа добро го разбираат и покажувањето со прст. Едноставно, веруваат дека за нив е добро да послушаат во таква ситуација и затоа се вртат таму каде што ќе им се покаже. Дури и да не им се покаже јасно, ако човекот е фокусиран со погледот на одреден објект, тие знаат дека тој е заинтересиран за него.rn

    Знаат кога не им давате фер третман

    rnНаучниците направиле експеримент со две кучиња кои успешно изведувале еден ист трик. По секој успех, едното од нив било наградувано, а другото не. По некое време второто престанало со изведбите и почнало да покажува знаци на вознемиреност. Истото може да се случи и кога сопственикот ќе покаже емоции кон друго куче во присуство на своето. Не се работи за љубомора, затоа што кучињата не можат да го почувствуваат тоа, но знаат кога не добиваат фер третман.

  • Мачки што им се прават газди на кучињата

    Мачки што им се прават газди на кучињата

    Стереотипот вели дека мачките се плашат од кучиња и бегаат од нив. Но, овие фотографии докажуваат дека тоа не е случај со сите.rnrnМачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата Мачки што им се прават газди на кучињата (18) Machki-shto-im-se-pravat-gazdi-na-kuchinjata-www.kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Помалку познати факти за кучињата

    Помалку познати факти за кучињата

    Автор: Сања СтојковскаrnrnРечиси да нема човек што не ги сака кучињата. Во изборот на домашно милениче, најчесто децата, но и возрасните сакаат да имаат кутре од која било раса. Ќе ви претставиме некои помалку познати факти поврзани со кучињата кои накусо ќе ве анимираат и ќе ви овозможат да дознаете малку повеќе информации за нив.rnrnПомалку познати факти за кучињатаrnrn1. На крајот на песната „Еден ден во животот“ (A Day in the Life), Пол Макартни снимил пискава свирка што само кучињата можат да ја слушнат. Ова било направено специјално за неговото куче Марта.rnrn2. 58% од сопствениците на кучиња, ги вклучуваат нивните миленици во фотографиите од годишните одмори.rnrn3. Во Исланд, чувањето куче како милениче е нелегално.rnrn4. Некои раси на кучиња може да го идентификуваат ракот на белите дробови преку душкање на здивот на човекот.rnrn5. Во САД, околу 1 милион сопственици на кучиња ги ставаат своите миленици на прво место во своите тестаменти.rnrn6. Кучињата што живеат во град, живеат во просек 3 години повеќе од кучињата што живеат во село.rnrnПомалку познати факти за кучињатаrnrn7. Добро е познато дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Името Фидо кое многумина го користат како име за нивното милениче, потекнува од зборот fidelity што на латински значи верност.rnrn8. Кучето на семејството на Волт Дизни, било пудлица и се викало Lady (Дама).rnrn9. Кучето Фенг на Хагрид од Хари Потер е од расата неаполски мастиф, која е скоро изумрена после Втората светска војна.rnrn10. Во првите 10 дена од животот, точките на далматинците не се гледаат и се наоѓаат на кожата под крзното. Потоа се зголемуваат и се појавуваат.rnrn11. Спротивно на верувањата, пудлиците не се од француско потекло. Тие се германски кучиња кои многу бргу станале омилени за француската аристократија.rnrn12. Кученцата се раѓаат без заби, глуви и слепи.rnrnПомалку познати факти за кучињатаrnrn13. Во САД живеат најмногу кучиња, повеќе одошто во која било друга држава. Франција е втора на списокот.rnrn14. Кучињата може да бидат корисни во надополнувањето на животот на децата со аутизам. Тренираните кучиња може да ја намалат тенденцијата за агресивност кај ваквите дечиња и да ги научат на чувство за независност.rnrn15. Свежото и сувото грозје, доколку го конзумираат кучињата дури и во најмали количини, може да создаде сериозни оштетувања кај нивните бубрези.rnrn16. Првото сетило што се развива кај кучињата е сетилото за допир.rnrn17. Порано им го бричеле крзното на пудлиците за да ги направат подобри пливачи.rnrn18. Истражувањата покажуваат дека доколку сте нервозни, галењето на вашето куче може да ви го намали крвниот притисок и да ве смири.rnrnПомалку познати факти за кучињатаrnrn19. Типично куче има 42 постојани заби, додека просечниот човек има 32.rnrn20. На 1 година, кучињата имаат степен на физички развој како луѓето на 15 години.rnrn21. Доколку му се насмевнете или му се смеете на вашето куче, може да бидете погрешно разбрани затоа што тоа во тој момент не гледа насмеан израз, туку вашите заби како знак за агресија.rnrn22. Најголем дел од кучињата имаат розови јазици како знак за добро здравје. Само кучињата чау-чау и оние од расата шар пеј имаат црни јазици, но тоа нема никаква врска со лоша здравствена состојба.rnrn23. Кучињата од расата басет хаунд имаат најдолги уши. Нивната големина често изнесува помеѓу 18 и 25 см.rnrn24. Кублај Хан, основачот на Династијата Јуан во античка Кина, поседувал 5.000 мастифи, што е најголемиот број на кучиња кои ги поседувал еден човек.rnrn25. Од 12 кучиња колку што биле на Титаник, преживеале 3 – два мали померанци и еден пекинезер.