Нашите домашни миленичиња поминуваат многу време со нас и токму затоа тие често учат одредени човечки однесувања. Понекогаш тие дури толку многу наликуваат на нас што нѐ тераат да се запрашаме да не случајно и самите веруваат дека се луѓе. Погледнете ги наредниве 22 животни кои комплетно заборавиле дека се животни…rnrn
rnrn
Tag: кучиња
-

22 животни кои заборавиле дека се животни
-

Дали сте се запрашале?
Кога бевме мали се прашувавме многу работи за кои ни недостасуваше одговор. Родителите ни одговараа на секој изблик на љубопитност, но потоа во еден момент едноставно престануваме да се прашуваме за неважните работи. Следниве 20 прашања не се важни, но сепак дали некогаш сте се запрашале…rnrn
rnrn1. Зошто сонцето ни ја осветлува косата, но ни ја потемнува кожата?rnrn2. Зошто жените не можат да ставаат маскара со затворена уста?rnrn3. Зошто тостерите имаат подесување за толку висока температура која би го изгорела лепчето до степен што ниедно човечко суштество не би го јадело?rnrn4. Зошто има светло во фрижидерот, но не и во замрзнувачот?rnrn5. Зошто никогаш не сте наишле на наслов во весник „Видовит човек доби на лотарија“?rnrn6. Зошто мора да кликнете на „Start“ за да го сопрете Windows?rnrn7. Зошто не постои храна за мачки со вкус на глувци?rnrn8. Кој ја пробува кучешката храна кога велат дека таа сега има „нов и подобрен вкус“?rnrn9. Зошто луѓето покажуваат на рачниот зглоб кога прашуваат колку е саат, но не покажуваат на бешиката кога бараат тоалет?rnrn10. Зошто Шиљо стои исправено, а Плутон на 4 нозе кога и двајцата се кучиња?rnrn11. Зошто ја стерилизираат иглата за смртоносната инјекција?rnrn12. Зошто овците не се смалуваат кога врне?rnrn13. Кој бил првиот човек кој погледнал крава и си рекол: ќе ги исцедам овие розови виснати нешта и ќе испијам што и да е тоа што ќе излезе од нив?rnrn14. Ако луѓето еволуирале од мајмуни зошто сѐ уште постојат мајмуни?rnrn15. Дали слепите луѓе гледаат во сон?rnrn16. Зошто пиците кои се округли се пакуваат во коцкести кутии?rnrn17. Зошто луѓето често велат „спиев ко бебе“, кога бебињата се будат на секои 2 часа?rnrn18. Кога после смртта одиме во рајот, дали цело време ќе ја носиме облеката во која нѐ закопале?rnrn19. Зошто притискаме посилно на копчињата на далечинското кога знаеме дека батериите се слаби?rnrn20. Зошто лепакот не се залепува за тубата?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Овие две кучиња сигурно имаат подобар свадбен албум од вашиот
Запознајте ги Пит и Тели, двете кученца кои се лудо заљубени. Нивните сопственици решиле да направат профил на Инстаграм, кој веќе достигна над 3 илјади следбеници. Сигурно сме дека бројката ќе расте и понатака, земајќи ги предвид преслатките слики што секојдневно ги објавуваат. Како фотограф, се појавува Сара Џоинер, која била повикана да ја овековечи свадбата на Пит и Тели.rnrn
rnrnСопствениците изјавуваат „Едноставно премногу се сакаат. Па, решивме на ваков начин да ја документираме нивната врска“. Уживајте во сликите и не заборавајте да ги следите на Инстаграм.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

6 знаци дека вашето куче чувствува некаков вид болка
Кучињата не покажуваат болка на истиот начин како што тоа го прават луѓето и токму затоа е важно да научите како да ги препознавате знаците кои укажуваат на некаков вид болка. Како сопственици на домашни миленичиња, мора да се осигураме дека нашите кучиња се добрo згрижени и сакани. Токму затоа им ја купуваме најдобрата храна и се обидуваме да им ја приредиме најдобрата забава. И секако никогаш не сакаме тие да страдаат, но кучињата немаат начин на кој би ни кажале дека нешто ги боли. Па, како би требало да знаеме?rnrn
rn1. Тешко дишење или задишаност
rnПовеќето кучиња одвреме-навреме кога се под стрес или возбудени се задишуваат, но доколку тоа го прават без очигледна причина, тоа дефинитивно може да биде знак дека чувствуваат некаква болка.rn
2. Претерано лижење или гризење
rnКучињата кои лижат или гризат специфична област од нивното тело можеби го прават тоа затоа што таму чувствуваат болка. Тие можат да лижат или гризат скршени нокти, отворени рани, иритирани шепи, па дури и тумори кои се наоѓаат под кожата.rn
3. Намален апетит
rnКучињата многу често одбиваат да јадат кога се болни или кога нешто ги боли, па доколку забележите ненадејно намалување на нивниот апетит, тоа може да биде знак за болка. На пример, кучето кое си го повредило вратот нема да сака да се наведне надоле и да јаде од својата чинија бидејќи тоа му предизвикува болка.rn
4. Куцање
rnКога кучето куца, тоа дефинитивно е знак за болка или за некаков вид непријатност. Кучињата можат да куцаат поради артритис, истегнат мускул, повреди на лигаментите, повреда на грбот или вратот, укоченост во зглобовите или поради скршени коски. Болката во овие ситуации можете да ја препознаете така што ќе забележите дека вашето куче се двоуми дали да се качува по скали или на повисоки места.rn
5. Лигавење
rnПретераното лигавење може да биде знак дека кучето чувствува болка во стомакот или пак, дека му е лошо. Овие ситуации укажуваат на фактот дека кучето е вознемирено и дека чувствува екстремна болка. Надуеноста е сериозна состојба која предизвикува силна болка во стомакот на кучето. Оваа состојба знае да биде многу опасна и мора веднаш да побарате ветеринарска помош.rn
6. Промени во однесувањето
rnКучињата кои чувствуваат болка стануваа агресивни. Тие во вакви ситуации знаат да ‘ржат дури и ако само поминувате покрај нив. Некои кучиња кои чувствуваат некаков вид болка исто така се тажни и депресивни, со намален апетит, спијат повеќе од вообичаено, се кријат, немаат интерес за играње или за прошетки.rn
Повеќе информации
rnСпособноста да препознавате дали вашето куче е во болка се сведува на самото познавање на неговите нормални карактеристики. Доколку тоа се однесува чудно и покажува некои од погоре наведените симптоми тоа може да чувствува некаков вид болка и затоа е многу важно да побарате совет од вашиот ветеринар. Никогаш не е добра идеја вие самите да му давате медикаменти, бидејќи можат да му предизвикаат други проблеми меѓу кои се вбројуваат и различните видови гастроинтестинални проблеми.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како реагираат кучињата на магични трикови?
Сите ние скоро исто реагираме на магични трикови. На почетокот од трикот сме убедени дека следиме сѐ што прави магионичарот и дека лесно ќе му го откриеме трикот, но во еден момент се случува пресврт и ние сме целосно изгубени. Се прашуваме како ли успеа токму тоа да го направи и кога ја изгубивме контролата врз нашето внимание кон трикот. Но, сте се запрашале ли некогаш како би реагирале кучињата на магија? Погледнете.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како кучињата пијат вода?
Ако досега сте гледале со чудење на тоа како кучињата можат само да гo исплазат јазикот кон водата и бргу да ја изгасат жедта, забавената снимка нa ова видео ќе ви ги расчисти дилемите. Ова е извадок од документарецот „Тајниот живот на кучињата“ (Secret Life of Dogs).rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Пред и потоа: фотографии од домашни миленичиња кои пораснале
Домашните животни и луѓето делат посебна врска кога растат заедно, а тоа може одлично да се види на наредниве неколку фотографии од сопствениците со своите миленичиња.rnrn
rnrnБидејќи нивниот животен век е пократок, кучињата, мачките и другите домашни миленичиња многу брзо растат. За само неколку месеци, тоа слатко и трапаво кутре, кое се сопнувало од своите мали шепички, ќе порасне и ќе се движи покрај вашите нозе со ентузијазам, барајќи од вас постојано да си играте со него. И за само уште неколку месеци потоа ќе ја достигне и својата зрелост. Нивното присуство ни дава посебна перспектива на промените во животот, а исто така ни помага и да го цениме фактот дека тие се постојано покрај нас како наши верни придружници.rnrn
rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Животни кои ја изгубиле битката со мебелот во домот
Кога го уредуваме домот, купуваме мебел кој одговара на човековите потреби. Тоа понекогаш значи дека тој може да не е баш соодветен за љубопитноста на домашните миленици. Мачките сакаат да се пикаат на претесни места, а кучињата знаат да се заглават на многу смешен начин и наеднаш да ја изгубат грациозноста во нивното држење. Како и да е, сопствениците на домашни миленици се секогаш тука да го фатат сеирот, да им помогнат да излезат, и секако, претходно задолжително да го овековечат овој смешен момент.rnrn
rnrnУживајте во галеријата смешни фотографии од домашни животни, кои борејќи се со разни парчиња мебел во домот, не успеале да победат. :)rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 кучешки заповеди: Препораки од кучињата за сите сегашни и идни сопственици
Ова се 10 упатства кои секој сегашен или иден сопственик на куче треба да ги знае.rnrn
rnrn1. Мојот живот веројатно ќе трае помеѓу 10 и 15 години. Секоја разделба од тебе ќе ми биде болна. Имај го тоа на ум пред да ме набавиш.rnrn2. Дај ми време да сфатам што сакаш од мене.rnrn3. Имај доверба во мене, тоа ми е важно.rnrn4. Немој да ми се лутиш долго и не ме казнувај со затворање. Ти имаш своја работа, забава, пријатели, јас те имам само тебе.rnrn5. Зборувај ми. Ако не ги разбирам твоите зборови, го разбирам твојот глас кога ми зборуваш.rnrn6. Имај на ум дека никогаш нема да заборавам како се однесуваш со мене.rnrn7. Пред да ме удриш знај: имам заби со кои лесно би можел да ти откинам рака, но сепак избирам да не го направам тоа.rnrn8. Пред да ме искараш дека не сум те послушал или сум бил мрзлив или тврдоглав, запрашај се дали нешто можеби ме мачи. Можеби не ја добивам храната што ми треба или предолго сум бил на сонце или едноставно стареам, па срцето ми ослабело.rnrn9. Грижи се за мене кога ќе остарам. И тебе ќе ти се случи истото.rnrn10. Појди со мене на тешко патување. Никогаш не вели „не можам да го гледам и него таму“ или „додека ме нема, грижи се да добива тоа и тоа“. Можеби би си поминал полесно без мене, ама јас поднесувам сè полесно кога сум покрај тебе.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Смешни кучиња што весело си играат во снегот
Ако оваа галерија од слатки кучиња кои весело си играат во снегот ви го стопли срцето, следниот пат кога ќе заврне, не пропуштајте да го поведете вашето мало пријателче во прошетка по снежната убавина надвор. И тие сакаат да уживаат во снегот исто како и вие.rnrn
rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.














































































































