КАФЕ ПАУЗА

Tag: кучиња

  • Весели кученца се забавуваат пливајќи под вода

    Весели кученца се забавуваат пливајќи под вода

    Подводните фотографии на Сет Кастел се навистина освежување за очите. Полни со живи бои, забавни кучешки положби и бесценети фацки поради кои се топиме пред екранот. Со неговата работа се имаме сретнато и порано, но оваа нова фотосерија, насловена „Подводни кутриња“ е уште подобра.rnrnrnrnСекој би помислил дека на фотографот му било многу забавно додека ги правел овие фотографии, но помеѓу играта и забавата, имало и многу напорна работа и тренинзи.rn
    rn

    „За да ја направам оваа серија, им давав часови по пливање на повеќе од 1.500 кутриња, градејќи ја нивната доверба во водата и помагајќи им да развијат чувство за безбедност и преживување. Повеќето кутриња пливаа само по неколку минути и не беа спремни за сликање, но некои решија сами да скокнат и да почнат да ги бркаат играчките“, вели Кастел.

    rn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 креативни подароци за вашето куче

    20 креативни подароци за вашето куче

    Кучињата секогаш се радуваат на нови играчки и додатоци кои им овозможуваат поголемо уживање и забава. Секако, секогаш можете да им подарите само коска или топче, но ако сакате навистина да ги израдувате, ви препорачуваме да се инспирирате од листата подолу. Тука ќе најдете интересни куќички и легла, базени, фонтани за разладување на жештините, специјални чадори и уште многу други кучешки аксесоари.rnrn

    Топка Рогз Гринз (1)
    Топка Рогз Гринз (1)
    rnrn
    Топка Рогз Гринз (2)
    Топка Рогз Гринз (2)
    rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни кучиња фотографирани во вистинскиот момент

    Смешни кучиња фотографирани во вистинскиот момент

    На интернет има многу фотографии фатени во совршениот момент, но посебно интересни се оние со кучињата кои некако секогаш успеваат да се наместат така за да ја заменат главата на нивниот стопан, да изгледа како да ловат риби или како да им пораснале широко раширени крилја. Уживајте во галеријата!rnrnrnrn

  • Доказ дека кучињата ќе ве сакаат дури и ако останете без пари и покрив над глава

    Доказ дека кучињата ќе ве сакаат дури и ако останете без пари и покрив над глава

    Откако едно куче ќе формира блиска врска со сопственик кој навистина се грижи за него, неговата лојалност никогаш нема да престане. Кучињата остануваат со своите сопственици и во најлошите моменти од животот и за разлика од луѓето, тие не ги судат оние кои се во своето најлошо светло или пак останале без покрив над главата. Кучињата се од огромно значење за луѓето, но најмногу за бездомниците бидејќи им овозможуваат безусловна љубов во време кога целото општество им го свртело грбот. Наредниве неколку фотографии од кучиња со своите сопственици-бездомници го покажуваат токму тоа – кучето е вистински пријател кој ќе остане покрај вас без разлика на вашата состојба и ситуација…rn

    Доказ дека кучињата ќе ве сакаат дури и ако останете без пари и покрив над глава

    rn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неодоливи минијатурни приколки за вашето домашно милениче

    Неодоливи минијатурни приколки за вашето домашно милениче

    Веќе постојат приколки за луѓето, па зошто не би постоеле и за кучињата? Наречена „Pet Camper“, оваа приколка била дизајнирана од страна на Џадсон Бумонт кој работи во Ванкувер. Тој вели дека идејата му дошла пред неколку години кога неговата ќерка побарала од него да изгради куќичка за нејзиното кутре. Оттогаш, дизајнерот изградил голем број минијатурни приколки кои се целосно прилагодливи. Материјалот, големината, стилот и бојата можат да бидат дизајнирани според вашиот вкус. Вие дури можете да си додадете и персонализирана регистарска табличка за вашето куче. Погледнете…rnrnНеодоливи минијатурни приколки за вашето домашно миленичеrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колоритни фотографии го покажуваат питбулот во понежно светло

    Колоритни фотографии го покажуваат питбулот во понежно светло

    Некои кучиња за жал најчесто непотребно добиваат лоша репутација. Токму затоа фотографката Софи Гаманд споделила нова серија фотографии, наречена „Flower Power“, во која го покажува питбулот во сосема поинакво светло. Наместо да ги отсликува како силни и опасни кучиња, таа ги потенцира нежните и женствени тонови кои се дел од нивната слатка природа.rnrnКолоритни фотографии го покажуваат питбулот во понежно светлоrnrnПред да ја започне оваа серија, таа се предизвикала себе да им пристапи на питбулите со свежа перспектива и отворено срце. Гаманд признава дека претходно имала предрасуди за нив, но наместо да им дозволи тие да тлеат во неа, таа станала активен волонтер во групи за спасување на кучиња. Токму тогаш започнала да ги гледа во поинакво светло и решила да се обиде да ја покаже својата перспектива кон овие нежни кучиња кои се жртви на предрасуди и урбани легенди низ целиот свет…rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

    Вистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допадне

    Некои раси на кучиња постоеле стотици години, но не биле онакви какви што ги знаеме денес. Во 1915 година била направена класификација на „расните кучиња“ во книгата „Breeds of All Nations“ и оттогаш па наваму луѓето ги одржувале овие раси, со цел да направат подобри и посовршени кучиња. Тие сакале нивните домашни миленичиња да бидат поубави, поатлетски и повеќе да одговараат на нивните „стандарди за расите“ и токму затоа секое куче го пареле само со она од неговиот „вид“, дури и ако тоа подразбирало парење со своето семејство. Но, овој пристап го направил токму спротивното и преку генетската мутација и манипулација, денешните кучиња се само сенки на своите предци. Сите кучиња со педигре станале вродени мутанти, склони кон генетски дефекти и нарушувања кои водат до живот исполнет со болка, па дури и смрт.rnrnrnrnПогледнете ги наредниве фотографии во кои може да се направи споредба на изгледот на кучињата денес со изгледот на оние од пред скоро 200 години…rnrn1. Бул териерот бил атрактивно и атлетски градено куче. Но, со текот на годините неговата муцка мутирала и станала преголема за неговото лице што води кон проблеми со дишењето. Овие кучиња денес имаат и прекубројни заби и компулсивно го бркаат својот опаш.rnrnВистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допаднеrnrn2. Басетот никогаш претходно не бил поблиску до земјата. Ова куче страдало од промени во страничните структури на неговите нозе, има одвишок кожа, проблеми со ‘рбетот, излезени очи кои се склони на ентропион и ектропион. Тие исто така имаат и предолги уши за својата големина.rnrnВистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допаднеrnrn3. Боксерот денес има многу пократко лице со екстремно кратка муцка. Неговиот заден дел исто така е многу поспуштен отколку што би требало. Како и сите други кучиња со рамна глава, така и ова куче има проблеми со контролирање на својата температура на топло време и токму овој недостаток влијае врз неговата физичка перформанса. Боксерот исто така е многу склон на различни видови рак како и на напади.rnrnВистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допаднеrnrn4. Англискиот булдог еволуирал во суштество кое е склоно на сите можни болести. Во една студија од 2004 година се открило дека просечен животен век на овие кучиња е 6,25 години. Тие исто така не се способни за парење без медицинска интервенција. Едноставно не постои здрав булдог.rnrnВистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допаднеrnrn5. Јазовичарот, многу одамна, имал функционални нозе и врат кои биле соодветни за неговата големина. Грбот на ова куче и вратот сега се толку издолжени, што неговите гради се поместени нанапред, а нозете му се смалиле до тој степен што неговото тело е едвај над земјата. Постои голем ризик од болеста на меѓупршленски диск која може да резултира со парализа. Тие исто така се склони и кон ахондроплазија и голем број проблеми со нивните нозе.rnrnВистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допаднеrnrn6. Германскиот овчарски пес мутирал во куче кое едвај може да оди, во споредба со неговиот предок. Ова куче било големо и со многу мускули кое можело да трча и скока без никакви проблеми. Денес, Германскиот овчарски пес е аглест, има проширени гради, повлечен е наназад и спаѓа во атаксичните видови. Овие промени кај ова куче немаат никаква цел и само го повредуваат и уназадуваат кучето.rnrnВистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допаднеrnrn7. Бернандинецот отсекогаш бил големо куче, но модерната верзија од него е исклучително зголемена со набиено лице навнатре и има премногу вишок кожа. Кучето многу брзо се прегрева и не може да се движи правилно. Најчестите болести кои го напаѓаат овој вид се ентропион, ектропион, парализа, хемофилија, остеосарком, афакија и недостаток на фибриноген.rnrnВистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допаднеrnrn8. Мопсот е уште едно куче кое со селективното парење еволуирало во вид со рамна глава (неговиот нос е набиен наназад во лицето) и ги има сите проблеми кои доаѓаат со оваа состојба како висок крвен притисок, недоволно примање на кислород, проблеми со дишењето, тенденција за прегревање, проблеми со забите и кожата. Дури и превитканата опашка е всушност генетички дефект, која во посериозни облици доведува до парализа.rnrnВистината за кучињата со педигре која воопшто нема да ви се допаднеrnrnИ што се случува со новите кутриња кои не одговараат во овие смешни (и најчесто штетни) стандарди на расите? Тие само затоа што не изгледаат „совршено“ се отфрлени и доколку никој не ги посвои се стерилизираат или стануваат жртви на евтаназија. Доколку сакате да направите промена, посвојте кутре мелесче кое со сигурност ќе биде во подобро здравје од сите останати кучиња со „педигре“. Престанете да бидете дел од измачување на кучињата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мали дечиња со своите големи домашни миленичиња

    Мали дечиња со своите големи домашни миленичиња

    И покрај тоа што изгледаат застрашувачки, поголемите раси на кучиња знаат да бидат многу добри фамилијарни пријатели кои се полни со љубов и ги штитат децата на сопствениците исто како да се нивни. Постојат многу придобивки од растењето со куче, како на пример, тие ве учат на одговорност, сочувство и самодоверба, а истовремено ве заштитуваат и се покрај вас дури и во најтешките моменти.rnrnМали дечиња со своите големи домашни миленичињаrnrn

  • Овие кучиња ќе ве разиграат, развеселат и ќе ви ги наполнат очите со задоволство

    Овие кучиња ќе ве разиграат, развеселат и ќе ви ги наполнат очите со задоволство

    Црни носиња, исплазени јазичиња, ширум ококорени очиња… Зарем има нешто послатко од погледот на радосно куче?rnrn1-ovie-kuchinja-kje-ve-razigraat-razveselat-i-kje-vi-gi-napolnat-ochite-so-zadovolstvo-kafepauza.mkrnrnКејли Гриер е фотографка од Бостон, Масачусетс, која се занимава исклучиво со фотографирање животни. Ја пронашла својата страст за овој вид фотографија уште додека студирала и тогаш сфатила дека не би можела да се занимава со ништо друго.rnrn5-ovie-kuchinja-kje-ve-razigraat-razveselat-i-kje-vi-gi-napolnat-ochite-so-zadovolstvo-kafepauza.mkrn

    „Константна потреба ми е да ја ‘ловам’ бескрајната радост и карактеристичниот кучешки дух кој ми овозможува да внесам толку боја и душа во моите фотографии. Среќата и енергијата кои се надевам ги чувствуваат гледачите кога ќе ги погледнат моите слики се директна одлика на жестоката љубов која ја наоѓам внатре во душата на секое куче“ – вели Кејли.


    rn3-ovie-kuchinja-kje-ve-razigraat-razveselat-i-kje-vi-gi-napolnat-ochite-so-zadovolstvo-kafepauza.mkrnrnТаа често волонтерски фотографира кучиња од локални засолништа за животни со цел да направи промена во животите на оние кои се бездомни и напуштени.rn
    rn

    „Одлична фотографија од осамено куче може да има моќ да го промени неговиот живот, повеќе одошто би можеле да си замислите“ – додава Кејли.

    rn4-ovie-kuchinja-kje-ve-razigraat-razveselat-i-kje-vi-gi-napolnat-ochite-so-zadovolstvo-kafepauza.mkrnrnУживајте во галерија од нејзините фотографии. Ќе забележите дека вашето срце инстантно ќе стане поисполнето и посреќно.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • И животните се бакнуваат

    И животните се бакнуваат

    Изгледа дека луѓето не се единствените живи суштества кои се бакнуваат. Птиците се допираат со клуновите, кучињата се лижат, коњите се тријат со муцките, мачките се мазат. Животните, исто како и луѓето искажуваат чувства преку бакнувањето. Нивните инстинкти ги поттикнуваат да искажуваат љубов, допаѓање, мир, почит и пријателство преку директниот физички контакт кон луѓето и кон други животни. Мајките ги лижат своите бебиња, пријателите се гушкаат, а љубовниците страсно се бакнуваат.rnrnПогледнете ги овие прекрасни 15 фотографии од природата на кои животните се фатени во вистински момент на страст.rnrn1-i-zhivotnite-se-baknuvaat-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.