Тие изгледаат како да се убедени дека никој не може да ги види…rnrn

rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Тие изгледаат како да се убедени дека никој не може да ги види…rnrn


Сајтот „Bored Panda“ ги повикал своите читатели да испратат слики од своите огромни кучиња. Од нив може да се заклучи една работа – дека огромните домашни миленичиња се исто толку нежни во душата како и помалите од својот вид. Начинот на кој тие се галат со своите сопственици не може да сугерира на ништо друго.rnrn
rnrn

Не треба да сте премногу паметни за да знаете дека животните одеднаш ќе живеат поубав живот. Разгледајте ги само овие пред и потоа фотографии и видете ги нивните лица откако добиле ново семејство и тоа ќе ви стане уште појасно.rnrn


Како и обично, од денес или од следниот понеделник сите почнуваме да вежбаме. Овие петнаесетина пријателчиња ќе се обидат да ви помогнат поцврсто да се држите до фитнес целите.rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn

Фотографот Дан Банино раскажува како животот му се променил откако посвоил куче од домот за животни-бездомници. Тогаш сфатил колку други кучиња се во истата состојба – гладни, без љубов, грижа и заштита. Целта на оваа урнебесна фотосесија е да се поттикне свеста кај луѓето за животните кои немаат свој дом и луѓето да почнат почесто да вдомуваат животни.rnrn

Постојат многу митови околу кучињата и нивните сопственици, но за дел од нив сè уште не постојат цврсти факти со кои би се докажале. Токму затоа погледнете ја оваа објективна перспектива на 3 добро познати митови и факти за кучињата и нивните сопствениците која е поддржана со голем број истражувања во оваа област.rnrn
rn
rnЕдна студија која била објавена во октомври, 2012 година ја донела првата научна валидација на овој стереотип. Дебора Велс и нејзините колеги со спроведеното истражување откриле дека оние сопственици кои имаат поагресивни раси на кучиња имале повисок резултат на скалите за лутина, агресија и непријателство.rnrn
rnrnПозади науката: И покрај тоа што оваа теорија не е целосно потврдена, можно е објаснувањето на овој феномен да се бара во фактот дека луѓето одбираат кучиња кои се на некој начин продолжување од нив. Ние ги одбираме своите пријатели и партнери кои имаат слични интереси и тенденции, па зошто да не би го правеле тоа и со домашните миленици? Но, постојат и други фактори кои можат да предизвикаат луѓето да бидат поагресивни и да изберат поагресивни раси на кучиња. Луѓето кои се социјално изолирани, имаат малку посетители или живеат во област која изобилува со криминал се под поголемо ниво на хроничен стрес, па токму поради тоа би можеле да одберат поагресивно куче со цел да биде нивниот „чувар“.rn
rnГолем број студии биле спроведувани врз здрави луѓе, оние со хронична болест или постарите и секогаш чувањето куче било позитивно поврзано со начинот на кој срцето се прилагодува на стресни ситуации, со намалениот крвен притисок, помалку болка и значително намален ризик од срцеви и мозочни удари во период од 10 години или повеќе. Повеќето студии ги вклучувале сопствениците на кучиња, но дел од нив биле и со сопственици на мачки.rnrn
rnrnПозади науката: Очигледното објаснување е дека со чувањето куче доаѓа и обврската да излезете од вашиот дом и да пешачите. Всушност истражувањата покажале дека оние кои поседуваат куче имаат многу повеќе аеробик вежби во нивниот живот отколку оние кои немаат домашно милениче. Вежбањето има голем број здравствени придобивки, започнувајќи од борбата против прекумерната телесна тежина и дијабетесот, па сè до подобрување на општото здравје. Излегувањето од дома исто така води до подобрување на социјалниот живот, но она што е најинтересно е дека студиите покажале дека чувањето куче исто така и го продолжува вашиот живот.rnrnКучињата не се единствените кои имаат позитивно влијание врз луѓето. Другите домашни миленици, вклучувајќи ги и мачките, исто така имаат големо влијание при намалување на стресот. Во експерименталните студии, кога од испитаниците се барало да ги стават своите раце во студена вода, тие биле под помалку стрес, и физички и психички, доколку биле во придружба на нивните миленичиња, во споредба со нивните сопружници или пријатели.rn
rnИстражувачите откриле дека луѓето можеле многу лесно да ги препознаат вистинските (наспроти лажните) сопственици на кучиња, доколку тие се расни. Ова препознавање одело малку потешко кај мешаните кучиња.rnrn
rnrnПозади науката: Истражувачите од Сан Диего ги тестирале своите хипотези дека кучињата и нивните сопственици, исто како венчаните двојки, почнуваат да наликуваат еден на друг со тек на време. Но, не постојат докази кои би ја поддржале оваа врска. Од друга страна пак, наместо со тек на време да почнат да наликуваат едни на други, изгледа дека луѓето уште од почетокот одбираат раси на кучиња кои најмногу наликуваат на нив. Дали станува збор за свесен или несвесен избор, сè уште не се знае. Но, она што може со сигурност да се каже е дека луѓето често им пристапуваат со недоверба на оние нешта кои се различни од нив, па можеби токму затоа одбираат кучиња со кои на некој начин делат одредени сличности.

Автор: Марија МитеваrnrnИма огромен број кучешки раси и невозможно е да ги поставиме сите во релација со човечките карактеристики. Но, се обидовме да сублимираме неколку човечки карактери и да најдеме по неколку раси со кои би си соодветствувале.rnrn
rn
rn
rn
rnrnОваа раса најпрво била наменета како ловечка раса, а пак денес се екстра забавни кучиња. Со оваа раса игрите се бескрајни, прошетките се долги и динамични. Колку пати и да му го фрлите топчето, ова куче повторно ќе ви го врати, се чини како никогаш да не се изморуваат. Поради неговата хиперактивност, многу е важно постојано да му ја празните вишокот енергија и да почнете да го дресирате уште кога е мало. Така, нема да имате проблеми кога ќе го оставите само дома или пак доколку имате мало дете. Тие многу ги сакаат децата и навистина сакаат да си играат со нив, но бидејќи се полни со енергија може случајно да го турнат или удрат детето. Поради овие причини се препорачува секогаш да му ја држите под контрола неговата преголема енергичност, така што постојано ќе го изморувате со долги и динамични прошетки.rn
rn
rnrnОвие кучиња се екстремно издржливи што не е ни чудно кога ќе го разгледаме нивното потекло. Најпрво тие биле приспособувани да влечат санки во екстремно ладни услови и непристапни предели, каде што ниедно превозно средство не би можело да успее. Токму затоа денешните хаски кои се чувани во градските средини како домашни миленици, се толку полни со енергија и имаат потреба за долги и разиграни прошетки. Но, внимавајте, овие кучиња уште ги викаат и уметници за бегање. Тие се способни да изрежираат бегства за какви не сте ни помислиле, затоа што често имаат „повици“ на дивината. Многу се силни и имаат висок одраз, нивниот скок може да достигне и до 2,44 метри. Но, доколку ги дресирате уште од мали и правилно им ја насочувате енергијата вие не би имале проблем со оваа раса. Хаските се одлични пријатели на децата.rn
rn
rnrnСтафорд бул териерот е мала динамична мускулна топка. Овие кучиња влегуваат во групата на енергични кучиња. Бараат бесконечно долги прошетки. При дресирањето на оваа раса морате да земете предвид дека имате работа со исклучително тврдоглаво куче, но тие се многу лојални и стабилни пријатели кои секогаш се полни со љубов. Иако на прв поглед изгледаат застрашувачки, тие не се опасни за луѓето меѓутоа не се баш пријателски настроени кон другите кучиња.rn
rn
rn
rnrnКучето- птичар и денеска ја има таа улога. Но пред сè е фамилијарно куче кое обожува да биде во центарот на вниманието кај газдите. Не е премногу темпераментни, но сака да си игра и да се дружи со други луѓе, кучиња, па дури и со мачки. Овие кученца се многу мили и се одлични за семејства каде има и мали дечиња.rn
rn
rnrnЉубезен, пријателски настроен, достоен за доверба, со овие карактеристики може да се опише златниот ретривер. Се сметаат за едни од најинтелигентните кучиња. Оваа раса е создадена за домашни услови, затоа што се одлични за семејства со мали деца, па и за лица на кои им е потребна дополнителна нега. Златниот ретривер никогаш нема да покаже агресија кон луѓе или други кучиња, иако е заштитнички настроен кон своите сопственици. Тие се издржливи кучиња и се подготвени да соработуваат во какви било услови и да останат фокусирани на дадената задача. Па затоа внимавајте да не им зададете преголеми задачи кои ќе ги работат толку посветено што може да ги донесе и до работ на колапс.rn
rn
rnrnКај овие раси најсилен адут е карактерот. Тие се многу мирни, лојални, стабилни и храбри кучиња, кои многу лесно се прилагодуваат во текот на дресирањето. Тие првично се одгледувани за да бидат заштитници во заедниците, па и денеска не може да се исклучи нивната инстинктивност да заштитуваат. Знаат да бидат малку непријатни кога во домот ќе влезе непознат човек, но никогаш не би го нападнале. Единствено на што треба да се посвети внимание кај црниот руски териер да не дојде до преголема срамежливост или пак прекумерно еуфорично однесување.rn
rn
rn
rnrnНе толку позната раса, која поради сличностите во изгледот ја мешаат со пекинезерот. Оваа раса е уште нарекувана и како мачка-раса. Тие се екстремно интелигентни и имаат чудни интереси. Како на пример сакаат да гледаат пејзажи низ прозорецот. Немојте да се зачудите доколку го најдете ова кученце качено на маса како гледа кон прозорецот, тоа само ужива во убавините на светот. Тие секогаш го преплавуваат газдата со бакнежи. Сакаат да се социјализираат посебно со луѓето, но и гласно алармираат кога се чувствуваат небезбедно или пак кога во неговиот дом има некој непознат. Имаат многу љубопитен дух. Затоа надвор кога ќе го повикате, не чудете се доколку ја сврти главата и си продолжи по сопствениот пат. Но, секогаш се враќаат.rn
rn
rnrnИсклучиво весели кучиња. Бишоните се кучиња кои секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, ќе ве следат секаде каде што вие ќе одите, ќе ви помага околу домашните задолженија, ќе спие со вас и ќе сака да се спријатели со секој што ќе наиде. Тие се одлични за со деца затоа што се многу грижливи, но знаат да бидат многу бучни кога се среќни, загрижени или незадоволни. Не бараат големи физички активности, единствено неколку кратки прошетки во текот на денот, но пак затоа бараат големо трпение од сопственикот во текот на дресирањето, затоа што знаат да бидат многу своеглави и тврдоглави.rn
rn
rnrnКај оваа раса најважно е обучувањето, доколку уште на почетокот му покажете кој е газда, нема да имате никаков проблем со него. Тие ќе прераснат во прекрасни, дружељубиви, грижливи пријатели на луѓето. Многу се интересни затоа што сакаат да одат на задните нозе и да подрипнуваат, ќе ви изгледа како да играат или постојано да ве молат за нешто. Знаат да бидат бучни кога некој ќе ѕвони на врата, но тоа не е проблем со кој не можете лесно да се справите. Оваа раса е одлична и за со деца, затоа што е многу грижлива, но и затоа што тука ќе може да си го покаже својот потенцијал за лидерство.rnrn rnrn

Слатките миленичиња секогаш ни ги топат срцата. Овие домашни миленици се подготвени за зимата. Погледнете ги овие преслатки суштества завиткани во топли ќебенца.rnrn
rnrn

Деновиве на социјалните мрежи е ултраакутелен хаштагот #BabushkaDogs под кој корисниците ги споделуваат своите кучиња со марама на главата, врзана на старински начин, под брадата, на тој начин правејќи ги да личат на стари баби, како што во некои краишта сè уште се практикува. Споредбата, иако глупава и нелогична, е истовремено и многу смешна. Кој би поверувал дека потребна е само една марама и малку креативност за вашето куче да го претворите во „бабушка“.rnrn
rnrn

Ова е едно поинакво сурфање на каучи… Тројца пријатели и нивните две кучиња кои заминале на летно патување низ Северна Америка дошле до една креативна идеја за одбележување на сите убави места кои ги виделе по пат. Секој пат кога сакале да позираат за фотографирање, тие го извлекувале каучот од комбето на најживописните локации и на тој начин креирале фотосерија која е истовремено и убава и будалеста.rnrn
rnrnМоже да се забележи дека на секоја фотографија некој или гледа настрана од фотоапаратот или прави нешто друго. Според корисникот на Редит thezim0090, кој ги поставил фотографиите од неговите пријатели, идејата зад ова било „‘несовршеноста’ на сликите да ja отслика несовршеноста која секој од нив тројца ја гледа во човештвото споредено со природата.“ Кој би очекувал толку длабока порака од тројца пријатели со две кучиња и кауч на високите планини?rnrn