Не, џиновски кучиња не ја нападнале планетата Земја. Овие фотографии од неверојатно неодоливи енормни кучиња кои се настанати случајно или намерно, ни покажуваат интересна и нова перспектива која нè води во еден сосема различен свет каде што токму тие се владетелите на оваа планета. Погледнете…rnrnrnrn
Општо е познато дека поголемиот дел од кучињата не сакаат вода. Токму затоа кога нивните сопственици нема доволно да ги подготват за средбата со вода, следниве ситуации се неизбежни. Овие кучиња имаат урнебесни реакции на водата, од која поради необјаснива причина се смртно исплашени…rnrn„ААААА! Бегај!“rnrn„Те молам не ме терај да одам таму!“rnrn
Начинот на кој спијат како и местото каде што можете да ги најдете додека одмараат можат многу да ви кажат за кучињата. Доколку лежат на страна, тие најчесто дремат. Ако се склопчени во топче, не се сигурни за безбедноста на местото или пак, мислат дека треба да станат набрзина. Доколку ве допираат вас или друго куче, покажуваат љубов, а ако спијат на грб, полесно се ладат и се целосно опуштени бидејќи чувствуваат дека се на безбедно.rnrnrnrnНо, постојат и кучиња кои спијат на истиот начин како нивните сопственици. Сигурни сме дека повеќето од овие неодоливи животни не се ни свесни дека се кучиња, па токму затоа и се однесуваат исто како своите сопственици…rnrn
Миленичињата се главни во домот… Сè додека не дојде нов член во семејството. Тогаш не им е јасно што ги снашло. Во оваа галерија од слатки слики ќе видите неколку кучиња кои сè уште не се помириле дека мора да го споделуваат вниманието кое претходно било само за нив.rnrn„Еј! Кој си ти?“rnrn„И зошто секогаш целото внимание е околу тебе?“rnrn
Кога ќе помислите дека нема повеќе начини да ги проценувате луѓето, тогаш се појавува истражување кое открива какви сте во љубовниот живот според тоа какво куче имате.rnrnrnrnНа 1.000 корисници на апликацијата Клоф, им рекле да поврзат разни лични карактеристики и преференции со расата на нивното куче. Во глобала, според истражувањето ги добиле следниве резултати:rnrn1.Луѓето со големи кучиња се сметаат за доверливи и спремни за љубовна врска. Затоа пак, луѓето со чивава биле согледани како „глупави“ и само за една ноќ.rnrn2. Кога се во прашање луѓето со кучиња од средна големина, работите стануваат покомплицирани. Наводно, ако сте маж со француски булдог, ве сметаат за „грижливи и практични“, а во оваа категорија припаѓаат и жените со пудлици. Мажите со поголеми кучиња биле повеќе атрактивни, а мажите кои имаат кучиња од расата германски овчар се сметаат за луѓе на кои можете да се потпрете.rnrn3.Во целина, жените најмногу сакаат мажите да имаат лабрадори и златни ретривери, поради нивната убавина и лојалност. Секако, тие можеби нема да ве заштитат доколку сте во опасност затоа што повеќе сакаат да се милуваат отколку да напаѓаат, но се познати по нивната лојалност, а таа карактеристика жените ја сметаат за најдобра.rnrn4.А што се однесува до жените и нивните кучиња, оние што имаат загари, биле согледани како „баш тоа што мажите го сакаат“, но сепак златните ретривери биле повторно први на листата.
Кучињата се полни со љубов, без разлика на нивната големина или возраст. Тие ќе бидат покрај вас во најдоброто, но и во најлошото. Единствената мисија која ја имаат на оваа планета е да ве направат среќни и да ве натераат што е можно повеќе време да поминете со нив. Но, кога станува збор за големи кучиња, понекогаш работите не се толку едноставни. Погледнете ги следниве 12 нешта кои можат да ги разберат само оние кои чуваат големи кучиња…rnrnrnrn1. Кога го шетате вашето куче, луѓето прават сè што е во нивна моќ за да ви се тргнат од патот, дури и кога тоа е на ланец.Вие знаете дека понекогаш големите кучиња изгледаат страшно, но не ви е јасно зошто луѓето веднаш помислуваат дека тие би сакале да ги повредат.rnrn2. Често ве прашуваат дали каса пред да се осмелат да му се приближат. И вие секогаш им одговарате дека не каса, но дека има шанси да ве лиже до смрт.rnrn3. Вашиот мобилен телефон е преполн со слики од вашето куче. Бидејќи вие го имате најслаткото куче на оваа планета!rnrn4. Кога кучето седи пред вас, мавтајќи со опашката за да ви го привлече вниманието, вашето срце се топи. Сериозно, кој може да одолее на тие слатки кучешки очиња?rnrn5. Вашето куче е толку возбудено кога ќе се вратите дома, што по секое пречекорување на прагот, тоа скока врз вас и вие скоро инстантно се наоѓате на земја.И воопшто не му се лутите, дури и кога целото ваше тело е прекриено со модринки.rnrn6. Прошетката на кучето се претвора во вежба за цело тело.Дали знаете колку многу енергија е потребна за да го задржите големото куче кое намислило да направи нешто друго? Премногу!rnrn7. Кога тоа ги менува забите, ниту еден објект во вашиот дом не е безбеден.Дури ни креветчето на вашето куче. Но, како можете да се лутите на нешто толку мало и слатко?rnrn8. Но, она што е најинтересно е дека овие кучиња се неодоливи дури и кога ќе пораснат. Само што тогаш можете поубаво да ги прегрнувате.rnrn9. Понекогаш кога си играат со други големи кучиња изгледаат застрашувачко. И вие не сте сигурни дали тие така си играат или станува збор за нешто посериозно.rnrn10. За разлика од надвор, во вашиот дом тие секогаш се однесуваат најдобро што можат. Ех, да можеа сите оние исплашени случајни минувачи да видат какви ангели чувате кога сте дома.rnrn11. Вие не смеете ни да помислите да јадете без да споделите и со нив. Тие немаат проблем да се качат на било која површина во вашиот дом, па токму затоа и нема каде да им избегате. Дури и да успеете да се скриете некаде вон нивниот дофат, вие со сигурност нема да можете да одолеете на нивните тажни, гладни очички кои упорно ве гледаат без да трепнат.rnrn12. Вие никогаш нема да најдете подобар пријател. Тие се тука за вас кога сте среќни, но и кога сте тажни. Понекогаш го гледате и се прашувате како некогаш сте можеле да живеете без вашето куче.
Кучето е најверен пријател на човекот, ама некогаш претерува. Овие кучиња се навистина безобразни, но барем признаваат што направиле. Погледнете ги овие урнебесни фотографии.rnrnrnrn
Храната и лековите кои се за вас безопасни, за вашето куче или мачка можат да бидат многу опасни. Сигурно веќе знаете дека не треба да ги пуштате во близина на хемикалии и средства за чистење, но потенцијалните опасности во домот се многу посериозни…rnrnrn
1. Лук, кромид или праз
rnТие можеби се здрави за човекот, но за животните имаат многу штетно влијание на црвените крвни зрнца. Тие можат да предизвикаат анемија или оштетувања на бубрезите, кои се забележуваат преку слабоста и надразнетиот желудник. Важно е да знаете дека тие се опасни и во сиров, но и во зготвен облик. Како прав не, бидејќи такви често и се наоѓаат во храната за животни.rn
2. Чоколадо
rnКучињата обожаваат чоколадо, исто како и луѓето, па токму затоа понекогаш сопствениците си дозволуваат да им дадат неколку залчиња. Па, доколку не сакате да му го одземете ова задоволство на вашето милениче, внимавајте какво чоколадо му давате. Најопасни за нив се темното чоколадо и чоколадото за готвење. Најголемата опасност доаѓа од какаото, кое е особено опасно за малите раси.rn
3. Гума за џвакање без шеќер
rnМачките и кучињата не можат да го обработат вештачкиот засладувач кој се наоѓа во гумите за џвакање и токму тоа влијае на нивото на гликоза во нивниот крвоток и може да предизвика нагло опаѓање на шеќерот во крвта. Во најлош случај тоа може да предизвика смрт, а другите последици се напади и оштетувања на црниот дроб.rn
4. Семки
rnСемките од сливи, кајсии, цреши и јаболка се екстремно опасни за животните бидејќи можат да ги затворат нивните дишни патишта. Подеднакво се опасни и ако застанат во нивниот дигестивен систем.rn
5. Мувлосана храна
rnДоколку не ја празните редовно кантата за ѓубре, погрижете се дека таа е вон дофатот на вашите домашни миленичиња. Остатоците од храна кои се многу мувлосани, особено оние од леб, тестенини и сирење, можат да предизвикаат повраќање, тресење и различни видови невролошки проблеми.rn
6. Кафе
rnИако за нас кофеинот во кафето е еликсир на животот, кај домашните миленици предизвикува повраќање и забрзана работа на срцето. Кафето без кофеин е помалку опасно, но сепак ќе предизвика дијареја.rn
7. Аспирин и други лекови за воспаление кои не се на база на стероиди
rnДенес многумина им даваат мали дози аспирин на своите миленици, но неговото дозирање треба да се одреди многу внимателно бидејќи покрај бројните здравствени проблеми, може да предизвика и смрт. Тој е поопасен за мачките бидејќи нивниот организам не произведува ензими кои се потребни за негово разградување. Симптомите на труење од аспирин кај мачките вклучуваат дезориентација, губење апетит, повраќање и крвава столица, додека пак кај кучињата се манифестира преку дигестивни проблеми, потешкотии со дишењето, невролошки проблеми и проблеми со бубрезите.rn
8. Домашни растенија
rnТие се задолжени за разубавување на домот и дворот, како и за создавање кислород, но доколку љубопитните миленици одлучат малку да пробаат од погрешното растение, тоа може да биде многу опасно по нивното здравје. Малите количини на благо токсични билки не можат да им наштетат, но големото консумирање во повеќе наврати може да биде фатално. Откријте за кои билки точно станува збор тука. Знаците на труење со некои од овие билки вклучуваат повраќање, често мокрење и жед.rnrn rnrn
Кучињата се неодоливи во секој поглед. Но, она што е најинтересно е дека и покрај тоа што нивните газиња се исто така претерано слатки, тие истовремено и ни кажуваат многу за карактерот на кучето. Според неговото газе, вие можете дознаете дали тоа е среќно или тажно, енергично или мрзливо… Погледнете!rnrnГазе кое никогаш не се откажува!rnrnГазе кое има моќ да промени животrnrn