Автор: Софија СионоваrnrnМрсната кожа е многу чест проблем, а дури и познатите како Камерон Дијаз и Кети Пери се мачат со оваа појава. За среќа има многу начини како да го победите мрсниот отсјај и да добиете мат изглед кој го посакувате уште од тинејџерските години. Следниве неколку совети ќе ви помогнат да се справите со мрсната кожа.rnrn
rn
1. Тргнете се од мијалникот
rnКога имате мрсна кожа, многу лесно потпаѓате под влијание дека треба често да го миете лицето. Можеби ќе се чувствувате свежо и чисто, но тоа е краткотраен ефект. Пречестото миење на лицето е многу штетно за кожата. Во телото се лачи себум, супстанција која ја навлажнува и заштитува кожата. Постојаното миење ги отстранува тие природни масла, а мозокот мисли дека треба да создава уште масло.rnНо, ако двапати дневно ја миете кожата со гел за чистење кој не содржи масло, тогаш не само што ќе ја исчистите кожата туку и ќе ја потхраните со тие природни масла кои на телото му се потребни.rn
2. Тргнете ги рацете
rnДали кога легнуваме или слушаме некое досадно предавање, ние инстинктивно ја потпираме главата со рацете. Сепак, ако ја прескокнете оваа навидум безопасна навика, тогаш уште полесно ќе се справите со мрсната кожа. Во текот на денот вашите раце постојано се во контакт со разни нечистотии, масла и бактерии. Кога ќе го допрете вашето лице, вие само ги пренесувате во порите каде што се создаваат акни и други кожни проблеми.rn
3. Внимателно одберете ја козметиката
rnКога имате мрсна кожа многу е важно да обратите внимание што ставате на вашето лице. Ако моменталната пудра што ја користите е богата со масло, заменете ја со минерална пудра. Во принцип, најдобрата шминка за ваква кожа е онаа без масло. Затоа барајте продуктот да содржи диметикон, навлажнувач на кожата кој не содржи масло, пред да купите некој производ. Исто така, внимавајте на пудрите кои тврдат дека се некомедогени (фенси збор кој означува дека нема да ви ги затнат порите).rnrn
rn
4. Почестете се со домашна маска
rnПостојат многу рецепти за разни маски, но најубавата е со банана, мед и лимон. Витаминот Ц во бананата го забавува создавањето на вишок масла, а киселината во лимонот ги уништува веќе постоечките. Малку мед како антибактериски додаток, кој дополнително ја држи смесата заедно.rn
Потребно:
rn
- rn011
- 1 презреана банана
- 1 лажиче мед
- 2 лажичиња сок од лимон
rn011
rn011
rn
rn
Подготовка:
rnИзмешајте ги сите супстанции заедно додека формираат полуцврста смеса и нанесете на вратот и лицето. Оставете да постои околу 15-тина минути или додека се исуши, а потоа измијте ја кожата. Веднаш после оваа маска, ќе почувствувате мека, мазна и чиста кожа.rn
5. Не заборавајте на хидратантната крема
rnШтетното дејство на хидратантната крема врз мрсна кожа е целосен мит. Ако постојано се миете и го чистите лицето со тоник ризикувате да го изгубите себумот во кожата. Не само што ќе произведувате уште повеќе масло, туку може да се создадат суви и пегести делови надвор од Т-зоната.rnrnИзбегнете го ова така што ќе ја хидрирате кожата со крема која е специјализирана за мрсна кожа. Одберете лесен продукт кој не содржи масло и е некомедогени. Ако сте загрижени за сјајот, барајте крема која има талк што ќе го впие вишокот масло од кожата.rn
6. Ексфолијацијата е важна
rnЕксфолијацијата е од витална важност за подобрување на мрсната кожа. Задолжително ексфолирајте ја кожата еднаш до два пати неделно за да ги исчистите порите од сите нечистотии, мртви клетки и бактерии. Така ќе се забави создавањето на себум и ќе се намали создавањето на акни.rnrnОдберете ексфолијатор кој е наменет за мрсна кожа затоа што таквите се формулирани со лесни текстури како чајно дрво што има антибактериски ефект и ја затегнува кожата. Продуктите кои создаваат салицилна киселина се исто прекрасни за ексфолијација.rn
7. Модифицирајте ја исхраната
rnПозната ви е фразата: „Вие сте тоа што го јадете?“ Вистина, неколку мали модификации во исхраната сигурно ќе го намалат нивото на масло во кожата. Започнете така што ќе додадете многу антиоксиданси како спанаќ и боровница бидејќи тие имаат клучна улога во заштита на кожата од стареење и оштетување од сонцето. Подеднакво важни се и омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во лососот и бадемите. Вака ќе имате мазна и еластична кожа која е спремна на сѐ.rnrnОдбегнувајте ја мрсната храна и едноставните јаглени хидрати, како шеќер и скроб бидејќи го зголемуваат нивото на инсулинот во крвта. А тоа води до воспалување на мрсната кожа.rnrn
rn
8. Одморете се
rnВерувале или не, стресот многу придонесува за создавањето на акни и нечистотии во кожата. Зошто? Затоа што природниот одговор кон стресот е создавање на кортизол, а потоа од него се воспалува кожата. Ако минувате низ стресен период во животот, одвојте време и релаксирајте се. Во меѓувреме, негувајте ја кожата со производи кои содржат антивоспалувачки супстанции како камилица и зелен чај.rn
9. Користете прајмер
rnДодека ги чекате резултатите од долготрајната нега на мрсната кожа еве неколку работи кои ќе го намалат сјајот на Т-зоната. Лесен, но навистина ефективен метод е да нанесете прајмер пред пудрата. Добриот прајмер за мрсна кожа ќе ви ја зачува шминката на место и во исто време нема да светите. Барајте производи кои ветуваат мат финиш и имаат салицилна киселина.rn
10. Верувајте во хартија која отстранува вишок маснотии од кожата
rnОва треба да биде „must have“ во сечиј козметички несесер. Овие генијални ливчиња се одлични за тргање на вишокот маснотии од кожата, отстранување на негативните ефекти на влажните околини и потењето. Само нежно потапкајте ги на кожата, притоа концентрирајте се на Т-зоната. Вишокот масло ќе исчезне, а вашата кожа ќе остане со мат финиш.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn
rnrnСекако, нема сомнеж дека треба да потрошите повеќе на пудрата за лице која веројатно ја употребувате доста често и се задржува речиси цел ден на вашето лице. Резултатите од користење евтина пудра за лице ќе ги добиете малку подоцна, но времето не се враќа назад. Одберете минерална пудра која носи многу благодети за вашата кожа и консултирајте се со дерматолог доколку имате проблематична кожа. Вашиот дерматолог може да ви препорача добра пудра која ќе му годи на вашето лице.rn


rn
rn
rn

rnrn
rnrn
Корисниците на минерална козметика имаат повеќе причини поради кои ги користат и обожаваат овие шминки. За почеток, тие се негувачи на кожата, ја лечат и имаат антивоспалително дејство. Со нивната моќ за темелно покривање на кожата додека истовремено таа го задржува природниот изглед, тие се одлични маски на лузните, црвенилата и акните.rnrnМногу козметички хирурзи им дозволуваат на нивните пациенти да користат минерална шминка затоа што таа ја спречува појавата на потенцијални иритации. Всушност, оние кои страдаат од акни, тврдат дека нивната кожа се променила после користењето на минерална шминка бидејќи таа има неутрална рН и не поддржува бактерии.rnrnНе само што клучните состојки (титаниум диоксид и цинк оксид) ја лекуваат кожата – тие исто така овозможуваат заштита на лицето од сонце, водоотпорни се и ја рефлектираат светлината, што ја прави блескава особено постарата кожа.rnrnДруг важен ефект од користењето на минералната шминка е фактот дека таа не ги затнува порите туку ја остава кожата да дише. Кратката листа на состојки во секоја шминка, кои се главни виновници за инфекција на кожата, односно парфемот и конзервансите, во минералните шминки се отсутни. Љубителите на оваа шминка исто така ја обожаваат поради тоа што трае подолго, дава поголема покриеност и е полесна за отстранување.rnrnНанесувањето на минерална шминка е различно од нанесувањето на останатите шминки. Тоа особено важи за пудрата во прав чија суперфина текстура бара при нанесувањето да се распореди по целата површина на лицето со специјална четка за минерална шминка.rnrnВи предлагаме и едно видео за тоа како се нанесува пудрата во прав од минерално потекло.rn
rn
rn