КАФЕ ПАУЗА

Tag: козметика

  • Мирисот на моќта

    Мирисот на моќта

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnПред неколку дена на Јутјуб излегоа најновите реклами за машките козметички производи „Old Spice“, а за нивната изработка од компанијата го најмија американскиот актер Тери Круз. Иако рекламите почнуваат да се прикажуваат на ТВ денес, компанијата ги пушти на „пробно гледање“ на Јутјуб на 1 февруари. Режисери на рекламите се Тим Хајдекер и Ерик Ворхајм, кои се ангажирани да ги снимат сите филмчиња за новата кампања на „Old Spice наречена „Smell is Power“. Да не должиме многу, погледнете ги овие кратки комични реклами кои ќе ве извадат од памет. 🙂Мирисот на моќтаIt’s so powerful, it sells itself in other people’s commercials!rn„Толку е моќен што се промовира во рекламите за производите на други луѓе.“rn

    rnOld Spice Body Spray is too powerful to stay in its own commercial!rn „Олд Спајс е премногу моќен за да остане во својата реклама.“rn

    rnOld Spice will make you feel so powerful that will blow your mind in front of your face.rn „Олд Спајс ќе направи да се чувствувате толку моќнo, од што мозокот ќе ви експлодира пред лице.“rn

    rnИ на крај погледнете и компилација од рекламите со Тери Круз:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    Сода бикарбоната може да се примени на различни начини во домаќинството, од состојка која ќе го потпомогне растењето на тестото, до средство за отстранување на непријатната миризба во фрижидерот. Но, сте ги знаеле ли нејзините козметички примени?rnrn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnУште старите Египќани користеле смеса слична на сода бикарбоната наместо сапун за бањање. Ова соединение има антисептички, антигабичен и ексфолирачки ефект. Еве како да ги искористите неговите својства и поинаку да го примените во секојдневниот живот:rn

    1. Мијте ги забите за природен избелувачки ефект

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnПовеќето пасти за заби содржат содиум лаурил сулфат како примарна состојка, која го предизвикува пенењето. Ваквите пасти може да имаат негативни ефекти, како хиперсензитивност на забите и непцата. Доколку не сакате супероксид во вашата уста, подобра опција за белење на вашите заби е сода бикарбоната. Ставете малку на четкичкта или за подобар ефект, комбинирајте ја со паста за заби без споменатата состојка (барајте ознака „SLS free“). Згора на тоа, содата го неутрализира лошиот здив.rn

    2. Чистете го лицето со здрав ексфолијант

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnТриењето на лицето со груби гелови за пилинг и ексфолијација на кожата не е добро за вашето лице, бидејќи нејзиниот горен слој ви треба за да ве штити од навлегување на нечистотиите и за одржување на нејзината влажност.rnrnАко сакате да го триете вашето лице, подобро правете го тоа со природни состојки. Искомбинирајте сода бикарбона со една лажичка мед и истријте го лицето со смесата. Маската можете да ја оставите да делува една минута или пак веднаш да го исплакнете лицето. Оваа маска има освежувачки и смирувачки ефект, а делува и против создавање акни. Можете да ја примените и на стапалата и на лактите. За затегнување на кожата и чистење од црнки направете маска од сода бикарбона и портокал.rn

    3. Направете си дезодоранс со вашиот омилен мирис

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте 4 лажици сода бикарбона со 10 капки од вашето омилено есенцијално масло и нанесете малку под пазувите. Иако ова звучи како женски рецепт, постојат и многу мажествени мириси како маслото од кедарово дрво. Девојките можат да ја сместат смесата во празно кутивче од руж за да можат да го користат домашно приготвениот дезодоранс повеќе пати во текот на денот, чувајќи го секогаш на дофат во својата чанта. За нанесување, најдобро е да користите четкичка.rn

    4. Исушете го непоканетиот гостин на вашиот образ

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте малку сода и вода и нанесете ја добиената смеса директно на акната на вашата кожа. Овој метод е одличен за брзо сушење на површинските акни, но не е препорачливо за третирање длабоки цисти.rn

    5. Темелно измијте ја косата

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnДоколку сакате да ја намалите употребата на шампон или пак темелно да отстраните некои средства кои се длабоко навлезени во коренот на вашето влакно, еве го рецептот што треба да го приготвите. Наполнете една чаша со топла вода и ставете една лажица сода бикарбона. Понесете го природно приготвениот препарат со вас во бањата. Намокрете ја косата и потоа исипете ја смесата убаво насекаде. Исчешлајте ја косата и потоа исплакнете ја. Плакнете додека да се изгуби лизгавото чувство.rn

    6. Смирете го стомакот

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnКиселините, честото создавање гасови и други проблеми со стомакот може брзо да се ублажат со помош на содата поради нејзините алкални својства кои ги неутрализираат киселините што го предизвикуваат проблемот. Измешајте мала лажичка сода бикарбона во чаша со топла вода и испијте ја течноста наеднаш. Многу брзо ќе почувствувате олеснување.rn

    7. Наполнете ја кадата со вода и сода

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnРастворете малку сода бикарбона во вашата полна када. Ќе почувствувате смирување и омекнување на кожата, а покрај тоа, не мора ни да употребите сапун, што понекогаш може да биде и добро.rnrnЗнаете ли некои други интересни примени на сода бикарбоната?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги пополните несовршеностите на вашите веѓи?

    Како да ги пополните несовршеностите на вашите веѓи?

    Без разлика колку добро да се исчупани веѓите, секогаш некое влакно ќе стрчи или ќе недостасува, па или ќе изгледаат бушаво или како да се лошо обликувани. Немојте да мислите дека ако сте добро нашминкани, не е битно какви ви се веѓите, бидејќи доколку се убаво дефинирани, тие правилно ќе ги истакнат цртите на вашето лице. Како да ги пополните несовршеностите на вашите веѓи?Овие туторијали ќе ви покажат како секое утро професионално да ги нашминкате вашите веѓи за да изгледаат совршено и да бидат меѓусебно еднакви во текот на целиот ден, а целата постапка ќе ви потроши само неколку минути од вашето време. Битно е да знаете дека колку потркалезно лице имате, толку поаглести треба да бидат вашите веѓи, за да ги истакнат контурите на вашето лице. Колку покоцкасто лице имате, толку позаоблени треба да ви бидат веѓите, за да го ублажат неговиот облик.rn
    rn

    Веѓи со природен изглед

    rn Потребна козметика:rn

      rn011

    • Молив за очи, во боја слична на бојата на вашите веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Сенка за очи во боја најслична на вашите веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Тенка аглеста четка за шминкање
    • rn

    rn

      rn011

    • Коректор за подочници
    • rn

    rn

      rn011

    • Гел за веѓи
    • rn

    rn

    rn
    rn

    Маркантни веѓи за вечерен изглед

    rnrn Потребна козметика:rn

      rn011

    • Сенка за очи во боја слична на вашите веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Тенка аглеста четка за шминкање
    • rn

    rnПремотајте го воведниот дел до 30 секунда.rn

    rn
    rn

    Како да ги обликувате вашите веѓи?

    rnАко вашите веѓи не можат да се коригираат само со шминка, погледнете како да ги искубете и искастрите, за да заземат совршен правец. Премотајте го воведниот дел до 28 секунда.rnrnПотребно ви е:rn

      rn011

    • Пинцета за веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Специјален брич за веѓи
    • rn

    rn

      rn011

    • Мали ножички
    • rn

    rnrn

    rnrnАко вашите веѓи имаат природен облик, односно не се чупани никогаш или барем не во блиско минато, погледнете од каде треба да започнете.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 правила без исклучок во шминкањето

    7 правила без исклучок во шминкањето

    Се разбира дека може да експериментирате со шминката. Но, постојат неколку правила од кои едноставно нема исклучок.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    1. Никогаш не нанесувајте премногу пудра

    rnОва е прво и основно правило кое многу жени свесно го прекршуваат, мислејќи дека пудрата не ги покрива до крај недостатоците на нивното лице. Запомнете, дури и најдобрите и најсоодветни пудри, не се со иста нијанса како бојата на вашата кожа. Кога нанесувате пудра гледајте таа да биде убаво и внимателно размачкана на целото лице сè до горниот дел од вратот. Пред да излезете од дома, погледнете се во огледало на природно светло за да бидете сигурни дека не сте оставиле неразмачкани делови или пак сте нанеле предебел слој кој ќе ги заплашува или уште полошо, ќе ги засмева луѓето во вашата околина како да е 1 април.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    2. Не истакнувајте ги премногу веѓите

    rnДа најдете боја која ќе одговара на вашите веѓи е навистина голем предизвик. Моливот за веѓи понекогаш може да биде прејак, па затоа пробајте со крем-сенка која ќе ја нанесете со четкичка закосена под агол. Ова ќе овозможи нанесување на соодветната количина за да постигнете природен изглед и здрав сјај.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    3. Не претерувајте со моливчето за усни

    rnЦртањето на усните надвор од нивната природна линија може да изгледа добро на познатите кои излегуваат на насловните страници во списанијата или позираат на црвениот тепих. Но, во секојдневието, оваа тактика едноставно не проаѓа незабележано, во негативна смисла. Ако претерате, ќе постигнете ефект на кловн, наместо оној посакуваниот. Доколку сакате да постигнете ефект на полни усни, нанесете светкав сјај по средината. За подобар ефект, изберете нијанса, која е блиска до природната боја на вашите усни. Темните бои повеќе го привлекуваат вниманието на обликот и дебелината на вашите усни. Затоа избегнувајте ги.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    4. Не истакнувајте ги премногу очите преку ден

    rnМоливот за очи е одличен за истакнување и „отворање“ на вашиот поглед. Но, постои разлика во неговото користење како дневна шминка за на работа и за навечер. Зачувајте ги силните нијанси за вечерните излегувања, а за преку ден можете да практикувате замачкан ефект од неутрални, кафени и сиви тонови на горниот капак од очите.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    5. Не третирајте го лицето како торта

    rn

    Во оваа категорија влегуваат оние со мрсно лице и лице со акни, кои доколку претераат со течната и камената пудра, може да бидат предмет на потсмев. Пред да побрзате да нанесете нов слој пудра за да направите корекција, извадете хартиено марамче и убаво впијте ги вишокот маснотии кои избиле од лицето во текот на денот. Можеби ќе видите дека подобро е воопшто да не нанесувате нов „фил на тортата“.7 правила без исклучок во шминкањето

    rnrn

    6. Избегнете ефект на дух на фотографиите

    rnМожеби сакате да се заштитите од јакото сонце, но вашата шминка на фотографиите создава блед изглед на вашето лице (дух ефект), кое значително се разликува од тенот на останатиот дел од кожата. Причината лежи во пудрите со титаниум диоксид, цинк оксид или заштитните креми без хемикалии. Секако дека треба да се заштитите од сонцето, но доколку сакате природен изглед на летните фотки, избегнувајте козметички средства со овие активни состојки или пак сосема прескокнете ја камената пудра и задржете се само на течната основа.7 правила без исклучок во шминкањетоrn

    7. Не купувајте шминки импулсивно

    rnПродавачката ќе направи сè за да ви го продаде производот. Не наседнувајте ако не сте сосема сигурни во изборот. Шминките брзо се расипуваат, а вие сигурно не сакате да имате куп козметика со поминат рок или закоравени маскари и тушеви. Купувајте квалитетно и одбирајте внимателно. Боите никогаш не изгледаат исто под неонското светло и на природна светлина. Излезете за момент надвор од продавницата со огледало. Повеќето продавачки ќе ви дозволат.7 правила без исклучок во шминкањето
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук..

  • Академијата L’oreal

    Академијата L’oreal

    Автор: Марија СмокварскаrnrnГрупа на добро обучени архитекти од архитектонското студио за дизајн m2r, користејќи ја нивната фантазија ја создале оваа исклучителна мултифункционална средина за L’oreal, којашто преку семинари и други слични активности, обезбедува дополнителна обука за стилисти и фризери.Академијата L’orealАкадемијата L’orealПроектот е реализиран во Киев. Најпрво, како за место за инспирација, архитектите се одлучиле за различни материјали при изградбата како на пример стакло, челик и коријан. Многу од вентилационите окна како и рафтовите за осветлување се изложени, па така целокупната атмосфера дава впечаток на прекрасен галерија-стан или едноставно, сет-ап за модно шоу.Академијата L’orealАкадемијата L’orealПрозорците кои се наоѓаат на јужниот дел од објектот дозволуваат огромен прилив на дневна светлина што е особено важно за стилистите при бојадисувањето на косата. Поголемиот дел од внатрешноста е обложен со огледала што ја даваат илузијата на поголем простор.Академијата L’orealАкадемијата L’orealТука сè е во знакот на високата мода и козметиката почнувајќи од фоајето, конференциските сали, па дури и самиот влез.Академијата L’orealАкадемијата L’orealГолемите светли ѕидови, модните постери и пенливите продукти му даваат еден посебен шмек на ова место кое без сомнеж е пријатно за работење.Академијата L’oreal

  • Како да се спакувате за вашето патување

    Како да се спакувате за вашето патување

    Пакувањето знае да биде многу напорна и исцрпувачка работа, особено поради фактот што секогаш сме во недоумица што да понесеме со себе. Еве еден краток водич, како успешно да се спакувате и да не се грижите пред вашето патување.Како да се спакувате за вашето патување

    rnrn

      rn011

    • rn

      Направете план и придржувајте се до него

      rn

    • rn

    rn

    Започнете со создавање листа на работите кои ќе ви бидат потребни неколку дена пред патувањето. Напишете сѐ што ќе ви текне и дополнувајте го списокот во наредните денови со работите на кои додатно ќе се сетите. Листата ќе ви биде од голема корист да не испуштите нешто важно.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Облека

      rn

    • rn

    rn

    Пред да почнете да се пакувате добро размислете кои комбинации планирате да ги облечете во текот на патувањето. Спакувајте ги само оние парчиња облека кои се вклопуваат во вашите замисли и не дозволувајте повторно да се вратите дома со полн куфер облека која за џабе сте ја носеле со себе.Како да се спакувате за вашето патување

    rnrn

      rn011

    • rn

      Козметика

      rn

    • rn

    rn

    Купете си мали пакувања од козметичките средства што ќе ви бидат потребни. Тие сигурно ќе ви бидат и повеќе од доволни, а ќе ви заштедат и драгоцен простор. Ставете ги во кеси и затворете ги убаво пред да ги сместите во посебни џебови од куферот. Не заборавајте и на фактот дека авиокомпаниите дозволуваат козметичките средства кои ќе ги понесете со вас во авионот, да бидат спакувани во амбалажи од максимум 100 милилитри.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Обувки

      rn

    • rn

    rn

    Секогаш размислувајте едноставно. Еден чифт елеганти чевли, еден пар спортски патики и едни удобни апостолски или папучи се сосема доволно. За по пат одберете ги оние кои ќе ви одговараат на облеката која ќе ја носите, а останатите спакувајте ги во кеса и искористете ги да го пополните празниот простор од куферот или сместете ги во посебен џеб.Како да се спакувате за вашето патување

    rnrn

      rn011

    • rn

      Лекарства

      rn

    • rn

    rn

    Освен ако не идете на некое пусто место, не го полнете куферот со премногу лекарства. Понесете со себе само апчиња за главоболка, против повраќање и некој лек кој ви е неопходен. Пред тргнувањето истражете дали во близина на местото каде што ќе бидете сместени има аптеки.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Техника

      rn

    • rn

    rn

    Доколку не одите на некое службено патување, секогаш одбегнувајте да носите со вас премногу техника. Но доколку се решите да носите, погрижете се да е спакувана уредно и безбедно.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Ранец или помала патничка торба

      rn

    • rn

    rn

    Ранецот може да ви послужи во него да ги чувате пасошот и останатите документи на безбедно и достапно место. Доколку патувате на подалечна дестинација, во него не би било лошо да понесете и дополнително парче облека за да се пресоблечете во текот на долгото патување.Како да се спакувате за вашето патување

    rnrn

      rn011

    • rn

      Дополнителни компоненти кои ќе ви бидат неопходни:

      rn

    • rn

    rn

      rn011

    • Фото апарат или камера
    • rn011

    • Спреј против комарци
    • rn011

    • Ханзапласт
    • rn011

    • Чадор
    • rn011

    • Друштвени игри
    • rn011

    • ем-пе-3 плеер
    • rn011

    • Очила за сонце
    • rn

    rn

    rn

    rn

    rn