Веро е социјална мрежа која постои од 2015-та година, но оваа година за прв пат привлече поголемо внимание. Според рекламната кампања, на оваа апликација можете да објавувате што сакате и да испраќате што сакате без да ви се појавуваат здодевните огласи и реклами.rnrn
rnrnАпликацијата е горда на тоа што во време на брзо и површно комуницирање преку Интернет ни овозможува конечно да бидеме искрени. Токму одовде настанало и нејзиното име кое потекнува од јазикот есперанто и значи „вистина“. Целта на апликацијата е да се однесувате на Интернет онака како што се однесувате и во приватниот живот. Мотото на компанијата е „Помалку социјални мрежи, повеќе социјален живот“.rnrnПа, која е разликата помеѓу Веро и останатите социјални мрежи? Една од предностите е тоа што објавите на Веро се подредени хронолошки, за разлика од Инстаграм и Фејсбук кои не го овозможуваат ова и покрај поплаките на корисниците. Покрај тоа, апликацијата многу наликува на Инстаграм и најголемата разлика е тоа што позадината е црна.rnrnНајпозитивната страна на Веро е можноста да споделувате поголем спектар на содржини. Покрај фотографиите, можете да ги споделите омилените книги, музика, линкови, филмови, како и местата што сте ги посетиле. Можеби апликацијата би имала светла иднина ако корисниците сакаат да плаќаат годишен надоместок за користење. Но ако сега направите профил и ако сте помеѓу првите милион корисници, би добиле доживотно бесплатно користење на апликацијата.rnrn
rnrnДали е ова маркетиншки трик, или навистина ќе треба да плаќаме за споделување на фотографии? Покрај тоа, ова е одлична прилика за уметниците кои сакаат да се изразат онлајн без да им пречат огласите, но ќе им се наплаќа дополнително ако сакаат професионално да се промовираат. Слично на ова, компанијата ќе нуди и можност за плаќање за опцијата „Купи веднаш“ преку која потрошувачите ќе добијат надворешни линкови за купување.rnrnИако многумина го критикуваат моделот на Веро кој се заснова на претплата, можеби токму таа претплата ќе биде основа за оние кои сакаат да се промовираат и да ја наплатат својата услуга. Ќе споделуваат фотографии и ќе се надеваат дека нивните следбеници ќе кликнат на линкот под фотографијата на кој ќе се наоѓа нивниот производ. А ова е случај и кај социјалните мрежи со најмногу корисници – Инстаграм и Фејсбук.rnrn
rnrnБез разлика на сличностите и разликите, предностите и недостатоците, сè уште е неизвесно дали луѓето масовно ќе се преселат од Инстаграм на Веро. Но бидејќи компанијата ја засили својата маркетиншка кампања во 2018-та година, останува да видиме.rnrnПогледнете и кои се најдобрите апликации кои ќе ви помогнат да медитирате.
Tag: конкуренција
-

Инстаграм доби конкуренција: Социјалната мрежа која ни овозможува да бидеме искрени
-

8 квалитети кои ќе ве издвојат од останатите околу вас
Ако постојано се чувствувате како да сте дел од некоја животна трка, не се лажете. Секојдневно се тркате за подобар живот, за партнер, за работа, за подобра плата итн. За да успеете да победите во неа потребно е да ја истрчате, но и да ја совладате конкуренцијата. Затоа треба да поседувате одредени квалитети кои ќе направат да се издвојувате од оние околу вас и да бидете подобри од нив.rnrn
rn1. Приспособливост
rn
„Мудриот човек се приспособува на околностите како што реката се приспособува на коритото.“ – стара кинеска поговорка
rnЛуѓето низ историјата постојано се приспособувале на околностите, затоа и сè уште постои нашиот вид. Ние денес се соочуваме со многу помали предизвици на кои треба да се приспособиме, а малкумина се доволно флексибилни за да се издвојат од другите. Затоа оваа особина може далеку да ве однесе.rn
2. Учење
rn
„Живеј како да треба утре да умреш. Учи како да треба вечно да живееш.“ – Ганди
rnИмајте отворен ум и учете сами. Набљудувајте го светот и поставувајте прашања за она што не ви е јасно. Немојте да бидете една од оние личности која мисли дека знае сè и дека ја сфаќа реалноста подобро од кој било друг.rnrn
rn3. Скромност
rn
„Нема ништо благородно во тоа да бидеш супериорен во однос на соговорникот. Благородно е да бидеш супериорен во однос на твоето поранешно ’јас’.“ – Ернест Хемингвеј
rnНикој не сака да ги слуша другите како се фалат за своите успеси. Тие изгледаат како да бараат внимание за себе и признание за она што го сториле. Луѓето не се привлечени од оние кои се само надарени за нешто, туку од оние кои остануваат скромни и покрај својата надареност.rn
4. Амбиција
rn
„Интелигенцијата без амбиција е како птица без крилја.“ – Салвадор Дали
rnНе е доволно само да сте паметни. Мора да знаете како да го искористите својот памет, а мора да имате и амбиција да го направите тоа. Апатијата е голем непријател. Бидете амбициозни, негувајте ја желбата да ги совладате предизвиците на патот и успехот нема каде да побегне.rn
5 . Барајте помош
rn
„Талентот добива натпревари, но интелигенцијата и тимската работа освојуваат првенства.“ – Мајкл Џордан
rnНемојте да мислите дека сè можете да постигнете сами. Многу ќе се издвоите од конкуренцијата ако сфатите дека за некои работи ви треба помош. Гордоста не е одлика на победниците.rnrn
rn6. Трпеливост
rn
„Трпеливиот може да постигне што и да посака.“ – Бенџамин Френклин
rnПатот до успехот е долг. Секој обид да го скратите само ќе ве врати на почетокот. Бидете трпеливи затоа што ништо не се постигнува на сила.rn
7. Бидете свои
rn
„Никој не може да ве понижи без ваша согласност.“ – Еленор Рузвелт
rnНе дозволувајте другите да ви кажуваат колку сте успешни според нивните лични критериуми. Вие си имате ваш поглед на животот, сопствени вредности и така формирате свој став.rn
8. Оптимизам
rn
„Јас во основа сум оптимист. Да се биде оптимист значи главата да биде свртена кон сонцето додека нозете се движат напред.“ – Нелсон Мандела
rnНегативноста е бескорисна. Нема никаде да ве однесе освен во некое скришно катче каде што ќе се самосожалувате за тешкотиите. Останете позитивни затоа што успехот не е вечен. Има и моменти кога нема да биде лесно, но ако еднаш ви одело, и повторно ќе ви оди.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Идоли и високи потпетици
Воглавно постојат два вида жени: оние кои носат штикли за да привлечат внимание и да си го истакнат задникот и други кои докажуваат дека и на штикли можат да трчаат и да освојуваат. Феминистките се противат на високите потпетици. Јас пак не би се согласила. Штиклите не ја спречуваат жената да дојде до целта туку напротив, прават уште повеќе да се вреднува нејзиното стигнување до неа.rnrn
rnrnСе очекува модерната жена кога-тогаш да потклекне. Просто има премногу предизвици. Треба да се избори да го добие работното место, да биде унапредена без да спие со шефот, да замине на трудничко боледување и да си го зачува работното место по враќањето, да биде добра домаќинка и мајка и да има кариера. И ако потклекне во која било област ќе ја направат да се чувствува помалку вредна. Системот на вреднување изгледа е расипан, и тоа почнува од рана возраст. Како?rnrnНа девојките им се всадува таа зависност од „љубов“ и внимание од страна на мажите. Таа треба да има некој покрај себе, за да добие внимание треба да е убава, за да биде убава треба да троши на шминка и облека. Сето тоа мене ми наликува на пропаганда. Но да се задржиме на она „убава“. Што е всушност убавина?rnrnДеколте, истакната задница, полни усни, нашминкани очи? Жените всушност се дотеруваат за другите жени, не за мажите. Треба да изгледаат привлечни, се натпреваруваат која ќе собере повеќе погледи, ќе се озборуваат меѓусебно која колку се здебелила… И која е целта?rnrnСонот на многу девојки е да станат „феме фатале“, што по некоја урбана дефиниција би значело: девојка со изразена сексуалност но и интелигенција, која ги користи тие свои доблести за да манипулира со мажите и да го добие она што го сака. Ако ништо друго, барем тоа „интелигенција“ да им остане макар до некој степен приоритет.rnrnВо средношколските денови девојките се трудат да бидат убави, модерно облечени, прифатени во нечие друштво и всушност си поставуваат еден сосем погрешен принцип на себе-вреднување. Има еден интересен факт – колку си попопуларен во средно, толку си понепопуларен во остатокот од животот. Но работата е што не е само средното. И возрасни, мажени жени се борат со својата „конкуренција“ за вниманието од мажите.rnrnНеодамна слушнав нешто што ме замисли – жените меѓусебно се гледаат како конкуренција, не за работа или кариера (што до негде би било прифатливо), туку за вниманието на мажите. Како што растам и созревам сè полесно цртам паралела меѓу два типа жени и веќе ми е сосем јасно и си ја поврзувам сложувалката. Убава и средена жена – да, во секој поглед. Одѕив на високите потпетици во ходникот – не е на одмет, памет и образование – задолжително. Таа оди со крената глава и напредува на работното место не бидејќи легнала со шефот, туку бидејќи без неа работите се распаѓаат. И неа не ѝ е потребно ничие внимание кога дома си има некој кој знае што чува покрај себе.rnrnРазмислете добро за жените кои ги познавате, сите без исклучок. Кои им се примарните вредности во животот, кон што целат, каква е позицијата на оние пристојните а каква на оние што просто премногу се трудат да бидат забележани? Која по што останува запаметена? Ако со сите медиумски влијание на младината во глава ѝ се формира идејата дека треба да наликува на некоја старлета за да привлече внимание од мажите и да се пробие во светот на славата со „домашно видео“, колку е всушност здрава таа младина?rnrnНе ви се потребни витези кои јавно ќе се борат за вашето внимание за да сфатите дека сте убави. Убавината ја носите со себе и тоа не е клише. Ако имате свои идоли, жени на кои им се восхитувате – одбирајте ги разумно. Ако носите високи потпетици најпрво размислете, со која цел ги облекувате?rnrnЕлиrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

7 разлики помеѓу машките и женските пријателства
И покрај тоа што сите пријателства генерално се формираат од истите причини, како што се поддршката и другарувањето, сепак мора да признаеме дека машките и женските пријателства имаат доста разлики. Мажите меѓусебно се однесуваат многу опуштено, умеат да се забавуваат со некои едноставни шеги и односот им е помалку драматичен. Од друга страна, кај другарките може да се забележи поголема емоционална поврзаност. Прочитајте ги следниве 7 очигледни разлики помеѓу машките и женските пријателства.rnrn
1. Емоционална поврзаност/дружба
rnrnЕдна од главните разлики помеѓу машките и женските пријателства е тоа што жените меѓу себе се значително поблиски. Тие имаат тенденција да си откриваат повеќе работи една на друга, да споделуваат тајни и да се поврзат на едно лично ниво. Од друга страна, мажите се трудат да ги одбегнат ваквите разговори од срце и сакаат да се поврзат со другарите, зборувајќи за поопшти и нелични теми. Одвреме-навреме, сепак и тие ја откриваат својата понежна страна и прават сериозни муабети за животот, барем со најдобриот другар.rnrn
rn2. Кратки кавги/драми
rnСте забележале ли дека кога мажите се караат, ќе си повикаат малку еден на друг, некојпат можеби дури и ќе си поделат по некоја тупаница, но потоа се помируваат како никогаш ништо да не се случило? Всушност, кавгите уште повеќе го засилуваат нивното другарство. Но, кога жените се караат, тоа се претвора во една мелодрама, којашто може да се пролонгира со недели, а лутината да трае со месеци.rn
3. Партнерство/поврзаност
rnКога станува збор за мажите, тие преферираат да прават муабет еден до друг, додека жените сакаат да зборуваат лице в лице. Кога мажите бараат близок пријател, тие му се обраќаат на некој кој ќе може да ги придружува на некои активности, како на пример да играат заедно тенис или да гледаат спортски натпревар. Од друга страна, жената се потпира на некоја другарка која ќе може да ги разбере нејзините чувства и да се поврзе со неа на емоционално ниво.rnrn
rn4. Зависност/независност
rnДодека девојките се многу зависни една од друга, мажите имаат поголемо чувство за независност. Мажите не се лутат доколку не се виделе со другарите извесен период и немаат ништо против да стануваат дел и од други, нови друштва. Од друга страна, жените сакаат константен контакт и друштво, па со оглед на ова, не е ништо чудно што понекогаш одат заедно и во тоалет.rn
5. Навреди и хумор/нежност
rnКога станува збор за мажите и нивната перцепција за забава, тие сакаат да се навредуваат и да си ја тестираат меѓусебната доминација. Уште од мали деца, машките се задеваат во форма на забавно насилство, додека жените се порезервирани. Жените се повнимателни да не ги повредат чувствата на другарките, па нивната идеја за забава не вклучува навреди и караници, туку токму спротивното, пофалби и нежност.rnrn
rn6. Мали друштва/цела екипа
rnДоколку ја разгледате вашата околина, ќе забележите дека мажите имаат тенденција да излегуваат во поголеми друштва. Нивниот ментален склоп се развива со мислата „колку повеќе – толку подобро“. Од друга страна, девојките сакаат да си одржат помал круг на блиски другарки. И покрај тоа што ова не се однесува на сите женски пријателства, сепак повеќето жени сакаат да имаат барем една-две другарки, со кои ќе имаат поцврста врска, отколку да имаат многу со кои не се блиски.rnrn
rn7. Разлики во маните
rnМашките и женските пријателства исто така се разликуваат во однос на тоа како ги прифаќаат недостатоците на нивните пријатели. Така на пример, мажите многу ги нервира конкуренцијата. Тие влегуваат во двобои и се предизвикуваат со нивниот моментален „конкурент“, дури и кога станува збор за површни работи. Жените пак, се многу покритични спрема особините на другарките, длабоко ја анализираат секоја нивна постапка и не секогаш го кажуваат своето мислење, туку озборуваат зад грб.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најчестите грешки во флертувањето на 20-годишниците
Од „пијани“ повици и пораки до поттикнување љубомора, ова се дел од најчестите грешки при флертувањето на дваесет-и-нешто-годишниците.rn
Алкохолот како најдобар другар
rnДа, алкохолот прави да бидеме поопуштени, но дали тоа е вистинско решение доколку немате храброст да му/ѝ пријдете на дечкото/девојката кој/а ви се допаѓа? Да не зборуваме за стадиуми на пијанство кога веќе не сте ни свои а не ни знаете што зборувате. Како прво, оставате многу лош впечаток а како второ не се покажувате во вистинско светло. Можеби ќе поминевте многу подобро ако бевте трезни.rnrn
rnЗадевање како флерт техника
rnВо ред, кога бевте мали можевте да ѝ го кренете фустанчето на другарката од градинка бидејќи не знаевте како да го привлечете нејзиното внимание. Но на дваесет и нешто години, тоа не е никаков изговор. Ѝ приоѓате на девојка за која мислите дека е навистина слатка и паметна и вашата прва реченица е „Баш супер ти е задникот во тие фармерки.“ Дури и кога задевањето е прифатено од другата страна, тогаш најверојатно ќе развиете пријателски однос, но тешко дека ќе ги добиете посакуваните резултати.rn
Избегнување комуникација лице во лице
rnСосем разбирливо е да бидете срамежливи кога некој ви се допаѓа, но до кога би траела таа комуникација преку СМС-пораки и разговори на социјалните мрежи? Дали воопшто тоа е начин да се започне врска? Виртуелната комуникација е одличен начин да се заштитите и неретко сите го гледаме како безбедно поле. Но еден ден ќе мора да соберете храброст и отворено да разговарате со личноста која ви се допаѓа.rnrn
rn„Обележување“ на конкуренцијата
rnНе значи дека сите останати припадници на вашиот пол ви се конкуренција. Без разлика колку се сомневате, не ја покажувајте љубомората и не поставувајте се кон сите останати како да се ваши конкуренти. Зарем би можеле да го минете цел живот докажувајќи дека сте подобри од другите и уништувајќи го секој оној кој макар навидум ви се чини дека сака да го освои она што е ваше? Нели е заморувачки?rn
Флертување со други за да го/ја направите љубоморен/на
rnПостојат многу начини да покажете дека вредите, овој не е еден од нив. Една од најголемите грешки кои ги правиме кога сакаме да заведеме некого е одбирањето сосем погрешен начин за да покажеме колку сме посакувани. Дека навистина е придобивка некој да ве има крај себе, самиот тој ќе сфати по одредено време.rn
Пребрзо станувате сериозни
rnКолку и да имате сериозни намери со некој, не доведувајте се во ситуација да зборувате за вашата заедничка иднина уште на првиот или вториот состанок а веќе третиот да биде запознавање со родителите. За сè треба време, така и за љубовта.rnrn
rnЗборувате за бившиот/ата
rnОва не само што не е воопшто паметен потег туку е вистински рецепт за самоуништување. Зарем навистина сакате да изгледате како очајна личност која не е способна да продолжи понатаму со животот? Никој не сака да си има работа со човек кој не може да го остави минатото зад себе.rn
Зборување само за себе
rnСлучајно да не сте малку себични? Или можеби самобендисани? Тоа што треба да разговарате и да се запознавате не значи дека треба да бидете полни со себе и да зборувате само за вас самите.rn
„Пијани“ повици
rnДа скратиме: никој не сака повик во 3 сабајле од пијана личност која не само што звучи очајно туку и пореметува нечиј сон.
-

Американска реклама за легендарното „Југо“ од 1988 година
Оваа реклама е снимена во далечната 1988 година, а на неа е претставено легендарното „Југо“ како многу издржливо возило по фантастично ниска цена, кое конкуренцијата не може да го следи.

rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Што жените забележуваат кај другите жени?
Жените поминуваат повеќе време посматрајќи други жени отколку мажи, затоа што сакаат да видат што носи нивната „конкуренција“, колку целулит има, како ѝ изгледа косата и дали е слаба, велат резултатите од новото истражување.rnrn
rnrnПроценување на чевлите на другите жени, нивната висина, проверување од каде ја купила чантата и дали направила пластична операција, е дел од нормалното течење на мислите кај жените, открива студијата.rnrnПоловина од испитаните жени, поточно 2.000, изјавиле дека уживаат да се споредуваат со другите припаднички на нивниот пол, но не го прават тоа од злоба. 80% од испитаничките одговориле дека најмногу сакаат да ги проценуваат своите „противнички“ кога се на плажа.rnrn1/3 од испитаничките повеќе му се воодушевуваат на изгледот на други жени, отколку на мажи, затоа што тие поседуваат нешто подобро од нив.rnТоп 10 работи кои жените најмногу ги забележуваат кај другите жени:
rn1. Облекатаrnrn2. Фризуратаrnrn3. Тенотrnrn4. Физичкиот изгледrnrn5. Целулитотrnrn6. Бојата на косатаrnrn7. Големината на градитеrnrn8. Чевлитеrnrn9. Чантатаrnrn10. Деколтето
-

Неверојатни битки во природата
Борбата за опстанок на животните подразбира дека нивните активности во голема мера се насочени кон соочување и победување на конкуренцијата. Секое животно секојдневно се бори за простор, за храна и за партнер – сето она што му е потребно за да преживее и да се репродуцира.rnrnЖивотните секогаш ја означуваат својата територија, притоа користејќи повеќе различни начини чија цел е да ги задржат натрапниците подалеку од неа. Кога другата страна не го почитува нивното барање, тогаш доаѓа до жестоки судири како на сликите подолу.rnrn

















rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Прекрасниот и комфорен „Кадилак XTS“
Луксузниот седан изработен од компанијата „Кадилак“ ќе се појави на пазарот во 2012, при крајот на пролетта или почетокот на летото. Наменет ќе биде само за одредени муштерии кој сакаат комфор и најнова технологија во нивните автомобили за секојдневна употреба. Овој модел е создаден за да им конкурира на прекрасните автомобили „Mercedes-Benz“ Е класа, „Audi“ A6 и „BMW“ 5.
Бидејќи од компанијата се свесни дека автомобилот тешко може да се бори со својата конкуренција, тие разработиле една посебна стратегија за неговата продажба. Тие сакаат овој модел да влезе во бизнисот на „црни автомобили“. Црни автомобили се оние возила кои можете да ги видите кога се вози некој висок функционер, некоја делегација или моќен човек од аеродром до хотел, на некоја важна деловна средба или слично. Автомобилот изгледа импресивно, па останува да се види како ќе се одвива неговата продажба.rn



rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Заменети логоа
Грахам Смит е уметникот кој стои позади овие многу смешни илустрации. Замислете си ситуација во која светските брендови денеска го носат логото на своите најголеми конкуренти? Најчесто за оваа серија тој употребувал логоа од два најсилни конкуренти на одреден пазар. Одлична идеја и перфектна реализација, за големо задоволство и смеа кај оние што ги гледаат.



















rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn