Овој неверојатен футуристички дизајн, претставува концепт направен од Винсент Келебу. Инспириран од органската форма на коралите, тој креирал утописко еко село кое би било наменето за околу 1.000 семејства на Хаитите, кои настрадаа во земјотресот од 7 степени според Рихтеровата скала во 2010 година.rn
Ова „село“ е наречено „Coral Reef“ или на македонски кажано „Корален Гребен“, а изградено е на сеизмички столбови во близина на самиот брег. На него секое семејство би имало свое парче земја, за да одгледува храна. Помеѓу двата реда живеалишта би имало кањон, а целиот вештачки остров би изобилувал со тропски екосистем, односно со богата флора и фауна. Матната вода од фармите и домовите би се филтрирала, пред да биде испуштена во морето.rn
Целиот систем е јаглеродно неутрален и би се напојувал преку голем број различни обновливи извори на енергија. Напојувањето би се генерирало преку конверзија на термална енергија под столбовите, од морските струи, од турбини на ветер и преку соларните панели.rn
Пред некое време можевте да прочитате за успешно реализираната идеја на Џон и Синтија Харди, кои се креатори на феноменалното еколошки одржливо училиште во Бали. Па тогаш зошто да не веруваме дека и овој прекрасен концепт во брзо време би станал реалност.rn





Tag: концепт
-

Футуристичко еко село
-

Преклопувачки телефон со 3 екрани
Пред да почнете да се возбудувате, да ве предупредиме дека се работи за концепт за мобилен телефон, но идејата и дизајнот се прекрасни и иновативни, па вреди да ги погледнеме.
Телефонот наречен Флип е дизајниран од страна на Кристијан Улрик Ларсен. Работи на оперативниот систем Андроид, а физички е составен од 3 преклопувачки екрани со Super AMOLED технологија зад кои се крие QWERTY тастатура. Флексибилноста ја овозможуваат челичните зглобови кои ги поврзуваат деловите.
Преклопувачкиот телефон може да се користи стандардно, во вид на плочка, може да се отвори како шатор, дури и да се намести како книга. Се надеваме дека овој концепт ќе стане физички реален во блиска иднина, а во меѓувреме погледнете ја магијата што би ја правел овој супер стилски мобилен телефон.









rnrn
-

Телефон кој се полни со телесна топлина
Што ако вашиот мобилен телефон може да се полни додека се наоѓа сместен во вашиот џеб неколку часа? На тоа се заснова Nokia E-Cu концептот, развиен од страна на Британскиот дизајнер Патрик Хајленд. Името на концептот доаѓа од зборовите environment (околина) и copper (бакар).
Телефонот се карактеризира со бакарно куќиште и термогенератор во внатрешноста кој топлинската енергија ја претвора во електрична.
Надворешниот дизајн на телефонот се одликува со гравирани топлотни процепи кои симболизираат ефект на пресушена земја како резултат на загревањето на животната средина.
Годишно, непотребните полначи за телефони создаваат 51 000 тони отпад, покрај создадената количина на карбон диоксид од произведувањето на електрична струја која била потребна за да се наполнат.
Телефонот може да се полни во џеб или пак од кој било извор на топлина, на пример поставувајќи го на радијатор.
-

Мост на иднината
Многу препознатливи мостови се изградени во изминатиов век – мостот Бруклин, мостот Голден Гејт, мостот Сиднеј Харбор се само дел од нив. Но, како ќе изгледаат мостовите во иднината? Одговорот ни го дава архитектонското студио со седиште во Сеул, Planning Korea.
Освен тоа што ќе ја има добро познатата намена (да ги поврзува двата брега), мостот Paik Nam June Media во Сеул, Јужна Кореа, ќе служи и како парк, место за состаноци, трговски центар, музеј и многу повеќе од тоа. Оваа мега градба има должина од 1.080 метри. Воедно, а и многу битно за зачувување на природата, целиот мост ќе биде покриен со соларни панели за производство на сопствена енергија.
Обликот на мостот е природен, флуиден и аеродинамичен. Овој мост, со сето она што го нуди, ги тера луѓето да ги остават своите автомобили и пешки или со велосипед да поминат преку него. На секој спрат ќе има хоризонтални и вертикални градини коишто ќе бидат наводнувани од реката и сезонските дождови. Исто така, конструкцијата на мостот може да се искористи како „платно” за разноразни видео проекции и секаков друг вид медија.








-

Велосипед со вашето име
Колку би било кул да возите велосипед со рам извиткан во форма на вашето име? За жал, вакви велосипеди сè уште не постојат, но, креаторот Juri Zaech работи на развој на ваков прототип.rnrn

rnrnОдлична идеја која ќе им се допадне на оние кои јавно сакаат да се експонираат со своето име за да бидат препознатливи. Дополнително, може да ги спречи крадците во нивните походи.rnrn


-

iMove – концепт автомобил инспириран од производите на Apple
Што мислите за автомобил брендиран од „Епл“ (Apple)? Италијанскиот дизајнер Ливиу Тудоран, инспириран од производите на „Епл“ создал концепт на автомобил за 2020 година, кој го нарекол iMove. Тој би работел на електрична енергија, а надворешно би ги имал истите стилски карактеристики како најновите Мекинтош производи.rn

Поголемиот дел од колата е прекриен со проѕирен материјал, така што и целосно затворен би ви создавал чувство како да се возите во кабриолет. Транспарентниот материјал истo така е и сончев колектор. Во него би можеле да се возат тројца патници, а возилото ќе понуди и инвентивен багаж простор.rn
Овој концепт исто така предвидува, разни можности за персонализација, така што сопственикот би можел да си го прилагодува возилото спрема своите потреби.rn
rnВидео за концептот iMove (препорачливо е да го гледате на цел екран):rnrn -

Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките
Наместо да мислите дека живеете во себичен свет, во кој единствено можете да си верувате себеси, ослободете го духот и почнете да анализирате што би можеле да направите за да бидете попозитивни и посреќни. Човекот не може да се чувствува исполнето ако нема околу себе искрени луѓе, кои вистински го сакаат и почитуваат. Сите ние имаме чувства, желби, соништа… Тоа значи дека само доколку соработуваме заеднички, можеме да го направиме светот подобро место за живеење. Се прашувате како? Еве еден несекојдневен предлог.rnrn
rnrn„Коцки за промени“ е навистина уникатен концепт направен од страна на холандската дизајнерска куќа Криејтив хироус, кој има за цел да го промени однесувањето на луѓето на еден весел начин – со едноставно фрлање на коцките. Засега се измислени три типа на коцки, на кои има по шест симпатични икони што прикажуваат што да направите во текот на денот за да се чувствувате хармонично, урамнотежено и исполнето. Секојдневното фрлање на коцките, ќе ве стимулира да направите мали промени во секојдневната рутина, кои можат да резултираат со изненадувачки позитивен ефект.rn1. Коцка за љубезност
rn
rn2. Коцка за здравје
rn
rn3. Коцка за еколошка свесност
rn
rnrnКонцептот за жал, сè уште не е на продажба бидејќи дизајнерите бараат партнерство за производство на заровите. Доколку мислите дека ваквиот начин на негување на психичката состојба е одличен избор за вас, можете да ја оставите вашата имејл адреса на официјалниот веб сајт, за да добиете известување кога заровите ќе бидат ставени на продажба. До тогаш, вкулчете ја вашата креативност и рачно изработете нешто слично, кое секој ден ќе ви го покачува степенот на задоволство од сопствениот живот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Далечински ТВ управувач од иднината
Некои далечински управувачи во домот се преголеми, со премногу копчиња, со незгодна форма, а други пак нудат совршено корисничко искуство. Иако, од вториве има помалку, еве еден поинаков модел со футуристички дизајн и функционалност која ја овозможуваат единствено гестикулациите на корисникот во просторот.

Далечнискиот ТВ управувач Gesture Remote овозможува сурфање низ ТВ каналите и другите медиумски содржини само со едноставни гестикулации, без допири. Тој воопшто нема тастатура и е револуционерен токму поради тоа што нема ниту едно копче.rnrnНовата ера ги заматува границите помеѓу традиционалната телевизија и веб-базираните мултимедијални содржини, заради што нашиот однос со уредите кои ги користиме станува значително софистициран. Концептот за далечинскиот управувач Gesture Remote нуди сосема нов начин на интеракција помеѓу корисникот и ТВ приемникот во современиот дом. Гледањето телевизија со користење на Gesture Remote се претвора во магично и интуитивно искуство.rnrnrnrnВиртуелни карактеристики на Gesture Remote:rnrn- овозможува интеракција со телевизорот преку движење на палците и тоа за:rn- rn011
- лесно влечење и спуштање, позиционирање и селектирање на содржини, со помош на функционалноста на т.н. виртуелно глувче
- лизгање, ротирање, зумирање, селектирање на канали и контрола на јачината на звукот благодарение на виртуелните лизгачи
rn011
rn
rnGesture Remote ја користи технологијата GestIC од компанијата IDENT Technology за детектирање и следење на движењата на дланката, прстите или телото. Затоа е возможно контролирањето на уредите без потреба од допирање на екран, трекпед или тастатура.

Технологијата GestIC овозможува револуционерен кориснички интерфејс преку тридимензионално следење на позиционирањето и препознавање на гестикулациите. Тоа е уникатна технологија, не само заради тоа што може да ја одреди позиционираноста, туку и заради можноста за одредување на насоките и јачината на движењата во 3Д просторот. -

Компјутерско глувче кое работи и во воздух
“Иваус„ е концепт за компјутерско глувче, кое може да работи на еден малку необичен начин. Замислата е ова глувче да може да работи на два метода, стандарден и воздушен.rnrn
rnrn
rnrnКонтролните копчиња и тркалцето се направени во форма на мали сензорски панели, а лед светло се користи за фидбек и реагира на секоја команда. Покрај необичниот дизајн и високо креативната идеја, дизајнерот се погрижил ова уникатно глувче да има перфектна ергономија т.е. одлично да прилега на раката на корисникот.rnrn
rnrn
rnrnПроектот е предвиден, за ова глувче да се користи како замена на оптичко пенкало или да послужи како покажувач на презентации.rnrn
-

Еспресо машина брендирана од Ферари
Веќе е вообичаено познатите брендови да соработуваат меѓусебно за да создадат кул гаџети. Овој пат луксузниот производител на автомобили Ферари заедно со компанијата Неспресо, се здружија и создадоа униката еспресо машина, која ја нарекоа „Рејспресо“. Направена е во форма на кацига, која одлично би се вклопила во секој простор.rnrn
rnЗасега е само концепт, но набрзо машините ќе бидат достапни во продавниците. Ова не е прва ваква соработка, бидејќи неколку други производители на автомобили веќе успешно ги продаваат нивните брендирани кафемати.rnrn
rnrn
rnrn