КАФЕ ПАУЗА

Tag: компанија

  • 5 митови за започнувањето сопствен бизнис: Вие не ја поседувате компанијата, таа ве поседува вас

    5 митови за започнувањето сопствен бизнис: Вие не ја поседувате компанијата, таа ве поседува вас

    Питер Баскервил, сопственик на 30 различни компании, од специјализирани продавници до продавници за брза храна, откри некои од најголемите митови за поседувањето претпријатие, особено во раните фази на развојот на бизнисот.rnrn5 митови за започнувањето сопствен бизнис: Вие не ја поседувате компанијата, таа ве поседува васrn

    Мит 1: Поседувањето претпријатие значи дека можете да работите кога сакате

    rnВие не ја поседувате компанијата, туку таа ве поседува вас. Ако правилото на компанијата е да им е достапна на потрошувачите 24/7, вие како сопственик треба да го почитувате тоа, дури и кога тоа значи дека мора да работите. Не е невообичаено луѓето што имаат свои компании да работат дури 80-100 часа неделно.rn

    Мит 2: Ќе стекнете богатство ако имате своја компанија

    rnНабљудувајќи ги цените што работодавците им ги наплаќаат на клиентите, многу вработени мислат дека тие заработуваат богатство. Меѓутоа, дури кога ќе започнат свој бизнис, го гледаат големиот број трошоци што треба да ги покријат со добиениот приход.rn

    Мит 3: Ако имате своја компанија, тоа значи дека сте сам свој шеф и не мора да одговарате пред никого

    rnНа некој начин, ова е точно затоа што кога сте сопственик, навистина не сте одговорни пред вашиот шеф за вашите постапки, но сега треба да им одговарате на уште повеќе шефови, односно на клиентите, на вашите вработени, на партнерите, на добавувачите, па дури и на владините канцеларии.rn

    Мит 4: Да поседувате компанија значи дека можете сами да си ја дефинирате платата

    rnОна што е поважно од личните потреби и желби е опстанокот на компанијата. Поради тоа, ако работата го бара тоа од вас, ќе мора да се откажете од својот удел за да бидете сигурни дека компанијата може да ги плаќа своите сметки и да продолжи да напредува. Вашата плата доаѓа на ред откако ќе се исполнат сите деловни барања.rn

    Мит 5: Компанијата ќе биде успешна од првиот ден

    rnМногу мал број компании се профитабилни уште од првиот ден. На повеќето од нив им треба одреден период за да станат профитабилни, понекогаш тоа е период од 3 месеци до 3 години. Исто така, доколку сопственикот на компанијата нема доволно обртен капитал за да ги покрие настанатите загуби сè додека бизнисот не оствари профитабилност, тогаш ќе дојде до неуспех заради проблеми со ликвидноста.rnrnПрочитајте зад кои фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија.

  • Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

    Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

    Џон Колисон, коосновач и претседател на Страјп, има само 27 години и е најмладиот човек на светот кој станал милијардер благодарение на тоа што започнал свој бизнис. Тој ја основал Страјп во 2010 година заедно со брат му кога имал 19 години. Станува збор за технолошка компанија која го променила начинот на кој луѓето плаќаат онлајн. Џон потекнува од мало село во Ирска и тој дошол во САД за да студира на Харвард, но ги прекинал студиите за да се фокусира на Страјп во Силициумската долина.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnСега Колисон важи за најмладиот милијардер за светот со сопствен бизнис. Неговото богатство изнесува 1,1 милијарди долари, а вредноста на компанијата во 2016-та била проценета дека изнесува 9 милијарди долари. Вреди да се спомене дека Страјп е омилениот избор на огромни компании, како што се Lyft и Фејсбук.rnrnИако браќата имаат стекнато огромно богатство, тие не заборавиле на своите скромни корени во малото ирско село. Колисон бил одличен ученик кој бил примен на Харвард уште пред да ги полага завршните испити, кои ги положил со највисоките оценки.rnrn

    Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер
    Колиба во ирското село
    rnrnКолисон и неговиот постар брат Патрик веќе станале милијардери пред Џон да се запише на факултет. Тие започнале софтверска фирма која им го олеснила управувањето со трансакциите на продавачите на Ибеј.rnrnИ покрај тоа, Колисон отишол во САД за да студира физика на Харвард во 2009-та година.rn

    „Многу е чудно тоа што луѓето се изненадени кога ќе им кажам дека ќе се запишам на факултет. Нема сомнеж дека сакам да одам на факултет“, изјавил Џон во тој период.

    rnНо, следната година, Колисон го сменил мислењето. Тој ги прекинал студиите, се преселил во Силициумската долина и ја започнал компанијата Страјп. На почетокот, браќата возеле велосипеди до нивната канцеларија во Пало Алто секој ден, бидејќи не сакале да трошат пари на автомобил.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnСтрајп се појавила во јавноста во 2011-та година. Компанијата имала цел да го олесни начинот на кој бизнис фирмите ги примале трансакциите направени онлајн, со тоа што им овозможила да ги процесираат исплатите преку нивните веб-сајтови, наместо да ги принудуваат корисниците да се регистрираат и да отвораат профил.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnДо 2015-та година, вредноста на Страјп била проценета на 5 милијарди долари, а до ноември 2016, нејзината вредност пораснала на неверојатни 9,2 милијарди долари. Тоа го зголемило богатството на Колисон на 1,1 милијарди долари и така тој станал најмладиот милијардер во светот со сопствен бизнис на 26-годишна возраст. Денес, компанијата има 750 вработени и е стационирана во Сан Франциско.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnВо слободно време, браќата сакаат да уживаат во голем број интересни активности. Колисон е лиценциран пилот и најчесто лета кога има време. Тој е исто така страсен планинар, сака да трча и многу често учествува во екскурзиите организирани од страна на компанијата заедно со своите колеги. Џон објавува и фотографии на социјалните мрежи од неговите авантури со колегите како што е патувањето на планината Тамалпаис.rnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnЗапознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардерrnrnМајк Мориц, член на одборот на Страјп, открил дека браќата Колисон биле многу поскромни и поприземни од останатите милијардери. Мора да признаеме дека нивната приказна е неверојатна: Двајца браќа, кои доаѓаат од мало село, ја основаат една од најважните Интернет компании! Кои се шансите да се случи такво нешто?!rnrnВо продолжение прочитајте нешто повеќе и за 10-те млади милионери кои не наследиле ниту денар од нивните родители.

  • Барате место за старт на свој бизнис? 10-те најдобри градови за жени бизнисмени

    Барате место за старт на свој бизнис? 10-те најдобри градови за жени бизнисмени

    Дали некогаш сте помислиле дека би било одлично да си започнете сопствен бизнис и да се занимавате со одредена професија којашто комплетно ве исполнува? Тоа би значело дека самите ќе си бидете шеф, ќе имате можност да остварите убава заработка, а притоа и да уживате во вашата најголема страст. Можеби сте отишле дотаму, па сте се замислиле себеси како исклучително успешни бизнисмени кои развиле одредена идеја и фирма, која големите корпорации потоа би ја откупиле од вас… Секако сето тоа е возможно, ако доволно силно верувате во вашите сништа и во вашите способности. Но, не заборавајте, да се биде успешен значи и многу да се работи, попатно да имате многу откажувања, а можностите за неуспех се на секој чекор, што значи дека треба и многу упорност. Сè повеќе жени се одлучуваат да започнат свој бизнис, да отворат своја фирма и да го остварат својот сон. Но, каде најдобро би поминала вашата идеја и каде има најдобри услови за развивање на бизниси на чие чело стојат жени?rnrn(1) Барате место за старт на свој бизнис? 10 - те најдобри града за жени бизнисмениrnrnСпоред еден неодамна објавен извештај, постојат неколку градови во светот кои се најдобри за жените кои сакаат да започнат свој бизнис. Тоа се Њујорк, крајбрежјето на Сан Франциско, Лондон, Стокхолм, Сингапур, Торонто, Вашингтон, Сиднеј, Париз и Сиетл.rnrnГрадовите се оценувани во пет категории: Маркет, капитал, талент, култура и технологија. Потоа тие биле поделени во две групи: Работна околина, што би значело пристап до пазарите и пристапот до капитал.rnrnНо, тоа не значи дека ако не живеете во некои од овие градови треба да се откажете од вашиот претприемачки дух. Животот во тие неколку места на светот им го олеснува на жените пристапот до потребните ресурси. Но, глобализацијата и неверојатно брзото темпо на развој на технологијата, им овозможува на луѓето многу полесно да ги остварат зацртаните цели, само доколку имаат малку повеќе волја за тоа, без оглед каде живеат. Затоа, ако ги имате вистинските алатки до вас, позитивниот начин на размислување, развиена работна етика и малку среќа, можете да создадете чуда.

  • Астрологијата објаснува зошто шефот понекогаш навистина ве „мрази“

    Астрологијата објаснува зошто шефот понекогаш навистина ве „мрази“

    Не е секогаш лесно да се најдете на иста бранова должина со колегите и со вашите претпоставени на работа. Доколку работите во поголема компанија, веројатно сте опкружени од многу луѓе со најразлични карактери и ставови. Многу често се случува да немате заеднички јазик ниту со вашиот шеф, а тоа може да биде особено стресно за вас. Но, запомнете дека никој не е совршен и можеби токму вие со вашето однесување предизвикувате одредена реакција од околината или од вашиот претпоставен.rnrn(1) Причини поради кои можеби шефот ве „мрази“ според вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnВие сте големи перфекционисти, секогаш фокусирани на деталите, до тој степен, што можете да ги забележите дури и најмалите грешки на вашиот претпоставен. Тоа кај него/неа може да создаде чувство на несигурност. Затоа, не чудете се ако вашиот шеф секогаш од вас бара да ги прегледате неговите/нејзините извештаи и презентации, пред некои поважни состаноци.rn

    Бик

    rnВие редовно имате причина или изговор за секоја работа. Доколку вашиот шеф ви упати одредена критика, секогаш му одговарате со поставување предизвици, затоа што тоа го сфаќате премногу лично. Кога добивате забелешка од вашиот шеф, вие не молчите туку „го возвраќате ударот“.rn

    Близнаци

    rnВие многу се смеете и се шегувате во канцеларијата, а често и си разговарате со колегите. На тој начин, вие сте тие што сето внимание го привлекувате кон себе. Вашиот шеф, кој не е толку „кул“ како вас, се чувствува фрустрирано и вознемирено затоа што знае дека нема да има мир додека работи, сè додека сте вие во неговата близина.rn

    Рак

    rnКога станува збор за работното место, Раковите знаат да бидат многу чувствителни. Не ретко се случува мал коментар да предизвика лоши емоции кај вас, па дури и да предизвика по некоја солза да се стркала по вашето лице. Шефот, во тие моменти не знае како да се справи со таквите реакции, па затоа избегнува директно да разговара со вас. Кога треба да ви се пренесе некоја не толку добра вест, обично го праќа вашиот најблизок колега да го стори тоа наместо него.rn

    Лав

    rnВие секогаш го засенувате вашиот шеф во групата во којашто работите, како и на презентациите, поради тоа што зрачите со самодоверба и имате исклучително квалитетни комуникациски вештини. Клиентите најверојатно почесто сакаат да работат со вас, отколку со вашиот шеф и тие се воодушевени од вашата личност. Шефот дефинитивно чувствува дека неговата позиција во компанијата му е загрозена токму од вас.rn

    Девица

    rnВашиот шеф не ве мрази и веројатно не може да ве мрази затоа што вие совршено се вклопувате на вашето работно место и секогаш работите понапорно од останатите колеги. Тој или таа најверојатно се потпира на вас за 90 проценти од работата и вие сте најверојатно неговата/нејзината омилена личност.rnrn(2) Причини поради кои можеби шефот ве „мрази“ според вашиот хороскопски знакrn

    Вага

    rnВие секогаш сте толку релаксирани, смирени и присебни, што го тера шефот да се запраша колкав е вашиот ентузијазам околу работата и колку сериозно ги сфаќате вашите задачи. Толку сте тивки, поради што вашиот претпоставен многу често помислува дека воопшто и не се грижите за вашата работа.rn

    Скорпија

    rnВашиот шеф најверојатно го мрази вашиот став „јас знам сè“. Тој или таа можеби си помислува дека имате намера да го заземете неговото/нејзиното место во компанијата (што можеби и е вистина). Вие сте многу интелигентни и со силен натпреварувачки дух, па дури и со вашиот шеф. Секогаш пред колегите и пред клиентите се обидувате да докажете дека знаете многу повеќе за работата и за животот, воопшто.rn

    Стрелец

    rnВие сте познати по тоа што барате многу слободни денови поради патувања. Вашиот шеф често се прашува како успевате да си ја завршите работата на време и покрај тоа што голем дел од времето не сте во канцеларија, туку на некоја планина, на некоја карпа, на некое егзотично место… Шефот смета дека вие немате доволен баланс меѓу работата и приватниот живот, затоа што му изгледа дека многу повеќе „живеете“ отколку што работите.rn

    Јарец

    rnВие ги преминувате вашите граници, и тоа во голема мера. Многу сте избувливи и тврдоглави. Многу често знаете да влезете во конфликт со вашиот претпоставен, доколку вашите идеи не биле земени предвид. Вашиот шеф често се чувствува недоволно почитуван/а од ваша страна и смета дека единствено самостојно сакате да ги завршувате работните задачи.rn

    Водолија

    rnВие никогаш не ги следите правилата. Вашиот шеф не може да го прифати фактот дека никогаш не ги завршувате работите како и останатите соработници. Вие секогаш ги правите работите на еден сосема поинаков и неконвенционален начин. Шефот за вас мисли дека треба да имате сопствен бизнис, каде што нема да имате надредени, затоа што никогаш не сакате некој да ви кажува што и како да работите.rn

    Риби

    rnВие секогаш доцните. Во канцеларија, на состаноци, на закажаниот ручек со вашиот шеф. Ретко се појавувате на време, поради што претпоставениот не може да се потпре на вас, затоа што не знае дали ќе се појавите точно на време. Многу често го доведувате во ситуација во ваше име да се извинува на клиентите, кои дошле пред вас на закажаниот состанок.

  • Roxy & Rocco – два стари велосипеди кои добија втора шанса

    Roxy & Rocco – два стари велосипеди кои добија втора шанса

    Dragon Custom“ е македонска компанија за „кастм“ велосипедизам којашто реставрира велосипеди и се бори за идејата да се извадат старите велосипеди од гаражите и подрумите, за да им се даде нова шанса. „Кастм“ велосипедизмот е начин на живот, можност за персонализација и оставање впечаток. „Велосипедот по мерка“, освен што нуди можност за прилагодување на рамот по мерка на велосипедистот, нуди и можност за негова персонализација, во смисла на тематски одбрана надградба или негово разубавување.rnrnRoxy & Rocco – два стари велосипеди кои добија втора шансаНеодамна компанијата организирала интересна фотосесија во твид стил. Реставрираните велосипеди се Roxy & Rocco, кои се вратени во живот. Околу фотографирањето им помогнале Anton Lazareski и People of Skopje.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои се лошите страни ако си вработен во Гугл?

    Кои се лошите страни ако си вработен во Гугл?

    Работа во Гугл… Аааа… тоа е работата од соништата, нели?! Работниот простор изгледа одлично, местата за уживање уште подобро, па што би можело да не чини во толку голема ИТ компанија како што е Гугл?rnrnПовеќе поранешни и актуелно вработени во компанијата ги отворија картите на маса и ова се нивните најголеми забелешки.rnrnКои се лошите страни ако си вработен во Гугл?rn

    1. Сите во Гугл се толку генијални, што дури и за најобичните позиции треба да си еден од најдобрите

    rnЗа многумина вработени во Гугл, најголем проблем е нивната преквалификуваност. Гугл има високи критериуми кои треба да се задоволат, пред сè заради брендот, а потоа и заради платата, привилегиите, како и позитивната работна околина. Како резултат на тоа, тие мора да ги вработуваат најбистрите луѓе дури и за најдолните позиции.rn
    rn

    „Има студенти од најдобрите 10 факултети кои даваат техничка поддршка за услугата Гугл едс, рачно отстрануваат несоодветни видеа од Јутјуб или пишуваат основен код за да ја тестираат бојата на некое копче на одреден сајт.“

    rn

    2. Тешко е да се напредува

    rnГугл не е стартап компанија, па и околината во која луѓето работат не ги нуди истите услови како кога би биле дел од нешто што сега расте и се развива на пазарот. Ако имаш среќа да работиш на вистинските проекти на вистинскиот начин, можеш да добиеш шанса за унапредување, но во секој друг случај, би било тешко да дојдеш до израз.rn

    3. Многу од инженерите се арогантни

    rnЗа разлика од верувањето, многумина инженери во Гугл се просечни, со голем степен на ароганција. Доминираат машките профили и секој од нив мисли дека е подобар од останатите. Затоа, не можеш да дискутираш за некој проблем со колега, освен ако тој не ти е и пријател. Објективните дискусии се вистинска реткост, бидејќи сите се територијални и не се заинтересирани за мислењето на останатите, освен ако не се работи за некој од главните фаци.rn

    4. Компанијата е толку голема што не можеш да влијаеш на неа

    rnЧувството дека си направил нешто значајно за компанијата е вистинска реткост бидејќи само најталентираните инженери се занимаваат со создавање на нови продукти и услуги. Гугл е голема машина за „печатење пари“, но ако не си исклучително брилијантен, голема е веројатноста дека ќе работиш обична работа која се состои во нејзино подмачкување и затегнување на шрафчињата.rn

    5. Менаџментот од средно ниво е многу ограничен

    rnСе работи за типови луѓе кои се фокусираат само на метрики и кои сосема ги занемаруваат сите останати фактори за успех во работата. Тие не сакаат да ризикуваат, не знаат како да ги инспирираат оние околу себе и премногу се потпираат на нивното име и репутација кое им е обезбедено со самото тоа што се вработени во Гугл.rn

    6. Гугл се разбира во програмирање, но не и во дизајн

    rnГугл не се фокусира доволно на самиот продукт и на визуелниот впечаток. Ова има доведено до многу прекинати и недоволно успешни сервиси како Wave, Google Video, Buzz, Dodgeball, Orkut и други.rn

    7. Канцеларискиот простор е премногу мал

    rnАко имаш среќа да работиш во некоја од четирите згради на главниот кампус, веројатно ќе се чувствуваш многу збиено. Не е невообичаено да се видат 3-4 вработени како делат една „коцка“ или неколку менаџери во иста канцеларија. И со сите тие отворени места за храна, играње, ТВ, технолошки презентации и слично, изненадувачки, но навистина е тешко да најдеш тивко место каде што би можел да размислуваш.rn

    8. Сè мора да имаш на писмено

    rnАко тргнеш да преговараш за вработување во Гугл, подобро погрижи се да добиеш сè на писмено бидејќи компанијата дава многу празни ветувања кои не секогаш успева да ги исполни.rn

    9. Вработените знаат да претеруваат

    rnВо Цирих има тивка соба во која луѓето одат да се релаксираат или да дремнат. Овде има многу убави риби во кои можеш бесконечно долго да гледаш. Но, дел од вработените имаат испратено повеќе од 100 имејла за отстранување на столиците за масажа од просторијата, бидејќи тие биле премногу бучни и од нив тие не можеле да спијат.rn

    10. Луѓето се однесуваат незрело

    rnКултурата во Гугл е чудна. Како луѓето никогаш да не пораснале. Пијат пијалаци во секое време, нонстоп се социјализираат меѓусебно и всушност многу малку работат.rn

    11. Вработените не ги почитуваат оние на привремено време

    rnСамо оние кои вистински работат за Гугл се важни. Тоа им дава право да бидат вообразени и да се однесуваат со сите кои се привремено таму како да се ментално и морално помалку важни од нив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кондоми потпишани од познатите личности

    Кондоми потпишани од познатите личности

    Некои од светски познатите личности имаат излезено со свои линии кондоми, други само го ставиле своето име на веќе постоечки бренд, а нечии имиња на ѕвезди биле злоупотребени само да се дојде до поголема заработка.rn
    rn

    Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

    rnВо еуфоријата на кралската венчавка во 2011 година, кога можеше да се продаде сè и сешто со ликот на Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, компанијата „Crown Jewels“ пуштила во продажба кондоми со нивниот лик, од едноставна причина што сакала на тој начин да даде придонес во прославата на венчавката.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Кеша

    rnСвојата слава Кеша ја користи за соработка со компанијата „Лајфсталс“. Првите кондоми ги поделила бесплатно на еден од нејзините концерти.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Лудакрис

    rnКомпанијата „Магнум“ барала рапер за да ги промовира своите производи во хип-хоп светот, а изборот паднал на Лудакрис. Тој прифатил кондомите да бидат брендирани со неговото име затоа што сакал да даде некаков придонес во борбата против сидата.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Мадона

    rnВерувале или не, Мадона никому не дала дозвола нејзиното име да се користи за оваа намена. Сепак, една европска компанија решила да ги пушти во продажба без да ја праша. Кондомите се продавале одлично сè додека компанијата не добила тужба и морала да ги повлече од пазарот.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Џулијан Асанж

    rnВеројатно ниту Џулијан Асанж не бил прашан дали може да се продаваат презервативи со неговиот лик на нив, но тој нема покренато судски спор околу ова прашање. Впрочем, овој бренд се појавил во знак на исмевање на слабите и неиздржани обвиненија за силување против Асанж. Нивниот слоган е: „Протекува и повеќе од вистината“.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Џин Симонс

    rnЛикот на Џин Симонс, вокалистот на рок бендот Кис, е првиот што се појавува не само на кутијата, туку и на самиот латекс. Таму стои сликата со неговиот исплазен јазик.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Дафт Панк

    rnПознато е дека ваков бренд постои и дека се вика „Get Lucky“, според нивниот голем хит, но сè уште не се знае дали и кога кондомите ќе излезат во продажба.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Барак Обама

    rnКомпанијата „Say It With a Condom“ на последните претседателски избори во САД излезе со линија презервативи инспирирани од Претседателот Барак Обама. Слоганот беше: „Нема да се скине лесно како неговите ветувања“.Кондоми потпишани од познатите личности
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Писмото на малиот Лука до претставниците од „ЛЕГО“

    Писмото на малиот Лука до претставниците од „ЛЕГО“

    Седумгодишниот Лука Апс парите кои ги собрал за Божиќ минатата година ги потрошил на еден сет играчки од „ЛЕГО“. Најголемиот проблем со играчките од компанијата „ЛЕГО“ е тоа што се многу ситни и лесно можеш да ги загубиш.Писмото на малиот Лука до претставниците од „ЛЕГО“Па така, еден ден, Лука без одобрение од својот татко понел една од играчките додека биле на пазарење и ја загубил. Откако се вратил дома, решил да им пише писмо на вработените во компанијата, замолувајќи ги да му пратат нова, бидејќи без неа сетот нема да му биде комплетен.rnrnВо писмото Лука напишал:rn
    rn

    Здраво.rnrnМоето име е Лука Апс и имам седум години.rnrnСо сите пари што ги собрав за Божиќ го купив сетот „Ninjago“ од „Ultrasonic Raider“. Серискиот број е 9449. Навистина е добар.rnrnТатко ми ме однесе во „Sainsburys“ и ми рече да ги оставам играчките дома, но јас ги земав и го изгубив Jay ZX некаде во продавницата, бидејќи ми паднал од моето палто.rnrnНавистина сум вознемирен што го изгубив. Татко ми ми рече да ви пратам имејл, за да ве прашам дали би ми пратиле нова играчка.rnrnВетувам дека нема да го носам веќе по продавници.rnrn– Лука

    rnПосле кусо време, Лука добил повратен мејл од страна на Ричард, претставник од корисничката поддршка на „ЛЕГО“. Во писмото тој му напишал дека „разговарал“ со Сенсеи Ву, главната играчка во сетот.rn
    rn

    Лука,rnrnму пренесов на Сенсеи Ву дека губењето на играчката од твоја страна била несреќна околност и дека никогаш повеќе нема да допуштиш истото да се случи.rnrnТој ми рече да ти пренесам: „Лука твојот татко делува како мудар човек. Секогаш мораш да ги заштитуваш играчките ‘Ninjago’ како што змејовите ги заштитуваат оружјата од ‘Spinjitzu’!“rnrnСенси исто така ми кажа дека е во ред да ти испратиме нова играчка и ми дозволи да ти испратам неколку дополнителни играчки, бидејќи секој што ги потрошил своите заштедени пари од Божиќ за да ги купи играчките од „Ultrasonic Raider“ мора да е навистина голем обожавател на „Ninjago“.rnrnПа, се надевам дека сега ќе уживаш во твојата нова играчка придружена со сите оружја. Всушност, ти ќе бидеш единствениот што ќе ја има играчката која ги комбинира сите три во една. Исто така ќе ти испратам и еден негативец, за да има со кого да војува.rnrnСамо запомни што рече Сенси Ву: заштитувај ги своите играчки… и се разбира, секогаш слушај го твојот татко.

    rnОва е типичен пример како големите компании си обезбедуваат целоживотен и задоволен купувач.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најкул реклама за машина за перење алишта

    Најкул реклама за машина за перење алишта

    Кога станува збор за бела техника, како да им недостасува инспирација на маркетинг агенциите. Не можеме да кажеме дека прават контрапродуктивни реклами, но повеќето од нив се ектремно досадни и премногу си личат една на друга. За првпат налетавме на нешто навистина воодушевувачки кретивно и забавно. Станува збор за последниот маркетинг потег на компанијата „Самсунг“, за нејзиниот најнов модел на машина за перење алишта. Повеќе не би коментирале, за да не ви го уништиме изненадувањето. Ќе ви откриеме само дека главниот актер во рекламата е една голема, страшна и педантна мечка. :)rnrnНајкул реклама за машина за перење алиштаrnrnПа што чекате, погледнете ја најдобрата реклама на светот за машина за перење алишта. Таа е една од ретките кои не би ве изнервирале доколку додека гледате филм на некој од домашните телевизиски канали, наеднаш ви го прекинат на најинтересната сцена и направат ЕПП пауза. :)rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ако немате пријател, изнајмете го!

    Ако немате пријател, изнајмете го!

    Животот е полесен кога сте опкружени со пријатели, со кои можете да споделите и добро и лошо. Но, некои од нас ја немаат таа среќа. Заради преголем работен ангажман или премногу домашни обврски, немаат време да стекнат нови пријателства или да ги одржуваат старите. За овие случаи, Јапонија веќе има решение. Осамените Јапонци сега можат да си платат некој да им глуми пријател за еден ден. Сè што треба е да се обратат до агенцијата „Client Partners“ и да побараат лице со кое ќе отидат во кино, диско…rnrnАко немате пријател, изнајмете го!rnrnКолку и да звучи тажно, сепак, е реално и практично. Пример за тоа е 25-годишниот Kouichi (псевдонимот под кој е регистриран во агенцијата). Тој минатото лето одлучил да ги искористи услугите на компанијата, па изнајмил две девојки да му прават друштво во диско клуб. За дружбата платил 341 американски долари. Kouichi вели дека цената на услугата е висока, но и дека вреди.rnrn„Постои тоа чувство на сигурност, кога некој безусловно ќе ве прифати“, изјавил Kouichi, додавајќи дека е подобро да платите за лажни пријатели, отколку вистинските да ве одбијат.rnrnСе согласувате ли и вие со неговата теза? 🙂rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.