КАФЕ ПАУЗА

Tag: компанија

  • Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња

    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња

    Кога во кучешкиот свет би постоеле големи компании, а стереотипите поврзани со нив би биле слични со оние на луѓето, тогаш вработените и состојбите таму би изгледале отприлика вака…rnrn

    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    директорот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    десната рака на директорот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    менаџерот од повисоко ниво
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    десната рака на менаџерот од повисоко ниво
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    менаџерот од пониско ниво
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    финансискиот директор
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    секретарката
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    сопругот на секретарката
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    сезонски работник
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    новиот вработен
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    информатичарот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    курирот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    чуварот
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    девојката од другиот оддел
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    обезбедувањето
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    вработените веднаш по завршувањето на работното време
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    дома после напорниот работен ден
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    ручек на сметка на фирмата
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    после ручекот на сметка на фирмата
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    во петок навечер
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    во сабота наутро
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    на боледување
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    на лажно боледување
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    на принуден одмор
    rnrn
    Состојбите во големите компании прикажани преку смешни кучиња
    на годишен одмор
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)

    Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)

    Еден поинаков поглед на финансиската криза што ја потресе светската економија…rnrnФилм: Предупредувачки повик (Margin Call)Режија: Џеј Си ЧандорrnrnУлоги: Кевин Спејси, Деми Мур, Џереми Ајронс, Захари Квинто, Пол Бетани, Стенли Тучи, Мери МекдонелrnrnВреметраење: 107 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 септември 2011, ГерманијаrnrnЖанр: трилер, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnИсториски нестабилен индекс, масовни отпуштања, колапс на фирмите – ова се предвесниците на финансиската криза што ја здрма светската економија, овој пат прикажани низ емоциите на вработени во американска инвестициска компанија, преплавена со хипотекарни хартии од вредност. Филмот изобилува со комплицирани реплики, но истите се ставени во сенка на емоциите, така што, гарантираме дека ќе ви се допадне, без разлика на вашите познавања за сериозните економски параметри.rnrnИ улогите се внимателно извајани и доверени на вистинските холивудски актери. Ликовите се максимално воздржани, со смирени тонови и во нивните разговори преовладува разумот. Можеби токму недостатокот на експлозивни одлучувачки моменти на драма и неизвесност, карактеристични за една панична ситуација од големи размери, го вбројува филмот во еден од подобрите кои ја обработуваат оваа тематика.Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Но, категоријата трилер која му се припишува и не е баш оправдана, бидејќи тензијата како да не ја прави сериозноста на ситуацијата, туку затворениот простор во кој се случува безмалку целото дејство во филмот, кое започнува со отпуштањето на еден од главните финансиски аналитичари во фирмата, Ерик Дејл (Стенли Тучи). Тој во секунда ги губи сите свои привилегии и контакти, така што не успева да ја заврши започнатата задача, која на заминување, пред да ја напушти зградата, одлучува да му ја довери на новиот колега во одделот, 29-годишниот Питер Саливан (Захари Квинто), нагласувајќи му да биде внимателен.rnrnПосветениот млад брокер, нема да му одолее на предизвикот и веднаш ќе започне да ги дешифрира бројките. Она што ќе го открие, ќе ги шокира сите. На нозе ќе го крене целиот врв на компанијата, кој ќе се впушти во ризична 24-часовна авантура…Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Да, точно е дека се појавија бројни филмски остварувања, кои на еден или на друг начин ја отсликуваат светската економска криза и можеби звучат попривлечно и поубедувачки, но верувајте ова отскокнува, не само заради екипата собрана во него, туку и заради начинот на кој се третира овој глобален проблем.rnrnАко ве интересира како започна кризата и како компаниите тргуваа во целиот тој хаос, тогаш не е лошо да му дадете шанса и на филмското деби на сценаристот и режисерот, Чандор. „Margin Call“ преку еден поинаков пристап ќе ви долови барем дел од атмосферата во компаниите на кои во 2008-та им „гореше под нозете“. Сè на сè, одлична приказна за претворањето на врвните светски компании во очајни трговци на безвредни недвижнини, со цел да го спасат своето богатство, за сметка на маката на обичните граѓани.Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)
    rnrn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни факти за Гугл

    10 интересни факти за Гугл

    Прочитајте неколку не толку познати информации за најпопуларниот прелистувач на светот…rnrn10 забавни факти за Гуглrnrn1. Гугл проценува дека реклама на почетната страница на пребарувачот би чинела 10 милиони долари. Просторот не е за продажба.rnrn2. Името Google е всушност погрешно спелување на зборот googol – математички израз за бројот 1 проследен со 100 нули.rnrn 3. Тематските логоа на пребарувачот стартуваа во 1998 година, со човече поставено зад логото. Целта била да ги информираат корисниците, дека основачите заминале на фестивалот „Burning Man“ во Невада, САД.rnrn 4. Наместо косилка, компанијата изнајмува кози за да ја испасат тревата околу нејзиното седиште. Во 2009 година, изнајмила 200 кози.rnrn 5. Почетната страница на пребарувачот е достапна на повеќе од 80 јазици. Еден од нив е клингонскиот јазик од „Ѕвездени патеки“ (Star Trek).rnrn10 забавни факти за Гуглrnrn6. Гугл има сопствен диносаурус наречен Стен. Скелетот на T-Rex живее во седиштето на компанијата во Калифорнија.rnrn 7. Пребарувачот Јаху ја испушти шансата да го купи Гугл за 1 милион долари, во 1997 година. Денес тој вреди 200 милијарди долари, а Јаху само 20 милијарди.rnrn 8. Првиот твит на Гугл е: „I’m 01100110 01100101 01100101 01101100 01101001 01101110 01100111 00100000 01101100 01110101 01100011 01101011 01111001 00001010“. Кога бинарните броеви ќе се претворат во букви, тоа значи „I’m feeling lucky“.rnrn 9. Копчето „I’m Feeling Lucky“ го чини Гугл преку 100 милиони долари годишно.rnrn 10. Компанијата има повеќе од 1 милион сервери, односно 2 % од вкупниот број во светот. Може да се пофали и со над 1 милијарда пребарувања дневно.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?

    Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?

    Во најголемите светски компании од типот на Гугл, Мајкрософт и Фејсбук работат извонредни работници кои поминуваат низ жесток и внимателен процес на избор. Во интервјуата, кандидатите треба да одговорат на некои необични прашања кои многу зборуваат за нивниот начин на размислување. Ако и вие сте спремни да ги одговорите, тогаш сте спремни за кариера во некоја од нив.Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?1. Зошто шахтите имаат округла форма? Ова прашање прво почнале да го користат во Мајкрософт, а целта е да видат како размислува кандидатот кога е соочен со проблем кој има повеќе можни решенија. На тој начин тие ја покажуваат својата креативност и самодоверба.rnrn2. Во три реченици, објаснете му на вашиот осумгодишен внук што е датотека. Вака Гугл проверува дали апликантот може на едноставен и разбирлив начин да ги доближи производите на компанијата до потрошувачите на кои технологија не им е јака страна.rnrn3. Објаснете ми што се случуваше во земјава во последните десет години. Преку одговорот на ова прашање во Бостон Консалтинг можат да видат на кој начин кандидатот може да ги сумира фактите и да ги пренесе на клиентот. Покрај тоа, може многу да се научи за еден човек кога ќе каже кои настани биле важни во последната декада.rnrn4. Штотуку сте наследиле пицерија од вујко ви. Што ќе правите со неа? Вака Фолксваген проверува што сметаат кандидатите за позицијата бизнис аналитичар дека е клучно за успех во бизнисот. Тие треба да истакнат дали веднаш ќе ја продадат пицеријата, дали ќе го разгледаат финансискиот извештај или ќе направат нешто сосема друго.rnrn5. Што имаат заедничко дрвото и алкохолот? Најголемата компанија за обезбедување во САД, Гардсмарк, ги прашува апликантите што е заедничко за дрвото и алкохолот за да добие претстава како тие ги класифицираат информациите и како ги издвојуваат сомнителните од нив. Покрај тоа, покажуваат и како комуницираат со другите луѓе.Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?6. Како ќе истражите одредена технологија без другите да дознаат дека го правите тоа? Епл секогаш успеваат своите чуда од технологија да ги држи во најголема тајност сè додека самите не ги промовираат. Апликантот што ќе одговори правилно на ова прашање ќе докаже дека може да го стори истото. Покрај тоа, ќе даде слика и за способностите за креативно размислување.rnrn7. Автомат за купување храна, за производ од 75 центи ќе ви земе банкнота од еден долар без да ви врати кусур. Каде е проблемот во системот? Напорното интервју во Епл го содржи и ова прашање, а намерата им е да видат како кандидатот го лоцира проблемот, како ги бара причините кои го создаваат и како прави план за негово надминување.rnrn8. Колку топчиња за голф собира во школски автобус? Никој не знае колкав волумен има автобусот, а топчињата за голф се користат само ако единица мерка. Гугл поставува вакво прашање, не за да го натера апликантот да постави математичка формула, туку за да добие претстава за процесот преку кој што тој ги решава проблемите.rnrn9. Користејќи „поголемо“ и „помало“, кој е минималниот број на обиди да погодиш број помеѓу 1 и 1.000? Одговорот на ова прашање ги покажува математичките вештини и начинот на којшто размислува кандидатот за софтверски инженер во Фејсбук во насока на пронаоѓање решение.rnrn10. Вие сте со големина на молив и сте ставени во блендер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите? Голдман Сакс инвестира на пазари на кои многу често се менуваат условите. Нивните вработени постојано наидуваат на проблеми со кои не се соочиле претходно, а ова прашање го става апликантот токму во таква улога. Покрај тоа, проверува како тој пронаоѓа нови невообичаени решенија за тие проблеми.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Маркетиншки трикови кои ве тераат непотребно да трошите пари

    Маркетиншки трикови кои ве тераат непотребно да трошите пари

    Најголем предизвик за една компанија во современото потрошувачко општество е да создаде маса на потрошувачи кои ревносно ќе ја полнат нејзината каса. За таа цел најголемите бизнис умови успеале да развијат низа маркетиншки трикови со кои ќе ве натераат да потрошите повеќе пари отколку што е неопходно. Ова се оние со кои најчесто сме бомбардирани со намера да се влијае на нашата претстава за вистинските потреби и непотребно да го испразниме паричникот.Маркетиншки трикови кои ве тераат непотребно да трошите париrn

    Манипулација со сексот и убавината

    rnКога рекламата ќе го поврзе производот со еден од најсилните човекови мотиви, тој лесно ќе се реши да потроши некој денар, без разлика дали тоа е неопходно. Рекламната индустрија некако успева да ги убеди сите дека никогаш не се доволно убави и дека им треба уште некој производ за да бидат сексуално попривлечни. Во рекламите за производите за убавина секогаш може да се види некој супер модел чија убавина наводно доаѓа токму од тој производ. Во реалноста, ако го замените вашиот крем за лице со оној новиот кој ќе ве направи убави како моделот, често ќе се чудите и зошто не дава резултати и зошто вашиот паричник е полесен.Маркетиншки трикови кои ве тераат непотребно да трошите париrn

    Манипулација со стравот

    rnСекој производ има за цел да задоволи одредена потреба, но кога некој производ не може да го направи тоа, рекламата може да ја заврши работата манипулирајќи со стравот. Слично како со сексот и убавината, трикот се состои во убедување дека имате преголем проблем кој производот брзо ќе го реши. Гледајќи ја рекламата може да почуствувате дека проблемот со брчките, со телесната тежина или со опаѓањето на косата е многу поголем од порано. Сепак, ако не сте се грижеле за тоа пред да ја видите рекламата, значи дека нема причина да се грижите и после тоа.Маркетиншки трикови кои ве тераат непотребно да трошите париrn

    Временски ограничувања

    rnАко рекламата за некој производ ви вели дека морате да го купите што поскоро затоа што бргу ќе се потрошат сите залихи, не верувајте. Целта е само да ве вознемират и да ви создадат илузија дека имате шанса да сторите нешто важно за вас, а временското ограничување на таа шанса треба само да изврши притисок за позитивно да одговорите на тоа.Маркетиншки трикови кои ве тераат непотребно да трошите париrn

    Нешта кои „мора да ги имате“

    rnНе постои ништо на светот што мора да го имате без оглед на вашите вистински потреби. Кога ви велат дека нешто „мора да го имате“, компаниите повторно играат на картата на стравот, пренесувајќи ви порака дека нешто нема да биде во ред ако не го поседувате токму тоа. Сепак, запрашајте се што навистина ви треба. Во вакви случаи многу често веќе поседувате нешто слично на она што наводно мора да го имате.Маркетиншки трикови кои ве тераат непотребно да трошите париrn

    „Искрени“ сведоштва

    rnАко сопственик на некоја компанија ви каже дека има феноменален производ ќе бидете скептични. Затоа тие често прават реклами во кои што се појавува некој нивен презадоволен потрошувач, чиј живот драстично се сменил на подобро откако почнал да го користи нивниот производ или услуга. Исто така може да се видат славни личности или експерти во одредена област кои го препорачуваат. Сепак, никој не се решава да застане пред камера и да пофали било што за џабе. Сите тие добиваат одреден надомест за рекламата.Маркетиншки трикови кои ве тераат непотребно да трошите пари
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Екран на допир кој ви го возвраќа допирот

    Екран на допир кој ви го возвраќа допирот

    Технолошката компанија „Senseg“ развива систем со кој екраните на допир ќе можат буквално да ви возвратат со допир. На пример, ако позадината на вашиот смартфон или ајпад е песочен пејзаж, кога со прстот ќе поминете преку екранот, ќе добиете чувство дека допирате вистински песок. Истото ќе се случи со која било друга вдлабнатина или испакнатина што ја гледате пред вас, на вашите уреди.Екран на допир кој ви го возвраќа допиротПроектот на компанијата е наречен „Почувствувај го екранот“ и е базиран на ултраниска електрична струја. Таа создава привлечна сила меѓу екранот и вашиот прст, ја повлекува неговата кожа и ви овозможува реално чувство на она што го гледате на фотографијата.rnrnВо системот има инкорпорирано електростатично поле, кое произведува различни степени на триење, а главната тајна на компанијата е во трајниот и неверојатно тенок слој на екранот, кој ги пренесува електро-вибрациите и може да го собере во речиси секој уред. Тој може лесно да се прилагоди на секоја површина, без разлика дали е таа мазна, рапава, крива, мека или тврда.Екран на допир кој ви го возвраќа допиротЗа разлика од уредите за контролирање видеоигри, овој екран нема подвижни делови во него, така што тој е сосема тивок, без вибрации и со брзо реагирање на вашиот допир. Во моментот системот е во рана развојна фаза, но се очекува  да стане достапен на пазарот веќе наредната година. Во меѓувреме, преку следното видео погледнете како функционира прототипот, кој неодамна го промовираше компанијата:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“?

    Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“?

    Корпорацијата „Старбакс“ (Starbucks) денеска претставува еден од најдобрите интернационални брендови, со седиште во Сиетл, Вашингтон, САД. Таа е најголемиот синџир на кафе-продавници во светот, која заклучно со 2010 година, вбројува 17.009 продавници, од кои преку 11.000 се во САД, 1.000 во Канада и околу 700 во Велика Британија. Продавница на Старбакс можете да сретнете во повеќе од 55 земји низ светот, а во нив работат околу 137.000 луѓе.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Првата продавница била отворена во Сиетл, на 30 март 1971 година од страна на тројцата пријатели Џери Болдвин, кој бил професор по англиски јазик, Цев Сигл, наставник по историја и Гордон Боукер кој бил писател. Во периодот од 1971 до 1975 година, продавницата била лоцирана на „2000 Western Avenue“, за потоа да биде преместена на улицата „1912 Pike Place“ каде што сè уште постои.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Компанијата почнува да се проширува дури во 1984 година, кога ја отвора својата прва продавница во Ванкувер, а набрзо потоа и во Чикаго и Илиноис. Во 1992 година, кога компанијата ја има својата прва јавна понуда на берзата, таа веќе има 165 продавници низ САД. Првата продавница надвор од Северна Америка, Старбакс ја отвори во Токио, Јапонија во 1996 година. На тлото на Европа, првата продавница ја отвори во Велика Британија во 1998 година, а во Латинска Америка во 2002 година во Мексико Сити. Во 2003 година својата прва продавница ја доби и Јужна Америка, лоцирана во Лима, Перу. Африка својата прва продавница ја доби во 2010 година, за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Во последниве 10 години, компанијата се посветува на купување дел од други познати компании и ребрендирање на нивните продавници. Меѓу овие компании се вбројуваат „Torrefazione“ од Италија, „ Diedrich“ од САД и други слични компании.rnКако е изграден светскиот бренд „Starbucks“Во нашата соседска околина, кафињата на Старбакс можете да ги вкусите во Грција и Бугарија. Успехот на оваа компанија се должи на нивниот квалитет, богатата понуда на кафиња како и на брзата и љубезна услуга.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Новиот дом на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг

    Новиот дом на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг

    Главниот виновник за појавувањето на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг си купи нова куќа во Пало Алто, Калифорнија. Извршниот директор и претседател на Фејсбук, кој е роден на 12 мај, 1984 година, за оваа луксузна куќа издвои 7 милиони американски долари.rnНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергЕксцентричниот Цукерберг, иако е познат по неговата скромност, овој пат решил да го одврзе ќесето, кое се проценува на 13,5 милијарди американски долари и да не штеди. Неговиот нов дом има 5 спални, а во дворот се наоѓа базен со солена вода. Канцелариите на компанијата исто така ќе бидат преселени во близината на Пало Алто и тоа во комплекс кој е распослан на 93.000 квадратни метри. Ова се должи на фактот што Фејсбук продолжува да се шири и од година во година ја зголемува бројката на вработени за 50%.Новиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк ЦукербергНовиот дом на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг

  • Дали дневните весници се неопходни?

    Дали дневните весници се неопходни?

    Автор: АнаrnrnДа, можеби ви е чудна тематиката на денешнава колумна, но прашањето е сосема реално во денешницава, земајќи ги предвид интернетот и глобалната дигитализација на сè што не опкружува.rnrnНе велам дека е лошо што сè што ќе посакаме го имаме на интернет, баш напротив, но до каде е стигнато излегувањето на традиционалните дневни весници, печатениот медиум? Исто така, не велам и дека ги снемува од „класичниот свет“ на добивање на информации, но сепак, до каде се стигнати? Кој е нивниот број на ранг листата, во однос на секојдневната дистрибуција на вести?Дали дневните весници се неопходни?Ова е сигурно чудно прашање за оние кои поголемиот дел од животот го имаат поминато купувајќи ги дневните весници, но што се случува со оние кои имаат развиено навика за стандардно вклучување на својот компјутер, наместо „прошетката“ до најблиската трафика и купување на тогашните информации?rnrnНа крајот на краиштата, и самите компании имаат направено веб-сајтови за своите весници, одат напред со развојот на технологијата. Се прашувам дали тоа им помогнало или сосема спротивното? Колку класичниот весник и неговата традиционална форма на продажба се актуелни? Дали се само навика која луѓето ја имаат или пак потреба? Колкав процент од народот ги купува весниците, а колкав ги чита во дигитална форма? На која страна ќе застане иднината? Дали можеби долговековниот начин на добивање на дневните вести пропаѓа?rnrnНе знам. Но, го знам следново… Знам дека голем број од луѓето немаат огромна желба да дадат пари (иако малку) за вести од кои, повеќето не ги засегаат. Да не се разбереме погрешно, не велам дека е лошо да се добиваат плус информации, секоја информација е од некаква помош, полза… Но, зошто луѓето да дадат пари кога истото го имаат за себе само со еден клик?rnrnИнтернет-информациите секако можеме да ги добиеме во различни форми и секоја информација, надградена со нова. Постоењето на дата-базите ни овозможува секојдневен пристап до каква било информација и да посакаме. Реалноста е дека оние кои „остануваат“ на печатениот весник, се сепак повозрасни, „постари“… Во едно истражување прочитав дека само 18% од младата популација кај нас чита весници…rnrnИма и една друга тематика поврзана со весниците… Многу компании, на некој начин, зависат од нивното печатење, од нивното постоење. Како? Најголемата циркулација на рекламите кои ги изнесуваат компаниите за своите производи, одат токму преку печатениот медиум, весникот. Сепак, веб-изданијата не практикуваат рекламни простори како што тоа го има во нивната печатена варијанта…rnrnЌе ја споменам и појавата на tablet-от, кој претставува транзиција од потребата податокот да се има физички во рацете и брзината на ширење на податоците. Со ова се задоволуваат повозрасните кои се врзани за оваа потреба, но дополнително им се дава можноста да ја следат технологијата под свои услови. Секако, помладите се дел од технолошкиот напредок, што кажува дека се далеку пофлексибилни на каква било технолошка новост која излегува во нивната околина и начин на живеење. Значи tablet-от е уште една замена за весниците која тие треба да ја издржат.rnrnДа прокоментирам и за ТВ и радио вестите… Секојдневно ни ги даваат истите информации како и весниците. Единствената разлика е во тоа што, барем според мене, печатениот весник и таквиот начин на добивање информации има поголема длабочина и „интима“.rnrnСè на сè, печатените весници, барем според моето мислење, ја губат својата „светлина“. Можеби биле неопходни за „нормалниот човек“ и неговото секојдневие, но сепак клучниот збор во оваа реченица е „биле“.rnrnДо следно читање,rnrnВи посакувам убав ден,rnrnСо љубов насликана од срце,rnrnАна

  • Новогодишни рекламни кампањи

    Новогодишни рекламни кампањи

    Празниците се одличен начин да се покаже инвентивноста на големите компании како го претставуваат нивниот производ, а новогодишните празници се уште поголем предизвик за нив. Погледнете неколку интересни рекламни кампањи инспирирани од божиќната и новогодишната вечер.rnrnНовогодишни рекламни кампањиНовогодишни рекламни кампањиНовогодишни рекламни кампањиНовогодишни рекламни кампањиНовогодишни рекламни кампањиНовогодишни рекламни кампањиНовогодишни рекламни кампањиНовогодишни рекламни кампањиrnrn