КАФЕ ПАУЗА

Tag: колачи

  • Чоколадни срца

    Чоколадни срца

    Десерт со кој ќе ги изненадите вашите пријатели се токму овие вкусни колачиња во форма на срце. Задоволството да биде уште поголемо, тие се прелиени со чоколадо и наполнети со џем од вишни. А кој може да му одолее на вкусното чоколадо и слатките вишни?rnrnЧоколадни срцаrn

    Потребни состојки за тестото:

    rn

      rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 4 големи лажици шеќер
    • rn011

    • 6 големи лажици млеко
    • rn011

    • 6 големи лажици масло за јадење
    • rn011

    • 1 пакетче ванилин шеќер
    • rn011

    • ½ пакетче прашок за печиво
    • rn011

    • 10 големи лажици брашно
    • rn011

    • џем од вишни
    • rn

    rn

    Потребни состојки за глазурата:

    rn

      rn011

    • 100 грама чоколадо
    • rn011

    • 2 големи лажици масло за јадење
    • rn011

    • 1 голема лажица млеко
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо длабок сад изматете ги со миксер јајцата и шеќерот. Потоа додадете ги сите состојки кои се потребни за тестото, освен џемот од вишни. Смесата добро измешајте ја и ставете ја во модли во форма на срце. Потребно е да ги печете неколку минути. Кога ќе се оладат, исечете ги срцата на 2 дела, премачкајте ги со џем и повторно залепете ги.rnrnВреме е да ја направите глазурата. Стопете го чоколадото, потоа додадете го маслото за јадење и млекото. Со направената глазура прелијте ги срцата.rnrnПри сервирањето можете да бидете креативни и да ги украсите срцата со шлаг и неколку вишни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мали и вкусни мафини

    Мали и вкусни мафини

    Автор: Бојана МандевскаrnrnМафини е американско-англиско име за брз леб што се пече во мали порции. Постојат многу форми на мафини. Некогаш се во форма на мали колачиња, колачиња во чаши, колачиња во одредени облици (срциња, ѕвезди, мечиња итн.). Мафините може да бидат со сладок или пак солен вкус.Мали и вкусни мафиниВкусовите на мафините може да бидат различни во зависност од состојките од кои ќе се направат: од чоколадо, боровинки, бадеми, моркови, костени, портокал, јагоди, банани, малини, цимет, лимон, јаболки, краставички, тиква, разни видови сирења. Исто така може да се комбинираат и видовите брашно од кои ќе се направат мафините: од пченица, пченка, ’рж, овес, костен.rnrnМафините може да се консумираат ладни, топли, со додатоци од шлаг, чоколадо, павлака. Пијалаци кои најдобро се вклопуваат со мафините, зависно од нивниот вкус, се чај, кафе, бело вино за благите мафини и црвено вино со солените.rn

    Засукајте ги ракавите и подгответе некоја од предложените рецепти. Изненадете ги вашите блиски, поканете ги заедно да ги вкусите подготвените мафини. Идеален начин за дружба во ладните зимски денови.Мали и вкусни мафини

    rnrn

    Солени мафини

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 3 јајца
    • rn011

    • 3 дл јогурт
    • rn011

    • 0,5 дл масло
    • rn011

    • 80 г крем-сир
    • rn011

    • 200 г бело брашно
    • rn011

    • 100 г пченкарно брашно
    • rn011

    • 1 прашок за пециво
    • rn011

    • 100 г шунка, печеница (по избор)
    • rn011

    • 60 г кашкавал
    • rn011

    • 1 помала црвена пиперка
    • rn011

    • 1 лажица сол
    • rn011

    • малку оригано и босилек
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во една чинија помешајте ги двата видови брашно со прашокот за пециво. Во друга чинија, со жица за матење изматете ги јајцата, потоа додајте ги јогуртот, маслото и крем-сирот и сето тоа измешајте го. Исецкајте ги ситно кашкавалот, печеницата и пиперката. Во чинијата со јајцата додадете го брашното и сето тоа измешајте го додека да се соедини. Потоа додадете ги исецканата печеница, кашкавалот, пиперката и зачините. Калапите за мафини намачкајте ги со масло, па потоа проросете малку брашно и додајте ја смесата за печење. Ставете ги мафините да се печат во загреана рерна на 180 степени, 30 минути, додека не добијат златна боја.Мали и вкусни мафиниrn

    Чоколадни мафини

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200 г брашно
    • rn011

    • 2 лажици прашок за пециво
    • rn011

    • 2 лажици какао во прав
    • rn011

    • 150 г шеќер
    • rn011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn011

    • 125 г путер
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 1 дл млеко
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Во една чинија ставете ги брашното, прашокот за пециво и какаото и промешајте ги. Потоа додадете ги сите останати состојки и со миксер матете, прво на слабо, да се промешаат состојките, а потоа ставете го миксерот на најсилна брзина и матете така 2 минути. Готовата смеса истурете ја во претходно подмачкани калапи и ставете ги да се печат. Печете на температура од 180 степени, 25 минути. Готовите мафини можете да ги декорирате со шлаг, слатка павлака, чоколаден прелив и шеќер во прав.rnrnРазбудете ги вашите кулинарски вештини, подготвените мафини декорирајте ги водени од вашата фантазија. Bon Apétit!Мали и вкусни мафини
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 2 шворц девојки (2 Broke Girls)

    2 шворц девојки (2 Broke Girls)

    ТВ серија за животот во беда, кој и не е така лош кога ќе се погледне од комичната странаrnrn2 шворц девојки (2 Broke Girls)Главни улоги: Кет Денингс, Бет Берс, Герет Морис rnrnЖанр: комедијаrnrnПремиера: 19 септември 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnСекој од нас се раѓа во различна средина, е воспитуван на различен начин и му се овозможени различни услови. Тоа нè прави она што сме кога веќе сме доволно зрели за да донесуваме сопствени одлуки за тоа како ќе го живееме животот. rnrnШворц или не, средства се неопходни барем за да се овозможи минимална егзистенција. Но, што се случува кога две девојки со различен социјален статус ќе се најдат „во иста каша“? Сепак, и покрај сите маки да се заработи за да се преживее, изгледа како да има нешто симпатично во нивните животи. Веројатно тоа е поради спојот на два сосема различни карактери од кои секој го вади подоброто од другиот.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rn

    Приказна: Макс е келнерка во локално кафуле, која одамна самата се грижи за себе за да си овозможи егзистенција во животот. Таа е самоуверена, крута, полна со иронија, но истовремено и слатка. Овде доаѓа да работи блондинката Керолајн, која цел живот јадела по скапи ресторани, носела брендирана облека и се школувала во елитни образовни институции. Патот ја носи овде бидејќи нејзиниот татко, кој бил изворот на сите овие благодети во нејзиниот живот, е фатен за проневера. Тој завршува во затвор, губат сè, па Керолајн мора да почне да учи сама да се снаоѓа во животот. Така таа почнува заеднички живот со Макс, која ја прифаќа под својот покрив.2 шворц девојки (2 Broke Girls)2 шворц девојки (2 Broke Girls)2 шворц девојки (2 Broke Girls)Иако сиромавите знаат да бидат зајадливи, а богаташките празноглави, во серијата е дозирана примената на стереотипи и можеме да видиме како едните можат да учат од другите. Целта на двете девојки е да заработат доволно пари за еден ден да отворат сопствена слаткарница каде ќе ги продаваат неодоливите колачи на Макс, кои сега ги продаваат во кафулето.2 шворц девојки (2 Broke Girls)Хумор: Хуморот е освежувачки, карактеристичен, на моменти нападен и чест. Различен од оној на кој сме навикнале од другите серии. Може да ви се допаѓа или не, но најверојатно, во најмала рака би ви бил прифатлив. Уште во пилот епизодата ќе се изнасмеете квалитетно неколку пати, а од десетте епизоди колку што се емитувани досега, ќе научите добри финти за „залепување“ луѓе во фаца.2 шворц девојки (2 Broke Girls)Кога и како да ја гледате: Па и не постои правилно време за гледање кратка комедија. Добредојдена е секогаш, а најубаво доаѓа после завршување со работните обврски или пред легнување. Не мора да чекате да ви се соберат повеќе епизоди. Секоја е спакувана толку долго и со толку хумор за да ви биде сосема доволно.2 шворц девојки (2 Broke Girls)

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зорт за благо, а колачите вон дофат

    Зорт за благо, а колачите вон дофат

    Колку пати ви се случило да ви се пријаде нешто благо во ниедно време од ноќта, што ви доаѓа да излезете и да одлетате до првата отворена продавничка само за да си ја задоволите таа потреба? Таква потреба има и прасето Орми, кое по секоја цена се обидува да стигне до бисквитните колачи на фрижидерот, но притоа се фрустрира при секој обид, бидејќи тие се надвор од неговиот дофат.rnrnЗорт за благо, а колачите вон дофатrnrnОвој краток анимиран филм има добиено 8 награди на фестивали за филм. Изработен и режиран е од Роб Силвестри, а продуциран од Грејам Молоу од Arc Productions. Уживајте во оваа кратка, но буквално слатка комедија. :)rnrn

  • Жешки чоколадни камчиња

    Жешки чоколадни камчиња

    Овие чоколадни колачиња се одличен начин да ја изненадите вашата најсакана личност. За роденден, годишнина, Свети Валентин или онака, без причина, како што е секогаш најубаво, изборот е ваш. Особено се погодни за посилниот пол затоа што се многу лесни за подготовка, а девојките дефинитивно „ќе паднат“ на нив и на гестот. Со добра храна полесно се доаѓа до женското срце, нели?Жешки чоколадни камчињаПотребно е:rn

      rn011

    • 230 г чоколадо со 60% какао маса
    • rn011

    • половина лажиче чили во прав
    • rn011

    • прстофат сол
    • rn011

    • 1/2 шолја (240 мл) хопла
    • rn011

    • какао за валкање
    • rn

    rnПодготовка: Чоколадото исечете го на помали коцки. Ставете го во сад и додајте ги солта и чилито. Во тенџерче ставете ја хоплата и почекајте да зоврие. Кога ќе зоврие, претурете ја хоплата врз чоколадото и почекајте 3 минути без да мешате. По три минути, измешајте ја смесата со дрвена лажица додека не стане мазна. Готовата смеса истурете ја врз пластична фолија и завртете ја како салама или како што ќе ви биде згодно. Ставете го чоколадото во замрзнувач и оставете го неколку часа додека не се стврдне убаво. Потоа, извадете го чоколадото и извадете ја фолијата. Од чоколадото сечете коцки со димензии по ваш избор (не ги сечете прецизно и со точни големини, сепак се викаат камчиња, нели?). Камчињата извалкајте ги во какао.Жешки чоколадни камчиња

  • Колачиња: Црвено кадифе

    Колачиња: Црвено кадифе

    Red velvet или на македонски Црвено кадифе е една од најпознатите торти во Америка. Јаката црвена боја ја прави тортата многу специфична, а кога e филувана, добива неверојатен вкус и делува примамливо за сите.Колачиња: црвено кадифе Овие колачиња се направени од состојките потребни за тортата Red velvet, а посебни бидејќи се полнети со фил од крем-сирење. Ако сте во недоумица со што да ги изненадите гостите, пријателите или најблиските, овие колачиња се полн погодок.Колачиња: црвено кадифеПотребни состојки за подготовка на тестото:

    rnrn

      rn011

    • 1/2 шолја несолен путер
    • rn011

    • 1 шолја кафеав шеќер
    • rn011

    • 2 лажици какао
    • rn011

    • 1/2 лажичка сода
    • rn011

    • на врв на лажиче сол
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 2 шолји сенаменско брашно
    • rn011

    • 1/2 шолја матеница
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnЗагрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.rn

    Путерот ставете го во длабок сад и со миксер мешајте го 30 секунди.Колачиња: црвено кадифеПотоа, додајте ги шеќерот, какаото, содата и солта.Колачиња: црвено кадифеДодајте едно големо јајце и едно лажиче екстракт од ванила.Колачиња: црвено кадифеДодајте ги двете шолји брашно, постепено, една по друга, мешајќи со миксер на најслаба брзина.Колачиња: црвено кадифеДодајте 1/2 шолја матеница, исто како брашното, на два пати.Колачиња: црвено кадифеНа крај ставете 30 мл црвена боја за готвење.Колачиња: црвено кадифеСо миксер измешајте ја целата смеса додека не добие црвена боја.Колачиња: црвено кадифеТавчето обложете го со хартија за печење. Од филот направете тркалезни форми со помош на лажица.Колачиња: црвено кадифеПечете 7-9 минути (зависи од рерната). Кога краевите на колачињата ќе почнат да се одвојуваат, тогаш се готови. Почекајте да се оладат, пред да ги полните со филот.

    rnЗа подготовка на филот, потребни се следниве состојки:rn

      rn011

    • 180 мл  крем-сирење
    • rn011

    • 3 лажици путер
    • rn011

    • 1/2 лажиче екстракт од пеперминт (или друг екстракт по ваша желба)
    • rn011

    • 3 шолји шеќер во прав
    • rn011

    • малку млеко (по потреба)
    • rn

    rnКрем-сирењето, путерот и екстрактот матете ги со миксер, додека да добиете пенеста смеса. Потоа, почнете постепено да го додавате шеќерот во прав. По потреба, додавајте по малку млеко (лажица по лажица) за  состојките рамномерно да се распределат низ смесата. Со добиениот фил, исполнете ја внатрешната страна на колачињата како сендвич. Колачиња: црвено кадифеСтавете ги во фрижидер и оставете ги да седат 3 дена. Извадете ги 15 минути пред сервирање.Колачиња: црвено кадифе
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте го Париз преку колачи

    Запознајте го Париз преку колачи

    Тешко е да не се засака град каде има продавнички за колачи на секое ќоше, особено кога колачите се продаваат на луѓе кои никогаш не се дебели. Тоа е градот Париз.rnrnSusan Hochbaum е графички дизајнер. Таа креираше неверојатен филм/слајд шоу во кој ги споредува Француските колачи со различни сцени и елементи од градот Париз.rnrnСузан вели дека во Париз секое негово делче личи на колаче, без разлика дали според формата, бојата или според двете.rnЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачиЗапознај го Париз преку колачи

  • Најдобрите кафе барови во Њујорк

    Најдобрите кафе барови во Њујорк

    Сигурно сте се запрашале каде најчесто одат Њујорчаните на кафе и колаче и кои се оние кафе барови каде туристите уживаат во вкусно кафе во текот на денот. Погледнете ги десетте најдобри кафе барови во Њујорк, каде воедно и се продаваат најразлични видови кафе во зрна.rnrn1. McNulty’s Tea & Coffee (Вест Вилиџ) – Тука струи енергија од педесетите, која одлично оди со модерна кофеинска доза.Најдобрите кафе барови во Њујорк2. El Beit (Вилијамсбург) – Кафиња и цедени сокови. Рок музика. Одлична атмосфера.Најдобрите кафе барови во Њујорк 3. Abraco (Ист Вилиџ) – Удобно катче за сериозните љубители на кафе.Најдобрите кафе барови во Њујорк 4. Beanocchio Café (Апер Ист Сајд) – Слатки, омлети и сендвичи кои супер се дополнуваат со кафе и лаптоп со интернет конекција.Најдобрите кафе барови во Њујорк5. Zibetto Espresso Bar (Апер Вест Сајд) – Пријдете кон барот и нарачајте си кафе. Ова е место каде што секојпат сте добредојдени.Најдобрите кафе барови во Њујорк6. Ashbox (Вилијанмсбург) – Место каде што можете да пиете добро кафе и ладни пијалоци, во мирна атмосфера.Најдобрите кафе барови во Њујорк7. Porto Rico Importing Company (Сохо) – Одлична продавница за да купите квалитетно кафе во зрна. Голем избор на кафиња, чаеви, колачиња и најразлични сирупи.  Супер место за попладневно кафе.Најдобрите кафе барови во Њујорк8. Casa Cupcake (Гармент Дистрикт) – Рустичен стил со сончогледи и антички рерни. Лоцирано во помалку населено место кое гарантира спокојство и уживање. Препознатлив по тортички какви што не сте пробале.Најдобрите кафе барови во Њујорк9. Housing Works (Сохо) – Топло, вкусно кафе. Одлична библиотека. Бесплатен WiFi. Зарем треба нешто повеќе?Најдобрите кафе барови во Њујорк10. Café Reggio (Вест Вилиџ) – За неодоливиот шарм на овој кафе бар ќе ви потврдат туристите. Прекрасно капучино.  Ноти на оперски арии низ локалот. Панини и најразлични слатки кои се дел од менито. Совршено.Најдобрите кафе барови во ЊујоркАко ве однесе патот во Њујорк, знаете каде да го пиете вашето омилено кафе во омилениот дел од денот.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.