„Сите размислуваат за промена на светот, но никој не размислува за промена на самиот себе.“ – Лав Толстој
rnДобро начитаните луѓе се добро оформени индивидуи. Книгите можат да нѐ збогатат со многу доблести, а најголемата од нив е способноста да се идентификуваме и да сочувствуваме со луѓето кои ги среќаваме во текот на нашиот живот, дури и да станува збор за измислени ликови. Највредните лекции се оние што ги учиме на суптилен начин. Книгите кои го добиле називот „класици“ содржат вечни пораки кои продолжиле да ги менуваат стандардите и останале свежи и иновативни и ден денес иако поминале многу години откако биле напишани. Погледнете ги следниве 13 прекрасни книги кои не само што ќе ве заинтересираат туку и ќе ви помогнат да си го подобрите животот…rn
1. „Госпоѓа Бовари“ – Гистав Флобер
rn
rnrnОвој роман ја раскажува приказната за една обична жена, згушена од нејзиниот буржоаски начин на живот, која постојано тоне во љубовни фантазии поради што доживува катастрофален крај. Гистав Флобер го засновал ликот на Ема Бовари на неговиот карактер и сите читатели можат ги забележат неговите недостатоци отсликани во импулсивната хероина во романот.rn
2. „Орландо“ – Вирџинија Вулф
rn
rnrnВирџинија Вулф ја раскажува приказната за бесмртниот андроген поет кој живеел во 1928 година. Во романот се обработува еден поинаков поглед кон значењето на полот кој се третира како нешто сосема индивидуално и менливо. Судбината на Орландо, кој ќе ги помине кралските дворови и ќе се омажи за морски капетан, ќе ве фасцинира и замисли.rn
3. „Изгубените илузии“ – Оноре де Балзак
rn
rnrnОвој роман на Балзак е доказ дека колку повеќе се менуваат работите толку повеќе остануваат исти. Писателот ќе ве одведе на тура низ салоните од 19-тиот век во Париз и ќе ве запознае со младиот поет од провинција кој ќе ја научи суровата животна реалноста благодарение на безмилосната општествена клима на метрополата.rn
4. „Песната на Соломон“ – Тони Морисон
rn
rnrnПрвото ремек-дело на Тони Морисон ја раскажува приказната на Мејкон „Млекарот“ Дед Јуниор, сестра му и неговиот најдобар пријател Гитар кои тргнуваат на волшебна и реалистична одисеја. Морисон обрнува внимание и на граѓанските права, законот за ропство во САД и животот на афро-американските семејства на таков начин што успева да создаде библиско современ мит.rnrnПродолжете на следната страница за останатите книги…rnrn


rnrnДистопискиот роман на Орвел најпрво се викал „Последниот човек во Европа“ (The Last Man in Europe), но издавачите сметале дека нема да привлече доволно внимание. Со оглед на тоа што оваа книга била продадена во повеќе од 30 милиони примероци, ние мислиме дека тие донеле правилна одлука.rn
rnrnОвој прекрасен класик имал многу едноставен наслов кој гласел „Атикус“, но писателката Харпер Ли одлучила дека таквиот наслов бил премногу сконцентриран на ликот. Најверојатно немала да погреши доколку го оставела оригиналниот наслов, бидејќи Атикус е навистина извонреден лик!rn
rnrnЗамислете го ова ремек-дело на Фицџералд со наслов како „Трималхион во Вест Ег“ (Trimalchio in West Egg) или можеби „Љубовникот кој високо отскокнува“ (The High-Bouncing Lover). Писателот си играл со повеќе наслови додека конечно не се одлучил за „Големиот Гетсби“.rn
rnrnТаткото на Џејн Остин ја предал првата верзија од ракописот на издавачот под наслов „Први впечатоци“ (First Impressions), но издавачот го одбил. Подоцна, Остин го поправила текстот и го сменила насловот, а останатото е книжевна историја.rn
rnrnДенес овој термин го користиме за да опишеме некаков парадоксален проблем (како на пример моментот кога ви требаат очила за да си ги најдете очилата). Тој станал популарен благодарение на познатиот роман на Џозеф Хелер. Меѓутоа, писателот најпрво сакал да ја наслови книгата „Квака-18“, само што тоа било премногу слично на штотуку објавената „Мила 18“. Потоа, се сетил на насловот „Квака-11“, но и тоа не одговарало бидејќи било премногу слично на филмот „Единаесеттемина на Оушн“. На крајот, Хелер само го помножил бројот 11 и го добил крајниот резултат.rnrnПродолжува на 
rnrnОскар Вајлд бил најпрво познат како драмски писател на комедии, но преку „Сликата на Доријан Греј“ тој дал критика на суетата што владеела кај луѓето од неговото време. Доријан Греј е млад и згоден човек кој сака да остане убав по секоја цена. Па така, иако тој води хедонистички живот и се однесува лошо со сите околу него, неговиот портрет старее наместо него. На почетокот, овој роман бил критикуван поради преголемата застапеност на сензуалност во него, но денес се смета за едно од најдобрите дела на Вајлд.rn
rnrn„Странецот“ од Албер Ками ја обработува филозофијата на апсурдот и егзистенцијализмот. Во него се работи за рамнодушниот Мерсо и за неговата трансформација пред одлучувачкиот момент во неговиот живот. Мерсо воопшто не се грижи за тоа што му се случува и романот завршува укажувајќи на бесмисленоста на постоењето. Овој роман, кој бил објавен во 1942 година, бил прогласен за една од најдобрите 100 книги на 20-ти век.rn
rnrn„Големиот Гетсби“ се смета за една од најдобрите книги некогаш напишани. На почетокот делува како лесна и романтична приказна за животите на луѓето од повисока класа за време на 1920-тите години. Меѓутоа, како што се развива дејството, приказната станува сѐ помрачна и на крајот го бара целосното внимание на читателот. Она што најпрво личело на луксуз, подоцна се претвора во декаденција и ликовите полека го губат сјајот како што се откриваат нивните вистински лица.rn
rnrnОваа книга била напишана во 1945 година пред Западот да влезе во конфликт со Советскиот Сојуз. Алегоричниот роман на Орвел ги опишува настаните од 1917 година за време на руската револуција, па затоа му било тешко да најде издавач, но книгата станала многу популарна подоцна. Орвел во книгата ги претставува Советските лидери како свињи кои ја преземаат фармата и воведуваат разни промени. Главниот негативец во приказната, свињата по име Наполеон, е алегорија за ликот на Сталин.rnrnПродолжете на 
rnrnУште од нејзиниот успех веднаш по пуштањето во продажба во 1951 година, книгата на Селинџер била мета за цензурирање. Едно училиште во Оклахома отпуштило професор од работа бидејќи тој им рекол на студентите да ја прочитаат книгата. Потоа една организација во Охајо покренала петиција за да се забрани книгата во училиштата бидејќи била „анти-бела“. Книгата, во која има сцена каде што главниот лик најмува проститутка но само сака да разговара со неа, била забранета од една библиотека бидејќи содржела вулгарен јазик, сексуални сцени, морални проблеми, насилство и работи поврзани со оклултното.rn
rnrnОва ремек-дело за бруталното надзорно општество било гледано како напад на режимот на Сталин во СССР. Поради ова, книгата била забранета во Русија околу 40 години поради анти-комунистичките пораки. Од друга страна пак, книгата била забранета од родители во 1981 бидејќи била комунистичка. Изгледа никој не ја прочитал книгата пред да ја осуди.rn
rnrnКласиката на Голдинг, која била голем неуспех кога била издадена во 1954 година, го добила својот статус на училишна книга во 1960-тите. Книгата раскажува за група деца од повисоката класа кои создаваат примитивно општество откако ќе завршат на напуштен остров. Оваа книга многупати била забранувана од секакви организации. На пример, во 1981 година, едно средно училиште од Северна Каролина ја критикувало книгата бидејќи покажувала дека човекот е многу малку различен од животните. Па, грешка е што „Господарот на мувите“ има моќна и провоцирачка тема. Книгата била забранувана и од училишта во Аризона, Тексас, Њујорк и Флорида.rn
rnrnПриказната за маките на едно младо девојче е една од најважните книги за „растење“, но дискусијата за будењето на сексуалноста и женственоста ја разбранувала јавноста во 1970-тите. Родители, училишта и организации протестирале против книгата на Блум поради сексуалната содржина и анти-христијанското однесување, како и поради нејзината „навредлива и неморална“ содржина. Ова се чудни критики за книга која само им помага на децата да ги разберат промените кои се случуваат во нивните тинејџерски години.rn
rnrnДа, и книгата за Еврејското девојче кое се криело е една од најзабрануваните книги во 20-тиот книги. Критичари од разни нации кажуваат дека Ана Франк воопшто не постоела и дека книгата била напишана од возрасен човек со помош на таткото на Ана, Ото Франк, како некој вид еврејска пропаганда. Во САД била забранета поради „сексуално навредливите“ делови и бидејќи била депресивна за младите читачи, бидејќи според експертите, треба да се фокусираме на весели книги кои ќе нѐ научат за Холокаустот.rnrnПродолжува на 
rnrnОва е неверојатна и волшебна новела која ќе ве однесе од средината на деветнаесеттиот век во далечната, постапокалиптична иднина. Се состои од шест приказни за шест не толку случајни луѓе, кои се предодредени да ја делат нивната иднина. „Атлас на облаците“ е еден вид сложувалка и секој кој се обидува да ја реши, завршува со многу различна, но фасцинантна слика на крајот.rn
rnrn„Игра на тронови“ е првата книга од серијата новели насловена како „Песна за мразот и огнот“. Сигурно веќе сте ја гледале адаптираната телевизиска серија, а ако не сте ја гледале, барем сте слушнале за неа. Приказната се случува на измислениот континент Вестерос, кој долго време е растргнат од долги војни помеѓу различни династии.rn
rnrn„Часови“ е новела од 1999 година, добитник на Пулицерова награда, која ја раскажува приказната за три случајни жени кои ги живеат нивните животи во нивното време и простор. Покрај тоа, тие многу наликуваат една на друга и можеби поради тоа нивните судбини ќе се испреплетат со серија на среќни и не толку среќни настани.rn
rnrnТрогателна и искрена новела за деветгодишниот Оскар, кој се обидува да ја расплете мистеријата поврзана со смртта на неговиот татко. Низ приказната тој патува на различни места и се среќава со различни луѓе. Поставувајќи им неколку длабоки прашања, тој се обидува да најде одговори.rn
rnrnВирџинија Вулф на своите читатели им подари невообичаена новела. Оваа магична приказна нè води во нов свет од емоции и случајни настани. Мозаичка структура која во еден единствен ден ги спојува минатото и сегашноста.rn
rnrnОваа интригантна новела ја открива психологијата на спиењето и проблемите со времето и сопствениот идентитет. Сара, Тери, Грегори и Роберт се група млади студенти кои живеат во блескава викторијанска куќа наречена Ешдаун. Неколку години подоцна, се враќаат во Ешдаун и на некој начин засекогаш се поврзани со нарушувањето на спиењето од кое сите страдаат.rn
rnrn„Сага за Форсајтови“ е фундаментално дело на Џон Голсворди, добитник на Нобеловата награда за литература, кое го опишува животот на три генерации од големо лондонско семејство, заедно со нивните предрасуди и верувања. Авторот одлично ја претставил високата англиска класа од тоа време со сета алчност, љубомора и предавства.rn
rnrnНовелата се состои од три различни приказни за различни луѓе: уметник кој е лудо вљубен во една таинствена жена, параноичен психопат кој избегал од болница и двајца воени криминалци од спротивната страна на големата војна. На почеток изгледа сосема невозможно тие да делат иста судбина, но подоцна врската помеѓу овие три различни приказни ќе стане поочигледна.rn
rnrnВо студен зимски ден, женско бебе е киднапирано од кола. Истиот ден, млада жена раѓа машко дете. Тринаесет години подоцна, посвоената ќерка на адвокатот Робет Најт добива место во престижното музичко школо во Лондон. Единствениот проблем е што неговата жена Ерин, не сака девојчето да оди во тоа школо. Еден ден, Роберт наоѓа писма од неговата сопруга во кои открива дека таа лажела за своето минато.rn
rnrnКласичниот роман за жените и нивното пријателство, раскажан од Фени Флег, често е опишуван како народна приказна. Некои ја доживуваат и како освежителна и интересна приказна. Без разлика што велат критичарите, во секој случај ќе уживате во приказната полна со љубов и предизвици со кои се соочуваат жените.
rn
rn
rnrnФилмската верзија од `95 ја промовираат звучни актерски имиња како Кејт Винслет и Ема Томсон (во улога на сестрите), и Хју Грант и Алан Рикмен (во улога на додворувачи). Иако познатите имиња на филмското платно не секогаш навестуваат добар филм, оваа филмска адаптација е прилично задоволувачка бидејќи и самите актери така моќно и реално ги доловуваат ликовите и го претставуваат тој голем контраст меѓу разумот и чувствата.rn
rnrnВо филмската верзија од 1999, ликот на Татјана возвишено го доловува убавата и талентирана Лив Тајлер. Една од последните сцени во филмот, кога Татјана ја одбива љубовта на Онегин сакајќи да му остане верна на својот сопруг, е една од највпечатливите и најтрогателни сцени на филмското платно.rn
rnrnВо филмската адаптација од 2011, улогата на Џејн Ер ја игра Миа Восиковска која така беспрекорно го презентира ликот на млада и нежна девојка која копнее по љубов и заштита, и по малку наивно се вљубува во шармантниот Едвард.rn
rnrnВо филмската верзија од 2012, улогата на Ана Каренина ја игра познатата Кира Најтли. Иако филмот има добиено многу номинации и награди, верувам дека верзијата на „Ана Каренина“ од 1997 многумина би ја оцениле како подобра. Сепак, и двете верзии имаат свои предности. И во двете улогата на Каренина е беспрекорно доловена. Постарата повеќе се концентрира на самата содржина како и на другите теми настрана од трагичната судбина на Каренина. Гледајќи ја поновата верзија пак, може да уживате во прекрасни костими и накит, и таа совршено ја доловува атмосферата од 19-ти век.rnrn rnrn

Секое од возилата достојно ги претставува овие филмски класици, па токму затоа постерите се одлично замислени и реализирани.
rnrn
„
Имате неограничен број на животи и доколку ја загубите енергијата, нивото го започнувате одново. Имате точно еден час за да ги поминете сите нивоа и да ја спасите принцезата од злобниот везир Џафар.rn
„
На крајот од секое ниво имате еден главен негативец, кој морате да го победите за да преминете на следното. Хумористична и многу забавна игра која морате да ја пробате.rn
„
Во игра еден на еден, целта е да го победите противникот во две рунди. Секој од ликовите има посебно движење (