Колумбиската катедрала на солта или Catedral de Sal, е неверојатно архитектонско ремек-дело и место кое не треба да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Колумбија.rnrn
rnrnОваа необична катедрала се наоѓа на 200 метри под земја во темни пештери и тунели. Тунелите биле изградени кога на ова место рударите ископувале сол, а оттука и ова архитектонско чудо го добило своето име.rnrnПрвично, рударите изградиле мало светилиште каде што ќе можат да се молат за безбедност и просперитет бидејќи ископувањето сол било опасно, а сегашната катедрала била изградена во 1995 година бидејќи првобитната била прогласена за небезбедна.rnrnНа влезот во тунелот се наоѓа статуата на Вирген де Гуаса (Богородица од Гуаса) која се смета за заштитничка на рударите. Ќе ја препознаете по малиот рудар кој стои пред нејзините нозе.rnrnТунелот е темен и е проследен со специфичен мирис, а кратка прошетка води до „станиците на крстот“ кои се состојат од 14 мали капели. „Станиците на крстот“ ги означува чекорите на Исус Христос кон неговото распнување.rnrnНа крајот од Станиците на Крстот, доаѓате до три кораби кои го прикажуваат раѓањето, животот и смртта на Исус. Секој кораб има прекрасни рачно изработени скулптури кои упатуваат на куполата на базиликата каде се наоѓа огромен крст осветлен со виолетови светла.rnrnИако е римокатоличка црква, оваа катедрала нема епископ и не е призната од црквата. Сепак, овде се одржува миса секоја недела, а понекогаш се користи како црква за свадби.rnrnОткако прочитавте за катедралата на солта во Колумбија, можеби ќе сакате да прочитате и дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: катедрала
-

Катедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!
-

Најчудесната градба во историјата на ренесансата: Куполата на Брунелески
Во 1418 година градските власти во Фиренца конечно се одлучиле да го решат проблемот што го игнорирале со децении – огромната дупка на покривот на нивната катедрала. Нивните претходници ја започнале изградбата на оваа црква во 1296 година за да ја истакнат важноста на градот како една од европските економски и културни престолнини. Така, било одлучено катедралата во Фиренца да биде крунисана со најголемата купола во светот при што катедралата ќе постане „поубава, помоќна од која било друга катедрала изградена досега…rnrn
rnrnСепак, никој немал идеја како да ја изгради куполата со внатрешен дијаметар од 45 метри. Освен тоа, надзорниците кои биле задолжени за катедралата ги одбегнувале сводовите кои биле карактеристични за готскиот стил и присутни во ривалските градови на север, како Милано.rnrnТака, во 1418 бил распишан конкурс за идејно решение на куполата со примамлива награда за добитникот која изнесувала 200 златни флорини. На конкурсот учествувале многубројни познати архитекти од Фиренца.rnrnМеѓу кандидатите бил и златарот Филипо Брунелески кој ветил дека ќе изгради не една туку две куполи без сложени и скапи скелиња. Поради страв дека неговите ривали би можеле да му ја украдат идејата, тој одбил да објасни како би можел да ја изгради куполата. Неговата тврдоглавост довела и до расправии со надзорниците.rnrn
rnrnИмено, Брунелески имал широки познавања не само од областа на златарството туку и од сликарството и столарството. Освен тоа, нему му биле добро познати изработката на скулптури од сребро и бронза, работата со скапоцени камења и оптиката. Применувајќи ги своите знаења од областа на механиката, без ничија помош, ги смислил и правилата за линеарна перспектива.rnrnИдејата на Брунелески била куполата да се состои од два дела, внатрешна купола која би била видлива во катедралата, сместена во поширока и повисока надворешна купола. За да не дојде до пукнатини или колапс на целата катедрала што би можеле да бидат предизвикани од тежината на оваа огромна конструкција, ѕидовите биле зацврстени со железо, дрво и камен.rnrnБиле потребни 16 години за целосната изградба на куполата. Преку нејзината изградба, Брунелески го започнал процесот на културна и општествена трансформација на ренесансата благодарение на неговата креативност и оригиналност, но и храброто преобликување на класичното минато во согласност со потребите и аспирациите на модерното време.rnrnДенес, оваа купола не само што е симбол на градот туку е и симбол на човечкиот дух кој се стреми кон рајот.rnrnОткако прочитавте за куполата на Брунелески, можеби ќе сакате да прочитате и кои места во Фиренца морате да ги посетите.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs -

Дали знаете која е светската престолнина на сауната?
На туристичката мапа на Финска покрај Хелсинки, се наоѓа и градот Тампере, мал град кој нуди многу активности, а е честопати занемарен од страна на туристите. Иако се работи за индустриски град чиј приоритет е технолошкиот развој, сепак, може да им понуди на туристите многу забава, почнувајќи од убавата природа и идеалниот терен за пешачење околу езерата кои се наоѓаат тука. Шармот на градот е надополнет со дрвените куќички, кулинарските деликатеси и сауните кои буквално се наоѓаат на секој чекор.rnrn
rnПрошетка во природа
rnПатот околу езерото Хервантајерви е долг околу 5 километри, а е опкружен со шума која се протега до бреговите на самото езеро. Езерото е идеално за риболов, а овде можете да им се воодушевувате и на разноразните видови пеперутки. Доколку имате среќа, по пат можете и да наидете на бобинки.rnrn
rnrnРутата Тамеркоски минува низ средишниот дел на Тампере и е долга 4,3 километри. Покрај патот се поставени информативни табли за птиците, вегетацијата, инсектите, рибите и лилјаците кои можат да се пронајдат овде. Тие го илустрираат и човечкото влијание врз животната средина. Сепак, имајте предвид дека прошетките во природа не се целосно достапни во текот на зимата.rnrn
rnУживање во сауна
rnТампере го нарекуваат и „престолнина на сауните“, па затоа може да биде идеалниот избор за сите љубители на овој вид на релаксација. Овде се сместени и најголем дел од јавните сауни во земјата. Една од најпознатите и најстарите сауни е сауната Рајапорти, отворена во 1906 година. Доколку сакате сауна со поглед кон езерото, посетете ја сауната Рауханиеми или Каупиноја, а доколку сакате извонредна услуга, тогаш сауната Суоменсари е вистинскиот избор за вас.rnrn
rnПосета на катедралата во Темпере
rnКатедралата во Темпере е протестантска црква. Позната е по фреските насликани од страна на Хуго Симберг, еден од најпознатите фински претставници на симболизмот. Фреските се адаптација на „Ранетиот ангел“ и „Градината на смртта“, најпознатите дела на Симберг.rnrn
rnПосета на забавниот парк Серканиеми
rnЗабавниот парк Серканиеми се состои од повеќе атракции кои имаат за цел да понудат забава за целото семејство. Тука се наоѓа и аквариум со околу 200 видови риби, но и планетариум кој дефинитивно морате да го посетите. Најмладите посетители пак, сигурно ќе бидат најмногу воодушевени од посетата на светот на Angry Birds кој нуди околу десет различни атракции.rnrn
rnrnОткако прочитавте за светската престолнина на сауната, можеби ќе сакате да прочитате и интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Градба чии креатори биле ослепени за никогаш повеќе да не направат исто величествено дело
Катедралата покажала Руска моќ, која само што излегла од војна, а по легендата која е жива и ден денес, страшниот руски цар Иван, наредил да се ослепат архитектите за никогаш повеќе да не направат иста таква величествена градба.rnrn
rnrnСекоја чест на Кремљ, Црвениот плоштад и на се останато, но веројатно сите ние, кога ќе се спомне Москва, помислуваме на величественаата катедрала во разни бои. Е, па ако е така, нема да биде на одмет да се научи нешто повеќе за неа.rnrnОва архитектско чудо е изградено во средината на 16ти век, а да се изгради така, било баш тежок подвиг. Во тој момент, тоа било највисоката градба во градот, а помогнале и совети од Италија околу нова техника на ѕидање. Катедралата покажала Руска моќ, која само што излегла од војна, а според легендата која и ден денес е жива, страшниот руски цар Иван, наредил да се ослепат архитектите за повеќе никогаш да не направат иста таква величествена градба.rnrn
rnrnСо оглед на тоа дека пет векови подоцна, индентитетот на архитектите не може да се потврди, можеби легендата е вистинита, но денеска се смета дека архитектите се познати како Барма и Постник Јаковлев, заслужни за катедралата. Со тоа што многумина сметаат дека всушност станува збор за една личност, односно дека Барма е надимак кој што го носел Јаковлев.rnrnГрадбата, службено позната како катедрала Покровски (неслужбено е наречена по Св. Василиј), има десет куполи. Секоја од нив е со различна боја – сина, зелена, црвена, жолта. Во светот ја познаваат во бајковитиот изглед, а ја сакаат и туристите, кои годишно ги привлекува повеќе од 400 илјади. Со време сепак доживеала значајни промени и реставрации, но успеала да го преживее нападот на Наполеон 1812 година, а и покрај страшните предвидувања, ни самиот Сталин не смеел да ја сруши. Иако, треба да се каже дека 1928 година е пренаменета и се до 1990 година била музеј, а дури потоа и е вратена првобитната намена.rnrn
rnrnНо, да се вратиме на момент на куполите. Иако денеска се обоени, а катедралата е со црвена боја, се претпоставува дека по изградбата била бела со златни куполи. Сепак, 17-ти век довел до денешниот изглед, но ни ден денес, поради недостиг на документи, историчарите не можат со сигурност да потврдат. Секако, со веќе спомнатиот Кремљ и Црвениот плоштад, катедралата ја препознал и Унеско и ја додал на списокот на Светски наследства.rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие прекрасни куќи во кои би се чувствувале како во филмот „Сам дома“. -

Кратка историја на Богородичната црква, најпознатата катедрала во светот
Малку градби се популарни како Богородичната црква – најпознатата париска градба и еден од главните споменици на раната готика, посветен на Дева Марија. Катедралата на островот Сите во реката Сена, секојдневно е посетувана од голем број туристи, но најинтересните тајни и легенди ги чува внатре.rnrn
rnrnСпоред легендата, изградбата на катедралата започнала во 12-тиот век, за време на бискупот Морис де Сили. Наводно, овој париски бискуп имал визија за најубавата катедрала, која ја нацртал и во калта на местото каде што се наоѓа Богородичната црква. Во средината на 13-тиот век се изградени кулите на катедралата, високи 69 метри, а катедралата е завршена во 14-тиот век како првото ремек-дело на готската уметност.rnrn
rnrnПознатото дело на Виктор Иго, „Ѕвонарот на Богородичната црква“ ѝ помогнало на катедралата да го добие епитетот најпозната во светот. Богородичната црква отсекогаш била центар во кој се раѓале легенди, а служела и како локација за снимање многу филмови. За време на Француската револуција, многу од богатствата на катедралата биле украдени, а дел од скулптурите уништени. Во 1871-ва година, катедралата речиси изгорела.rnrn
rnrnЕден од најинтересните елементи на градбата се познатите „гарголи“, чија функција била отстранување на дождовната вода од кровот. Низ историјата имало многу шпекулации за тоа кое е висинското значење на гарголите и зошто се направени токму на тој начин. Според една легенда, кога била запалена Јованка Орлеанка, гарголите летале низ Париз и сееле страв, со цел да се осветат за нејзината смрт. Наводно, тие биле причината што улиците биле полни со лешови.rnrnВо текот на 19-тиот век катедралата подлегнала на целосна реставрација, најмногу поради делото „Ѕвонарот на Богородичната црква“, но и поради новиот интерес на парижаните за готската архитектура.rnrn
rnrnВо црквата им вкупно 10 ѕвона, од кои најголемото тежи околу 13 тони. Се наоѓа во јужната кула на катедралата, додека помалите се сместени во северната. Местото на коешто е изградена катедралата е место за обожување уште од времето на Рим, кога во име на врховниот римски бог бил изграден Јупитеровиот храм.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција
Франција е позната по многу нешта, вклучувајќи ја храната, виното, модата, уметноста и архитектурата. И покрај тоа што градот Париз е број 1 на листата за посета кај голем број луѓе, сепак постојат толку многу други нешта кои вредат да се видат во Франција. Всушност бројот на тие нешта е толку голем што дури само една посета не би ви била доволна. Погледнете ги наредниве 7 работи кои морате да ги видите и направите доколку некогаш одите во Франција.rn
1. Париз
rn
rnrnТочно, Париз е очигледен избор. И покрај тоа што е скап град и понекогаш нечист, сепак нема да се покаете доколку го посетите. Љубителите на уметноста дефинитивно не би сакале да го пропуштат Лувр, домот на познатата слика Мона Лиза. Исто така добра идеја е да го посетите музејот Орсеј каде што има уметнички дела од голем број талентирани сликари како Сезан, Моне, Мане, Гоген, Реноар и Ван Гог. Доколку преферирате модерна уметност, можете да го посетите центарот Помпиду.rnrnНешто што навистина не треба да го пропуштите е Богородичната црква (Нотр Дам). Архитектурата ќе ве остави без зборови, а доколку имате енергија, искачете се на врвот на кулата од каде што ќе имате прекрасен поглед кон Париз.rnrnНаредна точка на вашата листа би требало да биде Версајскиот дворец. Тој се наоѓа на огромна површина, каде што покрај главната палата можете да ги посетите и големите градини, имотот на Марија Антоанета и големиот Тријанон – мала палата која ја користел Луи XIV. Версајскиот дворец е под заштита на УНЕСКО и е едно од најубавите места во Париз.rnrnМеѓу другото, можете да поминете едно попладне пловејќи по реката Сена, да се качите на Ајфеловата кула или на кулата кај Монпарнас. Можете да ги посетите Елисејските полиња, Триумфалната капија и операта Гарние.rn2. Пон ду Гар (Мостот над реката Гар)
rn
rnrnСтанува збор за римски аквадукт, кој се наоѓа на 25 километри од Авињон и е преку 2.000 години стар. И покрај тоа што оваа област е многу популарна кај велосипедистите и планинарите поради својата природна убавина, главната атракција е самиот аквадукт кој е во неверојатно добра форма за толку стара структура. Доколку погледнете подобро, ќе можете на камењата да ги видите натписите од оригиналните масони.rn2. Карнак
rn
rnrnКарнак е област која била создадена околу еден век пред Стоунхенџ. Таму можете да видите над 3.000 монолити кои се околу 4.000 години стари. Тие се значајни остатоци на една огромна мистерија, и покрај тоа што голем дел од луѓето веруваат дека се употребувале за религиозни и културни активности.rn3. Катедрали
rn
rnrnЗа сите оние кои сакаат уметност, архитектура и скулптури, катедралите во Франција се рајско место. Исто како во Италија и Шпанија, католиците граделе екстравагантни катедрали кои се монументи на визијата поврзана со вербата. Една од најпознатите катедрали е Мон Сен Мишел која се наоѓа во Нормандија. Станува збор за градба на остров која била посветена на Свети Михаил, а селото кое се развило околу нејзината основа, вклучувајќи ја и целата околина, се под заштита на УНЕСКО.rn5. Замоци
rn
rnrnФранција има многу повеќе замоци отколку што би можеле да замислите и дел од нив навистина вреди да се видат. Идејата да се живее во замок е често мечтаење на голем број луѓе и токму поради тоа замоците во Франција се отворени за туристите кои слободно можат да останат преку ноќ. За најдобро искуство, ви препорачуваме да прошетате низ долината Луара.rn6. Винарски визби
rn
rnrnРазлични околини произведуваат различни видови грозје, а француските вина го добиваат своето име според тоа во кој регион биле создадени. И покрај тоа што големите винарски визби се и најпознати, сепак можете да најдете добри вина и во помалите и помалку познатите. Сигурни сме дека овие вина толку многу ќе ви се допаднат, што ќе си земете неколку со вас за дома.rn7. Храна
rn
rnrnФранцуската кујна е позната со причина. За појадок можете да пробате чоколадно млеко со свежо подготвени кроасани. Исто така одвојте време и за полуксузните ресторани и кафетерии. Нема да бидете разочарани.rnrnМожете да си направите и мал пикник. Французите велат дека најдобрата храна се наоѓа во Лион, но и маркетите во Прованс не се лоши. Во комбинација со добро вино и Ајфеловата кула во позадина, ова ќе биде најнезаборавниот пикник во вашиот живот. -

Неверојатни цркви и катедрали
Црквите и катедралите најчесто се наоѓаат во центарот на светските метрополи, иако има и такви кои се наоѓаат далеку од градскиот метеж. Но, независно од нивната локација, тие секогаш предизвикуваат стравопочит кај луѓето. Следуваат најспектакуларните цркви и катедрали во светот.rn
Базиликата Свети Марко во Венеција
rnНајпознатата црква во Венеција, базиликата Свети Марко, е одличен пример за византиската архитектура. Го зазема централното место на плоштадот Свети Марко. Со неверојатен дизајн, оваа црква некогаш се сметала за статусен симбол на венецијанското богатство и моќта, а заради позлатените мозаици во 11-от век била наречена „Црква од злато“. Од 1807 година, катедралата е седиште на Римокатоличката Архиепископијата на Венеција.rnrn
rnКатедралата Свети Василиј во Москва
rnКатедралата на Свети Василиј е препознатлива по автентичните шарени куполи. Се наоѓа на Црвениот плоштад уште од средината на 1500-те години, кога била изградена од Иван Грозни во чест на победата на Русите над Татарите. Девет од десетте куполи ги означуваат победите на руската армија, додека десеттата купола го означува погребот на Свети Василиј, познат како „светата будала“.rnrn
rnКатедралата Лас Лахас во Колумбија
rnСпоред легендата, двајца патници ги фатила бура кога здогледале привидение на Пресвета Богородица на карпата каде што удрил гром. Во таа чест биле изградени многубројни светилишта кои денес се обединети во катедрала Лас Лахас во Колумбија. Во составот на оваа неоготска катедрала, изградена во кањон на границата помеѓу Колумбија и Еквадор, се наоѓа и карпата на која се покажало привидението.rnrn
rnКатедралата Нотр Дам во Париз
rnЗа време на 19-от век, Нотр Дам била во толку очајна состојба што архитектите сметале дека ќе се сруши. Новелистот Виктор Иго, кој го обожавал францускиот готски стил, го напишал романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ со цел да го привлече вниманието кон лошата состојба во која се наоѓала катедралата. Успехот на неговиот роман предизвикал зголемен интерес за обновување на катедралата, со што во 1845 година таа веќе била целосно реставрирана.rnrn
rnКатедралата во Келн, Германија
rnЗа изградба на огромната готска катедрала во Келн биле потребни повеќе од 600 години; изградбата започнала во 1248, а завршила во 1880 година. Катедралата сè уште му пркоси на времето, иако издржала неколку напади за време на Втората светска војна. Во оваа катедрала се наоѓа златниот саркофаг во кој се моштите на тројцата Мудреци кои први го посетиле бебето Исус.rnrn
rnКапелата на Светиот Крст во Аризона
rnКапелата на Светиот Крст во југозападниот дел на Аризона, со децении ги привлекува верниците. Заради необичната поставеност на оваа капела, многу верници веруваат дека капелата на Светиот Крст „расте“ од подножјето на карпите кои се карактеристични за овој дел од Аризона.rnrn
rnСаграда Фамилија во Барселона
rnОгромната Саграда Фамилија е ремек-дело на Антонио Гауди, кој и самиот е погребан во оваа катедрала. Гауди го предводеше овој проект уште од 1883 година, го промени дизајнот според неговиот модернистички стил и продолжи да работи сè до неговата смрт во 1926 година. Според оригиналниот план на Гауди, катедралата треба да има 18 кули и да биде доволно голема за да собере 13.000 луѓе. Изградбата на Саграда Фамилија сè уште трае, а според некои проценки, ќе заврши во 2026 година.rnrn
rnАја Софија во Истанбул
rnПозната по своите масовни куполи, Аја Софија е типичен пример за византиската архитектура. Околу 1000 години Аја Софија беше најголемата катедрала во светот, сè до 1520 година, кога беше изградена катедралата во Севиља, во Шпанија. Првично изградена како црква меѓу 532 и 537 година, Аја Софија подоцна станала патријархална базилика, потоа џамија, а сега е музеј со богат ентериер, вклучувајќи ги и сложените мозаици и мермерните декорации на подот и столбовите.rnrn
rnВестминстерската опатија во Лондон
rnТрадиционалното место за крунисување и погребување на членовите од англиското кралско семејство, Вестминстерската опатија е дел од црквата Свети Петар во Лондон. Изградена е во готски стил и се наоѓа западно од Парламентот. Во 1998 година, кралицата Елизабета II претстави 10 статуи од христијанските маченици на 20-от век, меѓу кои се наоѓа и статуата на Мартин Лутер Кинг.rnrn
rnБазиликата Свети Петар во Рим
rnБазиликата Свети Петар, која се наоѓа во Ватикан, се смета за едно од најсветите христијански места. Според католичката традиција, оваа базилика е местото каде што се наоѓа гробот на Свети Петар, еден од 12-те апостоли и првиот епископ на Рим. Во текот на 16-от век, уметникот Микеланџело работел интензивно на базиликата и го дизајнирал нејзиниот врв Кампидољо. Во декември 2007 година, во архивата на базиликата е пронајден цртеж нацртан со црвена креда за кој се смета дека е дело на Микеланџело.rnrn
rnКатедралата Свети Исак во Санкт Петербург
rnИзградена во традиционален руско-византиски стил, катедралата Свети Исак во Санкт Петербург има една голема централна купола и четири помали куполи. Оваа катедрала е најголемата во Санкт Петербург. Посветена е на Свети Исак Далматински, светецот – заштитник на Петар Велики. Во текот на Втората светска војна, златната купола била обоена сива за да биде помалку воочлива за непријателските авиони.rnrn
rnКатедралата во Севиља, Шпанија
rnКатедралата во Севиља е најголемата римокатоличка средновековна готска градба во светот. На местото каде што се наоѓа оваа катедрала претходно се наоѓала џамија. Катедралата била изградена за да го прикаже богатството на Севиља преку раскошно украсениот ентериер во кој доминира златото. Во неа се наоѓа голема колекција на верски накит и уметнички слики, а тука е сместен и гробот на Кристофер Колумбо.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Катедрала од живи дрвја
Оваа катедрала ќе биде една од најимпресивните природни градби на земјата. Архитектот Џулијано Маури, во северна Италија во близина на Бергамо, направил дрвени кафези кои ги претставуваат столбовите на катедралата. Во секој од импровизираните столбови, Маури засадил габрови дрвја. Тој рекол дека за 15 години, благодарение на поставената конструкција, на ова место ќе се појави неверојатна природна катедрала.rn
Маури започнал да ја гради конструкцијата во 2001 година, но за жал починал во 2009. Катедралата била завршена во 2010 за да сведочи за неговото визионерско дело. Катедралата е долга 27 метри, широка 24 метри, а висината ќе се движи од 5 до 21 метар.



rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.