КАФЕ ПАУЗА

Tag: карпа

  • Гробниците на персиските фараони

    Гробниците на персиските фараони

    На околу 12 километри од иранскиот град Персеполис се наоѓа овој карпест рид. На значителна висина на карпите се направени прекрасни релјефи посветени на Ахеменидските фараони, кои датираат од првиот милениум пред нашата ера. Овој регион е познат како „Naqsh-e Rustam“ или како Некрополис.Гробниците на персиските фараони„Naqsh-i Rustam“ или преведено „Тронот на Рустам“ е место кое се сметало за свето во периодот на Еламитите. Тука се направени гробниците на четири Ахеменидски фараони и нивните семејства кои владееле од крајот на шестиот до средината на четвртиот век пред нашата ера. Во период од третиот до седмиот век ова место бил главниот центар за славење и принесување жртва.Гробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониКај локалното население гробниците се познати како „Персиските крстови“ бидејќи влезот кој води кон некоја од гробниците се наоѓа во крст, издлабен во карпите. Кога Александар Македонски ја покорил Персија, гробниците биле целосно ограбени.Гробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониСе верува дека гробниците претставуваат вечното почивалиште на Дариј III Велики (владеел во периодот од 522 до 486 п.н.е), Ксеркс I (владеел во периодот од 486 до 465 п.н.е.), Артаксеркс I (владеел во периодот од 465 до 424 п.н.е.) и Дариј II (владеел во периодот од 423 до 404 п.н.е.). За петтата недовршена гробница се верува дека била наменета за Артаксеркс III или за Дариј III, последниот фараон.Гробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараониГробниците на персиските фараони
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Златен водопад

    Златен водопад

    Едно од најфасцинантните места во светот е златниот водопад „Коњска опашка“ (Horsetail Falls), лоциран во националниот парк Јосемити во Калифорнија. Паѓа на источната страна од природно извајаната вертикална карпа Ел Капитен и вака изгледа само еднаш годишно, во зима или рано напролет. Силното сонце кое полека заоѓа, во еден момент фрла совршена златна светлина врз водопадот, заради која кристално чистата вода започнува да наликува на вулканска лава. Вистинска вонземска убавина, која за жал трае само две недели во годината.rnrnЗлатен водопадЗлатен водопадrnrn„Огнената“ вода паѓа од околу 600 метри височина, а најдобро се набљудува и фотографира, ако застанете на една мала и чиста лединка, која се наоѓа источно од Ел Капитен. Лединката е во близина на едно излетничко место, на северната страна од патот што води до долината Јосемити.rnrnКако што полека заоѓа сонцето, така и силно златната боја на водопадот полека избледува, сè додека целосно не исчезне…rnrnЗлатен водопадЗлатен водопадЗлатен водопадrnrnВо овој редок природен феномен уживајте и преку следното видео, направено пред две години.rnrn

    rnrnПокрај овој „позлатен“ сезонски водопад, кој се јавува како одраз на сонцето, Јосемити нуди и безброј други убавини. Веќе имавте прилика најдобрите сцени од националниот парк да ги видите во ова кусо видео, кое неодамна го објавивме.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колоритно селце сместено во карпа

    Колоритно селце сместено во карпа

    Манарола е мало рибарско селце, кое е лоцирано во округот Ла Специја, кој се наоѓа во покраината Лигурија во северна Италија. Селцето е распространето на дивиот и каменлив теснец на крајбрежјето на Лигурско Море. Тоа е едно од петте мали селца во делот од Италијанското крајбрежје познат како Чинкве тере. Чинкве Тере или преведено „петте земји“ се однесува на пет села кои ги спојува една пешачка улица: Монтеросо ал Маре, Вернаца, Корниља, Манарола и Риомаџоре.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаМанарола е најстарото и второто најмало селце помеѓу петте кои се наоѓаат во Чинкве Тере, чиј камен-темелник е црквата Сан Лоренцо, која датира од 1338 година. На западниот крај има малечко пристаниште, а на десниот крај се наоѓа црквата и плоштад на кој мештаните се среќаваат за да извршат разни активности. Инаку на поголемиот дел од Чинкве Тере има лозја на многу места.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаВо Маранола има малечко пристаниште на кое има рампа за бродови, згради во разни бои и карпеста патека по која луѓето можат да се спуштат надолу за да се искапат во морето. За оние кои се спремни за малку поавантуристичко пливање, има скалички за да се качат од водата кон карпите за да скокаат, а кога ќе завршат со спортувањето можат да се искапат под тушевите.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаВо Манарола традиционално прво се развиле рибарската и винарската индустрија. Локалното вино т.н. „Sciacchetrà“ е прочуено по својот квалитет. Манарола заедно со останатите четири села се популарни туристички дестинации, особено во текот на летните месеци. Атракција за туристите претставува шетањето по пешачката патека која се наоѓа измеѓу Манарола и Риомаџоре т.н. Via dell’Amore (Патека на љубовта), искачување по карпестите патеки и разгледување на лозјата над селцето.Колоритно селце сместено во карпа
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Црвеното срце на Австралија

    Црвеното срце на Австралија

    Улуру или Ајерс рок е масивна портокалово-кафена песочна карпа која се наоѓа точно во средишниот дел на Австралија. Лоцирана е на 450 км југозападно од најблискиот голем град Алис Спрингс. Оваа карпа која нагло се возвишува во сува рамница настанала како резултат на песочните наноси кои ветрот ги носел со векови, поточно пред 680 милиони години. Карпата е долга 3,6 км, широка 3 км, а висока 348 м.Црвеното срце на АвстралијаУлуру преставувало свето место за Абориџините, австралиските домородци. Денес Улуру претставува еден од многубројните национални симболи на Австралија. На долниот дел од карпата има голем знак со кој се замолуваат луѓето да не се искачуваат по неа, бидејќи античките традиции и верувања не го дозволуваат тоа. Но, тој знак реално не ги спречува луѓето дури ни на жешкото време да се искачуваат по стрмната карпа. За да се минимизира бројот на несреќи, поставени се огради на кои авантуристите можат да се придржат ако се лизнат. Црвеното срце на АвстралијаВо знак на сеќавање на оние кои починале обидувајќи се да се искачат на брдото, направени се плочи со нивните имиња.rnЦрвеното срце на АвстралијаОваа вдлабнатина е дело на природата, а потсетува на лице на домородец во профил.Црвеното срце на АвстралијаЦрвеното срце на АвстралијаНавечер, кога карпата „спие“, ја менува својата боја. Поточно, во текот на денот, таа неколку пати ја менува својата боја, во зависност од интензитетот на светлината од Сонцето.Црвеното срце на АвстралијаПокрај оваа карпа има мало езерце, кое се оформило со насобирање вода од дождовите низ каналите на карпата.Црвеното срце на АвстралијаОва е погледот кон карпестите планини Kata Tjuta, кои се наоѓаат на 50 км од Улуру, а се дел од истиот национален парк „Uluru Kata Tjuta“.Црвеното срце на АвстралијаЦрвеното срце на Австралија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Величествениот пештерски хотел во Турција

    Величествениот пештерски хотел во Турција

    Можеби идејата да преспиете во пештера, не ви звучи привлечно, но откако ќе го видите овој хотел во Кападокија, Турција верувам дека многу брзо ќе го промените вашето мислење. Хотелот „Yunak Evleri“ е сместен во огромна карпа и нуди асортиман од 6 различни видови куќички сместени во пештери и 30 видови соби кои датираат од петтиот и шестиот век.rnВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаСекоја од собите  е уредена така што не ја нарушува природата околу нејзе, а сепак има модерен шмек. Љубезноста на персоналот и комфорноста на хотелот, го прават ова место идеално за одмор и релаксација. Ќе се опиете од прекрасната традиција и историја на овој народ, а искуството и пријатните мигови засекогаш ќе ви останат врежани во вашите спомени.Величествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во ТурцијаВеличествениот пештерски хотел во Турцијаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпи

    Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпи

    Североисточно од планинскиот масив Сера де Естрела во Португалија, се наоѓа осаменото село Монсанто, кое целосно е изградено помеѓу големи карпи. Куќите во ова место се набиени помеѓу огромни стени, кои ги разделуваат тесни калдрмести улички.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиИзгледот на селото се нема променето со векови. Дел од куќите имаат влезови изработени во Мануелски стил (португалски стил за архитектонски орнаменти од почетокот на 16-ти век), а рушевините од замокот кој бил замислен да изгледа како населба, даваат фантастичен поглед кон планината.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиВо 1938 година, на едно национално натпреварување, Монсанто било изгласано за „Најпортугалско село во Португалија“, па оттогаш со градежни рестрикции било овозможено селото да постане музеј на отворено. До селото не е лесно да се пристигне со јавен транспорт, но неверојатната панорама, пејзажите и живописноста на селото, вредат за да тргнете на едно далечно возење. Доколку патот ве однесе кон Португалија, не мислете се, појдете и уверете се во убавините на ова мало парче рај на Земјата.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мистериозниот островски манастир од камен

    Мистериозниот островски манастир од камен

    На 15 километри од брегот на областа Кери во западниот дел од Ирска, во Атланскиот океан се наоѓаат два мали карпести острови. Поголемиот од нив, Скелиг Мајкл, е островот на кој се наоѓа нешто навистина неверојатно. На него има манастир стар 1.400 години, кој само мал број луѓе можат да го посетат.rnМистериозниот островски манастир од каменСе верува дека манастирот е направен некаде во 7 век од нашата ера, а монашкиот живот опстојувал таму долги 600 години. Главната причина за напуштањето на островот се бара во неговата непристапност, за што говори и фактот дека она што го оставиле монасите, со векови останало недопрено и непроменето. Името на островот е од Ирскиот јазик и значи карпата на Мајкл. Карпата која се издигнува на островот е висока 230 метра. Токму затоа и многумина се обесхрабруваат да појдат да го посетат, но тоа секако помага оваа стара градба да остане зачувана.rnМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменКако резултат на влошувањето на состојбата на ова место поради посетите на туристите, се донела одлука за ограничување на бројот на турите на островот. На туристичките организатори им биле доделени само 13 лиценци, со кои можат само еднаш да го посетат островот.Мистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од каменМистериозниот островски манастир од камен

  • 127 часа (127 hours)

    127 часа (127 hours)

    Нема ништо помоќно на Земјата, од волјата за живот. Приказна за човековата издржливост, инстинктот и преживувањето…rnrn127 часа (127 hours)Режија: Дени БојлrnrnИграат: Џејмс Франко, Кејт Мара, Амбер ТамблинrnrnВреметраење: 94 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 5 септември 2010rnrnЖанр: драма, биографијаrnrnВеб-сaјтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrn________________________________________________________________________________________rnФилмот кој на овие Оскари беше номиниран во 6 категории, меѓу кои за најдобар филм и за најдобра машка улога е нашиот избор за оваа недела. Иако не се закити со ниедна од статуетките, автобиографскиот филм е еден од оние кои се задолжителни за гледање. Адаптиран е според биографијата на Арон Ралстон „Between a Rock and a Hard Place“, а режисерот Дени Бојл може да добие само пофални зборови за моќното доловување на филмското платно. Филм одигран безмалку од еден актер, на едно место, но преполн со драма, пресврти и емоции. Доколку не сте го гледале до сега, неговото име веднаш мора да се појави на вашата листа и тоа со црвени букви.rn________________________________________________________________________________________rn

    rnПриказна: Арон Ралстон, е млад 27 годишен инженер, зависен од адреналин. Дејството се одвива во САД во 2003 година, каде што тој решава да помине целодневна маршрута низ кањоните на Националниот парк во Јута. Тргнува со моторно возило, кое другото утро го остава за да продолжи со велосипед, а на крајот завршува пеш уживајќи низ дивината и убавината на кањоните. Патем им помага на двете изгубени планинарки Кристи и Меган, да се вратат на правиот пат, но моментот го користи и за малку забава.127 часа (127 hours)127 часа (127 hours)127 часа (127 hours)Неговата авантура продолжува, сè додека не му се случи мала незгода. Спуштајќи се по карпите, тој се лизнува и паѓа во тесниот кањон, и притоа огромна карпа целосно му ја приклештува раката за едниот ѕид. Тука работите стануваат интересни и непредвидливи. Со многу малку храна и вода, фото-апарат, камера, џебно ноже, батерија и неколку јажиња тој прави чуда за да преживее физички, но пред сè и психички, борејќи се со сопствените чувства и халуцинации.rn127 часа (127 hours)Камера и глума: Глумецот Џејмс Франко дефинитивно ја одигра улогата на животот, но можеби во лоша година. Глумата дефинитивно заслужува Oскар, меѓутоа конкуренцијата за најдобра машка улога на годинешнето доделување на овие награди беше „страшна“. Со оглед на фактот што филмот е сниман претежно во многу мал и тесен простор, неизбежно е сите камери од кој било кадар, крупно да го фаќаат Франко кој со своите фацијални експресии совршено ги пренесува своите чувства на публиката. Кадрите се опфатени многу точно, па иако филмот ви делува клаустрофобичен, воопшто не треба да се секирате, туку да се препуштите на возбудата и напнатоста.127 часа (127 hours)Кога и како да го гледате: Филмот со сигурност нема да му се допадне на секого, со оглед на тоа што има неколку гадни сцени, но сепак, бидејќи е снимен според вистинска приказна, додатно си добива на тежина. Ќе ви го привлече целото внимание, така што воопшто нема да ви направи разлика во кој дел од денот ќе го гледате или пак каде ќе го правите тоа.127 часа (127 hours)Слични филмови: Закопан (Buried)rnrn rn

    целосното
  • Спектакуларните пештери и карпи на островот Стафа

    Спектакуларните пештери и карпи на островот Стафа

    Островот Стафа се наоѓа во Шкотска и е познат по неговите уникатни геолошки карактеристики, како што се многуте пештери и чудните форми на базалт (многу тврда вулканска карпа). Овој извонреден мал остров, се наоѓа југо-западно од островот Улва, и е еден од најмалите во надворешните Хебриди.rnСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаНајпозната пештера на островот е „Пештерата на Фингал“ (Fingal’s Cave), која се наоѓа во неговиот јужен дел. Големата морска пештера е висока 20 метри и долга 75, а формирана е од шестоаголни базалти.rnСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаНа почетокот на 18-иот век, островот бил населен и имал околу 16 жители, но нивното место денеска го заземаат морски птици и туристи. Островот станал познат доцна во 18-иот век, кога бил посетен од Сер Џозеф Банкс (познат Британски ботаничар). Тој заедно со неговите придружници биле воодушевени од неверојатната природа и прекрасните базалти, но и од главната пештера на островот која Банкс ја нарекол „Пештерата на Фингал“.rnСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаОвој остров во историјата бил посетен и од други истакнати личности, како што се кралицата Викторија и принцот Алберт, Жил Верн, д-р Давид Ливингстон, Сер Валтер Скот и други.rnСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот Стафа

  • Мон Сен Мишел – град среде море

    Мон Сен Мишел – град среде море

    Автор: Марија Смокварскаrnrn„Ремек дело на природата, што стои помеѓу земјата и небото, меѓу континент и океан, каде што плимата и осеката се менуваат толку брзо како галопирачки коњ” – вака Виктор Иго го опиша овој извонреден град со восхитувачка римска архитектура. Мон Сен Мишел (Планината на Св. Михаил) е мало гратче кое се наоѓа на карпест остров на 1 км од северниот брег на Франција, во устието на реката Couesnon во регионот Долна Нормандија.rnrnМон Сен Мишел – град среде мореrnrnИзградбата е започната дури во далечната 709 година. Во 1874, Мон Сен Мишел е прогласен за историски споменик и е под заштита на UNESCO. Неговата популација брои околу 41 жител од кои повеќето се свештеници.rnrnМон Сен Мишел – град среде мореrnrnНеговото настанување се поврзува со легендата која вели дека Архангел Михаил му се појавил на бишопот Аберт велејќи му да изгради манастир на карпа. Тој пак, константно го игнорирал ова негово привидение сè додека Михаил не му ја изгорел главата со својот прст. Тоа било моментот кога се решило да се изгради овој прекрасен град.rnrnМон Сен Мишел – град среде мореrnrnЕве уште неколку слики за да се долови неговата уникатност и единство со природата:rnrnМон Сен Мишел – град среде мореМон Сен Мишел – град среде мореМон Сен Мишел – град среде мореМон Сен Мишел – град среде мореМон Сен Мишел – град среде мореМон Сен Мишел – град среде мореМон Сен Мишел – град среде мореМон Сен Мишел – град среде мореrnrn