Вгнездена во карпите на островот Сан Хуан во Вашингтон, оваа куќа изгледа извонредно. Дизајнерот Том Кундиг од „Olson Kundig Architects“, употребил неверојатна комбинација од стакло и бетон и успеал да создаде одлично дело.rn

Куќата е распространета на 205 квадратни метри, со прекрасна голема дневна соба, кујна, трпезарија, три спални и бања. Секако најинтересен дел е отворената тераса, со поглед кон брегот, на која ќе можете да го забележите каминот кој е двостран.rn
Ентериерот не заостанува зад импресивната архитектура на куќата, па така класичните и модерните елементи се перфектно искомбинирани и даваат чувство на топол дом.rn




Tag: карпа
-

Прекрасна куќа сместена во карпа