КАФЕ ПАУЗА

Tag: карпа

  • Дали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?

    Дали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?

    Откако за прв пат стапнале на територијата на денешниот град Камп Верде во американската сојузна држава Аризона, европските доселеници забележале огромна градба издлабена во карпите. Тоа бил замокот Монтезума.rnrnДали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?rnrnОтпрвин сметале дека замокот бил изграден за време на владеењето на познатиот цар на Ацтеките, Монтезума. Деновите ги поминувале на ова место восхитувајќи му се на дворецот.rnrnИако името останало до денес, сепак археолошките истражувања покажале дека императорот Монтезума немал никаква врска со изградбата на замокот. Всушност, се работело за живеалиште на народот Синагва кое живеело на овој простор во периодот помеѓу 8 и 15 век, а замокот бил изграден околу 1100 година.rnrnКаменото живеалиште се состоело од 20 соби, а до него се стигнувало преку скали на стрмните варовнички карпи кои биле високи до 27 метри.rnrnИако наликува на замок, всушност се работи за антички станбен комплекс.rnrnЌе се согласите дека се работи за импресивен потфат, па така замокот бил прогласен за национален споменик во 20 век од страна на Теодор Рузвелт.rnrnОткако прочитавте за дворецот Монтезума, можеби ќе сакате да прочитате и за австрискиот замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Неверојатен дом кој е вграден во карпа, со поглед кон Егејското море

    Неверојатен дом кој е вграден во карпа, со поглед кон Егејското море

    Оваа прекрасна и уникатна куќа е позната како „Casa Brutale“, чиј концепт е буквално живеење на работ, со поглед кон Егејското море. Проектот бил создаден од страна на „Open Platform for Architecture“ со цел да има што е можно помалку влијание врз околината.rnrn(1) Неверојатен дом кој е вграден во карпа, со поглед кон Егејското мореrnrnМал дел од просториите во овој дом се видливи од надворешноста, меѓу кои се базенот за пливање и сет скали. Откако ќе влезете внатре, се спуштате веднаш во главната дневна просторија, која има огромна стаклена фасада, овозможувајќи ви незаборавен поглед низ целата куќа. Дури и од креветот во спалната соба, погледот едноставно ќе ве остави без зборови. За да се избегне одделувањето од природната убавина на прекрасната околина, декорот е минималистички и вклучува прекрасни цврсти површини од старо дрво. Погледнете…rnrn

  • Мала куќичка со извонреден поглед

    Мала куќичка со извонреден поглед

    Не секогаш поголемото значи подобро. Живеењето во голема луксузна куќа изгледа убаво, но не е ништо во споредба со оваа колиба. Оваа традиционална куќа со модерен луксузен ентериер е сместена на врвот на карпа со поглед на морето и околниот брег и го има еден поубавите погледи кои ќе ги видите во вашиот живот. Куќичката има свеж стил, полн со светлина и е совршено место за релаксирање, умствено и телесно.rnrn1-Mala-kukjichka-so-izvonreden-pogled-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тролтунга – необична карпа во Норвешка која нуди спектакуларен поглед

    Тролтунга – необична карпа во Норвешка која нуди спектакуларен поглед

    Тролтунга е огромно парче карпа која се протега на висина од 0,8 километри од земјата. За да стигнете до неа ќе ви бидат потребни од 8 до 10 часа, но погледот од таму е спектакуларен. Во околината можат да се видат некои од најубавите пејзажи во Норвешка. „Trolltunga“ во превод значи „јазикот на тролот“, а ова име го добила по бизарната и необична форма. Се верува дека оваа карпа се формирала за време на ледената доба, пред околу 10.000 години, кога голем дел од планината била замрзната и токму поради тоа дел од неа се скршил. Погледнете колку е неверојатно ова место…rnrnНајубавото место на планетава Најубавото место на планетаваrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што бара огромен брод за крстарење на врв од брдо?

    Што бара огромен брод за крстарење на врв од брдо?

    Качен на врвот на една карпа на брегот во Џионгдонгџин, туристички град во Јужна Кореја, овој брод е првиот кој може да ве одведе на крстарење на суво.(1) Што бара огромен брод за крстарење на врв од брдо?Sun Cruise Resort & Yacht“ е хотел долг 165, а висок 45 метри. Тежок е повеќе од 30.000 тони, а располага со 211 соби. Во него има два ресторани, ноќен клуб, караоке клуб, базен, конференциски сали, голф терени и многу други поволности за гостите.(2) Што бара огромен брод за крстарење на врв од брдо? (3) Што бара огромен брод за крстарење на врв од брдо?Хотелот е направен за да им понуди на гостите вистинско искуство како на крстарење. Од поставените звучници постојано се слушаат звуци од бранови и птици. Едно ноќевање тука ќе ве чини 45 фунти.(4) Што бара огромен брод за крстарење на врв од брдо? (5) Што бара огромен брод за крстарење на врв од брдо? (6) Што бара огромен брод за крстарење на врв од брдо? (7) Што бара огромен брод за крстарење на врв од брдо?
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Адреналински фотографии за полнење на батериите

    Адреналински фотографии за полнење на батериите

    Доза адреналин за љубителите на екстремни спортови… ;)rnrn

    Неверојатен скок со падобран над Мајами. Фотографија на Ралф Тарнер
    Неверојатен скок со падобран над Мајами | Фотографија на Ралф Тарнер
    rnrn
    Екстремно кајакарство. Фотографија на Дезри Тејт
    Екстремно кајакарство | Фотографија на Дезри Тејт
    rnrn
    Адреналинско качување на карпа над море. Фотографија на Дејвид Клифорд
    Адреналинско качување на карпа над море | Фотографија на Дејвид Клифорд
    rnrn
    Скок преку кањон со велосипед. Фотографија на Марко Тониоло
    Скок преку кањон со велосипед | Фотографија на Марко Тониоло
    rnrn
    Екстремен алпинист во пукнатина на карпа. Фотографија на Пол Брајд
    Екстремен алпинист во пукнатина на карпа | Фотографија на Пол Брајд
    rnrn
    Слободен скок од 421-метарската кула во Куала Лумпур, Малезија. Фотографија на Винсент Тијан
    Слободен скок од 421-метарската кула во Куала Лумпур, Малезија | Фотографија на Винсент Тијан
    rnrn
    Екстремно одење по јаже. Фотографија на Маркус Страдлер
    Екстремно одење по јаже | Фотографија на Маркус Страдлер
    rnrn
    Огромен сноубордерски  скок. Фотографија на  Скот Серфес
    Огромен сноубордерски скок | Фотографија на Скот Серфес
    rnrn
    Сноубордери ја освојуваат вертикалната падина во Алјаска. Фотографија на Скот Серфес
    Сноубордери ја освојуваат вертикалната падина во Алјаска | Фотографија на Скот Серфес
    rnrn
    Момче виси од врв на висококатница во Украина. Фотографија на Кирил Опех
    Момче виси од врв на висококатница во Украина | Фотографија на Кирил Опех
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналин

    Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналин

    Слајдинг Рок е авантуристички рај сместен во близина на гратчето Бревард во американската држава Северна Каролина, кој меѓу туристите е познат по неверојатно мазната карпа на која можат да добијат одлично адреналинско лизгање. Таа е долга 18 метри, а по неа постојано течат по околу 40.000 литри вода во минута. Лизгањето трае неколку секунди пред да се стигне до мал природен базен длабок околу два метри.Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналинЗа ова задоволство се плаќа влез од само 2 долари, а оние кои не сакаат да се спуштат по природната лизгалка можат да ги набљудуваат другите како го прават тоа од двете платформи покрај карпата.Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналин Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналин Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналин Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналин Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналин Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналин Лизгалка на карпа за трагачите по забава и адреналин
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Авантуристички стан со внатрешен тобоган

    Авантуристички стан со внатрешен тобоган

    На поткровјето од една зграда во Менхетен од 19 век, се наоѓа неверојатно уреден модерен апартман, во кој центарот на вниманието е огромен тобоган со надворешност како огледало, кој поврзува четири ката. Ова значи дека од највисокиот кат можете да се излизгате четири ката надолу, со тоа што на третиот можете да излезете од тобоганот, но можете и да се премислете, да се вратите во лизгалицата и да продолжите до првиот кат. Авантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганИ како тоа да не е доволно забавно, на ѕидовите има и вештачки камчиња доколку почувствувате потреба за искачување на карпа. Њујоршкиот архитект Дејвид Хотсон, заедно со внатрешниот дизајнер Хизлаин Винјас го трансформирале овој простор за живеење во неверојатно модерен стан, во кој нема никогаш да му дозволите на детето во вас да заспие. Авантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАпартманот е одлично искомбиниран со стакло, нерѓосувачки челик, бели површини оживеани со колоритен мебел и акцентирани со креативни предмети. „Ова е комплексен ентериер со многу драматични елементи“ – потенцира Хатсон.Авантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоганАвантуристички стан со внатрешен тобоган
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кањони и клисури – неоткриена убавина

    Кањони и клисури – неоткриена убавина

    Кањоните и клисурите отсекогаш ги изненадувале посетителите со нивната длабока тишина, чувството на бегство од секојдневието и автентичните звуци. Затоа овие места се сметаат за природни засолништа.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Антилопа во Аризона

    rnОвој комплексно извајан кањон во Навахо, во близина на Аризона, е вистински магнет за туристите. Кањонот Антилопа настанал така што водата создала длабоки и искривени ходници во песочникот, а од меката карпа произлегле форми во кои се испреплетени светлината и сенките. Најдобро време за да го доживеете овој феномен е периодот помеѓу март и октомври, кога сонцето е доволно високо на небото за да блесне директно во кањонот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Вердон во Франција

    rnКлисурата Вердон, која се наоѓа во областа Прованса, во Франција, не беше целосно истражена сè до почетокот на 20-от век. Клисурата длабока 2.000 метри го добила своето име според реката Вердон која поминува низ варовничките карпи покриени со зимзелени дрвја, создавајќи необична мешавина од камен и вода. Најдобар начин да ја истражите оваа клисура е да изнајмите кану, или да се движите по пешачките патеки низ специфичната флора и фауна.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Големиот кањон во Аризона

    rnГолемите карпести форми во црвена и кафеава боја се простираат во недоглед пред очите на посетителите, создавајќи една незаборавна глетка. Боите на Големиот кањон се менуваат во зависност од светлината, па така овие карпи може да добијат и темно виолетова боја. Овој кањон е создаден од водите на реката Колорадо и дава увид во историјата на Земјата.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Трите мали клисури во Кина

    rnТрите мали клисури во областа Вушан, во Кина, се лесно достапни за посетителите. Реката Данинг, позната по зелената боја, може да се помине и преку стариот мост направен од штици кој се наоѓа во најкратката од трите клисури. Сите три клисури се дом на смарагдно-зелениот бамбус и на ретки видови птици. Бродовите кои секојдневно минуваат низ овие клисури се најдобар начин да уживате во оваа природна формација.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Брус во Јута

    rnФасцинантните карпести формации се главна карактеристика на прекрасниот пејзаж што го формира кањонот Брус во Јута, Америка. Црвено-розовите карпи од далеку изгледаат како стар, разрушен и напуштен град. Во овој кањон никогаш не течела река. Тој, всушност бил формиран со ерозија, надвор од платото, поради што, личи на огромен природен амфитеатар.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Тароко во Тајван

    rnКлисурата Тароко е една од најпосетуваните дестинации во Тајван. Препознатлива е по стрмните карпи и бујната вегетација. Клисурата е дел од Националниот парк Тароко и е дом на многу животни, меѓу кои и црната мечка, разни видови мајмуни и над 100 видови птици. Оваа клисура, меѓу другото, изобилува и со многу топли извори, водопади, висечки мостови, храмови и светилишта.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Вулингјуан во Кина

    rnКањонот Вулингјуан во Кина не е обичен кањон. Наместо карпи, овој кањон е составен од огромни и остри песочни столбови покриени со зимзелени дрвја. Вулингјуан, кој се наоѓа во провинцијата Хунан, стана првиот национален парк во Кина, а УНЕСКО во 1992 година го прогласи за светско наследство. Жичарницата на овој кањон води до неговата највисока точка од каде што може да уживате во прекрасниот поглед на пејзажот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Тодра во Мароко

    rnКлисурата Тодра во Мароко се смета за една од највисоките клисури во светот. Таа е вистинско чудо на природата, создадена од мароканските планини познати како Големи Атласи. Теренот овозможува качување по планините, но доколку повеќе сакате да пешачите, додека минувате низ клисурата може да забележите како нејзините ѕидови ја менуваат бојата, во зависност од положбата на сонцето.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Бакарниот кањон во Мексико

    rnБакарниот кањон го добил своето име според бојата на неговите ѕидови. Составен е од шест помали кањони во областа Чивава во Мексико, кои заедно сочинуваат еден голем кањон. Кањонот изобилува со тополи и со дабови шуми. За да се разгледа целиот кањон, потребни се околу 15 часа патување со воз.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот на реката Тара во Црна Гора

    rnКањонот на реката Тара во Црна Гора е најдлабокиот кањон во Европа. Формиран од реката Тара, варовничките ѕидови на овој кањон се издигнуваат над 1.600 метри над реката. Реката Тара се смета за една од најдобрите реки за рафтинг. Доколку поминувате по мостот Ѓурѓевица, може да уживате не само во бистрата вода на Тара, туку и во густите и зелени ридови покрај кањонот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ескалибур – највисоката вештачка карпа за качување

    Ескалибур – највисоката вештачка карпа за качување

    37-метарската вештачка карпа за искачување „Ескалибур“ е вистински предизвик за алпинистите. Се наоѓа во холандскиот град Гронинген, во спортскиот комплекс Klimcentrum Bjoeks, и засега важи за највисока вештачка карпа. Потеклото на нејзиното име е повеќе од очигледно. Наликува на меч, но со големина колку една 12-катница.Ескалибур - највисоката вештачка карпа за качувањеЕскалибур - највисоката вештачка карпа за качувањеЕскалибур - највисоката вештачка карпа за качувањеКарпата не е наменета само за професионалци во овој спорт, туку за сите заинтересирани. Секој може слободно да ги испроба своите можности. Колку погоре се качувате, толку искривувањето на карпата е поголемо. Отклонот од дното до врвот изнесува цели 11 метри. За некои ескалибур е детска игра, но за други недостижна цел. Како и да е, на оваа височина дури и најискусните добиваат вртоглавици.rnЕскалибур - највисоката вештачка карпа за качувањеЕскалибур - највисоката вештачка карпа за качувањеЕскалибур - највисоката вештачка карпа за качувањеЕскалибур - највисоката вештачка карпа за качувањеЕскалибур - највисоката вештачка карпа за качување
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.