КАФЕ ПАУЗА

Tag: јаглехидрати

  • Кое овошје содржи најмалку шеќер?

    Кое овошје содржи најмалку шеќер?

    Исхраната без шеќер е актуелен тренд, но ако размислувате да го елиминирате овошјето поради природните шеќери што ги содржи, можеби ќе сакате да размислите двапати.rnrnКое овошје содржи најмалку шеќер?rnrnОвошјето ни обезбедува многу работи што ни се потребни како витамини, минерали и антиоксиданси. Недостатокот на овие важни хранливи материи, пак, може да доведе до хронични болести како што се дијабетес и срцеви заболувања.rnrnМеѓутоа, ако сакате да ги намалите јаглехидратите на здрав начин и не сакате да претерате со овошјето со многу шеќер како бананите, има многу хранливи опции со малку јаглехидрати:rn

    Јагоди

    rnЈагодите се одлична опција кога станува збор за овошје со низок шеќер. Една чаша јагоди содржи само седум грама шеќер и обезбедува речиси, ако не и повеќе од препорачаната дневна доза на витамин Ц.rn

    Грејпфрут

    rnГрејпфрутот е одлична опција како замена за слатки закуски, а половина порција содржи осум грама шеќер.rn

    Авокадо

    rnДа, авокадото е овошје. Големата јама во средината се смета за семе, што е една од клучните карактеристики на плодот. Авокадото е полно со здрави масти кои го штитат вашето срце и го намалуваат „лошиот“ холестерол како и фитохемикалии кои го намалуваат оксидативниот стрес. Едно авокадо содржи малку повеќе од еден грам шеќер.rn

    Сливи

    rnОна што е интересно за сливите е што можете да бидете креативни со нив и да направите работи како џемови и мармалади без шеќер.rn

    Капини

    rnЕдна шолја капини содржи седум грама шеќер, осум грама влакна и два грама протеини, што ја прави совршена хранлива закуска.rn

    Јаболка

    rnАко имате дијабетес или сте загрижени за тоа како овошјето влијае на вашиот шеќер во крвта, размислете за начинот на кој го консумирате. Целото јаболко има понизок гликемиски индекс (ГИ) од сокот од јаболко. Ова значи дека сокот од јаболко има потенцијал да го подигне нивото на шеќер во крвта повеќе од консумирањето на редовно овошје. Едно јаболко со средна големина содржи само 19 грама шеќер, додека една чаша незасладен сок од јаболко има околу 24 грама.rn

    Портокал

    rnКако и со јаболката, подобро е да се јаде целото овошје отколку да се пие сок од портокал. Обичен портокал содржи 12 грама шеќер и повеќе од препорачаната дневна доза на витамин Ц.rnrnОткако прочитавте кое овошје содржи најмалку шеќер, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја контролирате потребата за шеќер.rnrnИзвор: n1info.rs

  • 8 намирници богати со јаглехидрати и одлични за вашиот имунитет!

    8 намирници богати со јаглехидрати и одлични за вашиот имунитет!

    Јаглехидратите често пати се наведуваат како една од причините за зголемување на телесната тежина, дијабетес тип 2 и разни други заболувања. Да, точно е дека преработената храна богата со шеќер и рафинираните житарки немаат важни витамини и минерали. Сепак, многу природни намирници кои се богати со хранливи материи и растителни влакна, всушност, содржат и голема количина на јаглехидрати. Еве за кој вид храна станува збор.rnrn8 намирници богати со јаглехидрати и одлични за вашиот имунитет!rn

    1. Киноа

    rnКиноата е хранливо семе кое стана неверојатно популарно меѓу потрошувачите во последните години. Зготвената киноа содржи дури 70% јаглехидрати. Сепак, таа е и добар извор на протеини и влакна. Киноата е богата со многу минерали и растителни соединенија и е поврзана со различни здравствени придобивки, (го норализира нивото на шеќерот во крвта и го подобрува здравјето на срцето).rn

    2. Овес

    rnОвесот е одличен извор на многу витамини, минерали и антиоксиданси. Тој е и релативно добар извор на протеини и содржи повеќе протеини од повеќето житарки. Истражувањата покажале дека консумирањето овес може да го намали ризикот од срцеви заболувања преку намалување на нивото на холестерол.rn

    3. Леќа

    rnЛеќата е многу хранлива, содржи протеини и влакна. Таа има повеќе минерали и антиоксиданси од многу други житарки.rn

    4. Банани

    rnБананите се богати со калиум, минерал кој игра клучна улога во регулирањето на крвниот притисок. Помалку зрелите банани, исто така, содржат повеќе скроб и пектин, соединенија кои можат да го подобрат дигестивното здравје.rn

    5. Слатки компири

    rnПокрај јаглехидрати, слатките компири се богат извор и на витамин А, витамин Ц и калиум. Згора на тоа, тие се преполни со антиоксиданси, соединенија кои помагаат во неутрализирање на штетните слободни радикали во вашите клетки за да ве заштитат од хронични болести.rn

    6. Цвекло

    rnЦвеклото е преполно со витамини, минерали и растителни соединенија. Тоа содржи и големи количини на нитрати кои можат да го подобрат здравјето на срцето и да ги подобрат физичките перформанси.rn

    7. Боровинки

    rnБоровинките често се сметаат за суперхрана поради нивната богата содржина на антиоксиданси. Тие се состојат главно од вода, како и околу 14,5 грама јаглехидрати на 100 грама. Боровинките содржат и големи количини на многу витамини и минерали, вклучувајќи витамин Ц, витамин К и манган. Истражувањата покажале дека тие се добар извор и на антиоксидантски соединенија.rn

    8. Наут

    rnВарениот наут содржи 27,4 грама јаглехидрати на порција од 100 грама, заедно со речиси 8 грама влакна. Покрај тоа, тој е исто така добар извор на протеини од растително потекло, а содржи и многу витамини и минерали, вклучувајќи железо, фосфор и витамини од групата Б. Одредени истражувања покажале дека не само што наутот може да го подобри имунитетот, туку може да го заштити организмот и од одредени видови на рак.rnrnОткако прочитавте за овие намирници богати со јаглехидрати, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 јаглехидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми.rnrnИзвор: healthline.com

  • Кои 5 јаглехидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми?

    Кои 5 јаглехидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми?

    Иако според многумина јаглехидратите се бескорисни бидејќи само придонесуваат за зголемување на телесната тежина, сепак тоа не е така. Тие се хранливи материи кои му се неопходни на телото за неговото правилно функционирање. Одредена група јаглехидрати не само што се здрави туку се и корисни за слабеење. Проверете во продолжение за кои намирници станува збор.rnrnКои 5 јагленихидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми?rn

    Тиква

    rnТиквата е намирница која можете да ја консумирате како прилог, дел од салата, ужина, предјадење, главно јадење и десерт! Се карактеризира со ниска калорична вредност, но има и многу растителни влакна кои го забрзуваат процесот на варење и даваат чувство на ситост.rn

    Бобинки

    rnИма ли некој што не сака грозје, боровинки, рибизли и друг вид бобинки? Тие се богати со антиоксиданси и се нискокалорични. Освен тоа, поради високата содржина на витамини, бобинките го зајакнуваат имунолошкиот систем и имаат антиинфламаторно дејство.rn

    Леќа

    rnЛеќата е вистинска суперхрана! Има малку повеќе протеини од оризот и тестенините, а исто така не содржи глутен. Освен тоа, таа е богата со витамини и минерали.rn

    Овес

    rnДали понекогаш немате идеја што да зготвите за појадок? Зошто да не се почестите со овесна каша! Таа е богата со растителни влакна, а освен тоа ќе ве држи сити подолго време. Сепак, бидете внимателни при изборот – ви препорачуваме да изберете овесни снегулки без дополнителен шеќер, а при подготовката можете да додадете овошје или јаткасти плодови.rn

    Сладок компир

    rnДали знаевте дека слаткиот компир може да ви помогне да ја намалите тежината? Тоа се должи на фактот дека оваа намирница го забрзува метаболизмот, а нејзината калориска вредност не е висока.rnrnОткако прочитавте кои јаглехидрати можат да помогнат при намалување на телесната тежина, можеби ќе сакате да прочитате и за 3-те едноставни чекори за слабеење без изгладнување.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • 6 зачини што може да ги користите ако сте на кето диета

    6 зачини што може да ги користите ако сте на кето диета

    Луѓето најчесто го поврзуваат зборот „диета“ со невкусна храна, но само затоа што следите одреден план на исхрана, не значи дека вашите оброци не може да бидат вкусни. Ако сте навикнати да додавате разни сосови и преливи на вашите оброци, сигурно помислувате дека треба да се збогувате со сите овие вкусови кога започнувате одредена диета. Но, не е така. Всушност, кето диетата дозволува многу зачини кои не само што им даваат вкус на вашите јадења, туку имаат и здравствени придобивки.rnrn6 зачини што може да ги користите ако сте на кето диетаrn

    Кето диета: Кои зачини се дозволени?

    rnКога купувате зачини, проверете го списокот со состојки на пакувањето. Изберете ги оние зачини кои се минимално обработени и во кои нема додадено шеќер или други засладувачи.rn

    Сува зачини

    rnСувите растителни зачини им даваат вкус на јадењата, а во зависност од тоа што ќе готвите, можете да ги комбинирате. Некои растенија содржат малку повеќе јаглехидрати од други, но тоа треба да ве загрижи само ако планирате да додадете голема количина зачин во оброкот. Зачините во кои има малку јаглехидрати се босилекот, коријандерот, нането, циметот, ѓумбирот и мајчината душица. Ориганото, црвениот пипер и кимот имаат малку повеќе јаглехидрати, но може да се користат во мали количини.rn

    Гарам масала

    rnОваа мешавина од индиски зачини е одличен начин да му додадете специфичен вкус на вашиот оброк. Може да се најде во форма на прав и паста, а главно се состои од мешавина од коријандер, ким, кардамон, црн пипер, цимет, индиски орев и каранфилче. Овој зачин може да се додаде во јадења со месо и риба, а е одличен додаток и во супи и чорби.rn

    Тако зачин

    rnАко сакате малку посилен вкус, тако зачинот е одлична опција. Сепак, треба да се напомене дека купечкиот зачин содржи малку повеќе јаглехидрати, па дефинитивно е подобро да го направите сами. Измешајте чили пипер во прав, ким, блага пиперка во прав, лук во прав, оригано и црн пипер.rn

    Кинеска мешавина од пет зачини

    rnСлично на гарам масала, оваа слатко-лута мешавина на зачини се користи во кинески јадења. Кинеската мешавина на зачини вклучува комбинација на цимет, анасон, каранфилче, морач и сечуански пипер и се препорачува при подготовка на месо. Овие зачини одат добро со скара.rn

    Адобо зачин

    rnОвој латиноамерикански зачин се користи речиси за секое јадење, од пилешко и свинско месо, до риба и зеленчук. Адобо зачинот се состои од мешавина од кромид и лук во прав, оригано, сол и бибер, а понекогаш се додаваат чили пиперки за посилен вкус.rn

    „Сè освен печиво“

    rnАко следите барем еден кулинарски профил на Јутјуб или на Инстаграм, веројатно сте чуле за зачинот „Сè освен печиво“ („Everything but The Bagel“). Тоа е мешавина од зачини кои обично се ставаат на печива – сусам, афион, сушен лук и кромид и морска сол.rnrnПрочитајте кој зачин ги „убива“ сите лоши бактерии во храната.

  • 5 јаглехидрати што ќе ви помогнат во намалувањето на вишокот килограми

    5 јаглехидрати што ќе ви помогнат во намалувањето на вишокот килограми

    Кога ќе помислите на јаглехидратите, обично првата асоцијација е здебелување. Но, јаглехидратите му се потребни на телото и заедно со протеините и влакната, тие го формираат „светото тројство“ на хранливи материи за добро здравје и соодветна тежина. Она што треба да го знаете е кои јаглехидрати да ги изберете ако сакате да го намалите вишокот килограми.rnrn5 јаглехидрати што ќе ви помогнат во намалувањето на вишокот килограмиrn

    1. Пченка

    rnПченката мора да биде свежа. Онаа од конзерва не доаѓа предвид бидејќи честопати е полна со сол и шеќер. Второто правило е да ја јадете без масло и со минимална количина сол. Ако ги следите овие две правила, овој здрав јаглехидрат ќе ви обезбеди влакна, јод, фосфор, магнезиум, калциум и железо, а истовремено ќе го забрза слабеењето.rn

    2. Боранија

    rnНајлесното и највкусно јадење со многу малку калории. Боранијата е вистински лесен јаглехидрат идеален за вечера, дури и доцна, бидејќи го забрзува метаболизмот до максимум. Има малку калории, но е богата со растителни влакна и ќе останете сити долго време. Исто така, содржи многу протеини и витамини.rn

    3. Тестенини

    rnТестенините направени од тврда пченица нема да ѝ наштетат на вашата фигура, освен ако не ги преварите. Бидете внимателни и со сосот – ако има премногу маснотии и сол, житарките не можат да помогнат.rn

    4. Леблебија

    rnЛеблебијата е храна што ќе ви помогне да се изборите со недостатокот на влакна. Покрај тоа, таа е богата со растителни протеини што се важни за срцето и со манган, што штити од предвремено стареење.rn

    5. Печурки

    rnТие содржат многу јаглехидрати, но и протеини и антиоксиданти што помагаат во неутрализирање на штетните ефекти на слободните радикали. Ако сакате сите вредни хранливи материи од печурките да се апсорбираат во организмот, комбинирајте ги со месо или со житарки.rnrnПрочитајте кои 6 намирници може да ги јадете навечер без да се здебелите.

  • Што се едноставни, а што сложени јаглехидрати: Кога ќе ја сфатите разликата ќе се справите со дебелината и шеќерот во крвта, а ќе ги спречите и срцевите заболувања

    Што се едноставни, а што сложени јаглехидрати: Кога ќе ја сфатите разликата ќе се справите со дебелината и шеќерот во крвта, а ќе ги спречите и срцевите заболувања

    Луѓето кои не го следат или не управуваат со внесот на јаглехидрати во нивното тело се изложени на зголемен ризик од развој на хронични заболувања како што се дебелината, кардиоваскуларните заболувања и дијабетес тип 2. За подобро да разберете како јаглехидратите влијаат на организмот, најдобро е да ја знаете разликата помеѓу простите и сложените јаглехидрати.rnrnШто се едноставни, а што сложени јаглехидрати: Кога ќе ја сфатите разликата ќе се справите со дебелината и шеќерот во крвта, а ќе ги спречите и срцевите заболувањаrnrnКога станува збор за исхраната, важно е да се разбере нејзината суштина, особено кога станува збор за внесувањето јаглехидрати. Постојат прости и сложени јаглехидрати, а разликата помеѓу нив е клучна за разбирање на вашите навики во исхраната.rnrnВажно е да се разбере како реагира телото при внесувањето на секој вид јаглехидрат, а тоа ќе ви помогне да изберете каква храна да јадете во иднина.rn

    Брз водич за разликување на јаглехидратите

    rnЈаглехидратите се клучни биомолекули во организмот бидејќи ги стимулираат неговите многубројни функции. За време на варењето, јаглехидратите од храната се разложуваат до гликоза. Откако ќе влезе во крвотокот, гликозата (шеќерот) се дистрибуира низ бројни клетки во телото за да ги снабди со енергија.rnrnИако сите јаглехидрати обезбедуваат енергија, важно е да се знае дека некои видови јаглехидрати се поздрави од другите. Во зависност од видот на храната што јадете, јаглехидратите може да предизвикаат шеќерот во крвта да се намали или да порасне енормно. Тие дури, може да влијаат и на тоа колку брзо ќе се огладнете или колку вишоци од јаглехидрати ги складирате.rnrnЗа подобро да разберете како јаглехидратите влијаат врз организмот, најдобро е да ја знаете разликата помеѓу простите и сложените јаглехидрати.rn

    Прости јаглехидрати

    rnПростите јаглехидрати се брз извор на енергија. Тие се состојат од пократки молекуларни синџири и полесно се обработуваат во споредба со сложените јаглехидрати. Нивната консумација резултира со ненадејни покажувања во нивото на шеќер во крвта, што е корисно кога на некое лице итно му треба енергија.rnrnПростите јаглехидрати често се наоѓаат во преработената храна и додадениот шеќер. Голем број научни студии покажале дека консумирањето на овој вид храна, како и засладените пијалаци, можат да придонесат за развој на разни здравствени проблеми.rnrnБидејќи овие супстанции брзо се апсорбираат, секој вишок на шеќери се претвора во маснотии и се чува за подоцнежна употреба. Ако овие складирани масти не се користат, тие се акумулираат и придонесуваат за зголемување на телесната тежина. Ова може да доведе до голем број на здравствени проблеми, вклучувајќи остеоартритис и мозочен удар.rnrnСепак, постојат поздрави извори на прости јаглехидрати што може да ги јадете без грижа на совеста. Тоа се одредени видови на овошје и зеленчук, како и одредени житни култури.rnrnПростите јаглени хидрати природно се појавуваат во овие производи, а тоа ги прави идеални за грицкање во текот на денот. Покрај тоа, тие содржат и други корисни материи како што се растителни влакна, витамини и минерали кои ја зголемуваат нивната хранлива содржина. Тие помагаат и во успорувањето на варењето на храната, така што нивото на шеќер во крвта не расте премногу брзо.rn

    Сложени јаглехидрати

    rnВо споредба со простите јаглехидрати, сложените јаглехидрати имаат подолги ланци од молекули. Ова значи дека им треба подолго време да се сварат и му помагаат на лицето кое ги консумира подолго време да се чувствува сито. Поради оваа причина, тие се идеална храна за оние луѓе кои се грижат за нивната телесна тежина и кои се обидуваат да го намалат внесот на јаглехидрати.rnrnКако и кај простите јаглехидрати и тука постојат здрави и нездрави извори на сложени јаглехидрати. Кога избирате, држете се до нерафинираната храна, а тоа се:rnrn– интегрални житни култури (на пр. кафеав ориз, овес);rnrn– зеленчук богат со скроб (компири, пченка);rnrn– мешунки (леќа, грав);rnrn– храна слична со житните култури (на пр. киноа и леќа);rnrn– зеленчук без скроб (на пример тиквички).rnrnОвие производи се преполни со хранливи материи, вклучувајќи растителни влакна, здрави масти, витамини и минерали. Сето ова го забавува дигестивниот процес и спречува ненадејни покачувања на нивото на шеќер во крвта.rnrnПреработените житни култури, од друга страна, содржат и сложени јаглехидрати. Сепак, нивните хранливи вредности се пониски во однос на свежата и интегралната храна.rnrnНекои производители отстрануваат определени состојки од одредени типови храна, како што се бактериите од житарките, со што се намалува нивната хранлива вредност. Така настанува белото брашно, белиот леб и белиот ориз.rnrnОпшто, подобро е да се консумираат оброци што содржат комплексни отколку прости јаглехидрати. Сепак, ова зависи од тоа што вам ви е потребно.rnrnАко ви треба само брза закуска, парчињата овошје може брзо да ви ја подигнат енергијата.rnrnАко сакате нешто со што ќе останете заситени подолго време, изедете оброк полн со сложени јаглехидрати.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и прашањата со кои ќе откриете дали сте нетолерантни на јаглехидрати.

  • Прашања со кои ќе откриете дали сте нетолерантни на јаглехидрати

    Прашања со кои ќе откриете дали сте нетолерантни на јаглехидрати

    Веќе неколку години се зборува за нетолеранцијата на глутен, но исто честа појава е и нетолеранцијата на јаглехидрати.rnrnПрашања со кои ќе откриете дали сте нетолерантни на јаглехидратиrnrnНаводно, ова претставува сива зона. Количеството јаглехидрати кое му одговара на метаболизмот на една личност, не секогаш ги задоволува потребите што ги има некој друг. Имено, многу луѓе го решиле проблемот со здравјето откако го ограничиле внесот на рафиниран шеќер, а јаглехидратите ги замениле со намирници од цело зрно, сладок компир и свежо овошје. Со цел да ја проверите вашата толеранција на јаглехидрати, обидете се да ги одговорите следниве прашања.rnrn1. Дали имате прекумерна тежина?rnrn2. Дали поголемиот дел од времето се чувствувате изморено, особено после оброк богат со јаглехидрати?rnrn3. Дали поголемиот дел од времето го минувате седејќи?rnrn4. Дали чувствувате дека апетитот ви е надвор од контрола?rnrn5. Дали често имате желба за слатки или храна полна со скроб како леб, тестенини, компир и грав?rnrn6. Дали имате вртоглавица кога сте гладни?rnrn7. Дали вашето ниво на шеќер во крвта е во граница на нормалата?rnrn8. Дали имате проблеми со анксиозност или депресија, како и проблеми со кожата, болки во зглобовите, хормонски промени или проблеми со спиењето?rnrnДоколку одговорите потврдно на само едно од прашањата, обидете се 14 дена од исхраната да ги исфрлите житарките, мешунките и зеленчукот богат со скроб (морков, пченка, компир, тиква, сладок компир). Исто така избегнувајте шеќер, па дури и природните засладувачи како мед и јаворов сируп. Истото важи и за засладените газирани пијалаци. По 14-те дена, повторно одговорете ги прашањата под број 2, 5, 6 и 8. Доколку одговорите се промениле, најверојатно сте нетолерантни на јаглехидрати.rnrnПогледнете ги и овие интересни начини да ги замените јаглехидратите со карфиол.

  • Во кој дел од денот е најдобро да изедете нешто благо?

    Во кој дел од денот е најдобро да изедете нешто благо?

    Дури и ако од исхраната сте ги исфрлиле лебот, тестото и сè друго што е направено од брашно, голема е веројатноста одвреме-навреме да посакате нешто благо. Ова е сосема во ред, но само ако се консумира умерено. Ако имате потреба од јаглехидрати, треба само да знаете кој е најдобриот дел од денот за овој вид храна.rnrnВо кој дел од денот е најдобро да изедете нешто благо?rnrnНаводно, постои дел од денот кој е најлош за консумирање јаглехидрати. Според нутриционистката Шауни Сако, продуктите како бел леб и печива не би требало да ги јадете за појадок.rn

    „Најважниот оброк за урамнотежена исхрана е појадокот. Тогаш внесувате гориво за целиот ден и важно е нивото на шеќер во крвта да биде постојано. Можеби е тешко да подготвите добар појадок бидејќи повеќето луѓе немаат време и веројатно често се задоволувате со нешто благо, како на пример палачинки. Ако сметате дека е подобро да внесувате калорична храна наутро бидејќи има време кога да ги согорите калориите, тогаш само си штетите. Причината е што не му давате доволно енергија на телото за денот кој ве чека“, изјавила Сако.

    rnСпоред нејзините препораки, никогаш не е добро да јадете оброк со шеќер и рафинирани јаглехидрати. Без рамнотежата од протеини и добри јаглехидрати, нивото на шеќер нагло ќе порасне, а потоа ќе се спушти и ќе направи да се чувствувате гладно и без енергија.rnrnНајдобро е да појадувате продукти богати со протеини и добри јаглехидрати. Ова може да бидат варени јајца или јаткасти плодови. Ако сакате нешто брзо можете да додадете путер од бадеми во овесната каша или да изедете јаболко со путер од кикирики. Исто така одличен појадок е препечен интегрален леб со сланина и домат.rn

    „Ако сакате да се задоволите со нешто благо или нешто со брашно, најдобро е да го направите тоа пред крајот на денот. На овој начин ќе го избегнете падот на шеќерот во крвта и новата желба за нездрава храна.“

    rnПогеднете и која храна не е препорачана за појадок од страна на нутриционистите.

  • Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

    Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

    Многумина знаат дека диетата без јаглехидрати дава навистина брзи резултати, но слабеењето на овој начин не е правилно. Дефицитот на калории е главно нешто на коешто треба да обрнете внимание кога станува збор за слабеењето. Покрај тоа, потребна е разновидна исхрана што содржи протеини, масти и јаглехидрати за да не го нарушите вашето здравје. Следниве продукти го содржат потребното количество комплексни јаглехидрати, влакна и витамини кои ќе ви помогнат да се чувствувате сити подолго време.rnrnrn

    Јаглехидратите во процесот на слабеење

    rnЕдно од најважните нешта што треба да ги знаете за јаглехидратите е дека ни даваат енергија. Дури и мастите и протеините не можат да се преработат без нив. Но, често јаглехидратите се поврзани со дебелеење. Па дали ова е вистина?rnrnЈаглехидратите се делат во две групи.rnrnКомплексните јаглехидрати содржат скроб, влакна, пектин и гликоген. Овде спаѓаат леб, грав, житарици, тестенини, компири, зеленчук и јаткасти плодови.rn

      rn 011

    • Тие се дигестираат бавно и прават да се чувствуваме сити.
    • rn 011

    • Ја подобруваат работата на цревата и се добри за флората во желудникот.
    • rn 011

    • Го намалуваат задржувањето на водата.
    • rn 011

    • Ја подобруваат дигестијата.
    • rn 011

    • Помагаат во создавањето мускулна маса.
    • rn

    rnЕдноставните јаглехидрати содржат гликоза, фруктоза, галактоза, сукроза и малтоза. Овде спаѓаат овошје, млеко, слатки, печива, пиво и брза храна.rn

      rn 011

    • Предизвикуваат менување на нивото на шеќерот во крвта.
    • rn 011

    • Даваат повеќе енергија.
    • rn

    rnКога ќе се зголеми нивото на гликоза, панкреасот почнува да произведува инсулин. Колку повеќе јаглехидрати внесувате, толку повеќе инсулин се произведува. Комплексните јаглехидрати го прават ова побавно, а едноставните го прават побрзо и ве тераат да јадете повеќе. Најчесто консумираме едноставни јаглехидрати со што предизвикуваме брзо зголемување на нивото на инсулин. Ова не му дозволува на телото да ги преработи мастите, па настанува дебелеење. Ова не значи дека треба да се откажете од едноставните јаглехидрати, туку важно е да има рамнотежа. Консумирајте повеќе комплексни јаглехидрати за да слабеете.rn

    1. Наут

    rnЛиста од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмитеrnrnНаутот содржи протеини и многу незаменливи аминокиселини што му се потребни на метаболизмот. Влакната во него го контролираат количеството храна што го консумирате. Наутот е одличен во комбинација со зеленчукови супи, зачини и маслиново масло. Хумусот, едно од најпознатите арапски јадења, е направен од наут. За брзо слабеење нутриционистите препорачуваат да ги замените продуктите со заситени масти со наут.rn

    2. Пченка

    rnЛиста од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмитеrnrnПротеините и витамините во пченката го одржуваат здравјето на кожата, косата и ноктите. Пченката помага во согорувањето на мастите и содржи влакна што ги стимулираат цревата. Ако измешате пченка со грав, процесот на слабеење ќе се забрза. Причината е тоа што и двата продукти содржат скроб којшто го забрзува метаболизмот.rn

    3. Тестенини

    rnЛиста од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмитеrnrnИнтегралните тестенини се едни од главните „диетални“ продукти. Тие содржат комплексни јаглехидрати што даваат енергија и го чистат телото од токсини. Тестенините се одлични во комбинација со зеленчук.rn

    4. Грашок и аспарагус

    rnЛиста од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмитеrnrnГрашокот содржи калиум којшто ги заканува мускулите и ја подобрува работата на цревата. Тој е одличен за луѓе кои не јадат месо бидејќи содржи многу протеини. Овој продукт е популарен помеѓу луѓето кои сакаат да ослабат бидејќи прави да се чувствувате сити.rnrnАспарагусот ги има истите својства. Содржи влакна, многу витамини, помага во намалувањето на високиот крвен притисок, го чисти телото од токсини и ја подобрува работата на срцето.rn

    5. Печурки

    rnЛиста од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмитеrnrnИако печурките се многу хранливи, тие содржат малку калории. Свежите шампињони имаат околу 27 калории, додека пржените имаат само 50. Аминокиселините, фосфорот, натриумот, калиумот и витамините Б, Ц и Д ги прават печурките навистина здрава храна. Влакната и протеините прават да се чувствувате сити подолго време.rn

    6. Ориз

    rnЛиста од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмитеrnrnДивиот ориз содржи малку калории и многу влакна, протеини и триптофан – аминокиселина која е природен седатив. Овој ориз прави да се чувствувате сити. Се препорачува дивиот ориз да се консумира со други продукти бидејќи може да биде тежок. Додајте малку див ориз во бел или интегрален ориз за совршен оброк.rn

    7. Компири

    rnЛиста од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмитеrnrnЕдна од најголемите дебати за компирите е дали тие се здрави или не. Всушност, компирите содржат помалку скроб од тестенините и некои житарици. Она што е важно е начинот на подготовка. Компирите варени или печени со зеленчук и маслиново масло нема да имаат влијание на вашето тело бидејќи содржат корисни елементи. Се препорачува да не консумирате путер и месо со компири, особено пржени.rnrnПрочитајте ги и советите за слабеење од луѓето кои се ослободиле од вишокот килограми.

  • Дали знаете дека со одредена храна може да предизвикате рана менопауза?

    Дали знаете дека со одредена храна може да предизвикате рана менопауза?

    Гинеколозите и ендокринолозите забележале дека кај одредени групи на пациентки менопаузата доаѓа околу една и пол година порано отколку што е вообичаено. Заедничко за оние кои ја искусиле прераната менопауза е дека сите генерално се хранеле со одреден вид храна, поради што и доаѓало до овој проблем.rnrnДали знаете дека со одредена храна може да предизвикате рана менопауза?rnrnСпоред неодамнешно британско истражување од Универзитетот во Лидс, исхраната богата со јаглехидрати, особено со скроб, може да доведе до предвремено завршување на месечните циклуси. Ова особено важи за оние чија исхрана се заснова на тестенини, ориз и компири. Ако вообичаен период од животот за започнување на менопаузата е околу 51-годишна возраст, при скробна исхрана тоа може да се случи меѓу 48-та и 49-та година.rnrnОд друга страна, пак, исхраната богата со сина риба, грашок, грав и леќа може да ја одложи менопаузата за околу една година. Сепак, главен „виновник“ за тоа дали овој период ќе почне порано или подоцна се гените и општото репродуктивно здравје, а исхраната може да ја влоши или подобри состојбата.rnrnДали знаете дека со одредена храна може да предизвикате рана менопауза?rnrnУчесниците во истражувањето наведуваат дека овие сознанија се само ориентациони, но и се појдовна точка на разбирање на сите фактори и влијанија кои придонесуваат за рана или задоцнета менопауза. На пример, мешунките содржат антиоксиданси кои може подолго време да го одржат месечниот циклус. Рафинираните шеќери, пак, го зголемуваат ризикот за резистентност кон инсулинот, што пак може да доведе нарушување на хормоналната рамнотежа, која пак понатаму може да донесе ран престанок на работата на јајниците.rnrnПотсетете се уште и кои се 4-те најчести митови за менопаузата во кои не треба да верувате.